You are on page 1of 26

ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРАВНИЦИ ОД ЗДРАВСТВОТО НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

П Р А В Е Н
Б И Л Т Е Н

Број 1 Јули 2021


ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030001412869
ЖИРО CMETKA: 300000002579266
ДЕПОНЕНТ: БАНКА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД CKOПJE
Ул.Водњанска бp.17 Скопје
zpravnicizdravstvo@gmail.com
тел: 075/331-245

Уредувачки одбор

-Дипл.правник м-р Луме Адемоглу - Претседател


-Дипл.правник Веле Анѓелковски – Член
-Дипл.правник Марија Јовановска Член

Издавачки совет
-Дипл.правник м-р Анета Костовска
-Дипл.правник Далибор Трајковски
-Дипл.правник м-р Мерсим Колеци
СОДРЖИНА

1.Вовед

2.Статут на здружение на правници од здравството на РМ (пречистен текст)

3.Органи на Здружението на правници од здравството

4. Програма за дејствување на Здружението на правници од здравството за 2021


година

5.Тема 1.Изградено мислење за постапување за начин за исплата на надоместок


за работа на државен празник

6.Тема 2. Надоместок во случај на смрт на член на потесното семејство

7.Тема 3. Стаж на осигурување што се смета со зголемено траење

8. Допис 1

9.Допис 2

10. Организирање и спроведување работилница наменета за Директори на


здравствени установи, (правници и економисти)
ВОВЕД

Овој Правен билтен е дел од серија на правни билтени објавени и изработени од


страна на Здружението на правници од здравството во изминатиот период. После
избор на нови органи и преригистрација на Здружението на правници од
здравството, и постоењето со пандемијата во државата, повторно продолжуваме
со издавање на Правен билтен на здружението.

Овој Правен билтен е повеќе од информативен карактер, прикажани ќе бидат


изборот на нови органи, статутарната промена (статут пречистен текст), програма
на здружението за 2021 година, дописи до инстутуции и три теми со изградено
мислење за постапување кои има голем интерес на правниците за објаснување.

Веднаш со одржувањето на првата работилница која ќе се организира за скоро


време исто така ќе се издаде уште еден Правен билтен ќе бидат опфатени теми
кои сметаме дека се од интерес на правниците од здравството.

Планирано е во блиска иднина да се организира и обука или работилница за


директорите на здравствените установи (правници и економисти), предлог на теми
ќе ви биде прикажани во билтенот со можност да се предложат и други теми.

Покрај обезбедувањето на единство во примената на законите и воедначување на


правната практика издавањето на билтените има за цел примената на правото –
стручноста да биде видлива не само за учесниците во постапките туку и за
пошироката јавност во интерес на јакнењето на довербата во административната
работа и искуства во здравствениот сектор.

Можи да предлагате и доставите теми кој се потребни за нашата работа дa се


организира одржување на работилници, обуки и сл. ќе се изработи правен
билтен ќе ви биде доставен до сите.

Планирано во блиска иднина да се изработи Монографија на здружението.

Правниците од здравството е потребно да се сплотат, да ги разгледуваме сите


прашања за потребите наши кој очигледно сме запоставени, ако сме сите заедно
сигурно нашите цели ќе ги оствариме и да докажеме дека сме значаен фактор во
здравствениот сектор и да бидеме партнер на синдикатите и државните
инстутуции.

Како информација, покрај што постои регистар на членови исто така се


изработува и регистар на правници од сите здравствени установи во државата со
сите податоци, што би значело да се види колку правници има во сите
здравствени установи да докажеме дека не сме малку, досега се еведентирани
143 правници се уште трае евиденцијата. Повикуваме кој нема доставено
податоци за евиденција на правници во регистарот да достави.
Врз основа на члeн 18, 23 и 104 од Законот за Здруженија и фондации
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2010, 135/2011 и 55/2016), и
член 42 од Статутот на Здружението на правници од здарвството, на Собранието
одржано на ден 20.02.2021 година го донесе следниов пречистен текст на:

СТАТУТ
на
ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРАВНИЦИ ОД ЗДРАВСТВОТО НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
(Пречистен текст)

Основни одредби
Член 1
Здружението на правници од Здравството на Република Македонија е
Здружение на граѓани во кое доброволно се здружуваат Правници од здравството
на Република Македонија, односно правници кои во своето работење се среќаваат
со дејноста здравство, здравствено осигурување и сл. , со цел да ги остваруваат,
задоволуваат и заштитуваат своите стручни и други интереси.

Член 2
Работата на Здружението е јавна,

Члан З
Здружението е самостојно во организирањето и остварувањето на своите
цели и активности утврдени со овој Статут, а своите права, должности и
одговорности ги остварува во согласност со Устав и Закон.
Член 4

Здружението може да се зачленува во сојузи и други здруженија во земјата


и странство.
Со цел за успешно остварување на своите интереси од членувањето,
Здружението формира одбор.

Член 5
Во функција на остварување на своите цели и задачи, Здружението издава
свое гласило.

