You are on page 1of 3

Поделба на изворите на римското право

Изворите на римското право е поврзано со периодизацијата на изучувањето на историјата на


римската држава и историјата на римското право, додека за изучување на оваа наставна
дисциплина ние ја прифаќаме тројна периодизација и тоа:

 1. Прв период - период на старата римска патрициско-плебејска држава и старото римско


право- jus civile, (од создавањето на римската држава до установувањето на магистратурата на
преторот перегрински- од 754 до 242 од старата ера)

 2. Втор период – период на класична робовладетелска држава и хонорарно и класично римско


право ( од установувањето на магистратурата на преторот перегрински до установувањето на
магистратурата на преторот перегрински – од 242 од старата ера до 212 од новата ера)

 3. Трет период – период на централизирано – бирократска и апсолутистичка држава и


единствено императорско римско право или посткласично право, односно од едиктот на
Каракала до смртта на Јустинијан – од 212 до 476 или 565 година од новата ера.

Извори на правото во првиот период

 Изворите на правото во првиот период се делат на два периоди и тоа на период на


непишани правила и период на пишани правила:

1. Период на непишано право – Jus non scriptum како период во кој за регулирање на
поведението се користеле обичајните правила нарекувани mos, mores и правилата за поведение
не се разликувале од правилата со религиозен карактер наречени fas и

2. Период на пишано право – Jus scriptum кој започнува со донесување на Законот на 12 таблици
како резултат на упорната борба што ја воделе плебејците (сиромашните народни маси, плебсот)
со патрициите (потомците на највидните римски родови, благородниците). Други извори од овој
период се законите (leges), одлуките на плебејските собранија (plebiscite), едикти на магистратите
и интепретациите на свештениците.

 Законот на 12 таблици претставува збирка на закони, односно кодификација на римското


цивилно право изработена на 12 бакарни плочи. Во рамките на Законот на 12 таблици се
наоѓа една одредба: "сè она што подоцна народот ќе го изгласа ќе биде законито и
признато".На тој начин оваа одредба им дала легитимитет на сите подоцна донесени
закони од страна на собранијата.
 Содржината на законот била следната: 1,2 и 3 таблица содржат процесни норми,4 и 5
семејно правни и наследно правни норми,6 и 7 облигациони норми,8 и 9 казнени норми,10
религиозно право,а 11 и 12 се додадени следната година.
 Законите биле посебен извор на римското право кои се определувале како општо
задолжителни правила со апстрактна содржина каде доносители биле римските
комиции односно собранијата на патрициите и плебејците кои имале законодавни, судски
и управни функции. Содржината на законите се разликувале три дела: увод , предлог на
магистратот и санкција.

Одлуките на плебејските собранија биле извор на правото кои претставувале правила за


поведение кои биле слични но и се разликувале од законите.
 а) сличноста со законите е што се општо задолжителни правила за поведение со
апстрактна содржина
 б) разликата ги опфаќала само дел од плебејците.
Овие разлики се надминале во 287 година од старата ера, со што овие два извори се
изедначиле во единствен извор на римското право – закони или leges

 Едикти на магистратите се посебен извор на римското право кој се разликува од другите


извори по доносителот и по донесување и начин на изложување.
 Доносител на едиктите биле магистратите кои претставувале државни службеници
избрани за одредено време да ги вршат државни работи во рамките на магистратурите
 Едиктите се донесувале во форма на наредби, усно и писмено.
 Магистратите не биле ограничени во вршењето на своите овластувања и преку едиктите
создаваале правен поредок, хонорарно или магистратско право.

Извори на правото во вториот период


Вториот период од развитокот на Римската држава било збогатено и со нови извори на
правила кои се јавувале како: сенатски одлуки, одговори на правниците и одлуки на
принцепсот.
- Закони и плебисцити се спојувале во еден извор на правото по донесувањето на Lex
Hortensia. Во овој период е извршена класификација на законите со оглед на санкцијата и тоа :
- закони што ја прогласувале за ништовна секоја работа преземена спротивно на
законските прописи
- закони кои го казнувале сторителот без да ја поништат преземената работа
- закони кои не предвидувале санкции против лицето што не го почитувало законот.

Римските магистрати во класичниот период создавале правни правила содржани во нивните


едикти кои го сочинувале хонорарното или магистратското право.
Општи карактеристики на класичното римско право е постоењето на троен правен поредок
составен од :

1. старо римско право – ius civile

2. магистратско односно хонорарно паво - ius honorarum и

3. ius gentium или право на народите како правен поредок со кој се регулирале правните односи
меѓу римските граѓани и перегрините.

Јустинијанова кодификација - Corpus juris civilis


Императорот Јустинијан (527-566) е последниот кој успеал да ги обедини најголемиот дел од
Источна и поранешна Западна римска империја и кој се сметал за последен римски владетел или
за прв византиски владетел кој бил роден во Македонија, во денешен Таор, место што порано се
викало Таурисиум.
 Императорот Јустинијан бил познат по мислата дека императорот мора да биде наоружан
со оружје и со закони и извршил кодификација на целото римско право Работата врз
кодификацијата била спроведена од Трибонијан кој бил главен и вистински творец на
кодификацијата.
 Кодификацијата е значајна за правната историја на Европа бидејќи едиктите на
магистратите ја изучувале историјата на римскиот правен поредок.
Јустинијановата кодификација е составена од збирка на императорски конституции , Законот
на 12 таблици и посткалсичниот период, од прирачник составен од 4 книги од областа на
статусното, семејното, стварното, облигационото и наследното право и збирка на 150
конституции на Јустинијан.

Римското право по Јустинијановата кодификација

Јустинијановата кодификација имала примена уште 2 века и Јустинијан дозволил да се


преведе кодификацијата на грчки јазик.

Јустинијан имал забрането да се толкува кодификацијата без него но византиските цареви


менувале одлуки од Јустинијановата кодификација.

You might also like