You are on page 1of 6

Танзиматот и востанијата на Албанците

од 1832 до 1849 година


Османлиски реформи во Албанските области
• Поради перманентното
слабеење на
Османлиската
Империја, во првата
половина на XIX век се гаранција за обезбедување на граѓаните целосна безбедност за
направиле обиди за нивните животи, чести и имоти
нејзино спречување. воведување на првите банкноти
отварање на првите пошти во империјата (1840)
• Султанот Махмут II реорганизација на системот за финансирање (1840)
презел неколку
реорганизација на законите (1840)
реформи за
централизација на реорганизација на армијата и начинот на регрутирање, како и
државната времетраењето на воената служба (1843-1844)
администрација, за основање на министерство за образование (1847)
организирање на укинување на ропството и тргвијата со робови (1847)
војската на европски основање на првите модерни универзитети, академии,
модел. училишта (1848)
• Во ноември 1832 основање на министерство за здравство (1850)
година официјално бил основање на Академија на науките (1851)
укинат тимаро-
соахискиот систем, и
започнал периодот на
чифлигарството.
• На 3 ноември 1839
година султанот Абдул
Меџит прогласил
Декрет за реформи во
земјата, односно бил
донесен Ѓилханскиот
Хатишериф со кој се
предвидувало:
• Со спроведување на декретот,во времето на
Танзиматскиот период,биле преземени неколку
административни,финасиски,воени и образовни
реформи.
• Целта на реформите била воспоставување
централизирана администрација во сите области
на Империјата и зајакнување на војската.
• Според Декретот, сите државјани на Империјата
биле рамноправни, без оглед на верата и
нацијата.
• Спроведувањето на реформите во Албанија
започнало уште во 30-те години на XIX век.
• По задушувањето на големите албански
пашалаци, Високата порта поставила високи
османлиски функционери во администрацијата,
кои не ги познавале ниту јазикот ниту законите
на Албанците.
• Поради укинување на јаничарските одреди, во
Империјата и во Албанија започнало
регрутирање на редовни војници, а се зголемиле
и даноците за одбраната и за војската
АЛБАНСКИТЕ ВОСТАНИЈА ПРОТИВ ТАНЗИМАТОТ
• Новите реформи биле обид за зацврстување на
Османлискaта Империја, но, за албанскиот народ тие
биле голем товар и ја влошиле нивната тешка
економска состојба.
• Тие почнале во 30-те години и продолжиле до 70-те
години на XIX век. Иако востанијата почнале во
различни периоди и области, ти се распостраниле низ
цела Албанија.
• Поголемите востанија во 30-те години биле во Берат и
во Скадар. Востанието во Берат , под водство на Тафи
Бузи, почнало есента 1843 година со учество на околу
10 000 востаници.
• Од Берат востанието се проширило во областите на
Валона , Тепелена, Скрапар, Томорица , Малакастра и
во Дешница.
• Востанието во Скадар било кренато во мај 1835,
предводено од Хамза Казази и од Дашо Шкрељи, и за
краток период се проширило во Скадарска Малесија,
Мирдита, и Улцињ.
Барањата кои што биле испратени до Султанот биле:
 Враќање на Албанска администрација
 Враќање на локална автономија
 Укинување на задолжителна воена служба
• На собранието во Берат ,претставници од востаничките области создале сојуз
на чело со Абаз бег Љушња.
• Тие побарале од Султанот да бидат изземени од реформите и на Албанците
да им биде призната автономна самоуправа.
• Востанието на Дервиш Цара започнало во Скопје во јули 1843 година кога
биле најпрвин уапсени а потоа и погубени Абдулрахман Паша од Тетово и
неговите два браќа Хавзи Паша од Скопје и Хусеин Паша од Ќустендил.
Бунтовниците биле поддржани од други албански паши како и од локалното
христијанско население. Албанските сили значително се зголемиле кога
османлискиот предводник Хајредин Паша се обидел да регрутира Албанци во
османлиската армија. Така, востанието се проширило и во ноември 1843
година бил заземен градот Гостивар, а во јануари 1844 по големи борби
паднал и градот Тетово, додека Скопје бил освоен во февруари. Предводени
од Дервиш Цар, во заземаните територии бил формиран совет кој управувал.
Во следниот период биле
освоени Куманово, Прешево, Бујановац, Врање, Лесковац итн. Бунтот се
проширил и во реонот на Пеќ, Ѓаковица , Призрен и Скадар. Во пролетта
на 1844 година го опфаќал просторот од Охрид и Битола на југ, северниот дел
на Косово, Скадар на запад и Куманово на исток. Востаниците испратиле
писмо до Албанците од Јанинскиот санџак за преминување кон востанички
дејства и во овој регион.
• Плашејќи се од понатамошно проширување на востанието, турската влада се
обидела да освои време преку преговори. Востаниците барале да се укине
воениот совет од нивна страна како замена на османлиските функционери со
албански како и прогласување на автономија на Албанците слично како
српскиот статут од 1830 година. Османлиските власти не ги прифатиле овие
барања но направиле неколку отстапки според кој прогласиле амнестија за
бунтовниците, биле откажани новите даноци а воената регрутација била
одложена со разбирање дека во иднина тоа ќе биде доброволно за секој
жител на империјата. Додека се одвивале преговорите, Омер Паша со сила
од околу 30.000 османлиски војници во мај 1844 година започнал напад кон
востаниците принудувајќи ги да се повлечат кон Тетово и Скопје. Големи
борби се воделе во мај кај Катланово каде востаниците биле поразени а на
21 мај османлиските сили влегле во Скопје по кое следувало угнетување на
месното население. По ова паднале за краток период и останатите градови
а Дервиш Цара бил заробен.
• Во јули 1847 година избувнало
востание во Долна Албанија, тоа
почнало во Курвељиш и брзо се
проширило во Лаберија,во
областите на Чемерија,Премет и
Малакастра.
• Востанците по водство на Зејнел ага
Ѓољека и Рапо Хекаљи, неколку
пати ги одбиле османлиските војски,
но зимата 1847 година Османлиите
го задушиле востанието.
• Востанијата во периодот на
Танзиматот имале народен карактер.
Во нив учествувале Албанци од
различни области,без оглед на
верата, тие се бореле против
националното угнетување и
економското искористување.
• Овие востанија биле составен дел
од албанската национална
преподба.

You might also like