You are on page 1of 163

УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО - ОХРИД

Измами во осигурувањето
- криминолошко – кривичноправен аспект -
(магистерски труд)

Ментор: Кандидат:

Проф. Д-р Миладин Крстаноски Слободан Радуловиќ

Охрид, 2013 година


Содржина:

I – Вовед, осигурување, криминолошки и кривичноправен аспект


на измами во oсигурувањето …...………………………………………....................6
1. Вовед ...............................................................................................................6
1.1. План, предмет, задача и цел на работата ..................................................11
1.2. Методите на истражување на измами во осигурувањето ..........................12
1.3. Основни хипотези со образложение ..............................................................12
2. Осигурување ..............................................................................................................14
2.1. Дејност на осигурувања - развојни аспекти ..................................................15
2.2. Договори за осигурување и реосигурување ..................................................24
2.2.1. Договорот за осигурување ..............................................................25
2.2.2. Договорот за реосигурување ..............................................................32
2.2.3. Полиса за осигурување и лист на покритие ......................................34
3. Криминолошки аспект на измами во осигурувањето ......................................37
3.1. Криминал ..................................................................................................38
3.2. Причини, услови и поводи за вршење на измами во осигурувањето...........40
3.2.1. Причини за вршење на измами во осигурувањето ..........................40
3.2.2. Условитe за вршење на измами во осигурувањето ..........................41
3.2.3. Поводи за вршење на измами во осигурувањето ..........................41
3.3. Криминалитет на белиот околувратник и измами во осигурувањето............42
3.4. Посебни случаи и примери на перење на пари во осигурувањето ..............45
3.5. Темна бројка на криминалитетот ..............................................................46
3.6. Организиран криминал и криминал во областа на осигурувањето ..............47
3.6.1. Организиран криминал ..........................................................................47
3.6.1.1. Поим и карактеристики ..............................................................47
3.6.1.2. Борба против организираниот криминал во
Република Македонија ..................................................49
3.6.2. Основни стандарди за борбата против организираниот
криминал на друштвата за осигурување ..................................................50
3.7. Политика за прифаќање на клиентот, бизнис релација и
можности за организиран криминал ..................................................51
3.8. Статистички показатели за криминалот во
Република Македонија во 2011 година ..................................................52
4. Кривичноправен аспект на измами во осигурувањето ......................................53
4.1. Кривичното право како наука ..............................................................53
4.1.1. Бипартитен систем ..........................................................................53
4.1.2. Трипартитен систем ..........................................................................54
4.2. Кривично право како систем на законски прописи ……………………..…55

2
4.3. Измама во осигурувањето – општествено опасно дело ..........................55
4.4. Општи елементи на кривичното дело измами во осигурувањето ..............56
4.4.1. Активност на кривичното дело измами во осигурувањето ..............56
4.4.2. Предвиденост на измами во осигурувањето на законот ..............58
4.4.3. Противправност и измами во осигурувањето ........................59
4.4.4. Вина во случај на измами во осигурувањето ......................................60
4.5. Посебни елементи – тело на измамите во осигурувањето ..........................62
4.5.1. Заблуда - елемент на измамите во осигурувањето ..........................63
4.5.2. Специфичност на заблудата кај измамите во осигурувањето .............64
4.6. Дополнителни елементи на дело измами во осигурувањето ..............65
4.7. Коегзистенција на измамите во осигурувањето со
другите кривични дела ......................................................................................65

II – Измама во осигурувањето, поим, развојни аспекти и видови ..........................68


1. Поим на измами во осигурувањето ...............................................................68
2. Развојни аспекти на измами во осигурувањето ..................................................69
2.1. Традиционална фаза на измами во осигурувањето ......................................70
2.2. Делото измами во осигурувањето во XX век ......................................73
2.3. Однос помеѓу традиционалното и современото дело на измами во
осигурувањето ..................................................................................................74
2.4. Социјално - психолошки карактеристики на извршителите
на измама во осигурувањето ..............................................................76
3. Видови на измами во осигурувањето.......................................................................78
3.1. Подметнување на пожари како вид на измами во осигурувањето ..............79
3.1.1. Општа опасност - последица од подметнување на пожари на
осигураниот имот ..........................................................................81
3.1.2. Општи и посебни елементи на делото подметнување на пожари ..82
3.1.3. Индиции за измама во осигурувањето од
подметнување на пожари ..............................................................85
3.1.4. Социјално - психолошки карактеристики на подметнувачот на
пожари ..................................................................................................86
3.2. Измами во поморското осигурување ..............................................................87
3.2.1. Карактеристики на поморското осигурување ......................................88
3.2.2. Мотиви за измамата-потопување на брод ......................................89
3.2.3. Фази во извршување на измами во поморското осигурување ..91
3.2.4. Општи и посебни елементи на измамите во
поморското осигурување ..............................................................92
3.2.5. Видови на измами во поморското осигурување ............................93
3.2.6. Индиции за измама во поморското осигурување ..........................98
3.2.7. Социјално - психолошки карактеристики на изврштелите на

3
измамата во осигурувањето во поморскиот сообраќај ..............99
3.3. Измами во осигурувањето на моторните возила ......................................99
3.3.1. Околности кои се во корист при вршењето измами во
осигурувањето на моторните возила ................................................101
3.3.1.1. Осигурување од одговорност за штета причинета
на трети лица ....................................................................102
3.3.1.2. Карактеристики на намера кај измамите во
осигурувањето на моторни возила ....................................105
3.3.1.3. Карактеристики на алеаторноста кај измамите во
осигурувањето на моторните возила ....................................107
3.3.2. Видови на измами во осигурувањето на моторни возила ............107
3.3.2.1. Измами во осигурувањето на моторните возила со
делумно штетен настан ................................................114
3.3.2.2. Измама во осигурувањето на моторните возила со
непостоечки штетен случај ................................................115
3.3.3. Индиции за измама во осигурувањето на моторните возила ............117
3.3.4. Штета исклучена од задолжителното покритие ........................118
3.3.5. Надомест на штетата предизвикана со возило со странска
регистрација ....................................................................................119
3.4. Измами во осигурувањето на лица ............................................................120
3.4.1. Индиции за постоење на измами во осигурувањето на лица ............121
3.4.2. Карактеристики на договорот за осигурување на лица ............123
3.4.3. Видови на измами во осигурување на лица ....................................123
3.4.3.1. Измамите во време на склучување на договорот за
осигурување на лица ......................................................124
3.4.3.2. Измамите за времетраењето на осигурувањето на лица 126
3.4.3.3. Измамите во осигурувањето на лица при
остварувања на права ............................................................127
3.4.4. Основи за исклучување на ризик од осигурување на лица ............128
3.5. Измами во осигурувањето од страна на осигурурителот ........................130
3.6. Измами во врска со организирањето на туристички патувања ............133

III - Правна регулатива за осигурителните измами во


Република Македонија ....................................................................................137
1. Општи напомени за измамите во осигурувањето ....................................137
2. Причини за измами во осигурувањето ............................................................138
3. Класификација на осигурителните измами ................................................139
4. Видови измами во осигурувањето ........................................................................139
4.1. Измамите при склучување на договорот ................................................139
4.2. Измами во текот на осигурувањето ............................................................140

4
4.3. Измамите за настапување на осигурениот случај ....................................140
4.4. Измама во барањето за надомест за штета ................................................140
5. Индикатори на сомнителни трансакции ............................................................140
6. Видови измами ....................................................................................144
6.1. Поморски измами ....................................................................................144
6.2. Измами со надосигурување ........................................................................145
6.3. Измами кај сообраќајните незгоди ............................................................145
6.4. Измами во осигурувањето на имот ............................................................147
6.5. Измами кај животното осигурување ............................................................149
6.6. Измами кај здравственото осигурување ................................................150
6.7. Измами во осигурувањето на моторни возила ....................................151
7. Детекција на измамите во осигурувањето ................................................152
8. Превенција кај измамите во осигурувањето ................................................153

IV – Заклучок ............................................................................................................156

Литература ............................................................................................................158

5
I – Вовед, осигурување, криминолошки и кривичноправен аспект на
измами во осигурувањето

1. Вовед

Измамата во осигурувањето од аспект на криминологијата и кривичното право,


до сега во стручната литература не е единствено, туку е само фрагментирано
обработена. Единствената до сега објавена монографија - студија на оваа тема1, З.
Радовиќ и др. „Измами во осигурувањето“2 се занимава со граѓанскоправниот аспект на
измамата во осигурувањето. Значи, до сега не е објавен ниту еден синтетички
теоретско - стручен труд на темата измами во осигурувањето од мултидисциплинарен,3
криминолошко – кривичноправен аспект, што, од една страна ми претставуваше
тешкотија, а од друга страна предизвик при обработката на оваа тема.
При тоа, готово да непостои дел од областа на граѓанската и кривичната
одговорност која во себе содржи толку недоумици и контрадикторности како измамата
во осигурувањето. Затоа што, измамата е дел од човековиот род од самото создавање,
од секогаш постоеле поединци и групи кои пробувале да добијат некоја корист на
штета на другиот. Во најраниот период против извршителите се применувале санкции
како што се презир, изолација или, дури и, изопштеност од заедницата.4 Значи,
заблудувањето, мамење на друг поради стекнување на некоја корист, било иманентно
во општеството во сите периоди, те. претставувало општествено непосакувано
санкционирано однесување. Затоа сите форми на социјална патологија – помеѓу кои
општествено најопасната форма е криминалитетот - предмет на проучување на
социологијата и на другите посебни науки.
Поради тоа на почетокот на трудот, со примена на дедуктивната метода,5 ќе
обработиме поедини, општи, основни поими кои се предуслов за дефинирање те.
разбирање на поимот измами во осигурувањето.

1
Од подрачјата на бившата СФРЈ.
2
Радовиќ З., Алексиќ Ж., Петровиќ З., Петровиќ Т., Измами во осигурувањето, Глосаријум, Белград,
2002 година
3
При тоа, постои дистинкција помеѓу мултидисциплинарниот, интердисциплинарниот и интегративниот
пристап. Мултидисциплинарност значи обединување на знаењата од разните научни дисциплини.
Интердисциплинарност е неопходност од дијалог во разните дисциплини со цел спознавање на
заедничкиот научен проблем, додека под интегративен пристап подразбираме постапка на доведување
во врска на податоците за иста појава од аспект на повеќе научни дисциплини, врз основа на кои се
доаѓа до нови сознанија за предметната појава. (Повеќе за тоа: Игњатовиќ Ѓ, Методологија на
истражување на криминалитетот, Правен факултет, Белград, 2009 год.).
4
Што било скоро исто како смртна казна.
5
Метод на дедукција (лат. deductio), е изведување, заклучување од општо кон посебно, од намислата од
општо кон посебно и поединечно. На пример, во случајот на изучување на измамите во осигурувањето
општата, почетна премиса е дека се работи за општествена негативна појава која е последица на
специфичен психички однос (намери) на извршителот кон дејствата на извршување. Од оваа, општа
6
Фантазија или имагинација6 е стремеж, верување, способност на замислување
на предмети и појави, кои не постојат во стварноста, туку сме ги преживеале или ги
очекуваме.7 На пример, одговарајќи на прашањето зошто одлучил да и се посвети на
науката, Никола Тесла одговорил: „Уште во детството сонував за тоа.“ Тоа значи дека
помеѓу фантазијата, како способност на замислување на стварноста и стварноста, само
условно постои граница. Затоа што, фантазијата, многу често е предуслов, мотив –
двигател на промените во реалниот живот.
Илузијата е „привидение, вообразување, измама при која некој предмет се
запазува поинаку од тоа каков е во стварноста; има три видови на илузија: поради
невнимание, поради афект, посебно страв (кога на пр. навечер во шумата гледаме
човек во стеблото од дрво); без афект, те. оние кои не мора да се создадат при целосно
внимание.“8 При тоа, постојат групи илузии,9 измами со кои се создава неточна,
искривена слика, свест за предметите и појавите, фактите кои не опкружуваат, а кои
имаат само една цел – остварување на некаква корист на штета на друг. Овие илузии се
прават со таква намера, вештина и интензитет да дури и го наведуваат измамениот да
превзема активности и постапки со кои самиот себе си, те на своите имотни интереси
си нанесува штета. Значи, измамата е илузија, заблуда која има за цел остварување на
некаква противправна имотна корист, на штета на имотните интереси на некој друг.
Измама во осигурувањето настанува кога измамата, доведувањето во заблуда, се
прават со цел противправно стекнување на имотна корист по основ на осигурување.
Врз основа на изнесеното, можеме да заклучиме дека постојат заеднички
елементи помеѓу поимите фантазија, илузија и измама. Но овие поими, воедно и многу
се разликуваат по своите последици, затоа што фантазијата во стварноста има
креативно или деструктивно, последично дејство; илузијата е моментален или траен,
неточен, искривен приказ на стварноста направен како резултат на измама, а при тоа
измамените поединци можат, но и не мораат да трпат последици.

премиса возможно е, преку односот општо – посебно - поединечно да се дедуцира поголем број на
одговарачки заклучоци за измамата во осигурувањето.
6
Лат. immaginatio = „способност на замислување, односно создавање на ментални слики или поими за
тоа што не е сетилно приметено“ - Вујаклија М., Лексикон на странски зборови и изрази, деветто
издание, Просвета, Белград, 2006 година, стр. 321.
7
Во случај на замислување на работи и појави од минатото, се работи за репродуктивна фантазија.
Фантазијата која подразбира способност за сознание, замислување на работи и појави во иднината и
посебните врски помеѓу нив, со кои се создава нов квалитет, се нарекува креативна фантазија.
8
Вујаклија М., исто, стр. 320–321.
9
Од лат. збор illusio = сетилна измама, фарса, вообразување. Значи, илузиите се сетилни измами кои
потекнуваат од фантазијата. При тоа, некои илузии ги посакуваме, а некои се непожелни. На пример,
магионичарската претстава е пожелна, релаксирачка илузија, „повик на заедничка агресија“ спрема
ограничувањата кои не опкружуваат, оптеретуваат и мачат. Илузијата може да биде и непријатна,
заканувачка, неволна, може да настапи како последица на некаква минлива или трајна психо –
физиолошка состојба на организмот. - Вујаклија М., исто, стр. 320 – 321.

7
Во случај на измама, значи се работи за планска илузија, измама со која некој се
наведува на направи или да пропушти да направи нешто на штета на сопствените
имотни интереси.
Стекнувањето на имотна корист по основ на осигурување овој вид на измама го
прави специфичен престап. При тоа, предуслови за вршење на измама во
осигурувањето се степенот на општа способност10 и образованието на извршителот,
како и неопходното ниво на општествен развој, а општествената реакција на вршењето
на измама во осигурувањето е многу специфична. Измамата е a priori негативна појава,
вршење на измама поради користољубие,11 а при тоа присатна е невообичаено слаба
општествена реакција на вршењето на измами во осигурувањето. При тоа, „кога
станува збор за измами во осигурувањето најчесто се мисли на измами од чии
последици штетата ја трпи осигурителното друштво. Меѓутоа, тоа не е точно. Во
осигурувањето на животот како учесници се појавуваат покрај осигуреникот,
агенциите за посредување и застапување во осигурувањето, односно нивните агенти,
корисници на осигурувањето, а во последно време се повеќе се говори и за измами кои
ги прават осигурителните друштва.“12
Статистичките податоци говорат дека процентот на учеството во измами во
вкупниот обем на исплатените штети, односно договорените суми во сите гранки на
осигурувањето, во готово сите земји, е приближно на ниво од десет проценти. Во
вкупната маса на измами во осигурувањето „најподложни се краткорочните, односно
најраспространетите видови на осигурување, во што се вбројува и осигурувањето на
моторните возила (автомобилска одговорност и автомобилски каско).“13

10
Психолозите како синоними ги користат термините општи способности и интелигенција.
11
Имено, кога некого ќе означиме со атрибутот „измамник“ или „шарлатан“ тоа веднаш укажува на лице
вредно за секаков презир и општествена осуда.
12
Петровиќ Т., Измами во осигурувањето на животот и надомест на штетата, Актуелни проблеми кај
надомест на штетите и осигурувањето (зборник), Интермекс, Будва – Белград, 2004 година, стр. 390.
13
Измами во осигурувањето на моторните возила, Надомест на штета, безбедност во сообраќајот и
обавезно осигурување, 12. меѓународен научен собир, Интермекс, Белград - Златибор, 2009 година,, стр.
209. Исто така факт е дека готово не постои осигуреник кој откако проценителот ќе донесе наод за
висината на надоместот поради оштетување, на пр. на моторно возило - возила, ќе биде во целост
задоволен.
8
Карактеристично е дека и ако се јави општествена реакција, таа е спорадична,
занемарлива, „млака,“ готово никакава, како да не се работи за некоја криминогена
појава, штета која се мери со милионски своти, а при тоа, измамата во осигурувањето е
еден од ретките деликти кој може да се изврши исклучиво плански, со намера, со
умисла, а кој готово и не предизвикува никава општествена реакција, односно осуда.
Едно од можните објаснувања за оваа појава е перцепцијата на осигурителните
друштва како пребогати стопански субјекти кои „често пати, неосновано и спротивно
на примамливите ветувања на агенатите за осигурување при склучување на договорот,
на сите начини ја попречуваат исплатата на сумата за осигурување кога ќе се дојде до
осигурителниот случај.“14
Во врска со претходното, според изјавите на извршителите, најчести мотиви за
вршење на измами во осигурувањето се, затоа што: 1) „никој не е оштетен“ (те.
злочинот без жртва е прифатлив); 2) неправедно е осигурениците редовно да вршат
уплати на премии, а парите да му останат на осигурителот; 3) многу е лесно да се
изврши, па зошто да се пропушти шансата? 4) општата криза доведува до голема
немаштија, а ова е релативно безболен начин за дополнување на домашниот буџет; 5)
присатно е докажување на способноста да се измамат моќниците од осигурувањето; 6)
тоа сите го прават, па зошто да не го направам и јас; 7) осигурателите „се измамници“,
а да се измами измамник не е грев; 8) за ваквото однесување ги советувал агентот за
осигурување; 9) тоа е готово безризичен начин противзакнски да се набави осигурана
сума; 10) затоа што претходните ветувања осигурителот не ги исполнил; 11) со оваа
измама се доаѓа до пари, за кои всушност никој не мора да работи; 12) затоа што
осигурувањето е како коцка или лотарија, па кој добие- добие.15
Во согласност со наведеното, начинот на извршување и способноста на
извршителот на измамата во осигурувањето се движи од банален, занемарлив степен
на креативност до најрафинирани форми на измамнички активности и нивното
прикривање, те. фантазерски, за обичните луѓе, несфатливи начини на доведување на
жртвата на измама во заблуда, готово невозможни за откривање и докажување пред
судот. При тоа, намерата за вршење на измама во осигурувањето се движи од готово
акцидентални (по принципот „шансата го прави виновникот“) па се до
најсофистицираните измами со комплетна оригинална документација на која
„единствено“ и недостасува тоа што осигурениот случај воопшто не се ни случил.

14
Матијевиќ Б., исто, стр. 208.
15
Приказ на мотивите за вршење на измами во осигурувањето спрема: Матијевиќ Б., исто, стр. 208.
9
Значи, се работи за современ, се пораспространет и поопасен престап кој
подразбира извршител со натпросечни способности, често од високите општествени
слоеви. Исто така, извршувањето на измама во осигурувањето подразбира извршител,
кој идентично како и неговото дело, до откривањето не предизвикува готово никаво
општествено внимание или реакција,16 додека по извршувањето на измамата исто така
следи општествена реакција која е во целосна дисхармонија со тежината на делото.
При тоа, најопасните измами во осигурувањето се оние извршени од страна на
организираните криминални групи, проценувачи, сообраќајци, судски вешти лица и
други кои инаку би требало да ги спречат овие измами. Во овие случаи задачата на
органите за гонење и на правосудството е многу сложена.
„Случаите со измама во осигурувањето се многубројни и во праксата ги има се
повеќе и повеќе. Се појавуваат во сите видови на осигурување. Меѓутоа, најчесто се
појавуваат кај тнр. масовни осигурувања и тоа кај: осигурување на моторни возила,
осигурување на живот, осигурување од пожар, осигурување на транспорт и
осигурување на кредити.“17
Имајќи ги во предвид енормните штети кои последично се создаваат поради
измами во осигурувањето, на пример, „во американското законодавство измамите во
осигурувањето се класифицираат во кривични дела пропишани со сојузен закон, а
редовна е појавата на пријавување и гонење на сторителите да се ангажираат
државните органи, како и да се основаат посебни истражни одделенија поради
испитување на сомнителни случаи.“18
Отворени прашања во врска со измамата во осигурувањето се неадекватната
општествена реакција, мотивација, ставот кон делото (кој на пр. се манифестира со
отсаство на каење), реакција на општествената средина, совпаѓањето со другите дела и
сл. Исто така, се поставува и прашање каков е психолошкиот профил на извршителот
на измамата во осигурувањето, кои се заеднички, а кои се специфични карактеристики
на извршителите на измама во осигурувањето? Какво е нивото на образование, а каква
е интелектуалната способност на извршителот на измамата во осигурувањето? Кои се
најчести, а кои најопасни начини на извршување на измами во осигурувањето?

16
Затоа што, наводно, се работи за таканаречени „корисни малверзации“, а не за криминал.
17
Петровиќ Т., Измами во животносто осигурување и надомест на штетите, Актуелни проблеми при
надомест на штетите и осигурувањето (зборник), Интермекс, Белград – Будва, 2004. година, стр. 390.
18
Радовиќ З., Алексиќ Ж., Петровиќ З., Петровиќ Т., Измами во осигурувањето, Глосаријум, Белград,
2002 година, стр. 246.
10
Врз основа на наведеното, измамата во осигурувањето по формите, бројот и
зачестеноста на изразувањето, по степенот на општествената опасност и висината на
штетата е се посложен општествен проблем кој има глобални, светски размери и
претставува „проблем кој постои од како почнале луѓето да го здружуваат својот
капитал поради намалување на ризикот од индивидуални загуби. Меѓутоа, тоа што
загрижува е нивниот континуиран тренд на пораст. Статистички е докажано дека
измамите во осигурувањето готово пропорционално го следат развојот на
осигурителниот пазар во одредена држава. Што...значи дека „правата ера“ на измами
во осигурувањето допрва ни претстои.“19
1.1. План, предмет, задача и цели на работата. Со планот на работата ги
одредуваме фазите за остварување на основната цел на работата - етиолошко и
феноменолошко согледување на криминолошките и кривичноправните аспекти на
измамите во осигурувањето. „Активностите (и пропустите) кои ги загрозуваат во
одреден временски период поедините лица или добра- во материјална и морална
смисла, кои им припаѓаат на тие поединци, на разни општествени органи и
организации како и на друштвото во целост, а кои се инкриминирани во важечките
казнено – правни норми на една земја, се сметаат и правно се третираат како нејзин
криминалитет за тоа време.“20
Основната премиса во методологијата на општествените науки секако е
утврдување на предметот на истражување, па така и измамите во осигурувањето,
опфаќаат две взаемно поврзани фази: прво, одредување на појави помеѓу кои се
утврдува врската и второ, одредување на самата врска која се одредува.
При тоа, кривичноправниот поим измами во осигурувањето е релативен во
просторот и времето, затоа што „некои форми на однесување кои порано се казнувале,
денес влегуваат во кругот на општествено нормално однесување. Ако ги споредиме
разните законодавства, ќе воочиме важни разлики во инкриминирањето на одредени
однесувања. Тоа значи дека на инкриминациите не смее да се гледа метафизички, туку
во димензии на релативни самосталности а тоа го потврдува историската анализа.“21
Значи, со планот на работата предвидено е проучување на измамите во
осигурувањето како општествени појави, феномен во животот на друштвото и
поединецот кој се јавува во одредено време и простор.

19
Матијевиќ Б., оп. цит, стр. 204.
20
М. Милутиновиќ, Криминологија, шесто издание, Современа администрација, Белград, 1990 година,
стр.7
21
Исто, стр. 29.
11
Предметот на работата, измама во осигурувањето, те. нејзиниот криминолошко
– кривичноправен аспект првенствено ќе го согледаме по пат на експликативна
анализа, те. проверка дали и како оваа специфична, негативна општествена појава
влијае на поедините сегменти на општествената структура, какви се нејзините
последици и во каква корелација е со другите општествени појави. Исто така, предмет
на нашата работа е и дефинирање на поимот измама во осигурувањето.
Задача на истражувањето на измамите во осигурувањето е мултидисциплинарно
согледување, обработка и проверка на релевантноста на основните хипотези за овој
вид на измама како криминолошко - кривичноправна појава. При тоа, почетната цел на
истражувањето на измамите во осигурувањето се состои во анализирање и
воопштување на нејзините поедини криминолошко – кривичноправни аспекати, а
крајната цел на трудот е аналитичка експликација на овој специфичен престап на
кривичноправните норми.
1.2. Методите на истражување на измами во осигурувањето ги делиме на
општи и посебни. При тоа, општите научни методи составени се од основните методи
на сознавање22 и општите гносеолошки методи.23 Посебните методи ги опфаќаат
методите на анализа и синтеза, како и методите на индукција и дедукција.
Во нашата работа за измами во осигурувањето, преку плурализам на
методолошките постапки, ќе примениме: метода индукција и дедукција, метода на
анализа, односно, метода на историско - компаративна анализа, метода на синтеза, како
и метода на научно предвидување, односно општествено условување на појавата
измами во осигурувањето. Оваа сложена методолошка постапка е неопходна поради
комплексноста на проблемот измами во осигурувањето како општествена појава.
1.3. Основни хипотези со образложение. Прва хипотеза: Измамата во
осигурувањето е во врска со степенот на општествено економскиот и технолошкиот
развој, посебно во областа на сообраќајот. Технолошкиот развој како предуслов за
целокупниот економски развој посебен замав доби со индустриската револуција која
започна со откривањето на парната машина, а потоа продолжи со широката примена на
електричната енергија.
Овај развој трае се до примената на најсовремените достигнувања во областа на
нуклеарната енергија, информатика и истражувањата на вселената. При тоа, една од
најголемите последици од „научните експлозии“ се случи во сообраќајот како
стопанска гранка од чиј развој зависел и напредокот на другите стопански области,
пред се на трговијата како природен следбеник на производството.

22
Во кои ги вбројуваме апстрактната и стварната дијалектичката метода.
23
Кои се составени од методата на моделирање, статистичката метода и аксиоматската метода.
12
Но, audiatur et altera pars. Поседувањето и користењето на современите
сообраќајни средства (на пр. прекуокеански бродови, теретни авиони со голема
носивост, разни до скоро незамисливи средства за превоз на патници – на пр.
железница са брзина од преку 300 км. на час и др.) предизвика многу позитивни
последици (на пр. експанзија на осигурувањето како стопанска дејност), но донесе и
одредени негативни, непосакувани последици, како што се, покрај другите, се
почестите општествено опасни измами во осигурувањето.
Значи, овој вид на криминалитет доби поширока примена дури кога успеа на
извршителите да им донесе значајна материјална корист, така да, потребни ќе бидат
многу, покрај другото и научни трудови како би можела да се согледа и предупреди
оваа негативна, криминогена општествена појава.
Втора хипотеза: Економската (материјалната) положба на осигурителните
организции и начинот на кои тие ги надминуваат последиците од измамите во
осигурувањето, предизвикуваат непримерено воздржана општествена реакција во
однос на тежината, односно степенот на општествената опасност поради ова кривично
дело.
Осигурувањето, како важна стопанска област која на принципите, солидарност
и сносување на заеднички ризик без сомнеж има позитивна општествена функција,
затоа што обезбедува заштита од ризик и надомест на штетата на лицата кои
доживеале штетни случувања (исклучок е осигурувањето на живот, но тука
позитивните последици од наплатата на осигураната сума ги бенефицираат
наследниците, по правило, сродници на осигуреникот, со релативно мали вложувања
во склучувањето на, според нашето мислење, алеаторниот договор за осигурување).
При тоа, актуарските активности на осигурителот му обезбедуваат со голема
доза на прецизност да ја одреди висината на премијата за осигурување со која ќе се
обезбеди исплата на премиите на осигурениците во случај на создавање на осигурани
случаи. Затоа што, осигурителните организации секогаш остваруваат значителна
добивка од својата дејност, така да тие се повеќе стануваат и финасиски организации
кои вршат вложување на значителни средства во сигурни проекти остварувајќи на тој
начин висок профит. Значи, осигурувањето е многу профитабилна дејност за разлика
од многуте други (како што се рударството, металната и текстилна индустрија кои веќе
со децении наназад остваруваат минимален профит со многу тешки услови на работа).
Се поставува прашањето дали осигурителите покажуваат мала
заинтересираност за започнување на судски (граѓанскоправни и, уште помалку,
кривичноправни) постапки против лицата кои вршат измами во осигурувањето поради
можноста својата штета едноставно да ја надоместат со зголемување на премиите и со
тоа својот ризик од работењето да го пренесат на своите осигуреници? Понатаму, дали
претходно наведеното во образложението на оваа хипотеза е причина за воздржана
општествена реакција на вршењето на кривичното дело измами во осигурувањето?

