You are on page 1of 8

Креирање облека:

Тоа опфаќа за почетоците на модата, формата и еволуцијата на облеката, дефиниции за


дизајнот, креирање на облека, видови на моден дизајн, колекции, елементи на модниот
дизајн, облик на тело, текстура, валер, боја, пропорции на човечко тело и земање на мери
за конструкција, треба да знаете како и од каде, од кој дел на телото се земаат мери и да ги
знаете скратениците за главните и помошните пропорционални мерки, исто така на крај
имате неколку примери за матријали и како изгледаат истите и каков им е составот. До тука
треба да учете, некаде до 55 страна од скриптата.

1.Почетоци на Мода- Феноменот „Мода” се смета дека сѐ уште е делумно неодреден во


терминолошка и семантична смисла, што го докажува постојаното мешање на термините
мода – стил, мода-обичај, мода-помодарство...итн. Модата е дел од културата, таа се
презентира преку облеката, накитот, уредувањето, уметничките предмети итн. Но, таа во
никој случај не претставува само надворешен украс на човековото битие, Или поедноставено
модата е начин на облекување на одредена група на луѓе во одреден временски период и
истата не е општоприфатлива за сите припадници на дадено општество. Почнувајќи од идеја,
цртеж, изработка на кроеви, конфекционирање, барање пазар, пласирање на производот на
пазарот и негово стиигнување до рацете на потрошувачот, говорат за тоа дека денес модата е
индустрија. Модата, некогаш манифактурна, денеска преминува во индустрија, бројните и
престижни модни куќи лоцирани во Франција, Италија, Лондон...престижните школи за
изучување на модниот дизајн и изработката на облеката се јасен показател за тоа колку
модата зазема значајно место во светот. Денес модата е своевиден глас на личноста, нејзина
презентација во современиот свет, таа е брза и динамична, спремна на промени.

2.Форма и еволуција на облека- откритие во процесот на изработка на облека е огромно и


по своите размери се споредува со откривањето на огнот и дрвеното колце - тоа е иглата за
шиење. Во палеолитските пештери, најстарите живеалишта на примитивниот човек, се
пронајдени огромен број на вакви игли изработени од слонова коска или заби од морски коњ
и истите потекнуваат од пред неколку илјадници години и тие претставуваат примероци на
одлична занаетчиска работа. Откривањето на иглите овозможило составување на парчињата
крзно и кожа кои се сметаат за првите материјали кои се користеле за изработка на облека, а
крајниот резултат била облека слична на онаа која денес ја носат Ескимите. Во меѓувреме,
луѓето кои живееле во попријатни климатски региони ја откриле употребата на животински и
растителни влакна. Во овие предели, првиот чекор во создавањето на материјал за облека
било ткаењето и со тоа веќе започнува ерата на изработка на облеката преку изработка на
едноставни скици, кроеви, обликување на облеката и нејз
ино украсување. Пред средината на 19-тиот век, поголем дел од облеката била изработувана
по мерка. Присутно било и манифактурното производство во кои шивачи и кројачи по налог
изработувале облека. Од почетокот на 20-тиот век со пронајдокот на машината за шиење,
зголемувањето на светскиот капитализам и развивањето на фабричкиот систем на
производство, се зголемува бројот на продажни места па облеката почнува масивно да се
произведува во стандардни величини кои се продавале по непроменлива – фиксна цена. Иако
модната индустрија за прв пат се развила во Европа и Америка, во денешно време таа е
интернационална-меѓународна и индустрија на светско ниво, со облека најчесто дизајнирана
во една земја, рачно изработена во друга земја и продавана низ целиот свет. На почетокот на
21-виот век, модата се менува секоја сезона. Преку средствата за јавно информирање, за неа
се знае веднаш по нејзиното појавување, а преку продажната мрежа, таа е достапна на секој
потенцијален потрошувач.

3.Дефиниција на дизајнот- Дизајнот на предмети за поширока намена претставува една од


најстарите дејности со која се занимава човекот, меѓутоа дизајнот како правна категорија
настанува многу подоцна. Постојат различни видови на дизајн и секој од нив има свое место
и значење во производната индустрија. Модниот дизајн се смета за најважен фактор кој е во
функција на модата и модните трендови. Целта на дизајнирањето на даден производ е
решавање на одреден проблем или задавање на форма на замислениот модел. Етимолошки
зборот „дизајн” потекнува од англискиот збор “дesign” и значи цртеж или скица, односно
идеја изразена преку цртеж.

