You are on page 1of 6

СОКРАТ (469 – 399 пред н.е.

- Сократ е родум од Атина.


- Татко му бил скулптор, а мајка му бабица (акушерка). Го напуштил
занаетот на татка си и сиот свој живот ѝ го посветил на филозофијата.
Говорел дека тој како татко му ги обликува душите на луѓето, а како
мајка му од нив ги пораѓа нивните сознанија и добрина.
- Тој решително им се спротивставувал на софистите, а пред сé на
нивниот субјективизам и релативизам, сметајќи дека постојат општи и
нужни сознанија. Исто така одбивал да прими било каква награда за
својот труд – филозофирал за свое сопствено задоволство.
- Бил скромен и издржлив, одел бос и несоодветно облечен (без долна
кошула под наметката). Постојано разговарал со луѓето кои ги
среќавал, а го слушале и од него учеле и младите и старите.
- Сократ само два пати во животот излегол надвор од градските ѕидини
(велел дека куќи и дрвја има секаде, но дека само во неговиот град има
доволно луѓе за средби и за разговор).
- Сократ не бил личен човек, но мнозина биле вљубени во него. Се
велело дека е како еден вид ќерамичка фигура на која е претставен грд
лик, а кога ќе се скрши, внатре има друга фигура со најубав лик.
- Сократ блескал со знаењето, достоинството и со добрината.
- Лошите луѓе го обвиниле пред судот дека ги негира боговите и ја
расипува младината, а немарните и заведените го осудија со
мнозинство гласови на смрт.
- Неговите ученици го убедувале да избега и да си го спаси животот. Но
Сократ сметал дека тоа нe му доликува како 70 годишен човек со углед
на филозоф, како родител и како добар граѓанин сиот свој живот.
- Мирно го пие отровот.
- Неговиот живот и неговата смрт се пример за филозофијата.

Смртта на Сократ од Луј Давид


СПОМЕНИТЕ ЗА СОКРАТ

- Сократ лично не оставил пишани текстови. Најверојатно сметал дека е


единствено важно неговото непосредно духовно дејствување.
- Но неговите ученици, вљубени во него и во неговите идеи, напишаа
дела за Сократ преку кои ние се запознаваме со неговиот живот и дело.

Ксенофонт (430 – 345 пред н.е.) – Спомените на Сократ и


Одбараната на Сократ пред судот.
Платон сето свое дело му го посвети на Сократ .Сократ е главниот херој на
сите негови филозофски дијалози. – Апологија
(Одбраната на Сократ пред атинскиот суд) и Критон
(опишани се последните денови и зборови на Сократ).
Во Гозба Платон прикажува зошто сите млади и други луѓе
биле вљубени во Сократ како личност со вистински дух.
Платон го користи ликот на Сократ дури и кога изразува
свои автентични погледи.
Улогата на Сократ е особено истакната во дијалозите
посветени на погледите на другите мислители, како
Парменид, Протагора, Горгија и др., особено во оние во
кои се критикуваат ставовите на софистите.
Сократовски школи - Антистен (444-365 пред н.е.) и киниците.
Сметале дека на човекот му треба малку. Диоген
(400-323 пред н.е.)бил радикален аскет, отфрлал сé
што не му било неопходно. Тие поаѓале од една
прочуена анегдота за Сократ кој поминувајќи на
пазар, среде натрупана стока, рекол Од ова мене
ништо не ми треба!
Аристип (435-355 пред н.е.) и другите од
африканскиот град Кирена учеле хедонистичка
филозофија, дека задоволствата се основа на
човечките стремежи.
Евклид (450-380 пред н.е.) од Мегара и неговата
школа развиле нов вид логика, во која се спојуваат
етиката и логиката.
МЕТОДОТ НА СОКРАТ

Основниот лозунг на Сократ е: Спознај се себе си!


Овој старохеленски општ идеал "гноти сеавтон" (лат. Scitote ipsum) бил
запишан и на храмот на богот на мудроста Аполон во Делфи.

Основната амбиција на Сократ е да се открие како да се дојде во вистинско


знаење. Тој сметал дека патот до вистината е преку дијалогот. Сократ
севезден разговарал со луѓето, развивајќи ги своите филозофски сознанија и
помагајќи им на луѓето да се осознаат себе си. Тој верувал дека сознанијата
се општи, еднакви за сите, и дека со соодветен напор секој може да дојде до
нив.

Во разговорот Сократ инсистирал дека тој самиот не знае ништо (Знам дека
ништо не знам). Но и на луѓето им покажувал дека и тие мислат дека знаат,
но всушност не знаат. Тоа е Сократовата иронија, кога со парадокси ги
побивал ставовите на соговорникот со цел да го доведе до свест дека не знае.

Тука настанува втората стапка – Сократовата маевтика (бабичка вештина,


акушерство), со која од душата на соговорникот ги извлекувал вистинските
сознанија.
ДОБРОДЕТЕЛТА Е ЗНАЕЊЕТО

Сократ прв ги создал научните основи за етиката.


Сократ ја има искажано општата рационалистичка мисла – дека е најважно да
се дојде до знаење, и дека оној кој знае не греши. Оној кој знае што е добро и
правилно, тоа и ќе го прави.

Никој не дејствува со знаење против она што е најдобро, туку само од


незнаење.
- Сократ
За Сократ добродетелта е знаење.

Тој не правеше разлика меѓу мудроста и моралноста, напиша Ксенофонт.

Сократ имал крајно благородна душа, тој бил уверен дека никој не греши
намерно. Кога човекот ќе згреши, тоа го направил од незнаење за тоа што е
добро и што е зло, а не дека тој не го сака доброто. Значи, интелектуалното
оди заедно со етичкото, колку повеќе знаеш толку подобар стануваш.

Значи, добродетелта може да се научи и секој треба да се труди да ја научи.


На она што е најдобро му е потребно најмногу учење за да се развие.

Инаку, Сократ прв ја вовел совеста во етиката, како внатрешен глас кој ни
кажува како да постапуваме.

You might also like