You are on page 1of 23

ДИПЛОМСКИ ТРУД НА ТЕМА:

ИЛУСТРАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДИГАЊЕ НА


ОПШТЕСТВЕНАТА СВЕСТ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА
СЕКУНДАРНИ СУРОВИНИ

ИЗРАБОТИЛ:

САШО ВЕЛЕВСКИ

СКОПЈЕ, ФЕВРУАРИ 2022


СОДРЖИНА:

ВОВЕД

1. ИСТОРИЈА И ПОИМ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ

2. КАМПАЊИТЕ НА ПАКОМАК И НИВНИОТ ПРИДОНЕС ВО


РЕЦИКЛИРАЊЕТО

3. ПРИДОБИВКИ ОД РЕЦИКЛИРАЊЕТО

3.1 СОРТИ НА РЕЦИКЛИРАЊЕ

4. СПОРЕДБА НА ПРЕВЗЕМЕНИ АКТИВНОСТИ ВО ВРСКА СО


РЕЦИКЛИРАЊЕ ВО Р.М. И ВО ГЕРМАНИЈА

5. КАМПАЊА ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПЛАСТИЧНИ КАПАЧИЊА

ВО ШПАНИЈА

7. КАМПАЊА НА НОРВЕШКА ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА

8. ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ПРЕКУ


ПЛАКАТИ И ЕКО АКЦИИ

ЗАКЛУЧОК

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

2
ВОВЕД

Чиста и здрава животна средина е круцијален фактор за квалитетот на


живот кој го водиме. Нашите секојдневни навики и начин на живот станаа
рефлексија на прекумерно конзумирање на производи и создавање на големи
количини на отпад. Несоодветното третирање на отпадот предизвикува големи
проблеми со загадувањето кај нас и насекаде низ светот.

Се во природата си има своја функција и различна примена во еден обновлив


циклус кој го овозможува постоењето на нашата зелена планета. Природата
има лимитиран број на ресурси кои ние прекумерно ги користиме. Преку
небрежноста кон околината и отпадот кој го создаваме предизвикуваме
негативни ефекти кои ги попречуваат процесите како фотосинтеза, ги
загадуваат воздухот, почвата и водите кои се главни извори на живот.

Застрашувачки е фактот што на годишно ниво во просек се фрлаат толкав број


на пластични шишиња со кои Земјата би можела да се заобиколи 4 пати.
Просечниот човек произведува 1,500 кг. отпад годишно. Кога ќе се земат во
предвид бројот на жители во светот тоа претставува огромна бројка која
предизвикува големи загадувања на животната средина.

Еден од начините да се намалат и превенираат овие проблеми


е рециклирањето – процес на селекција, собирање и преработка на отпадот со
цел негова ре-употреба, односно искористување на неговите енергетски и
еколошки својства, за креирање на нови еко производи кои можат повторно да
се користат во општеството.

3
1. ИСТОРИЈА И ПОИМ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ

Рециклирањето не претставува новина за човештвото, бидејќи човекот


откако постои врши пренамена и повторна употреба на материјалите. Познато
е дека во Јапонија во 1031 година се произведува првата рециклирана хартија
или „нова хартија“ произведена од стара и веќе употребена хартија, во 1776
година во Америка за време на „Борбата за независност“ се собирале различни
метали и се топеле за да се добијат суровини за изработка на оружје, а во 1904
год. во Чикаго, Кливленд е отворена првата постројка за рециклирање на
алуминиум. Со појавата на индустријализацијата и масовното производство и
рециклирањето добива поорганизирана форма - отпадот почнува да се
селектира за материјалите да се преработат за повторна употреба. Во пред-
индустриските општества, постојат докази за рециклирање на бронза и други
метали, кои биле топени и обликувани одново за разни потреби.
Индустријализацијата ја зголемила потребата за достапни материјали.
Железничките компании продавале и купувале остатоци од метали во 19 век,
исто како и растечката автомобилска индустрија на почетокот од 20 век.
Шишиња од пијалаци биле рециклирани со рефундиран депозит во некои
фабрики во Велика Британија и Ирска околу 1800 година. Првиот официјален
систем за рециклирање со рефундиран депозит бил создаден во Шведска во
1884 година.

Рециклирањето претставува преработка на отпадни материјали за


добивање на нови производи. Рециклирањето е важно бидејќи овозможува
намалување на отпадот, се спречува губењето на
материјали, се заштедува енергија и се намалува
загадувањето на животната средина.

