You are on page 1of 28

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“– ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИИ ТЕХНИЧКИ НАУКИ


Насока: Индустриска логистика
Предмет: Производен менадџмент

СЕМИНАРСКА РАБОТА
ТЕМА: ПРОИЗВОДСТВО НА ОБЛЕКА

Предметен наставник: Изработил:


Проф.д-р. Николинка Донева Емилија
Клинчарова
Бр.индекс:133518

Април, 2024

1
Апстракт
Технологијата за изработка на облека, како и останатите технологии за
изработка на други производи претставува една комплексна дисциплина која
бара ангажираност, способност и работа. Секоја технологија бара
организирање, подготовка, спроведување на технолошкиот процес на
изработка и контрола во сите сегменти.
Технологијата на изработка на облека се развила непосредно со
развојот на човековото знаење. Во почетокот облеката се изработувала рачно
со користење на наједноставни помагала. Понатаму со конструкцијата на
машината за шиење почнува да се произведува на индустриски начин.
Технологијата на изработка на облека претставува обликување на
ткаенината и плетенината во предмет за облекување и е од исклучително
значење за задоволување на човековите потреби за облекување и заштита на
телото од надворешните влијанија.

Клучни зборови: Текстилна индустрија, производство на текстил,


производство на облека.

2
Abstract

The technology for making clothes, like other technologies for making other
products, is a complex discipline that requires commitment, ability and work. Each
technology requires organization, preparation, implementation of the technological
process of production and control in all segments.
The technology of making clothes developed immediately with the
development of human knowledge. In the beginning, clothes were made by hand
using the simplest tools. Further, with the construction of the sewing machine, it
begins to be produced in an industrial way.
The technology of making clothes represents the shaping of fabric and
knitting into a clothing item and is extremely important for satisfying human needs for
clothing and protecting the body from external influences.

Key words: Extile industry, textile production, clothing production.

3
КРАТКА СОДРЖИНА

1. ОПШТО ЗА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА ..................................................


5
1.1. Текстилна индустрија во Македонија .................................................
6

2. ТЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕСИ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА .............


7
3. КОНСТРУКЦИСКА ПОДГОТОВКА ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА
ОБЛЕКА ....9
4. ОПЕРАТИВНА ПОДГОТОВКА ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ОБЛЕКА .......
14
5. ТЕХНОЛОШКА ПОДГОТОВКА ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ОБЛЕКА ....,..
20
6. ТЕХНОЛОШКИ ФАЗИ НА ТЕХНОЛОШКИОТ ПРОЦЕС
КОНФЕКЦИОНИРАЊЕ .......................................................................... 22

7. ЗАКЛУЧОК ...............................................................................................
26

Користена литература ............................................................................


27

4
1. ОПШТО ЗА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА

Текстилната индустрија е гранка на индустријата која првенствено се


занимава со преработка на влакнести суровини и изработка на
предиво, ткаенини, плетени производи и друго, и добивање на нивни
производи. Суровината може да биде природна или синтетичка со користење
на производи од хемиската индустрија. Текстилната индустрија е една од
најстарите индустрии во светот. Истата најрано се појавила и се развила на
територијата на Велика Британија.

Памукот е најважното природно влакно во светот. Во 2007 година,


глобалниот принос бил 25 милиони тони од 35 милиони хектари одгледувани
во повеќе од 50 земји.

Постојат пет фази во процесот пред да се добие готов производ:

- Одгледување и собирање,
- Подготвителни процеси,
- Предење,
- Добивање текстил за производство,
- Завршна фаза за добивање готов производ.

Суровините кои се користат во текстилната индустрија, според своето


потекло можат да бидат поделени на:

 животински: волна, крзно, свила;


 природни: памук, коноп, лен; и
 вештачки: синтетички влакна, вештачка свила.

5
Според видот на производството, текстилните компании се делат на:

 фабрики за производство на текстилни предива и ткаенини


 фабрики за готови текстилни производи – конфекција и трикотажа.

Според суровините што ги користи, текстилните компании се делат на:

 Памучна индустрија,
 Волнена индустрија,
 Индустрија за свила,
 Индустрија на лен, конопни и јутени производи и
 Конфекциска индустрија. Оваа индустрија денес има големи центри за
производство во Париз, Лондон и Виена. Исто така, Париз е светска
метропола на модата. Меѓутоа, Кина е најголемиот светски
производител, пред сè поради евтината работна сила. Но во однос на
производството на брендови, односно препознатливи марки, следење
мода, производство од светски модни творци и пред сè присуство на
висока мода се истакнуваат повеќе центри во Европа. Имено, главните
центри се наоѓаат во Милано - Рим, во Франција е Париз, Велика
Британија – Манчестер, во САД – Њујорк.

