You are on page 1of 13

Универзитет Гоце Делчев – Штип Економски факултет - Штип

Мај, 2012

Семинарска работа по предметот :

Економика, организација и финансирање на


локално здравство

Тема :

МЕНАЏЕРОТ И НЕГОВОТО ФИНАНСИРАЊЕ ВО ЈАВНО


ЗДРАСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ

Ментор : Изработка :

Проф.Оливера Трајкова Цвета Шалевска 08585

Редовен студент

Штип, 2012

Цвета Шалевска 08585


СОДРЖИНА

 Вовед..............................................................................................2

 Дефинирање на менаџментот и поимот менаџер......................3

 Улогите на менаџерот во здраствената установа......................4

 Потребни способности на менаџерите во јзу............................6

 Здраствено планирање и план....................................................7

 Регрутирање, селекција и планирање на активностите во


ЈЗУ..................................................................................................9

 Анализа на работните места во јзу..........................................10

 Заклучок ......................................................................................11

 Користена литература................................................................12

Цвета Шалевска 08585


1
ВОВЕД

За да ги имаме посакуваните резултати од една најобична активност која


вклучува учество на повеќе личности, потребно е да се случат многу работи
меѓу нив за да сè оди како што треба. Процесите од формирањето на тимот,
преку работата на тимот па до неговото распуштање е главна преокупација на
менаџментот на човекови ресурси. Менаџментот на човекови ресурси си е
нормално наука. Секоја наука си има составни делови без кои не може, па така
и оваа семинарска работа опфаќа дел од компонентите на менаџментот на
човекови ресурси. Целта на оваа семинарска е да се разгледаат деловите и да
се добие начелна и основна информативност за менаџментот на човековите
ресурси. За денес да се биде успешен лидер најпотребно е да се има развиено
вештината на овој менаџмент. Целите, во најголем процент, не можеме да ги
оствариме сами – потребен ни е кадар. Кадарот може да се најде на многу
места, на различни начини и под различни услови. Мудриот менаџер секогаш
ќе избере кадар појак од него, а оној кој има просечни или под просечни
познавања или ниво на свест би избрал послаб кадар од него. Луѓето се жива
материја која во светот на бизнисот едвај чека да биде обликувана. Ова
тврдење секогаш од прва не се прифаќа т.е. остварува, но тајната е во
пристапот. Со правиот пристап секогаш е точно. Денес сите сакаат да бидат
менаџери...дај боже сите да постанат.

Цвета Шалевска 08585


1
Дефинирање на менаџментот и поимот менаџер

Менаџментот претставува множество на активности преку кои се вршат


одредени функции, со цел на ефикасен начин да се обезбедат, распоредат и
мобилизираат човечките потенцијали и физичките ресурси за да се постигне
одредена цел. Односно, менаџментот претставува збир на структурни знаења
со кои се кординира работата на поединци и ограничени ресурси во функција
на остварување на избраните цели на ефикасен начин.

Менаџер е оној човек кој ја извршува работата во организацијата со


помош на ангажирање на други луѓе кои се директно или индиректно вклучни
во процесите. Менаџерот планира, ја организира работата, ги поставува
задачите, ги раководи, води и мотивира работите односно врши контрола и
истовремено претставува пример за способен човек со високо изграден
вредносен систем.

Во менаџментот, наспроти менаџерот постои и лидер. Лидер е личност


кој има влијание врз соработниците и другите луѓе во организацијата за
остварување на одредени цели на организацијата. Вистинскиот лидер е лице
кое без принуда влијае на своите работници и вработени во организацијата, за
да на најдобар начин придонесат за ефективно работење на организацијата.

Менаџментот ги има следниве функции :


 Предвидување и планирање – испитување на иднината и
скицирање на планови за акција.
 Организирање – градење на структурата за некој потфат.
 Раководење –одржување на активности помеѓу персоналот.
 Координирање – заемно поврзување, унифицирање и
хармонизирање на сите активност и напори.
 Контролирање – водење сметка се да се случува во согласност со
воспоставените правила и изразени наредби.
 Мотивирање.
 Одлучување.