13
Трета хипотеза: измама во осигурувањето може да се изврши исклучиво со
умисла, спаѓа во „криминалитет на белиот околувратник.“ и, по правило, ја вршат
организираните криминални групи.
Оваа хипотеза од областа на кривичното право ја засновавме на
специфичностите на односот помеѓу извршителите на измамата во осигурувањето и
последиците, односно актите на измама во осигурувањето. По пат на експликативни
кривичноправни анализи на поедини различни форми на експресија на измамите во
осигурувањето ќе утврдиме дали е точна претпоставката дека измамата во
осигурувањето може да се изврши исклучиво со умисла како форма на вина.
Исто така, бидејќи се работи за образовани, стручни, а често и високостручни
лица како извршители на кривични дела (што значително го отежнува откривањето), ќе
разгледаме дали измамата во осигурувањето спаѓа во криминалитет на белиот
околувратник, те. дали овој специфичен вид на криминалитет се јавува, сем во
останатите стопански области и во осигурувањето?
При тоа, посебна општествена опасност содржи извршувањето на кривичното
дело измама во осигурувањето од страна на организирани криминални групи. Во врска
со тоа, потребно е да се одговори и на прашањето дали кривичното дело измама во
осигурувањето се врши исклучиво со активност на повеќе лица кои со планирани,
координирани малверзациски активности остваруваат противправна материјална
корист?

2. Осигурување

Претходното запознавање со општите елементи од областа на осигурувањето,


нивните развојни аспекти и основните поими, од круцијално значење се за изучавање
на измамите во осигурувањето. Поради тоа во овој оддел ќе ги разгледаме основните
поими и развојни аспекти на осигурувањето.
Поимот „осигурување“ означува „сигурност, доверба, заштита, обезбедување.“24
Исто така, во најширока смисла, поимот осигурување подразбира и гаранција, можност
за надомест на штета во случај на остварување на ризик, те. настанок на штетна случка.
Затоа, врз основа на општествените и индивидуални потреби за сигурност, се создало
осигурување кое се заснова на основното начело „взаемност и солидарност, како и
техничка организација на осигурување. При тоа, работата на осигурувањето
претставува стопанска, услужна дејност која ги штити човекот и неговиот имот од
последиците од случувањата на бројните опасности.“25

24
Вучковиќ-Радовановиќ М., Осигурување на побарување на кредити, Зборник, Правен факултет, Нови
Сад, 2000-2001 година, стр 132.
25
Шулејиќ П., Вујовиќ Р., Мркшиќ Д., Жарковиќ Н., Рашета Ј., Милорадовиќ Ј., Основи на осигурување,
второ издание, Универзитет Сингидунум, Белград, 2008 година, стр. 3.
14
Значи, осигурувањето подразбира мерки и активности со цел заштита од ризик,
односно обезбедување на имотни и други интереси на физичките и правни лица –
осигуреници, во случај на настап на осигурениот случај, односно остварување на ризик
на терет на фондовите за осигурување – осигурителите, те. Обврска на осигурителот е
на осигуреникот да му ја овозможи договорената заштита од ризици.
Истовремено, осигуреникот има обврска редовно да ги подмирува договорените
обврски те. да врши уплати на одредени суми на осигурување. Иако „осигурувањето не
може да ја намали неизвесноста во поглед на веројатност на настапување на ризик и на
неговите штетни последици, но на поединците им овозможува да ја намалат
веројатноста за финансиска загуба во врска со таа случка.“26
Значи, основната функција на осигурувањето се остварува така што загубите,
поради остварените ризици кај помалиот број на осигуреници, се распределуваат на
заедницата осигуреници, те. оние кои претрпеле штета остваруваат право на надомест
на штетата од фондовите формирани на база на придонеси, односно премии кои ги
уплатиле сите членови- осигуреници, а непочитувањето на одредбите од договорот за
осигурување претставува најчест основ за вршење на измами во осигурувањето.
2.1. Дејност на осигурувања - развојни аспекти. Од создавањето на
општеството, безброј опасности му се заканувале на поединецот и на неговите добра.
Затоа рано се јавила мислата за взаемност и солидарност, те. потребата за здружување
пред заедничките опасности, како израз на природно тежнеење и реална потреба за
заштита на овие добра.
Периодите во развојот на дејностите на осигурувањето ги делиме по основ на
критериумите на историските периоди (стар век, среден век, нов век) и по критериумот
на важни историски случувања (Прва и Втора светска војна). Од наведените
критериуми единствено отстапува последниот период – премин на пазарните услови на
стопанисување.
- Прва фаза во развојот на осигурувањето. Во овој најран период на
општествен развој, „покрај потребата да се заштитат сопствените добра од
елементарните сили или туѓи активности, се јавува и потребата за заштита од
последиците од сопствената активност со која може да им се наштети на туѓите или
дури и на своите добра. Сигурно е дека поединецот со сопствените сили не бил во
состојба да ја обезбеди оваа заштита. Од тука, многу рано се јавила идејата за
организирање на заштита по пат на заедница во која поединците загрозени од иста
опасност, со своите придонеси ќе обезбедат надомест за погодениот од опасноста.“27

26
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс, Белград, Белград, 2007
година, стр. 7.
27
Шулејиќ П., Право на осигурување, петто издание, Правен факултет, Белград, 2005 година, стр. 11.
15
Основано може да се претпостави дека измамата во осигурувањето е појава од
најраниот период на општествениот развој, односно дека измамите во осигурувањето
се создадени во исто време со најстарите форми на осигурување. Но, „како што не
може со сигурност да се утврди точниот датум на создавање на осигурањето, исто така,
не може со сигурност да се утврди точниот датум на создавање на измами во
осигурувањето.“28
Најстариот вид на осигурување забележан е во третиот милениум пред новата
ера кога кинеските трговци, превезувајќи ја стоката низ реката Јангценгјанг, „ja
основале прва заедница за ризик. те. заедничката стока ја превезувале во повеќе чамци
и на крајот на патувањето солидарно ја делеле штетата создадена во случај на
потонување на некој чамец“29
Инаку, првиот законски акт со кој е пропишана обврската за солидарен
надомест на штета бил прочуениот Хамурабиев законик од 18 век пне.“30
Со создавањето на државата и правата во стариот век, измамата станува
општествено санкционирано однесување. Казните за сите видови на измами биле
драконски, најчесто телесни (тепање, оскатување, а во потешките случаи и смртна
казна). Во Стара Грција постоеле заедници на ризик на територијален принцип кои
„им ги надоместувале загубите на трговците на отворено море.“31
Исто така, во стариот Рим постоел првиот институционализиран вид на
поморско осигурување - поморски заем.32 Со давање на овој заем, заемодавачот
(банкарот) и морепловецот склучувале специфичен договорен однос во кој
заемопримачот–морепловецот, односно трговецот, (сопственик на стоката) - имал
обврска, по успешно извршениот транспорт, парите да ги врати со договорената
камата. Во случај на пропаст на стоката, не постоела обврска за враќање на заемот.
Инаку, институцијата поморски заем, по распадот на Римското царство, проширена е
готово на сите земји во средоземјето. Значи, поморскиот заем претставувал
комбинација од банкарски заем и осигурување.
За измама во осигурувањето во овој период, имајќи го во предвид наведеното,
тешко дека би можело да стане збор, посебно во заедниците на ризик каде што
осигуреникот и осигурителот практично биле еден ист субјект. Сепак, од овој период,
„првиот запис за поморска измама во осигурувањето забележан е во римската империја
215 година пред новата ера.“33

28
Радовиќ З. и др., исто, стр. 3.
29
Томашиќ В., Осигурување на стоки и и кредит во надворешната трговија, Современа администрација,
Белград, 1967 година, стр. 3.
30
По Хамурабиевиот законик, жителите од областа во која се случил грабежот биле обврзани солидарно
да ги сносат трошоците од загубата од ограбената стока.
31
Николиќ Н., Договор за осигуување, Научна книга, Белград, 1957 година, стр. 5.
32
Лат. = foenus nauticum.
33
Радовиќ З. и др., цит. дело, стр. 4.
16
Врз основа на наведеното, можеме да заклучиме дека во транспортното
осигурување се јавил најстариот вид на осигурување, а бидејќи во рамките на ова
осигурување е најстаро поморското осигурување, првите форми на измама во
осигурувањето се јавиле во вид на поморски измами. Но во овој, прв период од
општествениот развој „ни од близу се уште нема чинители кои би упатувале на
осигурување во денешнава смисла.“34
- Втора фаза во развојот на осигурувањето. Институцијата поморски заем
почнува да го губи своето значење од кога во 1230 година католичката црква ги
забранила лихварските камати на поморските заеми.35 Потоа, во XIV век, во
поморските градови и земји, се појавуваат нотарски записи со елементи на
осигурување кои постепено ги заменуваат, а подоцна и во целост го исклучуваат од
употреба поморскиот заем, почетоците за осигурување во современата смисла врзани
се за поморството и трговијата, во средниот век. Инаку, првиот договор за поморско
осигурување потекнува од Џенова (1347 година).
Во петнаесетиот, а посебно во шеснаесетиот век се создаваат предуслови за
создавање на дејноста на осигурувањето во современа смисла,36 а во нашите краишта
колективната одговорност, како предвесник на имотното осигурување, прв пат се
уредува со Привилегијата на Жупанот Стефан од 1205 година во Дубровничката
република („ако било што во некоја жупа се „испакости“ таа жупа има да го предаде
виновникот или да плати).37
Територијалната колективна одговорност во Душановиот Законик подразбира
одговорност на село, град и област.38 Посебен вид на одговорност за палење пропишан
е со членот 99 од истиот Законик – казнување на целото село кое нема да го предаде
паликуќата. Исто така, индиректен вид на осигурување од пожари пропишан е со
одредбата на членот 58 од истиот Законик со кој е предвидена колективна одговорност
- парична обврска на селото да ја плати штетата предизвикана со палење или на друг
начин.

34
Петрановиќ В., Осигурување и реосигурување, Информатор, Загреб, 1994 година, стр. 21.
35
Затоа што, во првата половина на тринаесетиот век сите големи поморски сили биле римокатолички
земји (за кои одлуките на Ватикан имале обврзувачки карактер).
36
Радуловиќ С., Развој и структура на осигурувањето на имот во Република Србија (постдиплмски
студии – семинарска работа од предметот Принципи на осигурувања) Охрид, 2010 година, стр. 4-6.
37
Новаковиќ С., Средновековна Србија и римско право, Архив, Белград, 1906. година, стр. 305-306 (на
пр. за измама во квалитетот на виното и медот (мешање со вода) за „измамникот“ се пропишува–
„одземање на се.“)
38
Чл. 20, 77, 92, 111 и 152 од Душановиот законик.
17
Инаку, во средниот век државната реакција на измамите била слична како во
претходниот период, само санкциите биле поостри.39 При тоа, посебно строго се
санкционирале измамите во врска со привилегиите кои се однесувале на правото на
ковање на пари.40 Меѓутоа, во иницијалната форма постоеле одредени форми на
осигурување во рамките на сталешките и професионалните здруженија (гилди и
еснафи), на база на солидарност и взаемност, со цел заштита на професијата и на
поедините конкретни материјални интереси на нивните членови од разни видови на
загрозување.
Од седумнаесетиот век во Англија се воведуваат нови, иницијални форми на
современото осигурување. Се доаѓа до научни откритија кои претставувале основа на
модерното осигурување, затоа што „правото осигурување во сегашна смисла се
појавило дури кога на база на развој на статистичко – математичките науки (пред се
закони на веројатност, односно закони на големи броеви) израмнувале ризици, така да
операцијата не се состои само во тоа да, како кај поморскиот заем, штетата поминува
од еден сопственик-сопственик на брод (осигураник) на друг (осигуреник), кој земал
релативно високи камати, туку штетата се распределува на бројните учесници.41
Основата се взаемност и техничка (статистичко – математичка) организација со сите
свои елементи и задачи.“42Значи, најважно за дејноста осигурување во овој период е
тоа што е „поставен и законот на големите броеви. На математиката и се приклучиле и
достигнувањата на статистиката, па така 1693 година составена е првата табела и
таблицата на смртност, што било одлучувачко за поставување на техниката на
осигурување на животот.“43

39
На пример, поблаги санкции за измама биле врзување за столбот на срамот, поливање на измамникот
со катран и пердуви, како и одземање на имот. Казната одземање на имотот воглавном се изрекувала на
поединец – „измамник,“ но постоеле и случаи на колективна одговорност на села или пошироко за
надомест на штета во случај на измама. Најширок вид на колективна одговорност – обврски за надомест
на штета пропишан е со наредбата на Кралот Милутин од 1308 година (чл.12) за одговорноста
(надомест) за предизвикување на штетен настан: („да плати блиското село; ако не плати селото, да плати
кралството, Ми.“).
40
Член 168 – 170 од Душановиот законик од кои се „гледа дека ковниците биле предвидени и дозволени
само во градовите...Во селата не можело да има кованици. Ако и некој се насели со знаење од село, да
кова пари, тоа село се расипувало, растурало, а оној што правел пари се палел. А ако тој ковел пари
тајно, без знаење на селото, тој ја претрпувал истата казна, но селото поради своето незнаење морало да
претрпи некоја арбитрарна казна, која можела да биде само имотна.“ (Суботиќ Д, Злочини и престапи
због поради лажни пари, „Д. Обрадовиќ,“ Белград, 1907 година, стр. 5).
41
На пример, во Дубровничката република постоело осигурување на бродови, терет и возарина, а оваа
област регулирана е со еден од најважните правни акти („Ordo super assecuratoribus“ - 1562 година).
Француската окупација и укинувањето на Дубровничката република пролетта 1808. година, меѓутоа, ја
донела примената на првите модерни правни извори на дејноста на осигурување – Code civil или Code
Napoleon (од 1804. година), како и Code de commerce.
42
Радуловиќ С., исто.
43
Томашиќ В., исто, стр. 11.
18
При тоа, посебно важно место во историјата на осигурувањето има познатиот
лондонски Лојд. „Неговиот развој започнал уште 1688 година. Интересно е да се
нагласи дека Лојд никогаш непосредно не се занимавал со осигурување, значи не е
осигурител во вообичаена смисла на зборот. Неговата прва улога е организирање на
осигурителни и реосигурителни работи.“44
Бидејќи во овој период не постои осигурување во правата смисла на зборот, не
може да се говори ни за постоење на измами во осигурувањето.
- Трета фаза во развојот на осигурувањето. На преминот од средниот во
новиот век, „посебно во тек на осумнаесетиот век започнува идната фаза на
осигурителните дејности. Стопанскиот, научниот и општествениот развој во целост
придонеле кон комерцијализацијата на осигурувањето и поставувањето на неговите
цврсти темели.“45
Наведените научни откритија овозможиле прецизно пресметување те.
предвидување на нивото на ризикот и можностите за распределба на ризикот, односно
поделба на штетата на сите учесници, што претставува и денес основа на современата
дејност на осигурувањето.
Брзиот развој на индустријата, големите научно – технички откритија (на пр.
парната машина и др.) кон крајот на осумнаесетиот и почетокот на деветнаесетиот век
имаше за последица многу интензивен развој на сите стопански гранки, постојано
зајакнување на стопанските потенцијали, а последично на тоа се создава и потребата за
развој на дејностите на осигурување во современа смисла на зборот.
„Кон почетокот на XIX век остварени се сите предуслови за настанок на
модерното осигурување. Во тоа време доаѓа до првите интервенции на државата во
односите на осигурувањето. Интервенцијата се одвивала во две насоки: во донесување
на закони кои се однесувале на договорни односи помеѓу осигурителот и осигуреникот
и закони кои се однесувале на контрола на работата на осигурителните друштва.“46
Конечно дефинирање на работите, односно дејностите на осигурување ќе следат
во XIX век и поради тоа овој период е најважен за настанок на современите
осигурителни друштва, односно осигурувањето како сите значајни стопански дејности.
Меѓутоа, на Балканот во првата половина на XIX век, нашите краеви се уште
биле под Турска окупација.47

44
Шулејиќ и др., цит. дело, стр. 13.
45
Радуловиќ С., оп. цит. стр. 31.
46
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс, Белград, 2007 година,
стр. 221.
47
Како вазално кнежевство на Турција од 1830 до 1878 година, Србија својот уставно-правен систем
постепено го гради со донесување на Сретенскиот устав (1835), потоа тнр. „турски устав“ (1838) и
уставот од 1869 година. Меѓутоа, Србија останува сизеренско кнежевство се до Берлинскиот конгрес
1878 година.
19
„За разлика од другите земји во западна Европа, на просторите на Србија дури
со нејзиното осамосталување од турската власт се заснова правниот поредок во кој се
наоѓаат сиромашни извори на право на осигурување. Пример, Српскиот граѓански
законик од 1844 година осигуранието го споменува само во два члена (798 и 799).“48
Но, без разлика што го регулира осигурувањето само во иницијални рамки, „Српскиот
граѓански законик предвидува важни принципи на осигурување – влијание на вина на
предизвиканата штета и последици по осигурување на веќе настапениот случај.“49
Во согласност со зголемените потреби за развој на дејноста на осигурувањето,
односно заштитата од ризици, прв пат се објавуваат огласи во кои се нудат услуги од
областа на осигурувањето од страна на агентите за осигурување Војиновиќ и Содруг:
„Виенското главно друштво за осигурување, имајќи капитал од 36 милиони гроша, не
ополномошти нас потпишаните за свои главни местозастапници за Белград и за цела
Србија, да се осигураат кај нас сите подвижни и неподвижни добра како куќи, дуќани и
други објекти, мебел, домашен и дуќански еспап, итн. од оган, гром и земјотрес, исто
така и еснапот кој оди од Србија за Австрија, од поплава за мала награда, може да се
осигураат, и секој од нас се обврзува осигуреното добро ако пропадне, по гласот на
вистинско доказателство да се исплати.“50
Инаку, општиот општествен развој кон средината на XIX век носи голем број на
многу модерни закони, во кои за прв пат е инкриминирана измамата, односно измамата
во осигурувањето,51 затоа што делото измама во осигурувањето, се до тогаш било
опфатено со општиот поим измама.
Па така 1860 година донесен е првиот модерен кривичноправен пропис -
Казнителен законик,52 по пример на францускиот Code penal и прускиот кривичен
законик,53 со која за прв пат на современ начин е регулирана кривичноправната
материја во Србија.54

48
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс, Белград, 2007 година,
стр. 220.
49
Исто, стр. 221.
50
„Новине србске“, оглас од 11 октомври 1844 година.
51
По Кримската војна 1855 година Србија „останува неутрална; води една самостална надворешна
политика... ставање под заедничка спрега на големите сили. Тоа на нашата земја и го носи Парискиот
мир.“ (Јовановиќ С, Уставобранители и нивната влада, Втора влада на Милош и Михаил, БИГЗ, Белград,
1990 година, стр. 459.)
52
Кој со бројни новелирања важел се до 1929 година.
53
Code penal (1810 - стапил на сила на 1 јануари 1811) претставува правен извор за сите кривични
законици на современото доба, па така и за прускиот кривичен законик (јули 1851) кој бил непосреден
пример за Казнителниот законик од 1860 година, а во значително помала мера пример биле другите
законици (баденски, саксонски, баварски).
54
Со стапувањето на сила на овој Законик укинати се дури десет закони и уредби со кои е регулирана
областа на кривичното право. Помеѓу другите, укинат е и Полицискиот законик. Инаку, со овој закон
прв пат во судската пракса се воведуваат и денес важечките кривичноправни институти како што се на
пр. начелото за предвиденост во законот, временското важење на законот, основите за исклучување на
противправноста на делото, менталност, форми на вина, извршување во проба, итн).

20
Исто така, во втората половина од XX век во Србија,55 „од институциите за
осигурување прво се јавиле филијалите на странските осигурителни друштва. „Првата
филијала ја основал германскиот АНКЕР (1861 година), потоа италијанското Општо
осигурително друштво од Трст56 1867, потоа Норд Бритиш и меркантилите 1874,
Грешем 1877, Њујорк 1886 година.“57
Првиот Закон за осигурителни друштва донесен е 1892 година и тој се
применува исклучиво на работата на претставништвата на наведените странски
осигурителни друштва.
При тоа, „исклучителен монопол на работите на осигурувањето од страна на
друштвата имаат се до крајот на 19 век, кога во 1897 година се јавува Белградската
задруга, како прво домашно осигурително друштво.58 Главна работа во осигурувањето
била осигурување на живот и нешто на пожар, а најголемиот дел од работите отпаѓал
на Белград.“59
На домашните осигурителни друштва се применувал Законот за акционерски
друштва од 1898 година, а првото домашно акционерско друштво кое исклучително се
занимавало со работите за осигурување и реосигурување „Шумадија“ почнало со
работа 1913 година.
Со цел извршување на работите на осигурување60 и, истовремено, превенција од
измами во осигурувањето, со статутот на а.д. „Шумадија“ пропишани се строги
критериуми за лицата ангажирани околу работите на осигурувањето.61

55
Пошироко за тоа: Петровиќ З., Осигурување на животот и сродни осигурувања, ВИЗ, Белград, 2006
година.
56
Assicuracioni generali.
57
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс, Белград, 2007 година,
стр. 222. Меѓутоа, во литературата сретнуваме податоци кои се разликуваат од наведените: „Година
1868 во Србија се појавиле првите осигурителни друштва и тоа странски: англиското Грешом и
германското АНКЕР...“ – Петровиќ З., Кнежевиќ В., Надомест на штетата создадена во сообраќајна
несреќа, Глосаријум, Белград, 2009 година, стр. 11.
58
Инаку, Белградската задруга основана е 1882 година, поради занимавање со стоковно – финансиски
работи (како паричниот завод). Одделението за осигурување Белград основано е 1897 година.
59
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., исто.
60
Со примена на членот 9 од Законот за акционерски друштва, „Шумадија,“ Првото српско друштво за
осигурување и реосигурување, почнало со работа на 11 јули 1913 година, а основачите биле членови на
Трговскиот фонд. Друштвото е основано на 23 мај 1913 година со задача „да врши осигурување и
реосигурување на: човековиот живот во случај на некои доживувања, онеспособувања и смрт со учество
или без учество во добивката; мирази за женските и капитали за машките деца; и на вкупниот имот
(подвижен и неподвижен) од оштетување и упропастување од пожари и воопшто сите видови на
осигурување.“ (Статут на Друштвото, чл. 3.)
61
Така на пример, директорите при стапувањето во службата за осигурување биле должни „на
друштвото да му ја депонираат договорената кауција, која ќе служи за покритие на случајните загуби
кои произлегле од неправилната работа или од неизвршувањето на својата должност“ (член 50 од
Статутот на Друштвото), а вработените во осигурителното друштво „се одговорни за секоја штета, која
поради својата неупатеност или невнимание ја нанеле на друштвото.“ (При тоа, секако се мисли и на
стручни пропусти кои би имале за последица измама во осигурувањето). Исто така, „сите благајници на
друштвото мора да му положат кауција која ќе ја пропише надзорниот одбор. Но по потреба кауцијата
може да се бара и од другите службеници, кои би ракувале со некакви вредности“ (член 56 од Статутот).
Инаку, ова осигурително друштво применувало англиски прописи во осигурувањето и реосигурувањето.
21
Кон крајот на XIX и почетокот на XX век доаѓа до брз развој на осигурителните
дејности. Се воведуваат нови форми на осигурување во согласност со се поголемите
потреби за совладување на ризиците на современото доба. Почнува забрзан развој на
новите видови на осигурување како што се осигурување на превозни средства,62 пред
се на моторни возила, осигурување за случај на елементарни непогоди, од нови
болести, ризични професии и слично. Како што е наведено, создадени се предуслови за
настанок, во блиската иднина, тнр. масовни видови на осигурување. Последично, во
овие видови на осигурување се јавуваат и нови форми на измами во осигурувањето.
- Четврта фаза во развојот на осигурувањето. Развојот на осигурувањето
помеѓу двете светски војни можеме, условно, да го поделиме на периодот до 1937
година и на периодот од 1937 до 1941 година.
За првиот период, до 1937 година, карактеристичен е либералниот пристап на
осигурителната дејност, те. отсаство на прописи со кои се регулираат односите помеѓу
осигурителот и осигуреникот, а во согласност со тоа биле нерегулирани и меѓусебните
обврски на осигурителот и државата.
Затоа што, „наместо да водат сметка за сигурноста, осигурителните друштва
воделе сметка само за рентабилноста на пласманот на оние резерви кои во животното
осигурување се создаваат со уплата на премиите од страна на осигураниците. Токму
поради таквиот начин на работење пролетта 1936 година дошло до крах на големото
австриско осигурително друштво „Феникс,“ кое се занимавало исклучиво со
осигурување на животот.“63 Како последица од оваа состојба се вложувало во ризични
работи на друштвата за осигурување и енормно оштетување на интересите на
осигурениците со што доведено е во прашање и функционирањето на целокупната
осигурителна дејност.
Ваквото однесување на осигурителните друштва од кои многу наши граѓани
биле измамени, „имало неповолни ефекти по довербата на граѓаните во системот на
осигурување па така 1937 година тогашната политичка власт, во договор со останатите
осигурителни друштва, донела Уредба за надзор над осигурителните претпријатија.“64

На пр. во примена на пресметувачката основа кај животното осигурување се користела морталитетската


табела на 17 англиски друштва, со интересна стапка од 4% (чл.75, ст.1, точ.3 од Статутот на Друштвото).
62
Се создаваат предуслови за интензивен развој на бродоградилишна, автомобилска индустрија и,
последично, енормен пораст на бројот на сообраќајни средства, а исто така се создаваат и предуслови за
развој на авионскиот сообраќај, поради што се јавува потреба за интензивен развој на транспортното
осигурување.
63
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотно осигурување, Интермекс, Белград, 2007 година,
стр. 223.
64
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., исто.
22
Со оваа Уредба, донесена на 1 март 1937 година, пропишан е начинот на
вложување на премијската резерва и тоа задолжителен минимум од 25% од премиските
резерви во државни хартии од вредност, а ограничено е (до 50%) чување на премиски
резерви во згради и хипотекарни кредити (заеми). Исто така, забрането е чување преку
10% од премиските резерви во форма на влог кај банките, имотот купен со средства од
штедните премии не смее да се отуѓува без одобрение на државните органи (односно
можела да се употреби исклучиво за извршување на обврските кон осигурениците),
итн.
И покрај наведените проблеми, осигурителната дејност бележела постојан
пораст меѓу двете светски војни. Развиениот и уреден концесиски систем придонесол
воочи втората светска војна во земјата да работат дваесет и осум осигурителни
друштва, а меѓу нив „најголеми осигурителни друштва биле „Јадранско“ и
„Assicuracioni generali“ двете италијански, а од нашите „Југославија“ во Белград и
„Croatia“ во Загреб.“65
- Пета фаза во развојот на осигурувањето. Национализацијата и
поддржувањето на сите осигурителни друштва66 извршени се со доаѓањето на
комунистичката власт 1945 година,67 а веќе 1947 година основан е Државниот завод за
осигурување (ДЗО) кој, како државна установа, ги превзема сите работи околу
осигурувањето.
Од почетокот на шеесетите години од минатиот век започна „фазата позната
како систем на децентрализирано осигурување,“68 во кој се основале тнр. заедници на
осигурување.69

