You are on page 1of 36

Обука за млади лидери

(Современи концепти на лидерството)


Обучувач
Владимир Костовски, м-р по биолошки
науки
• Професионално усовршување во областа на
Иновативен менаџмент, Лидерство и Стратешки
комуникации – E-PROFMAN (Istanbul University-
Turkey, Doba Faculty-Slovenia, School of Journalism
and Public Relations-Macedonia)
• NLP certified practitioner training- NLP center
Belgrade (2018-)
• Diploma in Leadership & Management-Shaw
Academy;
• Сертификат за обука за принципи на успех по
методот на Џек Кенфилд;
Обуки:
• Личен Развој и Лидерство;
• Комуникациски вештини;
• Менаџмент на конфликт;
• “Управување со стрес и стресни ситуации;
• Training course of Confidence as commendation
for exemplary performance;
• Tренинг по позитивна психологија;
• Ефективна комуникација;
• ………
Тематски поглавја на обуката
• Дефинирање на стилови на лидерство;
• Демистификација на концептот на лидер
(Формален vs Неформален лидер);
• Комуникациски вештини-клучен елемент
како се станува успешен лидер;
• Инспирација и мотивација на себеси (self-
management)
• Дефинирање на целите во процесот на
успешно лидерство;
Претставување на учесниците
Во 1 минута:
• Име и презиме,
• Статус(вработен/невработен/студент)
• Омилено животно и
• Омилена боја

Очекувања од обуката ( по една


реченица):
• Очекување од содржината и текот на
обуката;
• Очекување од обучувачот и
• Очекувања од исходот (стекнатите
знаења и вештини од обуката)
Лидерство
• Подразбира процес, а не чин, во кој
одредена личност влијае на однесувањето
на луѓето, усмерувајќи ги кон остварување
на определени цели во организацијата.
Традиционална поделба на стилови на
лидерство

Авторитарниот
Консензуално-
стил со одредено
Авторитарен стил ориентираното
влијание
лидерство
(импакт)

Демократскиот Делегирачкиот
стил стил
Традиционална поделба на стилови на
лидерство
• Вежба-Одредување на традиционални
стилови на лидерство
• При авторитарен стил лидерот донесува одлуки и им
ги соопштува на вработените. Некои од придобивките
на овој стил е дека се заштедува време, одлуката е
најчесто јасна и финална и лидерот ја има контролата.
Недостатоците се во насока дека некои подобри опции
може да не се земат во предвид, вработените може да
имаат отпор кон одлуката и со тоа да станат
некооперативни.
• Авторитарниот стил со одредено влијание се
однесува на лидери кои донесуваат одлуки кои им ги
соопштува на вработените откако ќе прими фидбек од
еден или повеќе вработени. Овој стил резултира со
зголемен фонд на информации за донесување на
одлуката. Ваквиот приод продуцира одлуки релативно
брзо и истите се јасни и финални. Недостатоците се во
однос на незадоволството на вработените кои не се
прашани за нивен став, а со тоа и подобрите опции
може да не бидат земени во предвид.
• При консензуално-ориентираното лидерство, целата група дискутира и се
согласува да ги поддржи одлуките на групата. Лидерот е во својство на
авторитет. При овој тип на лидерство, вработените имаат чувство дека се
инволвирани и ангажирани, а со тоа нивната подршка за одлуките е
значајна. Можностите за имплементација се добри. При овој стил
недостаток е тоа што одзема многу време односно може да има потреба
од долги состаноци. Одлуките донесени со компромиси можат да бидат
нејасни, а во некои случаи и консензусот може да не е возможно да се
постигне.
• Демократскиот стил на лидерство се заснова на гласање на сите членови
од тимот за нивната преферирана одлука. При овој стил, сите членови се
инволвирани, а одлуките имаат високо ниво на подршка. Со ова шансите
за имплементација на одлуките се добри. Како и кај претходниот стил и во
овој случај е потребно подолго време за донесување на одлуките. Исто
така, најпопуларната одлука може да не биде и најдобро понудената
опција. Тие што припаѓаат на “ losing side “, може да се чувствуваат
обесправени.
• Делегирачкиот стил се однесува на лидери кои делегираат задача која се
однесува на донесување на одлука на некоја друга личност или на група.
Овој пристап вклучува можности за развивање на лидерски квалитети кај
другите. Шансите за импелентација се високи. Недостатоците се тоа што
лидерот ја жртвува контролата, а во исто време може да се потроши
поголемо време за донесување на одлуката. Исто така, тимот може да
нема доволно вештини и знаење за донесување на добра одлука.
Неформално лидерство

