You are on page 1of 12

СОУ Гимназија "Др.

Ибрахим Темо", Струга

ПРОЕКТНА ПО ФИЛОЗОФИЈА

Ниче - Натчовекот

Изработила: Ментор:
Мартина Мојсоска Проф.Дијана Милеска - Чуркоска

Струга,2023
СОДРЖИНА:

Вовед ----------------------------------------------------------------------------------------------------1
Предвреднување на сите вредности ---------------------------------------------------------2
Така зборуваше Заратустра ---------------------------------------------------------------------3
Натчовекот------------- ------------------------------------------------------------------------------- 4
Натчовекот во минатото и 21 век -------------------------------------------------------------- 8
Заклучок ------------------------------------------------------------------------------------------------9
Користена литература ----------------------------------------------------------------------------10
ВОВЕД

Сите сакаме да бидеме среќни, се согласувате? Кој не би сакал да пронајде


вистинска среќа?! Секако дека не би жртвувале буквално се за да уживаме,но
сите сакаме да ги правиме работите што ни причинуваат задоволство. Идејата
за потрагата по среќа е толку многу вкоренета во нашата замисла за убав
живот што била прогласеба за неоспорливо право. Според многумина,
среќата е се она што му дава смисла на животот. Тешко е да се прифати
фактот што постојат размислувања кои сугерираат дека не треба ни да се
обидувате да бидете најсреќни што можете.

Еден од филозофите кој го застапувал таквото размислување е Фридрих


Ниче. Крајниот резултат од потрага по среќа е задоволството, а според Ниче
тоа е залудно трошење на човечкиот живот. Токму затоа, тој изјавил

„Човештвото не се стреми кон среќата, само Англичаните го прават тоа.“

Неговите зборови се однесуваат на англиската филозофија на утилитаризмот


и нејзиниот фокус на постигнување комплетна среќа. Тој ја негира оваа
филозофија во неговата парабола на ,,Последниот човек’’ патетично битие
кое живее во период кога човештвото ја ,,измислило среќата’’. Спред Ниче
последните луѓе биле среќни но глупави.Наместо тоа, Ниче се посветил на
идејата да ја пронајде смислата на животот. Тој сметал дека натчовекот и
неговиот став околу смислата на животот треба да се земе како алтернативна
верзија на последниот човек.

1
ПРЕДВРЕДНУВАЊЕ НА СИТЕ ВРЕДНОСТИ

Фридрих Ниче одлично ги изразил критичкиот став на современата култура,


филозофијата и науката. Ниче истапил со барањето за предвидување на сите
вредности. Тоа е неговиот нихилизам, кој се состоел во отфрлањето на сите
постојани вредности за да се создадат услови за повторно воспоставување на
едниство на културата и животот. Тоа значи да се создаде нов свет, во којшто
единството меѓу културата и животот ќе значи дека се смениле постојаните
сфаќања за светот. Тоа е можно само доколку се разорат сите дотогашни
вредности, кои пред се се отелотвоени во поимот Бог. Затоа Ниче говори за
смртта на Бога. Ќе каже: Бог е мртов! Тоа значи дека Бог треба да стане мртов за
модерната европска литература затоа што сите метафизичко-христијански
вредности се бесмислени кога се во спротивност со реалниот, конкретен живот.
Бог е мртов во европската култура кога вредностите што тој ги олицетворува не се
реалност во живеењето. Не можат заедно да одат религијата и модернизацијата,
на некој начин луѓето се насочуваат кон нешто што е ново, модерно но забораваат
на религијата. Не можиме да прајме некој работи што не ни се дозволени и потоа
да одиме во црква.