1.1. Текстилна индустрија во Македонија

Првата текстилна фабрика на територијата на денешна Македонија била


отворена во с. Дихово, Битолско, а покрај неа биле отворени уште три други.
Во период до осамостајувањето, текстилната индустрија силно се развила и го
доживеала својот расцут. Имено, со Указ на Народното собрание на Р.
Македонија како индустриски претпријатија од текстилната индустрија биле
прогласени десет фабрики. Вработеноста во текстилната индустрија
продолжила да расте со мошне интензивно темпо и во наредните години
достигнувајќи го својот максимум во 1990 година кога имало 61 000 вработени.
Исто така, од 55 претпријатија колку што постоеле во 1985 година, во 16 од нив
работеле со по над 1000 вработени. Во периодот на осамостојувањето на
Македонија, текстилната индустрија како и останатите индустриски гранки се
нашле во транзиција. Зафатена од снажни трансформациони преоцеси
и приватизација, значаен број од големите текстилни комбинати го намалиле

6
производството, а добар дел од нив престанале да постојат. Наместо
сложените текстилни комбинати во градовите со развиена текстилна
индустрија, масовно биле формирани бројни мали текстилни претпријатија
главно од конфекциска дејност.

Текстилната индустрија е трета најзначајна индустриска гранка во


Македонија. Производството на облека учествува со 12,73% во вкупното
индустриско производство, а заедно со производството на текстил, учеството
изнесува речиси 15%. Во 2009 година имало 1.930 претпријатија во
текстилната индустрија, т.е. 4,3% од вкупниот број претпријатија во
Македонија. Од нив, 600 биле производствени фирми. Речиси 50% од
текстилните фирми се наоѓаат во Источна Македонија, а 87% се микро или
мали претпријатија. Во 1998 година, извозот на текстилни производи
учествувал со 31% во вкупниот македонски извоз, 17% во 2011 и 15,2%
во 2014 година.

Текстилната индустрија учествува со над 12% во создавањето на


македонскиот БДП при што производството на облека изнесува со 7,55%
додека пак учеството на производството на текстил изнесува 4,55%. Во 2019
година, текстилната индустрија во Македонија ја сочинувале
264 претпријатија од кои 6 се занимавале со подготовка и предење на
текстилни влакна, 9 за ткаење на текстил, 55 за довршување на текстил, а 194
за производство на останати видови текстил. Според големината, 183 биле
микро-претпријатија, 69 мали, 7 средни, а 5 биле големи претпријатија. Во
поглед на географската распределба, најмногу текстилни претпријатија имало
во Скопје (75), а потоа во Тетово (21), Струмица (17), Охрид (16), Прилеп (15),
Штип (12) и Битола (11).

2. ТЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕСИ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА


Технологија на изработка на облека, односно конфекциското
производство е последната алка во текстилното производство. Технологијата
на изработка на облека претставува обликување на ткаенината и плетенината
во предмет за облекување и е од исклучително значење за задоволување на

7
човековите потреби за облекување и заштита на телото од надворешните
влијанија.
Технологијата на изработка на облека се развила непосредно со
развојот на човековото знаење. Во почетокот облеката се изработувала рачно
со користење на наједноставни помагала. Понатаму со конструкцијата на
машината за шиење почнува да се произведува на индустриски начин.
Технологијата на конфекција бележи голем развој последните години,
благодарение на брзиот развој на електронската индустрија и примената на
компјутерите при изработка на кројните слики и автоматското кроење.
Технологијата на изработка на облека според главните фази на
подготовка и изработка се дели на:
 Техничка подготовка;
 Технолошки процес на изработка на облека.
Техничката подготовка има задача да ги проучи можностите и условите
на
производство, карактеристиките на материјалот, набавката на основните и
помошните материјали и да ги предвиди сите фактори кои влијаат на
квалитетот
на работата. Техничката подготовка се дели на:
 Конструкциска подготовка,
 Оперативна подготовка,
 Технолошка подготовка
 Испитување на материјалите
Кај технолошкиот процес на изработка на облека со помош на
технолошката анализа се доаѓа до поделба на работниот процес, поделба на
работата и специјализација на одредени работници за извршување на
поодделни технолошки операции.
Различниот број на различните технолошки операции кај различните
предмети бараат поделба на технолошкиот процес на производство на облека
според видот на предметот за облекување.
Tехнологијата на конфекција според видотвите на предметите за
облекување се дели на четири технолошки области и тоа:
1. Технолошки процес на изработка на машка горна облека;

