You are on page 1of 2

Социологија прашања I- Анастасија Зимбакова II2

1. Што е економија? -Вкупноста на активностите што ги преземаат луѓето како


членови на некоја конкретна општествена заедница со цел да произведат нешта кои ќе
ги задоволат своите потреби е најопшта определба на економијата.
2. Која е разликата помеѓу економијата пред и и по периодот на
индустрализацијата? – До периодот на индустријата економијата била слеана со
општествениот живот во целина. Општествените форми што се однесувале на
производството не биле издвоени од другите форми на живеење. Пример луѓето го
славеле деноткога почнувала сеидбата, кроење на лозјето и сл. Тоа се должи на фактот
шти луѓето биле многу блиски до природата и се уште зависни од неа. Со развојот на
индустријата доаѓа до големи промени. Поголем број од луѓето се вработувале во
индустријата. Индустриското производство е машинско производство. Тоа веќе не зависи
од природата. Работата сега претставува работно место. Резултат од работата е
платата.
3. Што подразбираме под поделба на трудот, а што под социјализација? –
Поделбата на трудот најопшто се одредува како процес на делење на трудот на
различни активности. Емил Диркем е меѓу првите социолози што ја откриле
општествената суштина на поделба на трудот. Според него, општествата со развиена
поделба на трудот развиваат органска солидарност каде што поврзувањето е според
индивидуалните карактеристики. Кога еден човек произведува само едно нешто или се
занимава со ограничен број активности, станува збор за специјализација.
Специјализацијата мозе да ја има и во претпријатијата или индустриите. Кога го
употребуваме зборот спацијалист, мислиме на вештините условени од страна на
поединци. Професиите и занимањата се пример за специјализација.
4. Кога започнува автоматизацијата и кои се позитивните и негативните
карактеристики? – Автоматизацијата својата вистинска димензија ја доживува со
појавата на микроскопот(1971). Автоматизацијата предизвикува позитивни и негативни
последици. Меѓу позитивните позначајни се:
-Нова органузација на трудот и нови работни места. Компјутерзираните машини даваат
можност моделот на производот најпрво да се направи на компјутер и како програма да
се пренесе на машината, која произведува совршен производ. Таквото производство е
наречено флњксибилно.
–Од фабричките хали автоматизацијата се пренесува во канцелариите, печатниците,
аеродромите итн. Автоматизацијата отсекогаш се стремела да изгради човек автомат
т.н. побот што ќе го замени во работата.
Меѓу често спомнуваните негативни последици е отстанувањето на голем број
работници од производствените процеси.

Социологија прашања II- Анастасија Зимбакова II2


1. Кој труд го опфаќаат трите сектори? -Примарниот сектор го опфаќа трудот што се
вложува во земјоделството, шумарството, рибарството. Секундарниот сектор го
опфаќа трудот што се вложува во индустријата, додека терциерниот (трет) сектор,
уште познат како сектор на услуги го опфаќа трудот вложен во давање услуги, како:
транспортот, трговијата, банкарството, ресторантите, хотелите, културните
центри, образованието и сл.
2. Кои се причините за појава на третиот (терциерен) сектор? –За појава на
терциерниот сектор придонесува појавата на автоматизацијата во производството,
комплутеризацијата која со сите свои дејности спаѓа овде, покачениот животен
стандард на населението, стилот на живеење(мода) и сл.
3. Кои се причините за појава на синдикатот? – Синдикатот најопшто земено
претставува организација на работниците што ги штити работничките интереси
наспроти интересире на работодавците. Работниците, сфаќајќи дека не можат
поединечно да се борат против моќните рабодавци, пристапуват кон организирање.
Синдикатот е таква организација, основана од работниците за задоволување на нивните
права и интереси.
4. Која е причината за појава на невработеноста? –Невработеноста е општествен
проблем чија сериозност се забележува во првата половина на 20 век. Невработеноста
претежно се јавува како резултат на масовната индустријализација. Структуралната
невработеност се јавува како резултат на воведување технолошки промени во
производството при што бројот на неквалификуваните лица што се отпуштале од
работа растел.
5. Низ кои форми се изразува синдикатот? -. Синдикатот се изразува преку најчесто
употребуваната форма-штрајкот, потпишувањето петиции, флуктуација на
работната сила(напуштање на претпријатието и одење во друго), итн.
6. Какви биле сфаќањата на Кејнз за невработеноста?- Џон Мајнард Кејнз, англиски
благородник и економист констатирал дека државата мора да води сметка за
невработените. Неговата политика налагала преку даночниот систем еден дел од
профитите на капиталистите да им се дели на работниците во вид на социјална помош
за на тој начин економијата да ја одржи својата виталност.

You might also like