You are on page 1of 15

“Општествена одговорност на компаниите”

Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

Содржина:

1. Вовед……………………………………………………………………………....... 3
2. Дефинирање на поимот на општествена одговорност.................................. 3-5
2.1 Историја на општествена одговорност....................................................... 5-6
2.2 Сфери на општествена одговорност............................................................ 6-9
3. Национална агенда за општествена одговорност на претпријатија за
Република Северна Македонија....................................................................... 9-12
4. Награди за општествена одговорност на претпријатијата........................ 12-13
5. Заклучок............................................................................................................... 13-14
6. Користена литература............................................................................................. 15

2
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

1. Вовед

Живееме во 21-от век, век во кој промените се случуваат со молскавична брзина и


најчесто нè водат кон континуиран напредок. Но сепак, постојат стари концепти кои
поради својата важност за човекот како зоон политикон и самото општество во целина,
продолжуваат да опстојуваат со мали нивни модификации и со создавање нови практики.
Еден таков концепт е самата општествена одговорност. За оваа практика се говори уште
од дамнешно време, но зама земав со признавање на потрошувачките права, појавата на
енвироментализмот, како и со будењето на самите компании кои сфатија дека профитот
не треба да биде единствената појдовна и крајна цел, туку дека е исто толку важно е и
прифаќањето од околината за да можат тие да опстанат. Материјалната заслепеност и не
обрнувањето на внимание кон другите важни работи, доведе до пресврт на начинот на кој
се перцепира успешноста. Компаниите станаа свесни дека нивното постоење се должи на
самите потрошувачи и нивното задоволство, па оттука, ако се земат предвид основните
постулати на односите со јавноста, секоја компанија подобро функционира доколку има
вистинита двонасочна комуникација со засегнатата јавност, и секако, доколку ја има
нејзината поддршка. Стануваме свесни дека едно претпријатие има филантропска
должност кон средината во која тоа се развива и просперира, меѓутоа не секогаш таа
филантропија подразбирала исти елементи и не секогаш била насочена кон вистинското
место, затоа што општествената одговорност има повеќе сфери, како на пример, односи со
вработените, етичко управување, односи на пазарот, животна средина и вложување во
заедницата.Слепото капиталистичко производство, негрижата за работничките права и
уназадувањето на потрошувачките права, веќе се заменети со практиката која ќе биде
разработена како главен акцент на овој семинарски труд.

2. Дефинирање на поимот општествена одговорност

Водејќи се строго по теоретските размисли, општествената одговорност всушност


претставува “збир на сите економски, правни, етички и дискрециони очекувања што
општеството ги има кон претпријатијата во одреден временски период” (Маџова Виолета,

3
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

Концептот на општествена одговорност на претпријатијата, стр. 9, април, 2012). Ако ја


анализираме дедукциски оваа дефиниција, тогаш по законот на движење од општото кон
поединечното, можеме да заклучиме дека таа има четири основни елементи, односно
економски, правни, етички и дискрециони параметри. Имајќи го предвид фактот дека
станува збор за дефинирање чии очекувања се насочени од општеството кон команиите,
тогаш економскиот аспект во себе ги вклучува предиспозициите кои ги има команијата за
да ги задоволи потребите и желбите на потрошувачите. Правниот елемент предвидува
почитување на законските и подзаконските акти со кои се регулираат начините на
функционирање на компаниите, како и заштитата на правата на потрошувачите. Етичкиот
параметар налага да бизнисите, во текот на својата работа, се водени од моралниот
компас, што значи дека тие треба да бидат искрени и да ги земаат предвид сите пофалби и
критики. Последната точка, вели дека граѓаните имаат очекувања кои се однесуваат на
можноста и желбата на компаниите да придонесат кон градење на едно подобро
општество. Всушност, општествената одговорност подразбира одговорност која треба да
ја сносат индивидуите и компаниите и да делуваат остварувајќи ги најдобрите интереси на
околината и општеството како целина (Akhilesh Ganti, март, 2019, достапно преку
https://www.investopedia.com/terms/s/socialresponsibility.asp). Во срцевината на оваа
практика се наоѓа балансот помеѓу желбата за остварување профит од едната страна, и
подобрувањето на општеството од другата страна. Најчестата форма на општествената
одговорност е вложувањето во заедницата и правење напори да се подобрат стандардите
кои моментално владеат. Компанијата треба да е свесна за желбите и потребите на својата
околина, како би успеала да го осиигура својот опстанок, па и својот понатамошен
просперитет. Во принцип, речиси сите дефиниции за општествената одговорност се
фокусираат на тоа да компанијата ги задоволи сите свои засегнати страни. Засегнатите
страни, според концептот на корпоративната општествена одговорност, се:

