You are on page 1of 7

Културата и уметноста на Стара Грција

Ќе се запрашаме, што е она по кое се разликуваат народите помеѓу себе? Сите ние
спаѓаме во човечкиот род и за секој човек преовладуваат исти права и можности, но има
едно нешто по кое ние како народи се разликуваме, а тоа е културата. Всушност,
мноштвото од култури го градат овој свет и го прават уникатен и единствен. Стариот век е
период во кој преовладуваат две култури, културата на Стара Грција и културата на
Стариот Рим.
Старогрчката култура претставува основа на културите на западната цивилизација,
од која сме се издвоиле и ние како култура. Оваа цивилизација извршила големо
влијание на јазикот, политиката, образовниот систем, филозофијата, науката и
уметностите. Делата на слепиот поет Хомер, „Илијада“ и „Одисеја“, претставуваат еден
значаен извор на информации за тоа како било родовското уредување и каква била
хеленската култура. За да ја истражиме подетално старогрчката култура, треба да ја
истражиме нивната митологија, религиозните обичаи, архитектурата, вајарството,
сликарството (односно уметноста), литературата, филозофијата, науката и така натаму.
Старогрчката митологија претставува збир на митови и легенди за тоа како
настанал светот, во кои во детали се опишува животот на боговите, божиците, хероите и
др. митолошки суштества. Старогрчката митологија, која денес се пројавува низ
старогрчката книжевност, е извор од кој денешните научници ги црпат изворите за
религиозните и политичките институции во Стара Грција. Боговите кои се јавуваат во
делата на Хомер, како и „Митот за јаболкото“, се црти на таа старогрчка митологија која
ние и ден денес ја проучуваме, а се пренесуваал од генерација на генерација по усмен
пат. Политеизмот, или верувањето во повеќе богови е карактеристика на старогрчката
култура. Познати се дванаесетте олимписки богови (Додекатеон): Зевс (крал на боговите,
бог на небото, бурата и правдата), Хера (кралица на боговите, заштитничка на жените,
бракот и мајчинството), Посејдон (господар на морето), Деметра (божица на плодноста),
Хестија (божица на срцето и домашното огниште), Афродита (божица на љубовта и
убавината), Аполон (бог на сонцето и светлината), Арес (бог на војната), Артемида
(божица на ловот и месечината), Атена (божица на мудроста), Хефес (бог на огнот и
коваштвото) и Хермес (гласник на боговите).
Страрогрчката религија е тесно поврзана со старогрчката митологија. Сите овие
богови се дел од старогрчката религија, како што во христијанството се светците.
Религијата има големо влијание во заедницата, па затоа се одразува и врз политичкиот
живот. Главните ритуали на старогрчката религија се состоеле од молитви, пренесување
дарови, жртвување, јавни празнувања и игри. Пророчиштата се основен аспект на
религијата и културата на Стара Грција. Пророштвото е одговор даден од бог за некој
специфичен предмет, некое место кое мора да се почитува и негува од страна на секој
човек, безразлика дали е крал или обичен селанец. На главниот бог Аполон, пророчиште
е Делфи.
Едни од најпознатите верски свечености се игрите кои се одржувале во чест на
боговите, пропратени со музика, песни и спортски натпревари. Античките Олимписките
игри биле религиозни и спортски фестивали кои се одржувале на секои четири години во
светилиштето на Зевс и Олимпија. Натпреварувањето било меѓу претстаници на неколку
градови-држави и царства во Стара Грција. Овие игри во себе вклучувале атлетика,
борбени спортови, тркачки настани со коњ и кочија.
Најцивилизиранара архитектура на тоа време, старогрчката архитектура, чиј
носител на архитектонскиот стил е храмот, разликува неколку стилови и тоа: дорски,
јонски и коринтски стил.

На сликата многу добро се гледа разликата помеѓу тие три стила. Дорскиот стил е
стилот кој најпрво се појавил и е едноставен и класичен, за тоа пример е поранешниот
храм Партенон во Атина, посветен на божицата Атена. Веќе во јонскиот стил може да ја
увидиме промената, која ја прави градбата поспецифична и различна од предходниот, а
за тоа пример е храмот Ерехтеон, Атина. Ситните детали ја прават градбата пораскошна и
доста поинаква од дорската градба. Коринтскиот стил е можам да кажам, за мене, еден
од најубавите и највпечатливите, а тоа го пренесува Храмот на Зевс во Олимпија.
Градбите се доста различни од предходните и со многу убави финеси и детали.
Вајарите и сликарите испирација црпеле од митологијата, па сите дела се
митолошки суштества, богови, херои. Меѓу вајарите познати се: Леохар, Лисип, Мирон.