Видови дизајн:
Постојат различни видови на дизајн, а сите тие може да се поделат во неколку категории:
 Индустриски дизајн-се смета за најстара и најширока област на дизајнот (машини,
автомобили, куќни апарати итн.)
 Графички дизајн
 Дизајн на машини и машинска опрема
 Дизајн на ентериер
 Текстилен дизајн (Моден дизајн- дизајн на текстил и облека).
Задачата на добро дизајниран производ е да се конструира употребен предмет кој ќе
претставува чекор напред од вообичаените стереотипи и ќе овозможи што е возможно
подобро и економски оправдано производство, односно производ кој ќе донесе поголем
профит. Дизајнот притоа треба да биде привлечен и да одговори на вкусот на потрошувачите
за кои е наменет. Добриот дизајн е единство од функционалност, економичност... добриот 11
дизајн во комбинација со напредната технологија има за цел да го создаде она за коешто
светот не знаел дека недостасува.

Мода- Терминот „Mода” (lat. Modus-начин, правило, ритам, време) е термин кој означува
популарни стилови и трендови во разни сфери на човековата активност и размислување
поврзани со одреден временски момент. Термините „модерен” и „немодерен” претставуваат
индикатор на усогласеност на нешто со моменталните барања од модното изразување. Во
секојдневниот живот терминот „модерен” обично се користи во позитивна смисла како
синоним за гламур, убавина, сјај и стил. За мода можеме да говориме веќе од 16-тиот век.
Првиот моден дизајнер кој имал поголема визија од еден „обичен” кројач бил Чарлс
Фредерик Ворт (1826- 1895 год). Во минатото модата била предводена од аристократските
слоеви кои и воедно ја диктирале истата, на тој начин што додека модата стигнувала до
пониските граѓански слоеви аристократијата веќе имала воведено нова мода. Некои
теоретичари модата ја поврзуваат исклучиво со облеката, меѓутоа евидентно е дека не е
секоја облека дел од модата. Помеѓу другото постојат податоци дека луѓето се облекувале и
многу порано пред да се појави терминот мода, односно многу пред да настане модата.
Модата циклично се појавува, исчезнува и се враќа во слична или модифицирана форма.
Треба да се истакне дека модата ја „конзумираат” само одредена група, а целината се наоѓа на
пат кон неа.

Моден дизајн. - Модниот дизајн претставува применета уметност која се „носи”. Елементите
на модниот дизајн се составни делови или компоненти на облеката кои поединечно и не мора
да значат многу, но поставени во добра комбинација можат да дадат една хармонична целина.
Дизајнерите ги диктираат трендовите, боите за секоја наредна сезона. Дизајнот настанува во
тој момент кога функционалноста на дадена облека ќе премине во естетика и уметност. За
вистински почеток на појавата на дизајнот се смета дека е 19-тиот век, односно периодот на
индустриската револуција.

Видови на моден дизајн.


 високата мода,  конфекцијата (ready to wear)  масовната
конфекција.
Високата мода (Haute couture)- е француски термин за „висока мода”. Таа претставува
практично и уникатно идејно решение за одреден предмет на облека, рачно изработено,
најчесто по нарачка и воглавно за веќе познати купувачи. Оваа мода се однесува на креирање
на високо ексклузивна мода која се изработува по нарачка. Моделот се изработува од врвни
материјали, а цената не претставува лимитирачки фактор. Изразот „висока мода” првобитно
се врзува за работата на англискиот креатор Чарлс Фредерик Ворт, кој работел во Париз во
средината на 19-тиот век. Терминот „висока мода” 13 претставува заштитен поим кој може да
го користат само оние фирми кои задоволуваат точно пропишани стандарди. „високата мода”
допушта поголема креативна слобода, не тежнее кон тоа да биде универзална, или да припаѓа
на некој стил или тренд, туку да биде различна, да има статус на уметничко дело. ”Високата
мода” има тенденција да се издигне над „потрошувачкото лудило” кое е карактеристично за
“Pret-a-Porter” модата.

