You are on page 1of 16

Универзитет „Гоце Делчев“ –

Штип
Технолошко технички факултет
Дизајн на текстил и
материјали – Прилеп

СЕМИНАРСКА РАБОТА
ТEMA: СПОРЕДБЕНА АНАЛИЗА НА ВЛАЧЕНА И ЧЕШЛАНА ПОСТАПКА ЗА
ПРЕДЕЊЕ НА ВОЛНА

Изработил: Ментор:
Катерина Петкоска Проф. Д-р Соња Јордева
Бр.на индекс: 18651
Прилеп, 2019

СОДРЖИНА:

1.ВОВЕД.......................................................................................................................2
2.INTRODUCTION....................................................................................................... 3
3.ВЛАЧЕНО ПРЕДЕЊЕ НА ВОЛНА...........................................................................4
3.1.Влачење на волна ............................................................................................ 7
3.2.Предвлачење .................................................................................................... 8
4.ЧЕШЛАНО ПРЕДЕЊЕ НА ВОЛНА..........................................................................9
4.1.Претпредење и предење ................................................................................11
5.ЗАКЛУЧОК.............................................................................................................. 12
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА......................................................................................13

2
Апстракт
Во оваа проектна задача е опишан технолошкиот процес на предење на
волната. Детално се објаснети процесите на влачено и чешлано предење на
волната и фазите во кои овие два процеси се одвиваат како и машините кои
учествуваат во овие процеси.
Клучни зборови: волна, предење, влачење, чешлање.

3
ABSTRACT

This project task describes the technological processing and spinning the wool, the
processes of wet and combed wool spinning and the phases in which these two
processes are taking place and also the machines participating in these processes
are explained in details.

4
1. ВОВЕД
Волнените текстилни материјали во најголема мера се користат за
изработка на текстилни производи за горно облекување (костими, капути,
блузи), а во домаќинството за ќебиња и други производи. Покрај чистите
памучни и волнени производи постојат и мешани производи со синтетички
влакна. Најчесто се мешаат памучни и полиестерски влакна, волнени и
полиестероси влакна, памучни - вискозни влакна, волнени и акрилни влакна.
Преку различни комбинации на мешање на различни влакна се добиваат
текстилни производи кои имаат подобри својства при употребата.
Волната доаѓа пакувана во бали. Големината и тежината на балите зависат
од потеклото на волната, од која земја се добива. Секоја бала има етикета со
податоци и се со тежина 200 - 300 kg. Балите се сместуваат во магацин и се
редат една врз друга во висина, колку дозволува висината на магацинот,
односно колку може нормално да се работи и да се манипулира со балите.
Магацинот треба да е сув, да се проветрува и да е опремен со противпожарни
апарати. Со долго стоење во магацин, квалитетот на влакното се намалува.
Руното од овцата на сите делови не е со ист квалитет. Волната во руното од
разните делови на кожата се разликува по финоста (дебелина), мекоста,
рамномерноста, должина, чистота и др. својства. Ако се испреде таква
несортирана волна, ќе се добие преѓа со среден квалитет и во целост нема да
се искористат својствата на влакната. За добивање на поквалитетни преѓи се
врши сортирање на волната од руното.

5
2. INTRODUCTION
Woolen textile materials are mostly used for making textile products for
mountain clothing (costumes, coats, blouses), and in the household for blankets and
other products. In addition to pure cotton and wool products, there are also mixed
synthetic fiber products. Common cotton and polyester fibers, woolen and polyester
fibers, cotton-viscose fibers, woolen and acrylic fibers. Through various combinations
of mixing of different fibers, textile products that have better properties during use
are obtained.
The wool comes packed in bales. The size and weight of the bales depend on
the origin of the wool, from which the country is obtained. Each ball has a data label
and weighs 200-300 kg. The bales are placed in a warehouse and are rowed up one
another, how much the height of the stack allows, that is, how much it is normal to
work and manipulate the bales. The warehouse should be dry, ventilated and
equipped with fire extinguishers. With long standing in the warehouse, the quality of
the fiber is reduced. The sheath of all parts is not of the same quality. The wool in the
fleece of the various parts of the skin differs in fineness (thickness), softness,
smoothness, length, purity, etc. properties. If such an unsorted wool is spun, a
medium-sized yarn will be obtained and the fiber properties will not be fully utilized.
To obtain better quality yarns, the wool from the fleece is sorted.