 Добавувачи и клиенти
 Локална заедница
 Локални и државни власти
 Невладини здруженија, интересни групи и поединци (Маџова Виолета,
Концептот на општествена одговорност на претпријатијата, стр. 10, април,
2012).
4
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

Целата оваа практика може да се погледне и од една друга страна, страната на Милтон
Фридман. Тој вели дека “постои само една единствена општествена одговорност на
компанијата- да ги искористи понудените ресурси и да се вклучи во активности кои носат
профит” (Milton Friedman, The social responsibilities of business Is to increase its profits,
септември, 1970, достапно преку http://umich.edu/~thecore/doc/Friedman.pdf). Оваа
дефиниција честопати била злоупотребувана од страна на материјално заслепените
сопственици на бизниси. Тие ја перцепираат еднострано и ја користат како изговор за
простото зголемување на профитот, притоа не обрнувајќи внимание на другата страна.
Дополнувањето на оваа дефиниција гласи: “притоа, се ангажира во слободна и отворена
конкуренција, без измама и внимавајќи на правата на дадената околина.” Фридман дава
еден реалистичен пристап кон анализата на социјалната одговорност, нагласувајќи ја
вистинската причина за постоењето на бизнисите, а тоа е остварување и максимизирање
на профитот. Меѓутоа, ова не треба да се сфати единствено како изговор за безобsирното
исполнувањето на поставената материјлна кауза затоа што овде сепак е присутен
нагласокот дека сево ова треба да се оствари во рамки на законите и почитувањето на
правата на другите кои владеат во дадените земји. Ако се земе предвид дека Фридман е
своевиден продолжувач на мислата на Адам Смит, тогаш се осветлуваат голем дел од
неговите мисли, од кои најзначајна е слободата на пазарот, неговата саморегулација и
способност за пребродување на цикличните падови по кои секогаш следуваат пазарни
подеми.

2.1 Историја на општествената одговорност

Како и за секоја останата практика, може да зборуваме за почетоци на општествената


одговорност уште во времето на познатата Месопотамија, пред 5000 години. Тогашниот
крал Хамураби вовел принцип на работа кој налагал казни за оние градежници кои со
својата работа предизвикале штети или повреди на трети лица. Оваа примитивна форма,
без разлика на нејзините мотиви, претставува зачеток на општествената одговорност која
еволуирала низ текот на годините за да го достигне степенот на развиток кој ние денес го
познаваме. Во помодерната смсла на практиката, како татко на општествената
одговорност се смета Хауард Боуен, кој во 1953-та година ја објавил книгата

5
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

“Општествената одговорност на бизнисмените” во која за прв пат се споменува поимот


општествена одговорност и истата се разработува преку креирање на нјзините основни
премиси. Боуен во своето дело истакнува три значајни параметри на општествената
одговорност, кои секој бизнис треба да ги почитува. Тие се:

1. Овозможување на работни места и економски раст преку бизниси кои работат


на соодветен начин
2. Чесно и праведно водење на бизнисите, зимање предвид правата, желбите и
потребите на вработените и на потрошувачите
3. Преземање акции за унапредување на околината и општеството во целина
(Association of corporate citizenship professionals, достапно преку
https://www.accprof.org/ACCP/ACCP/About_the_Field/Blogs/Blog_Pages/Corporat
e-Social-Responsibility-Brief-History.aspx?SourceCode=blogs).