Конфекција (ready to wear/prêt-a-porter). “Pret-aPorter” е француски израз за облека со


висок квалитет во однос на дизајнот и материјалите, но не е уникатна.
Станува збор за облека која е изработена без или со минимална рачна работа, воглавно
машинска, односно индустриска. Дизајнот е, воглавно класичен, квантитетот е релативно
мал, и оваа група спаѓа во средната или средновисоката квалитативна ценовна категорија.
Ваквата облека се пласира на пазарот во стандардни величини, а производите се сериски.
Најголемиот број од компаниите од модниот свет и припаѓаат на оваа категорија, поради
брзиот обрт на капитал. “Pret-aPorter” колекциите обично се претставуваат секоја сезона за
време на „Модната недела” (Fashion week).

Масовна конфекција- Оваа конфекција се смета дека настанала со настанокот на


индустриското производство во масовни размери. Таа покрива широк спектар на купувачи и
истите модели се продаваат во поголем број и во повеќе држави. Оваа конфекција е
изработена од ефтини материјали и со незадоволувачки квалитет. Основната цел е да се
произведе „достапна мода” која ќе може да си ја дозволи пошироката народна маса. Секако
квалитетот овде не е во преден план, но желбата да се носи модерна гардероба која притоа е
во тренд и удобна, е апсолутно задоволена.

Креирање на колекција
Првиот чекор во дизајнирањето на една колекција е нејзино планирање. Како втор чекор е
предвидувањето на трендовите – се смета дека е една од најтешките работи кои треба да ги
направи еден креатор на облека. Со цел успешно да се предвидат модните трендови, мора да
се разработат модните правци кои биле карактеристика на претходната сезона, да се следат
трендовите на останатите модни куќи кои ја диктираат модата и секако, следење на модните
трендови во модните списанија. Потребно е одлично познавање на модата за да зне
дизајнерот дали колекцијата ќе биде општо прифатена или не. Избор на тема- како
инспирација за одредена колекција може да послужи одреден историски период, одредено
место, боја или типови на ткаенина, односно како инспирација на дизајнерот може да му
послужи сѐ она што има јако визуелно влијание врз неговата креативност.

Елементи на модниот дизајн


Елементите на модниот дизајн се визуелно видливи градбени делови и компоненти на
облеката. Поединечно и немаат некое посебно значење, но ако вешто и складно се споени од
страна на креаторот, ќе дадат една хармонична целина- естетска и ефикасна визуелна
комуникација. Елементи на модниот дизајн се:
1. Линија 2. Облик 3. Текстура 4. Валер 5. Боја

Линија
Линијата како збир од точки на прв поглед доста едноставна, но по нејзините можности е
доста комплицирана и значајна за модниот дизајн. Од тие причини се смета дека линијата е
основна и една од најзначајните елементи на модниот дизајн. ја дефинира вистинската или
илузорна величина, правецот, насоката и движењето; Затворената линија ја одредува
површината, Како контура дава облик-силуета
Според изгледот линиите може да бидат: континуирани, тенки, испрекинати, остри,
еднолични, обоени итн. Според текот може да бидат прави (хоризонтални, вертикални,
дијагонални), криви (кружни, полукружни, брановидни, спирални), отворени, затворени.....
Правите линии означуваат дигнитет, моќ и формалност на облеката.
Вертикалните линии даваат визуелно издолжување на формата, многу честа примена се
забележува кај машката кошула. Брановидните линии даваат волумен на облеката, а притоа
овозможуваат пријатно чувство за човековото
Контурни
 Структурни (конструктивни)
 Декоративни (украсни)

Обликот и формата се многу битни визуелни елементи на модниот дизајн. Надворешниот


облик е одреден од контурната линија- дводимензионалната контура на човековото тело со
облека се нарекува модна силуета. Модната силуета е првиот впечаток кој се забележува
оддалеку, пред да се препознаат нејзините структурни детали. Модната силуета се менувала
низ вековите и според неа се препознаваат модните стилови

Облик
Без разлика на тоа што во градбата на човековото тело учествуваат исти градбени елементи и
делови, постојат различни облици на телата, но сите тие се сведуваат на следните облици на
човековото тело (слика 10):

Тело со облик на круша – Оваа форма на човеково тело се карактеризира со тесни рамена, а
широки колкови и бутови. Идеален тип на креирана облека е оној во кој пропорциите на
телото визуелно ќе се изедначат со цел фигурата да изгледа пропорционално. Важно е да се
сврти вниманието на долниот дел на телото (колковите и бутовите) и да се нагласат тесните
раменици се со цел самата фигура да добие издолжен облик.