Стрелките го означуваат затворениот круг на Слика 1 Знак за рециклирање


рециклирање. Првата стрелка го означува
селектирањето на пластиката, хартијата, лименките од ѓубрето и сл. Втората
стрелка го означува процесот на преработка на отпадот кој претходно сме го

4
издвоиле. Третата стрелка го означува новиот производ од кој се добиваат
новите чаши, пластични маси, книги кои ги купуваме во продавниците и слично.

Примарната цел на рециклирањето е подобрување на животната


средина и создавање на додатни економски и еколошки вредности преку
принципот на “циркуларна економија” – каде отпадот претставува ресурс кој се
користи повеќекратно (производ – отпад – производ), а не еднонасочно како во
минатото. Овој концепт е насочен кон заштеда на веќе лимитираните ресурси
на планетата, создавање на обновлива енергија, поздрава и почиста животна
средина, нови работни места и технолошки процеси, зголемен профит, односно
води кон постигнување на одржлив развој. Скоро 70% од отпадот во Германија
се рециклира, додека во Македонија се рециклира само 30%. Следејќи ги
светските трендови и практики, Македонија почна со имплементација на
системи за селекција, собирање и рециклирање на отпадот. Секоја година
расте бројот на население и индустриски претпријатија, а со нив и количината
на отпад. До пред неколку децении, отпадот едноставно се носеше на депонии
и постепено се зголемуваше до огромна големина. Малку подоцна, се појавија
специјални депонии што рециклираа ѓубре и повторно го користеа. Денес овој
процес се нарекува рециклирање.

 Хартија – весници, флаери и секаков вид на хартиени материјали


имаат предиспозиции да се рециклираат со тоа што при нивна
преработка се добива пулпа која подоцна служи за производство
на нова хартија. Денешната соврмена хартија се произведува од
различни суровини. Најчесто се користи дрво, памук, отпаден
текстил и во поново време стара рециклирана
хартија. Рециклирање на хартијата е постапка за повторно
обновување на стараста хартија и нејзина преработка во нови
производи. Основна суровина за изработка на хартијата
претставуваат целулозните влакна кои наместо со обработка на
дрво може да се добијат со преработка на старата хартија. Вака
добиените целулозни влакна (секундарни влакна) се користат за
производство на хартии за весници, списанија, хигиенски хартии,
картон, лепенка и др. Хартијата може да се рециклира ограничен
број пати, односно 4 до 8 пати. Хартијата што се користи за
5
рациклирање се нарекува стара хартија. Рециклирана хартија се
добива од: 
-Иситнета хартија- отпадоци на хартија добиени од самото
производство;
-Отпад што се создава пред употреба на производот- материјал
создаден поради грешки во текот на производството;
-Отпад што се создава по употребата на производот- стари
списанија, весници, стари телефонски именици и др. Во
Македонија позната фабрика за рециклирање на стара хартија е
„Комуна“ од Скопје. Со преработка на старата хартија се добиваат
различни видови картони, кои имаат одредени својства и кои
понатаму наоѓаат соодветна примена.
 Пластика – овој материјал е неопходно да се рециклира поради
тоа што не може природно да се разгради во околината, а
причинител за тоа се канцерогените елементи во неговата
структура. Пластиката е материјал кој не се разградува во
околината поради канцерогените елементи во нејзината структура.
Со рециклирањето се добиваат ситни пластични парчиња кои
потоа се користат во производство на какви било пластични
производи. Рециклирањето на пластика е процес на преработка на
старата пластика во производ кој повторно би можеле да го
користиме. Отпадната пластика која настанува во погоните за
преработка обично се состои од еден вид на полимер и може
повторно да се користи како и обичната пластика. Со еден тон
рециклирана пластика се заштедуваат 600 литри нафта и за еден
тон се намалува емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата.
 Стакло – овој отпад се рециклира со кршење на ситни парчиња и
топење, по што служи како нов производ. Над 40000 тони отпадно
стакло завршува во депониите на Македонија секоја година.
Стаклото е единствен амбалажен материјал кој може неоганичено
да се рециклира и притоа да го задржи истиот квалитет.
Рециклирањето на еден тон отпадно стакло спречува да бидат
ослободени 4  кг. издувни гасови во атмосферата. Еден тон

