You are on page 1of 15

СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Битола

ПРВИТЕ
СЛОВЕНСКИ
ПРОСВЕТИТЕЛИ
Изработиле:
IV1
8. Ангел Димитровски
16. Анастасија Крајчевска
31. Ангела Ќосевска
Словените им оддаваат најголемо признание на првите словенски просветители, кои
Просветување на словените

истовремено биле филозофи и ги создале првите идеи и дела на словенската филозофија. Делото
на светите Кирил и Методиј и на нивните ученици не било само извршување налог на еден цар
по покана од еден словенски кнез, туку тоа е и израз на нивните филозофски погледи.

Словенските првоучители Кирил (827-869) и Методиј (825-885) се родени во Солун во семејство


на висок раководител, а мајка им веројатно била Словенка.

Тие биле извонредни ученици и двата учеле во Цариград. Методиј завршил право и имал високи
должности, но потоа се замонашил. Константин бил најдобар студент по филозофија кај Фотиј и
кај научникот Лав Математичар. Тој станал наставник, заради ученоста го нарекле Филозоф.

Тие биле на неколку религиозни, научни и дипломатски мисии, кај Арапите и Хазарите, каде
дискутирале за предностите на христијанството наспроти другите вери.
Браќата ја добиле најважната мисија на времето да ги покрстат и описменат Словените. Ја
создале глаголицата и превеле-создале први словенски книги. По успехот во Моравија, биле
повикани од Папата во Рим за да ја претстават нивната дејност. Во Венеција наишле на
конфликт со тријазичарите кои сметале дека христијанството треба да се проповеда само на
Просветување на словените

еврејски, грчки и латински јазик.

Разговорот од оваа средба: „Човече, кажи ни како си им ги создал на Словените книгите и ги


учиш од нив, што досега никој не измислил, ниту апостолите, ниту римскиот папа“? А ние
знаеме само три јазика на кои е достојно во книгите да се слави Бог – еврејски, елински и
латински“. Кирил на тоа им одговорил: „ Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А
сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво? Па тогаш,
како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат
слепи и глуви?“

Во Рим Папата ги благословил словенските книги, Константин се замонашил и го зел името


Кирил, но набрзо починал. Методиј бил именуван за прв словенски архиепископ и со своите
ученици напорно се борел за воспоставување словенска богослужба и култура. Тој го напишал
првото правно дело за Словените „Закон како да им се суди на луѓето“. Ова дело има социјално,
државничко и етичко значење со советите за односите меѓу луѓето.

Во 1980 година Папата Јован Павле II ги прогласува Светите Кирил и Методиј за сопокровители
на Европа.
Првата дефиниција на филозофијата

Кирил е творец на
првата дефиниција
„Филозофијата е разбирање
на филозофијата на
на Божјите и човечките словенски јазик, која
нешта, за човек да може да ја претставува
му се доближи на Бога. Таа љубовта кон
го учи човекот со делата да мудроста која е во
биде слика и суштина на служба на
Оној што него го создал. “ правилното човеково
постапување.

Константин Филозоф
Првата дефиниција на филозофијата
Свети Кирил им укажал на луѓето дека моралот е смисла на нивната егзистенција, врв на
нивната животна активност, зошто тие умот и крајното сознание ги користат за да се истакнат
во етичноста на однесувањето, за да станат слични на божеството, кое ги создало за да прават
добри работи. Кирил ги поврзува човекот и неговата мисла со Бог и според него најблагородно
дело е човековиот стремеж кон доброто, кон сличноста со добриот Бог.
Кирил со неговиот учител Фотиј ја поврзуваат филозофијата со теологијата, односно
филозофијата се однесува и на Божјите и на човечките нешта.

Пред неговата смрт, Кирил им го издиктирал на своите ученици


првото оргинално теолошко дело на словенски јазик со
наслов „За вистинската вера“, во кое ги објаснува своите ставови
за важните прашања на религијата.
Кирил, Методиј и нивните ученици (Климент, Наум, Горазд , Сава и Ангеларија) се наречени
Седумте Численици, најмогу се славени од страна на Охридската црква.
По смрта на Методиј учениците биле прогонувани и убивани. Горазд ја наследил неговата
позиција во Моравија, но за краток период бил убиен. Останатите ученици избегале во Бугарија,
каде Сава и Ангелариј умираат. А, Климент бил испратен во Западна Македонија како учител.
Седумте численици

Климент во Охрид развил верска и образовна дејност, и го основал првиот словенски


Унервизитет. Тој ја креирал кирилицата која ја нарекол така во чест на неговиот учител Кирил.
Тој ги учел луѓето како да си го подобрат својот живот. Тој толку се грижел за градот и неговите
жители што постои легенда дека до денешен ден тој го чува градот и сите негови жители. Во 893
тој станал првиот словенски епископ.