65
Петровиќ З., Кнежевиќ В., цит. дело, стр.11.
66
Уредба за организација и работење на ДЗО од 18.03.1947 година, а делокругот на работата на ДЗО не
ја опфаќал единствено областа на социјалното осигурување. Децентрализацијата на работите на
осигурувањето извршена е 1961 година така што е основан голем број на осигурителни друштва на ниво
на општини, покраини и републики (кои биле здружени во Југословенската заедница на осигурување).
67
Во март 1945 година тогашниот АВНОЈ донел одлука за спојување во Државниот завод за
осигурување и реосигурување на сите конфискувани непријателски осигурителни претпријатија, а
есента истата година Заводот го сменил името во ДЗО.
68
Кочовиќ Ј., Шулејиќ П., Осигурување, Економски факултет, Белград, 2002 година, стр. 19.
69
„Заедниците за осигурување на имот и лица (ЗОИЛ) биле основани со самоуправни договори на
организациите на здружениот труд (како што се нарекувале тогаш претпријатијата), самоуправните
интересни заедници, општествено–политички заедници и други општествено–правни лица. Наведените
установи, со учество на граѓаните и граѓанско правните лица–сите како осигуреници–управувале со
работењето на осигурителната заедница.“- Шулејиќ П., Вујовиќ Р., Мркшиќ Д., Жарковиќ Н., Рашета Ј.,
Милорадовиќ Ј., Основи на осигурувањето, второ издание, Универзитет Сингидунум, Белград, 2008
година, стр. 16.
23
- Шеста фаза во развојот на осигурувањето. Почнувајќи од 1990 година се
воспоставува пазарна структура на осигурувањата. Прилагодувањето на пазарните
услови за стопанисување добива свој конечен израз во новиот Закон за осигурување од
2004 година,70 а само една година подоцна донесен е Закон за измени и дополнувања
на Законот за осигурување,71 со кој се пропишуваат условите за приватизација на
општествениот или државниот капитал на осигурителните друштва, доброволни
пензиски фондови и пензиски планови.72
Врз основа на наведеното, „основни карактеристики на осигурувањето во
новиот век се комерцијализација на осигурувањето и негово поставување на техничка
основа. Општиот стопански, духовен и правен развој кој го донесе со себе новото
време, ја услови првин појавата на големи осигурителни претпријатија... Големите
претпријатија се појавуваат, пред се, во осигурувањето од пожари и во поморското
осигурување.“73
Значи, по почетните, традиционални видови на осигурување, те. осигурување од
пожари и поморско осигурување, во новиот век постепено се јавуваат и развиваат
современи видови на осигурување во согласност со потребите на севкупниот
општествен развој, како што се осигурување на моторни возила, воздухопловно
осигурување, разни видови на осигурување на лица со елементи на штедење, па се до
најсовремените видови на осигурување како што се кредитно осигурување,
осигурување во случај на губење на работното место, осигурување од атомски ризици
и терористички активности.
2.2. Договори за осигурување и реосигурување.74 Во најширока смисла,
договорот е „согласност, волја на две или повеќе лица со кои се постигнува некое
облигационо – правно дејство.“75

70
Со Законот за осигурување на осигурувањето („Сл. Гласник на РС“, бр.55/94,70/04,61/05,85/05,101/07,
63/09 и 107/09) прецизирани се условите за основање на делничарските друштава за
осигурување,раздвојување на осигурувањата на животни и неживотни, разграничени се работите на
посредувањето и застапувањето, засилен е надзорот над работата на осигурителните друштва и
заштитата на правата на осигурениците, итн.
71
Покрај Законот за измени и дополнувања на Законот за осигурување од јули 2005 година и наведените
измени и дополнувања, донесен е и Закон за доброволни пензиски фондови и пензиски планови (од
октомври 2005 година, стапи на сила април 2006 година).
72
Пошироко за тоа: Жарковиќ Н., Коментари на одлуките на Народната банка на Србија за
осигурувањето, Финансии, банкарство, ревизија, осигурување, број 2, 2005 година.
73
Шулејиќ П., Право на осигурувања, петто издание, Правен факултет , Белград, 2005 година, стр. 31.
74
Договор за осигурување се склучува врз основа на Законот за облигациски односи („Сл. лист на
СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89, „Сл лист на СРЈ“, бр. 31/93), Законот за поморска и внатрешна
пловидба („Сл. Гласник на СФРЈ“ 22/77) и Законот за облигациски и основни материјално – правни
односи во воздушната пловидба („Сл. лист на СРЈ“, бр. 12/98 и 15/98 - Уст. Пов. 1/2003).
75
Перовиќ С., Облигациско право, „Сл. лист СФРЈ“, Београд, 1981 година, стр. 151.
24
При тоа, најважен, основен принцип на договорното право е доброволноста
(начело автономија на волјата на странката), односно слободна волја на договорните
страни кои се во согласност со сопствените интереси одлучуваат дали и под кои услови
ќе се склучи договорот. Начелото на доброволност исто така важи и кај осигурувањето
и кај реосигурувањето, а со закон е изречито пропишано дека „осигурувањето е
доброволно.“76 Инаку договорите за осигурување и реосигурување се најчест вид на
регулирање на меѓусебните односи помеѓу осигурителите, реосигурителите и
осигурениците.
Меѓутоа, „иако, во принцип, договорот за осигурување се создава кај нас со
проста согласност на волјата, сепак неговото склучување редовно го следи и
составување на писмен договор. Писменото кое се создава како последица на
договорот за осигурување склучен со обична согласност на волјата се нарекува полиса
на осигурување.“77
При тоа, одредбите за Законот за облигациски односи не се однесуваат на
пловидбените осигурувања, затоа што за нив важат посебни закони. Имено, „Законот
за поморска и внатрешна пловидба и Законот за облигациски односи и основи на
своинско - правни односи во воздушниот сообраќај содржат посебни одредби со кои се
регулира склучување на договори кои се склучуваат по прашањето на пловидбените
осигурувања.“78
2.2.1. Договор за осигурување. „Со договорот за осигурување се обврзува
договорувачот на осигурувањето да и плати одреден износ на организацијата за
осигурување (осигурител), а организацијата се обврзува ако се оствари осигураниот
случај, на осигуреникот или на трето лице да му го исплати надоместот, односно
договорената свота или да направи нешто друго.“79
Затоа договорот за осигурување е основен правен акт со кој се регулираат
меѓусебните права и обврски на договорувачите (осигурител и осигуреник). При тоа,
субјектите на договорот за осигурување се договорните страни те. осигурител и
осигуреник.

76
Член 6, став 2 од Законот за осигурување („Сл. Гласник на РС,“ бр. 55/94,70/04,61/05, 85/05, 101/07,
63/09 и 107/09).
77
Ѓорѓевиќ Ж., Станковиќ В., Облигациско право, трето издание, Современа администрација, Белград,
1980 година, стр. 443.
78
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс, Белград, 2007 година,
стр. 23. (Инаку, Законот за облигациски односи на се применува на осигурување на побарувања –
кредити и на реосигурување)
79
Член 897 од Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89, „Сл
лист на СРЈ“, бр. 31/93).
25
Со договорот за осигурување „едната странка –договорувач на осигурувањето
се обврзува да плати одредена свота од осигурувањето (премија на осигурувањето),
спрема со договорот утврдените работи, а другата договорна страна- осигурителот се
обврзува дека доколку се случи настанот кој претставува осигурен случај, ќе му го
исплати на договарачот осигурувањето (осигуреникот или на некое трето лице)
надоместот, односно договорената свота, би била елеминирана алеаторност како важна
карактеристика на договорот за осигурување или ќе направи нешто друго.“80
Општите услови под кои се склучува договорот за осигурување однапред ги
донесува осигурителот, тие важат на истоветен начин за сите договорувачи и нив
осигуреникот може да ги одбие или да ги прифати исклучуво во целина. При
склучувањето на договор за осигурување се применуваат општи правила за склучување
договор (изјава за волја на субјекатот на договорот, прифаќање на понудата, време,
начин, место на склучување на договорот итн.),81 како и и посебни правила за
склучувње на договор за осигурување во врска со формата и содржината на понудата,
роковите на важење, прифаќање на понудата со молчење итн. При тоа, понудата мора
да содржи означување на договарувачот, обем на покритие те, ризик кој е предмет на
договорот, предложено времетраење на осигурувањето, висина на премијата и тн.82
Исто така, предмет на договор за осигурување се премиите и надоместоците од
осигурувањето, односно некоја друга активност на осигурителот (на пр. одбрана –
адвокатски трошоци по основ на оштетно барање на другата страна кај осигурувањето
од одговорност; сносување на трошоци за спасување кои ја надминуваат осигурената
сума и слично).
Посебните услови од договорот за осигурување подразбираат взаемно
прифатени услови од договорот помеѓу осигурителот и осигуреникот од заштита од
ризик, при што се работи за одредби кои се однесуваат на конкретна работа на
осигурувањето.
Исклучително, во поедини случаи, облигационо- правниот однос во
осигурувањето може да се создаде непосредно врз основа на закон те. во случаите
„кога е неопходна масовна заштита од ризик во поширокиот општествен интерес,
законодавецот им „наредува“ на одредени лица да склучат договор за осигурување.“83

80
Жижиќ М., Перспективи на осигурувањето, Факултет за финансиски менаџмент и осигурување при
Универзитетот Сингидунум, Белград, 2004 година, стр. 127.
81
Чл. 26 – 45 од Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89, „Сл.
лист на СРЈ“, бр. 31/93).
82
Член 901, ст. 2 од Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89,
„Сл. Лист на СРЈ“, бр. 31/93).
83
Петровиќ З., Кнежевиќ В., Надомест на штети настанати во сообраќајни незгоди, Глосаријум, Белград,
2009 година, стр. 34.
26
Тоа се однесува на околностите кога извесни лица ќе се најдат во одредени
ситуации на загрозување на имотни и други интереси од страна на трети лица,
предвидени во законските прописи на пр. во случајот „задолжително осигурување кога
ќе настане штета кај некое лице поради употреба на моторно возило, за која постои
одговорност на нивниот сопственик, како и поради несреќен случај на патник во јавен
превоз.“84
Договорот за осигурување85 составен е од следниве елементи: предмет на
осигурување, осигуран случај, осигурана сума и премија на осигурување. Бидејќи веќе
е изложено за осигурениот случај, осигурената сума и премијата на осигурување
(заедно со ризикот) како основни елементи на осигурување, во овој оддел ќе го
разгледаме само предметот на осигурување.
Значи, предмет на осигурување е заштита од ризик кон кој е изложен
осигуреникот или корисникот на осигурувањето (на пр. сообраќајна несреќа, судар
болест, смрт, разни форми на загрозување на имотот, елементарни непогоди итн.),
односно превземање на ризик и исплата на сума на осигурување во случај на
остварување на осигурениот ризик.
Поради наведеното, „осигурениот предмет треба да биде означен во договорот
за осигурување и во полисата, ако е издадена, на начин кој овозможува утврдување на
неговиот идентитет. Ако осигурениот предмет недоволно или погрешно се означи така
да не може ни посредно да се утврди дали бил изложен на осигурен ризик и оштетен,
осигурителот не е обврзан да ја надомести настанатата штета.“ 86
Осигуреникот е договорна страна, физичко или правно лице кое во свое име и за
своја сметка склучува договор во осигурувањето со цел заштита од несакани
последици на договорениот ризик, а основна договорна „обврска на осигуреникот е
плаќање на премијата на осигурување.“87
Од друга страна, „осигурителот е друштво кое извршува работи за осигурување
и кое од надлежниот орган добило дозвола за извршување на тие дејности, како и
огранок на странското друштво за осигурување кое добило дозвола од надлежниот
орган за вршење на таа дејност.“88

84
Шулејиќ П., Право на осигурување, петто издание, Правен факултет, Белград, 2005 година, стр. 166.
85
Чл. 26 – 45 од Законот за облигациски односи („Сл. лист СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89, „Сл.
лист на СРЈ“, бр. 31/93).
86
Член 737 од Законот за поморска и внатрешна пловидба(„Сл. лист на СФРЈ“, бр.12/98 и 15/98 -
Уст.Пов.1/2003).
87
Гаљак И., Радуловиќ З., Деловно право, ВПШ Чачак, Чачак, 2008 година, стр. 143.
88
Член 3, ст. 1 од Законот за осигурување („Сл. гласник на РС“, бр. 55/94,70/04,61/05, 85/05, 101/07,
63/09 и 107/09).
27
При тоа, постои поголем број на критериуми за поделби на договорите за
осигурување. Со законот за осигурување пропишан е основниот критериум по кој сите
осигурувања, како што е веќе наведено, се делат на животни и неживотни. Меѓутоа,
договорите за осигурување можеме да ги поделиме и по разни други основи: во однос
на предметот на осигурување, договорите за осигурување ги делиме на договори за
осигурување на имот и договори за осигурување на лица; по критериумот надомест на
штета ги делиме на договори од областа на штетовно или свотно осигурување; во
зависност од волјата на договарачите, договорите можат да бидат доброволни или
задолжителни врз основа на закон; по начинот на израмнување на ризикот постојат
договори за осигурување, соосигурување и реосигурување; во зависност од бројот на
лица опфатени со договорот, постои поделба на договори за поединечно и договори за
заедничко осигурување; на основа на примена или изостанок на примена на начелото
взаемност, договорите за осигурување ги делиме на договори за социјално
осигурување и договори на основа на комерцијалниот вид на осигурување.
Во пракса најприсутна е поделбата на овие договори на имотни, лични и
транспортни:89
- во случај на имотни договори, предмет на осигурување е подвижниот и
неподвижниот имот, а при склучување на договор за осигурување на имот се договара
висината на надоместот која осигурителот му ја исплатува на осигуреникот по
настапувањето на осигурениот случај;90
- со личните договори за осигурување, со цел заштита од ризик кои се предмет
на осигурување, се регулираат правата и обврските на осигуреникот и осигурителот: за
случај на смрт, потешка болест, инвалидитет, како и осигурување од несреќен случај;
- договорите за транспортно осигурување се однесуваат на осигурување на
стоката и транспортот. Овие договори ги делиме на основни91 дополнителни.92
При тоа, договорот за осигурување е именуван, формален, двострано теретен и
алеаторен:

89
Генерално, постојат договори за осигурување и реосигурување, поради што оваа поделба е изложена
во посебен оддел.
90
Висината на надоместокот зависи од висината на претрпената штета, висината на осигураната сума и
вредностите на осигураниот имот.
91
Кои се однесуваат на случаите како што се сообраќајните несреќи при транспорт.
92
Дополнителното осигурување е со факултативен карактер и се однесува, на пример, на осигурување
на транспортираната стока при истовар, претовар, кражба (од возилото или привременото место за
складирање), а исто така може да се однесува и на манифестирање на природни мани и својства на
стоките при транспортот, како во и случај на воени и политички ризици.
28
- Договорот за осигурување именуван е во случај кога е регулиран со закон и
кога врз основа на закон е прецизно одреден називот на договорот. Именуваните
договори настануваат со согласување на договорните страни за формата и важните
елементи на договорот кои се пропишани со закон, за разлика од неименуваните, кај
кои договорните страни се слободни да заклучат облигационен однос кој не е
предвиден, но е во граници на принудните прописи, јавниот поредок и добрите
обичаи.93
Инаку, именуваните договори се создале уште во римското право (договори за
продажба, заем, наем и тн). На пример, споменатиот поморски заем (foenus nauticum)
спаѓаше, помеѓу другото и во именувани договори.
- Договорот за осигурување е формален,94 што подразбира волја на договорните
страни за склучување на договор во однапред одредена форма. При тоа, утврдената
форма на договор ги обезбедува договорачите од негативните последици на брзоплето
склучување на договор, што подразбира дека се прецизно, однапред, типски,
внимателно и целосно формулирани правата и обврските на двете договорни страни.
Инаку договорот за осигурување е двострано формален договор.
Принципот формалност на договорот се заснова на одредбите од Законот за
облигациски односи со кои е пропишано „договорот за осигурување да се склучи кога
договарачите ќе ја потпишат полисата за осигурување или листата за покритие.“95
Меѓутоа, принципот формалност на договорот во случај на договор за
осигурување е со релативен карактер, затоа што постојат исклучоци кои овозможуваат
полноважност на договорот без разлика што договарачите не потпишале ни полиса ни
листа за покритие.96
- Договорот за осигурување е двострано теретен или синалгматичен97 затоа што
со неговото склучување се создаваат правата и обврските за двете договорни страни,
откако осигуреникот ќе ја прифати обврската редовно да ја плаќа премијата на
осигурувањето, а за возврат, осигурителот се обврзува, по настапувањето на
осигурениот случај да ги сноси трошоците за отстранување на последиците од
превземениот ризик. При тоа, обврските на договорувачот исто така се и двострано
сукцесивни, затоа што двете страни имаат обврска до настанокот на осигурениот
случај, односно истекот на рокот на осигурување.

93
Член 10 и член 103, став 1 од Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85,
45/89, 57/89, „Сл. лист на СРЈ“, бр. 31/93).
94
Формален (од лат. збор formalis = законски) е оној договор кој се заклучува во одредена форма, во
согласност со законот или договорот.
95
Член 901, ст. 2 од ЗОО („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89, „Сл лист на СРЈ“, бр. 31/93).
96
Член 901, ст.2 и ст.3 од ЗОО – премолчено стапување во договорен однос и член 903 од Законот за
облигациски односи - стапување во договорен однос при прва уплата.
97
Грч. synallage = разговор, размена и allatein = да се измени нешто со некого; во правна смисла:
двостран, за двете договорни страни задолжителен. Инаку, за овие договори се уште се користат
термините: двострано задолжителни, билатерални и взаемни договори.
29
Во однос на превземената обврска, двостраноста значи дека секоја договорна
страна станува и должник (за „неиспорачани“ те. идни бенефити) и доверител –
контролор и корисник на уредно извршување на обврски на другата страна. При
извршување на двострано задолжителните договори за осигурување, страните се
должни совесно, перманентно и истовремено да го исполнуваат својот дел од
превземените обврски. Затоа што во случај на неизвршување на договорните обврски,
„неисполнувањето на обврските од едната страна и дава право на другата страна да
поднесе приговор за неисполнување (exeptio non adimpleti contractus); едната договорна
страна не може да бара исполнување на обврските од другата страна доколку и самата
не ја исполнила својата обврска; кај овие договори може да се бара раскин поради
неизвршување.“98
Исклучително, од наведеното правило отстапка е возможна само во случај
нешто друго да е договорено, или со закон одредено, или „ако нешто друго
произлегува од природата на работата. Но, ако на суд едната страна истакне дека не е
должна да ја исполни својата обврска, се додека другата страна не ја исполни својата,
судот ќе и нареди да ја исполни својата обврска кога и другата страна ќе ја исполни
својата.“99
- Договорот за осигурување е алеаторен,100 те. се однесува на неизвесни,
непредвидливи околности, ризици во иднина, при што не постои целосна согласност за
оваа карактеристика на договорот за осигурување.
Имено, опонентите на алеаторноста на договорот за осигурување тврдат дека
овој договор е комутативен, затоа што целта на склучувањето на осигурувањето е
избегнување и спречување на непознати, неизвесни, претпоставени, непоскувани
последици. При тоа, точно е дека целта на договорот за осигурување е отстранување на
ризици и заштита од возможни непознати нешта во иднина, а, ipso facto,101 основна
карактеристика на ризикот е токму непредвидливоста.
Исто така, благодарејќи им на сознанијата од математичко – статистичката
наука, непредвидливоста (те. загубата) на страна на осигурителот практично -ја нема.
Исто така, бидејќи постои возможност за обезбедување по пат на склучување на
договор за реосигурување, тоа би можело да значи дека договорот за осигурување е
комутативен.

98
Шулејиќ П., Право на осигурување, петто издание, Правен факултет, Белград, 2005 година, стр. 169.
99
Член 122 од Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89, „Сл
лист на СРЈ“, бр. 31/93).
100
Од лат. збор alea = коцка, те. она чиј исход зависи само од среќа, случајност (синоним = хазард). Во
правната смисла, алеаторноста подразбира неизвесност.
101
Лат. = само по себе, по природа на нештата.
30
Спротивно на наведеното, во алеаторните договори, престациите на
договорувачот зависат од договорениот, неизвесен настан, те. „алеаторноста се
одразува во неизвесност.“102 На пример, должината на траењето на договорните
обврски во договорите за осигурување е само привидно позната и предвидлива. Пред
се, основната цел на осигурувањето- заштита од ризик е непозната и по висина на
штетата (кај имотното осигурување) и по времето на настанокот (кај животното
осигурување), односно евидентно е постоење на неизвесност, те. алеаторност.
На пример, кај имотното осигурување (на пр. од кражби, грабежи, итн.)
неизвесно е дали осигурениот ризик воопшто и ќе се оствари. Исто така, кај
осигурувањето за лица за случај на доживување алеаторноста е целосна.
Во случај на животно осигурување сосема е неизвесно времетраењето на
осигурувањето, а неизвесно е и кога ќе настапи осигурениот случај (на пр. смрт на
осигуреното лице). Исто така, целосна неизвесност во врска со настанокот на
осигурениот случај постои и во осигурувањето од елементарни непогоди, инвалидитет,
транспортно осигурување, итн.
Исто така, неизвесноста е задолжителен услов и за осигурителот, на пример во
поглед на идната должина на примање на уплати, те кога ќе настапи осигурениот
случај. Значи, неизвесноста на страна на осигуреникот е во однос на возможност на
настапување на осигурителниот случај.
Точно е дека, исто како организиторите на игрите на среќа, ни осигурителот не
може да изгуби, затоа што заработува во секој случај (кога ќе се земат во предвид сите
поединечни случаи). Меѓутоа, алеаторноста како примарна карактеристика на
договорот доаѓа до полн израз ако се разгледа секој осигурен случај поединечно. Затоа
што, сосема е непознато од агол на секој осигурен случај поединечно дали ќе го
оствари правото на добивање на сума од осигурувањето.
Значи, „иако е точно дека надоместот од осигурувањето се врши во граници на
сумите на осигурувањето, како и дека постои сразмер помеѓу вкупната висина на
премијата и ризикот, не може да се знае колку такви премии секој осигуреник да плати
до настапувањето на осигурениот случај од престанок на договорот, како и кога
надоместот од осигурувањето и во која висина ќе биде исплатена.
Од аспект на осигурителот, точно е дека тој во масата договори го елиминира
случајот, но тоа е така само од аспект на техниката на осигурување, додека од
правниот аспект, се гледа секој договор за себе, а тука не стои истакнатиот
аргумент.“103

102
Сојузен суд, Белград, Гзс. бр. 19/99 од 26.06.1999 година.
103
Шулејиќ П., Право на осигурување, петто издание, Правен факултет, Белград, 2005 година, стр. 170.

31
Исто така, постојат и други карактеристики на договорот за осигурување кои се
со помало значење за изучување на измамите во осигурувањето, затоа што овие
договори се: атхезивни,104 сукцесивни,105 се склучуваат врз основа на договорената
доверба,106 имаат стопанско и граѓанскоправно својство,107 консезуални се и108 и
комутативни.109
2.2.2. Договорот за реосигурување е посебен вид на договорен однос помеѓу
осигурителот, кој не е во можност да го покрие ризикот превземен со договорот за
осигурување, и реосигурителот, кој превзема дел од обврските од договорот за
осигурување кои осигурителот не е во состојба да ги исполни. Овој договор е
инструмент на трансферот на ризик од осигурителот на реосигурителот, чија основна
економска функција е заедничко совладување на идните економски потреби на
осигурителот и реосигурителот.

104
Атхезиони договори (лат. adxaesio = договори по пристап, согласност), помеѓу кои спаѓа и договорот
за осигурување, подразбираат примена на принципот на рационалност и ефикасност, те. осигурителот на
типизиран начин да подготви општи услови (време на важење, покриеност на ризик, начин на плаќање,
престанок на важење, итн), а со идниот осигуреник посебно го договара само предметот на
осигурувањето и висината на осигураната сума. – Пошироко за тоа: Благојевиќ Б., Договори по
согласност, Правен факултет, Белград, 1934 година, стр. 38 – 47.
105
Сукцесивните договори (лат. successio = замена) подразбираат исполнување на договорните обврски
од едната или двете страни во однапред предвидени временски интервали. Во двострано теретните
договори (каков е договорот за осигурување) доколку една од страните нередовно ја исполнува
договорената престација, другата страна може да го раскине договорот. Ако со тек на време се изменат
важните околности на покритијата (на пр. промена на висината на ризикот) сукцесивниот договор за
осигурување може да се раскине или правично да се измени (чл. 133. од Законот за облигациски односи).
106
Ова начело потекнува уште од Римското право, а посебна примена има во правото на осигурување.
Прекршокот на ова начело (неисполнување на договорните обврски) воедно значи и проба за измама во
осигурувањето. – Пошироко за тоа: Станојевиќ О., Римско право, „Сл. гласник на СФРЈ,“ Белград, 1992
година, стр. 255 – 256.
107
Двократното својство на осигуреното лице – корисникот во договорот и осигурувањето, стопанско
право и граѓанско право, подразбира можност овој договор да може да биде склучен со стопанските
субјекти– правни лица, кога овие договори се дел од стопанското право илои со поединци- физички
лица, кога договорот за осигурување е работа на граѓанското право. Со Законот за облигациски односи
воглавно единствено се реализирани договорите за стопанско и граѓанско право (чл. 25. од ЗОО), со тоа
што во стопанско правните односи се применуваат и некои специфични одредби од ЗОО, на пр.
внимание на добриот стопанственик, добри работни обичаи, итн.
108
Консезуалниот договор (лат. consensus = согласност) се заснова на согласност на двете договорни
страни и се смета за заклучен кога двете страни ќе се согласат со важните состојки на договорот (чл.
25.од Законот за облигациски односи). И овие договори се двострано теретни.
109
Лат. commuto = да се промени; се засноваат на начелото еднаква вредност на договорените обврски
(чл. 15. од Законот за облигациски односи), па затоа и се нарекуваат еквивалентни договори. Договорот
за осигурување е консензуален (истовремено и двострано теретен) договор. Но, комутативноста во
случајот на договорот за осигурување е релативна, затоа што обврските на договорните страни се
навистина познати во време на склучување на договорот (што е одлика на комутативните договори), но
овие договори поседуваат и алеаторни елементи, кои се доминантни.
32
Договорот за реосигурување е „договор за осигурување на друштва за
осигурување со кој друштвото ја задоволува својата потреба за заштита од ризик на
сопствената активност.“110 При тоа, реосигурителот, како една од договорните страни,
превзема обврска на другата договорна страна- осигурителот да му плати дел од
износот, или целиот износ, кој овој треба да му го плати на осигуреникот.
Исто така, „договорот за реосигурување, без сомнеж би можел да се дефинира
како договор во кој едната страна, реосигуителот, се обврзува на другата страна,
осигурителот, да му плати дел од износот, или целиот износ кој осигурителот му го
исплатил или треба да му го плати на осигуреникот, а осигурителот ја превзема
обврската на плаќање на одредена премија.“111
Како и кај договорот за осигурување, една од основните карактеристики на
договорот за реосигурување е алеаторноста, затоа што подразбира заштита од ризик
кој може, но неизвесно е дали ќе се оствари. Овој договор е и сукцесивен, затоа што
постои трајна обврска престација, чие извршување ќе зависи од договорениот рок на
осигурување. Исто така, овој договор е и консезуален, затоа што подразбира
согласност на волјите на овие договорни страни.
Бидејќи за содржината на овој договор не постои пропишана форма, договорот
за реосигурување не е формален, а, исто така, не е ни од акцесорна природа, затоа што
не постои однос на подреденост спрема договорот за осигурување.
Правните последици од договорот за реосигурување настануваат со превземање
на договорните обврски со кои се создаваат услови за создавање на цел низ позитивни
последици како што се: дисперзија на ризик (се до оние најголеми, на меѓународно
ниво), специјализација, осигурување од ризик од енормни штети во случај на големите
елементарни непогоди и катастрофи, итн.
Бидејќи и во реосигурувањето основно начело е обештетувањето, постои
мислење дека реосигурувањето е само еден вид на имотно осигурување. Исто така
поради тоа што со договорот за реосигурување се обезбедува право на директна тужба
на осигуреникот кон реосигурителот, реосигурувањето претставува форма на
осигурување од одговорност.