8
2. Технолошки процес на изработка на женска горна облека;
3. Технолошки процес на изработка на машка и женска долна облека;
4. Технолошки процес на изработка на плетена облека (трикотажа).
Технологијата на изработка на детска облека спаѓа во горенаведените
технологии.
Tехнологијата на конфекција, може да се подели во неколку фази и тоа:
 Техничка подготовка,
 Технолошки процес на кроење,
 Технолошки процес на шиење и
 Технолошки процес на доработка.

3. КОНСТРУКЦИСКА ПОДГОТОВКА ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ОБЛЕКА


Кај оваа подготовка обликувањето на производите се врши преку
истражување, проектирање и креирање на нов производ или усовршување на
постојните производи. Многу поедноставно е да се менува постојниот
производ, а многу посложено ако се усвојува нов производ. Секој производ
треба да ги задоволи потрошувачите со неговиот надворешен изглед,
намената, квалитетот и цената. Конструкциска подготовка во индустријата за
облека се состои од следните активности:

А) Собирање на идеи
До идеја за нов производ се доаѓа со селекција на идеите за можните
нови
производи. Собирањето на идеи за новиот производ се врши преку
систематско
следење на информациите (модни списанија, изложби, ревии, движење на
потрошувачката на пазарот, технолошките достигнувања и друго.
Собирање на идеи за креирање и обликување на нови производи се
врши на два начини: перманентно (постојано) и случајно.
Перманентното собирање на идеи го врши специјална служба
составена од стручни лица кои непрекинато работат на собирање на идеи со
кои треба да се креира новиот модел од предметот за облекување.

9
Случајното собирање на идеи не бара посебна стручна служба и
посебни задолженија на луѓето за собирање на идеи. Идејата се добива со
случајна размена на мислења на стручњаците за некои карактеристики на
предметот за облекување.

Б) Проектирање (креирање) или обликување на модели


Врз база на собраните идеи и сопствените креативни способности на
креаторот се пристапува кон креирање на нов модел.
Следењето на побарувачката на пазарот во поглед на обликот на
предметот за облекување многу е важно за конкуренцијата како на домашниот,
така и на странскиот пазар. При селекција на модели креаторот може да ги
земе во предвид следните барања:
 Естетскиот изглед на предметот за облекување,
 Функционалниот фактор,
 Технолошкиот фактор,
 Економскиот фактор.
Естетски е обликуван оној производ кој го привлекува вниманието на
потрошувачот, ги сокрива телесните недостатоци и го истакнува убавото кај
човекот.
Функционален е оној предмет за облекување што одговара на својата
намена, на пример спортска, свечена, работна или друг вид на облека.
Секој предмет за облекување треба да биде креиран така што според
технолошките барања може да се изработи со постојните средства за работа и
со расположивата работна сила.
Економски оправдан мора да биде секој производ. Во колку не е, тогаш
нема да се постигната саканите резултати и приходот на претпријатието.

В) Изработка на колекции
Врз база на насобраните информации треба да се предложи програма за
структурата на колекцијата во поглед на:
 Видот и структурата на ткаенината
 Видот и структурата на предметите за облекување
 Намената

10
Според избраните скици на колекцијата на модели се изработуваат
кроевите на моделите. Потоа се изработуваат интерни стандарди на
квалитетот на асортиманот, бојата и цената на помошниот материјал и
приборот. За новите изработени модели во најмалку два примерока се
изработува техничка карта во која се внесуваат најважните технички
карактеристики за моделот.
По конечниот избор и утврдување на колекцијата на модели за сериско
производство треба да се подготват кроеви на модели за основните величини и
да се изготви цела документација за:
 Прописи за изработка на модели
 Прописи за контролирање на моделите според стандардите
 Состав на мaтеријалот
 Комплет на основниот крој со сите делови
На крајот треба да се организира и разработи концепцијата за излагање на
колекцијата на модни саеми, ревии, изложби и др. каде во соработка со
продажната служба се склопуваат деловни договори.