6
рециклирано стакло заштедува 42 киловати на час електрична
енергија, 19 литри нафта, 2 метри кубни депонски простор, 603
килограми песок, 160 килограми сода, исто толку варовник и 70
килограми фелдспат. При рециклирањето на стакло , многу е
важно во која боја се наоѓа стаклото. Откако ќе пристигне во
фабриката се меша со суровински материјал за да може да
започне преработката во ново стакло.
 Текстил – еден од најпознатите материјали за рециклирање и ре-
употреба поради можноста да се донира или да се препродава
како веќе користена роба.
 Метал – алуминиумските и железните амбалажи се најпогодни за
рециклирање поради големата побарувачка за метални суровини
кои подоцна се користат за производство на истите или нови
метални производи. На пример, преку рециклирање на конзерви,
користењето на енергија потребна за производство на нови
конзерви се намалува дури до 95%.
 Електонски и електричен отпад – со рециклирање на овој отпад се
заштитува природната средина од опасни и отровни елементи.
 Органски отпад – остатоците од храна, зелен и градинарски отпад
и други видови на органски отпад може да се употребат за
производство на компост или биогас кои понатаму имаат вредност
во земјоделието или за производството на електрична енерија.
 Отпадни масла за јадење – овој отпад кој се создава при
подготовката на храна, иако е класифициран како неопасен, е
голем загадувач на почвата и водите. Преку негово рециклирање
се добива нов еко производ, односно  биодизел – еколошко гориво
кое не содржи сулфур, има биоразградлива природа и ниски
емисии на штетни гасови.

Добивање на секој од погоре споменатите материјали потребни се суровини,


енергенси, одредени техничко-технолошки постапки и дека добивањето на
материјалите за пакување претставува долг и сложен процес. Овој процес
може да се поедностави и да се скрати со помош на подобрување на

7
технологиите кои се користат за добивање на материјали за пакување и со
помош на користење на секундарни суровини. Под секундарни суровини во овој
контекст се подразбираат суровини добиени од примарните суровини, но кои
може да се користат за добивање на материјали исто како што се користат и
примарните суровини. Така на пример, алуминиумската фолија наместо да се
изработува од алуминиум добиен од рудата боксит која претставува примарна
суровина, таа може да се изработува од алуминиум кој е добиен со процес на
рециклирање на алуминиумски предмети кои претставуваат секундарна
суровина.

Законот ги обврзува сите производители и увозници кои се пласираат на


македонскиот пазар, да организираат систем за собирање на отпадот од
пакување што се создава од нивните производи, селектирање по видови и
негово рециклирање. Тоа, пак, ќе овозможи дополнителен развој и
стимулирање на фирмите за рециклирање во Македонија, од кои некои во
изминатите години станаа водечки и во поширокиот регион. Законот за животна
средина, кој е во согласност со европските, ќе овозможи поголема заштита на
животната средина од најразновиден, тешко разградлив отпад, а воедно и
поголем економски бенифит и заштеда на електрична енергија, посочуваат
експертите. Фирмите треба да го имплементираат законот до 30 јуни годинава,
но тоа не ги ослободува од обврските, кои настапија од 1 јануари годинава.

Кампања за рециклирање може да биде локална, регионална, па дури и


национална. Тие можат да се фокусираат на голема количина производи или
материјали што се отпад, но не треба да се отстрануваат како што би
создале загадување покрај трошењето ресурси. Рециклирање мора да стане
главен начин за управување со отпад, во секој град, треба да се промовира
рециклирање во град и земја. На овој начин ќе ги заштитите животната
средина. Добра кампања за рециклирање треба да ја подигне свеста и да
информира за потребата од рециклирање и дадете информации за тоа како да
го направите тоа.

8
Правилно да се рециклира важно е добро да се знае отпадот, неговиот
вид и каде треба да се депонира. Најчестиот отпад што се создава во нашите
домови на дневна основа е пакување, пластика, хартија, картон и стакло. Сите
тие мора да се одделат од органски отпад и да се депонираат во нивните
контејнери. Последователно, мора да знаеме што е опасен или токсичен отпад
и каде да го депонираме. За ова, постојат специфични контејнери, оние за
батерии, користено масло и места за чистење во градовите.

2. КАМПАЊИТЕ НА ПАКОМАК И НИВНИОТ ПРИДОНЕС ВО


РЕЦИКЛИРАЊЕТО

Во Македонија од 2011 година стапи во сила Законот за рециклирање на


отпад од пакување. Првата дозвола ја доби компанијата „Пакомак“ од Скопје.
Пакомак‘ посредува меѓу загадувачите и фирмите за рециклирање во
Македонија.

Формирањето на „Пакомак“ и дозволата која ја доби за постапување со отпад


од пакување, а кон кој во почетокот пристапија 11 поголеми македонски фирми,
а пристапуваат и нови, има за цел да ја организира, селектира и рециклира
нивната амбалажа.

