You are on page 1of 5

РЕЧЕНИЦА И ИСКАЗ

1. Реченица
• својствата и односите на предметите и појавите ги искажуваме со поврзување на
поимите
• речениците со кои нешто или тврдиме или одрекуваме ги викаме искази
• иако исказите се реченици, сите реченици не се искази
2. Исказ
• исказот е смисловна реченица со која нешто се тврди или се одрекува
• исказот е реченица што може да биде вистинита или лажна, но не истовремено и
вистинита и лажна
3. Вредност на вистинитоста
• својството на исказот да биде вистинит или лажен се вика вредност на
вистинитоста

БРОЕЊЕ И МЕРЕЊЕ

1. Општо
• броењето и мерењето се помошни методски постапки кои ни помагаат да ги
прецизираме податоците добиени од посматрањето и од експериментот
• овие методски постапки ги нарекуваме помошни, бидејќи не ни даваат конечни
одговори на поставените прашања, а резултатите добиени на овој начин треба да
се подложат на понатамошна обработка и да се протолкуваат
2. Броење
• броењето е постапка за утврдување број на елементи на една класа
• попрецизно зборувајќи, бројот не е својство што им се придава на самите
предмети, туку тоа е својство што им шрипаѓа на класите објекти, дури и тогаш кога
тие имаат само еден елемент
3. Именувачка улога на броевите
• броевите кои имаат именувачка улога служат како знаци за идентификација
• нивната функција е иста со функцијата на личните имиња: ги именуваат
предметите, но не ги означуваат, не ни кажуваат ништо за нив
4. Бројот како степен на определено својство
• броевите можат да изразуваат степен на определено својство: густина, количник
на интелигенција, топлина на телото итн
5. Основна улога на броевите
• со својата основна улога броевите изразуваат одредени квантитети (количини), и
тогаш се однесуваат на екстензивните својства
6. Мерење
• мерењето е методска постапка за точно определување на квантитетот на нештата
• за да може мерењето да се примени треба да постојат мерни инструменти и
систем од мерни единици
• во светот се користат различни мерни единици за исти величини и тоа ја отежнува
понекогаш комуникацијата меѓу луѓето
• во 1960 година е усвоен Меѓународниот систем SI што се базира на седум физички
величини и соодветни мерни единици
7. Директно и индиректно мерење
• постојат два вида мерење: директно и индиректно
• директното мерење се применува на екстензивните својства . Основни
екстензивни величини се масата,должината и времето
• интензивните својства се тешко мерливи и затоа нив ги мериме индиректно. Но за
да се мерат интензивните својства, прво треба да се утврдат некои константни
релации што тие ги имаат со екстензивните својства, и на тој начин да се измерат

ЕМПИРИСКИ МЕТОД - ЕКСПЕРИМЕНТ

1. Експеримент
• за разлика од посматрањето, со кое појавите и нивните својства се испитуваат во
природни услови и самиот истражувач не учестува во нив, при експериментот
истражувачот директно влијае врз појавата што се проучува, ја менува и , во крајна
линија, ги создава условите
• експериментот во логиката се дефинира како методска постапка на намерно
предизвикување на појавите заради нивно проучување
2. Експериментатор, експериментален чинител, експериментална ситуација
• за да се спроведе еден експеримент, неопходно е да постои експериментатор –
лице или тим што го планира и го организира експериментот, ги менува условите,
го контролира изведувањето, ги анализира и ги толкува добиените резултати
• она врз што се експериментира се вика експериментален објект
• претпоставената причина на појавата што се истражува, т.е. факторот што се
варира во експериментот, се нарекува експериментален чинител или независна
варијабла. Таа се менува во текот на експериментирањето за да се утврди дали
навистина е причина за појавата што се истражува
3. Експериментална ситуација
• експерименталниот објект и експерименталниот чинител ја сочинуваат
експерименталната ситуација
• во текот на истражувањето се настојува да се создаде колку што е можно „почиста“
експериментална ситуација. Тоа значи, појавата што се истражува и
претпоставената причина да се издвојат од сложениот сплет на односи со другите
појави и да се исклучи влијанието на други фактори
4. Цел на експериментот
• на примената на секој ескперимент му претходи определена претпоставка за
поврзаноста меѓу испитуваната појава и нејзината причина, која во науката се
нарекува хипотеза. Со експериментот треба да се провери таа претпопставка, т.е.
да се утврди дали постои причинско – последичен однос меѓу тие појави
• експериментот служи и за создавање предмети и појави што не постојат во
природата. Така се настанати различни видови пластични маси, прехрамбени
продукти, лекови од синтетичка природа итн
• експериментот може да се користи и за покажување на некои релации меѓу
предметите и појавите кои се веќе откриени. Оваа примена на експериментот е
многу честа во наставата, и овој тип експеримент е познат како демонстративен
експериент
5. Лабораториски и теренски експеримент
• лабораториски експеримент се изведува во специјално создадени услови, најчесто
се применува во екзактните науки
• теренски експеримент се спроведува во природни услови и се користи за
истражување на општествените појави
6. Недостатоци и предности на експериментот
• експериментот како метод наоѓа широка примена во науката, нему му се укажува
голема доверба, па дури се оди до таму што се смета дека единствено тој може да
даде сигурни, проверени научни знаења
• покрај наведените предности, не е сосем исклучено со експериментот да се утврди
причинско – последична поврзаност помеѓу појавите кои се независни една од
друга. Од тие причини, при спроведување на експериментот се образуваат две
групи: експериментална и контролна група
• екпериментална група – во неа чинителот се менува
• контролна група – чинителот останува непроменет

