You are on page 1of 12

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

Семинарска работа по предметот: Заштита при работа

Ментор: Изработка:
Проф. Марија Хаџи-Николова Ана
Маноилева 20620

Штип,2020
Содржина:
Вовед..........................................................................................................................................................3
Заштита на права на човекот................................................................................................................4
Меѓународна организација за трудот..............................................................................................6
Заштита на работникот кај работодавачот.......................................................................................7
Заштита на правата на работникот преку синдикатот.....................................................................7
Заштита на правата на работникот пред надлежен суд..................................................................8
МОТ и спроведувањето на високи стандарди.................................................................................9
Поглед врз МОТ...............................................................................................................................11

2
Вовед
Заштитата на работниците и создавањето на минимални услови за работа
претставува комплексна и жива материја во развој. Вредносниот систем кој се
гради на меѓународно ниво се темели врз основните постулати развиени во
рамките на МОТ, но и врз основите дадени во пошироките меѓународни акти кои
се бават со заштитата на човековите права.Националниот систем на заштита на
работниците треба да се обликува имајќи ги предвид не само конкретните
меѓународни одредби кои се транспонираат на националнониво, туку многу повеќе
„духот“ на целокупната вредносна рамка која ја обликуваат
меѓународнитестандарди, а која треба да најде начин да биде имплементирана во
конкретните услови на секоја држава. Република Македонија ги има ратификувано
или има пристапено кон основните меѓународни документи од оваа област и е во
процес на транспонирање на ЕУ директивите поврзани со заштита на правата на
работниците.

Меѓународните стандарди за заштита при работа се првично поставени од МОТ


во облик на конвенции и препораки кои земјите членки треба да ги ратификуваат и
применат во националното законодавство. Во поглед на заштита на правата на
работниците и создавањето на основни услови за работа, МОТ има предвидено
три основни конвенции кои се задолжителни за земјитечленки.

Тоа се: Конвенцијата за безбедност и здравје при работа број 155 од 1981 година,
Конвенцијата за служби за заштита на здравјето при работа број 161 од 1985
година и Конвенцијата за промотивна рамка за безбедност и здравје при работа
број 187 од 2006 година.

3
Заштита на права на човекот
Како во светот така и кај нас, во денешно време се среќаваат големи
промени во полето на вработувањето и заштитата на работниците. Заштитата на
правата на работниците кои произлегуваат од работен однос е поставена како
императив во актите донесени по ослободувањето на државата. Сепак, во
денешното општество, и покрај заштитата што е предвидена со закон,
работниците сè почесто се соочуваат со фактот дека нивните работодавачи не ги
почитуваат овие законски норми. Што се однесува, пак, на меѓународен план,
оваа заштита се остварува преку меѓународна организација на трудот (МОТ),
чија функција е воспоставување меѓународни стандарди за заштита на
работниците, односно за подобрување на нивната положба. Ова истражување го
опфаќа периодот од 2001 до 2011 година, при што се направени анализи од
објавените официјални податоци од страна на надлежните органи, како и анкета
спроведена во повеќе градови во државата. Преку анализа нa поднесените
претставки до надлежните органи, како и со претрага на улогата на синдикатот,
со ова истражување ќе добиеме приказ за состојбата на работниците во
последниве години и за остварувањето на нивните права.

4
Проблемот на заштита на правата на работниците е од посебно значење, пред сè,
бидејќи тие се едни од основните права на лицата кои се во работен однос, права
кои произлегуваат како резултат на долгата борба на работничката класа против
тешките животни и работни услови. Значењето на овој проблем се гледа и во
фактот што заштитата на правата на работниците претставува едно од основните
прашања кое што навлегува во повеќе подрачја од општествено-економскиот
живот на една земја, организацијата и продуктивноста на трудот, трудовото
законодавство, општествените односи, политичкиот живот и сл. Заштитата на
правата на работниците од работен однос е поставена како императив во актите
донесени по ослободувањето. Во нив се води грижа за работните услови,
ограничувањето на работниот ден, за забрана за вработување одредени лица на
некои тешки и опасни по живот работни места, во суштина за сите проблеми кои
ја проникнуваат борбата на работничката класа.Во првиот Устав од 1946
година, па преку неколку закони за работни односи (ЗРО) од 1957година, ОЗРО
од 1956 година, ЗМОРТ од 1973 година, а посебно Законот за здружениот
труд од 1976 година, се утврдени основните права кои произлегуваат од
здружениот труд и поделбата на заштитата на општа и посебна, што
претставува реткост во законодавството во другите земји. Уставот од 1947 година
и Законот за здружениот труд објективно создаваат многу поповолни услови за
натамошниот развој на самоуправувањето. Законот за здружениот труд, пред сè,
уште повеќе ја зацврстува самоуправната општествено-економска положба на
работниците во услови на општествена сопственост, ги утврдува основите и
критериумите на организирањето на самоуправниот здружен труд и
обезбедувањето средства со кој работните луѓе го остваруваат своето право на
работа, со цел да ги задоволат своите потреби и како рамноправни со другите
работници во здружениот труд, да управуваат со трудот, условите, средствата и
со резултатите од својот труд. Врз ваквите основи се разработени начелата за
положбата на работниците во општеството. Покрај тоа, суштината на овие начела
се состои и во тоа што работниците понепосредно ќе одлучуваат за
општествените, личните потреби и интереси и ќе остваруваат заштита на своите
интереси.

