You are on page 1of 1

Субјективни стварни права карактеристики и стекнување

Субјективните стварни права како посебен граѓански имотни права ги имаат следните
карактеристики: непосреден предемет им е стварта ,приватното правната власт која што на својот
носител му ја дава секое такво право во однос на својот предмет е непосредна ,делува апсолутно
и е трајна. Стварта е дел од материјалната природа што може да биде во власт на човекот и што
може да се индивидуализира и на која постои право на сопственост или некое друго стварно
право . материјалните делови на природата треба да исполнуваат два услови: физички- делот од
материјалната природа фактички или виртуелно е во човекова власт ; и правен- на делот од
материјалната природа која што е во човекова власт постои право на сопственост или некое друго
стварно право. Секое поединечно стварно право припаѓа кон некој со закон определен вид и има
таква содржина која што со закон е пропишана за таквиот вид стварни права. Содржината на
секое поединечно стварно право ја сочинуваат оние овластувања кои што правниот поредок им ги
дава на носителите на тие видови стварни права во однос на предметот на нивните права.
Апсолутното делување на субјективното стварно право означува дека сите други субјекти треба да
го почитуваат овластувањето на неговиот носител да го оствари непосредниот однос спрема
стварта. Стварните права се карактеризираат со трајност, што значи дека тие постојат се додека
постои објектот во однос на кој се воспоставени. Стекнувањето на субјективното стварно право
може да биде оригинерно и изведено. Оригинерното стекнување на правото значи дека
стекнувачот своето право не го стекнува од претходникот , туку го стекнува врз основа на други
правила, факти за кои објективното граѓанско право го врзува стекнувањето на субјективното
граѓанско право. Изведеното стекнување на правото постои тогаш кога стекнувачот своето право
го заснова на правото на претходникот , односно го изведува од правото на претходникот.
Постојат уште и транслативно и конститутивно стекнување . општи претпоставки на субјективното
право се :способност на предметот,способност на стекнувачот,постоење на соодветна правна
основа на стекнувањето.

You might also like