6
3. ВЛАЧЕНО ПРЕДЕЊЕ НА ВОЛНА
Технолошкиот процес за предење на волната по влачената постапка се одвива
по следните фази:
 Прием, сместување и сортирање на волната,

 Отворање, перење и цедење,

 Сушење,

 Мастење и мешање,

 Влачење,

 Предење.

Волната доаѓа пакувана во бали. Големината и тежината на балите


зависат од потеклото на волната, од која земја се добива. Секоја бала има
етикета со податоци и се со тежина 200 - 300 kg. Балите се сместуваат во
магацин и се редат една врз друга во висина, колку дозволува висината на
магацинот, односно колку може нормално да се работи и да се манипулира со
балите. Магацинот треба да е сув, да се проветрува и да е опремен со
противпожарни апарати. Со долго стоење во магацин, квалитетот на влакното
се намалува. Руното од овцата на сите делови не е со ист квалитет. Волната во
руното од разните делови на кожата се разликува по финоста (дебелина),
мекоста, рамномерноста, должина, чистота и др. својства. Ако се испреде таква
несортирана волна, ќе се добие преѓа со среден квалитет и во целост нема да
се искористат својствата на влакната. За добивање на поквалитетни преѓи се
врши сортирање на волната од руното.
Сортирањето го вршат добро извежбани и обучени сортирачи. Руната во
балите се цели. По отворањето балите се оставаат извесно време да постојат
за да се ослободат влакната. Сортирањето се врши на специјални
перфорирани железни плочи. Околу работната маса се поставуваат корпи во
кои сортирачот по сорти ја дели волната од руното и ја става во корпите.

7
Сортирачот рачно го кине руното по квалитетни групи. При сортирањето се води
сметка за должината, финоста, оштетеноста, бојата и други својства на
влакната. Бројот на квалитетните групи на волнено влакно кои можат да се
добијат од едно руно зависи од потеклото на волната. Според квалитетот на
преѓата, кој се бара, се врши и сортирање на руното (кое може да биде и до
преку осум класи. За влачени преѓи се врши сортирање на руното до 4 класи.
За изработка на груби волнени преѓи не се врши сортирање на волнените
влакна.
Отворање на волната се врши на посебни машини за отворање, кои
имаат за задача да извршат подготовка на волната за перење. На отворачите
се раскинуваат прамените на помали снопчиња, а во исто време се врши
истресување на примесите. Нечистотии во волната се: прав, земја и растителни
примеси. Отворачите за волна се разликуваат по својата конструкција и се
бираат спрема квалитетот на влакната. Работните органи на отворачите се
опремени со гребени, челични запци и мора да се внимава да не дојде до
поголеми оштетувања на влакната, односно кинења. Другите нечистотии се
отстрануваат со перење. Перењето на волната се врши со дејство на топла
вода и средства за перење во специјална машина наречена левијатан. Задача
на левијатанот е целосно да ја испере волната. Има 4 - 6 кади кои меѓу себе се
поврзани.
По центрифугирањето волната содржи 35 – 50 % влага. Присуството на толкава
количина на влага штетно влијае на влакното и затоа е потребно да се суши. По
сушењето, а за понатамошна употреба, во волната треба да остане влага околу
17 %. Сушењето на волната се врши во специјални машини сушари кои можат
да бидат:
- сушара со фиоки (прегради);
- сушара со бескрајни платна;
- сушара со кос перфориран тапан (цилиндар) и
- сушара со перфориран тапан.

Сушарата со фиоки има мало производство и е потребно поголема


работна сила со што се поскапува сушењето. Квалитетот на сушењето е добар.
Влажната волна се поставува во фиоки преку кои струи топол воздух и го суши
влакното. Во поново време, најмногу за сушење на волна се користи сушара со

8
перфорирани тапани. Влажната волна се доведува преку доводното платно .
Топлиот воздух струи спрема средината на тапаните и ја лепи волната на
ѕидовите. Температурата на сушењето на сушарата со перфорирани тапани е
од 80 – 105 °С. Исушената волна преку одводното платно излегува од
машината. Оваа машина е со поголем капацитет на сушење и затоа има
широка примена.

Пред влачење на волната се врши подготвување на мешавината.