110
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс, Белград, 2007 година,
стр. 193.
111
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., исто.
33
Исто така постои и сфаќање за реосигурувањето „како посебен (трет) вид на
осигурување – покрај имотното и личното осигурување, односно покрај копненото и
поморското осигурување“112затоа што реосигурителот од своја страна, „може понатаму
да ги пренесе обврските превземени со реосигурување, те. може да склучи договор за
реосигурување со некој друг реосигурител, а оваа форма на реосигурување се нарекува
ретроцесија.“113
Значи, со склучување на договорот за реосигурување, реосигурителот превзема
обврска во случај на настапување на осигурениот случај да сноси дел или целосен
надомест од осигурувањето, а осигурителот „на реосигурителот му отстапува дел или
цела премија осигурување во сразмер со превземениот ризик.“114
2.2.3. Полиса за осигурување и лист на покритие. Склучувањето на договорот
за осигурување „редовно го следи составување на писмен договор. Писменото кое
настанува како последица на договорот за осигурување склучен со обична согласност
на волја се нарекува полиса на осигурување.“115
Со одредбата на членот 901, ст. 1 од Законот за облигациски односи, пропишано
е дека „договорот за осигурување е склучен кога договарувачите ќе ги потпишат
полисата за осигурување или листот на покритие“116 Меѓутоа, „факт е дека постои
исправа за осигурувањето- полиса на осигурувањето, која не е важен услов за постоење
на договорот, туку само претставува доказ дека договорот е склучен.“117
Полисата за осигурување е „писмено кое осигурителот му го издава на
осигуреникот118 и таа е регулирана со Законот за облигациски односи119 за областа
осигурување на имот и лица, а полисата во транспортното осигурување е регулирана со
членот 696 и чл. 697, став 2 од Законот за поморска и внатрешна пловидба.120
При тоа, полисата кај имотните осигурувања може да гласи на одредено лице,
или на донесителот.121

112
Балог Н., Работи на деловното право, Научна книга, Белград, 1952 година, стр. 245.
113
Јанковец И., Договор за реосигурување, Современа администрација, Белград, 1968 година, стр. 10.
(пошироко за тоа: Јанковец И., за некои правни карактеристики на договорот за реосигурување,
Зборник, Белград, 2001). Инаку, ретроцесија се нарекува и реосигурувањето од втор степен.
114
Правна енциплопедија, Современа администрација, Белград, 1979 година, стр. 1212.
115
Ѓорѓевиќ Ж, Станковиќ В, Облигационо право, Современа администрација, Белград, 1980. година,
стр. 433.
116
Фран. police = исправа, повелба. Инаку, лист на покритие е исправа во осигурувањето која се издава
од технички и сл. причини, како привремена замена за полиса, за што повеќе ќе говориме во идниот
оддел.
117
Гаљак И., Радуловиќ З., оп. цит. стр 141. (исто така: член 901 од Законот за облигациски односи -
„Договорот за осигурување е склучен кога договорачите ќе потпишат полиса на осигурување или лист
на покритие“).
118
Член 901, став 1 и чл. 902 и 943 од ЗОО („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89, „Сл. лист
на СРЈ“, бр. 31/93).
119
“Сл. лист на СФРЈ“, бр. 22/77.
120
“Сл. лист на СФРЈ“, бр. 22/77.
121
Член 902, став 6 од Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр.29/78, 39/85, 45/89, 57/89,
„Сл. лист на СРЈ“, бр. 31/93).

34
Инаку, полисата е најважна исправа во дејноста на осигурувањето и служи како
доказ за склучување на содржината на договорот за осигурување.122 При тоа, „полисата
за осигурување содржи општи и посебни услови за осигурување од штета. Општите
услови се однапред одредени и не подлежат на преговорите помеѓу осигуреникот и
осигурителот.
Истите осигуреникот мора да ги прифати, ако сака да стапи во однос на
осигурување со осигурителот. Посебните услови за осигурување од штета не се
однапред одредени.
За нив преговараат и со нив се согласуваат осигуреникот и осигурителот како
страни кои договараат.“123 Содржината на полисата пропишана е со Заноконот за
облигациски односи,124 додека содржината на полисата во транспортното осигурување
(поморско осигурување, осигурување во внатрешната пловидба) одредена е со Законот
за поморска и внатрешната пловидба. 125
При тоа, „со законот не е пропишана формата во која се составува полисата, но
во пракса се издава на образец кој како типски го составуваат осигурителите за
одредени видови на осигурување. Вообичаено е во праксата полисата да има два дела.
Првиот, законскиот, содржи елементи кои се дефинирани во Законот без кои полисата
не е полноважна.
Вториот дел е оперативно – технички и има помошна функција, со претходно
наведениот законски или основен дел од полисата. Оперативно – техничкиот содржи
важни податоци за предметот на осигурување, дополнителни опасности под услов да
се договорени, разни доплати, попусти и напомени кои може да бидат многу важни (на
пример, договарање на посебни клаузули, и слично).“126
За измамите по пат на злоупотреба на полисата, како што ќе видиме во следниот
оддел, карактеристично е тоа што најчесто се однесуваат на наведување на неточни
податоци поради противправно присвојување на осигураната сума, потоа
непријавување на претходното постоење на материјалниот интерес да настапи
осигурениот случај, извршување на пренос на право од осигурување во случаи кога е
веќе создадена штета на стоката, итн.

122
Пошироко за тоа: Шулејиќ П., Право на осигурување, петто издане, Правен факултет, Белград, 2005
година, стр. 241 - 253.
123
Ѓорѓевиќ Ж., Станковиќ В., Облигационо право, Современа администрација, Белград, 1980 година,
стр. 433.
124
Член 902, став 1 од ЗОО, а со одредба на членот 943, став 1 од истиот закон пропишана е содржината
на полисата за животно осигурување.
125
Член 686, ст. 3 од Законот за поморска и внатрешна пловидба.
126
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс, Белград, 2007 година,
стр. 24 – 25.
35
Листот на покритие е исправа во осигурувањето која се издава од технички и
слични причини, како привремена замена за полиса. Замената на полисата со листот на
покритие се заснова на одредбата дека „полисата може да биде привремено заменета со
листот на покритие во кои се внесуваат важните делови од договорот.“127
При тоа, „почеток на траење на осигурувањето е оној што е дефиниран во
листот на покритие без разлика што дополнително ќе се потпише осигурителна полиса.
Со обзир на тоа дека листот на покритие не содржи бројни обврски и пратечки
елементи кои ги содржи полисата, траењето на листот на покритие не треба да биде
долго и во праксата е најчесто до два месеца.“128
Без разлика што листот на покритие во моментот на потпишување има иста
правна сила како и полисата, тој има само алтернативен карактер во однос на полисата.
Листот на покритие по правило, се издава по склучениот договор за
осигурување, а пред издавање на полисата, со обзир на тоа дека не постојат сите
познати релевантни податоци за да се направи полисата (на пр. потребно е
дополнително да се утврди вредноста на основните средства од кои зависи висината на
премијата, за да се согледаат и проценат сите аспекти на ризикот и слично).
Исто така, „листот на покритие често пати се издава и во ситуации кога едниот
осигуреник го менува осигурителот. Тогаш новиот осигурител, издавајќи го листот на
покритие, веднаш го превзема новиот осигуреник во своето портфолио на осигурување
со клаузула дека ќе носи ризик во висина и обем спрема начинот на склученото
осигурување со претходиниот осигурител, а при тоа осигуреникот има континуитет во
осигурувањето.“129

127
Член 902, ст.2 од Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89,
„Сл. лист на СРЈ“, бр. 31/93).
128
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс, Белград, 2007 година,
стр. 25.
129
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., исто, стр.26. Инаку, покрај полисата и листот на покритие, во
осигурителната дејност се употребуваа уште и сертификат на осигурување, „slip“ и „cover note.“
36
3. Криминолошки аспект на измами во осигурувањето

Криминалитетот, во прв ред е, „појава во животот на општеството, како во


етиолошки поглед, тако и по своите последици.“130
Значи, постоењето на општествената структура, односно на општествените
односи е претпоставка за општествено однесување, а со самото тоа и за измама во
осигурувањето како специфичен вид на кривично дело против имотот. За непостоење
на општествените односи карактеристично е отсуството на можноста на прекршување
на општествените норми.131
„Сем тоа, самото кривично дело е, и како правен поим, општествена појава и
производ. Не постои ниту една активност која би претставувала кривично дело по
своите објективно, априорни карактеристики, туку општеството одредува кои
активности ќе се сметаат инкриминирани.“132
При тоа, „некои форми на однесување кои порано биле казнувани, денес
влегуваат во кругот на општествено нормални однесувања. Исто така, ако ги
споредиме разните законодавства, се воочуваат разлики во инкриминирањето на
одредени однесувања. Тоа значи дека на инкриминацијата не смее да се гледа
метафизички, туку во димензии на релативна самосталност која ја потврдува
историската анализа.“133
Исто така, „за разлика од другите општествено патолошки појави криминалната
активност има и свој правен аспект, кој ја обликува нејзината индивидуалност, кој
токму поради тоа мора, при третирањето на криминалитетот како посебен феномен, не
само да се земе во предвид, со цел изградба на криминолошкиот поим криминалитет,
туку и посебно да се изучува од аспект на социологијата те во светлината на
општествените промени и случувања... Спрема тоа, кривичноправната наука не смее да
се изолира од социологијата и од социолошките приоди и објаснувања на правата и
правните инстиутуции. Таа не може да остане на страна од резултатите од
криминолошките истражувања, кои и ги прошируваат хоризонтите и и даваат
неопходен материјал за својата изградба.“134

130
Милутиновиќ М., Криминологија, шесто издание, Современа администрација, Белград, 1990 година,
стр. 29.
131
Класичен пример е Робинзон кој на пустиот остров никако не може да стане престапник – затоа што е
сам извор на нормите (пошироко за тоа: Милутиновиќ М., Криминалитетот како општествена појава,
Белград, 1957 година).
132
Милутиновиќ М., Криминологија, шесто издание, Современа администрација, Белград, 1990 година,
ст. 41.
133
Милутиновиќ M., Криминологија, стр. 29.
134
Милутиновиќ М., исто, стр. 41.
37
Во науката прифатено е оригиналното мислење за предизвикувањето на
криминалитетот кое што го застапуваше „основачот на криминологијата на нашиве
простори Милан Милутиновиќ (1957). Таа концепција, поставена во книгата
Криминалитет како општествена појава, разработена е во познатиот дел од овој автор
Криминологија. Таа поаѓа од основниот став дека на криминалитетот делуваат две
групи чинители: општи услови за развој на класното општество или корени на
криминалитетот (каде на дезорганзирање и отуѓување на личностите влијаат:
противречностите помеѓу општествените потреби и можностите за нивното
задоволување, тежнеењето за стекнување на профит и богатење и лични интереси) и
индивидуалистичка психологија.
Тие корени на криминалитетот го остваруваат своето влијание на поединечното
недозволиво однесување по пат на криминогените фактори, како непосредни
предизвикувачи на криминалната дејност, а авторот ги дели на „социогени“ и
индивидуални. Спрема каузалното влијание на криминалитетот, разликува причини,
услови и поводи.“135

3.1. Криминал. Криминал е акт од страна на физичко или правно лице кое
свесно постапува (постапило) во спротивност со законите и Уставот на територијата на
која се наоѓа, и кое ја продолжува таа активност во сопствена полза.
Според тоа, криминално дело е секое дело кое сериозно ги нарушува законите и
Уставот на територијата во која е предизвикано, и не мора да биде продолжено
Општеството го дефинира криминалот како кршење на едно или повеќе правила
или закони за коишто некоја управна власт или сила на крај може да пропише казна.
Зборот криминал потекнува од латинското crimen (генитив criminis), од
латинскиот корен cernō и грчкиот κρινω, со значење судам. Во првобитна смисла
значело „пријава (во правото), вина, обвинение“.
Кога општеството смета дека неформалните односи и санкции се недоволни за
да се создаде и одржи посакуваниот општествен ред, тоа може да резултира во
поставување повеќе формални системи на општествена контрола од страна на владата,
или пошироко од страна на државата. Со институционалните и правните машинерии
ставени на располагање, државните службеници можат да ги принудат поединците да
ги почитуваат кодексите на однесување и да ги казнат оние кои не ги почитуваат.
Власта користи разни механизми за да го регулира однесувањето, вклучувајќи
правила кодифицирани во закони, ги контролира луѓето за да осигура дека тие ги
почитуваат тие закони, како и други приципи и практики наменети за спречување на
криминалот. Покрај тоа постојат правни лекови и санкции, кои заедно го сочинуваат
кривично-правниот систем. Сепак, не сите повреди на законот, на пример,

135
Игњатовиќ Ѓ., Криминологија, девето издание, Правен факултет, Белград, 2008 година, стр. 166.
38
непочитување на договор или обврска и други граѓанско-правни престапи, се сметаат
за криминал.
Една нормативна дефиниција го смета криминалот за девијантно однесување
кое ги крши постоечките норми – културните стандарди кои пропишуваат како
нормално треба да се однесуваат луѓето. Овој пристап смета дека сложената реалност
којашто го опкружува концептот за криминалното дело и бара да се сфати како
променливите општествени, политички, психолошки и економски услови може да
влијаат врз тековните дефиниции за криминалното дело и врз формата на правните
одговори, одговорите на спроведувањето закон и казнените одговори од страна на
општеството.
Криминализацијата во правната теорија може да се сфати како постапка со
намера да се спречи некој да преземе штетна активност, средство да се намали штетата,
применувајќи ја заканата на казна како одвратување на оние коишто намераваат да се
однесуваат така и да предизвикаат штета.
Често во пракса државата има интерес за интервенции во оваа област затоа што
веруваа дека трошоците за некриминализирање (т.е да се дозволи повредите да
продолжат нестивнати) ги надминуваат трошоците за криминализирање на истите (т.е
ограничување на индивидуалната слобода со цел да се сведе на минимум штетата врз
другите).
• Криминализацијата може да обезбеди намалување на повредите во иднина,
дури и по кривично дело, тргнувајќи од тоа дека оние коишто се во затвор за
сторување криминални дела имаат поголема шанса да предизвикаат штета во иднина.
• Криминализацијата може да се сфати како начин потенцијалните криминалци
да платат за нивните дела. Во овој случај, криминализацијата е начин да се постави
цената којашто еден мора да ја плати (на општествтото) за одредени активности
коишто се сметаат за штетни за општеството како целина. Во оваа смисла
криминализацијата не може да се смета за ништо друго, туку за одмазда на државата во
вид на санкција.
Државата го контролира процесот на криминализација бидејќи:
• Иако жртвите ја признаваат сопствената улога како жртви, тие можеби немаат
средства да истражуваат и бараат правда за нанесените повреди: спроведувачите
формално именувани од страна на државата имаат и експертиза и средства .
• Жртвите можеби сакаат само компензација за нанесените повреди, додека се
индиферентни кон можната желба за одвратување
• Стравот од одмазда може да ги одврати жртвите или сведоците на криминални
дела од преземањето каква било акција. Дури и во контролираните општества, стравот
може да спречи пријавување или соработка при судење.
Како резултат на криминалното дело, жртвите може да го загубат животот или
да бидат онеспособени нормално да живеат или да ги извршуваат работните обврски.

39
Врз основа на изнесеното, извршувањето на делото измама во осигурувањето го
делиме на две фази: психолошко – подготвителна и криминално – техничка.
Првата, психолошко – подготвителна фаза подразбира период на формирање на
личноста и ставовите спрема преземањето на активности за извршување, а другата
криминално – техничка фаза опфаќа преземање на конкретна измамничка активност.

3.2. Причини, услови и поводи за вршење на измами во осигурувањето.


„Крајна цел на секоја наука е утврдување на причинителот на врската,“136 те. односот
помеѓу причината, условите и поводот.
3.2.1. Причини за вршење на измами во осигурувањето. Учењето за причините
за вршење на измами во осигурувањето подразбира, како што е веќе наведено, дека се
работи за општествена појава која е последица од делувањето на општи, егзогени и
посебни, поединечни, ендрогени фактори.
Општи, егзогени (социјални) причини за вршење на измами во осигурувањето
се: економски кризи и последиците кои тие ги предизвикуваат на глобално ниво,
поскапувања на основните и другите животни продукти те се потешко задоволување на
општите животни потреби на населението, негативните последици од приватизацијата
- интензивно општествено раслојување кое има за последица се покомфортен и
полагоден живот на малцинството и се потешка економско – социјална положба на
огромното мнозинство од населението, минимизирање дури и, разорување на
семејството, континуирани и ad hoc воени ситуации или закани во разни делови од
светот, субкултурни, антикултурни, малограѓански и бирократски деформации,
корупција и социјално - патолошки појави како што се наркоманија, алкохолизам,
проституција и др.
Посебните причини на криминалитетот, па така и измамите во осигурувањето,
настануваат преку однос на претходно наведените, општи фактори на криминалитет и
поединечните причини кои се манифестираат преку делување на конкретна личност, а
потребно е да се имаат во предвид и развојните фактори кои влијаеле на формирање на
личноста на извршителот.
При тоа, теоријата за причинската разлика која ја постави академикот
Т. Живановиќ, разгледувајќи ги трите основни елементи на криминогеното
однесување, услов, последица и нивниот меѓусебен причинителски однос, се состои во
тоа што како причина не може да се смета оној услов кој има за последица еден
причинителски однос.137

136
Лукиќ Р., Основи на социологијата, Научна книга, Белград, 1980 година, стр. 9.
137
Пример на проф. Т. Живановиќ: Лицето А. за време на криминалната активност е повредено и
пренесено во болница, каде умира од тифус кој го добило од друг пациент. Во овој случај нема сомнеж
дека телесната повреда е услов за смрт, затоа што тифусот е добиен поради упатувањето во болница
поради повредите. Меѓутоа, повредата сепак не може да се смета за причинител на смртта, затоа што
смртта настапила како последица на создавање на друг услов (тифус). Значи, во согласност со
наведеното, мораме да ги разликуваме условите спрема природата на нивните последици и времето кога
40
Значи, измамата во осигурувањето се наоѓа во една причинителска врска со
другите општествени појави кои законито го произведуваат. Специфичноста на
измамите во осигурувањето како општествена појава се состои во фактот дека таа
континуирано добива нови видови на изразување преку се поопасните видови на
антиопштественото изразување, те. однесување.
3.2.2. Условитe за вршење на измами во осигурувањето. Условитe за вршење
на измами во осигурувањето подразбираат низа специфични појави и фактори кои се
наоѓаат помеѓу причината и поводот.
Условите за вршење на измами во осигурувањето се специфичен низ на појави и
фактори кои овозможуваат или го забрзуваат дејството на непосредните
предизвикувачи, односно причини, те немаат сила на предизвикувачки фактори, но
придонесуваат во вршењето на измами во осигурувањето. 138
Тоа се придонесувачки или дополнителни околности за вршење на измами во
осигурувањето,139 па затоа ги нарекуваме второстепени причинители, а со нивното
отстранување, често пати се постигнува многу позитивен ефект.
Бројот, формите и видовите на непосредните услови за вршење на измами во
осигурувањето се готово неисцрпни и се разликуваат во поедини земји, те зависат од
општественото уредување, традицијата, религијата и културата, општата развиеност на
поедини земји, кривичноправниот систем, способностите, обученоста и опременоста на
поедини државни органи, степенот на корупција, оспособеноста на службата во
осигурителните друштва, итн.
При тоа, условите кои го фаворизираат вршењето на измами во осигурувањето
ги делиме на оние кои го потпомагале вршењето на измамата, односно извршувањето
на делото те имале филтрирачко дејство и оние кои пречеле (одложувале, спречувале)
извршување на измамите во осигурувањето (те. имале инхибирачко дејство).140
3.2.3. Поводи за вршење на измами во осигурувањето. Тоа се непосредни
предизвикувачи те. поттикнувачи за пристапување на активностите на извршување и
тие претставуваат одлучувачки фактори при непосредното пристапување кон
вршењето на измами во осигурувањето.
Повод за извршување на делата е специфичната резултанта на околности
присатни непосредно пред и во време на извршување на делата, како и делувањата на
карактеристиките на личноста за време на вршењето на измами во осигурувањето.

се тие исполнети. При тоа примарен предизвикувачки однос помеѓу условот на создавање на делото и
неговата последица.
138
Тоа се низа појави и фактори кои немаат непосреден предизвикувачки карактер, туку имаат
фацилитациска (олеснителна) улога при извршувањето на делата.
139
На пример, недоволното осветлување на објектот, неадекватната физичко – техничка заштита и
слично секако не се причина за криминалитет, но без сомнеж претставуваат адекватни услови
(олеснуваат, придонесуваат) за превземање на активностите за извршување.
140
Анализата по повод кримногеното однесување, покрај криминологијата, е предмет на изучување на
кривичното право, криминалната психологија и форензичната (судска) психијатрија.
41
Значи, поводите се специфичен збир на егзогени и ендогени елементи на
измама. При тоа, под егзогени поводи за вршење на измами во осигурувањето
подразбираме тнр. „надворешна“ ситуација на делата,141 а под ендогени поводи
подразбираме својства на личноста на извршителот.142

3.3. Кримналитет на белиот околувратник и измами во осигурувањето.


Криминалитетот на белиот околувратник143 е криминалитет на поимотните
општествени слоеви, а една од основните карактеристики на овој вид на криминалитет
е тоа што извршителите на овие дела спаѓаат во категоријата граѓани кои се на
највлијателни места во стопанските и државно – управните структури на современите
држави. Затоа што, „престапништвото е во непосредна врска со стопанскиот простор
во кој се одвиваат економски, финансиски, стоковни и други токови. Помеѓу делата
кои се поврзани со нив, посебно значење му се дава на криминалитетот на белиот
околувратник.144
„Великанот на американската наука Е. Sutherland го сруши традицоналниот
мит по кој со (имотен) криминалитет се занимаваат воглавно сиромашни општествени
слоеви. Тој докажа дека напротив, најопасните вакви дела ги вршат токму
припадниците на најбогатите и најугледните општествени слоеви, па така и
резултатите од неговото проучување на „криминалитетот на белиот околувратник“ до
кои дошол претставуваат рушење на една од најголемите заблуди во криминологијата
на деветнаесетиот и почетокот на дваесетиот век.“145
При тоа, Е.Sutherland јасно сугерише со „резултатите од своите истражувања
„криминалитет на белиот околувратник“ дека најголемиот број на нерегистрирани дела
се врши во областа на стопанското работење.“146 Имено, токму многу високата
општествена и професионална положба на извршителите на овие дела претставуваат
предуслов за извршување на истите.147
Затоа што, за овие најтешки видови на измами во осигурувањето
карактеристично е дека се тоа дела за кои е потребна внимателна и долготрајна
подготовка, а користа која сакаат да ја остврарат не е временски непосредно поврзана
со неговото вршење (измамници, криминалци „на белиот околувратник“ и слични).

141
Пример „надворешни ситуации на дела“ е случаен договор (на пр. после сообраќајна несреќа) за
измама во осигурувањето помеѓу лица кои до настанокот на осигурениот случај не се познавале.
142
Зрелата, правилно социјализирана личност реагира во спорни ситуации на еден, а социјално
девијантната личност на сосема поинаков начин.
143
White collar crime (англ.) = криминалитет на белиот околувратник. Постои несогласување на поедини
автори за тоа дали криминалитетот на белиот околувратник е вид на професионален криминалитет или
не е. Имајќи ги во предвид сите околности кои се претпоставка за вршење на овој вид на криминалитет,
сметаме дека ова е вид на професионален криминалитет.
144
Исто, стр. 143.
145
Игњатовиќ Ѓ., Криминологија, осмо издание, Правен факултет, Белград, 2007 година, стр. 47 - 48.
146
Игњатовиќ Ѓ., Криминологија, девето издание, Правен факултет, Белград, 2008 година, стр. 81.
147
Дел од криминалитетот на белиот околувратник, меѓу другото го прават и најопасните видови на
измами во осигурувањето и тоа во врска со осигурениот имот со енормна вредност.
42
Исто така, егзогените фактори, општествениот и стопанскиот амбиент, се многу
важен фактор за постоење на измами во осигурувањето како вид на криминалитет на
белиот околувратник.
Често пати измамата во осигурувањето во врска со корупцијата, те делата од
областа на тнр. класичен криминалитет (фалсификати, злоупотреба на службената
положба, затајување на данок, кражба, царински престапи, разни дела од областа на
стоковниот промет, итн). Заедничка карактеристика на извршување на овие дела е тоа
што се вршат врз основа на многу добро осмислен план, со исклучително штетни
последици криминални активности како што се: забранети финансиски трансакции со
полиси и други исправи, берзански манипулирања во врска со осигурувањето,
незаконски активности во врска со осигурувањето во надворешното и внатрешното
трговинско работење, однапред договорено лажно прикажување, те. намерно
предизвикување на осигурани случаи со цел остварување на незаконски добивки по
основ на осигурување, разни видови на подмитување, а се со цел наплата на
осигурувања со милионски вредности итн.
Како и другите видови на измами, така и измамата во осигурувањето (и другите
тешки дела) во рамките на криминалитетот на белиот околувратник „воглавном се
организираат позади кулисите, на база на изведување на поголеми деловни трансакции
и имамнички манипулации.“148
За да можат што поуспешно да ги извршат своите дела овие професионални
делинквенти се поврзуваат, од една страна, со членовите на „проширеното друштво,“ а,
од друга страна, со „грабежните сили во политичкиот живот, кои се наоѓаат помеѓу
политичарите, во полиција,149 администрација, судство, итн.
За нив е важно меѓусебно да се помагаат, да организираат заеднички
обавестувања за работите кои се важни за нив, да организираат разни други видови на
соработка кои им одговараат на нивните криминални цели.150
Спрема тоа, криминалитетот на белиот околувратник се сретнува на деловното
подрачје – во банкарството, осигурувањето, на железницата, во бродарството,
трговијата, трустовите и сличните дејности и организации.“151
Инаку, криминалитетот на белиот околувратник е доминантно корпорациски и
деловен, те. „со широко распространето мислење дека кога се работи за пари - се е
дозволено.“ 152

148
На пример, со цел обезбедување на право на големо осигурување на имот на претпријатие, кое потоа
ќе изгори во пожар.
149
Еден ваков случај во нашата земја ќе биде изложен подоцна.
150
Во одделот за измами во осигурувањето ќе прикажеме случаи на измами во осигурувањето кои ги
извршиле полицајци, судски вешти лица, лекари итн.
151
Милутиновиќ М., оп. цит, стр. 235.
152
Милутиновиќ М., исто, стр. 235.
43
При анализа на организираноста на извршителите на измами во осигурувањето,
потребно е да се разликува (класичен) организиран криминалитет и криминалитет на
белиот околувратник. Ова е инаку сложен проблем, имајќи ги во предвид појавните
форми и сличности помеѓу овие два вида на криминалитет. Помеѓу нив сепак постојат
разлики.153
Значи, со добар основ E. Sutherland во криминалитет на белиот околувратник ги
вбројува „злосторствата извршени од страна на лица со престижен и висок општествен
статус во рамките на професијата која ја обавуваат.
Основни карактеристики на овој посебен вид на криминални активности се:
областа во која се врши: сфера на работењето, осигурувања, банкарства, берзи, статус
на престапникот (припадници на највисоките општествени слоеви и заштитеност од
прогон и казни.
Важно е да се укаже дека во овој вид на криминалитет не спаѓаат било кои дела
од припадниците на горните општествени слоеви (силување, убиство) туку само делата
во наведените области,“154 а една од заедничките одлики на криминалитетот на белиот
околувратник е дека извршителите на овој вид на криминални активности во мал
процент доаѓаат под удар на кривични санкции поради важната општествена положба
на која по правило се наоѓаат, и во согласност со тоа, големо влијание на сите сфери од
општествениот живот (па и на органите на правосудството и воопшто гонењето).
При тоа, извршителите на овие дела покажуваат невообичаено голема вештина,
ниво на знаење и одлучност, бескрупулозност и систематичност. Многу често присатно
е давањето на енормни, незаконски провизии, примање и давање мита, „вградување“ во
цената и сл. Поради овие причини учесниците во овие најсложени измами во
осигурувањето, во овој прикриен, задкулисен вид на криминал, меѓусебно се поврзани
со силна солидарност и завера на молчење, при што се однесуваат слично како и
припадниците на организираните криминални картели. Не постои конкретна,
специфична форма на овој вид на криминал. Единствено е специфичен општествениот
слој кој ги врши овие дела, а последиците од незаконските активности по правило се
погубни по оној на чија штета се вршат.