„Пакомак“ рециклирањето на пластика и хартија сега го прави преку


неколку вакви македонски фирми, а кои со новиот закон ќе го стимулира и
дополнително да инвестираат во процесот на рециклирање. „Гринтех МК“ е
една од водечките за рециклирање на пластика во поширокиот регион, а на
која „Пакомак“ и го преотстапува рециклирањето на пластичен отпад од
македонските и фирмите од регионот и до шест илјади тони годишно.
Фабриката ги следи следните линии за рециклирање.

1. Првата е за преработка на пластичните „Пет“ шишиња од сокови и


минерални води. Најпрво шишињата во вид на балирана суровина
која ја доставуваат собирачите од целата земја и регионот
пристигнува во нашите После сортирањето по материјал и по боја

9
се врши мелење на шишињата на мали парченца. Со тоа се
завршува првиот дел на преработка до парченца. Понатаму тоа
влегува во посебна линија каде што се врши перење на тие
парченца на мелена пластика од пет шишиња. Таа технолошка
линија долга е преку 50 метри со 12 машини вклучени во нејзината
преработка, почнувајќи од ротација, со перење во вертикални
перачи, во вертикални сушачи на висока температура од 75 до 80
степени. Конечно целта на таа преработка е да се елиминира сета
нечистотија, за на крај да се добијат сосема испрани и исушени
парченца од пластика таканаречени ’Пет флекс’ или ’Пет
снегулки’“.
2. Втората линија на рециклирање во „Гринтех МК“ се однесува на
преработка на полиетилен и полипропилен, подразбира
внесување на влезна суровина како бали од пластика и фолија,
која најпрво оди на примарна селекција по разни видови на тврда
и друга пластика, нејзино мелење, мерење и сушење.
3. И последната фаза во таа технолошка линија е гранулација
односно екстретирање и добивање на нов гранулат. Значи тука се
добива нов гранулат, кој понатаму на пазарот го пласираме и се
користи за производство на повеќе нови артикли и тоа пластични
цевки, како канализациони, цевки за водовод, цевки за под
притисок, за наводнување, потоа за нови фолии, нови најлони и
кеси. И тој дел на погонот, таа линија за рециклажа на тој тип на
пластика има капацитет од околу 200 тона на месечно ниво“.
Пласманот на гранулатот е претежни на македонскиот и
косовскиот пазар. Ваквиот систем на рециклирање освен еколошки
ефект по заштитата на животната средина има и економски и
социјален ефект. Во Македонија во делот на пластиката преку 50
% од целата количина на пластика, која се пласира на пазарот се
собира и се рециклира. Тоа е од огромно значење, не само во
смисол на чистење на животната околина, значи за почиста
животна средина, меѓутоа опфаќа и повеќе сегменти, значи
рециклажата и индустријата за рециклажа имаат повеќе сегменти
кои се значајни. Македонија нема фабрика за рециклирање на
10
стакло, затоа го носи на рециклирање во Хрватска. „Пакомак“
соработува уште со една македонска фирма за преработка на
пластика од „Агропал“ од Тетово и една за хартија во Фабриката
за хартија од Кочани. Во недостиг на македонска фабрика за
производство за рециклирање на стакло, овој отпад сега го носи
на рециклирање во Хрватска.

Компанијата Пакомак во 2018та година спроведе кампања за почиста


животна околина, под мотото Секој има своја одговорност во кругот на
рециклирање. Целта на кампањата беше подигнување на свеста кај граѓаните,
но и на другите фактори, дека решението за здрава средина е во секој од нас.
Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални
претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од
системот, кои мораат постојано да функционираат и да се надополнуваат.
Селекцијата и рециклирањето на отпадот од амбалажа е само еден од
аспектите на нашето одговорно однесување, но од исклучително значење за
опстанокот на планетата. Најзначајна алка се семејствата што секојдневно
мораат да го селектираат и да го одвојуваат отпадот што го создаваат.
Пластиката, стаклото, лименките, хартијата, батериите или електронските
апарати не смеат да завршуваат на депонија. Нивниот век на траење не
завршува со една употреба. Рециклирањето овозможува да се реупотребат
како секундарна суровина. На тој начин се заштедуваат ресурси, електрична
енергија, а се продолжува и животниот век на депониите.

Една од најзначајните алки во системот, секако, се и колективните


постапувачи со отпад од пакување, кои во нашата земја се финансирани од
индустријата. Тие, во соработка со општините ја обезбедуваат потребната
инфраструктура, контејнери во различни бои за граѓаните најлесно и
најефикасно да можат да ја исполнат својата обврска за одвојување на
отпадот.