Сликари кои оставаат белег на старогрчката уметност се: Апел од Кос, Зевксис, Пархасиј.
Литературата, како што предходно потенцирав, е заокружена со делата на Хомер и
Хесиод, како и лирската поезија која била придружена со лира и китара. Во драмата, прво
настанала трагедијата за која најзаслужни се Есхил, Софокле и Еврипид. Потоа ја имаме и
комедијата, која потекнува од ритуал во чест на богот Дионис, а како најпознат
комедиограф се јавува Аристофан. Како трет вид драма се јавува сатиричната драма и
зачувана е само драмата Киклопи од Еврипид.
Историографијата е поврзана со името на Ксенофон, еден од најпознатите
историчари во тој период. Познат е по делата кои ги напишал за Сократ (Извинувањето
на Сократ пред поротат, Симпозиумот, Спомени).
Во филозофијата, се поврзуваат имињата на Питагора, Хераклит и Демокрит, кои се
сметаат за филозофи на природата. Питагора дал низа етички совети во форма на песна
која се викала „Златни стихови“. Секој треба да размислува пред да прави нешто, за да не
направи глупост. Умереноста треба да не се изостави од секојдневието, умереност во
јадење, пиење, и вежбање. Секој треба да се навикне да живее чист, краток и доблесен
живот, без алчност и скржавост. Питагора вели: „Ако си направил зло, прекори се, ако си
направил добро, радувај се.“. Хераклит вели дека времето е игра која најубаво ја играат
децата, односно сè додека си дете е игра па дури и времето. Како раснеме така работите
се менуваат, повеќе ниту еден момент не е игра. „Човекот секогаш ја обвинува природата
и судбината, а сепак неговата судбина не е ништо друго освен ехо на неговиот карактер и
страсти, неговите грешки и неговите слабости.“ – вели Демокрит. Всушност, ние сме она
што е нашиот карактер, она во кое грешиме и сме слаби, ништо од тоа не е судбина туку
самите ние.
Филозофијата дали би била филозофија без најпознатите мудреци во антиката, а
тоа се Сократ, Платон и Аристотел. Има многи што да се зборува за секој од нив, но јас ќе
истакнам некои од најпознатите изреки на овие мудреци. Сократ смета дека најголемата
мудрост е да знаеш дека ништо не знаеш, односно во оној момент кога сфаќаш дека
нешто не знаеш веќе пола си го научил. Човек не можеш да го научиш сè, можеш само да
го научиш да мисли. Платон вели дека секој треба да бидеме љубезни кон секого, бидејќи
не можеш да знаеш низ каква борба минува човекот. Ученикот на Платон, Аристотел вели
дека спознанието на себе си е почеток на сите мудрости. Кога човек започнува да се
спознава себе си, всушност започува да учи се околу себе. Овие и уште многу други мудри
мисли и дела се извор на многу знаења во сите науки и области.
Плодот на оваа култура е значаен производ кој сите ние и ден денес го учиме и
применуваме. Вредноста која оваа култура ја пренесува векови низ историјата е подлога
за формирање на нови науки и знаења. Затоа таа понатаму се разгранува на многу други
култури. Културното наследство е значаен производ кој едно општество има да го
пренесе.
Извор: Википедија, https://www.motika.com.mk/30-skapoceni-zhivotni-lekcii-od-10-antichki-filozofi/
Изработи: Јована Митреска (12247)
Културата и уметноста на Стариот Рим
Старогрчката култура делумно се пренела и на Апенинскиот полуостров, каде
старите римјани ги прекопирале скултурите и градбите со таа разлика што малку ги
видоизмениле. Но сепак, културата се пренела и кај Римјаните. Градот Рим бил доста
населен и бил богат со театри, училишта, таверни, ресторани бањи и слично. Луѓето
живееле доста урбан живот и процесот на урбанизација бил доста интензивен.
За секојдневниот живот на Римјаните ќе потенцираме дека, семејствата биле
патријахално уредени и тоа играло главна улога во социјалниот живот и културните
квалитети на овој народ. Римското право е се до денес доста познато, но во тој период
жените, децата и робовите ги немале истите права како и главите на семејствата
(мажите).
Животот во Рим имал некој плански тек, на пример во центарот на Рим биле сите
бизнис збиднувања на мажите. Постоеле бањи, одвоени за мажите и жените, кои се
посетувале барем еднаш неделно од страна на секој Римјанин. Постоеле голем број
отворени и затворени манифестации кои биле бесплатни за секој човек, со тоа културата
се издигнувала на највисоко ниво. Познати се гладијаторските битки кои се воделе во
познатиот Колосеум.