153
На пример, во случаите на организиран криминалитет постои јасна хиерархија, те. на врвот на
управувачката пирамида стои лице кое се занимава со криминал во вид на занает. Во случај на
криминалитет на белиот околувратник главниот извршител по правило има (или имал) многу
профитабилен бизнис или многу влијателна општествена положба (или и едното и другото), со готово
секогаш многу успешна професионална кариера (која често пати може да биде во криза). При тоа,
организаторот на измамата не е најважен член на злосторничкото здружение, како во случајот на
организираниот криминалитет. Највжен извршител во случајот на криминалитетот на белиот
околувратник е членот на групата – коизвршител кој поседува висока општествена положба. Инаку, во
праксата често пати се вкрстуваат овие два вида на криминалитет.
154
Игњатовиќ Ѓ., исто, стр. 152. – Интересно е дека во современата криминологија преовладува
мислењето дека поедини нови видови на криминал, како што е на пр. компјутерскиот криминалитет исто
така спаѓаат во криминалитет на белиот околувратник („првин американските, а потоа и криминолозите
во останатите земји почнуваат да говорат за овој вид на криминални дејности (компјутерски) сметајќи ги
најчесто за подвид на криминалитетот на белиот околувратник“ - Игњатовиќ Ѓ., исто, стр.155.
44
При тоа, жртвите на криминалитетот на белиот околувратник, односно
измамите во осигурувањето, во крајна инстанца се најшироки слоеви на населението
те. ние „сите сме жртви.“155
Значи, анализата на елеменитите кои го прават криминалитетот на белиот
околувратник (објект на противправно загрозување на туѓ имот, употребено знаење,
безобзирност, висина на штетата, начин на извршување, последици, општествен и
професионален статус на извршител итн.) по споредбената анализа со елементите на
измама во осигурувањето, се укажува дека овој специфичен вид на измами спаѓа во
криминалитет на белиот околувратник.

3.4. Посебни случаи и примери на перење на пари во бизнисот со


осигурување. Заради ваквото нешто како примери би можеле да бидат следните
индикатор за сомнителни трансакции односно можност од појава на организиран
криминал во осигурителниот бизнис:
- потенцијален клиент од некое подалечно место бара да склучи осигурување,
иако осигурување од тој тип може да се склучи во близина на неговото место на
живеење;
- осигуреникот бара осигурување на работи кои воопшто не се блиски со
работите кои ги врши;
- агент/посредник сака да го шири бизнисот на територија која не е добро
регулирана или за која се знае дека често има активности на организиран криминал (на
пр. трговија со дрога или терористичка активност) или корупција;
- било какво одолговлекување да се дадат информации со цел да се заврши
постапката на идентификување на клиентот;
- нетипично настојување да се платат однапред премиите за осигурување;
- клиентот прифаќа многу неповолни услови кои немаат врска со неговото или
нејзиното здравје или возраст;
- трансакција во која е вклучена употребата и плаќање со т.н гарантирана
обврзница што доведува до прекугранично плаќање (брз трансфер на пари) = првата
(или единствената) премија се плаќа од сметка на банка надвор од земјата;
- големи текови на парични средства преку нерезидентни сметки на брокерски
друштва;
- полиси за осигурување каде премиите се повисоки од разумните потреби на
клиентот;
- клиентот бара осигурителен производ кој нема некоја конкретна цел и одбива
да ја објасни причината за оваа негова инвестиција;
- полиси за осигурување чија вредност не соодветствува на потребите на
клиентот за осигурување;
- клиентот врши трансакција што резултира во едно очигледно зголемување на
висината на поединечните вложувања;
- секоја трансакција во која е вклучена непозната странка;
- предвремено прекинување на договорот, со свесно прифаќање на загубата
поради тоа, или доколку се врши откуп на полисата и/или надоместот се исплаќа на
трето лице кое го нема во договорот;

155
Игњатовиќ Ѓ., исто, стр. 179.
45
- пренос на побарувањата од осигурителниот производ на некое трето лице кое
нема никаква врска со договарувачот на осигурувањето;
- секоја промена на корисникот на осигурувањето (посебно доколку оваа
промена може да се направи без знаење или согласност на осигурителот и/или правото
на исплата може да се пренесе единствено преку потпишување на анекс на полисата);
- замена, во текот на активноста на договорот за осигурување, на крајниот
корисник со лице кое нема никаква врска со осигуреникот;
- осигуреникот, кој обично врши редовно плаќање во мали износи, бара да
склучи договор за еднократна исплата на голем износ;
- обид да се искористи чек на трето лице за да се плати предложената полиса;
- барателот на осигурувањето воопшто не се интересира за условите на
осигурувањето туку единствено го интересира предвременото откажување на
договорот;
- барателот на осигурувањето сака да плати во готово со цел да ја заокружи
трансакцијата во случаи кога овој вид на трансакција вообичаено се врши со употреба
на чекови или останати инструменти на плаќање;
- барателот на осигурувањето сака да го плати износот одеднаш по пат на брз
трансфер на пари или во странска валута;
- барателот на осигурувањето одбива да даде вообичаени информации кога го
поднесува барањето за осигурување, и дава малку или фиктивни информации или, дава
информации кои е тешко или неисплатливо за осигурителот да се проверат;
- барателот на осигурувањето веќе има склучено осигурување со неколку
осигурители;
- барателот на осигурувањето склучува осигурување во износи кои се неразумно
повисоки од финансиската состојба на клиентот;
- барателот на осигурувањето склучува договор за осигурување на голем износ
и во многу краток временски период го откажува договорот, и притоа бара повратот на
готовината да му се исплати на трето лице;
- барателот на осигурувањето бара на заем износ кој е максимално дозволен за
полисата со еднократна уплата на премија, многу брзо откако ја платил полисата;
- барателот на осигурувањето користи адреса на која ја прима поштата надвор
од територијата за која е надлежен осигурителниот супервизорски орган и каде во
текот на процесот на утврдување на идентитетот е откриено дека домашниот телефон е
исклучен.

3.5. Темна бројка на криминалитетот. Темна бројка на криминалитетот156 е


разликата помеѓу откриениот, те евидентираниот и стварно извршениот криминалитет
и таа е многу карактеристична за измамата во осигурувањето.

156
Темната бројка на криминалитетот се нарекува и мрачен број на криминалитетот (франц. = chifre
noire, англ. = dark field, итал. = numero ocuro). Исто така, се употребува и изразот скриен криминалитет
(англ. = hidden criminality). Во врска со ова е и тнр. сива бројка на криминалитет (по оваа поделба,
темната бројка на криминалитетот е разликата помеѓу извршениот и евидентираниот криминалитет, а
сивата бројка на криминалитетот ја прави разликата помеѓу пријавените и нерасветлените дела). Исто
така постои и претерана бројка на криминалитетот (франц.chifre ď exec = бројка на претерување) која се
однесува на прикажување како криминалитет и оние гранични форми социјално неодредени, со
сомнително однесување, кои всушност не претставуваат кривични дела.
46
При тоа, криминалитетот на белиот околувратник, според мислењето на некои
криминолози (на пр. H.Levy – Bruhla) спаѓа во вид на криминал кој е претежен дел од
темната бројка на криминалитетот те. кривичните дела кои се направени, но
извршителите не им се познати на ораганите за гонење (те. не се процесуирани).
Истиот автор смета дека „темната бројка“ на криминалот ја прават три групи дела.
Прва, тнр. „совршени злочни“ – дела сторени под идеални околности и со
голема вмешаност на извршителите, практично без траги од извршувањето и можност
за откривање на извршителот. Потоа, дела прикриени на база на солидарност на група
(етничка, расна, професионална, селска итн.) и криминалитетот на белиот
околувратник кој е поголемиот дел од темната бројка на криминалитетот.
Оваа бројка ја чинат измами кои се неоткриени или чиј сторител останал
непознат. „При тоа, некои писатели (Frederiksson) прават разлика помеѓу ситуацијата
кога еден деликт му е сосема непознат на дадениот информатор („tâche noire totalle“) и
оние ситуации кога е тој претставен дека има помала тежина од онаа која објективно
му припаѓа („tâche noire partialle“).157
Проблемот при проценување на темната бројка на криминалитетот претставува
критериум на евиденцијата. Имено, постојат паралелни евиденции на криминалитетот
кои водат до полицијата, обвинителството и судот.158
Посебно се недостатни евиденциите на полицијата (сите пријавени дела кои
допрва би требало да се испитаат) и обвинителството (сите дела за кои е отворена
истрага или е поднесено обвинение, но кои допрва треба да се докажат во судската
постапка).
Значи, најсигурна статистика за криминалитетот водат судовте. Меѓутоа,
недостатокот на судска евиденција е тоа што судската статистика се однесува само на
процесуирани и осудени лица, а бројот на извршителите на кривичните дела без
сомневање е многу поголем.

3.6. Организиран криминал и криминал во областа на осигурувањето

3.6.1. Организиран криминал

3.6.1.1. Поим и карактеристики. Во определувањето на поимот на


организираниот криминалитет во социолошката литература егзистираат два пристапи.
Според првиот, поширок пристап, станува збор за дејност на криминалните
организации.

157
Милутиновиќ М., Криминологија, шесто издание, Современа администрација, Белград, 1990 година,
стр. 71.
158
Одредени евиденции за криминалитетот на малолетниците водат и установите за социјална заштита,
но тие не се од значење за изучување на измами во осигурувањето, затоа што малолетниците по правило
не го вршат ова дело.
47
Според вториот потесен пристап за постоењето на овој криминалитет не е
доволно само постоењето на криминална организација (организациона димензија),
туку и низа други услови кко што се: да се рабооти за организирана дејност од
стопански вид (криминална корпорација); да постои употреба на насилство за
зачувување на позицијата на приоритет или монопол, поради ширење на профитот, но
и за финансирање на убиства со цел за спречување на примената на правото или
донесување на политички одлуки кои ги загрозуваат и корупција на полициската,
судската и политичко-извршната власт. Заклучокот што се извлекува е дека
организираниот криминал се разликува од традиционалните форми на групниот
криминалитет, како што се бандите и криминалните здруженија според постоењето на
повеќе од три од наброените обележја. Организираниот криминалитет не познава
никакви граници.
Криминалните организации од овој вид настојуваат да се вградат во постојаниот
систем и институциите што веќе остваруваат некаква по правило стопанска дејност.
Овие организации остваруваат разни форми на влијание за да ги имаат во свои раце
луѓето од државните органи и институциите надлежни за давање на определени
дозволи, кои ја водат стопанската политика и решаваат за покрупни стопански зделки.
Тоа го прават на тој начин што вградуваат свои луѓе во највисоките органи на власта,
со корумпирање на разни функционери. Во современи услови загрозеноста од овој
изразито опасен криминалитет е на мошне високо ниво во сите сфери на
општествениот живот и речиси нема земја која не е инфицирана од неговите рзновидни
појавни облици. Неговите учесници, служејќи се со сите средства: од оние кои што
добиват привид на легалност па се до отворени уцени, закани, подкуп, политички и
други врски со особена свирепост, безобсирност и виолентност, вршат најразлични
злосторства кои им нанесуваат огромни и непоправливи штетина конкретните
општества и на меѓународната заедница воопшто.
Во најширока смисла поимот организиран криминал значи заедничко
извршување на некое кривично дело од страна на повеќе лица. Клучен елемент е
заедничката координирана акција помеѓу повеќе лица.
Во потесна смисла го покрива извршувањето на казнени дела од страна на
злосторничка организација (банда, група, друго злосторничко здружение),
организирана според определени принципи на внатрешни односи и статусна
хиерархија во заедничките криминални активности што ги остваруваат организаторот
и најмалку двајца членови на злосторничкото здружение.
Во најтесна смисла, за разлика од претходните заеднички квантитативни
елементи, организираниот криминал го дефинираме како заедничко извршување на
казниви дела заради остварување на економска или политичка моќ.
Секоја од трите дефиниции има свое значење, како од аспект на научниот
интерес за истражување и следење на така дефинираните појави, така и за нивната
законодавна и практична имплементација. Така, посебното издвојување на

48
организираниот криминал во најширока смисла и акцентирањето со тоа на
кумулирањето на злосторничката енеергија што при заедничко извршување на
казненото дело расте со аритметичка прогресија, претставува основа за посебниот
казнено-правен третман на соучесништвото.

3.6.1.2. Борба против организираниот криминал во Република Македонија.


Организираниот криминал е релативно нов феномен во Република Македонија.
Порастот на транснационални криминални организации на глобално ниво,
безбедносните проблеми во регионот, проследени со ембарга, напоредно со
внатрешните транзициони проблеми, беа факторите кои сериозно влијаеа врз појавата
на организираниот криминал. Истовремено, поради својата географска положба,
Република Македонија е подложна на прекуграничен криминал.
Анализата на статистичките податоци од Министерството за внатрешни работи
покажува тенденција на зголемување на обемот на најтешките видови на кривични
дела, како што се трговијата со дрога и оружје и кривичните дела кои статистички се
следат во групата за организиран криминалитет.
Податоците укажуваат на зголемување на ефикасноста на надлежните органи,
особено во поглед на илегалната трговија со луѓе, илегалната трговија со дрога и
корупцијата. Меѓутоа, во практиката, отсуството на квалитетни доказни средства
продуцира долготрајни постапки, со што се нарушува и авторитетот на институциите и
се добива впечаток на неефикасност на судовите. Оттаму и покрај создавањето на
соодветна законодавна и институционална рамка, суштествено е јакнењето на
капацитетите на сите инволвирани институции во оваа сфера и алокацијата на
соодветни ресурси.
Во Република Македонија континуирани се настојувањата да се следат и
имплементираат меѓународните норми во оваа област. Република Македонија досега
ги има ратификувано најважните мултилатерални договори за борба против
криминалот.
Во овие рамки спаѓаат поголем број закони, како што е Кривичниот Законик
(1996), Законот за кривичната постапка (1997), Законот за спречување на перење на
пари (2001), Законот за финансиската полиција (2002). Во декември 2003 година
Собранието го усвои амандманот за измена на членот 17 од Уставот на Република
Македонија, со што е овозможена примената на специјалните истражни методи. Во
новите закони начелно се вградени европските стандарди кои произлегуваат од
меѓународнита договори и препораки и таа претставува солидна основа за
воспоставување на ефикасен систем за превенција и репресија на криминалот.
Со Кривичниот законик на Република Македонија се инкриминираат
кривичните дела од областа на организираниот криминал, согласно со меѓународните
стандарди. Кривичниот законик содржи одредби со кои е инкриминирано членувањето
во криминални организации, а извршувањето на кривичното дело од страна на повеќе

49
лица или организирана мрежа се предвидени во повеќе други кривични дела
карактеристични за организираниот криминалитет. Од значење за меѓународната
соработка е и одредбата која предвидува важење на казненото законодавство за
државјанин на Република Македонија и во случаите кога ќе стори казниво дело во
странство.
Во зајакнувањето на мерките во борбата против организираниот криминал
посебен акцент се става на зајакнувањето на институционалната поддршка, особено на
специјализираните единици за оваа функција, кои се конкретно предвидени во
документот усвоен од Владата Мерки насочени кон конкретна акција против
организираниот криминал.
Во рамките на реформата на полицијата, во организациската структура на
Криминалистичката полиција се формира посебен Сектор за организиран криминал,
формирањето на посебен оддел на Јавното обвинителство за организиран криминал, како
и специјализција на судиите за предметите од областа на организираниот криминал е во
функција на јакнење на капацитетите за сузбивање на организираниот криминал.
За унапредување на ефикасноста во борбата против организираниот криминал
суштествена е изградбата на компатибилни и поврзани бази на податоци во сите
релевантни институции, со натамошно поврзување во соодветни мрежи на регионално
ниво. Оваа задача треба да се реализира на среден рок.

3.6.2. Основни стандарди за борбата против организираниот криминал


на друштвата за осигурување. Политиките и стандардите за запознавање на
клиентите на друштвата за осигурување се во тесна врска со борбата против перењето
пари односно организираниот криминал и истите треба да овозможат заштита на
друштвото за осигурување од ризикот да започнат деловен однос со субјекти чијшто
идентитет не може да биде утврден, кои одбиваат да ги обезбедат бараните податоци
или обезбедиле неконзистентни и недоволни податоци.
Оттука, секое друштво за осигурување треба да воспостави адекватни политики
за запознавање на клиентите, со цел заштита на репутацијата и интегритетот преку
намалување на веројатноста друштвата за осигурување да бидат користени како
посредници во спроведувањето на финансискиот криминал. Неадекватноста или
отсуството на политики за запознавање на клиентите може да го изложи друштвото за
осигурување на различни видови на ризици (првенствено ризик дека премиите за
осигурување нема да се доволни за покривање на идните потенцијални загуби,
репутациски ризик, правен ризик, ризик од концентрација, оперативен ризик).
Заради постигнување на ефикасно управување со ризиците на кои е изложено
друштвото треба да се овозможи континуирано следење на сите побарувања и обврски
на клиентот, без разлика во која деловна единица се настанати и без разлика на
нивниот вид и износ. Политиките за запознавање на клиентот треба да ги содржат
следните елементи: политики за прифаќање на клиентот, идентификување, постојано

50
следење на трансакциите и доколку е потребно одбивање на истите.

3.7. Политика за прифаќање на клиентот бизнис релација и можности за


организиран криминал. Политиката за прифаќање на клиентите треба да биде
воспоставена на начин кој ќе му овозможи на осигурителот можност за адекватно
прибирање и анализа на податоците и информациите. Примери на трансакции и
невообичаени настани што може да се случат по склучување на договорот за
осигурување, кои имаат предиспозиции од висок ризик за перење пари и организиран
криминал се:
- промена на корисничкото име во полисата (како на пример плаќањето да се
изврши на лице кое не е корисник и сл.);
- користење на готовина и/или плаќање на високи еднократни премии;
- плаќање со банкарски инструменти кои дозволуваат анонимност;
- промена на адреса на живеење или седиште;
- промена на начинот на плаќање (на пример од плаќање на рати преминување
на плаќање со вкупната сума);
- откупување на вредноста на полисата или промена на времетраењето на
договорот;
- користење на полисата како колатерал и сл.

Друштвата за осигурување заради ваквото нешто развиваат интерни политики и


процедури за прифаќање на клиенти, како и утврдување на критериуми со чија помош
ќе се рангираат високо ризични клиенти. За да се постигне ова, осигурителот треба да
собере релевантни податоци и информации, како на пример податоци за потекло на
средствата, приходите, работниот статус, фамилијарната состојба, географската
лоцираност, медицинската историја и др. Овие податоци ќе придонесат за
профилирање на клиентите и ќе послужат како основа за прифаќање или одбивање на
соработката.
Целта е политиките за прифаќање на клиентите да не бидат премногу
рестриктивни што би предизвикало отежнат пристап на широката јавност до услугите
на друштвата за осигурување, но сепак тоа да е во рамки на законските можности и
согласно деловните акти на субјектот. Критериумите и одлуките во врска со
прифаќање на клиентите треба да бидат донесени од страна на раководните структури
во друштвото.
Во доменот на реосигурувањето, како резултат на природата на бизнисот и
отсуството на личниот контакт со клиентите, непрактично или невозможно е за
реосигурувачот да спроведе идентификација и верификација на осигуреникот или
корисникот. Затоа, реосигурителот својот однос го базира на врската со друштвото за
осигурување - цедент и гаранцијата од истиот дека ги применува политиките за
спречување на перење на пари и финансисрање на тероризам. Осигурителот треба да

51
има волја и подготвеност да прифати дека профилирањето на клиентите e од особена
важност за целите во процесот на спречување на перење на пари и финансисрање на
тероризам, но и за заштита на неговиот интегритет и континуитет во вршењето на
работи на осигурување.

3.8. Статистички показатели за криминалот во Република Македонија во


2011 година. Според релевантните податоци од Државен завод за статистика, односно
статистичките податоци од областа на правосудството кои го следат сторителот на
кривичното дело по повеќе белезипокажуваат тренд на нагорна линија. Следено во
еден подолг временски период, половата структура , пак на сторителите на кривични
дела во Република Македонија се карактеризира со многу голема разлика во соодносот
на жените и мажите. Ваквата разлика во соодносот се однесува како на полнолетните,
така и на малолетните пријавени, обвинети и осудени сторители на кривични дела.
Од вкупно пријавени 14627 познати полнолетни сторители на кривични дела во
2011 година, 1327 или 9% се жени, односно 13300 или 91% се мажи. Кај обвинетите,
пак, од вкупно 12219, 1037 или 8% се жени, а 11182 или 92% се мажи.
Од вкупно 9810 осудени лица, 661 или 7% се жени, а 9149 или 93% се мажи.
Од вкупно пријавените 1163 малолетни сторители на кривични дела во 2011
година, 26 или 2% се жени, односно 1137 или 98% се мажи. Од вкупно обвинетите
1002 малолетни сторители, 33 или 3% се жени, а 969 или 97% се мажи.
Од вкупно осудените 722 малолетни сторители, 22 или 3% се жени, а 700 или
97% се мажи.
Разликата во соодносот на жените и мажите е присутна и во однос на групите на
кривични дела.
На пример, од вкупно осудени 945 полнолетни сторители на кривични дела
против животот и телото, 50 или 5% се жени, а 895 или 95% се мажи. Кај кривичните
дела против имотот, од вкупно 3850 сторители, 213 или 6% се жени, а 3637 или 94% се
мажи.
Интересен е податокот за кривичните дела од областа на Јавните финансии,
платниот промет и стопанството во кои спаѓа и организираниот криминал, како
најчеста поојава на криминогени дејствија во делот на бизнисот со осигурување и
реосигурување. Така во оваа година имаме вкупно 203 сторители на овој вид кривични
дела, од кои 179 сторители се мажи, додека 24 се жени.

52
4. Кривичноправен аспект на измами во осигурувањето

„Активностите (и пропустите) кои во одреден временски интервал загрозуваат


поедини лица или пак добра– во материјална и морална смисла, кои им припаѓаат на
тие поединци, разни општествени органи и организации, како и на општеството во
целост, а кои се инкриминирани во важечките казнено – правни норми на една земја, се
сметаат и правно се теретираат како нејзин криминалитет за тоа време. Нивните
извршители се земаат на одредена кривичноправна одговорност и подлежат на
адекватни санкции и мерки за нивното извршување.
Тоа сфаќање на криминалитеот е во законска, односно кривичноправна смисла
и тоа е поврзано со инкриминирање на одредени активности (односно пропусти) во
важечките кривични закони.“159
При тоа, измамата во осигурувањето ја изучува кривичното право како научен
систем, а исто така со овој деликт се занимава и кривичното право како систем на
законски прописи.

4.1. Кривично право како наука. Постојат два основни системи на науката
кривично право: бипартитен, бипартиција или дводелен и трипартитен, трипартиција
или троделен систем.160
4.1.1. Бипартитен систем. Овој систем на наука на кривичното право опфаќа
два основни поима: кривично дело и казна, на основа на тнр. објективно – субјективен
критериум.
По ова учење, има два основни елементи на кривичното право (основни правни
суштества): кривично дело и казна, те. кривична санкција. При тоа, поимот виновник е
дел од поимот кривично дело, поради што учебниците од ова класично училиште на
кривично право во општиот дел имале само две поглавја: за кривично дело и казна.
Во рамките на ова учење, сите психофизички својства на виновникот, а посебно
неговиот психички однос кон активностите на извршување те вината, се составен дел
од кривичниот дел, затоа што кривичната санкција е строго дефинирана нормативна
категорија. Спрема тоа, виновноста се согледува во рамките на кривичното дело, затоа
што не постои некоја друга можност (на пр. да се опфати со поимот казна).
Значи, во бипартитниот систем на науката кривично право егзистираат
множество правни прописи кои го чинат: кривичното дело, како прв од двата основни
елементи, те. правни суштества и кривична санкција, као правна последица од
извршената активност.