Долга е трасата преку која општествената одговорност поминала за дојде до овие три
основни точки. Периодот кој претходи на ова откровение е таканарачениот период на
“социјален дарвинизам” во кој се вложуваат многу пари за наводно подобрување на
заедницата и односите на пазарот, но се уназадуваат односите со вработените,
доведувајќи ги до експлоатација. Ваков систем во денешно време е речиси невозможно да
постои, затоа што претпријатието е постојано под надзор на будното око на својата
околина која станува се погласна и побунтовна, и затоа што претпријатието станува
свесно дека за да просперира му е потребна здрава околина и добиена доверба од неа, а не
само профит.

2.2 Сфери на општетвената одговорност

Концептот на општествената одговорност во себе вклучува пет основни сфери на


делување, тие се:

1. Односи со вработени
2. Етичко управување

6
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

3. Односи на пазарот
4. Животна средина
5. Вложување во заедница (Маџова Виолета, Концептот на општествена одговорност
на претпријатијата, стр. 12, април, 2012).

Кога ќе се споменат односите со вработените, најчесто веднаш се помислува на човечки


ресурси и законските одредби кои тие ги содржат во себе. И тоа не е грешно. Појдовната
точка на односите со вработените е почитувањето на нивните работни права и
обезбедувањето на здрава работна средина која ќе им овозможува простор за напредок.
Законските норми се клучниот фактор кој ги заштитува вработените и им овозможува
достоинствен третман. Меѓутоа, повисокото ниво е работење на психичкото задоволство
кај вработените, затоа што секој еден задоволен вработен значи побрз напредок на
бизнисот. Првото нешто кое е од огромна важност е комуникацијата. Потребно е да
постои искрена и двонасочна комуникација која ќе се спроведува подеднакво низ сите
хиерархиски нивоа. Се дава на значање на самите вработени доколку работодавците се
секогаш отворени за разговор преку кој тие ќе можат да ги искажат своите гледишта и да
дадат свои предлози за подобрување на определена активност. Повратните информации за
определени активности и резултати исто така мора да бидат присутни континуирано.
Понатаму, потребен е континуиран стимул за мотивација, кој не мора да е само од
природа на финансиска награда, туку поголемо вклучување во работните обврски, како и
вербата дека вработените можат да сносат поголема одговорност за своите постапки.
Трето, помагањето на вработените допринесува кон огромно задоволство. Секој од нив
има свои позитивни и негативни страни, нивното спознавање ќе укаже на текот на акција
кој треба да се превземе за да се надоградуваат и обучуваат вработените (Бизнис инфо,
Како да изградите квалитетен однос со вашите вработени?, 2018, достапно преку
https://bi.mk/kako-da-izgradite-kvaliteten-odnos-so-vrabotenite/). Втората сфера е етичкото
управување. Како што наведува самиот назив, главната цел на дејствување на оваа сфера е
користењето на етиката при донесувањето на сите одлуки, односно морално постапување
втемелено на одговорност, транспарентност и почитување на сечии интереси. Постојат
три пристапи кои ја третираат етката во компаниите, утилитаристички пристап, морален
пристап и пристап на социјална правда. Утилитаристичкиот пристап наложува длабоко
разгледување на донесните одлуки и ефектите кои тие ги имаат врз сите поединци.