11
3. ПРИДОБИВКИ ОД РЕЦИКЛИРАЊЕТО

Рециклирање на отпад е процес што ни овозможува да рециклираме


корисен отпад и отпад од производството заради нивна понатамошна употреба
и враќање на производството. Корисноста на оваа операција лежи и во
рационалното користење на природните ресурси, бидејќи го рециклира
акумулираниот отпад.

Придобивките од рециклирање се:

 можност за повторна употреба на отпад;

 производство на нови артикли од добиените суровини;

 сортирање на отпад, имено: одвојување на корисни компоненти со


расцепување на ѓубре и уништување на непотребни остатоци;

 ослободување на енергија поради согорување на отпад.

Како резултат, процесот на рециклирање помага во отстранување на отпадот и


придонесува за понатамошен развој на индустријата, создавање на нови
производи.

3.1 СОРТИ НА РЕЦИКЛИРАЊЕ

Главната цел на рециклирањето е да се намали количината на отпад.


Покрај тоа, задачата на процесот е да го неутрализира отпадот и да добие
придобивки од него (нови предмети, енергија, па дури и гориво). Постојат
неколку класи на рециклирање, имено:

 механички - се состои од сечење, дробење и обработка на отпад, кој


може да се користи во иднина. Овој метод се користи подолго време и
веќе се смета за застарен во некои земји;

12
 метод на согорување - е согорување на отпад, што произведува
топлинска енергија. Овој процес ви овозможува да го намалите обемот
на отпад, да го уништите најопасниот отпад, да добиете огромна
количина на енергија и да ја користите пепелта што се добива по
согорувањето на отпадот за производствени цели;

 хемиски - се состои во изложување на одредена група отпад на


специјални хемиски реагенси кои го претвораат отпадот во готови
суровини што се користат за создавање нови производи;

 методот на пиролиза е еден од најнапредните методи за обработка на


отпад, кој се состои во согорување на отпад без кислород. Како резултат,
остатоците се распаѓаат во едноставни супстанции, а атмосферата не е
загадена.

Со оглед на фактот дека населението се зголемува секоја година, ова


прашање е многу релевантно и рециклирањето помага да се заштедат
природни ресурси кои се на работ на истребување. Најефикасен отпад за
рециклирање е ткаенини, остатоци од црни, скапоцени и обоени метали,
пластика, пластика, асфалт и битумен. За поедноставување на постапката,
многу земји го сортираат својот отпад со ставање стаклени контејнери, хартија
и картон, тенки и густи пластики, текстил, конзерви и отпад од храна во
посебни контејнери.

4. СПОРЕДБА НА ПРЕВЗЕМЕНИ АКТИВНОСТИ ВО ВРСКА СО


РЕЦИКЛИРАЊЕ ВО Р.М. И ВО ГЕРМАНИЈА

Македонија има кратка историја во рециклирање на отпадот споредено


со Германија, посебно кога станува збор за отпад од пакувања, а отпадот од
пакувања претставува голем процент од вкупниот генериран отпад. Според
Евростат во 2012 година ваквиот отпад претставува околу четвртина од
вкупниот генериран отпад. Во 2012 год. во ЕУ биле собрани 246.2 милиони
тони општински отпад од кои 79.1 милиони тони отпад од пакувања и тоа:

13
• 31.5 милиони тони хартија и картон

• 15.7 милиони тони стакло

• 15.1 милиони тони полимери

• 12.0 милиони тони дрво

• 4.6 милиони тони метал

5. КАМПАЊА ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПЛАСТИЧНИ КАПАЧИЊА


ВО ШПАНИЈА

За рециклирање на пластични капаци, повикана е кампања „Приклучоци


за нов живот“ во 2011та година во Билбао Шпанија. Тоа е проект за
солидарност и со цели на животната средина кои се фокусираат на
рециклирање на пластични капачиња и се наменети да обезбедат деца кои
немаат доволно ресурси за медицински третман. Овие третмани овозможуваат
ублажување на некои физички проблеми што ги трпат и кои не можат да се
добијат со други средства. Кампањата започна со тоа што мајка решила да
собира пластични капачиња за да собере пари и да купи специјален стол на
нејзиниот болен син. Овој стол беше пософистициран материјал кој ќе се
состои од заграда или заграда што му дозволуваше да стои неколку часа на
ден. Благодарение на акцијата на фондацијата СЕУР, беше можно да се
соберат и транспортираат количина од 20 тони пластични капачиња што беа
однесени кај рециклир и да му се помогне на ова семејство. Ова е кога оваа
кампања е создадена со соработка на бројни компании и субјекти.
Благодарение на овој договор на субјектите, тој е обновен и ЕМТ рециклираше
4.375.000 капачиња или што е исто, 8.750 килограми капачиња за сите видови
пакувања и спречи емисија на 13.125 килограми СО2 во атмосферата. Со сите
собрани пластични капачиња, придонесени се 1.750 евра за 247.012 евра
добиени во периодот 2015-2017 година. Овие собрани пари дозволија 44