Мешавината може да биде составена од волнени влакна со различен квалитет
и боја, регенерати, хемиски влакна. Одделните суровини во мешавината се
викаат компоненти. Подготвувањето на мешавини од различни компоненти за
добивање на поевтина преѓа со одреден квалитет се вика манипулација.
Подготвувањето на мешавина од компоненти со различни бои, а за добивање
на преѓа со одредена нијанса, се вика меланжирање, а мешавината меланж.
Правилното подготвување на мешавини е од големо значење за квалитетот на
преѓата. Подготвувањето на мешавината се врши на следниот начин: Се зема
одредена количина на влакна од една компонента и се распоредува на
одредена површина. Потоа се зема пак одредена количина влакна од втората
компонента и се распределува врз првата. Понатаму на ист начин се работи и
со другите компоненти. Кога ќе се направи по еден слој — еден врз друг од сите
компоненти, се повторува пак истиот процес — земање од првата до
последната компонента. Така подготвената мешавина се остава во кревет да
одлежи. Од мешавината се земаат вертикално одредени количини материјал и
се уфрлуваат во машината за мешање и растресување наречена волк
машина. Волк машината е слична како и кај преработката на памучните
отпадоци.

9
3.1. Влачење на волна
По мешањето влакната се носат на влачење. Влачењето има за задача да
изврши:
 потполно
отворање
на

мешавината,
 поставување на влакната во паралелна положба,
 темелно мешање,
 отстранување на нечистотиите и кратките влакненца и
 формирање на копрена која преку направата за разделување и
свалкување (втрлување) се формира во претпреѓа.
Со едно минување низ една влачара не се постигнуваат бараните ефекти,
па затоа преку повеќе влачари поврзани меѓу себе, најчесто три, се добиваат
целосно задоволителни ефекти, односно претпреѓа со мошне добра
рамномерност. Во една линија на влачење има:
 снабдување,
 предвлачење,
 влачење и
 формирање на претпреѓа.

3.2. Предвлачење
Задача на предвлачарата е да изврши разделување на снопчињата
влакна на помали и да се отстранат погрубите нечистотии. Преку бескрајното
летвасто платно материјалот доаѓа меѓу доводните цилиндри кои се назабени и
насоката на забите е спротивна од движењето на материјалот. Од меѓу
доводните цилиндри материјалот го извлекува цилиндарот за предвлачење и го
пренесува на барабанот (тапанот). Барабанот со работните цилиндри го врши
влачењето при што се разделуваат снопчињата од влакна. Преносните

10
цилиндри, кои се пред
работните цилиндри, го
пренесуваат материјалот
од работните цилиндри
на барабанот. Така
материјалот поминува
меѓу сите работни
цилиндри и барабанот.
Од барабанот влакната
ги симнува преносниот
цилиндар и ги предава на понатамошна преработка.

4. ЧЕШЛАНО ПРЕДЕЊЕ НА ВОЛНА


За изработка на чешлана преѓа се користи подолго волнено влакно со
мала кадравост. Чешланата волнена преѓа има поголема глаткост,
рамномерност и јачина од влачената преѓа. Чешланата преѓа се користи за
изработка на пофини преѓи кои се користат за добивање на квалитетни волнени
ткаенини. Процесот на добивање на чешлана волнена преѓа се одвива по
следните фази:
o прием, сместување и сортирање,

o перење, цедење, сушење,

o подготвување на мешавини - меланжирање,

o мастење,

o влачење,

11
o растегнување,

o чешлање,

o растегнување,

o претпредење и

o предење.

