You are on page 1of 5

Лидерство

 Поимот лидерство, како збор од англискиот јазик, се преведува како


водење, водство, управување. Меѓутоа, за објаснување на овој поим
неопходно е да се земат предвид карактеристиките што всушност ги
изразува водството и водењето.
“Лидерството е влијание врз луѓето со одредување цели, давање
насоки и мотивирање додека работат за да ги остварат задачите и
да ја унапредат организацијата”
“Лидерството е начин на насочување и мотивирање на група луѓе и
нивно доведување во состојба да ги остварат поставените цели. Тоа
исто така, бара да се биде одговорен и да се одговара за целата група“

 Лидерството како процес влијае на другите за да ги остваруваат задачите


преку поставување цели,давање насоки и преку мотивирање,вкличува
четири клучни фактори: лидер,тие што следат,околина или ситуација и
процес на комуникација меѓу лидерот и тие што следат.
Факторите што го определуваат нивото на лидерството можат да го
вклучат опсегот на контрола,нивото на раководство и степенот на
влијание што го има лидерот на позицијата на која се наоѓа.
Всушност,поголемиот број лидерски позиции се на директно ниво на
лидерство и секој лидер,на кое било ниво на лидерство дејствува како
директен лидер,кога тоа го прави директно со подредените.

 Директното ниво на лидерство е лидерство лице влице, или прва линија


на лидерство. Ова ниво на лидерство го има во организациите во кои
подредените своите лидери ги гледаат цело време. Тоа се групи, тимови,
одделенија, сектори. Опсегот на влијание на лидерот на директно ниво на
лидерство може да се протега како влијание врз десетина до влијание врз
неколку стотина лица.
Директните лидери ги развиваат односите со нивните подредени, човек-
човек, но тие понекогаш влијаат на организацијата преку нивните
подредени.
Лидерите на директно ниво на лидерство се доволно блиску за да можат
да ги гледаат работите брзо и да знаат дали тие се одвиваат добро или не и
да знат како да го насочат решавањето на проблемите.
идерите на организационото ниво на лидерство имаат влијание од врз
поголем број на лица во зависност големината на организацијата. Тоа го
прават индиректно,вообичаено преку неколку нивоа на подредени кои
работат како директни лидери. Лидерите на организационото ниво на
лидерството имаат персонал или цел штаб, кој им помага да ги водат
нивните луѓе и да бидат менаџери на ресурсите со кои располага
организацијата.
Способностите што треба да ги имаат лидерите на организационо ниво се
разликуваат од способностите што треба да ги имаат лидерите на
директно ниво,но само по опсегот,а не и по водот. Домените на
способностите се слични,но лидерите на организационото ниво мора да
работат многу покомплексно,со многу повеќе луѓе,со многу несигурност
и со многу несакани последици.
Тие своето влијание го извршуваат многу повеќе преку подготвување на
политика и интегрирање на системот,а не со директни контакти,лице в
лице.
Организационото ниво на лидерство опфаќа лидери,кои раководат со
групи на работи сврзани со извршувањето на работните задачи на
организационите единици.