Цвета Шалевска 08585


1
Улогите на менаџерот во здраствената установа

Менаџерот на здраствената установа извршува повеќе задачи и има


поголем број на улоги. Како негови задачи можат да се наброи тоа што тој ги
насочува работните активности и организации, потоа ги насочува луѓето,
односно управува со нив, исто така ги насочува операциите, производите или
услугите, како и алоцирањето на физичките ресурси, правилно разместување –
лоцирање на истите.

Улогите на менаџерот се делат на неколку групи :

1. Менаџерска група – менаџер

2. Координаторска – координатор

3. Одлучувачка група - одлучувач

4. Информациска група – информатор

5. Супервизорска група – супервизор

Менаџерската улога е својствена за менаџерот. Денес се повеќе се бара


професионалност во извршувањето на раководната функција. Менаџерот
планира, организира, раководи, дава наредби и се труди најдобро да ја изврши
мисијата во здраствената организација. Меѓучовечката – посредничката улога
произлегува од самиот авторитет на менаџерот и неа менаџерот ја користи во
својот однос према другите, како во организацијата така и надвор од неа., и тоа
во улога на кординатор кој треба, да ги извршува и посебните улоги : создавач
на односите, посредник и претставник. Како личност, фигура во улога на
создавач на односите, менаџерот ги води вработените, води кадровска
политика, обучува, проценува, ефектуира, создава работна клима и е главен
фактор за состојбата со меѓучовечките односи во организацијата.

Како координатор менаџерот ги усогласува меѓусебните интереси. Се


грижи за настантите меѓусебни недоразбирања, конфликти, натпреварувања и
слично. Неговата цел е да вспостави добри меѓучовечки односи, добра работна
атмосвера и културна средина заснована врз принципите на почит, љубов,

Цвета Шалевска 08585


1
доверба соработка,меѓусебно помагање, а и меѓусебно натпреварување преку
отворено искажување на знаењето и умеењето. Менаџерот како претставник ја
претсавува здраствената организација пред другите луѓе, преку медиумите,
настапите и слично. Одржува контакти со синдикалната организација и со други
организации, друштва, како и со претставници на владата.

Информациската улога се состои во тоа што менаџерот прима,


селектира, и и иапраќа информации. Се јавува во улога на :

 Примател

 Селектор и давател

 Пренесувач на информации.

Како примател, менаџерот собира информации од внатрешни и


надворешни извори. Како селектор, врши селекција на информациите во
согласност со нивната форма, значење, намена и сл. и истите ги насочува
според нивната припадност. Како давател на информации, менаџерот дава
информации на своите непосредни соработници и на вработените или на
пациентите. Како пренесувач на информации, менаџерот пренесува
информации на вработените во организацијата и надвор од истата, на
деловните партнери, добавувачите на лекови, корисниците на здраствени
услуги, и останатите.

Супервизорската улога менаџерот ја извршува преку неговото


контролирање на целокупното работење во јавната здраствена организација.
Неговата улога на контролор нетреба да се свати буквално, дека тој е должен
да оди на секое место, при сите процеси или при секој активност туку
непосредно преку службите, лицата одговорни за таа проблематика како и по
пат на разработените методи.

Одлучувачката група на улоги ги опфаќа оние улоги на менаџерот кои тој


ги извршува при одлучувањето во врска со активнстите во здраствената
установа. Во тој поглед менаџерот се јавува во улога на : претприемач,
овладувач со промените, распоредувач на ресурсите и одлучувач во
преговарањето.

