You are on page 1of 5

ВОВЕД

Како резултат од истражувањата потребни за изготвување на на овој


магистерски труд, можам слободно да кажам дека утврдив и сосема јасно
согледав дека римското право е извор на модерното право, истото е влезено
во сите модерни законодавства и им служи како основ. Истовремено
римското право е и корисно школо и за сите правници од причина што не учи
правнички да размислуваме и зборуваме.Како дело на римските правници а
сосбено на оние од класичната епоха, римското право се одликува со длабока
логика, строга дедукција и истото се наметнува не само со својата содржина
туку и форма-не само по резултати туку и начинот како е дојдено до тие
резултати.
Одлуката овој магистерски труд во својот фокус да го стави римското
наследно право, поточно тестаменталното наследување, е тоа што
Тестаментот, како основа за наследу- вање, му овозможува на оставителот
да ја искаже поинаку својата волја по однос на распоредување на неговиот
имот во случај на смрт, за разлика од она што е предвиде но во законот.
Дефиницијата тестамент потекнува од римското современо право, односно
дава одговор на прашањето и истовремено решава што ќе биде со оставината
на оставителот во случај на негова смрт
Пред се интересен е фктот што споредебно гледајќи го римското
тестаментално наследување и сегашното наше законодавство, според
римското право, тестаменталното наследување го исклучувало законското, а
сето тоа бидејќи се применувало правилото : Nemo partim testatus, partim
intestatus decedere debet (никој неможе да биде наследен во дел по
тестамент а во дел по закон).
Денес правата на наследувањето се секогаш исти, без оглед на тоа кој е
оставител и од какво потекло е тој, без раз- лика на занимањето, староста,
полот, како и без оглед на некои негови други физички, општествени и
иравни особини, односно без оглед на тоа кој се јавува како наслед- ник, како
и без оглед и на неговите природ- ни, општествени и прави особености. Тоа,
пак, значи дека личноста на оставителот, односно на наследникот и нивната
припад- ност на извесни социјални групи, немаат никакво влијание врз
евентуална примена на некои други норми, па не и на оние опре- делени со
Законот за наследувањето
По својата правна природа тестаментот е наредба на последна волја со која
теста- торот чини распоред на својот имот во случај на смрт. Тоа е
еднострана наредба на последна волја дадена во определена форма, а која
има за цел да определи рас- поред на оставината на поинаков начин од оној
предвиден со законот.
Познато е дека тестаментот од самото настанување служел како
инструмент за измена на законскиот наследен ред и ова била неговата
најзначајна улога, а истовремено и причина за неговото настанување
Преку тестаментот, оставителот ги штител своите деца на начин што ги
иманувал за наследници, на тој начин и децата на оставителот станувале
наследници наместо првовиканиот интестантски наследник-братот на
оставителот.
Римјаните знаеле за тестаментот уште од најстарите времиња и истиот
имал широка примена.За римјаните правењето тестамент било морален
императив и религиска обврска, а да умреш без да оставиш тестамент, за нив
било рамно на проклетсво и голема несреќа.

Не е спорен фактот дека скоро сите старовековни правни системи


познавале некои форми преку кои оставителот можел да ја искаже својата
воља и да влијае на распределба на неговиот имот по неговата смрт. Зато
сметам дека тестаментот во римското право е цивилизациска придобивка и
истиот е производ на општествено економските прилики и правната положба
на семејството.

Во нашето законодавство, како правен акт, тестаментот треба да ги


исполнува сите општи услови кои се бараат за полноважност на кој било
правен акт, а посебно за полноважноста на едностраните правии акти. Тоа е
посебно така во поглед на барањето волјата на тестаторот во теста- ментот
да претставува негова вистинска волја, изразена слободно.
Тестаментот е строго личен акт, а тоа значи дека е исклучена секаква
можност за застапување, и тоа при: составување на тес- таментот,
определување наследници, голе- мина на наследните делови или други нас-
ледноправни елементи. Натој начин лица- та кои се неспособни за правење на
теста- мент, ако не наполниле 15 години, или биле неспособни за расудување,
член 62 од ЗН, не може тестаментално да располагаат со имотот, се додека не
се стекнат со теста- ментална способност.

Тестаментот, како еден од основите за повикување на наследство, зазема


свое по- себно место во оставинската постапка, би- дејќи преку него е
искажана последната волја на оставителот, и тоа кој ќе го насле- ди неговиот
имот, во кој обем и какви об- врски се наложени. Во текстот на написот се
обработени основните карактеристики на тестаменталното наследување,
почну- вајќи од формата и видовите на тестамен- тите, содржината и
исполнувањето на на- лозите на тестаторот. Постапката по тес- таментот по
смртта на оставителот и него- вото прогласување се значајна етапа да се
актуелизира вистинската волја и да се до- несе решение за наследување

TESTAMENT U STAROVJEKOVNOM STAROVJEKOVNOM PRAVU Prof. dr Savo D.


