You are on page 1of 7

(https://hronorecepti.

mk/)
ХРОНО РЕЦЕПТИ
брзи и вкусни рецепти

Правила и насоки за старт со


хроно исхрана ( рестрикција )
Сé што ви е потребно за старт со хроно исхрана
Основната идеја за режим на исхрана по часови потекнува од францускиот лекар Alan
Delabosa, кој регистрирал свој програм во 1986 година. Од тогаш па до сега хроно
исхраната се менувала и усовршувала.

Др. Ана Гифинг како голем подржувач и промотор на овој вид на исхрана, за своите
пациенти вовела покрај останатото и фаза која е наречена – рестрикција. Тоа е период
во кој телото се чисти и организмот се прилагодува на новиот начин на исхрана. Токму
во оваа фаза најмногу се намалува телесната тежина.

Oсновни принципи на кои се базира хроно исхраната

1. Создавање на алкална средина во организмот (обезкиселување) затоа што


закислувањето предизвикува хронични воспалителни и дегенеративни заболувања
(карциноми, инфаркт, шеќерна болест и сл.)
2. Правилен временски распоред на дневните оброци – задолжителни се три главни
оброци во денот (доручек, ручек, вечера) со временско растојание од 4-6 часа меѓу
нив, кога не треба да се внесува никаква храна, дозволен е внес на вода и билни
чаеви

3. Глуциден индекс (ГИ) – брзината со која одредени храни го зголемуваат нивото на


шеќерот во крвта (гликозата) односно примена на така наречени спори шеќери, т.е.
сложени јагленихидрати во исхраната.

Најважни правила во рестриктивниот период


Периодот на рестрикција е задолжен. Минималниот период на рестрикција трае 28
дена и е период во кој телото се прилагодува на исхраната. Рестриктивниот период
се применува се додека не се дојде до посакуваната тежина, после тоа се преминува
на вон рестриктивен или траен режим.
Во Хроно исхрана количините не се мерат, се јаде додека сме гладни, три пати на
ден во период од 4 до 6 часа, најправилно е на 5,5 часа.
Кафето е дозволено да се пие само 2 пати дневно и тоа 30 минути после појадок и
ручек. Дозволено е какао 2 до 3 пати неделно.
Генерални забрани во хроно исхрана
забранет е внес на течности 30 минути пред и по оброк (вода, билен чај, лимонада).
забранети се секакви видови на сокови и засладени напитоци. Дозволена е
минерална вода до 2 чаши дневно.
забранет е внес на шеќер, мед, натрен и други засладувачи. Од засладувачи,
дозволена е само Стевиа.
забрането е кравјото млеко.
овошје не смее да се јаде во рестрикција освен лимон и авокадо.
забранет е маргарин. Дозволен е путер и маст.
забранет е секаков вид на оцет, дури и домашен. Како замена се користи лимон.
во рестрикција e забранет мешункаст зеленчук како: грашок, пченка, компири, грав,
ориз и боранија.
забранети се соја и соини производи.
забранет е секаков вид на алкохол освен црно суво вино, до 4 чаши неделно. 
забранети се овошни чаеви, црн чај и чај од Хибискус. Дозволени се билни чаеви.

Правила и насоки за хроно леб


сите брашна во ХИ треба да се интегрални.
забранет е квасец и домашна маја  без разлика дали пченичното брашно е
интегрално, во минималниот период на рестрикција од 28 дена не се користи а
подоцна во траен режим е дозволено повремено.  Истото важи и за спелтиното
брашно.
забрането е рафинирано сончогледово масло. Препорачано е обично маслиново
масло за пржење и печење. Ладно цедените масла се користат само за салати. 
Дозволени се сите видови семки. Забранета е готварска сол.
Дозволена е морска или хималајска сол.
Појадок
(jагленихидрати, протеини и масти)
Правила за појадок
наутро прво се пие билен чај (овошните чаеви, црниот чај и чајот од Хибискус не се
дозволени) или млака вода со лимон. Половина час после тоа може да се појадува.
пушачите, првата цигара може да ја запалат дури после појадокот.
само за доручек се јаде леб и тоа направен од некое од дозволените интегрални
брашна од: ‘рж, хељда, јачмен, овес и поретко спелта.
може да се прават палачинки, мафини, вафли од интегрални брашна и дозволени
намирници.
само за појадок се дозволени млечни производи, до 4 пати неделно.  не е дозволено
мешање на два млечни производи или млечно со јајца.
јогурт не е дозволен.  за појадок може домашно суво месo, пршута или сланина.
од семки смее сончоглед, ленено семе, семе од чија, сусам, семки од тиква.
За појадок се јадат цели јајца (белка и жолчка) во секаков облик, за ручек и вечера
се дозволени само белки.