Технолошката постапка до влачењето е иста како и кај предењето на влачената


преѓа. За влачење се користат влачари кои имаат пофини иглици и при излезот
се формира прамен кој се сложува во лонец. Потоа се врши растегнување.
Растенувалките за волна се разликуваат од растегнувалките за памук заради
должината на волнените влакна, како и нивните специфични особини.
Растегнувалката за волна се користи пред чешлањето, после чешлањето и за
припремање на претпреѓа. При чешланата постапка на волната растегнувалки
се користат после влачењето, односно пред чешлањето и тоа две пасажи на
растегнување. После грубото чешлање се користи една пасажа за
растегнување. Потоа се врши отстранување на кадрите на лизир машина. По
отстранувањето на кадрите се врши пак растегнување на две пасажи на
растегнувалки. Потоа се врши фино чешлање, а по него растегнување на две
пасажи на растегнувалки. По овие две пасажи на растегнувалки се врши
истегнување на две пасажи растегнувалки со чешлеви — интерсектиnг. По
интерсектингот прамените се носат на растегнувалка со втрлувачи или флаер.
При предењето на волната по оваа постапка се користат 8—10 пасажи на
растегнување. Задача на растегнувањето е да ги постават влакната во
паралелна положба, мешање на влакната меѓусебе и постигнување
рамномерност на праменот. Сите овие задачи се постигнуваат со дублирање
при влезот, растегнување во растеглителниот систем и формирање на еден
прамен при излезот од растегнувалката. На излезот праменот најчесто се
сместува во сад, а само кај некои растегнувалки може праменот да се намотува
во намотај (бобина, топс). Сместувањето на праменот од лонец во лонец при
растегнувањето повеќе се користи, бидејќи го зачувува праменот од
оштетување при транспортот. Растегнувалките интерсектинг имаат во
растеглителното поле два бескрајни чешели. Чешлите се над и под прамените

12
и ги движат полжеви.
Чешлите имаат за задача
да ги водат кратките влакна
до непосредна близина на
излезните валци, а со цел
да има што помалку влакна
со неконтролирано
движење. Со
растегнувалките со чешели
се постигнува подобра
рамномерност на праменот.
Чешлањето има за задача
да изврши отстранување на
нечистотиите, кратките
влакна и поставување на долгите влакна во паралелна положба.

4.1. Претпредење и предење


Подготовката на праменот за предење се врши на машината флаер или
финишер. Флаерот е сличен како кај предење на памукот само растеглителниот
апарат е подолг поради должината на волнените влакна. Во поново време
поголема примена во пракса има финишерот. Последната пасажа на
растегнувалки е со втрлувачи и се вика финишер. Финишерот има
растеглителен апарат со растегнување до 30. Растеглителните апарати се
слични конструкции од различни фирми. Во растеглителниот систем има и
работни органи за отстранување на неконтролираното движење на влакната.

13
Тоа се горно и долно бескрајно платно. По растеглителниот систем се
втрлувачите кои со давање на привидни завои на растегнатиот прамен го
формираат во претпреѓа. По излезот од втрлувачите претпреѓата се намотува
на калем со вкрсни намотки. На еден калем се намотуваат две нити на
претпреѓа. Најчесто една претпредилна нишка се добива од два прамена од
лонец со растегнување.
По завршената подготовка на флаер или финишер претпреѓата се носи на
прстенаста предилна машина. Прстенастата предилна машина за волна е
слична како за предење на памук, а и принципот за работа е ист.
Растеглителните апарати се поголеми заради поголемата должина на
волнените влакна.
Во поново време за предење на волнени и синтетички влакна со
поголема должина се користи безвретенско и репко предење. Безвретенското
предење е слично како кај предењето на памукот, само што турбините се
припремени за предење на подолги влакна.

5. ЗАКЛУЧОК

14
Волненото влакно се преде по влачена и чешлана постапка на предење.
По влачена постапка на предење ретко се преработува како чисто, туку во
најголем случај во мешавина со други влакна. За добивање на влачена волнена
преѓа се користат пократки волнени влакна и се произведуваат погруби преѓи
кои се користат за добивање на поевтини волнени ткаенини и плетенини.
Производите имаат мек и пријатен опип и добро ја задржуваат топлината.
Финоста на оваа преѓа се движи во границите од tех 500 - 33,3 (Nm = 2 - 30).
Чешланата постапка се користи за изработка на поскапи ткаенини и плетенини.
За добивање на оваа преѓа се користат пофини влакна со изедначена должина.
Оваа преѓа е рамномерна и со глатка површина. Чешланите преѓи се предат со
финост во границата tех = 62,5 - 14,3 (Nm =16 - 70). Основната технолошка
разлика помеѓу овие две постапки е во начинот на истенчувањето на
полупроизводот. Кај влачената постапка, истенчувањето се постигнува со
делење на тенката волнена копрена при излезот од влачарата, на поголем број
тесни ленти. Кај чешланата постапка истенчувањето се постигнува со
постепено растегнување на прамените.

15
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
Механичка текстилна технологија 1 - Соња Јордева, Силвана Жежова

16

You might also like