5
Меѓународна организација за трудот

МОТ има за основна мисија:

обезбедување вработување;
подобрување на животниот стандард;
обезбедување услови за работа во кои ќе биде сочуван психофизичкиот
интегритет на работниците;
наградување кое ќе биде доволно не само за обезбедување на
елементарната егзистенција на работниците – материјален просперитет
(економска сигурност), туку и за развој на сите облици на духовенживот, во
слобода и достоинство – и со еднакви можности.

Значи, уредувањето на положбата на работниците на меѓународен план се


наметнува како централно прашање на МОТ. Преку дејствувањето на своите
органи, МОТ придонесува за подобрување на положбата на работниците на
меѓународен план и низ своето нормативно дејствување ги опфаќа сите
есенцијални прашања од положбата на работниците. Самиот факт дека една
земја-членка на МОТ ратификува една конвенција, таа се обврзува истата
конвенцијада ја почитува и да ја спроведува, било со донесување соодветни
законски прописи, било со дополнување или измена на постојните законски
прописи (или директна примена на одредбите од соодветната ратификувана
конвенција). Траен и сеопфатен мир во светот може да биде воспоставен само
врз основа на социјална правда и материјална еднаквост. Затоа, и активностите
на МОТ се одвиваат врз основа на девизата –si tu veux la paix, cultive la justice
(ако го сакаш мирот, негувај ја правдата).

6
Заштита на работникот кај работодавачот
Доколку работодавачот на му ги обезбедува правата на работникот од
работен однос или крши некое од неговите права, работникот има право:

-Да поднесе писмено барање за отстранување на кршењето на правата;

-Да поднесе барање работодавачот да си ја исполни својата обврска;

-Ако работодавачот во рок од 8 дена не го отстрани кршењето на правото,


работникот има право да поведе постапка;

-По истек на 8 дена, работникот може во рок од 15 дена да бара судска заштита;

-Со поднесеното барање, работникот има право да достави и мислење од


синдикатот и

-Синдикатот може да го застапува работникот пред надлежните органи.

Заштита на правата на работникот преку синдикатот


Работодавачите имаат право по свој слободен избор да основаат здружение
и во него да се зачленуваат под условите пропишани со статутот или правилата
на тоа здружение. Здружението на работодавачите е самостојна, демократска
и независна организација во која работодавачите стапуваат поради
претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други
интереси. Синдикатите и здруженијата на работодавачите може да се основаат
без какво било претходно одобрување. Работникот, односно работодавачот,
слободно одлучува за своето стапување и истапување од синдикатот, односно
здружението на работодавачите. Никој не смее да биде ставен во неповолна
положба поради членство или нечленство во синдикатот, односно здружението на
работодавачите, односно учество или неучество во дејноста на синдикатот,
односно здружението на работодавачите. Тие неможе да бидат распуштени или
нивната дејност да биде запрена по административен пат.

7
Заштита на правата на работникот пред надлежен суд
Правото на секој граѓанин, а во тој контекст и на секој вработен, да бара заштита
на своите права пред судовите на СРМ е уставно право кое е утврдено во Уставот
на СРМ. Со одредбите на ЗРО на СРМ, ова уставно право е поконкретно
разработено. Работникот има право да бара заштита на своите права пред
надлежниот суд во следниве случаи:

1. Ако работникот не е задоволен со конечната одлука на надлежниот


орган и
2. Кога тој орган не донесе одлука во рок од 15 дена од денот на
поднесувањето на барањето, односно приговорот.

Во двата случаи работникот има право да бара заштита на своите права пред
надлежниот суд во наредните 15 дена. Работникот не може да бара заштита на
своите права пред надлежниот суд ако претходно не побарал заштита на
правата кај работодавачот, освен во случаите кога се работи за правото на
парично побарување.