7
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

Главниот фокус е текот на самата акција, а не мотивот позади неа и затоа се разгледуваат
сите позитивни и негативни исходи кои можат да произлезат и се пронаоѓаат начини на
кои бенефициите ќе преовладаат. Моралниот пристап се фокусира на фундаменталните и
морални човекови права, како на пример право на говор, на живот и заштита. Тука е
клучно навременото известување на сите кои се дел од самата организација, па и на
засегнатите јавности. Пристапот на социјална правда подразбира дека раководителите на
команијата се фер, непристрасни и еднакво се однесуваат спрема сите поединци. Не треба
да постои дискриминација на било каква основа (Tanuja A., Management ethics: meaning,
need and importance, достапно преку http://www.businessmanagementideas.com). Третата
сфера се односите на пазарот, односно фер постапување со комапниите и креирање и
почитување на слободната конкуренција. До одреден степен, сите сфери се борат за
постигнување на истата цел, притоа фокусирајќи се на одредени нешта. Па така, овде е
клучен односот кој компанијата го има на пазарот на побарувачката, од аспект на
постоечката конкуренција. Се наложува да бизнисите се однесуваат соодветно со
законските норми кои го регулираат пазарот и избегнување на прибегнување кон
нелојална конкуренција. Четвртата сфера е животната средина. Овде се налага заштита на
животната околина како еден од примарните услови за човековиот опстанок. Постојат
неколку совети кои се дадени во поглед на оваа точка. Прво, да се спроведуваат одржливи
ревизии при носењето на одлуките и со тоа да се пронајдат дупките кои наштетуваат на
околината и истите да се санираат. Понатаму, пронаоѓање на таканаречените P2 можности
кои се занимаваат со превенција од загадување. Трето, усвојување и употреба на нови
материјали и технологии кои допринесуваат кон зачувување на животна средина. Четврто,
евалуација на внатрешните процеси преку работење на рециклирање, намалување на
конзумација, политики за патување и политики за движење (Petersen, Lainie. "Role of
Business in Environmental Protection." Small Business- Chron.com,
http://smallbusiness.chron.com/role-business-environmental-protection-59370.html. 12 March
2019). Последната сфера на општествената одговорност е вложувањето во заедницата. Ова
значи дека компаниите треба да инвестираат во околината и општеството, како би се
подобрил понатам и самиот квалитет на животот на луѓето. Најчесто видот на вложување
во заедницата е од финансиска природа што значи дека ефектите од превземените акции
можат за многу кратко време да се видат и почуствуваат, а во некои случаи истото може

8
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

да се стори уште веднаш. Компаниите креираат определени планови чии активности, на


еден или друг начин, имаат за цел да помогнат при подигнувањето на животниот
стандард. Тие можат да помагаат на општества кои е наоѓаат на самите маргини на
егзистенцијата, на својата околина или пак при справување со катастрофи. Таков случај
беше поплавата во Скопје, 2016та година, кога по катастрофалните исходи огромен дел од
компаниите донираа финансиски средства за поплавените подрачја или помогнаа при
нивно реконструирање.

3. Национална агенда за општествена одговорност на претпријатија за


Република Северна Македонија

Во 2007 година, нашето Министерство за економија формираше Национално


координативно тело за општетвена одговорност на претпријата, кое пак во 2008 година ја
креираше Националната агенда за општествена одговорност на препријатијата. Целта на
ова тело е инкорпорирање на концептот на општествената одговорност во политиките на
функционирање на македонските претпријатија и овозможување да неговите практики
станат неизбежен дел од секојдневното функционирање (Проект општествена одговорност
на претпријатијата, достапно преку http://oop.mk/). Оваа агенда детално ги разработува
сите аспекти на општествената одговорност, анализирајќи ги дидактички, тргнувајќи од
општото, па кон критериумите на Европската Унија, за на крај да се анализираат
предностите и слабостите кои концептот на општествената одговорност ги носи како
товар на претпријатијата во нашата земја.

