You are on page 1of 8

Потеклото на човекот

Чарлс Дарвин
Чарлс Роберт Дарвин (nроден на 12 февруари 1809 – починал на 19 април 1882 — англиски
 природонаучник кој го сфатил и презентирал несовладливиот доказ дека сите живи видови еволуираат од 
заеднички предок, преку процесот кој тој го нарекол природна селекција.[1] 
Фактот дека еволуцијата настанува, е прифатен од страна на научната заедница и поголем дел од народот за
време на неговото живеење, додека неговата теорија на природна селекција доаѓа до таа точка да биде
широко прифатена како основно образложение на процесот на еволуција во 1930-ите,[2] и сега ги формира
основите на модерната еволуциона теорија. Во модифицирана форма, Дарвиновото научно откритије е
изедначувачка теорија на животните науки, овозможувајќи логично објаснување на разновидноста на
животот.[3]
За потеклото на видовите

• Книгата За потеклото на видовите од Чарлс Дарвин, за прв пат


објавена во 1859 година, е зачетник во научната литература и
во еволутивната биологија.[1]Оригиналното име на книгата
било За потеклото на видовите преку природна селекција,
или зачувување на подобрите раси во борбата за живот, а за
шестото издание во 1872 насловот бил скратен само
на Потеклото на видовите.[2] Таа ја претставила пред јавноста
теоријата дека биолошките популации еволуираат со текот на
генерациите низ процес на природна селекција. Книгата на
Дарвин била резултат на доказите кои ги собрал во текот на
второто патување на бродот „Бигл“ во 1830-тите и ги проширил
преку дополнителни истражувања и експерименти по
враќањето.[3]
Накусо за теоријата на Дарвин

• Дарвиновата теорија, изложена во делото „За потеклото на видовите“ се заснова на некои клучни
опсервации и изведени заклучоци:[4]
• Видовите имаат висока плодност. Тие раѓаат повеќе потомци отколку што можат да доживеат
зрелост.
• Популациите остануваат грубо со иста бројност, со мали промени.
• Ресурсите на храна се ограничени, но се релативно стабилни во текот на времето.
• Поради досега наведеното, се развива имплицитна борба за опстанок.
• Кај потомството, генерално нема две исти индивидуи.
• Некои од овие варијации директно ја афектираат способноста на индивидуата да преживее во
дадена околина.
• Голем дел од овие варијации се наследни.
• Индивидуите кои се послабо прилагодени кон околината имаат помали изгледи да преживеат и
да се репродуцираат, и обратно.
• Индивидуите кои преживуваат имаат изгледи да ги пренесат своите наследни особини на
следните генерации.
• Овој бавен процес резултира со популации кои со текот на времето се прилагодуваат на
околината, и конечно, по поголем број генерации, овие варијации сочинуваат нови варијации, и
најпосле, нови видови.
Геолошка временска скала
• Геолошка скала — систем на хронолошко изразување на одделните периоди во минатото
што ја одразува стратиграфија на Земјата и наоѓа примена во геологијата, палеонтологијата
 и други науки за Земјата согласно редоследот на позначајни настани во нејзината историја.
Поделбите и боите и временските периоди на тука претставената табела се водат според 
номенклатурата на Меѓународната комисија за стратиграфија (ICS).
• Наодите од радиометриско датирање укажуваат на тоа дека Земјата е стара 4,54 милијарди
години. Нејзиното „длабоко минато“ е поделено на повеќе периоди во склад разни
позначајни настани што го карактеризираат секој период. Периодите исто така се
препознаваат и по различниот состав на секој слој, што укажува на крупни биолошки и
палеонтолошки збиднувања како масовни изумирања. На пример, границата помеѓу
периодите креда и палеоген ја исцртува т.н. „кредопалеогенско изумирање“ го бележи
исчезнувањето на диносаурусите и многу други видови на организми. Постарите временски
дијапазони за кои нема доверливи фосилни наоди (пред еонот протерозоик) се определени
според апсолутна старост.
Фосили
• Етимологијата на терминот фосил е со латинско потекло: fossus –
ископан. Тие окаменотини се всушност минерализирани, или
поинаку сочувани остатоци на животните и билките, па и
останатите форми на живот. Збирот на сите фосили и нивната
распореденост во фосилиферни (кои што содржат фосили)
формации карпи, и седиментни наслаги (страти) е познато како 
фосилен белег. Изучувањето на фосилите низ геолошкото време,
како се формирале, и еволутивните врски, се само некои од
најважните функции на науката која се нарекува палеонтологија.
Фосили во Македонија
• Во првиот дел од палеонтолошката изложба е претставена 
геолошката историја на Земјата и еволуцијата на растителниот и
животинскиот свет низ геолошките ери, периоди и епохи. Во овој дел,
на сликовит начин, преку карти, цртежи и илустрации се претставени
постарите геолошки ери и периоди. Од фосилната фауна, низ
палеозојската ера доминираат трилобитите, најстари фосили откриени
во Македонија, со старост од над 550 милиони години.
• Во вториот дел од изложбата, претставен е богат фосилен материјал од
помладата геолошка историја. Оваа фауна е претставена со фосилни
остатоци од изумрени видови на слонови, жирафи, носорози, антилопи
, хипариони, мајмуни, сабјест тигар и други животни, кои живееле на
територијата на денешна Република Македонија, пред 8 до 10 милиони
години, во плиоценот. Особено импресивни се бивните — втори горни
секачи, што му припаѓале на Bunolophodont sp., со должина над 4 метри.
Животното тежело веројатно 5 тона.[7]
Изработил:

• Васко Довлев

You might also like