Цели и задачи на здружувањето


Член 6

Правниците се здружуваат во Здружението со цел преку неговите


активности и делувања да ги усовршуваат своите стручни знаења од областа на
правото, да ja изградуваат и надградуваат правната свест и логика, а со тоа да се
прилагодат
на потребите на времето, организирано да делуваат во изградбата и доградбата
на правниот и политичкиот систем, а со своето зголемено знаење и усовршување
да дадат придонес во почитувањето и правилното толкување и примена на
правната регулатива
Член 7
Здружението ja потикнува, координира и насочува активноста на
правниците од здравството во функција на зголемување и збогатување на нивните
стручни знаења, усовршување во работата, како би можеле преку едно заедничко
делување и остварување на заедничкиот интерес да делуваат во изградбата,
доградбата или менување на правниот и политичкиот систем на земјата,
изградување на правната свест и изградување на правничката етика

Член 8
Во остварувањето на целите од Член 6 и 7 од овој Статут, Здружението има
за задача:
-да ги претставува и застапува заедничките интереси на правниците од
здравството на Републиката пред надлжините органи и организации;

- се грижи за стручно и идејно усовршување на правниците;

- работи на подигање на правната свест;

-придонесува во изнаоѓањето на правните модели и форми на


организирање на здравствени субјекти согласно законската регулатива;

-соработува со асоцијации, здруженија и институции на други земји;


-организира стручни советувања, семинари, предавања и други облици и
форми на заедничка работа заради развивање и усовриување на правната
теорија и практика
-врши и други работи во функција на остварување на личните и за
едничките интереси на правниците,

Член 9
За остварување на задачите од предходниот член Здружението организира
стручни советувања, семинари, предавања и други форми на заедничка работа,
преку кои се развива и усовршува правната теорија и пракса,
како и расправи по текстови на законски прописи и уставни промени во фаза на
нивното донесување и примена.

Назив и седиште на Здружението

Член 10
Назив на Здружението е: Здружение на правници од здравството на
Република Македонија. Скратеното име на Здружението на правници од
здравството на Република Македонија е ЗПЗРМ
Седиште на Здружението е во Скопје на Ул: “Водњанска“ Бр. 17-Скопје.

Член 10-а
Здружението на правници од здравството на Република Македонија има
лого. Логото се состои од стилизирана фигура на вага, стапот на ескулап и кружна
лента на која се испишани зборовите: Здружение на правници од здравството на
Република Македонија. Логото ќе биде резервирано за употреба и бенефиција на
членовите на организацијата. Секој од членовите има право да го носи и
прикажува логото за време на своето членство, а тоа право се губи со
престанокот на членството

Здружение на правници од здравството на Република Македонија

Член 11
Здружението има својство на правно лице.
Здружението како правно лице, за своите обврски одговара со средствата
со кои располага
Член 12
Здружението има свој печат и штембил.
Печатот на Здружението е тркалезен и го содржи називот:
Здружение на правници од здравството на Република Македонија,
Внатрешна организација.

Штембилот е правоаголен и на него е испишано името на Здружението, а


на долниот дел број, датум, година-Скопје, следниот текст:

Здружение на правници од здравството


на Република Македонија
Бр.________
______20___ год.
Скопје
Член 13
Здружението во својот состав може да има ограноци кои Здружението ги
основа по региони во Републиката како негови внатрешни организациони облици
(ограноци) кои ги обединуваат правниците од соодветниот регион.
Ограноците ќе помогнат Здружението по успешно да ги остварува целите на
здружувањето и своите задачи.
Одлуката за основање на огранок донесува Собранието на Здружениетоо

Услови и начин на зачленување, престанување на членство и права и


обврски на членовите

Член 14
Член на Здружението може да биде: лице кое е државјанин на Република
Македонија, да е Дипломиран правник или правник, да работи во Јавна
здравствена установа во Република Македонија.
Истакнат член кој дал особен придонес за ЗПЗРМ, а на кој членството му
престанало со настапување на горната старосна граница, остварување на право
на старосна пензија, може да биде избран за почесен член на ЗПЗРМ. Предлог за
номинација на почесни членови може да даде Претседателот на здружението или
член , кој предлог го доставува до Управниот одбор на ЗПЗРМ. Управниот одбор
ги избира почесните членови, и ги презентира истите на наредното Собрание.
Правата и обврските на членовите предвидени со овој Статут не се однесуваат на
почесните членови.

Член 15
Постапка за зачленување: Барањето за членство (Изјава за
пристапување) се поднесува до ЗПЗРМ по електронски пат, на службениот е-
маил на Здружението. По приемот на барањето за членство, проверката дали
лицето ги исполнува условите предвидени во пртходниот член 14, ја врши
Секретарот. Доколку лицето кое поднело барање за членство ги исполнува
предвидените услови со овој Статут, Секретарот го известува лицето за обврската
да изврши уплата на годишна членарина, а по уплатата на членарината лицето
кое е нов член се запишува во регистарот на членови на ЗПЗРМ.

Член 16
За евиденцијата на членовите на Здружението се грижи Секретарот на
Здружението,
Член 17
Членовите на Здружението можат во секое време да истапат од него, со
давање на изјава
Членството во Здружението може да престане и ако подолг период од 6
месеци не го плати членскиот придонес и во други случаи утврдени во Закон.

Член 18

Членовите на Здружението имаат право преку членувањето во


Здружението:

-да бидат навремено информирани за промените во законската регулатива


во земјата во текот на нивната подготовка;
-преку стручни расправи да се стекнуваат со поблиски сознанија за начинот
на нивната примена ;
-да поднесуваат барања и даваат предлози за разрешување на конкретни
прашња и дилеми;
-да даваат иницијативи за организирање на тематски расправи;
- иницијативи и предлози за свикување на Собранието на Здружението;
-имаат и други права утврдени со одлука на Управниот одбор;
Конкретни предлози за остварување на своите права, членовите на
Здружението ги поднесуваат до Претседателот на Здружението или Секретарот
на Здружението,
Член 19
Членовите на Здружението се должни да се придржуваат на одредбите на
Статутот на Здружението, да делуваат во правец на остварување на целите и
задачите на здружувањето, да изнаоѓаат форми и методи за по успешна работа
на Здружението, да ги спроведуваат во пракса одлуките и ставовите што ќe се
заземат на седниците на Собранието и во расправите што ќe се организираат од
страна на Здружението.
Органи на Здружението и нивните права и обврски

Член 20

Органи на Здружението се:

-Собранието,
-Управниот одбор,
-Претседател.