159
Милутиновиќ М., Криминологија, шесто издание, Современа администрација, Белград, 1990 година,
стр. 27.
160
Бипартитниот систем на кривичното право се нарекува и бипартизам, класичен или дихотомен
систем.
53
Врз основа на горе изнесениот систем на кривично право, кривичното дело
треба да се сфати објективно – субјективно, те. во елементите на кривичното дело да се
содржи и субјективниот однос на извршителот кон делото, те. виност.161
Инаку, бипартитниот, традиционален систем на кривичното право долго бил (се
до почетокот на XX век), eдинствен, општоприфатен теориско – правен научен
систем.162
4.1.2. Трипартитен систем.163 Овој систем на наука на кривичното право се
нарекува објективен пристап. Во трипартитниот систем кривичното дело се разгледува
објективно, те. постојат три основни кривичноправни поими: кривично дело, кривична
санкција и виновник. Значи, кривичното дело се сфаќа „чисто објективно; и дека токму
поради таа причина (scil. за да можат субјектвните моменти да најдат место во
системот), како и поради многу други, и поради самата своја природа, и виновникот
мора да се смета, покрај кривичното дело и казната, како автономно правно суштество,
и тоа како правно суштество кое е паралелно со кривичното дело и казната, значи како
еден од основните поими на кривичното право.“164
Тоа значи дека во рамките на трипартизмот се воведува поимот виновник како
трет основен елемент, а нормативната дефиниција на кривичното право во согласност
со овој научен систем гласи дека тоа е множество од „државно правни прописи, со кои
за кривичното дело се одредува казна против виновникот.“165
По трипартицијата, од една страна „системот на науката на кривичното право
мора да биде, не дводелен (бипартитен, дихотомен, дуалистички: 1. кривично дело и 2.
казна), као што до тогаш се сметало, туку триделен (трипартитен, трихотомен,
триалистички: 1. кривично дело, 2. виновник, 3. казна или, во согласност со сегашното
законодавство, со неговите мерки на безбедност, (кривична санкција); а од друга
страна доследно традиционалната наука на кривичното право треба да и подлежи на
длабоката ревизија спрема трипартитниот метод.“166

161
Те. објективно – субјектвен поим на кривичното дело.
162
Бипартитниот систем на кривичното право се создал кон почетокот на 18 век, а најизразени
претставници на ова учење се А. Фојербах во Германија (основно дело: „Lehrbuch des peinlichen Rechtst,“
1801 год.) и Ортолан во Франција (основно дело: „Eléments de Droit Criminel,“ 1856 година).
163
Трипартиниот систем на кривичното право се н арекува и триделен, трихотомен и триалистички.
Овој кривичнноправен систем прв теориски го образложил академикот Т. Живановиќ во трудот De l’
èlèment subjectif (moral) dans la notion du dèlict; објавен во: Swicerishe Zeitchhrift für Strafrecht, Geneva,
Swizerland (1909 година).
164
Живановиќ Т., Основни проблеми на кривичното право, Вовед во науката кривично право, Виши
општи дел на кривичното право, Правен факултет, Белград, 1930 година, стр. 1.
165
Живановиќ Т., Основи на кривичното право, Општ дел, Прва книга, „Гундулиќ,“ Белград, 1935
година, стр. 3.
166
Живановиќ Т, Основни проблеми на кривичното право, Вовед во науката кривично право, Виши
општи дел на кривичното право, Правен факултет, Белград, 1930 година, стр. 1.
54
4.2. Кривичното право како систем на законски прописи. Покрај тоа што е
научна дисциплина, кривичното право е и систем на норми, односно гранка на
позитивното законодавство чија улога е да го штити општествениот систем по пат на
пропишување на кривични дела, кривични санкции и утврдување на услови за примена
на кривични санкции спрема извршителите на кривичните дела.167
При тоа, кривичноправните норми се разликуваат од останатите правни норми
„по своите предмети, по апстрактните правни суштества кои ги содржи. Негови
предмети се (суштества, елементи): кривично дело, виновник и казна со мерка на
безбедност, те. кривична санкција (нивниот род, генус) или сите заедно или само некои
од нив (тнр. зависни или несамостални правни прописи). На тој начин кривичното
право гледано како множество на одредени правни прописи (енциклопедиска смисла) е
множество (државни) правни прописи, на кои за кривичното дело им се одредува
кривична санкција (казна и мерка на безбедност) против виновникот.“168
4.3. Измама во осигурувањето – општествено опасно дело. Опшествена
опасност подразбира загрозување, односно возможност за нанесување на штета на
некое добро или друг интерес од поголемо (или големо) значење. Колку е објектот на
кривичноправната заштита поважен, толку степенот на општествената опасност на
делото е поголем.
„Опшествена опасност е материјална страна на предвидливост во законот. Со
самото тоа таа е основ и оправдување за пропишување на некое однесување како
кривично дело... Современата теорија на кривичното право е материјален поим на
кривичното дело кое најчесто се врзува за општествено опасно (или општествено
штетно) однесување. Опшествената опасност има и функција на критичко
преиспитување на она што е во законот предвидено како кривично дело.“169
Измамата во осигурувањето како општествено опасно дело, како што е веќе
наведено е релативна во одредено време и простор, затоа што „под општествено
опасно дело можеме да го сметаме само она дело кое е опасно во одредено време и во
дадени економски, те. во одредени политички и општествени прилики.“170 Имено,
„дали едно дело ќе се смета за општествено опасно во одредено општество зависи од
времето кога се врши тоа дело и од општествено– економските можности во тоа време.
Со други зборови, и во исто општество во одреден момент едно дело ќе биде
општествено опасно, а во некој друг тоа нема да биде.“171

167
Пошироко за тоа: Стојановиќ З., Кривично право – општ дел, 17 издание, Правен факултет, Белград,
2010 година, стр. 31 – 53. Исто така и: Срзентиќ Н., Стајиќ А., Лазаревиќ Љ., Кривично право – општ
дел, осмо издание, Современа администрација, Белград, 1978 година, стр. 125 – 162.
168
Живановќ Т., Кривично право – општ дел, 1 книга, Правен факултет, Белград, 1935 година, стр. 3.
Исто така и: Стојановиќ З., цит. дело, стр. 3 – 6.
169
Стојановиќ З., Кривично право – општ дел, седумнаесето издание, Правен факултет, Белград, 2010
година, стр. 117.
170
Срзентиќ и др., стр. 149.
171
Исто.
55
Во случај на измами во осигурувањето постојат, покрај основниот, и два
дополнителни елемента, квалификувани форми, што сведочи за степенот на
општествената опасност на ова дело.172
При тоа, измамата во осигурувањето како општествено опасно дело ја
одредуваат следниве елементи: плански, со умисла преземена сложена активност за
извршување; задолжителна употреба на одредени знаења и вештини, како и голема
имотна штета како последица на делото.
Значи, кривичното дело измама во осигурувањето е општествено опасно дело,
форма и однесување за кое со законот е пропишана кривична санкција против
виновникот (извршителот), а сторителот ќе биде кривично одговорен за извршената
измама ако во времето на извршување на делото бил одговорен и полнолетен.173
Кривичното дело измама во осигурувањето се состои од општи и посебни елементи.
4.4. Општи елементи на кривичното дело измами во осигурувањето. Овие
елементи на измамата во осигурувањето, инаку се заеднички за сите дела. Под општи
елементи на сите кривични дела, па така и на измамите во осигурувањето,
подразбираме: активност, предвиденост во законот, противправност и вина.“174 При
тоа, општи елементи на кривичното дело претставуваат теориско – кривичноправниот
основ за проучување и инкриминирање на делата измами во осигурувањето.
4.4.1. Активност на кривичното дело измами во осигурувањето. Активноста
е основен општ елемент на кривичното дело измама во осигурувањето. При тоа,
постојат две сфаќања на активноста на делото измама во осигурувањето: објективно –
субјективно и објективно сфаќање на активноста измама во осигурувањето.
Во рамките на објективно – субјективното сфаќање под активност на делото
измама во осигурувањето подразбираме волева дејност на извршителот на основ на
која се врши кривичното дело. По ова сфаќање, активноста на кривичното дело
составена е исклучително од волево и свесно однесување со кое се остварува
последицата од делото измами во осигурувањето.175

172
Исто така, степенот на општествената опасност исто така зависи и од обемот, видот и тежината на
последиците од извршениот дел. Инаку, овие елементи се многу изразени во случај на измама во
осигурувањето.
173
Имајќи го во предвид психо – социјалниот статус на малолетниците, како што е веќе наведено,
измамата во осигурувањето по правило не ја вршат малолетните лица.
174
Стојановиќ З., Кривично право – општ дел, 17 издание, Правен факултет, Белград, 2010 година, стр.
85.
175
При тоа активностите извршени под присила и неволните активности не се сметаат за активност на
кривичното дело.
56
По објективното сфаќање, активност на делото измама во осигурувањето е
секое телесно движење или пропуштање на телесно движење кое довело до
извршување на кривичното дело, независно од волевиот елемент во однесувањето на
извршителот. Со обзир на карактерот, активноста на делото измама во осигурувањето
може да биде преземена со чинење или нечинење.176
Исто така, активност на делото измама во осигурувањето може да биде
извршување, поттикнување, помагање и организирање на криминални групи, односно
злосторски здруженија.177
Активноста на делото измама во осигурувањето воглавно се врши со правење,
најчесто по пат на намерно предизвикување на осигурениот случај. Како што е веќе
наведено, осигурениот случај по својата природа е алеаторен, неизвесен, независен од
волјата на осигуреникот.178 Затоа што ако нема неизвесност (те алеаторност) при некоја
планска, измамничка активност тогаш се работи за измама во осигурувањето, затоа
што намерното предизвикување на осигурениот случај ја обесмислува дејноста на
осигурувањето, поништувајќи ја неговата намена и суштина.
Исто така, возможна е и активност на делото измама во осигурувањето по пат
на злоупотреба на осигурувањето за обложување и коцка, затоа што е предуслов на
дејноста осигурување – алеаторност, неизвесност остварување на ризик покриен со
осигурување, адекватно место за игрите на среќа. Во случај на употреба на
осигурувањето за обложување и коцка, тоа на специфичен начин ги губи својата
основна смисла и цел– заштита од ризик и се претвара во шпекулација, односно коцка.
Значи, активноста на делото измама во осигурувањето не може да се изврши со
искажување на доверба или надеж, туку се работи за искривено, лажно прикажување
на фактите кое ја наведува оштетената страна да направи или да пропушти да направи
нешто на штета на својот имот. Прикажувањето на фактите од претходниот став
задолжително мора да биде лажно, значи спротивно од реалноста. При тоа неважно е
дали се работи за воопшто возможен факт, единствено е важно да се работи за лажна
претстава, те. измама.
Преземањето на наведените активности при извршувањето на измами во
осигурувањето подразбира свесно и планско оштетување, уништување или губење
(криење) на осигурените предмети, поради противправно земање на осигурената сума.
При тоа, активноста измама во осигурувањето е свршена со преземање на мерки
и активности179 со цел предизвикување на осигурениопт случај, а не е неопходно и да
настапи планираната последица. 180

176
При тоа, чинењето е свесно и волно превземање на телесно движење, а нечинењето е свесно и волно
пропуштање на телесно движење.
177
Член 112, ст. 11 и ст. 35, КЗ РС („Сл. гласник на РС“ бр. 85/05, - испр. бр. 107/05, бр. 72/09 и 111/09).
178
Повеќе за тоа: во одделот за алеаторност на договорот за осигурување.
179
На пример, измамата во осигурувањето е извршена (во обид) и кога сторителот запалил свеќе со цел
одложено предизвикување на пожар на осигурениот предмет од пожар, а свеќата случајно ја гаси на пр.
57
На пример, активноста на овој дел извршена е ако при склучувањето на
договорот за животно осигурување се дадат податоци за здравствената состојба на
осигуреникот, а се премолчи фактот дека од неодамна тој работи на високоризично по
здравјето работно место. Исто така, на пр. во случај на намерно потопување на
осигуран брод, за постоење на измама во осигурувањето доволно е само потопување
поради добивање на сума од осигурувањето те. не е неопходно извршителот и да го
остварил правото на обештетување по основ на осигурување на бродот и товарот.
Значи, за постоење на ова дело неопходно е превземање на активност, а
евентуалната наплата на обештетувањето по основ на намерно предизвикан штетен
настан претставува само отежнувачка, квалификаторна околност при одмерување на
казните, односно кривичните санкции.
По правило, пресметливоста при извршувањето на измамите во осигурувањето
не е спорна, те. при процесуирање на извршителот на ова дело постои претпоставка за
пресметливост. Од наведеното следи дека неволните активности и активностите под
принуда се исклучени кога се работи за измама во осигурувањето.
4.4.2. Предвиденост на измамите во осигурувањето и во законот. Општиот
елемент на предвиденост во законот за измами во осигурувањето подразбира активност
на делото, дури и кога ги содржи останатите елементи, не е кривично дело, ако тоа не е
предивдено со законот. Затоа што, со примена на начелото легалитет или законитост –
nullum crimen, nulla poena sine lege181 - нема ни кривично дело (ни санкции), ако делото
пред извршувањето не е пропишано со закон како кривично дело.
„Историски гледано, воведувањето на овој принцип во кривичното право
претставува „еволутивна револуција“ во правото во кое волунтаризмот суверен бил
само релативно ограничен со обврска за формирање на регистер со описи на
противправните дела. Со примена на ова начело се воспоставува правната сигурност,
затоа што сите идни чинители запознаени се со содржината нормата и изгледите да
бидат различно казнети во зависност од степенот на општествената опасност и од
другите карактеристики на делото.“182
При тоа, „поедини автори елементот на предвиденост во законот го сметаат
како противправност во потесна смисла, затоа што е предуслов некое однесување да
биде противправно во кривичноправна смисла, потребно е неговиот опис да постоел
како дел од кривичноправната норма во моментот кога е направено.“183

промаја. При тоа неопходно е да се утврди мотивацијата, односно дали се работи за класично дело
подметнување на пожар или за подметнување на пожар со цел стекнување на осигурителната сума.
180
По пат на лажно прикажување или прикривање на факти, со стекнување и давање на лажни мислења
и извештаи, давање на лажна проценка, поднесување на невистинита документација или на друг начин
доведување во заблуда, со цел стекнување на осигурителната сума.
181
Лат.- нема кривично дело ни казна, ако (претходно) не е пропишано со закон.
182
Сибиновиќ Ѓ., Противправност – одлика на кривичниот и граѓанскиот вид на неправа, Правен
факултет при Универзитетот Унион, Белград, 2006 година, стр. 61.
183
Сибиновиќ Ѓ., исто, стр. 62.
58
Примената на начелото легалитет подразбира одреденост на кривично правните
184
норми и ја исклучува можноста за ретроактивна примена на кривичноправните
185
норми.
Со примената на начелото законитост елиминирана е можноста за примена на
непишано, обичајно право,186 и оневозможена е примена на аналогија како извор на
кривичното право.187
Бидејќи со членот 208а од Кривичниот законик188 измамата во осигурувањето е
предвидена како посебно кривично дело, оваа инкриминација претставува законска,
нормативна основа за примена на кривични санкции спрема чинителите на ова дело.
4.4.3. Противправност и измама во осигурувањето. „Противправноста
изразува секогаш и само релација помеѓу човековото однесување и важечките норми
кои го уредуваат или третираат“189 и затоа противправноста ја дефинираме како
„спротивност на извесен правен пропис, норми, во форма на напад на извесно правно
добро (како на живот и имот кај кривичното неправо), а материјално како спротивност
на правната норма во форма на напад на извесна индивидуална или колективна
потреба за постоење во државата.“190
Врз основа на наведеното, во случај на измама во осигурувањето
„противправност постои ако е делото спротивно на нормата која забранува извесно
однесување (тнр. прохибитивна норма) или која наредува одредено однесување (тнр.
императивна или прецептивна норма).

184
Начело: nulla poena sine lege certa.
185
Сем во случај на ретроактивна примена на поблаг закон (начело nulla poena sine lege praevia).
186
Начело: nulla poena sine lege scripta.
187
Начело: nulla poena sine lege stricta.
188
Члeн 208а oд Кривичниот законик на Република Србија („Сл. гласник на РС“ бр. 85/05, - испр. бр.
107/05, бр. 72/09 и 111/09): (1)„Кој планирајќи себе си или на друг да му набави противравна имотна
корист и со лажно прикажување или прикривање на фактите, со давање на лажни мислења и извештаи,
со давање на лажни проценки, со поднесување на невиситнита документација или на некој друг начин го
доведува во заблуда или го одржува во заблуда, а во врска со осигурувањето и со тоа го наведува на
штета на свој или туѓ имот нешто да направи или не направи, ќе се казни со затвор од 6 месеци до 5
години и со парична казна. (2) Како делото од став 1.од овој член, сторителот кој ќе му наштети на друг
ќе се казни со затвор од 6 месеци и со парична казна. (3) Ако со делото од ст. 1 и 2 од овој член е
добиена имотна корист или е нанесена штета во износ кој поминува четиристотини и педесет илјади
динари, сторителот ќе се казни со затвор од 1 до 8 години и со парична казна. (4) Ако со делото од ст. 1
и 2 од овој член е добиена имотна корист или е нанесена штета во износ кој поминува милион и
петстотини илјади динари, сторителот ќе се казни со затвор две до десет години и со парична казна.“
189
Сибиновиќ Ѓ., Противправност – одлика на кривичниот и граѓанскиот вид на неправа, Правен
факултет при Универзитетот Унион, Белград, 2006. година, стр. 60.
190
Живановиќ Т., Систем на синтетичка правна филозофија, Синтетичка филозофија на правото I, „Сл.
лист на СРЈ“, Белград, 1997 година, стр. 402.
59
Противправноста во случај на измама во осигурувањето, во најширока смисла е
спротивност на секоја норма, законски, подзаконски акт или договор кој се однесува на
обврските на осигурителот и осигуреникот. Во потесна смисла, противправноста е
спротивност на инкриминација на делото измама во осигурувањето. Значи,
противправноста во врска со измамта во осигурувањето подразбира загрозување на
нечиј имот (осигурани предмети или права по основ на осигурување) по пат на измама,
правење или неправење, те со противење на позитивните норми со кои ваквото
однесување е забрането. Поимот противправност, спрема тоа, не треба да се врзува за
нормите надвор од оние кои се правно регулирани,“191 а секое кривично дело, па така и
измамата во осигурувањето, е противправна и затоа нема потреба овој општ елемент од
кривичното дело посебно да се внесува во описите на поедини делови, сем во
исклучителни случаи.192
Значи, во случај на измама во осигурувањето, поимот противправност
подразбира специфична спротивност на нормите кои се содржат во членот 208 од КЗ
РС, а во конкретниот случај се работи за примена на прохибитивната193 норма.
При тоа, основи за исклучување на противправноста на делата се: дело со мало
значење, нужна одбрана, крајна нужда, како и останатите основи за исклучување на
противправност (вршење на службената должност, наредба од претпоставениот и
согласност од повредениот). Единствено институтот нужна одбрана, во случај на
измама во осигурувањето, поради својата правна природа, не егзистира како основа за
исклучување на противправноста на ова дело.194
4.4.4. Вина во случајот измама во осигурувањето. Вината е општ елемент на
кривичното дело измама во осигурувањето која подразбира дека, покрај извршените
активности на делото, постоеле и одредени психички својства на извршителот, односно
одреден психички однос кон стореното дело.
При тоа, начелото за индивидуална субјективна одговорност во случај на
измама во осигурувањето се состои од два принципа. Прво, ќе одговара само оној кој е
виновен, те. ако постои субјективен однос спрема стореното дело измама во
осигурувањето (субјективна одговорност) и, второ, секој одговара само за своите
постапки, односно измамнички активности (индивидуална одговорност).

191
Срзентиќ Н., Стајиќ А., Лазаревиќ Љ., Кривично право – општ део, осмо издание, Современа
администрација, Белград, 1978 година, стр. 152.
192
Исклучително, овој елемент внесен е во поедини кривични дела со цел разликување на однесувањата
кои се забранети, затоа што содржат елемент на противправност (на пр. противправно лишување од
слобода, противзаконско претресување, неовластено прислушкување и слично), од оние кои се,
исклучително, противправни, а дозволени (на пр. кога службеното лице во рамките на вршењето на
службената должност некого ќе лиши од слобода, ќе изврши претрес на стан и слично).
193
Лат. prohibitio = недозволено, со закон забрането.
194
Затоа што, исклучително, кривичното дело нема да постои иако е противправно, доколку постои
некој од основите за исклучување на противправноста на делата.
60
Затоа што, претходно утврдената вина, врз основа на начелото на
индивидуалната субјективна одговорност,195 е услов за примена на кривични санкции
спрема сторителот, те. „нема казна без вина,“196 а вината, помеѓу другото, „зависи од
правилата кои се поставени за утврдување на непресметливост и вината.“197
Умислата како форма на виновност е втората основна претпоставка за постоење
на вина во случај на вршење на ова дело, затоа што „без виновност нема кривична
одговорност ни казнетост.“198 При тоа, основното кривичноправно начело in dubio pro
reo значи дека во сомнеж е подобро по обвинетиот, како и дека без доказ за вината
треба да се ослободи.199
Виновникот и неговото дело се сфаќаат во нивно единство, затоа што без
извршителот на измамата во осигурувањето со сите свои карактеристики, те.
субјективни својства, ова кривично дело не постои, а во случај на измами во
осигурувањето постои претпоставка на пресметливост што значи дека во општата
популација е релативно ретка појавата на тешки психолошки пореметувања, душевни
болести или ментални неспособности, па така пресметливост во случај на измами во
осигурувањето посебно се утврдува само во оние кривични постапки каде постои
основан сомнеж дека сторителот бил непресметлив и тоа врз основа на специфични
индикации.200
Значи, психичкиот однос на сторителот спрема измамата во осигурувањето
подразбира постоење на „свест (претстава) кај сторителот на делото за превземената
активност на извршување (правење или неправење), предизвиканата последица (како
промена или состојба во надворешниот свет) и причинителскиот однос помеѓу нив,
како и постоење на волја, желба или пак само согласување во однос на произведената
последица.“201

195
Начелото на индивидуалната субјективна одговорност се нарекува и начело на вина.
196
Лат. = nulla poena sine culpa, те. “казните и мерките за предупредување може да му се изречат само
на сторител кој е виновен за стореното дело.“ (член 2 од Кривичниот законик на РС)
197
Правна енциклопедија, Современа администрација, Белград, 1979 година, стр. 594.
198
Правна енциклопедија, стр. 594.
199
Исто така, начелото in dubilis reus absolvendus est – во недокажаните случаи обвинетиот треба да се
ослободи. Инаку, ова начело содржи претпоставка на невиност се додека вината не се докаже по судски
пат. Исклучително се применува начелото in dubio contra reum во сомнеж на лошо (полошо) по
обвинетиот, те. теретот на докажување на вината паѓа на обвинетито (и тоа исклучително во случај на
кривично дело клевета).
200
На пр. во случај на невообичаено однесување воочи и за време на извршувањето на измамата во
осигурувањето (се должи на тнр. Ларвирани форми на психотски пореметувања кај кои е сочувана
фасадата на личноста) со вештачење се утврдува дали извршителот во време на делото бил пресметлив.
201
Јовашевиќ Д., Лексикон на кривичното право, „Сл. лист на СФРЈ“, Белград, 2002 година, стр. 49.
61
4.5. Посебни елементи – тело на кривичното дело измама во осигурувањето.
Посебните елементи202 на измамите во осигурувањето се одликите, посебните обележја
на овој деликт кој претставуваат тело (множество од посебни елементи) на кривичното
дело измами во осигурувањето.
Овие специфични елементи на делото измами во осигурувањето се
конкретизација на активностите и последици на овој деликт. Телото на ова кривично
дело е секоја поединечна извршена активност, која е условена од објектот на делото,
односно начинот и средството на извршување.
Значи умислата203 во случај на измама во осигурувањето е исклучителен облик
на виност, додека нехат204 како форма на виновност постои само како претходен вид на
виност (на пр. во случај на измама во сообраќајното осигурување). При тоа, за разлика
од вината како општ елемент на делото измама во осигурувањето, кривичната
одговорност првенствено е „поим на кривично процесно право.“205
Постои широко и тесно сфаќање на телото на кривчното дело. Според широкото
сфаќање телото на кривчното дело се состои од наведените четири општи елементи на
кривичното дело од претходниот оддел. Според тесното сфаќање, „под тело на
кривчното дело подразбираме склоп од посебни елементи на едно кривично дело.
Спрема тоа, под тело подразбираме само тнр. тело на едно кривично дело, а не на сите
кривични дела. Затоа што единствено во наведената смисла сфатеното тело може,
покрај општиот поим на кривичното дело, да има свое оправдување како посебен
термин во кривичното право, затоа што тој во таа смисла сфатен, означува во целост
посебни елементи на едно кривично дело.“ 206

202
Срзентиќ и др., цит. дело, стр. 155. – пошироко за тоа: Живановиќ Т., Основи на кривичното право –
општ дел, I книга, Правен факултет, Белград, 1935 година, стр. 100 – 105.
203
Умисла (лат. = dolus) е форма на виновност која подразбира свест и волја на сторителот за
настапување на последиците од делото. При тоа, свеста, како интелектуален елемент на намера
подразбира и постоење на претстави кај сторителите на кривичното дело за актите на извршувањето,
предизвиканата последица, причинителскиот однос помеѓу актите и последиците и за стварните
околности под кои е извршено делото. Присуството на волја, подразбира тежнеење на извршителот да го
направи делото, а исто така значи и прифаќање на последицата од делото. Основната поделба на
умислата е на директни и евентуални. Директната умисла постои во оние случаи кога извршителот: бил
свесен за сигурното настапување на последиците и го сакал извршувањето на делото; бил свесен за
настапувањето на последиците и се согласил на истите и бил свесен за возможното настапување на
последиците, а сакал извршување на делото. Евентуалната умисла постои кога извршителот бил свесен
за можноста за настапување на последиците, и се согласил на нивното настапување. При тоа, во
позитивното кривично право не постои претпоставка виновност те. умисла. Умисла е инаку, основна
претпоставка за процесуирање и казнивост во случај на измама во осигурувањето.
204
Нехат (лат. = culpa) е форма на виновност која подразбира отсуство на свеста и волјата за
извршување на делото, лесен став дека последиците нема да настапат. Тоа се дела со помала
општествена опасност, но со можност за големи штетни последици. На пример, готово сите дела од
областа на безбедност на јавниот сообраќај се вршат од нехат, со тешки последици како што е смрт,
инвалидитет, голема материјална штета, итн.
205
Стојановиќ З., Кривично право – општ дел, седумнаесето издание, Правен факултет, Белград, 2010
година, стр 139.
206
Срзентиќ и др., исто, стр. 155.
62
4.5.1. Заблуда - елемент на измама во осигурувањето.207 Заблуда е
„непостоење или постоење на погрешни претстави за некоја околност. Кај постоењето
на заблуда одреденото лице воопшто нема свест или претстава за одредените
околности или има погрешна, нецелосна и неправилна претстава.
Значи, под заблуда подразбираме погрешна, неточна претстава за поедини
предмети и појави во објективната стварност, а предуслов за постоење на заблуди во
случај на измама во осигурувањето е измама пред превземањето на актот на делото врз
основа на измама од страна на извршителот.
Имајќи ја во предвид наведената временска димензија на настанок, за заблудата
како средство на измама во осигурувањето можеме да говориме од два аспекта. Прво,
како измама на која се заснова заблудата и, второ, како измама со која се поддржува
постоечката заблуда. При тоа, одржувањето во заблуда подразбира некое лице веќе да
се наоѓа во заблуда, а извршителот на измама ова лице по пат на планско, лажно,
изопачено прикажување на фактите го одржува и понатаму во заблуда.
„Значи доволно е средството за измама не само предизвикување на заблуда, те.
засновање на заблуда (scil. која се уште не постои), туку и поддржување на заблуда, а
тоа е активност насочена кон одржувањето на постоечката заблуда. Но за измама со
поддржување на заблуда не е доволно простото искористување на заблудата која веќе
постои, туку е потребно, или да се спречува нејзиното престанување, те. сознанието за
вистинската состојба на нештата или таа да се зајакне со лажно претставување,
прикривање или изопачување на фактите.“208 Значи, активноста извршување на измами
во осигурувањето се врши со доведување во заблуда на некој кој веќе се наоѓа во
заблуда. При тоа, заблудата како посебен елемент на измама во осигурувањето содржи
една карактеристика која ја прави специфична во однос на сите други видови на
заблуди.