MARKOVI]

ПРЕДМЕТ

Предмет на овој магистерски труд е една секогаш актуелна тема-


наследувањето, со посебен осврт на тестаменталното наследување кое
претставува наследување врз основа на тестамент, како израз на последната
волја на завештателот, со која тој прави распоред на својот имот за случај на
смрт. За да дојде до тестаментално наследување, неминовно е завештателот
да оставил полноважен тестамент.
Истовремено се прави осврт и на основните институти на римското
наследно право и тоа тестаменталното наследување споредено со
интестатското наследување како и определување на поимите и
карактеристиките на оставител(de cuius), оставина( hereditas) и маследник
( heres) Римските правници го застапувале становиштето дека наследникот е
овластен во правните односи да биде субјект наместо оставителот (Heres et
defuntus una eademique persona utuntur - Sec Ulpinianus – D. 41,1,34). Имајќи
предвид дека во современите наследни права, меѓу кои спаѓа и
македонското наследно право, со моментот на смртта се гасне правниот
субјективитет на оставителот, оваа теорија, која доминирала во периодот на
римската држава, денес не е прифатена.

Ovaj rad ima za cilj da ukaže na značaj testamenta i pojmova bliskih njemu. Za-
ključeno je da testament i pojmovi u vezi s njim, kao što su: ostavilac, naslednik,
zaostavština, univerzalna i singularna sukcesija, ni posle više od dva milenijuma ne
gube na značaju. Sve to doprinosi pravnoj sigurnosti i omogućava nosiocima imo-
vinskih prava da veruju institutu testamenta da će i posle smrti njihova imovinska
prava nastaviti da postoje onako kako oni to žele
Работни хипотези на истражувањето
Основната хипотеза е дека римското право одиграло клучна улога во
наследните системи од современото право.

ЦЕЛИ И ЗНАЧЕЊЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

Прашањето за правната природа на наследувањето е едно од спорните


прашања во однос на кое не постојат единствени ставови во теоријата.
Поради тоа, присутни се неколку концепции според кои се објаснува
суштината на наследувањето јаснува суштината на наследувањето. Според
персоналистичката концепција, која потекнува од римското право,
наследувањето претставува продолжување на постоењето на оставителот
преку личноста на неговите наследници (successio in locum de functi).
Римските правници го застапувале становиштето дека наследникот е
овластен во правните односи да биде субјект наместо оставителот (Heres et
defuntus una eademique persona utuntur – Sec Ulpinianus – D. 41,1,34). Имајќи
предвид дека во современите наследни права, меѓу кои спаѓа и
македонското наследно право, со моментот на смртта се гасне правниот
субјективитет на оставителот, оваа теорија, која доминирала во периодот на
римската држава, денес не е прифатена. За имотноправната концепција,
суштината на наследувањето е во неговиот имотноправен карактер. Според
оваа концепција, основата на наследувањето се состои во стекнувањето на
имотот на оставителот од страна на наследниците (Hereditas nihil aliud est
quam successio in universum ius quod defunctus habuerit – Sec Iulianus – D.
50,17,62). Застапниците на оваа концепција истакнуваат дека наследникот не
е продолжувач на личноста на оставителот, туку само стекнувач на
оставината. И покрај тоа што и концепцијата за имотниот карактер на
наследувањето има одредени негативности, таа сепак е прифатена од
поголем број автори. Таа е прифатена и во македонското наследно право.

За разлика од законското наследување, тестаменталното наследување


зависи од волјата на завештателот, како израз на човековото право и
слобода да располага со својот имот како за време на живот, така и во случај
на смрт . Врз основа на слободата на тестирање, завештателот самиот по
своја волја определува наследници, ја определува големината на наследните
делови, поставува услови, рокови, налози, располага за дозволени цели,
основа задужбини, исклучува наследник од наследство или му простува
недостојност и друго.

Целта која треба да ја постигне овој магистерски труд е воочување на


влијанието на римското право врз позитивните наследни системи
истовремено нотирајќи ги останатите општествено економски услови кои во
текот на историскиот развој влијаеле на начините на уредување на
тестаменталното наследување.
Овој труд има за цел да укаже на значењето на тестаментот и сите поими
во врска со него, кои ни после два милениуми не губат од своето значение.
Сето тоа допринесува за поголема правна сигурност и им овозможува на
граѓаните да веруваат во институт-тестамент а посебно на тоа дека и по
нивната смрт, нивната оставина ќе постои и ќе биде во сопственост на оној
на кого тие сакале

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ

You might also like