You are on page 1of 7

Дефиниција за државата

Државата има целосен правен субјективитет во меѓународното право. Таа е организација на лица
и групи кои се поврзани со единствената територија на која се наоѓаат, имаат суверена власт и
имаат самостоен настап во меѓусебните односи кон другите држави. државата чија контрола на
територијата е ефективна и целосна претставува правен субјект кој е признат од меѓународното
право со своите права. Услови за државата за станување полноправен член на меѓународната
заедница се: имање суверена власт , постојано население, дефинирана територија,способност да
влегува во односи со други држави.

Суверена власт

Постоењето на ефективна, стабилна централизирана власт со контрола на нејзината територија


што е услов за признавање на државата претставува суверената власт . Таа има внатрешна и
надворешна димензија. Надворешната димензија значи самостојно, независно настапување на
државата во надворешните односи со другите држави. Внатрешната димензија претставува
слобода во вршењето на власта како највисока власт над територијата и населението. До
одрекување од суверенитетот може да дојде во два случаи. Суверенитетот може да биде одречен
во ситуација кога државата врз основа на некое прашање не се консултирала со нејзиното
население или има некој дискриминаторски вид на владеење. Вториот случај е кога таа е
креирана нелегално со употреба на сила.

Колективно признавање на државите во ООН

Критериумите за влез во он се : апликантот да е држава, да биде мирољубива, да биде способна


да ги исполнува обврските од повелбата на ООН и да има волја за исполнување на тие обврски .
важно кај конститутивната теорија за признавање држави е фактот дека постои простор за
волунтаристичка проценка дали некој од критериумите е исполнет и акое исполнет да се види
како е исполнет.

ДРУГИ СУБЈЕКТИ НА МП

Индивидуа, меѓународни организации, невладини организации и транснационални компании,


политички движења
ИНДИВИДУА

Индивидуата има ограничен субјективитет и има ограничен правен капацитет за разлика од


државите. Обврска на индивидуата е да се воздржува од кршење на казниви дела и тоа кон сите.
најголем дел од нејзините права се наоѓаат во делот на лични имунитети.

МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Меѓународната заедница претставува ентитет заснован врз основа на меѓународен договор во


сопствен правен субјект, сопствена автономија, сопствени органи. Цел на оваа организација е да
има соработка и решавање на проблемите на меѓународен план со нејзините основачи. Овие
организации се делат на меѓународни владини организации и меѓународни невладини
организации. На меѓународните владини организации основачи се државите . на меѓународните
невладини држави основачи се разни невладини здруженија и асоцијации. Првите имаат правен
субјективитет во областа за која се формирани .

Функции на Меѓународните владини организации се : создавање форум за промовирање на


заеднички интереси и цели, инструмент за акција на меѓународно поле, форум за промоција на
правила и норми за решавање на проблеми на актерите, механизми за контрола на извршување
на одлуките, форум за решавање на меѓународни спорови. Овие функции треба да бидат
создадени врз основа на договори со сопствена автономија и да имаат поебен правен
субјективитет во меѓународното право.

ДЕ ЈУРЕ

Формално признавање е направено со дипломатскиот инструментум предвиден за тоа и не може


да се повлече. Кога ќе се случи признавањето тто дејство нема ретроактивно дејство во иднина.

ДЕ ФАКТО

Ова признавање настанува преку засновање на политички, економски односи со новосоздадена


држава во отсуство на формално признавање. Тоа може да се повлече .
ПРИЗНАВАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ

Признавање на државата значи прифаќање на таа држава како потполно независна и суверена
членка на заедницата на нации. Овој институт е дефиниран како акт на една или повеќе држави со
кои се прифаќа фактот на постоење на дефинирана територија, политички организирано
општество кое е способно да ги остварува своите обврски и акт со кој државите ја сметаат
новосоздадената држава за член на меѓународната заедница.

