You are on page 1of 8

Прашања за екстерно тестирање по ИСТОРИЈА

за VI одд 2014 год


1. Луѓето кои го проучуваат минатото се нарекуваат:Историчари
2.       Во пишани извори спаѓаат:извештаи, патописи, записи, весници
3.   Колку траела праисторијата?повеке милиони години од појавата на
човекот до појавата на првото писмо
4.       Најважниот пронајдок за праисторискиот човек бил:огнот
5.      Палеолит се нарекува:старото камено време
6.     Праисториските луѓе верувале во:добри и лоши духови
7. Кога била населена територијата на Македонија?уште од најстаро време од
периодот на старото камено време
8.     На чело на родовската заедница стоел:старешината
9.      Кога се појавиле најстарите држави и првите цивилизации
познати како речни цивилизации?во 4 милениум пред.н.е.
10.       Која држава настанала на  реката Еуфрат?Месопотамија
11.   Фараон се нарекувал  владетелот во:Египет
12.    Каде бил напишан „Епот за Гилгамеш“?Месопотамија
13.     Кога се појавила старата египетска држава?3200 год.пр.н.е.
14.    Каде се употребувало клинестото писмо?Месопотамија
15.       Во која од наведените држави биле градени пирамиди?Египет
16.      Кога започнува стариот век, а кога завршува?од пронаоѓањето на првото
писмо до пропаѓањето на Западното Римско Царство 476 год
17.      Вавилон бил град во:Месопотамија
18.   Кога била основана старата кинеска држава?2300год.пр.н.е
19.     Во кој еп се раскажува за Тројанската војна?Илијада
20.       Кој го сочинувал народното собрание на Спарта?сите Спартанци над 30
год.
21.      Кој народ се смета за основач на Спарта?Дорци
22.       Во времето на кој владетел Атина го постигнала својот
најголем напредок?Перикле
23.       Кога се водела Пелопонеската војна?II пол. На V век пр.н.е.
24.       Kој бил на чело на Кралството на Таулантите? Главкија
25. Кој бил врховен бог на Илирите?Силван
26. Најголем дел од Илирите биле население во:селата
27.      Градовите Драч и Аполонија претставуваат центри на
културниот развиток на:Илирија
28.      Во кој регион живееле Дасаретите?во областа Лихнидос денешен Охрид
29.       Кога започнало обединувањето на македонските племиња
во една држава?VIII век пр. н.е.
30. Која била првата престолнина на Античка Македонија?Ајга
31.       Во кој век владеел кралот Александар I?Vвек пр.н.е
32.       Кој ја пренел престолнината од Ајга во Пела?Архелај I
33.   Какви монети ковал Филип II Македонски?златни
34.       Од колку редови се состоела македонската фаланга?16
35.    Кој му бил учител на Александар III Македонски?Аристотел
36.     Кога владеел Александар III Македонски?336-323 пр.н.е.
37.      Од јазикот на античките Македонци денес се познати:само 150 зборови:
имиња на луѓе, места
38.      Каде била одржана масовната свечена свадба кога десет
илјади Македонци се ожениле со Персијки?Суза
39.   Колку години владеел Александар III Македонски?13
40.  Врховен бог на античките Македонци бил:Диос
41.     Која година бил основан градот Рим?753 пр.н.е.
42.      Кога Римјаните завладеале со целиот Апенински
Полуостров?кон средината на III век пр.н.е.
43.  Како се нарекувале териториите и земјите што ги владееле
Римјаните?Римски провинции
44.      Која година римскиот цар   Константин I го признал
христијанството?313 год.
45.       Кој бил врховен бог на Римјаните?Јупитер
46.      Од каде бил по потекло Спартак водачот на најпознатото
робовско востание?Тракија
47.     Кој бил прв проповедник и основач на христијанството?Исус Христос
48.      Ханибал бил водач на:Картагина
49.   Гај Јулије Цезар бил голем римски:војсководач
50.      Која година била Третата римско-илирска војна?168 год.пр.н.е.
51.      Која година Македонија станала римска провинција?148 год пр.н.е.