Неформалното лидерство се Неформалниот лидер своето


однесува кога другите луѓе влијание вр другите го
ќе го прифатат поединецот остварува со помош на своите
способности и таленти да ги
како највлијателен член на води останатите членови на
организацијата, без оглед на организацијата, а не со помош
титулата која поединецот ја на позицијата во
има организацијата
Неформалните лидери имаат значење во
современата организација од повеќе аспекти:
➢ Тие се од суштинско значење за успехот на
организацијата но можат да бидат огромна пречка
доколку почнат да ги влечат следбениците во правец
спротивен од оној на формалните лидери;
➢ Неформалниот лидер од психолошки аспект има
повеќе влијание отколку формалниот;
➢ Неформалниот лидер поседува знаење за случувањата
во и надвор од организацијата што му дава стратешка
предност пред формалниот лидер;
➢ Неформалните лидери поседуваат обемна мрежа
контакти која често им дава предност пред
формалните лидери
Вежба- Одредување на карактеристиките на
неформалниот лидер
Комуникациски вештини
Основните чинители на комуникацискиот процес се:
• Испраќач - личност која ја испраќа пораката;
• Информација-пораката која се пренесува;
• Канал-пат по кој пораката минува и
• Примател- личност (или личности) кој ја прима пораката
Повратни информации (Feedback)
Корисна повратна информација испратена кон
примателот
• Повратните информации или feedback, покажуваат како пораката е
интерпретирана и прифатена од страна на примателот на
информацијата;
• Повратните информации можат да се јават во најразличен облик-од
насмевка или потврда со главата до вербални реакции или промена
на однесувањето;
• Повратните информации можат да бидат позитивни и (негативни ???);
• Позитивните повратни информации му кажуваат на испраќачот дека
неговата порака е добро примена и да продолжи да комуницира на
истиот начин;
• Негативните повратни информации даваат feedback дека нешто не е
во ред и дека е потрбно да се промени начинот на комуникација
Вербална комуникација
Вербалната комуникација е форма на
комуникација која што се изразува со
користење на гласовите, говорот и јазикот. Преку
неа се пренесуваат ставови,
уверувања, идеи и чувства. Истата се состои од
слушање и говорење
Текот на комуникацијата зависи од:
• Содржината на пораката (информациите,
пораките кои ги праќаме или примаме)
• Начинот на слушање (дали слушањето е активно
и внимателно или пасивно)
• Ситуацијата (на кое место се одвива
комуникацијата, која е целта на истата, има ли
доволно време)
• Карактеристиките на соговорникот
(способностите, особините на личностите и
нивната старост)
• Реакциите на соговорникот и неговите
интерпретации
• Техниките при разговорот (неврзан, службен,
јавна расправа и др.)
• Меѓусебното разбирање меѓу соговорнците
зависи од културните разлики, образовниот
статус, староста и полот.
Невербална комуникација
• Невербалната комуникација е начин на комуникација во која
луѓето комуницираат без зборови, намерно или ненемарно;
• Притоа невербалните знакови ги вклучуваат изразот на лицето,
тонот на гласот, гестовите, положбата на телото или движењата,
допирот и погледот;
• Невербалните знакови се класифицираат на паралингвистички
(поврзани со говорот) и екстралингвистички (знакови кои се
неповрзани со говорот).
❖Паралингвистички се гласноста на говорот,
тонот и бојата на гласот, интонацијата, паузите
во текот на говорот, течноста на говорот;
❖Екстралингвистичките знакови ги вклучуваат
одалеченоста на телото, меѓусебната положба,
ставот на телото, телесниот контект,
надворешниот изглед, изразот на лицето,
гестовите, визуелната комуникација (контакт со
очите, погледот)
Елементи на добра невербална
комуникација
Вежба-одредување на елементи од невербалната
комуникација

• https://www.youtube.com/watch?v=bW24cwtolOU
• https://www.youtube.com/watch?v=MrD5vcr7dgs
• https://www.youtube.com/watch?v=T84se4fc4KU
Активно слушање
• Активното слушање претставува усмерување на вниманието на тоа
што личноста го збори или чувствува, а во исто време и возвраќање со
свои зборови како потврда дека сме ја разбрале пораката на
говорникот;
• Активното слушање служи за избегнување на расправи и конфликти,
изградба на однос на доверба, поттикнување на затворените и
срамежливите личности и тн. Слушањето како комуникациска вештина
вклучува: обраќање на внимание, парафразирање, сумирање и
памтење на тоа што сме го слушнале