Член 21
Собранието на Здружението го сочинуваат неговите членови.

Член 22
Собранието на Здружението ги врши особено следните работи:
- го донесува Статутот на Здружението и одлучува за неговото изменување
и дополнување;
- ги утврдува смерниците за работа на Здружението и неговите ограноци-
друштва;
- претресува прашања непосредно поврзани со целите и задачите на
здружувањето;
-усвојува извештааj за работа на здружението;
- го утврдува бројот и ги избира и разрешува членовите на Управниот
одбор;
-определува претставници кои ќе го претставуваат Здружението во сојузи,
асоцијации и слично;
-одлучува за основање на ограноци;
-донесува деловник за својата работа;
-се грижи и е одговорно за општествено и економски целесообразно
користење на средствата со кои управува Здружението, односно неговите
членови;
-одлучува за почесни членови на Здружението;

- формира Одбор за контрола.

Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на Здружението по


своја иницијатива, на предлог на Управниот одбор и на барање на најмалку 10
чланови на Здружението. По овластување на претседателот, седниците на
Собранието може да ги свикува и Член на Управниот одбор.

Во случај од неможност да се свика, одржи собрание на здружението


поради немање на кворум, истечен мандатот на органите на Здружението,
Управниот одбор се свикува и донесува Одлука за формирање на Работна група
од пет члена со задача да организира, да го утврди бројот на членови, испрати
покани со дневен ред за одржување на собрание на Здружението, да се изврши
избор на нови органи на здружението.

Член 22-а
Членовите на Здружението за седниците на Собранието се известуваат во
писмена покана до сите членови, по пат на електонска пошта, со објавување на
веб страната на ЗПЗРМ или по телефон (преку СМС порака) во кој се содржи
дневниот ред за работата на седницата.
Собранието на ЗПЗРМ работи на седници кои може да се одржуваат со
физичко присуство или електронски на соодветна платформа за
телеконференција и On-live.

Редовно годишно Собрание на ЗПЗРМ се одржува еднаш во годината.


Времето и местото на одржување на седниците на Собранието се утврдуваат со
посебна одлука на Претседателот, Управниот одбор или Работна група.

Вонредната седница на Собранието се одржува најдоцна во рок од 30 дена


од денот на поднесувањето на барањето за одржување, а се свикува на ист начин
како и редовното Собрание.

Потребниот кворум за работа на Редовното и на Вонредното Собрание и


за донесување полноважни одлуки се обезбедува со присуство на најмалку 20%
од вкупниот број на регистрирани членови на ЗПЗРМ и од доставените Изјави на
членови.
Со доставување на потпишана Изјава на член, го известува Здружението за
неможноста членот да присуствува на закажаната седница на собрание од свои
лични причини, од кој може и да се смета за присуство и обезбедување на
потребниот кворум.

Одлуките може да се донесат и без присутво на седницата на Собранието


ако членовите на Собранието се изјаснат преку телефонска конференција, On-live
електронска пошта, потпишување на акт, Изјава и на друг начин од кој може да се
утврди чинот на изјаснување за определено прашање.

Иницијативата за одржување на Собрание, без присуство на членовите е


иста како и за одржување на редовно Собрание на Здружението. Членовите на
Здружението гласаат со писмено потпишување на изјава содржи согласност,
согласност на донесени одлуки, како и потребното за нејзино донесување.

Собранието одлучува по пат на гласање. Гласањето е јавно

Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од


присутните членови и доставените Изјави за давање согласност на донесените
Одлуки.

Седниците на Собранието се одржуваат во седиштето на Здружението. Со


одлука на Управен одбор,Претседателот или Работна група, Собранието може да
се одржии вон седиштето на Здружението .

Член 23
Управниот одбор на Здружението е извршен орган на Собранието,
Бројот на членовите на Управниот одбор го определува Собранието со
посебна одлука.
Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години со можност за
повторен избор,

Член 24
- Управниот одбор во соработка со Претседателот и
Секретарот ги подготвуваат седниците на Собранието,
-ги утврдува и организира формите на работа и делување на Здружението и
за тоа донесува соодветни одлуки;
-организира стручни расправи, ги подготвува предлозите на материјалите и
одлуките кои ги донесува Собранието;
-се грижи за спроведување на одлуките и заклучоците на собранието;
-ја програмира работата на Здружението;
-раководи и управува со средствата на Здружението;
- го донесува финансискиот план и завршната сметка;
-донесува одлука за овластување потписници на жиро сметката на
Здружението;
-донесува Деловник за работа на Управниот одбор и други општи акти;

-формира постојани и повремени работни тела;

-одлучува и за други прашања утврдени со овој Статут и на барање на


Собранието;

Член 25
Здружението го претставува и застапува Претседателот на Здружението.
По негово овластување Здружението го застапуваат и претставувааат
Потпретседателите на Здружението.
Претседателот на Здружението ги потпишува одлуките на Собранието и, на
Управниот одбор.

Члан 26
Претседателот, Потпретседателите и Секретарот на Здружението ги избира
Собранието со мандат од 4 години со можност за повторен избор,
Претседателот , Потпретседателите и Секретарот по функција се чланови
на Управниот одбор,

Претседателот по функција е член на Управниот одбор и негов


Претседател.
Члан 27
Претседателот, потпретседателите и Секретарот на Здружението и
членовите на Управниот одбор волонтерски ги обавуваат своите функции.
Начин на користење и располагање со средствата

Член 28
Материјалните средства за извршување на своите цели и задачи,
Здружението ги обезбедува со:
- членски придонес;
- други приходи и средства утврдени со Закон.