52.      Кој македонски крал склучил сојуз со илирскиот крал
Гентиј за заедничка борба против Римјаните?  Персеј
53.    Како година во која се случил крајот на Западното Римско
Царство се смета: 476 год
54.     Која година била поделена римската држава?395год
55.      Кој бил на чело на големото илирско востание против
Рим? Батон
56.      Од металите праисторискиот човек изработувале: рало, плуг, разни алати
57.     Наколните живеалишта за праисториските луѓе
претставувале:постојани живеалишта и засолниште од дивите животни
58.      По откривањето на првите писма во стариот век:се започнало со
пишување на првите песни, митови, легенди=се појавила книжевноста
59.       Како старите народи го објаснувале создавањето на
светот?според религијата, секој народ различно го објаснува создавањето
60. Владетелот во старите држави на Истокот бил: врховен војсководец и
судија, а бил почитуван и како бог
61.      Од кого имал најголема поддршка фараонот во
египетската држава?свештениците и војската
62.  Занаетчиите и трговците кај старите народи биле:слободни луѓе
63.     На што ги учеле Спартанците своите машки деца?на боречки вештини, да
ги мразат хејлотите
64.     За што се грижеле членовите на Советот на старците во
Спарта? за склучување мир, објавување војна, тие биле врховен суд во
државата
65.    По што се разликувало населението во Атина од другите
држави во стариот век? Сите слободни луѓе имале право да учествуваат во
државните работи, имало демократија
66.       Културата на Илирите била под влијание на:соседните култури:
хеленската и римската
67. Што се случило со Ардиејското кралство во времето на
кралицата Теута?на почетокот успеала да ја прошири и зајакне, но подоцна ја
признала римската власт и и плакала даноци
68.      Што се случило со Хелените по битката кај Хајронеја?Хелените биле
поразени и ја признале македонската влас
69.       Александар III во битките: војувал напред со своите војници, никогаш
не изгубил
70.     Како се однесувал Александар III кон потчинетите народи?ги почитувал
нивните обичаи
71.      Војниците на Александар кон заробеното семејство на
Дариј III се однесувале:како кон кралско семејство
72.      Кои биле причините за враќањето на војските на
Александар од Индија?војниците биле уморени, долго време биле разделени
од нивните семејства
73.     Како се однесувал Александар со своите најблиски
соработници?бил строг, ги судел, казнувал
74. .      Каде се наоѓала најголемата библиотека во стариот век?Александрија
75. Што претставува конзулот во римската република?Наместо крал имало 2
конзули кои управувале со државата 1 година
76.     Со што се занимавале Римјаните освен со војување?биле познати како
одлични градителии, а се занимавале и со земјоделство, занаетчиство и
трговија
77.   Што претставуваат колони? Човек што земал земја под наем
78.      Која општествена област во Римската држава особено се
развила и извршила влијание на другите земји на Европа?книжевноста, римско
право и законодавство
79.      Колосеумот бил најголем римски амфитеатар и можел да
прими околу: 50.000 луѓе
80.      Кога биле освоени териториите на Илирите од страна на
Рим? 168год.пр.н.е.
81.      Во стариот век во илирските градови Билис, Саранда,
Аполонија и Дирахион биле изградени: дебели бедеми, сите биле добро
утврдени, тие биле главни центри на културата
82.     Патот Виа Егнатиа Римјаните го изградиле на Балканот и во Македонија
во правец запад-исток, тој бил најкуса врска на балканските земји со Италија
83. Апостол Павле ги основал првите христијански општини во
Европа во: Филипи, Солун, Коринт
84. Зошто Египќаните ги балсамирале телата на фараоните и
членовите на нивните семејства?верувале дека човекот живее и по смртта се
додека има остатоци од телото
85. По што е познат владетелот Хамураби?ги создал првите закони
86. Што е заедничко во митологиите на повеќето стари народи?секој народ имал
мит и свој јунак
87. Кое од наведените илирски племиња најпрво успеало да
создаде свое кралство?кон крајот на 5 век пр.н.е. на чело со крал Грабос
88. Кое од илирските кралства најпрво се соочило со
навлегувањето на римската војска?Кралството на Ардиеите на чело со Агрон
89. Како кралот Филип II ја зајакнал античка Македонија?со реформите, војните
со соседите
90. Зошто Александар се смета за најголем освојувач во
историјата?Создал огромна држава која се протегала на 3 континенти
91. Кои биле причините што се распаднала државата на
Александар III Македонски по неговата смрт?борбите за неговото наследство и
за македонскиот престол
92. Во што биле слични илирско-римските војни и македонско-
римските војни? И двете држави ја изгубиле својата независност во 168
год.пр.н.е и станале римски провинции
93. Што е милениум?временски период од 1000 години
94. Првите луѓе живееле и се движеле во:орди
95. Врховен бог во Египет бил:Амон Ра
96. Градовите-држави најпрво се појавиле во:Месопотамија по долината на
реките Тигар и Еуфрат
97. Кога се доселиле во Хелада Дорците, Јонците и Ајолците?во 1200 год.пр.н.е.