2
ТАКА ЗБОРУВАШЕ ЗАРАТУСТРА

Објснувањето на Ничеовиот концепт за натчовекот го иницираме со неговата


профетска книга "Така зборуваше Заратустра". Имено во посоченово дело тој вака
ja започнувал својата пропедевтика за натчовекот: "Be учам за натчовекот.
Човекот е нетто што треба да биде надминато. Што сте сториле за даго
надминете? Сите суштества досега создале нетто над себе: а зар вие сакате да
бидете осекаво оваа голема плима и претпочитате да му се вратите на животното,
место да го надминете човекот?..... Натчовекот е смислата на земјата. Нека рече
1
вашата волја: натчовекот да биде смисла на земјата! " Па продолжува: "Човекот
е јаже оптегнато меѓу животното и натчовекот - јаже над бездна... Во човекот е
големо тоа што тој е мост, а не цел: во човекот може да се сака тоа што тој е
премии и залез. "(1)(2) " Ете јас сум гласник на громот и тешка капка на облакот: тој
гром се вика натчовек. "(3) Сакам да ги научам луѓето за смислата на нивното
суштество: тоа е натчовекот, гром од темниот облак што се вика човек" (4) "Сите
богови семртви: сега сакаме да живее натчовекот "(5) Така зборувал Заратустра.
Па продолжува: "Навистина, пријатели мои, јас одам меѓу луѓето како меѓу
човечки парчиња и делови од тела! Најстрашното што го наоѓам за мойте очи е
тоа што луѓето се раскината и расфрлани како на бојно поле или како на
кланица"(6). "А кога моето око ќе се пренесе од сегашноста во минатото: секогаш
наоѓам едно исто нетто: парченца, делови од тела и одбивни случаи - но не луге
"(7). "Натчовекот ми лежи на срцето, тој ми е прв и единствен - а не човекот: не
најблискиот, не најсиромашниот, не оној што најмногу страдал, не најдобриот"8.
Така зборувал Заратустра. Кој има уши, нека слушне.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

1. "Така зборуваше Заратустра", "Македонска книга", Скопје, 1978, стр. 12.

2. Исто стр. 14 3. Исто стр. 16. 4. Исто стр. 20. 5. Исто стр. 82. 6. Исто стр. 143. 7. Исто стр. 144.
8. Исто стр. 29

3
НАТЧОВЕКОТ

Ничеовиот идеал е велик, јак и безобѕирен човек, кому му ce неопходни болката и


животната опасност, кој не се плат и од високите планини на човечката стадна
медиокритетност, неиспитаните мориња, кој е јак и самодоволен. Токму затоа, тој
не ги респектирал малечките, обични луге, а ги дефинирал луѓето од повиш тип,
кои го обликуваат светот. На Ничеовиот натчовек не му е својствена секоја
сентименталност, која се изразува во сочувствувањето и соучествувањето во
неволјите на другите луге, трогнатост и сожалување.

Неговата бидувачка тврдост и карактерна уникатност треба да бидат показ на


самосвојната себственост која триумфира во иреверзибилната
антропоспецијација. Ничеовиот натчовек - како човек кој бидува во својата
трагичка вистина - е потполно оттуѓен од неговата социјабилност. Toj ги
глорифицира силните, моќните, смелите и безобѕирните антропонатури,
презирајќи ги слабите, моралистите и робовите нули. Концепирајќи го своето
учење за натчовекот, Ниче сакал човекот да го оспособи сам да си го трасира
својот животен пат и во реализацијата на таа самосвојна патека да не респектира
никаква подреденост и да се ослободи од секоја и секаква надреденост, да биде
творец, медијатор и профилатор на својот антропограм. Натчовекот - како сечовек
- е онаа особеност на индивидуата која конкретизациски е најблиску до
парадигматичниот човек, во кој човекот ja препознава својата онтички
безвременска вечност, како антропогенус. Бидејќи човекот за своја онтичка задача
има надминување на самиот себе, според тоа и поимот натчовек не може да се
дефинира, бидејќи натчовекот е човек кој допрва мора да се себе конкретизира:
тој, значи, е вечен стремеж кон самотрансцеденција, кон новото, посовршеното,
"стрела во иднината", па според тоа неговата суштина не може да биде опфатена
ниту во еден определен идеал. Токму затоа Ничеовиот натчовек како
антропоидеал е доста проблематичен, матен, загадочен, идеалтипски
концептуален и аксиолошки сублимат и идеал Ничеовиот натчовек - како

4
суштество што создава и остварува нови вредности - е нешто што не може да се
дефинира, бидејќи не може да им се даде конкретизирана номинација на неговите
сеуште непостојни ингредиента, неискажливоста на неговата интринсична
себственост, покрај оние искажливите како што се: силата на волјата,
независноста на духот, самосвојноста, стремежот за доминирање, совладување,
нескршливоста на карактерот и други.