Член 29
Висината и начинот на плакање на членскиот придонес ја утврдува
Управниот одбор со посебна одлука,
Собранието на Здружението мора да утврди критериуми за начинот на
определувањето на придонесот,
Член 30
Материјалните средства на Здружението се распоредуваат за поодделни
намени со финансискиот план во согласност со програмата за работа,
Финансискиот план се донесува за календарската година, пред почетокот на
годината за која се однесува, а по истекот на тековната година се донесува
( поднесува ) завршна сметка,

Член 31
За наменското користење на средствата на Здружението одговара
претседателот на Здржението, потпреседателите, Секретарот и Управниот одбор.

Член 32
Собранието и Управниот одбор на Здружението преземаат мерки за
отштествено и економски целесообразно користење на средствата на
Здружението и за спречување на незаконитостите во работењето и
располагањето со средствата.
Член 33
Собранието на Здружението формира Одбор за контрола преку кој
членовите на Здружението можат да имаат согледување и контрола врз
прибирањето, користењето и располагањето со средствата.
Одборот од предходниот став брои З члена.

Одборот е должен да врши контрола на начинот на користењето и


располагањето со средствата и на барање на членовите да го информира
Собранието за финансиската состојба одборот за контрола го следи и
прибирањето на членскиот придонес за што повремено, а најмалку за шест
месеци поднесува извештај до Управ ниот одбор.

Јавност во работата

Член 34
Работата на Здружението е јавна. Претставниците на јавните гласила,
имаат право да се информираат за одржувањето на седниците на органите на
Здружението, а од стручните расправи се подготвува соопштение за јавноста.
За по значајни прашња од работата на Здружението може да се одржи и
конференција за печат, како и да се користат други облици на информирање на
јавноста.

Гласило на Здружението

Член 35
Здружението издава свој часопис-гласило.

Член 36
За издавање и уредување на часописот се формира Издавачки совет и
уредувачки одбор.
Член 37
Членовите на издавачкиот совет и Уредувачкиот одбор се озбираат со
мандат од 2 години со можност за повторен избор.
Бројот на членовите во Издавачкиот совет и Уредувачкиот одбор го
утврдува и нивните членови ги избира Управниот одбор на Здружението.

Член 38
Издавачкиот совет:
 ја разработува програмската ориентација на гласилото;
 поведува иницијативи, разгледува и дава предлози за през емање акции од
значење за унапредување и подобрување на квалитетот и содржината на
гласилото;
 поведува иницијатива и разгледува предлози за зголемување на тиражот на
гласилото;
 разгледува предлози и мислења на читателите.

Член 39
Уредувачкиот одбор во остварувањето на програмската ориентација и
концепција на гласилото ги врши следните работи:
 ја утврдува содржината и тематиката на гласилото;
 врши анализа на гласилото во целина;
 ги подготвува предлозите кои треба да се објавуваат во гласилото;
 врши и други работи.

Здружување во сојузи и меѓународни организации

Член 40
Здружението може да се здружува во сојузи и да членува и соработува со
организации, согласно позитивните законски прописи,
Одлуката за здружување во сојузи и за членување во ме{ународни
организации донесува Управниот Одбор.

Престанување на Здружението

Член 41
За престанокот на постоењето на Здружението одлучува Собранието со
двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број на членови во Собранието,
како и во случаи утврдени со Закон, во случај на престанок на Здружението,
средствата на Здружението што ќе останат по подмирувањето на сите обврски на
Здружението, се пренесуваат на Заводот за ментално здравје на деца и младинци
Скопје.

Завршни одредби

Член 42
Измени и дополнувања на Статутот се вршат на начин и постапка
предвидена за неговото донесување.

Член 43
Секој член на Здружението кој ќе потпише изјава за пристапување има
право на увид во одредбите на Статутот.
Член 44
Толкување на одредбите на овој Статут дава Управниот одбор на
Здружението.
Барање за толкување од предходниот став се доставува до Претседателот
на Здружениетоо

Член 45
Овој Статут се смета за донесен ако за него се произнесат повеќе од
половината од вкупниот број членови на Здружението во Собранието на
Здружението.
Член 46
Овој Статут влегува во сила на денот на донесувањето, а произведува
правна сила по уписот во Централниот регистар на РМ.

Здружение на правници од здравството на РМ


ПРЕТСЕДАТЕЛ
м-р Луме Адемоглу

20.02.2021 година
Органи на Здружение на правници од здравството

Претседател: Дипл.правник м-р Луме Адемоглу- ЈЗУ Здравствен дом-Македонски


Брод
Потпреседател: Дипл.правник Велe Анѓелковски- ЈЗУ Општа болница-Гостивар
Потпреседател: Дипл.правник м-р Мерсим Колеци- ЈЗУ Општа болница со
проширена дејност-Дебар
Секретар: Дипл.правник м-р Анета Костовска- ЈЗУ Универзитетска клиника
Нефрологија-Скопје

