You are on page 1of 5

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ

Предмет: Историја на право

Доц.д-р Лиљана Миланова

Испит

Јуни, 2020

Име и Презиме –Душан Павиќевиќ

Број на индекс -1981012

Датум -22.06.2020

Вкупно поени --------------------------------

(8 прашања по 10поени, вкупно 80 поени)

1. Карактеристики на апсолутизмот за време на Луј XIV.Особености на англиската


монархија.
2. Што е она што се нарекува ,,Просветен апсолутизам,,?
3. Обичајно, договорно и наследно право од времето на османското владеење со
Македонија.Обичајно казнено право и народното судство.
4. Зошто е значаен Хамурабиевиот законик, кој е неговиот придонес врз целокуното
право во Месопотамија и во што се огледа неговата индивидуалност?
5. Коj период од хронолошката периодизација на византиската правна историја оставил
најголем печат, т.е дал особн придонес во кодификаторската дејност?
6. Што е она што ги поврзува најзначајните збирки на германското обичајно правo, т.е
Визиготскиот закон, Бургундскиот закон, Салијскиот закон и Рупуарскиот закон и по
кои карактеристики може да се направи нивна дистинкција?
7. Кодификација и унификација на правото во времето на апсолутизмот. Што е она што ги
поврзува, а што разликува Англија и Франција?
8. Кои се најзначаните придобивки на ,,општогерманскиот кривичен законик,, од
1532година?
1.Карактеристики на апсолутизмот за време на Луј XIV
Франција за време на Луј 14 била типичен пример на апсолутистичка монархија на
континентот.Нему му се припишува и познатата формула Државата,ттоа сум јас која што значела
идентификување на државата со личноста на владетелот.Одтука целата власт целата сила е
концетрирана во рацете на кралот и во кралството не може да постои друга власт,освен онаа која
тој ја поставил.Доследно било и однесувањето којшто ограичувањата коишто сеуште постоеле
настојувал со сета сила да ги отфрли.така во 1673 год. Му наредил на парламентот на Париз сите
акти веднаш да ги регистрира без ремонстрации со што го исклучил парламентот како политичка
институција која што врши контрола на кралските акти.Франција во периодот на Луј 14 била
пример на апсолутистичка држава која нашла израз во владеењето на Луј14.Таа била модел за
низа кралеви војводи и грофови на континетот од кој што сите сакале да имаат свој Версај.Власта
била сконцетрирана во рацете на кралот кој зборел ,,Од мојата личност единствено суверената
власт извира на мене единствено ми припаѓа законодавната власт”.Територијата на Франција се
делела на област на обичајното ,Северниот дел на земјата и пишаното право јужниот дел на
земјата односно област во кој се применувало римското право.Со јакнење на кралсата власт се
повеќе кралските уредби со важност на целата територија на Франција добивале карактер на
примарен извор на правото.

2. Од средината на 18 век во низа држави во Западна Европа настанал периодот на „просветниот


апсолутизам“ чиишто најистакнати претставници биле Фридрих 2 во Прусија и Јосиф 2 во
Австрија.Овој облик на апсолутизмот не бил воопшто помалку апсолутизам од поранешните
примери:на владетелот не му била потребна согласноста на народот или на оптествените класи
иако тој морал во принцип да го почитува правниот поредок, не постоело политичко или судско
тело кои што ќе го ценеле неговите постапки или ќе го приморало да го почитува правото.Оваа
форма на државно уредување сепак била само повеќе од последната фаза на класичниот
европски апсолутизам, кој што го прифатил римскиот принцип на концентрација на власта во исти
раце.Просветените монарси исто така верувале во неограничениот национален суверенитет и во
значењето на државниот интерес што се ползувало како оправдание за се.Новите монарси во
Европа верувале во идеите на просветителството, што во сферата на правото значело победа на
природното право и опаѓање на авторитетот на римското право.Државата не му служела на
владетелот туку на општата благосостојба и сигурност според Христијан Вулф.Според општипт
земски законик од 1794 година целта на граѓанската заедница и општата цел на законите е
доброто на државата воопшто и на нејзиното население посебно, како и декој член на државата е
должен да помага според своите можности за доброто и безбедноста на општествениот живот.
Така од тука монархот повеќе не ја изведувал својата власт од божественото и ова значело крај на
патримонијалното сфаќање на монархијата.Дотогашните кралски земји станале државна
сопственост и владетелот добивал приходи од државата.Што се однесува до верските прашања
повеќе не била примарна задача на монархот да ја подржува нациналната црква.Почнале да се
основаат државни школи.Просветниот апсолутизам била фаза во којашто низ законодавната
дејност се вспоставувале норми обврзувачки иза самите влади, што бил чекор напред во
создавањето на уставна држава.
7. Во времето на апсолутизмот не значи дека законодавна активност немало или пак не постоел
развиток во сферата на правниот систем. Напротив ова било период на интензивна унификација и
кодификација на правото што пред се ги наметнувал стопанскиот развој и барањата за
хуманизација на кривичното право, што особено дошле до израз во 18 век и тоа во неговата втора
половина. Уште во првата половина од 16 век се појавиле првите кодекси на апсолутнат држава.
Франција за време на Луј 16 била типичен пример на апсолутистичка монархија на
Континентот:Нему му се препишува и познатата формула „Дражават тоа сум јас“ што значело
идентификување на државата со личноста на владетелот.Од тука целата власт и целата сила е
концентрирана во рацете на кралот, и во кралсртвото не може да постои друга власт, освен онаа
којашто тој ја поставил.Така тој во 1673 му наредил на Парламентот на Париз сите кралски акти
веднаш да ги регистрира без ремонстрации, со што го исклучул Парламентот како политичка
институција која што врши контрола над кралските акти.Кралските уредби со важност на целата
територија на Франција добивале карактер на примарен извор на правото.
Во текот на 16 век во време на владеењето на Тјудорите во Англија дошло до низа промени во
насока на развој на капиталистичкото стопанство, во индустријата, во полјоделството,
прекуморската трговија и морепловството и до создавање на слојот на новото благородништво
кое се создавало од редот на граѓанството односно редот на богатите трговци, бродоспоственици
и сл.Незадоволството било потикнато од растечката репресија која ја применувале вонредните
судови, арбитрерно, затворајќи лица “врз основа на специјалната наредба на
кралот“.Парламентот не се согласувал со надворешната политика на круната.Англиската црква се
одвоила од католичката и нењјзин поглавар бил кралот.

