You are on page 1of 2

ЕПИКУР

Епикур се родил 341 г. н.е. на островот Самос. Пoтекнува од сиромашни родители. Мошне
млад почнал да студира философија, а некои од учителите му биле атомисти и Демокритови
следбеници. Во триесет и шестата година од својот живот во Атена ја отвора својата школа која ја
нарекувале Епикурејска градина, а нејзините ученици „оние од градините“. Натписот над портите
гласел „Патнику овде ќе ти биде добро, овде највисокото добро е уживањето“. Право на
школување имале и робовите и жените. Учениците го почитувале и биле верни на својот учител.
Некаде е запишано „Кога неговиот (Епикуровиот) живот во својата самодоволност ќе се спореди
со животот на другите луѓе , тој потсетува на мит“. И затоа можеби, неслучајно учениците во него
гледале повеќе оснивач на религија, пророк, отколку учител-научник. Се здобил со божествени
почести. Му се припишува оригинална философска идеја , но несомнена е блискоста со Демокрит.
Епикуровите дела (сведоштвата помнат 300) не се сочувани. Постојат фрагменти од
неговото најголемо дело „За природата“. Неговата философија има три дела Каноника (теорија
на познанието), Физика и Етика. Целта на философијата по Епикур е човековата среќа. „Никој нека
не ја занемарува философијата во младоста и нека не се измори од неа во староста“. Бидејќи
никој неможе да биде незрел или презрел за здравјето на душата. За да се биде среќен , потребно
е да се познаат законите на природата. „Без познание на природата неможам да ја достигнам
светлоста на уживањето“. Епикуровото учење за природата произлегло од етичката тенденција
низ познанието на светот и животот да се надминат натприродните причини за несреќа кои се
само слика на човечките вообразби, примитивни претстави и предрасуди и одржување на човекот
во постојан страв од смртта кој го оневозможува достигнувањето на душевниот мир и
благосостојбата.

Физика

Материјалниот свет Епикур го признава како единствена стварност. „Вселената – тоа се


телата и празниот простор“. Во основата на материјата се наоѓаат атомите. Тие се вечни,
неуништиви, непроменливи, неделливи. Атомите се безбројни по квантитет, а празниот простор е
бесконечен. Оттаму, вселената е бесконечна. За егзистенцијата на материјата сведочат осетите, за
егзистенцијата на празниот простор сведочи движењето. Разликата со Демокритовото учење се
согледува во тоа што Епикур покрај големината и обликот на атомите им припишува и тежина. Тој
познава и атомска маса и атомски обем. Но, и наспроти праволиниското и детерминирано
движење кај Демокрит , Епикур говори за деклинирање на атомите од своите патеки, засновано
на индетерминистичко движење во чија основа се наоѓа слободата која му беше неопходна за
создавање на етичкото учење. Во природата с# настанува со соединување на атомите и с#
нестанува со нивно разделување. Со оглед на бесконечноста на вселената, постојат безброј
светови. Во меѓусветовните простори Епикур го лоцира постоењето на боговите кои се состав од
етерски и префинети атоми. Тие се убави и среќни и не помислуваат на човековите активности и
не се мешаат во природните и општествените случувања. Кога би се мешале во збиднувањата на
овој свет, тие би се загрижиле, а тоа е спротивно на божјото блаженство. Оттаму, мудриот човек
не се плаши од боговите и од смртта која е само разделување на атоми, бидејќи „Кога сме ние
тука, ја нема смртта, кога ќе дојде таа нас не нема“.

Каноника

Канониката е теорија на познанието. Го овозможува определувањето на каноните


(нормите) на сознанието, критериумите за вистинитото и невистинитото. Епикурејската позиција е
материјалистичко-сензуалистичка. Објектот на познание ги дразни нашите сетила кои реагираат
на дразбите и произведуваат осети. Основната поставка е дека нашите перцепции се вистинити во
својот однос кон надворешниот свет. Од површината на стварите постојано еманираат (се
излеваат) млаз атоми кои се невидливи. Таквите честици наидуваат на симпатии во нас, т.е.
сродни нешта во нас кои ги препознаваат.

Етика

„Задоволството е почеток и крај на блажениот живот“. Епикур не застапува вулгарен


хедонизам кој објавува моментни задоволства и реализација на блудства и страсти. Претпочита
духовни задоволства. Задоволството го согледува во отсуство на бол и страдање. Тоа е состојба на
невознемиреност на духот, кога телото е здраво , а душата спокојна – атараксија. Задоволството
се јавува како цел само ако уживањето е резултат на философијата. Безумното, неразумно
суштество кое се дави во задоволства е неможно да се нарече епикуреец. Со силината на мислата
философот го осознава вистинското задоволство, наспроти моментното задоволство со кое
запаѓаме во страдања, бол и несреќа. „Подобро е да се биде несреќен со ум , отколку среќен со
безумност“. Мудриот човек не ги зголемува своите потреби, зашто тоа е зголемување на изворите
на бол. Тој поскоро потребите ги намалува до минимум. Епикурејците се убедени дека мудриот
човек може да биде среќен и во моментите на телесно мачење. И распнатиот мудрец е среќен.
Дури и запален и мачен , и во внатрешноста на фаларисовиот бик, тој ќе рече – Колку е пријатно,
колку малку јас се грижам за ова. Оттаму епикурејската етика води кон умерен аскетизам.
Доблеста според Епикур е услов за душевно спокојство. Основна доблест е разумноста која може
да го изгасне огнот на сите страсти, кои се всушност извор на страдања.

You might also like