You are on page 1of 2

Предмет и содржина на трудовото право

За предметот и содржината на изучување и уредување на оваа правна дисциплина постои


мислење дека таа како самостојна гранка има предмет на проучување а тоа се работните
односи односно односите од областа на трудот. Предмет на оваа дисциплина претставува не
секој труд туку само трудот на кој основ му е работниот однос, оној однос кој во согласност со
законот се воспоставува меѓу лицата кои ги отстапуваат своите работни активности со цел
обезбедување средства за живот и межу носителите на сопственост на средствата за
производство. Во предметот и содржината опфатеени се повеќе прашања и тоа прашања од
областа на работните односи кои ги опфаќаат правата и обврските што настануваат од тие
односи како што се стапувањето на работа, распределување на работници, награди, работно
време, одмор итн. Заштитата на работниците и тоа заштита од повреди при работа,
професионални забилувањаили вииопшто обезбедување на поволни услови при работа.
Проблематиката на вработување сфатена како начин на обезбедување работа на лица кои
бараат работа, обезбедување на правата за време на нивната привремена невработеност,
намалена работа способност идр.со ова целе се потенцира основната цел на ТП како
дисиплина а тое е обезбедување на социјална сигурност и материјална егистенција.Предемот
и содржината ја сочинуваат и низа други прашања во врска со одредени органи, организации
и институции од областа на трудот чија активност и улога во креирањето и применатаа на
законодавството е од исклучително значење. Исто така и сите принципи, институции,
категории како и сите оние прашања од областа на трудот и работните односи кои се од
суштествено значење за организацијата и реализацијата наработата воопшто.

Основни обележја на МОТ

Како специфична меѓународна организација од областа на трудот има за цел обезбедување на


вработувањето, подобрување на животниот стандард, обезбедување на услови за работа во
кои ќе биде сочуван психофизичкиот интегритет на работниците, наградување кое прдонесува
за подобар и подостоинствен живот како и културно, духовно и стручно афирмирање на
работниците без оглед на припадноста. Таа се разликува ид останатите межународни
организации по следните обележја: Постојаност во егзистирањето и работата односно трајност
и непрекинатост во севкупноста на активностите кои ги превзема во ова поле, како и
перманентност во работата. МОТ е единствена организација која и покрај сите премрежја
успеала да опстои и да делува во рамките на својата област. Друго обележје на МОТ е
нејзината универзалност што се гелда во нејзината цел со својата активност да опфати што
поголем број на земји. И третото обележје кое е и најважно е трипартитниот принцип на
нејзина организираност. Тоа значли дека во нејзиниот состав земаат учество претставници на
владите , работодавачите и работниците како членови на делегацијата на државата членка во
однос 2-1-1. Ова обележје придонесува за почитување на начелото на суверена еднаквост на
членките во организацијата.

Поим и елементи на работниот однос

Според ЗРО на РМ од 1993 годиниа работниот однос се определува како договорен односм
межу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се вклучува во
организациониот процес на работа кај работодавачот, заради лично и непрекинато
извршување на работата според упатсва и под надзор на работодавачот, за плата и други
примања, односно за одредена награда за извршената награда. Елементите на
работниотоднос се делата на битни и небитни. Битни елементи на работниот однос се :
правност бидејчи е право уреден однос кој настанува врз основ на работа и се засновува на
начин и услови утврдени со закон, колективен договор и договор за вработување;
доброволност бидејќи работникот доброволно стапува во работен однос по негова волја;
лична врска се воспоставува како лична врска бидјчи само работникот може да ја обавува
работата за која е заснован тој однос; професионалност каде се бара професионален однос
кон работата во вид на определено занимање или професија; онерозност бидејќи работникот
за извршенаат работа се стекнува со плата и субординација затоа што се остварува како
организиран облик од страна на работодавачот. Небитни елементи на работниот однос од
различен интензитет на присуство се работното време, видот на работата која треба да се
оствари, времетраење на работниот однос и положбата на лицето кое стапува во работен
однос.

Правен механизам за засновање на работниот однос (дејствија за засновање)

Засновањето на работниот однос е процес кој опфаѓа повеѓе дејствија и тоа: Обезбедување на
потребата од нови работници за обавување на одредени работи, односно за засновување на
работен однос; Објавување на слободни работни места, потреба од нови работници;
Исполнување на условите предвидени за засновување на работен однос; избор на кандидати
и донесувањ ена одлука за избор и Стапување на работа. Овие обележјаможат да бидат од
субјективно и објективно значење во зависнос од тоа дали се врзуваат за работникот или
работодавачот. Дејствија од субјективен карактер односно оние кои ги превзема работникот
се исполнување на условите за засновање на работниот однос или стапување на работа, а
дејствија од објективен каарактер кои ги превзема работодавачот се потреба од нови
работници, објавување на слободни работни места и избор на кандидати. За да станува збор
за правно заснован работен однос треба да бидат превземени сите дјствија кои го сочинуваат
правниот механизам за засновање на работен однос и тоа кумулативно а не селективно.
Доколку се случи повреда на било кое дејствие настанува повреда на правата за сасновање на
работен однос.

You might also like