Најпрво би започнала со разгледувањето на концептот за општествена одговорност во


рамките на Европската Унија. Таа го промивира овој концепт како “Концепт според кој
компаниите на доброволна основа ја вградуваат грижата за социјалното милје и животната
средина во своето деловно работење и во својата интеракција со засегнатите страни. 1” Во
овој дел од Националната агенда, како особено важни, се издвојуваат препораките и
упатствата на Организацијата за економска соработка и развој, по одност на
мултинационалните претпријатија. Тие се следниве:

1
Commission Green Paper “Promoting a European framework for corporate social responsibility”, COM(2011) 266
final, 2001

9
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

 Општи политики
- одржлив развој, почитување на човековите права, поттикнување на изградбата на
локални капацитети
 Објавување на информации
- објавување на годишен извештај, објавување на информации за социјални и
еколошки прашања
 Вработување и работни односи
- придржување до основните стандарди за работните услови зацртани од
Меѓународната организација на трудот
 Животна средина
- воспоставување на системи за менаџмент на животната средина, транспарентно
известување за влијанието врз животната средина, усвојување на претпазлив
пристап во однос на животната средина
 Борба против поткупувањето
- одбивање на поткуп, транспарентност во поглед на мерките за борба против
поткупување
 Наука и технологија
- заштита на правата на интелектуална сопственост, трансфер на техничко знаење
 Конкуренција
- придржување до правилата за правична конкуренција, избегнувае на спогодби за
ограничување на конкуренцијата
 Оданочување
- придонес кон јавните финансии на земјите во кои се работи, почитување на
даночните закони (Петковски Владимир, Николов Александар, Национална агенда
за за општествена одговорност на препријатија за Република Македонија, стр.11,
Скопје, 2008, достапно преку http://www.orm.org.mk/).

Според авторите на Националната агенда, Петковски и Николов, постои деловна логика


на на општествената одговорност која функционира на три нивоа:

 Гаснење на пожари/ Заштита на репутација- притисок од невладини организации,


потрошувачи, медиуми, држава и други јавни тела што води до одговорно

10
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

дејствување за да се избегне потенцијална финансиска загуба и да се заштити


имиџот на брендот
 Поволен одност меѓу трошоците и финансиските придобивки- мерлива финансиска
придобивка, на пример, заради подобрување на продуктивноста или намалување на
енергетската и материјалната неефикасност, што може да ги надомести или
надмине направените трошоци за остварување на таквите подобрувања
 Стратегиско ниво- општествената одговорност како основен дел од стратегијата за
развој на дадена компанија, како што е уштинка промена на производите, како
составен дел од идентитетот на брендот или како метод за учење и иновација

Авторите на Националната агенда направиле детално истражување на влијанијата кои


концептот на општествената одговорност би можеле да ги имаат врз нашата земја. Тие
направиле SWOT анализа која ги разгледува длабински силните страни, слабостите,
можностите и заканите. Во продолжение следува табеларен приказ на нивните тврдења.

Силни страни Слабости


 Историја на присуство на социјални  Недоволно разбирање и познавање на
согледувања во деловното работење концептот на ООП
 Историја на поддршка на локалните  Непредвидлива деловна клима
заедници од страна на деловните субјекти  Недостиг од општествено одговорни
 Зголемена свесност за потенцијални инвестиции
придобивки од ООП за репутацијата на  Ниско нивно на весност и слабо
деловните субјекти остварување на потрошувачките права
 Основано тело од повеќе засегнати страни за  Слабости кај корпоративното управување
креирање на политиките на ООП  Непостоење на доминантен модел на
 Присуство на мотивираност и ентузијазам корпоративно управување
кај клучните засегнати страни за прифаќање  Раширена корупција што ги поткопува
на ООП и продлабочување на своето знаење принципите на пазарната економија
за концептот  Недоволен капацитет за застапување на
 Силен развој на корпоративната своите интереси на одредени засегнати
филантропија страни и на нивните организации
Можности Закани
 Вредноста и потенцијалот на стратегисиот  Немање на доследна регулативна рамка
пристап кон ООП за деловните субјекти  Недостатоци во механизмите на
 Зголемена важност која се дава на ООП во спроведување и слабо придржување до
ЕУ и во глобалниот контекст постојните регулативи

