You are on page 1of 3

ЕЛЕЈСКА ШКОЛА

Елејската школа настанала во градот Елеја (Јужна Италија) во 6 век п.н.е. Претставници се
Ксенофан, Парменид и Зенон. Битието го објаснуваат рационално по пат на дедуктивно
заклучување.

Ксенофан

Се смета за оснивач на Елејската школа. Роден е во Колофон. Живеел од средината на


шестиот до средината на петиот век п.н.е. Веројатно 107 години. Го обновил орфичкиот идеал на
философ-поет. Пишувал химни, поеми, елегии. Го напуштил својот град разочаран од луѓето кои
не умееја да го бараат најдоброто во добрите и убавите нешта. Кои западнаа во тиранија
неможејќи да ѝ се спротивстават. За нив сосема е природно владетелот да биде неограничен
господар. Сѐ што посакуваат тие е слично на животните, не копнеат да се ослободат од тиранијата,
туку да паднат во рацете на добар тиранин. “Колофон го напуштив затоа што себеси се гледав како
човек и сакав да живеам меѓу луѓето, а не со говеда и коњи”.

Ксенофан е првиот критичар на митологијата и на антропоморфниот карактер на


религијата. Тврдел дека боговите се производ на човечката фантазија и дека луѓето ги сликаат
според својата лика. “Кога воловите, коњитe и лавовите би имале раце и кога би знаеле да
сликаат, тогаш воловите би ги насликале своите богови како волови, коњите како коњи, лавовите
како лавови”.

Клучниот философски став е изведен исклучиво рационално и никаде не се потпира врз


сетилата. Нивната интелектуална фасцинација од човековата рационална моќ оди до крајност, до
негација на сведочењето на сетилата, до креирање на идејата за идентитетот помеѓу мислењето и
битието.

Ксенофан го прогласува битието за Едно. “Едно и сѐ”. Бог е еден, не личи на луѓето ниту
по ликот ниту по умот. Во Едно-то се содржи сето мноштво но самото тоа е над тоа мноштво. Тоа е
единство на мноштвото, едно, вечно, неменливо, неделиво, неподвижно а причина на сето
движење, тоа е неподвижен двигател, во форма на sfairos, топка (совршеното геометриско тело).

Парменид (540-460г. п.н.е. Елеја)

Основната теза на Парменидовата философија изложена во списот “За природата” гласи


“Битие Е, Не-Битие не е!” Мислењето е исто што и Битие, затоа што она кое не постои не може ни
да се мисли. Ако би било предмет на мислење нужно би постоело барем во самото мислење. И
повикува “Гледај со интелектуалните очи пред себе на она што го нема како да е дадено”.
- Битие е Едно, вечно, неменливо, неделиво, непротивречно, неподвижно, ненастанато,
неуништиво, совршено, во форма на топка. Апстрактно без конкретни особини.
- Не-Битие е мноштво, празен простор, движење.

Бидејќи битието е едно, нема мноштво, бидејќи исполнува сѐ нема празен простор, бидејќи нема
празен простор нема движење.

Битието е ненастанато – Ако настанало од Битие тогаш воопшто не настанало бидејќи веќе
постоело, а невозможно е да настанало од небитие бидејќи небитието е ништо, а од ништо
неможе да настане нешто.

Битието е вечно – не настанува и не нестанува. (Вечноста не се подразбира според време и


простор туку во смисла на еднаквост со самото себе).

Битието е непроменливо – кога би било променливо тоа би се променило во нешто различно од


себе, а различно од битието е небитие, а небитието не е. Кога би се променило би отстапило од
својата совршеност, би требало да стане несовршено. А, како би можело Бог да не е совршен?

Битието е неподвижно – Кога би било подвижно би се движело во нешто полно или во нешто
празно. И двете се невозможни. Во полното неможе да се движи а празниот простор е небитие.

Битието е Едно. Кога би биле две би се ограничувале. Едното би било причина за уништување на
другото Едно, а тоа е невозможно бидејќи битието е неуништиво.

Зенон ( 489г. п.н.е Елеја),

доследниот Парменидов ученик кој почитувајќи го философскиот монизам и рационализам си


постави задача да ги побива спротивставените концепции сведувајќи ги на бесмисла.

Неговата задача не е нималку едноставна, напротив, особено е тешка. Тој треба да ги


докаже тврдењата на својот учител - Битие е Едно, Не-битие е мноштвото, празниот простор и
движењето. Сето тоа од преголема љубов и почит кон учителот и верата во вистината. Зеноновите
аргументи се замислени така што треба да ги побијат Парменидовите опоненти прикажувајќи ги
нивните тези како смешни и противречни. Се користи со методот reductio ad absurdum, сведување
до апсурд, кој е индиректен начин на докажување на вистината. Тој ги побива спротивставените
тврдења сведувајќи ги до апсурд, а тие се апсурдни кога содржат противречност. Бидејќи умот не
трпи противречност, тие се невистинити, а штом тие се невистинити, учењето на неговиот учител е
вистинито. Неговите исклучително интересни, досетливи и непобивливи докази се нарекуваат
апории – ќорсокаци. Според некои извори, Зенон составил 45, Аристотел вели дека имало 27, а во
списот Физика наведува 4 – Ахил и желката, Стрела, Стадион и Дихотомија.
- Дихотомија (поделба на два дела) Претпоставуваме дека треба да се помине од точката А
до точката Б. Но, за да се стигне до точката Б, услов е да се стигне барем до половина пат
меѓу точката А и точката Б. Но, меѓу таа половина постои друга половина и така во
бесконечност. Со оглед на бесконечната делба на просторот, на бесконечниот број точки
што во конечно време треба да се поминат, ние никогаш не ќе стигнеме до точката Б.
- Ахил и желката. Претпоставуваме дека Ахил и желката се натпреваруваат во трчање. Како
чесен и честит натпреварувач, брзоногиот Ахил и дава предност на желката. Во времето
кога Ахил стигнува до местото од каде тргнала желката, таа веќе се поместила до следната
точка, кога Ахил ќе стигне до таа точка, желката се поместила до следната точка, кога Ахил
ќе стигне до таа точка , желката совладала друга оддалеченост. Така Ахил никогаш не ќе ја
достигне желката.
- Стрела. Земаме стрела која се движи. Според питагорејската теорија, стрелата би требало
да завзема одредена положба во просторот. Но, да се зазема одредена положба во
просторот значи да се биде во мирување. Оттаму, движењето го сфаќаме како збир од
мирувања што е бесмисла. Велиме – стрелата која лета всушност мирува.

You might also like