ЕМПИРИСКИ МЕТОД - ПОСМАТРАЊЕ

1. Посматрање
• терминот емпириски метод се користи како заедничко за посматрањето и за
експериментот
• кога ќе кажеме дека некој нешто посматра, во суштина кажуваме дека тој го
насочил своето внимание на некој настан во кој не е вмешан самиот, со цел да
дознае нешто
• во логиката посматрањето се дефинира како методска постапка со која го
насочуваме вниманието кон определена појава, со цел да ја согледаме, да ја
познаеме онаква каква што е, без притоа да ја менуваме
• посматрањето треба да се разграничи од перципирањето, кое, всушност,е основа
на овој метод
2. Предмет и цел на посматрањето
• за одвивање на оваа методска постапка, неопходно е да постои предмет и цел на
посматрањето
• клучен фактор во посматрањето е посматрачот (истражувачот), кој ја планира
постапката, ги определува предметот и целта, ја следи појавата, ги анализира и ги
толкува резултатите
3. Услови на посматрањето
• условите што треба да бидат задоволени за сосодветна примена на овој метод,
логичарите ги делат во две групи – психолошки и логички
• психолошките услови се однесуваат на самиот истражувач: да има развиени
сетила, да поседува способност за апстрактно логичко мислење (анализирање,
синтетизирање, заклучување)интелектуална љубопитност, трпеливост, истрајност,
да нема предрасуди, истражувањето да не го спроведува за лична корист итн.
• во логичките услови обично се вбројуваат: егзактноста, прецизноста и
методичноста
• посматрањето ќе биде егзактно ако истражувачот ниту му одзема ниту му додава
нешто на предметот што го посматра, туку го набљудува објективно онаков каков
што е
• прецизноста значи резултатите добиени од посматрањето да се изразат точно , по
можност и квантитативно (со бројки)
• методичноста наложува посматрањето да се изведува постапно, по определен ред
4. Резултати од посматрањето
• посматрањето како метод има свои предности но и недостатоци
• предностите се состојат во тоа што појавите, предмстите и нивните својства се
истражуваат во природни услови, самиот истражувач не учествува во нив, не влијае
на нивниот тек, туку ги восприема онакви какви што се
• најсериозниот недостаток на овој метод е тоа што треба да се чека појавата да се
случи, а кога се работи за појави кои се многу ретки, тоа може да трае приближно
колку еден човечки животен век
• резултатот од посматрањето го сочинуваат сите знаења, констатации, изразени во
форма на искази до кои се дошло по пат на восприемање и мислење

ПОДЕЛБА НА ИСКАЗИТЕ СПОРЕД НИВНАТА СТРУКТУРА

1. Елементарни искази
• според својата структура, исказите во логиката се делат на елементарни и сложени
искази
• определбата на исказот како реченица со која нешто се тврди или одрекува, и
според тоа може да биде вистинита или лажна, се однесува на елементарните
искази
• елементарниот исказ не може понатаму да се подели на попрости искази, туку
само на деловите на исказот, а тоа се субјект и предикат
2. Поделба на исказите
• исказите со кои нешто се тврди ги нарекуваме афирмативни (потврдни)
• исказите со кои нешто се одрекува ги нарекуваме негативни (одречни)
• ако со елементарниот исказ се кажува нешто за единечни предмети тогаш тоа е
сингуларен исказ
• ако со елементарниот исказ се кажува нешто за група објекти кои се само дел од
некоја класа тогаш тоа е партикуларен исказ
• ако со елементарниот исказ се кажува нешто за сите елементи на определена
класа тогаш тоа е универзален исказ
3. Сложени искази
• од елементарните искази и сврзници се образуваат сложени искази
• треба да се нагласи дека логиката се апстрахира од содржината на исказите и
своето внимание го концентрира на нивната вистинитосна вредност

You might also like