11
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

 Можности за финансирање на ООП,  Заостанување зад останатите земји-


финансирани од ЕУ кандидатки за ЕУ и зад земјите- членки на
 Можности за малите и средните ЕУ
претпријатија да бидат вклучени и  Ризик од исклучување од одредени сегменти
прифатени во глобалните синџири на од пазарот на ЕУ
снабдување  Поставување на низок праг за она што може
 Можности за малите и средни претпријатија да се смета за добра практика во ООП
кои произлегуваат од унапредување на  Ризик да се маргинализира улогата на
нивното прифаќање на ООП владата во раните фази на промовирање на
 Потенцијалот на ООП за изградба на ООП
конкурентна предност за нацијата и  Ризик од недовола поддршка и недоволно
деловните субјекти залагање на владата
 Позитивен став на граѓаните кон активното
вклучување на претпријатијата во
решавањето на проблемите на заедницата

4. Награди за општествена одговорност на претпријатијата

Во нашата земја веќе 11 години по ред се одржува доделувањето за општествено


одговорни претпријатија. Овој настан полека станува своевидна традиција која го слави
прифаќањето на концептот на општествената одговорност и бенефитите кои околината го
има од него. Следниве копмании и нивните општествено одговорни проекти се добитници
на наградите кои соодветсвуваат на основните сфери на дејствување:

 ЕВН Македонија- ЕВН волонтира- проект во кој волонтери вработени во ЕВН


ја започнаа својата активност со уредување и разубавување на дворот на
регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша”.
Над 300 вработени биле вклучени во овој проект кој за своја главна цел имаше
пружање помош на маргинализираните групи (ЕВН Македонија, достапно преку
https://www.evn.mk/Mediumi/Public-announcements/Programi-per-vullnetarizim-i-EVN-
fitoi-cmimin-e-pa.aspx?listnode=/Mediumi).

12
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

 Шпаркасе Банка- Pet friendly банка- станува збор за проек кој им овозможува на
клиентите на оваа банка да ги користат банкарските услуги заедно со своите
миленичиња
 Елколект Скопје- Биди супер херој- акција која е креирана со цел подигање на
еколошката свест кај граѓаните (Елколект, достапно преку
https://www.elkolekt.mk/news.html)
 Пакомак- Хокус покус, рециклирањето е во фокус- во овој проект беше вклучен
и магионичарот Кристијан Шопов, кој преку претстави и магионичарски
трикови ги подучуваше децата за важноста на селектирањети и одржувањето на
чиста животна средина (Плусинфо, достапно преку https://plusinfo.mk/)
 Адора инженеринг- Најголемата внатрешна градина во Европа- награда
добиена за изградбата на Адора Diamond Garden, најновиот енергетски
ефикасен дом
 Охридска банка- За чист град пазари со нашата Мастеркард-проект кој се
состои од наградна игра во која за секоја направена трансакција се доделуваат
eco- friendly подароци
 Американ колеџ- Хуманитарна аукција на уметнички дела- проект низ кој се
продаваат уметнички дела изработени од лица со попреченост и сите собрани
средства се наменети токму за нив
 Интерворкс ДООЕЛ Битола- Чист воздух- здрави деца во Битола- проект преку
кој се донираа прочистувачи за воздух во битолските градинки
 НЛБ Банка- Пријателство со специјална олимпијада Македонија (Радио МОФ,
2018, достапно преку https://www.radiomof.mk/dodeleni-nagradite-za-najdobri-
opshtestveno-odgovorni-proekti-na-kompaniite/).

5. Заклучок

Полека, но сигурно, бизнисите го сфаќаат значењето на позитивната настроеност која


засегната јавност треба да ја има спрема она што се работи. Простото максимизирање на
профитот и експлоатацијата на ресурсите се дел од минатото и сето тоа е заменето со еден
одговорен концепт кој се грижи за доброто бидување на општеството и заштита на
13
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