Цвета Шалевска 08585


1
ПОТРЕБНИ СПОСОБНОСТИ НА МЕНАЏЕРИТЕ ВО ЈЗУ

Техничка способност Комуникациска вештина Концепциски способност

-Секој менаџер треба да -Оваа способност се - Оваа способност на


поседува извесно знаење за изразува преку знаењето менаџерот за стварање
она што се работи во за стварање на на концепција т.е
организацијата. Во атмосвера во која луѓето визија за фирмата
здраствените организации, се чустуваат сигурни и преку антиципирање на
тоа се главно медицински пријатно, и ќе можат промените и се
услуги, а покрај овие постои слободно да ги изразат изразува преку
и друг вид на активности, своите своите ставови : способност да се
како што се правните, вештина на јасно анализираат,
финансиските,комерцијални. артикулирање, и дијагностицираат и
изразување на личните предбидат одредени
-Потребите за техничка
ставови и сл. ситуации, односно
способност се рзликуваат од
проблеми, одредени
ниво до ниво во големите -Оваа вештина и
појави и да се прави
здраствени организации. олеснува воспоставените
разлика меѓу
вредносни односи меѓу
-Како се движиме од причините и
луѓето.
најниското према последиците за нивно
највисокото ниво на - секој менаџер на било одвивање.
менаџмент, потребата за кое ниво да е треба да
- Во споредба со
техничката способност се поседува знаење за
другите способности,
намалува. способност и умеење за
поимовната т.е
ефикасно извршување на
-Таа всушност го опфаќа концепсиската
овие менаџерски функции
знаењето и техниките способност е
бидејќи тоа придонесува
поврзани со работното позначајна за
за успешно оставрување
место што се потребни за менаџерите на
на целите на
изведување на некоја улога повисоките нивоа н
организацијата.
во организацијата. менаџментт.

Цвета Шалевска 08585


1
ЗДРАСТВЕНО ПЛАНИРАЊЕ И ПЛАН

Планирањето може да се дефинира како перманента акција со која


здраствената установа настојува не само да се прилагоди, туку и активно да
влијае на условите во кои ја врши својата активност. Доколку не се антиципира
иднината, односно ако не се планира работењето и развојот на здраствената
установа, тогаш ќе завладее случајноста, стихијата и здраствената установа ке
стопасува со играта на случајности со сите свои позитивни или негативни
консенквенци.

Здраственото планиање може да се смета како уреден процес кој што ги


дефинира здраствените проблеми на општеството, ги идентификува
незадоволените потреби и истражувања и пронаоѓа ресурси за нивно
задоволување, и ги константира природните и општите цели кои што се
остварливи и изводливи и ги предвидува административните и другите акции
кон целта. Целта на планирањето е овозможување на оптимално користење на
ресурсите, околностите и на се она што влијае врз успешното работење на
здраствената установа.

Самата комплексност на здраствената установа подразбира планска


активност насочена кон :

 Утврдување на долгорочните цели на здраствената установа.

 Анализа и оценка на предностите и недостатоците на здраствената


установа.

 Анализа и оценка на промените во окружувањето и

 Обезбедување на стратегија на раст и развој на здраствената установа.

Добро поставен план на чинителот покажува што, кога и како ќе биде


остварено. Планот е детален опис на методите и задачите кој ќе бидат

Цвета Шалевска 08585


1
применени во целта за оставрување на именуваните цели на здраствената
установа, односно кој што ќе резултираат на очекуваните достигнувања.
Плановите се донесуваат на различните нивоа на здраствената установа.

Здраствениот план кој што ги има своите карактеристики, треба да го


вклучи најмалку следново:

 Здраствена национална политика која што треба да се следи,

 Приритетни здраствени проблеми,

 Целите кои што го подобруваат здравјето на населението,

 Стратегиите избрани за нивни решавање,

 Опши национални програми, со планот за нивната примена

 Политичките, социјалните, економските, административните процеси и


технологијата

 Неопходни закони, механизми и процеси на раковдење,

 Главни договорени акции кои што треба да се превземат од сите сектори


на здраствената служба, како би се сповеле програмите.

 Кадровските проблеми,

 Општата распределба и прераспределба на финансиските средстав за


примена на програмата,

 Организациска одговорност за примена на програмата.

Цвета Шалевска 08585


1
РЕГРУТИРАЊЕ, СЕЛЕКЦИЈА И ПЛАНИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ВО ЈЗУ

Регрутирањето се состои од активностите во кои менаџерите се


вклучуваат за развој на квалификувани кандидати за отворени работни места.
Селекцијата е процес преку кој менаџерите ги одредуваат важните
квалификации на пријавените и нивниот потенцијал за добро извршување на
работата за одредено работно место. Пред самото регрутирање и селекција на
вработените, менаџерите треба да се вклучат во две важни активности:
планирање на човекови ресурси и анализа на работните места.