‘’Тој вечен круг на битието е волјата за моќ во споственото потврдување на


животот. Тоа е пројава кај исклучителните луѓе со силна волја. Таквите луѓе имаат
животна енергија, духовна сила да творат и да создаваат. Наспорти нив се луѓето
со слаба волја за моќ, кои проповедаат морал на еднаквост, демократија и
социјализам. За Ниче натчовекот е слободна личност, се потврдува во борбите,
тој е воин и гениј, смел и храбар, творец и возвишен, создава големи дела и
урива. Не подлегнува на никакви правила освен на оние што сам ги поставил’’.(3)

Натчовекот е онаа страна на доброто и злото во вообичаената смисла на зборот.


Ниче бара ,,човекот да биде поет, мислтел, како бог, како љубов, како моќ”.Ниче
верувал дека ,,Бог е мртов’’ затоа што сметал дека тоа е старомодна идеја на од
помалку цивилизираното општество.Според неговиот ум тоа значело дека нема у
ниверзални морали или вредности на кои треба да се придружува. Се оправда .

Ниче мислел дека смртта Божја довела до крај на сите поими за моралот и
етиката.Што се случува кога некој ќе ја одведе теоријата на Ниче за Натчовекот
предалеку? Кој одлучува што значи вистинската добрина ? Дали зависи од
личноста која сака моќ за себе по секоја цена – дури и ако треба да ги прегази
луѓето на нивниот пат. Натчовекот на ниче често погрешно се толкува како суров
тираниски диктатор . Сепак филозфијата на Ниче за натчовекот е посложена од
тоа. Според Ниче Натчовекот е поединец кој ги надминал и христијанските
морали и вредности на човештвото и ја надминал чистата рационалност.
Натчовекот е надвор од доброто и злото по тоа што се признава дека моралот
постоел само во однос на човечките суштества. Тој можел да ги создава своите
вредности само преку неговите постапки.

5
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
3,Учебник по фулозофија за 4 година гимназиско образование стр. 291 стр.

‘’Теоријата за Натчовекот на Ниче го предизвикува модерното општетво со тоа


што го преиспитува она што е потребно за еден поединец да биде навистина
добар или одличен. Ниче верувал дека тоа може да се случи само штом
христијанството ќе биде соборено како морален систем. Натчовекот на Ниче ја
претставувал следната фаза на човештвото каде што луѓето повеќе нема да им
треба религија или морал, затоа што наместо тоа, тие би ги создавале своите
вредности преку нивните постапки.

Идејата зад теоријата на ниче била дека животот не треба да служи само за
некоја повисока цел, туку мора да служи самиот себеси пред се.Ниче верувал
дека живеејќи го својот живот како поединец кој си служел само на себеси, тој би
можел да постигне некаква величина и да добие повисок облик на живот отколку
што се способни луѓето.

Натчовекот е антропограм со мажевна сила и победнички менталитет, непријател


на спокојството, мирот и среќата. Мерило на натчовекот е во неговиот конципиран
идеал за парадигматичен човек. На Ничеовиот натчовек не му е својствена секоја
сентименталност, која се изразува во сочувствувањето и соучествувањето во
неволјите на другите луге, трогнатост и сожалување. Неговата бидувачка тврдост
и карактерна уникалност треба да бидат показ на самосвојната себственост која
триумфира во иреверзибилната антропоспецијација. Ничеовиот натчовек - како
човек кој бидува во својата трагичка вистина - е потполно оттуѓен од неговата
социјабилност’’.(4)

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

6
4.Fink, Ojden: "Ničeova filozofija", "Centar za kulturnu djelatnost", Zagreb, 1981, str. 4

Ничеовата парадигма за Натчовекот- Jованоски, К.