Г) Конструкција на темелен крој


Врз база на скиците на креаторот за изработениот нов модел се
конструира темелен крој за основната големина што претставува детална
разработка на новиот производ. Во индустријата за облека моделите се
конструираат според стандарди. При конструкцијата се земаат главните и
помошните мерки кои се пресметани со одредени додатоци за комоција. По
конструкцијата на темелниот крој се врши моделирање според скицата на
моделот. На крајот се врши комплетирање на деловите на кројот на моделот и
додавање на одреден број на сантиметри за рабови и подвив.

Д) Опис и означување на моделот


При описот на моделот треба да се дефинираат сите карактеристики по
делови. Се врши на предните делови, начинот на изработка на задниот дел,
ракавите и јаката.
Означувањето на производот се состои од ознака на материјалот и
ознака на моделот. Ознаката на материјалот ги содржи следните податоци:

11
потекло и вид на ткаенина (плетенина), група на материјал, подгрупа на
материјал, реден број на материјал, реден број на бојата на материјалот,
ширина на материјалот. Ознаката на моделот ги содржи следните податоци:
пол и раст, група на предметот за облекување, подгрупа на предметот за
облекување, реден број на основниот модел, реден број на промената на
основниот модел. На овој начин означениот модел ја поедноставува работата
во подготовката, па и во производниот процес за изработка на облека.

Ѓ) Стандардизирање на нови делови на кројот


Често пати е потребно да се изврши стандардизација на нови делови на
кројот според одреден стандард. Со стандардизирање се рационализира
(поедноставува) производниот процес и се намалуваат трошоците на
производството. Со стандардизирање на сите делови на темелниот крој им се
одредуваат димензиите, начинот на изработка и квалитетот.

Е) Изработка на прописи за квалитет


За основниот и помошниот материјал како и за останатиот материјал
(ситен прибор) се изработуваат прописи за квалитетот. Во него се содржани
следните елементи:
 Вид на предметот за облекување
 Име на купувачот
 Име на основната ткаенина
 Суровински состав на ткаенината
 Име на сите помошни материјали и прибор
 Физичко-хемиски својства на основната ткаенина.

Ж) Зголемување и намалување на кроевите (градирање)


Бидејќи во индустријата за облека одредени модели се изработуваат во
повеќе големини потребен е поголем број на работници со што се зголемуваат
трошоците за изработка. Денес се конструира само основната големина на
моделот, а сите други големини се добиваат со зголемување и намалување на

12
кројот на моделот од основната големина. За зголемување и намалување на
кроевите постојат повеќе начини но наједноставен и најбрз начин е
електронското градирање.

З) Kројни слики
Кројната слика претставува збир на сите елементи на кројот рационално
нацртани на одредена површина на ткаенина или хартија која служи за
пренесување на кројот врз текстилниот материјал. Изработката на кројните
слики е постапка на сложување на делови на предметот за облека на хартија
(кај електронското вклопување на екран), чија ширина е идентична со
ширината на ткаенината
Постојат повеќе видови на кројни слики, а овде ќе наброиме само
неколку:
половична и целна кројна слика, едноголеминска и повеќеголеминска кројна
слика, синџиреста и назабена повеќеголеминска кројна слика и др.

Слика1. Половична кројна слика

13
Слика 2. Целна кројна слика

Слика 3. Синџиреста кројна слика

Според дезенот на материјалите што се конфекционираат може да се


означат следниве видови кројни слики: кројни слики за еднобојни материјали
без шара, кројни слики за пругасти материјали, кројни слики за карирани
материјали, кројни слики за материјали со насочена структура.

И) Утврдување на трошокот на материјалот


Од трошокот на материјалот во голема мера зависат вкупните трошоци
на
производството и секоја заштеда на материјалот претставува голема добивка.

Слика 4. Загуба на ткаенината на ивиците

14
Трошокот на материјалот може да се утврди на три начини
 со вклопување на кројните делови во кројна слика
 врз база на површината на кројните делови и
 врз база на тежината на кројните делови.