Механизми за заштита

Заштитата на работничките права се остварува преку постоење на ефикасни и


ефективни механизм и за заштита, како на пример достапни институции,
процедури и алатки. Основната идеја на заштитата на работничките права е дека
системот на спроведување треба да им овозможи на работниците непосреден
пристап до нивните права и бенефиции, без да бидат изложени на непотребни
трошоци или процедурални пречки поврзани со различни облици на спогодување
или судски постапки.

8
МОТ и спроведувањето на високи стандарди
МОТ има разработено различни алатки и начини за мониторинг на
имплементацијата на Конвенциите и Препораките во законите следејќи го нивното
прифаќање и ратификацијата од страна на државите.Двата главни начини на
мониторинг и контрола се:

 Редовниот систем на супервизија и специјалните процедури поврзани со


жалби. Самата МОТ не нуди механизми за заштита на правата на
работниците кои можат да се употребат на национално ниво, туку
поттикнува дефинирање на вакви механизми и зголемување на нивната
достапност. Уште повеќе, мониторингот на имплементацијата на
меѓународните стандарди, меѓу другото, се врши преку мониторингот на
функционирањето на заштитните механизми. Ова не значи промоција на
заштитните механизми на национално ниво или нивна имплементација по
автоматизам, туку едноставно дава до знание дека ако постојат проблеми
во апликацијата на стандардите, МОТ може да понуди помош на државите
низ социјален дијалог и техничка помош. МОТ посветува посебно внимание
на воспоставувањето стандарди за колективна акција како заштитен
механизам, што понатаму е преземено од страна на ЕУ каде што врз
основа на членот 28 од ЕУ Повелбата, синдикатите можат да ги
предизвикаат рестриктивните национални закони и законски решенија. Кога
станува збор за заштитните механизми кои ги промовира МОТ, мора да се
има предвид Конвенцијата на МОТ за слободата на здружување број 87 од
1948 година, како и конвенцијата број 98 1949 година. Една од основните
насоки на развојот на заштитните механзими, која е промовирана од страна
на МОТ, е токму во тоа заштитата на работниот идентитет на граѓаните, врз
основа и на правата кои произлегуваат од овој идентитет, пред сѐ да се
базира на синдикатите. Формулирањето, имплементацијата и практичното
остварување на работничките права подразбира и бара колективно
организирање на различни нивоа.

9
Според стандардите и препораките на МОТ, основен заштитен механизам кој
треба да се воспостави на ниво на национална држава, е функционален и
релевантен синдикат кој ќе ги промовира и штити правата на работниците. Според
МОТ, ова подразбира законски можности и заштитни клаузули за функционирање
на синдикатите од една страна, но и нивна соодветност во однос на потребите на
работниците, односно, употребливост во ефективното остварување на нивните
права од друга страна.

Законите кои се поврзани со заштитата на работниците во Северна Република


Македонија ги следат стандардите на МОТ за заштита при работа во сите
области. Од формално – правен аспект, законската регулатива на Северна
Република Македонија е во согласност со конвезиите на МОТ.

10
Поглед врз МОТ
Меѓународната организација на трудот (МОТ) е агенција на Обединетите
нации посветена на подобрување на можностите за жените и мажите да
добијат пристојна и продуктивна работа, во услови на слобода, еднаквост,
сигурност и човечко достоинство. Главните цели се унапредување на правата
на работа, охрабрување на можностите за пристојно вработување,
подобрување на социјалната заштита и зајакнување на дијалогот во
решавањето на прашањата поврзани со работата. МОТ е единствената
„трипартитна“ агенција на Обединетите нации што ги спојува претставниците
на владите, работодавачите и работниците, со цел заедничко креирање на
политиките и програмите. МОТ е глобално тело одговорно за изготвување и
следење на меѓународните стандарди за трудот. Во својата работа со 179
земји-членки, МОТ осигурува почитување на стандардите за трудот во практика и
во суштина.

Во Северна Република Македонија процедурите за спроведување и заштита на


правата на работниците во најголема мера се регулирани во рамките на:

Законот за работните односи, законот за спречување и заштита од


дискриминација, законот за инспекција на трудот, законот за безбедност и здрвје
при работа, законот за парнична постапка.

Во спроведувањето на заштитата на правата на работниците во Северна


Република Македонија се применуваат комплементарен систем на
административни мерки, индустриска заштита и судски постапки.

11
Користена литература:
- Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија;

- International labour organization;

12

You might also like