УПРАВЕН ОДБОР:
1. Дипл.правник Марија Јовановска-ЈЗУ Клиничка болница-Битола
2. Дипл.правник Антонио Наумоски-ЈЗУ Општа болница-Охрид
3. Дипл.правник м-р Луме Адемоглу-ЈЗУ Здравствен дом-Македонски Брод
4. Дипл.правник Велe Анѓелковски-ЈЗУ Општа болница-Гостивар
5. Дипл.правник м-р Мерсим Колеци-ЈЗУ Општа болница со проширена дејност-
Дебар
6. Дипл.правник Адриан Мамути-ЈЗУ Здравствен дом-Тетово
7. Дипл.правник м-р Анета Костовска-ЈЗУ Универзитетска клиника Нефрологија-
Скопје
8. Дипл.правник м-р Александар Трајчески-ЈЗУ Универзитетска Клиника за
детска хирургија-Скопје
9. Дипл.правник Часлав Трајковиќ-ЈЗУ Општа болница-Куманово
10. Дипл.правник Мирче Панев-ЈЗУ Клиничка болница-Штип
11. Дипл.правник Далибор Трајковски -ЈЗУ Центар за Јавно здравје-Велес
12. Дипл.правник Магдалена Прочкова-ЈЗУ Здравствен дом-Валандово
13. Дипл.правник Ктатерина Тољкова Трајкова-ЈЗУ Здравствен дом-Неготино

Одбор за контрола:
1. Дипл.правник Матилда Петровска- ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни
болести-Скопје
2. Дипл.правник Ивана Кочовска-ЈЗУ Психијатриска болница-Демир Хисар
3. Дипл.правник Тијана Митреска-ЈЗУ Здравствен дом-Кичево
Согласно член 16 од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на
Република Македонија бр. 52/2010) Собранието на Здружението на правници од
здравството на ден 20.02.2021 година ја донесе следната:

ПРОГРАМА
за дејствување на Здружението на правници од здравството за 2021 година

Визија на Здружението на правници од здравството е: Обединување на


правниците од здравството, нивна континуирана едукација и насочување, со цел
да се подигне квалитетот и професионалноста, унапредување и јакнење на
правничката професија во правната работа на правниците од здравството и
подигање на правната свест за правната професија.
Мисија на Здружението на правници од здравството е: Лидер во промовирање на
капацитетите на правниците во здравството и релевантен фактор во
обезбедувањето на квалитетот во извршувањето на правничката професија.

Стратешки цели на Здружението се:

Бидете правници со интегритет


1.потребна е постојана едукација и следење на трендовите во правната
област
2.ширење на членството;
3.соработка со медиумите;
4.организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности;
5.поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во
насока на остварување на целите на Здружението;
6.спроведување на обуки за одредена област, секции, еднодневни
советувања, тркалезни маси, работилници, советување....
7.унапредување и јакнење на правничката професија, правничко
образование и едукација, професионално насочување и усовршување на
првниците во здравтвото;
8. овозможување на стручни правни услуги, изработка на правни мислења и
анализи во областа на заштитата на човековите права, правосудството и
други области од правна природа;
9.подигање на јавната свест за правната професија;
10.да се обезбедува размена на информации меѓу правниците во државата
а начинот на имплементација на законите, практиката и професионалната
одговорност во практикувањето на правото.

Здружението на правници од здравството во 2021 година ќе ги реализира


следниве активности:

1. Донесување на финансиски план за 2021 година;


2. Обезбедување на просторија за ЗПЗ, за непречено одвивање на
активностите;
3. Подобрување на соработката на релевантните институции во областа на
правото
4. Зголемување на бројот на членовите, преку анимирање на сите правници
во здравството;
5. изготвување на монографија на постоењето на здружението.
6. Барање на донации од домашни и странски организации/институции за
обезбедување на средства за работа;
7. Медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението;
8. Други прашање кои не се предвидени со програмата, а во текот на годината
ќе се појават како важни за решавање;
9. Соработка со слични организации од земјава и од странство;
10. Да се обезбедува размена на информации меѓу правниците во државата за
начинот на имплементација на законите, практиката и професионалната
одговорност во практикувањето на правото;
11. Да се промовираат информации и да се разменуваат информации меѓу
членовите за начинот на остварувањето на нивните професионални
ангажмани, за одредени потешкотии во работата;
12. Да ја градат и надградуваат правната свест и логика, а со тоа да се
прилагоди на потребите на времето;
13. Со своето зголемено знаење и усовршување да дадат придонес во
почитувањето и правилното толкување и примената на правната
регулатива, со што ќе се придонесува кон владеењето на правото и
правната свест.
ТЕМА 1

СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ ШТО СЕ СМЕТА СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ


Правото како што гласи во националното законодавство

Правото на пресметување стаж со зголемено траење е регулирано со


Законот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија :
„Стажот на осигурување се смета со зголемено траење кај осигурениците кои
работат на особено тешки и по здравјето штетни места, како и на осигурениците
кои работат на работни места на кои по наполнувањето определени години живот
не можат со успех да ја вршат својата професионална дејност. Степенот на
зголемувањето на стажот на осигурување зависи од тежината на штетноста на
работата, односно од природата на работата, така што работните места се
распоредуваат во шест групи со тоа што секои 12 месеци ефективна работа се
смета како 14, 15, 16, 17, односно 18 месеци стаж на осигурување“ (член 125).

Физичките лица кои се во редовен работен однос, се стекнуваат со работен


стаж, односно стаж на осигурување. Покрај основниот работен стаж, Законот за
пензиското и инвалидското осигурување пропишува право за пресметување на
стаж на осигурување што се смета со зголемено траење (бенифициран стаж).
Вo продолжение ќе дадеме детален осврт на правото за стекнување со
бенифициран стаж.

ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ
Правото за пресметување на стаж на осигурување (бенифициран стаж) се
регулира со:
-Закон за пензиско и инвалидското осигурување (“Службен весник на РМ“
бр.98/12...132/16- во понатамошниот текст:ЗПИО);
Службен весник на РМ, бр. 32 од 16.3.2011 година 20110320778 МИНИСТЕРСТВО
ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА Врз основа на членот 126-а од Законот за
пензиското и инвалидското осигурување („Сл. весник на РМ” бр. 80/93, 3/94, 14/95,
71/96, 32/97, 24/00, 96/00, 50/01, 85/03, 50/04, 4/05, 101/05, 70/06, 153/07, 152/08,
161/08, 81/09, 156/09, 83/2010 и 156/10), министерот за труд и социјална политика,
донесува:
ПРАВИЛНИК ЗА УТВРДУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА НА КОИ СТАЖОТ НА
ОСИГУРУВАЊЕ СЕ СМЕТА СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ се утврдени со Правилник
за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со
зголемено траење (Службен весник на РМ, бр. 32 од 16.3.2011 година)
Работните места од член 1 став 1 точките 1 и 2 од овој правилник, со степен на
зголемување на стажот на осигурување од член 1 став 1 точка 3 на овој правилник
(по азбучен редослед) се:

ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ:
Итна медицинска помош
-возач на специјално санитетско возило за превоз на изненадно заболени, 12/14
унесреќени и повредени лица
- лекар кој укажува итна медицинска помош на изненадно болни, 12/15 унесреќени
и повредени лица на местото каде се случило или во текот на транспортирањето
- медицински техничар (виш медицински техничар, медицинска сестра, 12/14
болничар) кои му помагаат на лекарот при укажувањето на итна медицинска
помош, односно кој сам укажува одредена итна медицинска помош на изненадно
болни, унесреќени и повредени лица на местото каде се случило или во текот на
транспортирањето

Специјални заводи за тешко и длабоко ментално ретардирани лица


воспитувач 12/15
главна медицинска сестра 12/15
дефектолог 12/15
инструктор 12/15
лекар 12/15
медицинска сестра 12/15
неговател 12/16
перачка - крпачка 12/14
социјален работник 12/15
физиотерапевт 12/15
чистачка 12/15

ТЕМА 2

НАДОМЕСТОК ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ НА ЧЛЕН НА ПОТЕСНО СЕМЕЈСТВО НА


ВРАБОТЕНИОТ

Работникот има право на одделни други примања, надоместување на трошоците


поврзани со работата.
На вработениот, во случај на смрт на член на потесното семејство (родител,
брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноци, посвоените деца и децата
земени на издржување) му припаѓа парична помош во висина од една просечна
плата исплатена во здравствената установа во последните три месеци, согласно
член 77 од Колективниот договор.

ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ
Примена н правото на одделни други примања, надоместување на трошоците
поврзани со работата се регулира со:
-Согласно член 77 од Колективен договор за здравствена дејност:

3.4. Drugi primawa


^len 77
- vo slu~aj na smrt na rabotnik ili ~len na semejno
doma}instvo, vo visina od edna prose~na plata isplatena vo
zdravstvenata ustanova, za pote{ki posledici od elementarni nepogodi,
osven vo slu~aj na masovni elementarni nepogodi, vo visina od dve
prose~ni plati isplateni vo zdravstvenata ustanova, kako i za
neprekinato boleduvawe podolgo od {est (6) meseci ednokratna pomo{ vo
visina na edna prose~na plata isplatena vo zdravstvenata ustanova;

-Согласно член 113 од Законот за работни односи:


Надоместување на трошоците поврзани со работата
Член 113
(1) Работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за:
1) службено патување,
2) теренски додаток,
3) користење на приватен автомобил за службени патувања,
4) одвоен живот од семејството и
5) смрт на работникот или член на неговото семејство.

-Согласно член 17 од Законот за извршување на буџетот, кај буџети и


буџетски корисници:
Член 17
Во случај на смрт на вработениот, на неговото семејство му припаѓа парична помош во
износ од 30.000 денари. На вработениот, во случај на смрт на член на потесното
семејство (родител, брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноци,
посвоените деца и децата земени на издржување), му припаѓа парична помош во висина
од 15.000 денари. Надоместоците од ставовите 1 и 2 на овој член се исплатуваат по
претходно доставено барање со комплетирана документација во годината на
настапување на смртта, односно во годината која следи по годината на настапување на
смртта.

Надоместоците на работникот се исплатуваат по претходно доставено барање со


комплетирана документација во годината на настапување на смртта, односно во годината
која следи по годината на настапување на смртта.

За остварување на правото по овој основ потребно е да се достави:

1. Барање
2. Извод од матичната книга на умрени
3. Извод на родени на работникот

ЗАБЕЛЕШКА:
Во случај на смрт на член на семејство, не треба да се докажува живеењето на
иста адреса. Овој услов не е пропишан со ЗИБ за 2019, 2020 и 2021 година.

ТЕМА 3
Изградено мислење за постапување за начин за исплата на надоместок за работа
на државен празник

СОГЛАСНО МИСЛЕЊЕ ЗА НАЧИНОТ НА ИСПЛАТА НА НАДОМЕСТОК ЗА


РАБОТА НА ДРЖАВЕН ПРАЗНИК ОД СТРАНА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА
ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И САМОСТОЈНИОТ КЛИНИЧКИ СИНДИКАТ

Закон за празниците на Република Македонија:


Член 1
Со овој закон се утврдуваат државните празници на Република Македонија
и другите празници и се определуваат неработните денови на
празнувањето.
Член 2
Државни празници на Република Македонија се: – 24 Мај, “Св. Кирил и
Методиј” – Ден на сесловенските просветители; – 2 Август, Ден на
Републиката; – 8 Септември, Ден на независноста; – 11 Октомври, Ден на
народното востание; – 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна
борба и – 8 Декември, “Св. Климент Охридски”.
Празници на Република Македонија се: – 1 Јануари, Нова година; – Божик,
првиот ден на Божик, 7 јануари според православниот календар; –
Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар; – 1
Мај, Ден на трудот и – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.
Член 3
Празниците од членот 2 на овој закон се неработни денови.
*Доколку празниците од членот 2 на овој закон паѓаат во недела, наредниот
ден се смета за неработен.
Член 4
Во Република Македонија се празнуваат и неработни денови за верниците
од православната вероисповед се: – Бадник, ден пред Божик; – 19 Јануари,
Богојавление (Водици); – Велики Петок, петок пред Велигден; – 28 Август,
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) и – Духовден, петок
пред Духовден.
Во Република Македонија се празнуваат и неработни денови се: – Курбан
Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам за верниците од муслиманската
вероисповед; – 22 Ноември, Ден на албанската азбука за припадниците на
албанската заедница; – 21 Декември, Ден на настава на турски јазик за
припадниците на турската заедница; – Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
за припадниците на еврејската заедница; – првиот ден на Божик, вториот
ден на Велигден и Празникот на сите светци, според Грегоријанскиот
календар за верниците од католичката вероисповед; – 27 Јануари, Свети
Сава за припадниците на српската заедница; – 8 Април, Меѓународен ден
на Ромите за припадниците на ромската заедница; – 23 Мај, Национален
ден на Власите за припадниците на влашката заедница и – 28 Септември,
Меѓународен ден на Бошњаците за припадниците нa бошњачката заедница.
Член 5
Во неработните денови од членовите 2 и 4 на овој закон, работникот има
право на надомест на плата, односно на зголемена плата во согласност со
закон и колективен договор.

„Министерството за труд и социјална политика потсетува дека работниците кои


работат на ден кој со закон е определен како празник, согласно Законот за работните
односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата. Согласно Законот,
работодавачот е должен за работа на државен празник претходно писмено да го
извести подрачниот Државен инспекторат за труд“,

Мислење за постапување дадено од страна на Министерство за труд и


социјална политика и Самостојниот Клинички синдикат:

Со Законот за празниците на Република Македонија член 2 и член 4 се утврдени


државните празници на Република Македонија и другите празници и се
определуваат неработните денови на празнувањето.

Според Член 3 од истиот Закон празниците се неработни денови, а доколку


празниците паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

Согласно член 5 од Законот, во неработните денови за празник работникот има


право на надомест на плата, односно на зголемена плата во согласност со Закон
и Колективен договор.

Ако работникот работел на ден празник, тој ден треба да се плати како работа на
празник.

Во случај да има поместување на празникот од недела во понеделник, а


работникот работел во понеделник, понеделникот ќе се плати како работа на
празник...

Ако ист работник работел и во недела и во понедлник, а празникот бил поместен,


според мислењето на Министерството за труд и социјална политика на истиот
работник ќе му се плати како работа на празник само еден ден од овие два дена.

Од наведеното произлегува дека двајца различни работници работеле за


време на празник кој согласно Законот се поместува од недела во
понеделник, и на двајцата работници, односно и на работникот кој работел
во недела и на работникот кој работел во понеделник им следува зголемена
плата како за работа на празник.

Доколку ист работник работел во недела и понеделник за време на празник, а


празникот се поместува во понеделник овој работник има право на зголемена
плата за работа на празник само за еден ден.

Во продолжение доставуваме 3 теми обработени, изградено мислење за


постапување:
ДОПИС 1

ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРАВНИЦИ ОД ЗДРАВСТВОТО


HA РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

zpravnicizdravstvo@gmail.com Teл: 075/331-245

ДО

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

 Г-дин Министер, Доц. д-р Венко ФИЛИПЧЕ

ПРЕДМЕТ: БАРАЊЕ за вакцинирање на целата здравствена администрација


и технички кадар

Почитувани,

Оваа реакција ја праќаме во име на целата здравствена администрација и технички кадар


кои сме игнорирани од Ваша страна во врска вакцинациналниот процес против КОВИД 19.

Врз основа на „Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени


мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето
на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CоV-2,
случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ број 263 од
04.11.2020 година) глава IV. ДРУГИ НАРЕДЕНИ МЕРКИ член 13 точка 4
Се забранува користење на годишни одмори, платени и неплатени отсуства од
сите вработени лица во здравствениот сектор.
Периодот на примена на оваа мерка е регулиран во глава VI. ПЕРИОД НА
ПРИМЕНА Член 16 кој гласи:
Превентивните препораки, времените мерки, наредените мерки, наменските протоколи,
планови и алгоритми за постапување од оваа одлука ќе се применуваат до завршување на
Пандемијата со COVID-19 прогласена од Светската здравствена организација.“

Со самиот факт што сме ставени заедно со Сите вработени лица во здравствениот
сектор сме посредно или непосредно изложени на вирусот. Имено секојдневно сме во
контакт со сите здравствени работници, целата документација, фактури, пресметки, пари
поминуваат низ наши раце, а од друга страна целата администрација во државата работи
редуцирано.
Би Ве замолиле и сега да покажете дека спаѓаме во сите вработени во здравствениот сектор
и да ни обезбедите вакцини со кои ќе се врши имунизација на административно-техничкиот кадар
во здравството. Се надеваме дека ќе добиеме позитивен одговор и ќе наидеме на разбирање од
Ваша страна.