4. ОПЕРАТИВНА ПОДГОТОВКА ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ОБЛЕКА

Оперативната подготовка е дел од техничката подготовка заедно со


конструкциската и технолошката. Секој технолошки процес на изработка на нов
производ, треба да се реализира за одреден временски период. Токму тоа е и
задачата на оперативната подготовка, да ја опфати целата оперативна дејност
и да осигура целосно планирање и следење на производството и негово
извршување за одредено време.
Целта на оперативната подговка е да осигура непрекинат тек на
производствениот процес. Таа треба да биде снаодлива, продорна и брза во
своите одлуки. Секој застој во производството поради немање на
репроматеријали, грешки во работењето, предизвикува неискористување на
капацитетот, непочитување на роковите за испорака, зголемување на
трошоците, а сето тоа предизвикува незадоволство кај работниците.
Оперативната подготовка како и конструкциската за да може да одговори
целосно на задачите и целите кои се бараат од неа има низа активности кои
спаѓаат во чекорите на работата, а тоа се:

А) Планирање на производството

Да се планира производството всушност значи да се предвидат задачите


за идниот временски период, водејќи сметка за условите во кои ќе тече
технолошкиот процес на изработка. Планирањето треба да се врши според
вистинските можности, вклучувајќи го целиот можен потенцијал со кој
располага производствената организација. Ефикасното и доброто планирање
претставува основа за квалитетна контрола, бидејќи поставува пропишани
стандарди за контрола.

15
Планирањето ја намалува неизвесноста и ги разјаснува последиците од
акциите што се преземаат. Тоа всушност е гледање напред и може да ги
редуцира оние активности кои го намалуваат, односно го забавуваат
работењето.
Во претпријатијата постојат многу различни видови на планови.
Поделбата на плановите во претпријатието може да се врши од повеќе
аспекти.
Според обемот на содржината тие можат да бидат: вкупен план и поединечни
планови
Според временскиот период за кој се извршуваат плановите се поделени на:
 краткорочни - до една година,
 среднорочни - од една до пет години и
 долгорочни - над пет години
Во индустријата за облека, бидејќи модните движења брзо се менуваат,
најчесто се среќаваат краткорочните планови, а тие од своја страна се делат
на:
 основен план - од една година
 сезонски план - од шест месеци и
 оперативен план - од еден месец

Откако ќе биде утврден планот на продажба и количеството на


производи кои треба да се изработат, се пристапува кон подготовка на планот
на производство.
Секој план за производство треба да ги содржи следните податоци: име
и вид на производот или услугата, единична мера, стручност на работниците,
планирана количина на производи, норматив за трошок на материјалот,
норматив за трошок на времето, име на купувачот, искористување на
капацитетот, мера за искористување на планот и друго.
Дневното планирање на производството во основа е зависно од
дневниот капацитет и од времето за изработка на единица производ.
Сезонското планирање е доста застапено во индустријата за изработка
на облека. Според сличностите и разликите на предметите за облекување за
различни временски периоди во текот на годината постојат два вида на
сезонски планови и тоа: пролет-лето и есен-зима.
16
За секој сезонски план треба да се изработи сезонски календар и да се следи
извршувањето. Постојат три вида на сезонски календари:
 сезонски календар за подготовка на колекција
 сезонски календар за изработка на колекција и
 сезонски календар за производство

Слика 5. Машка колекција есен – зима

Колекција претставува збир од повеке производи, со иста намена. На


пример колекција од женска облека, машка облека и детска облека. Според
временскиот период за кој ќе се користи колекцијата може да биде за пролет-
лето и есен-зима. Намената на колекцијата може да биде, работна, свечена,
спортска и др. Колекцијата служи моделите да бидат претставени на
потрошувачите преку модни ревии, во списанија, каталози на трговски куќи и
др.

Б) Утврдување на производствените капацитети и бројот на


работници
За реално планирање на производството еден од најважните услови е
познавањето на капацитетот, кој претставува производствена способност на
претпријатието.
Капацитетот зависи од: средствата за работа, бројот на работниците и
нивната способност, предметот за работа и пазарот. Ако нема потребен број на

17
работници со одредена квалификација и покрај тоа што има расположиви
средства за работа, нема да може да се реализираат планираните задачи.
Се пресметува дневниот и годишниот временски капацитет кои се
именуваат како, дневен фонд на работно време и годишен фонд на работно
време. Зависи од бројот на работниците и дневното работно време.
Количинскиот капацитет се изразува како дневен количински и годишен
количински капацитет, зависи од дневното работно време, бројот на
работниците и времето за изработка на единица производ.