 Лидерите на организационото ниво на лидерство имаат влијание од


врз поголем број на лица во зависност големината на
организацијата. Тоа го прават индиректно,вообичаено преку
неколку нивоа на подредени кои работат како директни лидери.
Лидерите на организационото ниво на лидерството имаат персонал
или цел штаб, кој им помага да ги водат нивните луѓе и да бидат
менаџери на ресурсите со кои располага организацијата.
Способностите што треба да ги имаат лидерите на организационо
ниво се разликуваат од способностите што треба да ги имаат
лидерите на директно ниво,но само по опсегот,а не и по водот.
Домените на способностите се слични,но лидерите на
организационото ниво мора да работат многу покомплексно,со
многу повеќе луѓе,со многу несигурност и со многу несакани
последици.
Тие своето влијание го извршуваат многу повеќе преку
подготвување на политика и интегрирање на системот,а не со
директни контакти,лице в лице.
Организационото ниво на лидерство опфаќа лидери,кои раководат
со групи на работи сврзани со извршувањето на работните задачи
на организационите единици.
 Стратешкото ниво на лидерство значи воспоставување структура на
организацијата,алоцирање ресурсите,соопштување стратегиската визија и
подготвување на фирмата за извршување на нејзината идна улога.
Лидерите на стратешко ниво раобтат во неизвесна околина со голем
комплекс на проблеми,кои влијаат и се под влијание од настани и
организации надвор од фирмата.
Лидерството на стратешко ниво вклучува многу луѓе,од сите лидерски
способности и активности кои се совладуваат на директно и
организационо ниво на лидерство,но стратешкото лидерство бара и други
кои се покомплексни и кои индиректно се учат.
Лидерите на стратешко ниво се заинтересирани за околностите во кои
функционира фирмата,нивните одлуки ги образложуваат барањата за
нови производи,за истражување и развој,соработка со други фирми и
слично.Лидерите на стратешко ниво на лидерство често не можат да го
видат остварувањети на нивните идеи за време на нивниот мандат,меѓутоа
нивните иницијативи можат да се најдат во годишните планови и со
нивната реализација да се остварат.Од друга страна,некои стратешки
одлуки веднаш можат да се најдат на насловните страници на весниците
или на телевизија.
Стратешките лидери имаат многу малку можности да ги посетат
пониските нивоа од нивните организациони единици,меѓутоа важно е
нивното чуство кога тоа го прават.Тие своето влијание го исполнуват
преку нивните подредени,мораат да развијат силни способности за
одбирање и развивање на добри подредени извршители.

 Кога станува збор за карактеристиките што треба да ги поседува еден


лидер,тогаш може да се каже дека: лидерот е човек-добар или лош,кој
може да ги придобие или да ги мотивира луѓето да го следат. Лидерот
мора да има силен карактер за да може да ги инспирира другите да го
следат со доброволност.
 Лидерот мора:
 - да има пренослив оптимизам
- да покажува почитување на принципите и на средствата за работа,дури и
кога и самиот не е сигурен во материјалните резултати.
- да поседува чувство на праведност во кое другите ќе имаат доверба.
- добро да ја познава човековата природа.
- да има самоконтрола
- да биде добар пресудувач по карактер и одбирач на луѓе.
- да биде во состојба да доминира и на крајот да може да управува со се
што е околу него.
 Лидерот исто така треба да има четири основни доблести :
- внимателност: мудрост и тактичност
- праведност
- воздржаност: самоконтрола чуствителност и трпение
- храброст
Да се биде лидер значи да се развијат сите аспекти на човековата личност,
односно, да се биде, да се знае и да се работи.

Според некои критериуми развиени во САД, вредностите што треба да ги има


лидерот се следните :

- лојалност (Lojality)
- должност (Duty)
- почитување (Respect)
- несебичност во службата (Selfless Service)
- чесност (Honor)
- интегритет (Integrity)
- лична храброст (Personal Courage)

Разбирањето на вредностите е прв чекор.Секој лидер треба да ги разбира и да


верува во неговите акции и да ги прифати и да живее со нив.
Лојалноста се искажува како доблест и обврзност да се почитува Уставот,
законите и власта, да се биде верен на институцијата и вработените. Лијалноста
не треба само да се очекува од другите , туку таа треба да им се дава.
Должноста започнува со она што се бара од лидерот и од другите,согласно
прописите,регулативите и наредбите но таа вклучува и повеќе од тоа.
Почитувањето значи признавање и прифаќање на личниот дигнитет и
вредноста на сите луѓе, без оглед на расата, полот, верата или религиските
уверувања.
Несебичност во службата значи да се работи она што е вистинско за
организацијата и за луѓето што работат со лидерот заедно, при што овие
одговорности мора да се стават над личните интереси.
Чесноста значи да се стават вредности на фирмата над личните интереси, над
кариерата и личниот комфорт.
Интегритетот значи дека тие ги прават нивните принципи познати и постојани.
Да се има интегритет значи да се биде целосно морален и искрен кон самиот
себеси.
Личната храброст има две форми-физичка(да се надмине стравот од повреди и
извршување на обврски) и морална храброст(да се остане цврст дури и под
дејство на закани).

You might also like