Тој ги глорифицирал силните, моќните, смелите и безобѕирните антропонатури,
презирајќи ги слабите, моралистите и робовите нули. Концепирајќи го своето
учење за натчовекот, целта на ниче била човекот да го оспособи сам да си го
избира својот животен пат и во реализацијата на таа самостојна патека да не
респектира никаква подреденост и да се ослободи од секоја и секаква
надреденост, да биде творец, медијатор и профилатор на својот антропограм.
Натчовекот - како сечовек - е онаа особеност на индивидуата која конкретизациски
е најблиску до парадигматичниот човек, во кој човекот ja препознава својата
онтички безвременска вечност, како антропогенус. Бидејќи човекот за своја
онтичка задача има надминување на самиот себе, според тоа и поимот натчовек
не може да се дефинира, бидејќи натчовекот е човек кој допрва мора да се себе
конкретизира: тој, значи, е вечен стремеж кон самотрансцеденција, кон новото,
посовршеното, "стрела во иднината", па според тоа неговата суштина не може да
биде опфатена ниту во еден определен идеал. Создавањето на cè посовршени
животни облици не ќе го запре човекот во трасирањето на патиштата на својата
акцелерација кон вертикалната аксиолошка пенетрација. Ничеовиот натчовек -
како суштество што создава и остварува нови вредности - е нешто што не може да
се дефинира, бидејќи не може да им се даде конкретизирана номинација
нанеговите сеуште непостојни ингредиента, неискажливоста на неговата
интринсична себственост, покрај оние искажливите како што се: силата на волјата,
независноста на духот, самосвојноста, стремежот за доминирање, совладување,
некршливоста на карактерот и други.

7
НАТЧОВЕКОТ ВО МИНАТОТО И 21 ВЕК

Натчовекот претставувал како и самиот Ниче го нарекол борец, храбар и има сила
за моќ. Во минатото тоа изгледало така, но во денешно време не сум сигурна дека
некој би можел да го надмине натчовекот и таа моќ и волја за борба и живот што
ја имал некогаш. Мислам колку и да сме соврмени колку и да доаѓаат нови
времиња, силата што некогаш ја имал натчовекот во 21 век не би можел секој да
ја има. Во минатото човекот сам бил принуден да си го обезбедува својот живот,
да војвува со непријателот, сам да пробува да опстојува,да има право на збор
каде што не се плаши да си го ризикува животот, да не се плаши дека ќе биде
осудуван за своите постапки дека ќе направи нешто како што не треба, да си го
средува животот без финансиски средства се што денешниот човек го поседува.
Како што веќе напоменав сметам дека натчовекот и интелектуално и по карактер
е многу поразвиен од сегашниот човек.

8
ЗАКЛУЧОК

Иако, можеби трагаме по нешто поголемо од самата среќа, дали сме подготвени

да страдаме за да го добиеме тоа? Ниче сметал дека луѓето би се откажале од се

за да постигнат поголема цел. Дали воопшто сме способни да трагаме по таа

среќа и да ја постигнеме ? Или можеби Ниче бил во право кога тврдел дека мора

да се сконцентираме на смислата да добиеме барем малку надеж дека на крајот

ќе бидеме наградени со чувство на задоволство? Секој на свој начин се труди да

ја постигне среќата колку што може, да ужива во животот, сите ние без исклучок

се бориме и сакаме да го добиеме тоа што мислиме дека го заслужуваме.

Животот е патека по кој чекориме од самото раѓање се до крајот на нашиот живот

наидуваме на разни препреки, падови и се обидуваме во тие моменти да станеме

и да бидеме колку што е можно појаки и да заборавиме на таквите моменти.

Животот е борба, да бидеме храбри и да не се откажуваме од ништо. Само така

можеме да го надминеме самиот натчовек.

9
Користена литература:

1. Ниче: "Така зборуваше Ниче", "Македонска книга ", Скопје, 1978.


2. Ниче: "Воља за моќ", "Просвета", Београд, 1972.
3. Мухиќ, Ферид: "Транстемпаралноста во филозофијата на Фридрих Ниче", "Дијалог",
Скопје, септември 1995.
4. Fink, Ojden: "Ničeova filozofija", "Centar za kulturnu djelatnost", Zagreb, 1981.
5. Gobri, Ivan: "Nietzche ou le compensation", Paris, 1975.
6. Учебник по филозофија за четврта година гимназиско образование- Стефан Сидовски, Кирил
Темков – Скопје: Просвено дело АД, 2005

10

You might also like