В) Терминирање на производството
Времето потребно да се изработи одредена количина на производи за
одреден временски период се нарекува терминирање на производството.
Терминирањето овозможува да се зачуваат назначените договорени рокови.
Терминирањето на производството се одредува преку терминскиот план.
Терминскиот план се изработува за одреден број на денови, за една или
повеќе недели и може прегледно да се следи на дијаграми.
Во зависност од датата на испорака и обемот на производството,
циклусот на производство може да биде: најдолг, скратен и најкраток.
Најдолгиот циклус на производство се јавува тогаш кога втората фаза не
започнува додека не заврши првата, третата не започнува додека не заврши
втората.
Скратениот циклус на производство се јавува тогаш кога дел од работата
од првата фаза е извршена и почнува со работа втората фаза и така во
одреден временски период двете фази одат истовремено.
Најкраткиот циклус на производство се јавува во случај кога првата фаза
делумно влегува во производство и започнува со работа втората фаза, а кога
таа делумно влегува во производство започнува со работа третата фаза.

Г) Составување на технички податоци за калкулација


Со помош на калкулацијата се пресметуваат вкупните трошоци при
работата, трошоците на самиот објект, на опремата цената на чинење на
самиот производ и направените услуги. Калкулацијата дава податоци за
планирање, за донесување одлуки за структурата и интензитетот на
производството, за користење на технологии и овозможува следење и
18
контрола за успешно производство. Со калкулацијата треба пред се да се
пронајде цената на чинење и нејзиниот однос со цената на пазарот
Се изработува со цел да се види дали пазарната цена која со продажба
може да се постигне, ги покрива вкупните трошоци. Контролата на работење
како цел на калкулацијата е да врши следање н севкупното функционирање на
претпријатието во поглед на еономичноста.

Д) Планирање на набавка на материјалот


Планирањето за набавка на материјал се врши според годишниот план
за набавка и тоа посебно за основен, помошен и технички материјал. За
составување на овој план треба претходно да се изработи планот на
производството и планот за продажба.
При набавувањето на материјал се користи налог за набавка, што
преставува важен документ кој ја oбврзува компанијата на одреден трошок.
Многу е важно нарачката за набавка да е јасна и недвосмислана, да се
знае точно колку и каков материјал се нарачува и по точно утврдена цена.

Ѓ) Изработка на работни налози


Пред отпочнување на каква било работа во производството мора да
постои документ по кој треба да се извршува истата. Еден таков документ е
работниот налог.
Работниот налог претставува основен документ во кој се внесени сите
податоци кои се потребни за предметот за работа во текот на негово
изработување во технолошкиот процес за да се добие бараниот производ.
Работниот налог се изработува врз база на оперативните планови. Целта на
работниот налог е да ги означи носителите на трошоците за изработка, а се
издава пред почетокот на производството.
Работниот налог го издава диспонент (програмер). Диспонентот мора
добро да ги познава сите видови на текстилни материјали, бои, дезени и
квалитетот.

Е) Планирање на материјалот за кроење


При планирањето на материјалот за кроење треба да се води сметка за
вкупната количина на материјалот, количината и видот на производот,
19
количината на производот по големини, учеството на поединечните големини и
количината на поединечните големини по бои. За да може успешно да се
изврши планирањето на материјалот за кроење потребно е врз база на
работниот налог да се извршат одредени подготовки.

Ж) Следење на производството
Следењето на производството треба да се врши по точно утврдени
временски интервали и мора да биде добро организирано. На тој начин
реализираната количина на производи која ја следиме во дадениот момент
мора секогаш да се споредува со планираната количина.
Следењето на производството може да се врши по различни показатели
и тоа:
- следење на производството по фази
- следење на производството според производствени единици
- следење на севкупното производство
Следењето на производството по фази се врши посебно во секоја фаза
од технолошкиот процес на изработка (кроење, шиење и доработка).
Следењето на производството според производствени единици пред сѐ
служи како преглед на односите помеѓу планираните и извршените податоци
според производствените единици.
Следењето на севкупното производство за целата производствена
организација се врши со цел да се испрати извештај од производството во
зависност од организацијата до оперативната подготовка.