14
момчиња и девојчиња да добијат медицински третмани, имаше ортопедија што
е опфатена со јавниот здравствен систем.

Добрата работа
кај оваа кампања е што
тие имаат двојна цел.
Од една страна, ја
имаме социјалната цел
во која тие можат да им
помогнат на луѓето кои
имаат низок буџет и кои
не можат да ги набават
Слика 2 Дел од пластичните капачиња собрани во кампањата потребните материјали
за своите медицински третмани. Ова исто така има придобивка од социјална
консолидација. Тоа е, промовирање на помош помеѓу луѓето. Кога зборуваме
за помагање на други луѓе, се создава еден вид емпатија и потреба да се
прави добро. Очигледно сите овие се социјални бенефиции.

Од друга страна, имаме придобивка од животната средина. Станува збор


за тони и тони пластични капачиња кои се рециклираат годишно. Ние тоа веќе
го знаеме загадување со пластика Тоа е еден од најголемите еколошки
проблеми на глобално ниво на загадување. Проблемот со загадувањето со
пластика е што може да ги контаминира екосистемите и со тоа да ги пренесе
загадувачите во синџирот на исхрана. Со овие програми за рециклирање на
пластични затка, спречуваме голема количина на овие загадувачи да бидат
фрлени во природни екосистеми и тоа може да им наштети на флората,
фауната и луѓето. Од почетокот на кампањата, фондацијата СЕУР
соработувала со сите организации вклучени до сега во проектот и повеќе од
139 деца се помогнати благодарение на рециклирањето на 4.000 тони
пластични капачиња. Да ни даде идеја за обемот што го зафаќа овој отпад, со
оваа количина пластични капачиња би можеле да добиеме тринаесет
олимписки базени во целост.

Уште еден од успесите на оваа кампања може да се види ако одиме во


училишта. Можеме да најдеме импровизирани контејнери за собирање на
15
пластичните капаци со оваа солидарна цел. Постојат многу луѓе кои
размислуваат дали со подигање на овие чепчиња за уши може да се дадат
овие придобивки. Исто така, има многу кои се сомневаат во ефективноста на
ова. Со цел да ги отстраниме сомнежите во оваа кампања и нејзината
ефикасност, ќе објасниме кои се придобивките од рециклирање на пластични
капачиња:

 Материјалот од кој се направени овие капачиња е полиетилен. Овој


полиетилен има висока густина, затоа е квалитетен и има помала
токсичност.
 Рециклирање на пластични капачиња е прилично јасен процес. Добрата
работа кај овие приклучоци е што тие веќе пристигнуваат многу чисти и
практично подготвени за трансформација. Процесот е прилично
униформен, како и нивниот состав.
 Друга предност е неговиот транспорт и неговиот третман поради
помалата големина. Тие се лесни за складирање и ги намалуваат
трошоците за посредување.

Приближно тие имаат вредност од 200 евра по тон. Еден тон е околу


половина милион приклучоци. Ова може да изгледа како многу малку, но мора
да имате добар размер за кампањата. Продолжението на собирање на овие
капачиња и тоа, доколку не се собере, би било во ѓубре и се троши, е прилично
добра цена. Исто така, треба да се напомене дека тоа не е индивидуален
процес. Со цел да се рециклираат половина милион пластични капачиња,
многу луѓе треба да учествуваат во оваа кампања.

7. КАМПАЊА НА НОРВЕШКА ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА


ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА

16
Кога станува збор за рециклирање пластичен отпад, Норвешка е чекор
пред сите. Преку организацијата наречена „Инфинитум“ Норвешка создаде
еден од најефикасните и најеколошки начини за рециклирање пластични
шишиња и резултатите се толку импресивни што многу нации го следат тоа.
Шемата ѝ овозможила на Норвешка да рециклира 97 отсто од сите пластични
шишиња и помалку од еден процент од пластичните шишиња завршуваат во
околината. Дополнително, 92 отсто од шишињата што се рециклирани даваат
висококвалитетен материјал, што може повторно да се користи за шишиња. Во
некои случаи, системот веќе го реупотребил истиот материјал повеќе од 50
пати. Тоа е значително постигнување, особено ако се земат предвид светските
трендови: 91 отсто од пластиката што се произведува не се рециклираат и 8
милиони метрички тони секоја година завршуваат во океаните.
Нацијата во Норвешка му дава вредност на рециклирањето. Денес често е
поевтино да се создаде нова пластика отколку да се рециклира старата, па без
финансиска иницијатива компаниите и консументите не се мачат да го прават
вистинското нешто за околината.

