Professional Documents
Culture Documents
Марко Аурелиј, владетелот филозоф Да се живее според законите е важно - и за државата и за мир во себе
Марко Аурелиј, владетелот филозоф Да се живее според законите е важно - и за државата и за мир во себе
Идеен постулат на тој потврден историски дух и вредност бил стремењето кон
природното право, како синтеза со стоичкото учење, кој во својата изворна идеја ја
содржел антропоцентричната премиса на еднаквоста меѓу луѓето и градење на
космополитското единство.
Влијанието на стоицизмот врз римскиот правен дух особено се препознава во
контекст на „природниот закон“ преку симбиозата на духовното и материјалното,
кое треба да го отсликуваат законите за имаат квалитативен општествен дискурс на
она што е идеја на правото и правдата.
Неговиот прозен текст „За самиот себе“ во кои ги искажувал своите духовни
состојби и општествено правно-политички согледби, денес претставува еден од
најпреведуваните извори на античката филозофија, преку кој најевидентно се
согледува практикувањето и живеењето во склад со стоичките учења и самото
хуманистичко вреднување и расположение на владетелот Аврелиј.
Тој вели дека она што следува секогаш е во тесна врска со претходното и дека за се
постои логична поврзаност во согласност со начелото на каузалитет и дека е
потребано да се мисли на заедничката суштина од која сите се дел.
„Човеку, беше граѓанин на оваа голема држава. Што ти значи дали си бил пет или
сто години. Важно е дали си живеел според нејзините закони. Зарем е зло ако од
државата те прогонат, не некој тиранин или неправеден судија, туку самата
природа која те довела во неа…Ти самиот не си одговорен за тоа. Затоа појди со
блажена мисла, бидејќи оној кој те вика е полн со блаженство“, го завршува
Аурелиј со овие зборови своето вонвременско филозофско дело.
М.В. / veljanoskim@akademik.mk