20
Слика 6. Графички приказ на остварувањето на производството за
дваесет и еден работен ден за еден месец

5. ТЕХНОЛОШКА ПОДГОТОВКА ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ОБЛЕКА

Технолошка подготовка во индустријата за изработка на облека се


занимава со изучување на технолошките процеси на производството како и со
подобрување на условите за работа во производството. Технолошката
подготовка има за задача да направи анализа на предметите за изработка, да
изработи планови на технолошкиот процес, рационализација и
поедноставување на работата и да изработи студија на работата и времето.
Технолошката подготовка ги содржи следните активности:
 Технолошка анализа на предметите за изработка (облеката) и избор
на средствата за работа (машините).
Анализа на предметите за изработка се прави пред да се отпочне со
нивното производство Анализата се прави со цел да се пронајде порационален
начин за изработка. Изработката на секој предмет за облека се состои од низа
последователни различни работни операции. Се избираат средства за работа
со кои ќе се изнајдат порационални методи на работа и ќе се постигне подобар
квалитет. Изборот на средствата за работа го вршиме од постојните, или пак се
набавуваат нови средства за работа доколку има можност за поекономична
изработка.
 Изработка на плановите на операции за работа (операционен план)
Во индустријата за облека за секој предмет за облекување се изработува
планот на операциите за работа посебно за фазите кроење, шиење и
доработка. Планот на операциите за работа претставува еден од основните
документи од техничката документација во индустријата за изработка на
облека, кој уште се нарекува операционен (оперативен) лист. Тој служи како
база за организирање на технолошкиот процес и база за составување на
калкулацијата. Основна задача на овој документ е да се подели работата на
секој предмет за облекување, кој треба да се изработи.
 Изработка на монтажните планови
По изработката на операциониот план се прави план на монтажа на
предметот за облекување. Планот за монтажа се изработува само во случај на

21
реконструкција на технолошкиот процес или при проектирање на нов
технолошки процес за изработка на облека.
 Избор на системите на технолошкиот процес
Во зависност од тоа колку еден оператор (работник) е задолжен околу
изработката на производот работата може да се подели на: поединечна,
групна и поделена.
 Избор на систем на вградување на работните места
Системите на вградување на работни места претставуваат просторно
поврзување на работните места и начин на транспортирање на предметот за
работа од едно до друго работно место. Секој производ има стандарден
квалитет и бара посебен технолошки процес на изработка и со тоа и одредени
средства за работа. Зависноста на технолошкиот процес од средствата за
работа бара одредена поврзаност на работните места. Во пракса постојат
повеќе системи и тоа: систем на редови, училиштен систем, развиен
училиштен систем, систем на коси маси, систем на дијагонални маси, систем
на подвижни колички, систем на хоризонтални транспортни ленти, систем на
висечко транспортирање.

Слика 7. Систем на редови


 Изработка на планови на технолошкиот процес
Откако ќе се направи анализата на предметот за облекување,
операциониот план и планот за монтажа, се изработува планот на
технолошкиот процес и тоа посебно за секоја фаза (кроење, шиење и
доработка).Тој план уште се нарекува технолошки лист. Тој претставува
документ кој служи за распределба на операциите по работни места, за
оптоварување на работните места, инсталирање на работните места и за поука
на работниците.

22
 Обликување на работните места
Обликувањето на работните места ќе зависи од примената на
средствата за работа и од начинот на организирање на производствениот
процес. Работното место во процесот на производството е главната клетка во
претпријатието. На самото работно место можат да се видат негативностите во
организацијата на производството. Постојат три типа на работни места:
отворено работно место, затворено работно место и стабилизирано работно
место.

6. ТЕХНОЛОШКИ ФАЗИ НА ТЕХНОЛОШКИОТ ПРОЦЕС


КОНФЕКЦИОНИРАЊЕ
Технолошкиот процес за изработка на облеката, се состои од следните
содржини:
 Технолошки процес на кроење на облеката
Технолошкиот процес на кроење на облеката е првата фаза во
технолошкиот процес за изработка на облека, во кој директно се делува со
средствата за работа на материјалот. Овој процес како и останатите се
развивал постепено како што се развивале достигањата на техниката и
технологиите. Машините и уредите за кроење од ден на ден се усовршувале,
за денес во светот и кај нас се користат најсовремени, автоматски машини. Со
новите и современи машини се постигнува поголема продуктивност и подобар
квалитет, со што можеме да ја совладаме конкурентноста на пазарот.
Процесот на кроење се состои од следниве активности: подготовка за
кроење, грубо и фино кроење на кројната наслага и подготовка за шиење. Во
најголем број кројачници процесот на кроење се изведува со рачни ножички,
механички нож во неколку варијанти или со помош на штанци. Со развој на
технологијата се користат многу современи машини за кроење и тоа Машина за
кроење со ротирачки кружен нож, Машина со лентовидно сечиво, Компјутерски
контролирано кроење, Кроење со ласер и др.