НЕЗАВИСНОСТ –СПОСОБНОСТ ДА СЕ ВЛЕГУВА ВО ОДНОСИ СО ДРУГИ ДРЖАВИ


Независност значи способност на државата да влегува во односи со други држави , способност
сама да извршува меѓународни обврски преку своите извршни, законски , административни и
судски тела. Исто така независноста е способност да учествува во меѓународни спорови со други
држави.

ДРЖАВНИ ГРАНИЦИ

Државни граници се замислени површини кои ја дефинираат и означуваат територијата на една


држава. Тие се протегаат вертикално од копното кон воздушниот простор се до границата на
атмосферата. Кон седиштето на земјата се протегаат во облик на неправилен конус. Во морето се
протегаат се до неговите надворешни граници, а во подморјето се до протегањето на
континенталниот раб и почетокот на морското дно. Начинот на повлекување на државите има две
нивоа : суштествено разграничување и демаркирање на границата.Нивниот правен статус се
определува на два принципа. Во првиот приницип ново настанатата држава треба да има
контрола на територијата која правно ја поседувала претходно и нејзините административни
граници ќе станат признаени меѓународни граници. Во вториот се определува која држава има
ефективна контрола врз територијата над која бара признавање државност и утврдување на
границите.

СУБЈЕКТ

Субјект на право претставува правен субјект (персона) со целосен правен капацитет, односно
поседување на меѓународни права и обврски, способности со кои ќе ги остварува меѓународните
односи. Ограничен правен субјективитет имаат меѓународните организации , меѓународни
невладини организации , индивидуата и др.
МЕЃУНАРОДНО ПРАВО

Меѓународното право е збир од норми, принципи, институции и постапки со кои неговите субјекти
ги решаваат меѓусебните односи и стануваат обврзани за нив. Целите на ова право се
воспоставување и одржување на поредок на вредности, заштитување на правата на субјектите и
нивните интереси ,зголемување на извесноста и предвидливоста на меѓусебните односи и
очекувања. Неговите цели се избрани од неговите субјекти со договор и прифаќање.

МЕЃУНАРОДНА ЗАЕДНИЦА

Меѓународна заедница претставува систем на норми, активности кои се користени од субјектите


на таа заедница за реализација на нивните цели и целите на самата заедница. Таа создава
сопствени органи кои ги насочуваат и организираат економските политичките и правните односи
меѓу државите, создава материјални претпоставки за опстанок на секоја држава или на заедница
држави. Нејзини субјекти се државите, меѓународните организации, сојузите на државите од
различен карактер, меѓународни политички движења, индивидуата.

МЕЃУНАРОДНА ПОЛИТИКА

Меѓународната политика е акција на субјектите кои се водени со дипломатијата и правото на


меѓународните односи , кои со својата согласност ги поставуваат правилата на меѓусебните
односи , на решавањето на споровите и развитокот на меѓународната заедница. Нивната почетна
точка е постоење на државите како независни политички едници со суверенитет над определена
териотрија и население.

ПРИНЦИПИ И КАРАКТЕРИСТИКА НА МП(сувереност, забрана за закана за употреба на сила во


меѓународните односи и принципот на неинтервенција, мирно решавање на споровите

СУВЕРЕНОСТ

Ова е основниот принцип. Сувереност е моќ и право , независност во вршењето на власт на


определена територија и население. Тој се карактеризира со суверена еднаквост на мешународен
план, политичка независност, територијален интегритет, исклучива надлежност врз територијата и
населението, заштита од надворешно мешање во внатрешните работи, право на имунитет,
слобода на избирање на политички, економски социјален и културен систем.
ОБИЧАЈНО ПРАВО

Обичајното право е создадено преку спонтано меѓусебно однесување на државите на свесен


начин. Тоа по неговото настанување важело за сите без разлика дали тие држави учествувале во
неговото создавање (ерга омнес). Во вториот метод (интер партес) меѓународните договори по
нивното создавање важеле само за страните од договорот. Постои уште еден трет метод а тоа е
општи принципи на правото кој користел за пополнување на правна праазнина.