Класната нееднаквост била доста очигледна во начинот на облекување на
населението. Плебејците, патријците, судиите, сенаторите, децата и жените целосно се
разликувале помеѓу себе во облеката која ја носеле. Дневните оброци се доста слични
какои нашите, со таа разлика што тврдата храна ја конзумирале со раце, прибор
користеле само за течната храна. Познато за Римјаните е конзумирањето на вино, кое
било служено со секој оброк (појадок, ручек, вечера). Алкохоличар се сметал човек кој
пие вино без да конзумира храна пред да го пие, бидејќи на тој начин му се намалувале
физичките и психичките ефекти.
Децата отпочнувале на училиште на шест годишна возраст и се очекувало до седма
година да научат да читаат, пишуваат и бројат. На 12 години децата ја изулувале
Латинската и Грчката граматика и литература. Ораторството била глава цел на
образовниот систем, бидејќи најголемиот успех за еден човек било да стане оратор.
Јазик кој Римјаните го котистеле бил латинскиот со своето латинско писмо
изведено од грчкото писмо. Во високата образовна елита се користел грчкиот јазик,
бидејќи литературата била на грчки јазик. Со самата појава на повеќе јазици како шпански
јазик, португалски јазик француски и италијански, латинскиот јазик останал само во
црковите како традиционален јазик.
Римската литература била под силно влијание на грчки автори и најчесто биле
создавани дела од типот на поезија, комедија, трагедија и историја. Од историски аспект
се познати делата на Леви, како и „Галските војни “ од Цезар и „Историја“ од Такитус.
Римската епска поезија е доменот во кој творел Вергилиј. Катул е првиот римски поет кој
започнал да пишува љубовна поезија и таа била автобиографска. Доста познати во
римската култура се реторичките дела на Цицерон.
Римската уметност која ја вклучува во себе архитектурата, сликарството,
скулптурата и изработката на мозаици, е многу значајна за понатамошниот развој на
уметноста. Луксузните предмети изработени од метал, гравирањето скапоцени камења,
резбите од слонова коска и обработката на стакло биле сметани за помала форма на
римска уметност. Скултпурата и фигуративното сликарство се сметале за највисока форма
на римска уметност. Во однос на римската архитектура, можеме да кажеме дека таа не е
многу значајна сама по себе но е важна поради својата распространетост. Вклучува во
себе голем број грчки и етрурски елементи бидејќи голем број грчки уметници твореле во
Рим во тој период. Римската архитектура останува белег за модерниот свет со градбата
Пантенон во Рим. Исто така доста познат е Колосеумот кој собирал 50,000 луѓе кој ги
следеле гладијаторските борби.
Музиката била многу важен дел од секојдневниот живот во Стариот Рим. Голем
број приватни и јавни настани биле придружувани од музика, од вечери па се до воени
паради и маневри. Но сепак музиката на старите римјани нема некое посебно значење
колку старогрчката музика, бидејќи имала единечни мелодии без некоја посебна
хармонија. Тубата, кој претставува дувачки инструмент, се користела за сигнализација на
секаков вид церемонии, од погребални настани па се до гладијаторски сцени.
Како и во секој сегмент од културата на Римјаните така и во религиските домени,
големо влијание има старогрчката култура. Религиските римски верувања пригатиле
голем дел од грчките верски убедувања, вклучувајќи го и претставувањето на грчките
богови во форма на луѓе. Сите луѓе во своите домови си имале свој олтар каде ги
кажувале своите молитви. Постоеле поголем број религиски обичаи кои се практикувале
во секојдневниот живот меѓу кои биле и: жртвување/гозби, годишни свештенства,
поворки, пророчшта. Имали и некои фестивали кои биле врежани во римскиот календар
како што се: Сатурналиите, Луперкалиите, Еквириите и Секуларните игри. Во римската
митологија, како и во грчката митологија, има многу богови меѓу кои се: Јупите (крал на
боговите), Марс (бог на војната), Јунона (кралица на боговите), Венера (божица на
љубовта и убавината), Сатурн (бог на земјоделството) и др. Во подоцнежниот римски
период, христијанството го зазема местото како државна религија на Рим. Императорот
Галериј го легализирал христијанството и тоа првично се развило во провинцијата Јудеја
(каде се развивало напоредно со јудаизмот).
Меѓудругото ова се дел од карактеристиките на римската култура која понатаму ги
проширила своите територијални размери. Христијанството кое е плод на оваа култура го
имаме и денес и понатаму го негуваме. Она што овие народи го створиле и го пренеле од
генерација на генерација ни служи на сите нас и во сегашноста.
Извор: Википедија

You might also like