Моделот на Норвешка се базира на шема на позајмување, што значи


дека кога некој потрошувач ќе купи пластично шише, нему му се наплаќа мала
дополнителна наплата. Тие пари може да се повратат на неколку начини.
Потрошувачите можат или да го однесат шишето во посебни машини што ги
враќаат парите по скенирање на бар-кодот на шишето, или, пак, може да го
вратат шишето во голем број мали продавници и бензински и да си ги повратат
парите. Сопствениците на продавниците исто така добиваат мала сума на пари
за секое рециклирано шише и некои велат дека тоа им го подобрило бизнисот.

Според Норвежаните ако


рециклирањето е поголемо од 95
отсто на ниво на целата земја,
тогаш секој производител е
ослободен од плаќање на таксата.

17

Слика 3 Рециклирање на пластични шишиња во Норвешка


И додека ова можеби звучи како тешко за постигнување, Норвежаните го
постигнуваат веќе седум години по ред.
По воведувањето на оваа уникатна шема, „Инфинитум“ ја посетиле
претставници од многу земји, меѓу кои и Шкотска, Индија, Кина, Австралија и
други, кои се заинтересирани да ги следат постапките на Норвешка.
Германија и Литванија се едни од ретките земји што можат да се
натпреваруваат со Норвешка, а и тие две земји користат слични системи.
Сепак, и во Норвешка има простор за подобрување. Оваа година од
„Инфинитум“ проценуваат дека 150.000 шишиња нема да бидат вратени, а
доколку се вратат, ќе се заштеди доволно енергија за снабдување на 5.600
домаќинства.

8. ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ЖИВОТНАТА


СРЕДИНА ПРЕКУ ПЛАКАТИ И ЕКО АКЦИИ

18
Рециклирањето на еден тон стакло заштедува околу 40% енергија и 50%
вода потребна за производство на нова стаклена амбалажа, додека
загадувањето на воздухот се намалува за 20%. На пример, рециклирањето на
едно стаклено шише заштедува енергија доволна за да напојува сијалица од
100W цели четири часа, додека од истата количина стакло се зачувува доволно
енергија за еден
компјутер да
работи 25 минути.
Количината на
рециклирана
стаклена
амбалажа во
регионот на
Западен Балкан и
понатаму е далеку
од нивото
пропишано од
Европската унија
60% од стаклото
да се рециклира.
Причините за тоа
најмногу се
поврзани со
малото познавање на придобивките од рециклирањето, како и со недоволниот
број на поставени контејнери за одложување на стаклена амбалажа, поради
кој поголемиот дел од стаклените амбалажи завршуваат на депониите или
илегалните одлагалишта, каде на стаклото му се потребни повеќе од 5.000
години за да се распадне.

Слика 4 Плакат на кампањата за рециклирање на стакло

19
За да се почувствуваат економичните ефекти на рециклирањето на
стакло, потребно е значително да се зголеми количината на собран стаклен
отпад. Затоа Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ),
заедно со партнерите ЗЕЛС и Пакомак го започна регионалниот проект
„Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“. Проектот се
спроведува во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, со цел да
се зголеми количината на собран и рециклиран стаклен отпад во овие земји
преку поставување на нови контејнери, и да се мотивираат граѓаните што
почесто селективно да го одложуваат стаклениот отпад.

На овој начин свеста за рециклирање на стаклото продолжи да расте и


да се зголемува, а дополнително им овозможи на ангажираните експерти кои го
следат целиот процес да развијат најсоодветен модел за рециклирање на
стаклото што во иднина ќе биде лесно применлив во сите средини во регионот
на Република Македонија. Пример за подигнување на свеста преку плакати е
објавувањето на плакатите од слика 5 низ град Охрид и кога со доставувањето
на јулските сметки од „Охридски комуналец“, граѓаните во прилог добија и

20
флаер од „Пакомак“, со што уште еднаш им се укажува кои се начините на
селекција на отпад, неговото рециклирање и зошто е тоа потребно.