8. Општогерманскиот кривичен законик е донесен 1532 година од страна на царот Карло V кој
исто така бил наречен и „Constitutio criminalis Carolina“.Каролина имала општоимпериско
законодавство и како таква била во спротивност со партикуларистичките стремежи на пооделните
германски земји.Таа имала карактер на субспидијарен зборник на правото во однос на кривично-
правните одредби и оние за кривичната постапка во пооделните земји.Каролина содржела
одредби во најголем дел од областа на кривичната постапка и кривичното право.Каролина
предвидувала голем број на кривични дела и тоа против државата (предавство, побуни и сл)
против личноста (убиство, труење, клевета и сл) против религијата (богохулење, вражбини)
против моралот (родосквернавење, силување, двобрачност, повреди на брачната верност и сл)
против сопственоста (палеж, грабеж, кражба).Пропишувала систем на сурови казни кои биле
насочени кон заплашување.Смртната казна била честа и тоа со:набивање на тркало,
распарчување, закопување жив, давење во вода, запалување.Во Германија била доста присутни
судските процеси против вештерките кои што биле запалувани.Постоела инквизациона постапка
по иницијатива на судски органи и по иницијатива на приватен тужител.Кривичното право во
германските земји се до средината на 18 век стоело на позициите содржани во Каролина.Сепак
самиот општествен развој довел до негово реформирање главно со ублажување на казните при
што најтешките казни смртната казна и телесните казни се замениле со принудна работа додека
истовремено навлегувањето на сфаќањето на казната како начин на поправање – до затворање во
поправни и работни домови.
4. Хамурабиевиот законик (создаден 1760 п.н.е.) е еден од првите збирки закони (законици или
кодекси) и најдобро зачуваниот пример на овој вид на документ од Месопотамија. Создател на
законикот е Хамураби.Законикот набројува кривични дела и ним соодветните казни, како и
решенија за чести спорови и водич за поведение на граѓаните. Во законикот нема место за
објаснувања и опрадвувања, но, се разбира, дава можност за изложување на докази.Законикот
стоел јавно, на очиглед на секој; така, никој не можел да се оправдува дека не го познавал
законот. Меѓутоа стручњаците претпоставуваат дека во тоа време ретко кој обичен граѓанин знаел
да чита.

6. Најзначајни збирки на германското обичајно право кои се применувале во франкската држава


се. Визиготскиот закон, Бургундскиот закон, Салијскиот закон и Пипуарскиот закон.

-Визиготскиот закон најверојатно настанал 475 година, под силно влијание на римското право,
биле превземени правилата за договорите, наследувањето и доказната постапка.Во кривичното
право владеел системот на композиција или крвнина, а износот зависел од општествената
положба на сторителот и оштетениот, казните биле сурови, а најчесто биле применувани
телесните и смртната казна.

-Бургунскиот закон го издал крајот на 5-ти и почеток на 6-ти век кралот Гундобад кој претходно
бил одобрен од кралскиот совет и крупното благородништво.Карактеристични биле одредбите од
семејното право, братот се склучувал со купување на невестата, младоженецот пред свцедоци му
давал одредена сума на пари на таткото на невестата. Доколку до склучување на бракот не дошло
или невестата биула неверна, парите му се враќале на младоженецот. Разводот на брак бил
забранет, па мажот можел да ја избрка жената само ако се занимавала со магија или била
неверна, а ако ја избркал без причина, плаќал висока казна.Во наследното право првенствено
наследувале машките деца, ќерките наследувале само во случај доколку оставителот немал
синови.Во кривичното право, при докажувањето се применувале пургаторната заклетва и
судскиот двобој.Повеќето казни биле парични, а смртна казна се изрекувала поретко отколку во
Визиготскиот закон.

-Салијскиот закон бил збирка на обичајното право на салијските франки и влијанието на римското
право било најслабо, потекнувал од крајот на 5 ти век, за време на Карло Велики била издадена
пречистена верзијана законот.Најмногу одредби содржел од областа на кривичното право и
претставувал прецизна тарифа на легална композиција.Содржел и одредби од приватното право,
постоела колективна одговорност на семејството, жената имала подредена улога, не можела да
наследува недвижен имот, ако оставителот немал синови, ќерките ги наследувале само
подвижните предмети. Сквернавењето на гробовите било единствено кривично дело а се
казнувало со јавно исклучување од заедницата.

-Пипуарскиот закон настанал на почетокот на 6-ти век до средината на 8ми век. Тој бил збирка на
обичајно право на рипуарските франки во областа Аустразија во франкската држава. Силно било
влијанието на римското право и христијанскат црква. Прописите што ги носиле франкските
владетели не го содржеле називот Лекс.Лекс ги применувале народните судови.
Владетелот можел самостојно да ги носи актите кои се однесувале на функционирањето на
државата, кога тие биле поврзани со наследното право – Лекс – ги носел во согласност на
Франкското племенско собрание.Некои акти се носеле во согласност со соборот на
благородништвото.

You might also like