98. Кносос  градот каде што имало голема палата се наоѓал на:островот Крит
99. Хејлотите биле робови во Спарта
100. Партенон се наоѓа во:Атина
101. Кралот Грабос бил крал на:најстарото кралство во Илирија
102. Илирската кралица Теута владеела во:кралството на Ардиеите
103. Градот Аргос од каде што потекнувало македонското кралско
семејство се наоѓал во областа:Орестида
104. Кога владеел Филип II Mакедонски?359-336 пр.н.е
105. Најпознатиот Атински говорник против Филип и Александар
Македонски бил:Демостен
106. Како се викала мајката на Александар III Македонски?Олимпијада
107. Митски предок на Античките Македонци бил:Македон
108. Кои биле најстарите жители на Апенинскиот Полуостров?Етрурците
109. Најпознат римски говорник бил:Кикерон
110. Во близина на Неготино се наоѓаат остатоци од градот: археолошки
локалитет Градиште
111. Како ги броеле годините Египјаните?според владеењето на фараоните
112. Кога  започнале луѓето да градат примитивни куќи?во младото камено
време
113. Во која од старите држави жената можела да стане и
владетелка?___веројатно Египет?_____________________
114. Дали успеале да се обединат хеленските градови-држави?не
115. Илирите што живееле на приморјето во V и IV век пр.н.е.
биле изложени на силно влијание на:__хеленската култура__________________
116. На реката Хидасп во Индија Александар Македонски
подигнал столб на кој пишувало:Овде запрел Александар
117. Кој Александров војсководец бил наречен „стратег на
Европа“?Антигон
118. Европското право и законодавство својата основа ја земаат
од: Римјаните
119. Која поговорка го отсликува начинот на кој полесно владееле
Римјаните со покорените народи?Раздели па владеј
120. Какви биле последиците од Пелопонеските војни во Хелада?несреки,
разурнати градови
121. Зошто Римјаните воделе војни со Картагинците?им пречеле во трговијата
122.    Како се викал владетелот на старата египетска држава?фараон
123. Најпознатото племе кое живеело во околината на Охридското
езеро биле:Дасаретите
124. Кои градови претставувале центри на културниот развиток на
Илирите?Дирахион, Аполонија
125. Бог на војната кај Илирите бил:Медаур
126. Во кое од наведените илирски кралства на чело на државата
била кралицата Теута?Ардиеите
127. Кое од наведените илирски кралства располагало со силна
флота и пешадија?Ардиеите
128. Илирите војувале против Римјаните:Римјаните војувале против Илирите
129. Илирите верувале во култот кон:сонцето и змијата
130. Театарските претстави во Хелада настанале:од свеченостите во чес на
Дионис
131. Каде се одиграла решавачка битка помеѓу Александар III и
Дариј III?Гавгамела
132.     Во 334 год п.н.е. Александар III започнал војна со:Персија
133. Со кого војувале Македонците  во битката кај Херонеја?со Хелените
134. Најстарите цивилизации се појавиле по долините на големите
реки во:Месопотамија, Индија и во Кина
135. Што се случило по реформите на Клистен во Атина?демосот добил
поголеми права, демократско уредување
136. Кои извори претставуваат усни кажувања?леѓенди, митови и песни
137. Кој е првиот крал во античка Македонија кој ковал свои
монети?Александар I
138. Каков бил односот на хеленските племиња кон Ахајците?новите племиња се
измешале со претходното население, ги покориле па ја прифатиле нивната
култура
139. Олимписката дисциплина маратон името го добила според
местото на битката од каде што војникот по долго трчање во
Атина ја соопштил веста за:од Маратон до Атина војникот трчал за да каже на
другите дека победиле во битката против Персија
140. По кого се именувале старите египќани?___________________________
141. Како се нарекува временскиот период од 100 години?век
142. Како се нарекува старото камено време?палеолит
143. Кој е авторот на научната теорија според која човекот
потекнува од човеколикиот мајмун?Чарлс Дарвин
144. Кој е прв крал на античката Македонската држава?Пердика I
145. Како се вика науката која се занимава со ископување и
проучување на материјални остатоци од минатото?археологија
146.  Какви видови историски извори разликуваме?материјални, пишани и усни
147. Во која од наведените држави населението имало политички
права?Атина
148. По римското освојување Македонија била поделена на:провинции
149. Што проучува историјата како наука?минатото на човечкото општество
150. Помеѓу кого се водела Пелопонеската војна?Спарта и Атина
151. Кој временски период го опфаќа праисторијата?од појавата на човекот до
појавата на првото писмо
152. Кој од наведените археолошки локалитети НЕ се наоѓа во