Слика 5 Плакат на ПАКОМАК за подгнување на свеста за рециклирање

Концептот „Нула Отпад“ се развива како реакција на потрошувачкото


општество кое со вртоглава брзина ја разгорува човечката ненаситност на
сметка на човечкото достоинство, природните ресурси и животната средина,
оставајќи ни во трајно наследство купишта отпад што не може бескрајно да се
рециклираат дури ни во најразвиените земји. Нула Отпад овозможува пристап
до постојани и сигурни услуги за собирање, селекција, транспорт и
рециклирање на електричниот отпад и отпадните батерии и акумулатори со кои
би можеле да се осигураме дека предметите што можат да се рециклираат се
всушност рециклирани. Екологистите решение на проблемот гледаат во
имплементација на концептот „Нула отпад“, кој се темели на принципите на
одржлив развој и циркуларна економија. Овој концепт го применуваат 308
општини во Европа каде 99 отсто од отпадот се третира како ресурс, а само
еден процент завршува на депониите. Овој концепт се стреми општините,
односно градовите да изготват долгорочен стратешки план во чекори и да го
направат системот на управување со отпад да биде прилагоден на концептот
на нула отпад, каде се рециклира и употребува голем дел од отпадот. Нула
Отпад овозможува пристап до постојани и сигурни услуги за собирање,
селекција, транспорт и рециклирање на електричниот отпад и отпадните
батерии и акумулатори со кои би можеле да се осигураме дека предметите што
можат да се рециклираат се всушност рециклирани.

21
ЗАКЛУЧОК

Рециклирањето претставува процес на преобразба на веќе употребените


производи во суровини, кои повторно можат успешно да бидат употребени за
добивање производи, еднакви со оние од кои тие произлегле или за добивање
на сосема нови производи. Цели на рециклирањето се создавање на помало
количество отпад за депониите (1960 до 2009 година количеството на отпад
што го создава секој човек е зголемено од 1.2 до 2.0 kg. на ден), намалување
на потрошувачката на суровини, зачувување на суровинските извори,
намалување на потрошувачката на енергија, зачувување на почиста средина
при производството на рециклирани производи и многу други. Начинот на
водење на рециклирањето зависи : - од тоа дали треба да се добие истиот или
некој друг производ, - од основните суровини од кои потекнува оригиналниот
производ. Хартијата е најчестиот отпадок. Рециклирањето ги штити и
проширува производствените работи, со што се зголемува компетитивноста на
државата и ја намалува потребата од депонирање и инсинерација на отпадот.
Рециклирањето го спречува загадувањето предизвикано од производството на
производи добиени од појдовните материјали и заштедува енергија.
Рециклирањето ја намалува емисијата на стакленичките гасовите, кои имаат
свое влијание врз глобалните климатски промени, ги зачувува природните
извори како градежното дрво, водата и минералите и едноставно овозможува
одржување на околината. Рециклирањето е трета компонента од
таканаречената хиерархија на отпад која гласи „Намали, искористи повторно,
рециклирај“. Рециклирањето цели кон подобрување на животната средина со
намалување на користењето на нови суровини и создавање на „циркуларна

22
економија“, во која на отпадот не се гледа како на финален производ, туку како
ресурс за создавање на нови производи. Едукацијата на децата во градинките
и училиштата за потребата од селекција и рециклирање на отпадот Пакомак ја
започна уште во 2012 година. Кај најмладите полесно се создаваат добри
еколошки навики кај повозрасните. Предавања во училниците, училишни
претстави со еко теми, проектите, плакати, еко акции и многу други се само дел
од сите напори коишто се вложуваат овие години за создавање здрави еко-
навики кај генерациите кои доаѓаат.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. „Вкупен годишен извештај од обработени податоци за квалитетот на


животната средина за 2014 год. “, Македонски информативен центар за
животна средина, Скопје, 2015
2. https://recikliram.mk/
3. "Извештај за состојба на животната средина во Република Македонија
2013", Македонски информативен центар за животна средина, МЖСПП,
Скопје, Р.М., 2014 година
4. „Закон за собирање, користење, преработка и промет на отпадни
материјали што се користат како секундарни суровини“ од 1983 год.
5. F. Awaja, D. Pavel, Recycling of PET, Eur. Polym. J. 41 (7) (2005) 1453–
1477, doi: http://dx.doi.org/10.1016/j.eurpolymj.2005.02.005
6. https://www.howtogermany.com/
7. Закон за животната средина Член 76
8. pakomak.com.mk
9. https://www.oslo.kommune.no/

23

You might also like