You are on page 1of 1

Предмет: Наследно право (испит, августовски испитен рок, 2020 год.

)
Наставник: Доц.д-р Елизабета Спироска
Датум: 31.08.2020 год.

Име и презиме ________________________________________________


Број на индекс ________________________________________________

Упатство: Open book испит, времетраење 60 минути. Внимателно прочитајте ја


ситуацијата која ви дава информации во врска со одговорите. Квалитетот на вашите
одговори ќе биде оценет според вашата способност да го примените знаењето од областа
на наследното право за да го решите соодветниот проблем што е опишан во прашањето.
Од вас се очекува да го опишете решението и да дадете рационално објаснување на
одговорот што ќе го дадете (објаснување, зошто сте го одбрале тоа решение).

1. Објаснете го односот помеѓу уставот како извор на правото и судската пракса како
извор на правото.

2. Објаснете од што се состои оставината.

3. Исчезнатото лице Блажо Мојсов од Неготино со правосилна судска одлука било


прогласено за умрено. Како наследник се појавила неговата сопруга и двата сина. Според
податоците од смртовницата примена од надлежниот матичар, починатиот оставил само
подвижен имот. Објаснете што треба да направи судот во овој случај.

4. Лицето В.В. починало. Ова лице има брачен другар С.В, син Д.В, ќерка Г.В и
вонбрачна ќерка М.Н. Починатото лице оставило тестамент согласно кој тестамент
починатото лице располагало со целиот свој имот и истиот во целост го оставило на
неговиот брачен другар. Дали син Д.В, ќерка Г.В и вонбрачна ќерка М.Н имаат некакво
наследно право? Образложете го својот одговор.

You might also like