You are on page 1of 3

СЕДУМТЕ МУДРЕЦИ

” Сите тие беа пријатели на лакедемонското образование. Нивната


мудрост се состои во кратки и достојни за помнење реченици што секој од
нив ги изрекол. Тие се соединиле и со првичното од својата мудрост му
дадоа завет на Аполон во Делфискиот храм, запишувајќи го она што сите
го слават – Спознај се себеси! А, зошто го зборувам тоа? Зашто тоа беше
начин на философирање кај старите. Некоја лаконска збиеност во начинот
на изразување. Така и онаа Питаковатасе пренесуваше како негова лична
изјаваи мудреците ја коваа во ѕвезди – Тешко е да се биде благороден!”
( Платон, Протагора 343 А)

- Во 6век п.н.е. за време владеењето на Кир, во епохата на пропаѓање на


јонските слободни држави кои се издигнаа на висок степен на образованост се
појавила философијата. Во тој период се појавуваат поединци кои се истакнале
со својот особен талент, мудрост, фантазија, наука. Дел од нив беа советодавци
кои мораа да се повлечат од јавниот живот, бидејќи граѓаните ги презираа
поради нивната способност и надмоќ. Други беа законодавци на слободата.
Збор е за седумте мудреци –Талес , Солон, Биас, Хилон, Питак, Перијандар и
Клеобул.
- Херодот говори за Талес , дека ги советувал Јонците уште пред нивното
потчинување од страна на Крез да создадат своевидна федеративна држава со
заедничка престолнина со цел да имаат моќ да се спротивстават, Јонците не
сакајќи да се откажат од својата индивидуалност не го послушале, па
следствено останале победени и ја изгубиле својата слобода.
- Биас дал спасоносен совет за повлекување на Сардинија со заедничка флота и
создавање на единствена Јонска држава, како начин на задржување на
слободата и избегнување на ропството. Би биле најсреќни од сите Хелени ако
го послушаа, ќе го завземеа најголемиот остров, и би ги потчиниле сите други
хеленски племиња.
- Солон бил законодавец во Атена. Во историјата ќе остане запомнет по своите
закони со кои прокламира еднаквост на човековите права и демократија,
децидно отфрлајќи ја тиранијата. Воочената слабост во уставот му овозможила
на Пизистрат да ја наметне својата власт, но едновремено и да ги спроведува
Солоновите закони. Несогласувајќи се со неговата намера, Солон со штит и
оклоп, што и тогаш било необично, влегол во собранието и им се обратил на
Атињаните – Јас сум помудар од некои и похрабар од други. ПОмудар сум од
оние кои не ја забележаа Пизистратовата измама, а похрабар од оние кои ја
согледаа но од страв молчат. Неможејќи ништо да стори ја напушта Атена.
Пизистрат со писмо го повикува – “ Ниту сум единствен меѓу Грците што ја
зграбил тиранската власт ниту сум ја зграпчил како нешто што не би ми
припаѓало, бидејќи потекнувам од Кодровиот род. Според тоа, јас само го
земав она што Атињани под заклетваа ветуваа дека ќе го сочуваат за Кoдрус и
неговото поколение, но му го одземаа. Јас не правам ништо неправедно против
боговите и луѓето, туку како што ти на Атињаните им ги посвети законите, јас
внимавам законите да ги почитуваат и до нив да се придржуваат. Овие односи
подобро се одржуваат отколку во некое народно владение. Јас никому не му
дозволувам да прави неправда и како тиранин не барам за себе ништо повеќе
од чест и почитување што им се укажувани и на другите кралеви, и оние
утврдени дарови кои ним им се давани. Секој Атињанин дава десеток од својот
приход , но не мене туку за трошоците за јавните жртвени обреди, за државата
и можна војна. Јас не ти се лутам што го откри мојот план. Бидејќи ти го стори
тоа повеќе од љубов кон народот отколку од омраза кон мене. И зашто
незнаеше како ќе владеам. Во спротивно ќе се согласеше на моето владеење и
немаше да побегнеш”. Во својот одговор Солон вели дека тој лично не
чувствува омраза кон Пизистрат и дека мора да го нарече најдобар од сите
тирани. Но, да се врати не му доликува. А , Атињаните се навикнаа на
солоновите закони така што врховната власт станала непотребна, а
Пизистратовите синови биле протерани, така што Солоновиот устав почнал да
се одржува сам по себе.

Изреките на седумте мудреци се подавање на големи суштини во кратки искази. На пример,


Мерата е најдобра, Ништо премногу, Спознај се себеси, Демократијата е подобра од тиранијата,
Задоволствата се смртни а доблестите се бесмртни.

- Изложување на учењето за евдајмонија. Една од најпознатите изреки е онаа


која ја изрекол Солон – „Никој не треба да се смета за среќен пред неговата
смрт“. Среќата и блаженството се цел на сите наши тежнеења, во нив е
смислата на човековиот живот. Во Солоновата изрека се наоѓа извесно
издигнување над сетилноста. А, што е среќата? Во неа секако се наоѓа некое
задоволување на индивидуата кое се постигнува со задоволување на телесните
и духовните уживања. Евдајмонизмот содржи среќа како состојба за цел живот,
тоталитет на уживањето. Поединечното мора да се запостави. Тоталитетот е
нешто општо , единствено, правило за поединечните уживања. Споредена со
Индиската философија, евдајмонизмот се прикажува како спротивен на неа. По
индиската философија, цел на човекот е ослободување на душата од телото,
душата да биде по себе и за себе како целосна апстракција. За Хелените
задоволувањето на душата се бара но не со бекство, повлекување во самата
себе, туку во сегашноста , конкретно задоволство во врска со околината. Во
среќата е содржината на уживањето и задоволувањето на субјектот, на општ
начин, поединечното уживање се изгубило, форма на општост е во него. За
човек да се нарече среќен мора да се сочека и неговата смрт, дури и смртта да
се случи на побожен начин.
- Изложување на учењето за калокагатија. Во сочуваните изреки се појавува и
специфично хеленскиот поим калокагатија. Убавото е добро, доброто е убаво.
Овој поим покажува дека Хелените не биле ниту етички ниту естетички
еднострани. Убавото и доброто се поклопуваат во најголема инстанција, така
што се објавуваат како народ кој во својата етика е естетичен и во својата
естетика етичен.
“Дајте ми да бидам убав однадвор, а мојата внатрешност да биде во
хармонија со моите надворешни особини “, (Платон, Федар)

You might also like