207
Пошироко за тоа: Живановиќ Т., Основи на кривичното право, Посебен дел, I книга, св. 2, второ
издание, Правен факултет, Белград, 1939 година, стр. 126 – 132.
208
Живановиќ Т., Основи на кривичното право, Посебен дел, I книга, св. 2, второ издане, Правен
факултет, Белград, 1939 година, стр. 128.
63
Имено, врската помеѓу две активности на дело како општ елемент209 и заблуди
како специфичен елемент на измами во осигурувањето е тоа што извршителот неволно,
индиректно го превзема актот на делото. Затоа што, поради измамничките дејства на
извршителите, односно доведувањето во заблуда, спротивно на своите имотни
интереси, оштетениот сам ја превзема активноста на извршување,210 те. пасивниот
субјект на измама задолжително, во заблуда, сам презема конкретна активност, мерки,
активности и постапки, односно пропуштање на преземање активности и постапки, со
кои несвесно си нанесува штета на својот имот.211 Оваа специфична активност на
извршувањето (на штета на сопствениот имот) од страна на пасивниот субјект е
conditio sine equa non212 постоење на измами во осигурувањето.
Лажното прикажување на фактите при вршење на измами во осигурувањето
подразбира доведување во заблуда со прикажување на нешта и појави кои не постојат
во стварноста или се прикажуваат во така изменета форма да не и одговараат на
стварноста, а имаат за последица наведување на измамениот на погрешни заклучоци и
постапувања на штета на осигураниот имот.
Неретко се работи, всушност, за планско изнесување и пласирање на
извитоперени факти на пасивниот субјект – жртвата на измамата, а се со цел
присвојување на осигурителната сума. При тоа, прикривањето на важните факти при
вршењето на измамата во осигурувањето подразбира доведување во заблуда со
кратење на податоците кои се важни за неговото правилно склучување во врска со
околностите на создавањето на осигурениот случај, те. без преземање на оваа
активност (само) извршувањето од страна на пасивниот субјект, измамата во
осигурувањето не е возможна.
4.5.2. Специфичностите на заблудата кај измамите во осигурувањето се
огледуваат во фактот дека извршителите, посебно кога се работи за вршење на дело од
страна на организирана криминална група, во повеќето случаи, со цел доведување во
заблуда на измамениот, се употребуваат инаку оригинални обрасци, примероци од
записници, сметки за поправка на возила, изјави од сведоци, уредно заведени и
заверени медицински наоди, разни прилози (на пр. фотографии од лице место и
слично).

209
При вршење на сите други дела, извршителот на активностите на делото воедно предизвикува и
општествено штетна (опасна) последица. Меѓутоа, во случај на измами во осигурувањето извршителот,
со доведување во заблуда го наведува измамениот на извршување на активности, спротивно на неговите,
најчесто имотни интереси.
210
За разлика од другите дела против имотот (кражби, грабежи, проневери итн.) каде што извршителот
презема конкретни активности со цел извршување на делото.
211
На пример, да позајми пари кои нема да ги врати, да предаде на чување некој вреден предмет кој
нема да биде сочуван, да купи некој безвреден предмет за значителна сума на пари, итн.
212
„Услов без кој не се може“ (лат.).
64
Исто така, тие приложуваат, навидум, стручни (релевантни) наоди од овластени
судски вешти лица (чија веродостојност со вообичаените постапки за проверка на
документација многу тешко се доведува во прашање), а сето тоа го прави посебно
тешко откривањето на ова дело.
Значи, сторителите на измама во осигурувањето на стручен и плански начин, со
директна умисла, го поништуваат основното начело на осигурувањето – алеаторност
на осигурениот случај, односно штетниот настан, затоа што тие со своите измамнички
активности намерно предизвикуваат создавање на осигурениот случај, а се со цел
стекнување на противправна имотна корист по основ на осигурување.

4.6. Дополнителни елементи на делото измами во осигурувањето. Врз


основа на дополнителните елементи од кривичното дело измами во осигурувањето се
одредува присуството на поедини отежнувачки (квалификаторни) или олеснителни
(привилегирани) околности на ова кривично дело. Дополнителните елементи на
телото на кривичното дело измами во осигурувањето се две квалификаторни
околности, а двете се однесуваат на висината на причинетата штета, што може да
претставува основа за построго казнување на сторителот на измамата во
осигурувањето.
Спротивно, ако се утврди дека постојат олеснителни околности те. полесна
форма на кривичното дело, тогаш станува збор за привилегирани или поблаги
околности на овој деликт. Во случај на измами во осигурувањето единствена
специфична, привилегирачка околност, односно повластен случај, се создава ако,
исклучително, сторителот го превземе извршувањето, но ако изостане целта на
собирање на противправна имотна корист.213

4.7. Коегзистенција на измами во осигурувањето со другите кривични дела.


„Коегзистенцијата на кривичните дела постои тогаш кога еден сторител со една
активност (идеална коегзистенција) или со повеќе активности (реална коегзистенција)
ќе стори повеќе кривични дела за кои му се суди истовремено,“214 што значи дека
идеална коегзистенција постои кога извршителот со една активност врши измама во
осигурувањето на едно или повеќе други кривични дела, а реална коегзистенција е кога
извршителот со повеќе измамнички активности, истовремено или сукцесивно
остварени, врши повеќе кривични дела.215

213
На пр. кривичното дело обљуба посебно е квалификувано во случај на обљуба над малолетно или
немоќно лице. Спротивно на тоа, постојат дела за кои со закон е пропишано поблаго казнување, на пр.
кај некои дела против безбедноста на сообраќајот извршителот може поблаго да се казни (или да се
ослободи од одговорност), ако и самиот претрпел тешки последици.
214
Стојановиќ З., Кривично право, Општ дел, седумнаесето издание, Правен факултет, Белград, 2010
година стр. 219.
215
Постои и поделба на коегзистенција на хомогена и хетерогена коегзистенција. Хомогената
коегзистенција е кога еден извршител ќе изврши повеќе исти кривични дела со една активност (идеална
65
Значи, коегзистенција подразбира вршење на измами во осигурувањето под
такви околности да доаѓа до истовремено извршување и на повеќе други кривични
дела. Инаку, постоењето на коегзистенција на измама во осигурувањето со другите
дела, уште во првите модерни инкриминации, зависело од предизвиканите, односно
возможните последици, на пр. од предизвикување на општа опасност. Па така на пр.
уште во Казнителниот законик од 1861 година постооела коегзистенција на измами во
осигурувањето со делата палење или потопување на брод.216
При тоа, „секако дека реалната коегзистенција е општествено поопасна форма и
начин на извршување на кривичното дело, затоа што повеќе пати од страна на
сторителот на делото се донесува поединечна одлука и се пристапува повторно поради
извршување, со што се искажува појак степен на криминална злосторска волја и
насоченост на сторителот кон вршење на кривични дела.“217 По правило постои
коегзистенција со други дела при извршувањето на измами во осигурувањето, а само
исклучително, во поедини видови на измами во осигурувањето, коегзистенција со
другите кривични дела не е возможна.218
На пример, извршителот на оваа измама со цел неосновано набавување на износ
на осигурана сума, извршува кривично дело палење, те. подметнување на пожар во
осигурен објект. Со ова дело истовремено доаѓа и до вршење на кривичното дело
предизвикување на општа опасност, а може да се изврши и дело на оштетување на туѓи
работи, недавање на помош, итн.
При тоа, ако некој за време на (подметнатиот) пожар е повреден или го изгубил
животот, тогаш ќе се работи за идеална коегзистенција со делото тешки или лесни
телесни повреди, или дури и убиства.219

хомогена коегзистенција) или со повеќе извршени активности (реална хомогена коегзистенција). За


хетерогена коегзистенција се работи кога еден извршител со една извршена активност прави повеќе
различни кривични дела (идеална хетерогена коегзистенција) или кога извшителот со повеќе извршени
активности прави повеќе различни кривични дела.
216
Но само во случаите кога не дошло до предизвикување на општа опасност- на пр. намерно
потопување на брод кој е усидрен, без посада и патници. - Цениќ Ѓ., Објаснение на Казнителниот
законик, Државна печатница, Белград, 1866 година, стр. 721 – 722.
217
Јовашевиќ Д., цит. дело, стр. 679.
218
Кај измамите во осигурувањето со поголема вредност на пример, честа е коегзистенција со делото
предизвикување на општа опасност и со други дела, а кај помалите вредности (на пр. од областа на
задолжителното осигурување на моторни возила) извршителот самостојно врши измама те.
коегзистенција со други дела не постои.
219
Коегзистенцијата со кривичното дело убиство се јавува само спорадично, но возможно е на пример,
во случај на извршителот на измамата во осигурувањето пред подметнувањето на пожарот да му било
познато пред подметнувањето на пожарот дека во осигурениот објект има лица кои нема да можат на
време да излезат од зградата (на пример, постари лица, тешко болни или ноќни чувари од горните
катови).
66
Исто така, примарниот мотив подметнување на оган во осигурителен објект
може да биде и прикривање на друго дело, на пр. проневера, кражба, грабеж и слични
(претходно извршени) дела против имотот, а незаконското наплатување на
осигурителната сума да биде секундарен мотив. Во ваквите случаи исто така се работи
за реална коегзистенција.220
Инаку, измамата во осигурувањето најчесто се врши во коегзистенција со
делата примање и давање на мито, злоупотреба на службената положба, делата против
службената должност, фалсификувањето на службените исправи, предизвикување на
општа опасност, оштетување на туѓи работи, затајување на данок, кражби, царински
престапи, разни дела од областа на стоковниот промет и посебно корупцијата.
По улогата која што ја врши, сторителот на измамата во осигурувањето „во
извршувањето на повеќе кривични дела може да се појави во својство на извршител,
коизвршител или соучесник (помагач, поттикнувач или организатор на злосторничко
здружување.“221

220
Чест е случајот на извршување на проневери, а потоа и подметнување на пожар во осигурениот
објект како начин на остварување на премијата на осигурувањето, но и прикривање на делото. И во овој
случај се работи за реална коегзистенција на наведените дела.
221
Јовашевиќ Д., исто.
67
II – Измама во осигурувањето - поим, развојни аспекти и видови

1. Поим на измами во осигурувањето

Измамата во осигурувањето подразбира волево, свесно и планско преземање на


актите од страна на осигурениците или осигурителите, со правење или неправење, со
цел стекнување на противправна имотна корист, на штета на имотните и други
интереси на другата страна по основ на осигурувањето.222 Измамата во осигурувањето
спаѓа во имотни кривични дела, а стекнувањето на противправна имотна корист се
врши по пат на планско прикривање или лажно претставување на важните факти,
доведување во заблуда на другата страна најчесто по пат на елиминирање на
алеаторноста, те. намерно предизвикување на осигурениот случај, односно штетниот
настан.
Специфичната форма на криминогеното однесување на сторителот на измамата
во осигурувањето, со цел неосновано присвојување на премија, односно
осигурителната сума, како што е веќе наведено, се манифестира низ две меѓусебно
поврзани фази. Прво, во текот на подготвителната фаза – по пат на завземање на
ставови (планирање) и, второ, со реализација на измамата во осигурувањето како
специфично кривично дело. При тоа, втората фаза од вршењето на измами во
осигурувањето се манифестира преку преземање на конкретни активности, мерки и
постапки со цел противправно стекнување на имотна корист по основ на
осигурување223 и тоа под влијание на развојни (егзогени) елементи – усвоени норми на
социјалната средина, како и ситуациони моменти, причини, услови и поводи за вршење
на ова дело.
Значи, начин и средство за извршување на измама во осигурувањето е
создавањето на заблуда кај оштетената страна за стварните околности на создавање на
осигурениот случај, со цел стекнување на имотна корист по основ на осигурување, а
последица од измамата во осигурувањето е намалување, оштетување или уништување
на имотот, односно загрозување на било каков материјален интерес на другата
договорна страна, осигурителот или осигуреникот.

222
Исто така, измамата во осигурувањето можеме да ја дефинираме „како секоја несовесна активност
насочена на неосновано извлекување на корист (добивка) од осигурителната дејност.“ - Матијевиќ Б.,
Измами во осигурувањето на моторните возила, Надомест на штета, безбедност во сообраќајот и
задолжително осигурување, 12. Меѓународен научен собир, Интермекс, Златибор - Белград, 2009 година,
стр. 204.
223
Под противправна имовинска корист се подразбира секоја корист, односно имотно право кое не е
предвидено со закон или со договорот за осигурување.

68
Почнувајќи од XIX век, измамите во осигурувањето, и покрај континуираниот
развој на правната регулатива, добиваат нови форми и се поголеми размери. Затоа
измамата во осигурувањето (осигуреничка, обезбедувачката измама) кон средината на
XIX век го добива своето место како посебно кривично дело во законодавствата на
повеќето земји.
При тоа, измамата како карактеристичен, специфичен елемент на делата измами
во осигурувањето, различно се одредува во закониците на многуте земји. На пример,
додека измамата во Норвешка и Полска е доведување во заблуда или искористување на
заблудата, во Данска измамата се смета предизвикување, зголемување или
искористување на заблудата. Некои законодавства (на пр. германското) пропишуваат и
на кој начин заблудата станува тело на измамата: тоа е предизвикување и поддржување
на заблудата со претставување на лажни или со преиначување или прикривање на
вистинските факти (со итрина или заблуда), итн.
Исто така, во поедини европски законодавни системи (германскиот, данскиот,
полскиот, швајцарскиот и др.) привилегирани се сметаат нужните измами со создавање
на незначителна штета, потоа, измами на штета на сродници и блиски лица и сл.
спротивно на наведеното, квалификувани форми на измама во осигурувањето се кога
таа се врши во вид на занает, а исто така поимот особено тешки измами различно се
одредува во поедини земји. На пример, како особено тежок случај на измама во
Германија и Данска се смета измамата во двоен или повеќекратен наврат, а во Италија
тежок случај на измама е – предизвикување на страв од лажна опасност или лажно
уверување дека се постапува по налог на државната власт.
По правило, измамата во осигурувањето се врши, како што е веќе наведено,
свесно и волево, со предумисла. Исклучок од ова правило единствено постои во
англискиот правен систем со кој се пропишува дека измамата може да се изврши и од
невнимание, ако при склопувањето на договорот за осигурување од невнимание не се
води сметка за тоа дали дадената изјава е точна.
Имајќи го во предвид наведеното, ќе извршиме еклспликативна и компаративно
– историска анализа на појавните форми на поедини, најчести видови на измама во
имотното осигурување, а потоа ќе ги обработиме и измамите во врска со
осигурувањето на лица.

2. Развојни аспекти на измамите во осигурувањето

Како што е наведено, осигурувањето во модерната смисла на зборот се создава


во XIX век, па затоа во овој период, последично, настануваат и измамите во
осигурувањето како специфичен, нов кривичноправен деликт. Исто така, во рамките на
тнр. традиционални видови на осигурување (заклучно со XIX век) измамите најчесто
се вршеле во имотното, те. транспортното (посебно поморското) осигурување и
осигурувањето од пожари, како и во животното осигурување.

69
Тоа, нормално, не значи дека овие традиционални форми на осигурување,
односно измами во осигурувањето во меѓувреме не добиле нови, посовремени форми,
во согласност со актуелниот момент на општествениот развој и степенот на развој на
осигурителната дејност.224
На пример, првиот забележан случај со индиции за измами во осигурувањето се
случил во Белград кон крајот на триесетите години од XIX век, те. 1839 година. Таа
година некој Зубан во Белград ја осигурал својата куќа. Меѓутоа, веднаш по неколку
дена (подв.С.Р.) куќата гори и агентот од Тршќанското осигурително друштво, кое се
наоѓало во Земун, кај што било извршено осигурувањето, ја исплатил веднаш
осигурителната сума од 175 талири.“225
Во согласност со наведеното, развојните фази на делото измами во
осигурувањето, условно, можеме да ги поделиме на прва, традиционална (иницијална)
и втора (современа) фаза.
2.1. Традиционална фаза на измами во осигурувањето. Веќе наведовме дека
во првата половина од XIX век кривичното дело измама во осигурувањето воглавном
било опфатено со делото измама. При тоа, основниот поим- измама бил дефиниран
индиректно, со одредување на поимот извршител („измамник“) со готово сите општи и
посебни елементи на делата кои се применуваат во современите законодавно – правни
системи.
Во оваа, почетна фаза „како измамник се смета оној, кој од друг од
користољубиви намери, злонамерно и лажно прикажување или изопачување и
прикривање на вистината, со повреда на посебните правни должности, наведе дека што
на штета на својот имот направил или ненаправил. Исто така измамник е и оној кој
измамата во која некој се наоѓа ја поддржува од користољубиви намери и ова на штета
на употреба на имотот на измамениот.“226
Во Казнителниот законик од 1860 година измамата во осигурувањето
инкорпорирана е во општото дело измама, со следниве елементи: умисла,227 средство
на извршување,228 цел229 и начин на извршување.230 При тоа, последица од измамата е
уништување, односно намалување на туѓиот имот.

224
Сепак, без разлика што поедини специфични традиционални измами, на пр. во поморското
осигурување и понатаму имаат предност по поединечни штети, по вкупната штета денес сепак се на
прво место тнр. масовни видови на осигурување.
225
Новине Сербске, од 18 јануари 1839, година (по јулијанскиот календар).
226
§. 251. Криминален (казнителен) законик за кнежевството Србија - Гл. XXV, дел „За измамата“.
227
Во изворниот законски текст: „зла намера,“ еј. на друг да му се нанесе каква штета со цел стекнување
на противправна корист или, во посебни случаи, без непосредна корист за сторителот.
228
Средство со чија помош сторителот врши измама „лажно прикажување“ (измама).
229
Те. стекнување на противправна имотна корист по основ на осигураниот имот (сем, во малиот број на
случаи, без непосредна корист за сторителот).
230
Измама, односно доведување во заблуда на другиот.
70
При тоа, од самиот почеток на инкриминирање, на ова кривично дело применет
е висок степен на кривичноправна заштита на измамениот, односно на неговиот имот,
сврстувајќи го ова дело помеѓу злосторствата и престапите.231
Исто така, тежината на делото се гледа и по тоа што измамата може да се
изврши само со умисла,232 а исто така и по видот и висината на пропишаните
санкции.233
Значи, од почетокот на модерното инкриминирање, измамата во осигурувањето
е тешко дело против имотот и таа се сфаќа индивидуално, како активност на поединец.
При тоа, не е неопходно сторителот на измамата да изврши конкретна активност, туку
е доволно со премолчување на фактите и околностите да го оштети туѓиот имот.234
Делото измама се смета за свршено со самото оштетување на нечив имот, но и
кога не е остварена планираната противправна корист. При тоа ова дело е казниво и во
обид.
Значи, во Криминалниот (казнителен) законик за Кнежевството Србија од 1860.
година првобитно не е инкриминирано посебно кривично дело измами во
осигурувањето, туку истото е опфатено со општиот поим измами.235

231
Цит. Законик, §. 1. став 1: „Сите кривични дела или се злосторства или престапи или истапување (те.
сите кривични дела или се злосторства или престапи или истапување). Став 2. од истиот §:
„Злочинството (злосторството) е она дело за кое законите носат (пропишуваат) смрт или робија или
затвор,“ со тоа што робија „не може да се пресуди повеќе од 20 години, ни помалку од две години
(пошироко за тоа: §. 14. ст. 1.- 3.), додека за преступленије (престап) се пропишува затвор подолг од
еден месец, или лишување на титулата, или парична казна повеќе од триесет талири, или ќотек повеќе од
30 удари (ст. 3. од истиот§.).“
232
Те. со присуство на волја за вршење на измама („зли намери“).
233
„измамата ќе се казни со затвор од 5 години, или парично од пеесет до петсто талири, а воедно и со
губење на граѓанската чест.“ - §. 252. ст. 1. од истиот Закон.
234
На пример, часовничарот помислил дека часовникот е во сопственост на погрешна муштерија и му го
предава истиот, убеден дека се работи за вистинскиот сопственик. Во овој случај извршителот на
измамата е муштеријата која го оштетила сопственикот, иако делото практично е извршено во дуќанот
(во заблуда) на мајсторот, те. тоа е извршено со премолчување дека тој (сторителот) не е вистинскиот
сопственик. – Пошироко за тоа: Цениќ, Ѓ., Објаснување на казнителниот законик за кнежевството
Србија, Држ. печатница, Белград, 1866. год. стр. 711.-725.
235
Спротивно на фактот дека со овој закон се инкриминирани други, бројни случаи на измами како што
се тнр. договорни измами, поместување на камен (белег) на меѓата, по пат на неисправни исправи, при
мерење, при трговија, давање на занатски услуги, итн. - §§. 251.-260.
71
Меѓутоа, веќе идната, 1861 година236 Криминалниот (казнителен) законик е
новелиран, односно прв пат изменет и дополнет. Со наведеното новелирање извршени
се помали измени кај општите одредби за измамата („изманик“) 237 од §. 251, но за
нашиот предмет на работа од крунцијало значење е новиот §. 255 а. кој гласел: „Кој во
намера на било каква измама од оган осигурената работа ја запали, или кој ќе направи
бродот кој е, или стоката која што е на него осигурана, да потоне или да се искрши, да
се казни со робија до десет години затвор, а во исто време и парично од педесет до
илјада талири.“
При тоа, делото измама во осигурувањето опфатило само два дела: палење на
осигураниот имот и намерно потопување те. оштетување на осигурениот брод и(или)
бродскиот товар. Исто така, присуството на голем степен на општествена опасност во
новиот посебен дел кај измамите во осигурувањето се гледа од висината на казната,238
но и од карактеристиките на извршувачката активност,239 а се предвидува и можност за
извршување на повеќе тешки кривични дела во коегзистенција со измамата во
осигурувањето240
Телото на новото кривично дело измама во осигурувањето, слично како и во
случај на делата измами, составено е од следниве елементи: задолжителна умисла,241
работни дела,242 цел243 и начин на остварување.244
Штетната последица од делото измама во осигурувањето се јавува во два
меѓусебно поврзани вида: по пат на оштетениот имот кој е предмет на измамничката
активност (брод, товар и по пат на палење на подвижниот и неподвижниот осигурен
имот), со цел измама на осигурителот поради исплата на осигурената сума.

236
Предметното новелирање извршено е на 17 јуни 1861 година.
237
Со овие измени отстранети се претходните правно-семантички недостатоци: „Како измамник се
смета оној кој другиот од користољубиви намери, злонамерно и лажно прикажување или изопачување
или прикривање на вистината ќе наведе што ќе стори на штета на туѓиот имот. Исто така измамник се
смета и оној кој измамата во која некој се наоѓа ја поддржува од користољубиви намери и ова на штета
на имотот на измамениот.“ Значи, со првата измена исклучена е синтагмата за противправност („со
повреда на карактеристичните правни должности“). Со втората измена е извршена исправка на
одредбата за неправење во однос на активноста на измамениот (и последица од истата) (затоа што, во
првобитниот текст целта на сторителот („измамникот“) е наведување на измамениот да направи или не
направи нешто на своја штета).
238
„До десет години робија.“
239
На пример, во случај на намерно потопување на осигурениот брод може да настрадаат голем број на
луѓе при извршувањето на ова дело.
240
На пример, возможно е стекнување со делото палење (§§ 295. и 295. подметнување на пожар, помеѓу
останатите објекти и на бродовите) и од §. 307, намерно потопување или насукување на бродовите: „Кој
намерно ќе направи било кој брод на гребен да се насука, или да се потопи, ако при тоа имало и
опасност по човекови животи, да се казни со робија од 10 до 20 години; а ако при тоа некој човек
изгубил живот да се казни со смрт.“.
241
Во законскиот текст: „кој со намера да измами...“ Намера е волја да се нанесе штета на осигурениот
имот, со цел стекнување на корист од осигурувањето.
242
Подметнување на пожар или потопување на брод.
243
Наплата на осигураната сума.
244
Намерно предизвикување на штетен настан.
72
Карактеристично е тоа што општите и посебни елементи на овие,
традиционални дела на измами во осигурувањето (потопување на бродови и пожари)
се многу присатни и денес.
2.2. Делото измами во осигурувањето во XX век. Втората, современа фаза на
делото измами во осигурувањето се создава 1929 година со донесување245 на новиот
Кривичен законик во кој измамата во осигурувањето е инкриминирана како посебно
кривично дело.246
При тоа, новитетите во инкриминацијата на измамите во осигурувањето
имплицираат дека измамите во осигурувањето добиле нови видови.247 Под активност
на измамите во осигурувањето, и во XX век се подразбира уништување, оштетување
или криење на било каков осигурен предмет или потопување на брод (со или без товар)
- што претставува идентично решение како и во претходниот период, но со
инкриминацијата е значително пошироко опфатен начинот на извршување
(уништување, оштетување или криење на осигурениот предмет), како и останатите
бројни нови, во меѓувреме воведени за употреба и опфатени со осигурување
сообраќајни средства (оној „кој ќе предизвика да потоне или да се насука брод или
било какво друго сообраќајно средство“).
Во согласност со новонастанатите околности по Втората светска војна,
измамите во осигурувањето повеќе не се сметале за вид на класичен те. имотен дел на
поединецот, туку загрозување на државен имот, што во тој период претставувало
посебно тешко кривично дело. Па така, со Кривичниот закон од 1951 година
дефинирана е „осигурителната измама“ која „се состоти во уништување, оштетување
или криење на предметите кои се предмет на осигурување, со намера со тоа да се
создаде измама за тоа дека се исполнети условите за исплата на осигурителните
своти.“248

245
Новиот Кривичен Законик донесен е на 27 јануари 1929 година.
246
„Кој со намера од осигурителот да добие осигурена свота, уништи, оштети или скрие било каков
осигурен предмет или кој ќе предизвика да се потопи или насука брод или некое друго сообраќајно
средство кое е осигурано или чиј товар е осигуран, ќе се казни со робија до десет години и парично.“ -
Глава 27, Кривични дела против имот, §. 340
247
На пример, изостанува формулацијата за пожарите те. се јавува објективна потреба за поширока
заштита на осигурените предмети. Исто така, во претходната верзија на Законикот измамата е
експлицитно апострофирана („кој со намера да измами...“). исто така, во центарот на вниманието на
законодавецот е намерата на извршителот, како многу важен елемент на измамата (кој со намера од
осигурителот да ја добие осигурената свота...“).
248
Да се види пошироко: Таховиќ Ј., Кривично право – посебен дел, второ издание, Научна книга,
Белград, 1947 година, стр. 227.
73
На крај, во новиот Кривичен законик од 2005 година249 инкриминиран е новиот
начин на извршувањето на измамничката активност,250 но измамата во осигурувањето,
повторно, како и во 1860 година, опфатена е со делото измама.
При тоа, општите и посебните елементи на кривичното дело измама составени
се од: умисла како исклучителна форма на виновност,251 како и порано, целта на
измамата е стекнување на противправна имотна корист,252 начинот исто така е ист –
измама со заблудување те. доведување во заблуда (или со одржување во заблуда) на
оштетениот, а последица од изамамта е штета (или обид за предизвикување на штета)
по осигурениот имот на измамениот.
Карактеристично е дека законодавецот, идентично како и во 1860 година, дури
дополнително, со новелирањето од 2009 година,253 ја инкриминира измамата во
осигурувањето како посебно кривично дело.
2.3. Однос помеѓу традиционалното и современото дело на измами во
осигурувањето.254 Преку компаративно - историската анализа на односот помеѓу
традиционалното кривично дело на измами во осигурувањето и современата
инкриминација на овој деликт возможно е согледување на развојот на поедини
елементи од телото на ова дело.
Врз основа на претходно изнесното, заеднички (односно идентични) елементи
на традиционалните и современи одредби на измами во осигурувањето се следниве:
- основен (општ) предмет на кривичноправната заштита е имотот (значи, се
работи за кривични дела против имотот);
- степенот на општествена опасност на ова дело е многу висок, а тоа се гледа
врз основа на висината на заканувачките казни;
- начинот на извршување е измама, односно лажно прикажување на фактите;
- последица од измамата е доведување во заблуда на оштетениот да направи
нешто против своите имотни интереси;
- единствена форма на виновност е умисла те. претходна намера, свест и волја за
вршење на измама;

249
Кривичен законик на Република Србија („Сл. гласник на РС“ бр. 85/2005, 88/2005-испр., 107/2005-
испр., 72/2009 и 111/2009), - член 208 (измама), односно 208а ( измама во осигурувањето).
250
Кои, како што е веќе наведено, често пати се вршат во коегзистенција со кривични дела (тнр.
сложени кривични дела).
251
Во законскиот текст: „кој со намера себи си или на друг...“ те. неопходно е присутвото на намера
(волја те. свест за последиците од делото) плански да му се нанесе штета на оштетениот, а со цел
стекнување на противправна имотна корист по основ на осигурување.
252
Исклучок е привилегираната форма на делото кога делото е извршено исклучиво со цел нанесување
на штета на друг, а не поради стекнување на противправна имотна корист (чл.208а, ст.2 од истиот
Закон).
253
За разлика од законодавците од 1860 година, кои по неполна година увиделе дека измамата во
осигурувањето е посебно кривично дело во однос на општото дело измама, што е исправено со
новелирањето од 1861.година, на законодавецот од 2005 година му биле потребни 4 години за да ја
усвои оваа правна реалност.
254
Во воведниот дел на трудот кој се однесува на методите на користење наведовме дека, во работата,
помеѓу останатото ќе ја користиме и методата на компаративно – историска анализа.
74
- целта на извршувањето на измами во осигурувањето во двата периоди е
идентична- стекнување на противправна имотна корист по основ на осигурување.
Врз основа на наведеното заклучуваме дека телата на кривичните дела измами
во осигурувањето од 1861 и од 2009 содржат готово исти општи (основни) елементи на
телото на делото.
Меѓутоа, различните елементи во односот помеѓу традиционалниот и
современиот вид на измами во осигурувањето се:
- измамата во осигурувањето од 1861 година (квалификувани форми)
повлекувала смртна казна, а тоа во современото законодавство е исклучено;
- објектот на кривичноправната заштита во 1861 година ограничен е само на
измама во случај на намерно потопување на осигурен брод (или бродски товар), а
објектот на кривичноправната заштита во 2009 година дефиниран е широко, преку
инкриминација на бројни измамнички акти и постапки на сторителите (давање на
лажни мненија и извештаи, лажни проценки, поднесување на невистинита
документација и слично);
- активноста на извршување во одредбата од 1861 година возможна е исклучиво
со правење, те. сторител („измамник“) е оној кој другиот „ќе го наведе на направи
нешто на штета на својот имот.“ Меѓутоа, со одредбата од 2009 се пропишува и
извршување со неправење;255
- субјект на санкционирањето во 1861 година бил само осигуреникот
(„измамникот“), а 2009 година предвидена е и одговорност на осигурителот, значи, се
воведува двострана кривичноправна одговорност на субјектите на договорот во
осигурувањето.
При тоа, телото на современите одредби на делото измами во осигурувањето
составено е од следниве елементи: умисла како исклучителен облик на виновност,256
цел на извршување на измамничката активност,257 начин на извршување на измамите
(одредбата е нова, те. специфична),258 како и последици од измамата.259.