Техниките на активно слушање се:


• Поставување на прашања:
• Олеснување-фацилитација;
• Појаснување-можете ли да ми објасните на кога мислите кога кажавте...;
• Рефлектирање;
• Парафразирање;
• Сумирање
Парафразирање
• Парафразирањето преставува кратко повторување
со исти или други зборови на оно што сме го
слушнале дека е кажано. Истото му кажува на
говорникот дека сме го слушале и му дава
сознание на говорникот дали преку
информацијата е разбран;
• Притоа дава прилика за воочување на
несогласувањата и нејаснотиите како и за
појансување или исправување;
• При парафразирањето се преобликува кажаното и
се повторува клучната мисла или порака
Асертивност

Асертивноста значи:
• Внимателно слушање на туѓите мислења
• Воочување на туѓите потреби и желби
• Јасно изразување на своите мислења и чувства
• Отворено барање на тоа што се сака
• Отвореност и искреност спрема себе и другите
• Користење на Јас говор
Асертивност
Формула на Јас говор:

• Кога ти (опис на однесувањето на другата личност)


• Се чувствувам (вашата емоција, ако е прикладно)
• Поради тоа што (поради што однесувањето на
другата личност е проблем-конкретни ефекти)
• И би сакал (што сакате да се случи)

Пример: Кога викаш на мене тоа ме љути поради тоа


што те слушна целата зграда. Те молам престани да
викаш и кажи што сакаш.
Вежба
ЈАС говор vs ТИ говор
• Да се напишат две реченици во форма на
ЈАС говор!!!
Себемотивација преку афирмации
• Афирмациите се свесни мисли кои влијаат
врз разбистрување на умот и ни помагаат да
ја одредиме дестинацијата каде што сакаме
да патуваме.
• Афирмациите служат за себемотивација и
репрограмирање на старите навики и
обрасци на размислување. Се кажуваат во
сегашно време, притоа не се користат
негации и се насочени кон тоа што сакаме да
го оствариме.
Себемотивација преку афирмации
Примери за афирмации :
• Јас сум успешен и имам одлични односи со сите
колегиЈас се чувствувам моќно, и спремен сум
да го извадам максимумот од денот.
• Се чувствувам здраво, исполнето и среќно.

Истите се кажуваат најчесто насабајле после


будење поради тоа што тогаш мозокот е во
алфа состојба и најдобро се репрограмира
Вежба
• Секој учесник да напише во тетратка една
афирмативна изјава.

• Споделување-опционално
Поставување на цели
Поставување на цели
• Specific (Специфична, одредена)- целта треба да биде
прецизно поставена, па поради тоа потребно е да се
вклучат сите сетеила во доживувањето на целта, поради
тоа што од неа потребно е да биде очигледно што се
сака, а што не;

• Measurable (мерлива)-целта потребно е да биде


мерлива, на тој начин да може да се се измери во
некоја единица, на пример во пари ако целта е да се
зголемат приходите, или во килограми ако е во врска со
слабеење, во километри ако е поврзана со трчање, во
парчиња или количини во случај да е во врска со
купување на нешто и сл.
Поставување на цели
• Achievable (можно да се достигне)- ова е многу важен
чекор, поради тоа што воколку границата е поставена
превисоко и нереално, тоа може само да ве демотивира
и да биде причина за фрустрација, а на крај можеби и за
отстапување од обидите да се оствари целта.
Подобро е да се постават неколку ранга на цели:
краткорочни, среднорочни и долгорочни

• Realistc (реален)- ова се надоврзува на achievable,


поради тоа што креативноста и имагинацијата се
полезни, но доколку не се усмерат кон остварлива цел
нема да има резултати.
Поставување на цели
• Timed ( временски одредена)-потребно е да се одреди
временска рамка за остварување на целта и да се води
сметка истата да биде што пореална. Оваа рамка може
да биде предизвик, но не и да предизвикува
фрустрација. Поребно е да се има и план б, ако до тој
датум не се оствари целта, во смисол како ќе се постапи

S.M.A.R.T. целите потребно е да се детерминираат дали


се краткорочни (до една година), среднорочни (од
една до три години) или долгорочни (повеќе од три
години), а во исто време да се карактеризираат на
областа која ја опфаќаат: работа, кариера, сопствен
Вежба-Поставување на цел
Фидбек од обуката:
• Очекување од содржината и текот на
обуката;
• Очекување од обучувачот и
• Очекувања од исходот (стекнатите знаења и
вештини од обуката)

You might also like