You are on page 1of 7

Примена на

хартијата
и картонот
Уште од времето кога е пронајдено писмото, луѓето барале површини
погодни за пишување. Гребеле симболи на камен, втиснувале зборови во
глина, а покасно ги врежувале зборовите во плочи исковани од бакар и
бронза.
Пред околу 2300 години Египчаните пишувале на пресовани траки папирус
(папирус е збор од кој потекнува зборот “papir”. Други своите зборови ги
ставале на животинска кожа, која предходно ја развлекувале за да стане
тенкаа потоа ја сушеле за да го добијат материјалот пергамен. Во Кина каде
се користеле четкички и мастило ред повеќе од 2200години се пишувало на
ткаенина. И некаде околу 1900година, таму прв пат е произведена хартијата.
До средината на XIX век хартијата насекаде во светот се правела од стара
ткаенина.
Производство

Целата технологија при производство на хартијата, општо кажано, се изведува со помош на два главни
процеси и тоа: механички и хемиски. Под механички процес се подразбира самото мелење на дрвната маса
и нејзината механичка обработка (отстранување на нечистотиите, варењето на смесата и сл.). Но за да ги
добие своите конечни својства (белина, трајност, отпорност и сл.), хартијата мора да претрпи и одредени
хемиски процеси како што се додавање на разни хемиски средства (хлор, озон, водород итн.) кои хартијата
ја прават мазна и бела.
Хартијата денеска најчесто се изработува од ситно мелена дрвна маса која се меша со големи количини на
вода. Целата таа смеса се вари и се добива пулпа или каша која подоцна со помош на полирани цилиндри
се извлекува во тенок слој. Подоцна во текот на производството се провлекува низ цел еден склоп од
цилиндрични ваљаци, се суши и додатно се измазнува во зависност од потребите на побарувачот. Целата
линија за извлекување на хартија од смесата е составена од ланец со повеќе групи на валјаци кои хартијата
ја доведуваат на саканата дебелина. Денешната современа хартија се произведува од различни суровини,
како што рековме, најчесто се користи дрвото, отпаден текстил, памукот и во поново време стара
рециклирана хартија.
Картон
Картон е врста на материјал која се добива од хартија и има различна намена. Најчесто се
користи за паковање и тоа во вид на картонски кутии, а истотака и како корица за книги и
слично. Картоните се крути и чврсти во однос на хартијата , може да бидат со различно
површински обработени и се состојат се од еден или повеќе слоеви.
Видови хартија
Репро, офсет или хартија за печатење

Сатенска или сјајна хартија

Леплива хартија

Хартија обложена или обложена

Хартија од зеленчук или без јаглерод

Занаетчиска хартија
Картон

Рециклирана хартија

Еколошка или био хартија

Новинарска хартија

You might also like