Тело со облик на јаболко- Тело со ваков облик кој се карактеризира со еднаква ширина на
колковите, струкот и рамената има посебни барања во однос на креираната облека и тоа: 
Треба да се ублажи ширината на горниот дел (рамениците), на начин што ќе се сврти
вниманието од струкот и истото да се усмери кон долниот дел на телото, притоа визуелно да
се направи струкот да изгледа потесен.

Тело со облик на песочен часовник: Главни карактеристики на телесната градба се


пропорционално изградено тело, приближен обем на горниот и долниот дел од телото,
поголеми гради, тесен струк и поголеми колкови. Оваа градба се смета за идеална телесна
градба на женското тело.

Тело со облик на клин или свртен триаголник: Овој тип на женско тело го
карактеризираат широки рамена и тесни колкови. Целта при креирањето облека за ваков тип
на женско тело е да се скрене вниманието од жироките рамена и да се потенцира тенкиот
струк, а воедни и да се прошири фигурата кај колковите

Тело со облик на правоаголник : Рамената и колковите кај овој тип на женска фигура имаат
приближно еднаква ширина, без нагласена половина, а градите се со помал обем. Облеката
наменета за овој тип на градба треба визуелно да го намали струкот, а малку да се проширува
од рамената кон долниот дел на телото

Текстура е површинскиот квалитет на облеката. Текстурата е единствената меѓу елементите


на модниот дизајн поради тоа што предизвикува два сензорни процеси и тоа визуелно може
да се види и да се допре (почувствува). Текстурата се однесува на тоа како материјалите кои
ќе се применат за креирање на облека се обликувани и како во нив ќе се чувствува лицето кое
ќе ги носи. Текстурите може да бидат:  Вистински (реални), физички и тактилни и 
Визуелни или замислени Вистински (реални), физички и тактилни текстури се
тродимензионални текстури, тие освен тоа што може да ги видеме може и да се осетат при
допир. Најчесто се опишуваат како меки, груби, крупни, ситни, сјајни, матирани, глатки,
рапави, нежни итн. Визуелни или замислени текстури се, всушност, дводимензионална
интерпретација на тродимензионална физичка или замислена текстура. Најчесто таквиот
ефект се постигнува со штампање, боење итн.

Валер е количина на светлина, односно бел (светол) и црн во боја (темен валер). Распонот на
тонови од најсветли до најтемни се нарекува валериски клуч. Може да биде дурски (поголем
распон и појак контраст) и молски (мал распон и слаб контраст). Валер имаат хроматските и
ахроматските бои. Секој хроматски тон има ахроматски валер. Валериски круг е кругот од
бои освен чистите бои (средишниот прстен) Ги прикажува и светлите валери (четирите
внатрешни прстени) и темните валери (трите надворешни прстени) Валерискиот круг во
креирањето на облека во модниот дизајн служи за фина хармонизација на боите

Бојата е елемент со најголемо визуелно дејство. Нашиот свет е свет на светлост и боја. Ако
сончевата бела светлина физички ја разложиме со пропуштање сноп од светлина низ призма,
добиваме спектар на бои во кој се наоѓаат: црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, модра и
виолетова. За црната и белата боја може да се каже дека не се бои туку црната претставува
потполно отсуство на светлина, а белата е самата светлина.
Примарни бои- Ова се исклучително јаки бои: Сина, црвена и жолта. Секоја од нив е јака,
чиста и оргинална зашто во себе не содржи ниту една друга боја.
Секундарни бои- Во оваа група на бои спаѓаат портокалова, зелена и виолетова. Секоја од
овие бои се состои од две примарни бои. Портокаловата боја е мешавина од примарните
црвена и жолта. Зелената е спој на сина и жолта, а виолетовата е спој на сина и црвена.
Терциерни бои- Постојат шест терциерни бои и тоа: портокалово-црвена, портокалово-жолта,
сино-зелена, сино-зелена, сино-виолетова, црвено- 25 виолетова. Секоја терциерна боја е
составена од секундарна боја која се наоѓа на едната страна од валерискиот круг и
примарната боја до неа од другата страна на кругот. Боите може да ги дефинираме и како
топли и ладни бои во зависност од нејзината позиција во спектарот. Во топли бои спаѓаат -
портокаловата, жолтата и црвената, а ладните бои рефлектираат ладна виолетова и сина боја.
Виолетовата може да биде и топла и ладна боја во зависност од количината на црвена или
сина боја.