23
Слика 8. Помошен прибор за кроење

Слика 9. Машини и уреди за кроење

По кроењето се врши термофиксирање на оние делови на кои е


потребно. За термофиксирање се користат различни видови на меѓупостава.
Термофиксирањето се изведува на специјални уреди (преси) за
термофиксирање.

 Технолошки процес на шиење на облеката

24
Втората фаза во процесот за изработка на облека е шиењето. За шиење
се користат различни видови на машини. Составувањето на искроените делови
се изведува со машински бодови и шевови. Бодовите се поделени во две групи
и тоа, зрнести и синџирести. Секоја машина за шиење се состои од работен
дел, погонски дел и помошен дел. Работниот дел се состои од повеќе
механизми како што се: механизам за формирање на бод, механизам за
транспорт на материјалот, механизам за подмачкување и др. Главни делови на
механизмот за формирање на бод се машинска игла и совалка.

Слика 10. Машинска игла


Во индустријата шиењето на облека се врши со индустриските машини,
кои според конструкцијата можат да бидат: обични машини за шиење,
специјални машини за шиење, автомати за шиење, агрегати за шиење и
трансфер-машини за шиење.

Слика 11. Современи машини за шиење

 Технолошки процес на доработка на облеката

25
Следната фаза е меѓуфазно пеглање во конфекциското произвотство.
Со меѓуфазното пеглање се врши обликување (дресирање) и распеглување на
шевовите. За меѓуфазно пеглање се користат специјални уреди за меѓуфазно
пеглање (преси). Пресите се состојат од две плочи една над друга. Нивната
површина може да биде рамна, или во облик на делот кој се пегла.

Слика 12. Преса за пеглање


Целта на меѓуфазното пеглање е искроените или делумно сошиените
делови од облеката да се прилагодат за следната работна операција на
шиење. За меѓуфазно пеглање, а исто така и за завршно пеглање се користат
истите уреди и машини кои може да се стават во три групи и тоа: рачни пегли и
маси за пеглање, преси за пеглање и агрегати за пеглање.

7. ЗАКЛУЧОК
Текстилната индустрија во Северна Македонија е еден од најразвиените
и разновидни сектори на економијата во однос на индустриското производство,
вработувањето и заработувачката од извоз и втор најголем индустриски сектор
во земјата по металургијата. Индустријата за текстил и облека во земјата се
карактеризира со фокус и ориентација кон клиентите, достапност на искусна
работна сила и флексибилност за брзо реагирање на барањата на клиентите.
Земјата нуди потенцијал не само за нови странски директни инвестиции, туку и

26
за аутсорсинг, стратешки партнерства и заеднички вложувања со многу
локални добро етаблирани компании.

Македонската текстилна индустрија игра витална улога во социјалната


благосостојба на земјата преку вработување во бројни региони на земјата.
Земјата нуди ниски трошоци со кои се постигнува поголема конкурентност за
производство на текстил и има одржливо снабдување со млада, високо
квалификувана работна сила со конкурентни трошоци.

Постојат голем број на популарни модни брендови кои имаат или во


моментов произведуваат облека во Северна Македонија.

Користена литература

 Станојко Дејановски, Tехнологија на конфекционирање II год. 1978

 Станојко Дејановски, Tехнологија на конфекционирање IV год.1981

27
 D. Rogale, D. Uevic, S. First Rogale, M. Hrastinski, Tehnologija proizvodne
odece sa studiem rada, Tehnicki Fakultet, Univerziteta u Bihacu, Bihac 2000

 Blaz Knez, Tehnoloski procesi proizvodne odece, Tekstilno-Tehnoloski


fakultet, Zagreb 1994
 Технологија на изработка на облека 1 [Електронски извор] / Соња
Јордева, Сашка Голомеова Лонгурова. - Штип : Универзитет 'Гоце
Делчев"-Штип, Технолошко-технички факултет, 2018

28

You might also like