СО БЛАГОДАРНОСТ,

Здружение на правници од здравството


ПРЕТСЕДАТЕЛ
м-р Луме Адемоглу
ДОПИС 2

ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРАВНИЦИ ОД ЗДРАВСТВОТО


HA РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

zpravnicizdravstvo@gmail.com Teл: 075/331-245

До Влада на РСМ
-Министерство за здравство на РСМ
-Самостојниот синдикат на вработените
во УК, центри, клинички болници
и други јавни здравствени установи
-Самостоен синдикат за здравство

ПРЕДМЕТ: БАРАЊЕ

Почитувани,

Здружението на правници од здравството, незадоволни од владиниот предлог за


ребалансот на буџетот кој се предвидува пари за регрес за годишен одмор или
таканаречен К-15 за дел од администацијата, претставува навреда, дискриминација, се
прават поделби на синдикално ниво и прашуваме зошто се прават поделби на
синдикатите, кој претставува прекршување на работничките права од колективен договор,
ова резултира со правна несигурност на работниците и недостаток на прецизни
критериуми и постапки за утврдување и примена на правото да се исплати регрес за
годишен одмор под еднакво на целата администарција.
Владата и синдикалните организации да се охрабрат да застанат на страната и
заштита на работниците, да се усогласат колективните договори и да овозможи на сите
подеднакво да бидат вклучени и будно да ја следат состојбата со исплатата на регресот
за годишен одмор. Не е доволно оправдувањето од страна на Владата дека ова било
ветено уште од лани на дел од администрацијата, но поради кризата било одложено. Што
значи може да се каже дека доволно време е поминато имаше време тоа право на
користење на регрес на годишен одмор ако се сакаше до сега ќе беше регулирано во
колективните договори и сега без пречки ќе се реализираше.
Ревполтот е уште поголем и понижувачки кон администрацијата и помошно-
техничкиот персонал од здравствениот сектор, бидејќи како што ние е познато макотрпно,
рамо до рамо заедно со здравтвените работници се бореа, се справува, учествуваа со
кризата со пандемијата, за споредба на дел од јавната администрација кој се опфатени
да им биде исплатено К-15, нели до пред неколку недели поголем дел од нив не одеа на
работа поради мерките за заштита од пандемијата, сега сите ќе добијат пари за регрес
за годишен одмор,
Треба да биде јасно на сите, Администрацијата за здравство вклучува
здружување на целиот здравствен систем вклучувајќи ги здравствените работници.
здравствените установи , и други специфични области, како што се вработените,
приемите и финансиите за да се постигне заедничка цел. Нивната цел е да ги водат
работите во здравствениот систем и имаат големо влијание врз достапноста и квалитетот
на здравствената заштита.
Од тие причини администрацијата и помошно-техничкиот персонал во
здравствениот сектор заслужуваат да се примени правото за исплата на регрес на
годишен одмор, односно К-15. Замолуваме најхитно да се седне со синдикатот и да се
регулира ова право во колективниот договор.
Со почит,

Здружение на правници од здравството


ПРЕТСЕДАТЕЛ
м-р Луме Адемоглу
ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИ ДИРЕКТОР И ОРГАНИЗАЦИСКИ
ДИРЕКТОР НА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

Во блиска иднина Организирање и спроведување на работилница наменета


за Директори на здравствени установи, (правници и економисти)

Содржини на теми: Стручни и научни

Тема 1. ЈАВНО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВСТВЕНИ ИНФОРМАЦИИ


- основи на новото јавно здравство (здравје) и
- методите на епидемиологијата преку објаснување на концептот на јавно здравје,
неговото значење и важност, користејќи епидемиолошки пристап,
- логика на епидемиологијата и интерпретацијата на епидемиолошките податоци,
неопходни за планирање и развој на здравствениот систем на микро/макро ниво

Тема 2. ЗДРАВСТВЕНА ЕКОНОМИЈА И ЕКОНОМИКА ВО ЗДРАВСТВОТО


- употреба на економските методи во здравството од аспект на здравствена заштита и
здравјето како целина преку употреба на сите економски алатки (demand/supply,
макро/микро економски анализи) соодветно применети во здравствениот сектор.
- осврт на регулација на пазарот во рамките на здравството,
- раководење со одобрени финасиски средства, планирање и буџетирање на нови,
ефикасност и ефективност, здравствено осигурување.

Тема 3. ЗДРАВСТВЕНИ СИСТЕМИ И ПОЛИТИКИ


- информации за главните карактеристики на здравствените системи, функционалноста,
начините на испорака на здравствените услуги,
- финасирање на здравствените системи во целост, нивната динамика, предности и
недостатоци на одреден тип на здравствени ситеми,
- концептот на здравствени политики, анализа на здравствените политики, главните
елементи на здравствените системи.

Тема 4. ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ, ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО


ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
-обезбедување информации за основите на организациското поставување и однесување
во рамките на организацијата
-раководење со здравствени организации во ранките на здравствениот ситем со нивните
особености и карактеристики,
-информации за идеите и принципите на секојдневно функционирање на организациите
-информации за принципите на комуникација на работното место,
-вообичаените начини и формата на комуникација (писмени и усни), вклучително
проценка на интерните и екстерните ситуации кои налагаат специфични начини на
комуникација (формални и неформални)
-информации за сите технолошки алатки за комуникација
-обезбедување максимален поврат на инвестицијата во човечките ресурси, преку
проценка на остварувањата на вработените,
-потребите за обука и едукација
-односи меѓу вработените и планирањето на потребите од човечки ресурси по обем и
содржина
-одговорност на претпоставените лица врз персоналот и раководењето со него на
правичен, легален, ефективен и конзистентен начин.
Има можност доколку имате интерес доставете и други теми кој ќе се одржи едиукации,
работилница (обука).

You might also like