Наум го заменува Климент на чело на Охридското училиште и го основал првиот словенски


манастир. Тој бил учител и лекар кој бил почитуван од сите народи и религии. Заедно со Климент
двајцате се почетокотот на македоската култура.
Климент и Наум многу ги сакале нивните учители Кирил и Методиј. Тие напишале пофални
текстови и житија за нив. Од нив научиле да читаат и пишуваат, но и добиле страст за културната
дејност, пример и сила за највиска моралност и духовна мудрост.
Најважната дејност која ја извршувал Климент е неговата
Свети Климент како етичар

етичка дејност. Тој кај своите учители ги слави умноста,


културната задача и етиката, која ја користи како основа за
неговите принципи при учењето на неговите ученици.
Кириловата препоставка за правилно живеење е единството
на мудроста и на моралноста. Климент ја смета основата на
луѓето дека е потребата своето постоење да го оправдаат со
добрите дела кои тие ќе ги направат. Во неговата книга со
име „Поука кон луѓето“ Климент кажува дека празниците не
треба да се користат за уживање со земните благодати туку
за да се угледува на: чистотата, добриот живот и
добродетелите на светителите. Мислата на Климент која
најдобро го опишува неговото етичко учење е: „Тргај се од
злото и прави добро!“
Свети Климент не е само најучената личност во
македонската култура, туку и наш најзначаен етичар.
„Блажени да се твоите златнозрачни очи
кои го одзедоа неразумното слепило од
моите очи и им огреаја богоразумна
светлина. Твоите ангеловидни зеници ми
го разгонија слепилото на срцето и го
просветија со боговдахновени зборови“

-Свети Климент му се
заблагодарува на Свети Кирил
Светите Кирил и Методиј и нивните ученици биле просветители, и нивната задача
била манифестирањето на религијата да оди заедно со опишувањето на вредностите
на човечкото културно дејствување.
Пофалба за писменоста

Азбучната молитва е една од


најраните стихотворби во
словенската литература,
напишана во акростих, во
која се зборува за Бога,
културата, писменоста и
човечкиот однос кон светот.
Бог го создал и видливиот и
прекрасниот невидлив свет;
знаењето, мудроста, јазиците
и буквите се подарок од него.
Пофалба за писменоста

Црноризец Храбар е непознат монах, кој го


создал исклучително важното културно дело
„За буквите“, во кое пишува како Словените
порано имале прости белези за гласовите, но
им се појавила потребата од свое писмо за да
можат подобро да се изразуваат во верата. Тој
има благодари на светите браќа, кои ја создале
азбуката и на Бог кој им „дал разум на
Словените“.
Втор словенски епископ, кој се сметал за ученик на Методиј, бил Константин Преславски, на
кого му се препишува делото „Поучно Евангелие“. Делото е етичка расправа, во кое се
истакнува милосрдноста како основа на христијанството, Бог ја покажал кон луѓето, па тие
треба да ја развиваат кон другите луѓе.
Пофалба за писменоста

Целта е да водат морален живот. Средства за етичко усовршување се верата, блсгодарноста и


љубовта кон Бога, а во основата на односите меѓу луѓето треба да биде љубовта.
Пофалба за писменоста

На словенски јазик се преведени многу византиски автори, чии идеи станаа составен дел на
теолошките и на филозофските погледи во нашите краишта.
Охрид станува седиште на архиепископијата, која се базира врз традицијата на црквата на
Јустинијана Прима и врз почитувањето на личноста на свети Климент. Имала автономија и
голем углед во целиот словенски свет и во некои периоди во неа спаѓале речиси сите
балкански земји.
Во нејзини рамки е развивана творечка и преведувачка активност, особен сликарски стил,
музичка уметност...
Богомилското движење се појавило во првите векови на словенската писменост и претставува
верска секта инспирирана од тогашната дуалистичка природа. Основата на богомилското
движење произлегува од Персија од мислата на Заратустра. Според него во светот се борат две
божества кои ги претставуваат доброто и злото, а човекот има за задача да се бори на страната
на доброто.
Богомили

Пророкот Мани во истото време ги поврзал овие идеи со христијанството и будизмот и создал
учење за спасението. Според ова учење злото го создало видливиот свет, а со борбата од
страната на доброто, човекот си обезбедува место кон подобриот свет. Ова учење со други
зборови се нарекува Манихејство.
Христијанството полека почнало да се дистанцира од ваквите секти и да го критикува нивното
учење. Исто така зпочнале да ги прогонуваат, особено откако станале официјална религија. Но,
не можеле да бидат сопрени.
Во Ерменија во VII век се појавиле павликени, религиозно и политичко движење против државата и
црквата. Под нивно влијание се формирала и сектата богомили.
Богомилите го добиле името по основачот на сектата поп Богомил од околината на Велес или според
значењето „мили на Бога“. Тие учеле дека постоеле два бога – добар и лош. Добриот е поврзан со
душата, а злобниот со се што е видливо и телесно. Се што е создадено на земјата е создадено од
злбниот. Сметале дека Исус бил дух и не бил роден од жена и дека верата во Исус треба да се
разликува од официјалната христијанска религија. Според нив не требало да се сака крстот и да се
Богомили

применуваат религиозни предмети и згради. Се воздржувале од вино, месо и жени и немале


сопствености. Живееле во групи во сиромаштија со спокојство и духовна посветеност. Биле
прогонувани и казнети и нивните книги биле изгорени.
За нив дознаваме од делото на Презвитер Козма, „Беседа за ереста“, во кое пишува со голема омраза за
нив.
Богомилското движење се продолжи и во другите држави со различни имиња. Во Италија, патарени,
во Франција албигензи, имало и катари како и многу други.
Во оваа верска посветеност, делото на Св. Кирил и Методиј го вметнал чешкиот реформатор Јан Хус.
Ви благодариме за
вниманието!

You might also like