1 Пропорции на човековото тело


За добра конструкција на облеката потребно е добро да се познава човековото тело. Седмиот
вратен пршлен е од клучно значење за конструкцијата на облеката, бидејќи е појдовна точка
за утврдување на различни мери. Разликата помеѓу градбата на машкото и женското тело е
прикажана подолу:

Пропорциите се одредуваат на основа на обликот и распоредот на поедини делови на


човековото тело. Во конструкцијата на облека како модул се зема должината на главата.
Телесната висина на возрасен човек е 8 пати поголема од неговата глава.
Во процесот на конструкција на облеката важно е да се воочи градбата според вертикалниот
облик на телото, а таа може да биде:  Урамнотежена, пропорционална (од глава до половина
3/8 од висината на телото)  Долги нозе, краток труп  Кратки нозе, долг труп
Земање на мери за конструкција на даден модел Со цел да се изработи прецизен и добар крој,
многу е важно да се земат точни мерки. Лицето на кое се земаат мерките треба да стои
исправено, со составени нозе, со припиени раце кон телото и облечено во долна облека. За
секој предмет на облека потребно е да знаеме кои мерки се потребни и како се добиваат.
Земањето мерки од телото има свој редослед. Треба да се започне најпрво со оние мери кои
ќе ги употребиме при конструкцијата на кројот. Пред секоја мерка треба да се напише
нејзиното име со кратенка или целосното име. Мерките се состојат од главни и помошни
мерки, кои уште се викаат конструкциски или пропорционални мери. 29 Главни
(конструкциски) мерки при конструкцијата на облеката се:
 Вт- Висина на тело
 Ог- Обем на гради
 Оп- Обем на половина
 Ок - обем на колкови
 Др- Должина на ракав
Помошни (пропорционални )мерки:
 Шви- ширина на вратен изрез
 Дри- должина на ракавен изрез
 Дг- должина на грб
 Дк-Длабочина на колкови
 Дкр-Должина на крој
 Дпр.-Предна должина
 Шг-Ширина на грб
 Шри-Ширина на ракавен изрез
 Шгр- Ширина на гради
 Шп- (Оп)-Ширина на половина
 Всд- Висина на седален дел
За утврдување на мерите на телото се користи атропометар, соматометар или мерна лента.
Табелите со пресметки за секој предмет облека ќе бидат ставени во прилог на секој модел
пооделно

Земање на мерки за конструкција на горен дел на женска облека-


преден дел
 Обем на гради (мера бр.1)
 Обем на половина (мера бр.2)
 Надградна ширина (мера бр.3)
 Растојание помеѓу градите- се мери растојанието помеѓу врвовите на двете гради (мера
бр.4)
 Должина на рамо (
 Должина на преден дел (предна должина)- се мери од крај на рамо преку врвот на градата
до половината (
 Предна должина- се мери од средината на вратот до половината (мера бр.7)
 Должина од под раката до половината (мера бр.8)

. Земање на мерки за конструкција на горен дел на женска облека- заден дел


 Должината на задниот дел се мери од средината на вратот до половината
 Должина од крај на рамо до половина (мера бр.13)
 Должина од почеток на рамо до половината
 Надградна ширина на заден дел (мера бр.15)

Со цел да се изврши конструкција на долен дел на облека потребни се следниве мери:


 Обем на половина (
 Обем на мали колкови )- малите колкови се наоѓаат приближно на 10,0 см под линијата на
половина
 Обем на големи колкови - големите колкови се наоѓаат приближно на растојание 20,0 см од
линијата на половина
 Должина на здолниште

другите мери од скриптата прочитај ако имаш време многу се

You might also like