ГЛАВНИ ИЗВОРИ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО

Главни извори се: меѓународните договори, меѓународното обичајно право и општите принципи
на правото. Нивната примена може да се решава со еден меѓународен правен спор.
Меѓународните договори и меѓународното обичајно право имаат првенствена примена за разлика
од опшитите принципи.

ФОРМАЛНИ И МАТЕРИЈАЛНИ ИЗВОРИ(јус дипозитивум и јус когенс)

Формални извори се оние од кои што правното правило ја стекнува своата правна сила и важење.
Метеријални се оние од кои произлегува материјата но не и важењето на правилото. Формалниот
извор на правилото му дава сила и карактер , а материјалниот извор ја обезбедува неговата
суштина и со тоа овие два извора меѓусебно се надополнуваат.

ДИСПОЗИТИВНИ И АПСОЛУТНО ЗАДОЛЖЕНИ ,НОРМИ

ВИДОВИ МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

Тие се групираат во повеќе категории зависно од различни критериуми. Според бројот на


договорни страни се делат на билатерални или мултилатерални(од отворен или затворен тип).
Според карактерот и намената се делат на легислативни(содржат и апстрактни одредби кои
создаваат нови обичајни правила) и вообичаени(меѓусебно давање на право и обврски меѓу
страните на договорт).

ТЕРИТОРИЈАЛЕН СУВЕРЕНИТЕТ

Овој поим подразбира право над дадена територија кое има апсолутни димензии и содржи
потекло на правото и евиденција на правото односно право на јурисдикција(право на уредување
на сите односи), право на поседување и располагање со целата територија, администрирање со
односите и стварите на територијата, одговорност за правните односи поврзани со нејзината
територија.
СТЕКНУВАЊЕ ТЕРИТОРИЈА

Постојат два начина : уставен и согласно меѓународното право и оној кој е спротивен на
меѓународното право. Првиот процес и формие на стекнување се:мирна окупација на земјата во
статуц на терра нуллиус, цесија, прескрипција, присвојување со ерозија, природна промена на
делови од територијата.

ЦЕСИЈа

Тоа е форма на стекнување кога една една држава со правен акт препишува една територија која
легално ја поседува на друга држава и го префрла суверенитетот.

ПРЕСКРИПЦИЈА

Тоа е стекнување врз основа кога една територија која била под сувереност на друга држава
потпаднала под сувереност на друга држава.

ПРИНЦИПОТ НА ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА КАКО ОСНОВА НА МЕЃУНАРОДНОТО


ПРАВО ЗА ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ

Дискриминација значи правење неразумна, нелегитимна, неоправдана разлика во остварувањето


и поседувањето на правата или нивната достапност кои се предвидени за индивидуите со
меѓународни договори. Таа се дели да директна и индиректна. Директната се наведува
експлицитно со некој меѓународен договор или закон. Индиректната се појавува во случаи кога
некој не дискриминаторски законски акт или дејство се остварува во практиката на
дискриминаторски начин. Судовите се должни за откривање и казнување на дискриминацијата

ВИДОВИ МЕЃУНАРОДНА ОДГОВОРНОСТ(вообичаена и отежата,одговорност за повреда на


колективните и интегралните обврски,меѓународна кривична одговорност,одговорност на
државите за меѓународни против правни и легални акти)

ВООБИЧАЕНА И ОТЕЖНАТА ОДГОВОРНОСТ

Разликата меѓу овие две одговорности е тоа што кај првата која е овластена да ја повика на
одговорност државата , прекршител е само државата која била повредена со противправниот акт,
а кај отежнатата тоа овластување го поседува и секоја друга држава заедно со овластувањето кон
државата која го прекршила да превзема дозволени прнидуни мерки.
МЕЃУНАРОДНА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ

Поедници според МП одговараат за сериозните повреди на меѓународните права со кои се


предвидена злосторства против човештвото, геноцид , воени злосторства, тероризам и др. На
меѓународна одговорност може да бидат повикани лица со различни дејности , припадници на
воооружени сили, политички лидери и сл чиј имунитет во минатото бил заштитен со меѓународни
правила.

You might also like