Планирањето на човекови ресурси се состои од редица активности во


кои менаџерите се вклучуваат да ги предвидат нивните тековни и идни потреби
од човекови ресурси. Тековните човекови ресурси се вработените потребни
денес на организацијата за обезбедување на високо квалитетни стоки и услуги
за потрошувачите. Идните човекови ресурси се вработените потребни на
организацијата подоцна за постигнување на своите долгорочни цели. Како дел
од планирањето на човекови ресурси, менаџерите мора да направат
предвидувања и за побарувачката и за понудата. Предвидувањата за
побарувачка ги проценуваат квалификациите и бројот на вработените потребни
на организацијата во однос на нејзините цели и стратегии.

Постојат барем две причини зошто планирањето на човекови ресурси


понекогаш ги води менаџерите до користење на надворешни добавувачи и
произведители. Прво, outsourcing може да ја зголеми флексибилноста на
менаџерите, особено кога прецизното предвидување на потребите од човекови
ресурси е тешко, бидејќи тие потреби се менуваат со текот на времето, а и
наоѓањето квалификувани работници за одредена област е тешко. Второ,
outsourcing може понекогаш да им овозможи не менаџерите да користат
човекови ресурси со помали трошоци. Кога се користат надворешни лица,
трошоците може да се пониски од неколку причини:

Меѓутоа оutsourcing има и слаби страни. Кога некоја работа се извршува


од надворешни лица, менаџерите може да изгубат контрола врз квалитетот на
стоките и услугите

Цвета Шалевска 08585


1
АНАЛИЗА НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ЈЗУ

Анализата на работно место е втората важна активност што менаџерите


треба да ја преземат пред регрутирањето и селекцијата. Анализата на работни
места е процес на одредување работни задачи, должности и одговорности што
го сочинуваат работното место (опис на работното место) и познавањето,
вештините и способностите потребни за извршување на работно место
(спецификации на работно место). За секое работно место во организацијата,
потребно е да се направи анализа на работни места. Анализата на работни
места може да се направи на неколку начини, вклучувајќи го набљудувањето
на вработените додека ја извршуваат работата или интервјуирање. Често,
менаџерите се потпираат врз прашалници пополнети од вработените и нивните
менаџери. Прашалниците содржат прашања за нивните вештини и способности
неопходни за извршување на работата, работните задачи и времето потребно
за нивно извршување, одговорностите, супервизорските активности, опремата
што се користи,подготовката на извештаи и донесени одлуки.

Откако менаџерите ќе го завршат планирањето на човековите ресурси и


анализите на работни места за сите работни места во една организација, тие
ќе ги знаат потребите од човекови ресурси и работните места што треба да ги
пополнат. Тие исто така ќе знаат какво познавање, вештини и способности ќе
им бидат потребни на потенцијалните вработени за извршување на тие
работни места. Сега, може да почне регрутирањето и селекцијата.

Кога менаџерите изведуваат надворешно регрутирање за пополнување


на отворени работни места, тие бараат лица надвор од одрганизацијата кои
претходно не работеле за таа организацијата. Постојат повеќе начини преку
кои менаџерите можат надворешно да регрутираат лица (огласи во весници,
отворен ден за студенти и советници за кариера во средни училишта и колеџи
или во самата организација, саеми на кариера, и огласи на интернет).

Кога регрутирањето е внатрешно, менаџерите ги пополнуваат


отворените работни места од постојаните вработени. Вработените внатрешно
регрутирани или бараат латерални движења ( промена на работни места) или
унапредувањата. Интерното регрутирање има неколку предности.

Цвета Шалевска 08585


1
ЗАКЛУЧОК

Улогата на менаџерот во ЈЗУ е ог големо значење,како за здравствената


организација така и за системот и општеството во кои функционира истата.
Менаџерот е лице кое ги извешува задачите во здравствената установа со
помош на други луге. Менаџерот ги остварува организационите цели преку
комуникација со вработените во здравствената установа, мотивирајки ги за
подобро извршување на работата. Улогата на менаџерот се состои со неговите
способности, да се справи со секојдневните активности и предизвици во
здравствената установа.

Цвета Шалевска 08585


1
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

 Проф.др МИЦЕВСКИ,Трајче: Менаџмент и лидерство

 FARNAM,Polg: Економија за менаџери

Цвета Шалевска 08585


1

You might also like