Македонија?Лепенски Вир, Крапина, Пела, Вергина
153. Старата египетска држава настанала по должината на реката:Нил
154. Што претставувале Дијадосите во македонската држава? најблиски
соработници на Александар III
155. Како македонските војници ги  прифаќале долгите војувања и
отсутва од дома?тешко ја поднесувале неповолната клима и често се
бунтувале
156. Каков бил односот на Филип II со градот-држава Атина?Филип вешто ја
користел неслогата на граѓаните, некои од нив го подржувале и го сметале
за спасител
157. Кој бил „таткото на историјата“?Херодот
158. Кога биле одржани првите олимписки игри кај Хелените?776 пр.н.е
159. Во времето на Филип II биле направени: повеке реформи во државата
160. Основна карактеристика на политичкото живеење на Илирите
е дека:биле разделени и често војувале мегу себе
161. Кога пропаднало Западното Римско Царство?476 год
162. Кој бил на чело на илирското кралство за време на третата
илирско-римска војна во 168 година пр.н.е.?Гентиј
163. Според легендата кој го основал градот Рим?близнаците Ромул И Рем
164. Која династија владеела во Македонија по смртта на
Александар III?Антигонидите
165. Кој бил врховен бог кај Македонците?Диос
166. Во колку групи се поделила македонската војска при
враќањето од Индија?враќањето се довивало по копно и море
167. Кој римски цар во 313 год. од нашата ера го признал
христијанството?Константин
168. Колку Пунските војни се воделе?3
169. Кој е највисок орган во Римската држава?Сенатот
170. Од кои причини Египќаните граделе пирамиди?средство за испраќање на
душата на фараонот кон боговите
171. Што ги поврзува „Илијада“ и „Одисеја“?Тројанската војна и двата епа се
напишани од Хомер
172. Што е заедничко за Спарта и Атина?и во двете држави имало поделба на
луѓето, Народно собрание
173. Што е заедничко за државите на стариот Исток?настанале покрај големите
реки, верувале во добри и лоши духови
174. Кој римски поет го напишал епот „Енеида” по примерот на
„Илијада“?Вергилија
175. Која била целта на спартанското воспитание?да се создадат здрави и
добри војници кои верно ке и служат на државата
176. Каков бил односот на Александар III кон народите кои ќе ги
освоел?тој спроведувал политика на толеранција на различните народи и
култури
177. Што е основата на христијанското учење?учење дека постои само еден бог
о дека сите луѓе се еднакви пред Бога
178. Зошто Римјаните посветувале големо внимание на
говорништвото (ораторството)?таа вештина им била потребна при
расправиите во Сенатот, Народното собрание и во судовите
179. Зошто не успеало Спартаковото востание?востаниците не биле сложни и
единствени
180. Поговорката „Ханибал пред вратите на Рим“ (Hanibal ante
portas) се појавила за време на:Пунските војни
181. Откако Римјаните се ослободиле од власта на Етрурците со
државата владееле двајца конзули
182. Слободното население во Рим се делело на:патрици и плебејци
183. Што е заедничко за сите битки кои Александар ги биел
против Персија? Дареј постојано бегал, а Александар војувал напред со
своите војници-не изгубил во ниту една битка
184. Што е заедничко за грчките градови држави и Римската
држава?Луѓето биле поделени на слободни луѓе и робови, кралот бил
врховен војсководач и судија, верувале во повеке богови
185. Македонскот крал Персеј и илирскиот крал Гентиј стапиле во:сојуз против
Римјаните
186. Познатата реченица “Коцката е фрлена”  ја изговорил? Гај Јулиј Цезар
187. Религијата на Римјаните била слична со ?Хеленската и етрурската
188. Хиероглифи се?египетско писмо
189. Хелада била поделена на повеке мали градови-држави кои се
нарекувале?полиси
190. Кој период се нарекува Хомерово време?XII-VIII пред н.е.
191. Кон крајот на V век п.н.е. било создадено Илирското кралство
на чело со кралот?Грабос
192. Центар на верскиот и културниот живот на античките
Македонци бил градот? Дион
193. Кралските гробници на античките македонци се наоѓаат во?Вергина
194.  Хејлотите биле робови во Спарта
195. По која битка Александар Македонски се прогласил за крал
на Азија? Гавгамела
196. Кога Римјаните ја освоиле Галија?средината на I век пред н.е.
197. Како се нарекува културата којашто ја создале Ахајците?Микенска
198.  Населението во Спарта се делело на:спартијати, периојки и хејлоти
199.   Занаетчиите и трговците во државите на Стариот Исток
биле:Египјаните или слободни луѓе
200.  Во текот на IV и III век пр.н.е. Илирите успеале да создадат:кралства
201. Перикле во V век пр.н.е. бил на чело на градот-државатаАтина

You might also like