You are on page 1of 1

НЕОПЛАТОНИЗАМ

Плотин (204-270)
I. Биографија
 Ученик на познатиот неоплатонист Амониј Сакас
 Напишал 54 текстови, кои неговиот ученик Порфириј ги
објавил под наслов Енеади (деветкнижија) – 6 книги
II. Неоплатонизмот
 Неоплатонизмот на Плотин претставува мистично и
религиозно надградување на идеите на Платон
 Основа на сé е Едното (божеството), тоа е праизвор, праискон,
се настанало од него
 Нашата реалност е дел од божествената реалност –
панентеизам (сé е во Бог)
III. Еманација – патот надолу
 Едното не создава, тоа еманира, излева од себе
 Едното еманира 3 хипостази (форми на постоење)
o Ум-слика на божеството, определу какви ќе бидат
поединечните нешта
o Космичка душа- причина за поединечните души кои
минуваат низ процесот на метемпсихоза
o Материјата – најдалеку од божеството, слична на
небитието, зло
IV. Сознанието –патот нагоре
 Три степени на сознание
o Сетилно
o Разумско
o Интуитивно
 Мистична екстаза – непосредно лично доживување на
божеството преку излегување од сопствената телесност и
сетилно материјалниот свет и спојување со Едното
V. Етика
 Телото е затвор за душата
 Душата се стреми да се врати во праизворот од кој потекнува
 Љубовта е патот кон праизворот, над сé е мистичката љубов –
целосно предавање и соединување со божеството,
реализирање на смислата на постоењето

You might also like