Дозволени намирници за појадок


Jагленихидрати

леб и пецива од интегрални брашна од ‘рж, јачмен, хељда, овес, спелта.


Избегнувајте ја спелтата во првите 28 дена.
каши од цело зрно житарка (овес, јачмен, просо, амарант, киноа, хељда и леблебија)

Протеини

сувомесни производи (сланина, пршута, домашни сувомесни производи, чварки)


млечни производи – кисело млеко, грчки јогурт, урда  (поретко), фета сирење
 (поретко), домашно младо сирење, моцарела (во вода), домашен кајмак (поретко)
јајца
печурки
хумус
Масти

путер (до 20 гр. дневно)


авокадо

Зеленчук
црвен и црн  (домати, црвен пипер, свежо цвекло, свеж морков, модар патлиџан,
црни маслинки, роквица, црвена зелка)
бел (карфиол, печурки, стар кромид, лук)
зелен (пиперки, тиквички, краставички, зелена зелка, марула салата, зелени
маслинки, брокула, млад кромид, прокељ)
Ручек
(протеини и зеленчук)
Правила за ручек
за ручек се јаде некое помасно месо или риба со салата (од било каков зеленчук)
морков, цвекло, пашканат и корен од целер се јадат само свежи
авокадо е дозволено за ручек
за ручек не е дозволено да се мешаат два протеина. Ниту оние од животниско
потекло како свинско со телешко, ниту пак животински со растителен протеин како
печурки со месо, или комбинирање на белки со месо и белки со печурки

Дозволени намирници за ручек


Протеин

свежо месо (свинско, телешко, мисиркино, пилешко, јагнешно, јарешко, овчо месо)
свежа риба (Лосос, Ципура, Бакалар, Крап, Сардина, Јагула, Харинга и Скуша)

Зеленчук
црвен и црн  (домати, црвен пипер, свежо цвекло, свеж морков, модар патлиџан,
црни маслинки, роквица, црвена зелка)
бел (карфиол, печурки, стар кромид, лук)
зелен (пиперки, тиквички, краставички, зелена зелка, марула салата, зелени
маслинки, брокула, млад кромид, прокељ)
Вечера
(протеини и зеленчук)
Правила за вечера
за вечера се консумира лесен протеин, како пилешко месо, мисиркино месо, бела
риба, белки и само зелен и бел зеленчук.
за вечера не е дозволено да се готви на путер или маст.
дозволени се крем супи од зеленчук во комбинација со протеин, со исклучок на тоа
кога имаме крем супа од печурки не се комбинира со друг протеин, бидејќи е
забрането мешање на два протеина како месо и печурки.

Дозволени намирници за вечера


Протеин

свежо месо (мисиркино и пилешко месо)


свежа риба (Ослич, Пастрмка, Полок, Сом, Туна, Бас, Штука, Сабјарка и Тилапија)
белки од јајца
печурки

Зеленчук
бел (карфиол, стар кромид, лук)
зелен (пиперки, тиквички, краставички, зелена зелка, марула салата, зелени
маслинки, брокула, млад кромид, прокељ)

Сите права задржани © 2017 hronorecepti.mk


Објавените содржини и информации може да се користат само за индивидуални потреби. Било какво ре-
објавување, менување или дистрибуција на содржините се можни само со претходна писмена дозвола од
соптственикот на Хроно рецепти.

You might also like