животната средина. Едно претпријатие може да ја подобри работната средина преку


создавање на едно позитивно работно опкружување што би ја зголемило волјата за работа
на вработените. Се воведуваат нови обуки за надградување на веќе постојното знаење на
вработените што би ја зголемило нивната ефикасност. Натаму, се вложува во напредни
механизми за одбегнување на загадување на животната средина што е чекор кон здраво
опкружување потребно за натамошен развој на секое ниво. Претпријатието им помага на
социјално ранливите групи преку нивно образование и исклучување од маргините на
општеството. Помага на оние со факултетско образование за нивно натамошно
дообучување на определено поле и создавање квалитетен работоспособен кадар кој
дополнително би придонесол кон правање на светот едно поубаво место за живеење. Би ве
повела на едно кратко патување од три етапи, затоа што сметам дека тоа е совршенио
начин за да се заврши овој семинарски труд. Првата етапа ќе ја започнам со еден
примитивен пример од Месопотамија. Општествената одговорност во тоа време се
сведувала на правилото кое велело дека доколку некој од работниците предизвика некаква
несреќа кај граѓаните преку својата работа, тогаш тој би бил подложен на смртна казна.
Втората етапа е претставена од таканаречениот “социјален дарвинизам” каде многу се
вложува во подобрување на заедницата и односите на пазарот, но вработените буквално се
експлоатираат. Третата етапа нека биде модерната општествена одговорност и нејзината
несебична грижа за околината. За една етапа, или во нашиот случај компанија, да биде
карактеризирана како навистина општествено одговорна треба да ги исолнува сите сфери
кои се дел од овој поим, односи со вработените, етичко управување, односи на пазарот,
животна средина и вложување во заедницата. Во Месопотамија не можеме да зборуваме
за нешто повеќе од едноставниот зародиш на овој концепт. Кај социјалниот дарвинизам,
нешто што се случувало во блиското минато, зборуваме за делумно остварување на овој
концепт кој служел како прекривка за единствениот мотив на компаниите- профитот. Се
почитуваат само две сфери- односите на пазарот и вложувањето во заедницата, додека
односите со вработените и етичкото управување се целосно занемарени и доведени до
степен на експлоатација, а животната средина пак, во тој период бележи еден од
најголемите еколошки геноциди. За среќа, сегашноста е далеку посветла.

14
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет “Јустинијан Први”

6. Користена литература
 Маџова Виолета, Концептот на општествена одговорност на претпријатијата,
април, 2012
 Akhilesh Ganti, Investopedia, март, 2019, достапно преку
https://www.investopedia.com/terms/s/socialresponsibility.asp
 Milton Friedman, The social responsibilities of business Is to increase its profits,
септември, 1970, достапно преку http://umich.edu/~thecore/doc/Friedman.pdf
 Association of corporate citizenship professionals, Brief history of social
responsibility достапно преку
https://www.accprof.org/ACCP/ACCP/About_the_Field/Blogs/Blog_Pages/Corporat
e-Social-Responsibility-Brief-History.aspx?SourceCode=blogs
 Бизнис инфо, Како да изградите квалитетен однос со вашите вработени?, 2018,
достапно преку https://bi.mk/kako-da-izgradite-kvaliteten-odnos-so-vrabotenite/
 Tanuja A., Management ethics: meaning, need and importance, достапно преку
http://www.businessmanagementideas.com
 Petersen, Lainie. "Role of Business in Environmental Protection." Small Business-
Chron.com, http://smallbusiness.chron.com/role-business-environmental-protection-
59370.html. 12 March 2019
 Петковски Владимир, Николов Александар, Национална агенда за за
општествена одговорност на препријатија за Република Македонија, Скопје,
2008, достапно преку http://www.orm.org.mk/
 ЕВН Македонија, достапно преку https://www.evn.mk/Mediumi/Public-
announcements/Programi-per-vullnetarizim-i-EVN-fitoi-cmimin-e-pa.aspx?
listnode=/Mediumi
 Елколект, достапно преку https://www.elkolekt.mk/news.html
 Плусинфо, достапно преку https://plusinfo.mk/
 Радио МОФ, 2018, достапно преку https://www.radiomof.mk/dodeleni-nagradite-
za-najdobri-opshtestveno-odgovorni-proekti-na-kompaniite/

15

You might also like