255
Те. се одредува измаминичката активност на сторителот како наведување на измамениот „на штета
на својот или на туѓиот имот нешто да направи или да не направи.“
256
Во законскиот текст: „кој со намера да измами себе си или на друг да...“ те. неопходно е присутво на
намера (волја, свест за последиците од делото) како би можело смислено и плански да му се нанесе
штета на имотот на осигурителот или осигуреникот.
257
Стекнување на противправна имотна корист. Идентично како во делот измами, исклучок е само
привилегираната форма кога делото е извршено исклучително со цел нанесување на штета на друг
(чл.208а, ст.2).
258
Те. доведување во заблуда (или одржување во заблуда) на другата страна.
259
Предизвикување (или обид) на штетни последици по имотот на друг.
75
Меѓутоа, и покрај се посовремените и попрецизните законски одредби,
измамите во осигурувањето се вршат во се поголем обем, со примена на се
пософистицирани методи, како што се користење („поднесување“) на лажни мислења и
извештаи, неточни („лажни“) експертски проценки (или фалсификување на истите), те.
поднесување на лажна документација, итн.260 При тоа, во иднот дел од трудот ќе го
анализираме посебно опасниот вид на измами во осигурувањето кој постои во случај
кога службените лица учествуваат во извршување на измами во осигурувањето,
истовремено правејќи ги делата злоупотреба на службената положба, фалсификат,
несовесно работење, примање и давање на мито и сл.
Врз основа на наведеното, можеме да заклучиме дека телата на кривичните дела
на традиционалната и современата инкриминација на измамите и измамите во
осигурувањето се многу слични, но не се идентични.
2.4. Социјално - психолошки карактеристики на извршителите на измами
во осигурувањето. Овие престапници имаат специфични карактеристики,261 кои ги
издвојуваат од останатите делинквенти.
Извршителите на измами во осигурувањето претежно се примарни деликвенти,
a во значително помал процент повратници; сторителите на измами во осигурувањето
вршат дело за кое се потребни одредени предзнаења; тие го вршат делото
исклучително со умисла; при измамите во осигурувањето неограничено е просторното
маневрирање, односно возможно е вршење на продолжениот дел на измами во
осигурувањето истовремено во повеќе земји; измамата во осигурувањето се врши и
индивидуално и во заедница со повеќе лица; не постои специфична професија која
посебно би одговарала за вршење на измамите во осигурувањето, но постојат
специфични знаења (од областа на финансиите, правото, сообраќајно – техничките
науки итн.) кои значително го олеснуваат вршењето на овие дела.
Сторителот на измамта во осигурувањето не е впечатлив, и во најголемиот број
на случаи социјално е успешен во својата животна средина. Исто така, стручен е за
работата која професионално ја извршува, навидум - целосно социјално и психолошки
прилагодена личност. Врз основа на изнесеното, постои привидна контрадикција со
фактот дека за постоење на оваа измама предуслов е свесна, планска активност,
односно намера на извршителот за стекнување на противправна имотна корист по
основ на осигурување.

260
Затоа што, додека кај измамите внесени се само намерата за стенкување на противправната имотна
корист и доведувањето во заблуда, кај измамите во осигурувањето прецизно се наброени начините и
средствата со кои се врши оваа измама.
261
Интересно е дека извршителите на делото измама во осигурувањето, врз основа на споредбената
анализа на елементите на телото на делата измами и измами во осигурувањето, како и начинот на
извршуваљње на делата, имаат многу мали сличности дури и со извршителите на најсродното кривично
дело – измами.
76
Значи, се работи за натпросечно образувани поединци кои во целост се
оспособени за успешно работење во својата професија. Потоа, станува збор за лица кои
поради најразлични мотиви се одлучуваат во рамките на својата професија, или врз
основа на стручните знаења и искуства кои ги имаат, извршувајќи ги своите редовни
работни должности, во некој момент превземаат одредени противправни, измамнички
активности, со цел стекнување на противправна имотна корист. При тоа најчесто се
работи за многу угледни експерти кои (на пр. во својство на вешти лица, полициски
службеници, лекари, како и бродски капетани, официри, итн.) имаат овластување за
постапување во специфични ситуации, и во согласност со тоа, кај повеќето се работи за
примарни делинквенти.
Една од специфичните карактеристики на сторителите на измамите во
осигурувањето е присуството на свест и волја, по правило со отсаство на каење, што
подразбира употреба (присуство) на многубројни одбрамбени механизми со кои
пробуваат да рационализираат, те. да најдат оправдување за извршувањето на делото
измама.
На пример, овие специфични карактеристики, односно одбрамбени механизми
на сторителите на кривичното дело измами во осигурувањето, ги опишува познатиот
виенски професор:262
„Измамникот кај осигурувањето кој што ја запалил куќата на имотот,
размислува дека оџакот бил оштетен и дека пожарот „порано или подоцна“ и сам од
себе би се направил. Во својата фантазија тој секој ден ја развива сост6ојбата на
опасност, се додека на тој начин не успее да го скрие својот сопствен придонес за
избивањето на пожарот и додека чкорчето фрлено во сеното, во споредба со опасната
состојба која потекнува од оџакот, не стане безначајна епизода. На крајот и самиот
верува дека до пожарот дошло поради оштетениот оџак.“263
Исто така, проф. Грасбергер на многу илустративен начин врши анализа на
карактеристиките на личноста на сторителот на измамата во осигурувањето. Имено,
сторителот на измамата во осигурувањето спаѓа во видот престапници кои „патат
поради свеста за изгубениот углед и затоа чувствуваат двојна благодарност за секое
разбирање на положбата во која се наоѓаат.

262
Проф. Роланд Грасбергер, криминолог, долгогодишен професор на виенскиот Универзитет и
директор на Институтот за криминологија во Виена. „Тој е поборник на сфаќањето дека кривичното
право го проучува кривичното дело као апстракција, а криминологијата како реална појава“ (проф. др
Драгољуб Димитријевиќ за проф. Грасбергер)
263
Грасбергер Р., Психологија на кривичната постапка, Криминолошки институт при Правниот факултет
во Сараево, Сараево, 1958 година, стр. 167. (Инаку, во форензичната психијатрија феноменот на
верување во сопствените фантазии, па и ординарни невистини се нарекува митоманија.)
77
Во ваквите случаи често пати постојат чувстсва создадени од взаемно
навлегување на моралните расудувања и свеста за вредноста...тамо каде што потребата
на личниот углед доаѓа до израз сама и каде што недостасува секој морален суд за
сопственото недело, однесувањето на извршителот против подигнатото обвинение се
раководи само со расудување за корисноста... тие обично жалат поради своето
однесување најмногу поради „непријатностите“ до кои доаѓа во врска со тоа.“264
Врз основа на наведеното следи дека измамата во осигурувањето е вид на
криминогено однесување, дело кое е предизвикано од одлучувачкото влијание на
егзогените фактори (социјалната средина), со учество на факторот на личност, а како
резултат на меѓудејствата на овие фактори на криминалитетот се создава измамата
поради стекнување на имотна корист по основ на осигурување.

3. Видови на измами во осигурувањето

Веќе ги наведовме елементите на основната поделба на измамите во


осигурувањето на традиционални и современи, при што традиционалните форми на
измами во осигурувањето се делата како што се пожарите и намерното потопување,
односно оштетување на бродот или на бродскиот товар, а современите форми на
измами во осигурувањето опфаќаат голем број на појавни форми на активности на
извршување, најчесто од страна на организирани криминални групи, но исто така, и од
се побројните измами од страна на поединци.
При тоа, општите критериуми за поделби на измамите во осигурувањето според
видови се:
- според развојниот период измамите во осигурувањето, како што е претходно
наведено, се делат на традиционални265 и современи;
- според местото на извршување измамите во осигурувањето ги делиме на
измами во рамките на поедини држави и измами кои се вршат во повеќе држави, те.
измами со интернационален карактер (овие измами имаат највисок степен на
општествена опасност, по правило со енормно високи штети); 266
- според последиците (висината на штетата) измамите во осигурувањето се
делат на ситни измами, значителни измами и измами во милионски износи. При тоа
најтешко се откриваат ситните измами и тоа поради масовноста, но и недостатокот на
мотивација за откривање од страна на осигурителните друштва;

264
Грасбергер Р., цит. дело, стр. 163 – 164.
265
Како што е веќе наведено во Казнителниот Законик за Кнежеството Србија како кривично дело
пропишани се само два (традиционални) вида на измами во осигурувањето: измама во осигурувањето со
потопување (насукување) на брод и измама во осигурувањето со палење на осигурениот имот.
266
Помеѓу интернационалните измами во осигурувањето доминираат, и по бројот и по висината,
штетите во поморското осигурување.
78
- според зачестеноста измамите во осигурувањето ги делиме на: спорадични,
зачестени и масовни. При тоа, масовните измами во осигурувањето по правило
најчесто се вршат во областа „осигурување на моторни возила, животни осигурувања,
осигурувања од пожари, осигурувања на транспорт и осигурување на кредит“267
- според својствата на субјектите кои вршат измама постојат измами извршени
од страна на правни лица и измами кои ги вршат физички лица;
- според видот на осигурување измамите ги делиме на измами во транспортното
осигурување,268 измами во имотното осигурување и измами во осигурувањето на лица;
- според мотивите за вршење на измами во осигурувањето ги делиме на измами
од користољубие и многу ретки, некористољубиви измами во осигурувањето, кога
основниот мотив на извршителот е нанесување на штета на другиот, без мотив,
непосредно стекнување на противправната имотна корист;
- според времето на извршување на измами во осигурувањето ги делиме на оние
извршени при склучувањето на договорот и измами во текот на извршувањето на
договорот за осигурување.
При тоа, општествено најопасни видови на измами во осигурувањето се
пожарите, измамите во транспортното осигурување (поморските измами и измамите во
осигурувањето на моторните возила), како и измамите во осигурувањето на лица.
3.1. Подметнување на пожари како вид на измами во осигурувањето.269
„Пожарниот ризик се смета за основен ризик не само во имотното осигурување, туку и
во осигурувањето воопшто. Склучувањето на многуте други видови на осигурување
условено е со тоа првин да се склучи осигурување од пожар како основно
осигурување.“270
Подметнувањето на пожар е свесна, планска активност на поединец или на
група со цел противправно стекнување на осигурената сума. Значи подметнувањето на
пожар како вид на измама во осигурувањето секако е доаѓачко, замислено палење на
нешто, свое или туѓо, со цел добивање на сумата од осигурувањето.

267
Радовиќ З., Алексиќ Ж., Петровиќ З., Петровиќ Т., Измами во осигурувањето, Глосаријум, Белград,
2002 година, стр. 5.
268
Транспортно осигурување, односно поморско осигурување како вид транспортно осигурување, како
што е од порано наведено е најстариот вид на осигурување.
269
Инаку, ова кривично дело било инкриминирано уште во Римската империја. При тоа, постоеле два
вида на подметнување на пожар, означени како crimen incendii, а повлекувале различна казна во
зависност дали паликуќата (incendiarius) го извршил делото во градот (in oppido) или надвор од градот
(еxtra oppidum). Паликуќата во градот се казнувал со смртна казна, а надвор од градот посебно било
санкционирано подметнувањето на пожар на обработливите полиња, лозјата и насадите со маслинки.
(лат. mesium per dolum incensores vinearum oliviarumquе) - исто така и чл. 99 и 100 од Душановиот
законик – палење на куќи, гумна, слама и сено во селото и надвор од него, со таа разлика што не е
пропишана казна - што значи дека се применувала Синтагмата на Матија Властар во која за
подметнување на пожари била предвидена смртна казна со палење.
270
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс, Белград, 2007 година,
стр. 103.
79
Во XIX век палењето на куќи, сена и насади биле доминантни во најголемиот
број на намерно предизвикани пожари, односно измами во осигурувањето. Потоа се
создаваат нови видови на измами во осигурувањето со подметнување на пожари како
што се подметнувањето на пожари во производствените постројки и другите стопански
објекти.271 Инаку, подметнувањето на пожари е еден од најчестите начини за
извршување на измами во осигурувањето, затоа што со подметнување на пожари се
предизвикуваат големи штети, и како последица на тоа се остваруваат многу високи
обештетувања.
При тоа, во поедини, постари законици272 постоела, во зависност од степенот на
општествената опасност, поделба на подметнување на пожари и на тешки подметнати
пожари. Подметнувањето на пожари, во однос на мотивацијата на извршителите, ги
делиме на случајни, нехатни и намерни. Случајни предизвикувачи на пожар се кога се
работи за запалување и самозапалување на одредени нешта и супстанци кои имаат
такви хемиски и други карактеристики да нивното создавање готово е невозможно да
се предвиди.273 Нехатните предизвикувачи се најчести, и тие се создаваат без волја на
предизвикувачот, но со лесниот став на предизвикувачот дека, и покрај преземените
активности од кои некои се соодветни за предизвикување на пожар, последиците сепак
нема да настапат.274
Намерно предизвиканите пожари се создаваат кога сторителот пред
настанувањето на пожарот бил свесен за својата активност и однапред се согласил со
нејзината последица. Таквите пожари се подметнати пожари, а меѓу нив посебно
значајни се пожарите предизвикани поради остварување на права на наплата на
осигураната сума.
Подготовката на измами во осигурувањето со подметнување на пожар се врши
во три сукцесивни фази по детално, однапред разработен план.
Првата фаза е склучување на договорот за осигурување од пожар на максимална
вредност на работите или, дури и преку таа вредност (надосигурување), што, инаку, во
законска смисла се смета за измама.275

271
Овој вид на измама во осигурувањето посебно бил присутен во време на големите светски економски
кризи.
272
На пример, во Кривичниот законик на Југославија од 1929 година пропишано е §. 187. - „Кој ќе
подметне пожар на туѓ имот...“ §.188: „Со робија до 20 години ќе се казни: 1. Кој со подметнување на
пожар на свој или на туѓ имот ќе предизвика опасност по животот на било какво лице или опасност во
огромен обем за туѓ имот ; 2. ако при пожарот некое лице го изгубило животот или е тешко повредено...
а сторителот тоа можел да го предвиди...“
273
На пример, заборавена лупа или обично стакло случајно оставено под идеален агол кон било каков
запалив предмет или супстанца на јака сончева светлина, скриена, конструкциска мана на градежниот
објект, итн.
274
Класичен пример за настанок на овој вид на пожар е оставање на жар од оган во шума по кампување.
275
„Ако при склучувањето на договорот едната страна се послужи со измама и тако договори свота на
осигурување поголема од вистинската вредност, другата страна може да бара поништување на
договорот.“ - член 932, ст.1 од Законот за облигациски односи.
80
Во втората фаза внимателно се планира подметнувањето на пожарот,
предвидува конкретна употреба на средства, оружје и супстанци кои ќе имаат најдобри
ефекти по брзото развивање на пожарот те. горењето на целиот осигурен– често пати и
со повеќе центри на пожарот, итн.
Во трета фаза се пристапува кон извршување на измамата во предвиденото
време, по пат на намерно подметнување на пожар во осигурениот објект или на
осигурениот предмет, со редовно избегнување на примената на мерки за гасење на
пожар, касна дојава до пожарникарската служба и слично.
Во врска со некои елементи, постојат две групи на дела во врска со
подметнувањето на пожари: предизвикување на општа опасност и дела против имотот
(најчесто оштетување на туѓи предмети). Затоа што, постојат подметнувања на пожари
кои си се цел самите себе си276 и подметнување на пожари од користољубие, како
средство за извршување (или прикривање) на некои други кривични дела, од кои
најважна е измамата во осигурувањето.
3.1.1. Општа опасност – последица од подметнувањето на пожар на
осигурениот имот. Елементот општа опасност кај измамите во осигурувањето од
подметнување на пожар се подразбира, затоа што во спротивно не би постоела разлика
помеѓу делото предизвикување на општа опасност и некои други дела.277 Значи не е
доволно палењето на некој предмет за да претставува тоа подметнување на пожар.
Исто така, неопходно е запалениот предмет да биде адекватен или супстанцата со
понатамошното ширење да предизвика општа опасност по луѓето и имотот, те. да има
апстрактна, потенцијална карактерискика со преземената активност да произведе како
последица конкретна, остварена или апстрактна (претпоставена) опасност.
При тоа, општата опасност подразбира можност или уништување, те.
оштетување на туѓите предмети и може да се доведе во врска со измамата во
осигурувањето со претходно исполнување на двата услова: прво, бидејќи
предизвикувањето на општа опасност е тешко дело, тоа со подметнувањето на пожарот
на осигурениот предмет првенствено го санкционира чинот на предизвикување на
општа опасност, а не оштетување на предметите до кое доаѓа последично.
Второ, бидејќи е задолжителен услов за постоење на ова дело оштетувањето на
туѓи предмети, а подметнувањето на пожар на осигурените предмети доминантно се
врши на сопствените осигурени предмети, тоа значи дека делото оштетување на туѓи
предмети, во врска со измамата во осигурувањето доаѓа во предвид единствено ако
подметнувачот на пожарот учествувал во делото како извршител по занает,
коизвршител, поттикнувач или помагач.

276
Се работи за тнр. пиромански, психопатолошки нагон за палење или за палење поради други
најразлични мотиви како што се освета, завист, прикривање на други кривични дела и сл.
277
Кога не би постоел елементот општа опасност во случај на подметнување на пожар, тогаш
извршувањето на ова дело би можело, на пример, да го претставува делото оштетување на туѓи
предмети.
81
Подметнувањето на пожар не е таксативно наведено во описот на активностите
на извршителите во позитивно правното одредување на делото измами во
осигурувањето278 туку во случај на подметнување на пожари се работи за доведување
во заблуда „на поинаков начин.“ При тоа, секако е основно кривично дело во кое се
содржи и инкриминација за подметнување на пожар, дело предизвикување на општа
опасност.279
3.1.2. Општи и посебни елементи на делото подметнувањето на пожар.
Доброволното намалување или отстранување на штетните последици од
подметнувањето на пожар, на пример со гасење на огнот, може да биде олеснителна
околност, но не и основа за ослободување од кривично гонење на извршителот на
делото измама во осигурувањето.280
Во случај на подметнување на пожар на нападнатиот објектот на туѓ или
сопствен, неподвижен и подвижен имот,281 а посредно и имот на осигурителното
друштво, а од наведеното следи дека евентуалното палење на имотот кој не е во ничија
сопственост sui generis не може да биде предмет на делото измама во осигурувањето.282
Во случај на палење на сопствениот имот, оваа околност може да биде
олеснителна, дури и ослободителна при одмерувањето на казната. Подметнувањето на
пожар по согласност на сопственикот и порано претставувало основ за исклучување на
противправноста на делото, поради причината дека во овој случај вистинскиот
паликуќа (те. сопственикот) би го избегнал казнувањето, а би било казнето трето лице,
кое работело по согласност на последиците од страна на правиот извршител.
Меѓутоа, во позитивното законодавство „согласноста на сопственикот на
предметите не ја исклучува противправноста на делата...затоа што суштината не се
состои толку во палењето на предметите, туку тоа е самото предизвикување на пожар,
кој може да се прошири и така да опфати поголем број на предмети покрај оној
запалениот.“283

278
Како активност на дело во чл.208а од КЗ на РС одредено е давање на лажни мислења и извештаи,
давање на лажна проценка, поднесување на лажна документација или на друг начин доведување во
заблуда.
279
„Кој со пожар, експлозија, отров или отровен гас, радиоактивно или друго јонизирачко зрачење,
електрична енергија, моторна сила или со било какава друга општествено опасна активност ќе
предизвика опасност по животот или телото на луѓето за имот со поголем обем ќе се казни...“ (член 278
од КЗ на РС)
280
Затоа што делото измами во осигурувањето е имотно кривично дело, а вонредното ублaжување на
казната, по oснова на доброволно откажување од последиците на делото, се предвидува во случај на
дело против општа опасност, но не и имотни кривични дела.
281
Исклучок се подметнувањето на пожари во кои е предизвикана опасноста за животот на едно или
повеќе лица, односно кога едно или повеќе лица во пожарот изгубиле животот, затоа што во овие случаи
подметнувањето на пожари го губи карактерот на имотниот дел (поради тежината на последиците).
282
Затоа што, имотот кој е ничив per definitionem не е ни осигуран, па не може ни да биде предмет на
делото измама во осигурувањето.
283
Радовиќ З. и др., исто, стр. 166.
82
При тоа, исклучување на противправноста на делото подметнување на пожар се
создава ако: извршителот не користел адекватно запалливо средство или материја при
палењето, ако палењето не е така извршено огнот да може самостално да се одржува и
шири, како во случајот кога местото на палењето на огнот не е адекватно за
понатамошно ширење на огнената стихија да може да предизвика опасност по имотот
со поголем обем.
Подметнувањето на пожар, односно предизвикувањето на општа опасност со
пожар е свршен, значи, во моментот на палење на некој предмет, при што доволно е да
се запалат само дел од работите, со постоење на можност за понатамошно ширење на
пожарот. При тоа неважно е дали пламенот избил или само тлеел, од суштинска
важност е постоењето на адекватност така предизвиканото палење последично да
предизвика огнена стихија.
Исто така, активноста подметнување на пожар мора да биде активна. Тоа значи
дека извршителот мора, со непосредна или посредна, активност да предизвика општа
опасност со палење на огнот, односно пасивно или релативно неактивно лице не може
да биде извршител, односно коизвршител на делото подметнување на пожар.
Покрај основната последица те. целта на измамата во осигурувањето од
подметнување на пожар - противправното наплатување на осигурената сума,
задолжителоно настапуваат и спорадични последици како што е предизвикување на
општа опасност и реална можност за уништување, оштетување или чинење на
неупотребливи на туѓите предмети со голема вредност.
Исто така, коегзистенцијата со другите дела е чест случај, затоа што бројни дела
може да бидат во коегзистенцијата со подметнувањето на пожар, а често пати
подметнувањето на пожар има за цел прикривање на претходно извршено друго
кривично дело на пр. проневера, намерен стечај, грабежи, кражби, убиства и друго. Во
праксата често пати се вршат и тнр. повеќекратни кривични дела во коегзистенцијата
со измамата во осигурувањето (на пр. едно лице извршува проневера по пат на
фалсификат, а потоа двете дела ги прикрива со подметнување на пожар).
За постоење на подметнување на пожар те. осигуренички измами во идеална
коегзистенцијата со предизвикување на општа опасност доволно е само да се
превземат адекватните активности со намера огнот да настане во објектот поради
добивање на премија. Исто така, факт е дека подметнувањето на пожар најчесто се
врши на сопствениот имот со цел остварување на противправната наплата на
осигурителната сума.

83
Неотстранувањето на опасноста, без обзир на тоа што огнот не го предизвикал
непосредно, го врши и лицето кое нема да јави за настанокот на пожар или кое нема да
преземе мерки опасноста од пожарот да се отстрани (доколку постоела можност тоа
без опасност по него или по другите да се направи), те. индиректно да учествува во
извршување на делото, неотстранување на опасност.284 Но кога самиот извршител ќе го
стори делото неотстранување на опасност, тој нема да одговара за ова дело, „затоа што
не може од лицето кое ја предизвикало опасноста да се бара само да се пријави, па
затоа лицето кое ја предизвикало опасноста не е извршител на ова кривично дело, туку
тоа е оној што нема да ја пријави опасноста.“285
Меѓутоа, подметнувачот на пожар кој е со намера по секоја цена да ја оствари
исплатата на осигурувањето по основ на подметнување на пожар го спречува гасењето
на вака предизвиканиот пожар, кривично е одговорен за квалификуваната форма на ова
дело.286 Значи, во наведениот случај за утврдување на одговорност на извршителот
примарно е преземањето на активноста подметнување на пожар, односно
предизвикување на општа опасност. Но, исто така, и за другите присатни лица, може да
постои одговорност за евентуално неотстранување на опасноста.
Значи, исклучиво по прашањето примена на одредбата која се однесува на
квалификуваната форма на ова дело, извршителот на делото предизвикување на општа
опасност истовремено може да биде и извршител на делото неотстранување на
опасноста. Како што е наведено, факт е дека не е реално предизвикувачот на општа
опасност да го пријави сопственото дело, те. стореното дело предизвикување на општа
опасност во случајов, поради поголемиот степен на општествена опасност, ја
сумпсумира основната форма на делото неотстранување на опасноста.
Меѓутоа, оваа одредба не е применлива кога се работи за квалификувана форма,
те. спречување на гасењето на намерно предизвиканиот пожар, затоа што извршителот
на пожарот никако не може да биде мотивиран на пр. да му стави на располагање било
кое средство за гасење на пожар секому кој ќе му се обрати со таа цел, затоа што а
приори е заинтересиран пожарот да не се згасне. Но, преземањето на наведените
конкретни активности на спречување на гасењето содржи сосема поинакви, потешки
елементи на делото.

284
„Кој нема да му пријави на надлежниот орган, односно на друг надлежен субјект дека постои пожар,
поплава, експлозија, сообраќајна незгода или нека друга опасност за животот или за телото на луѓето
или за имот со поголем обем или нема да преземе мерки таа опасност да се отсрани, иако можел тоа да
го стори без опасност за себе или за друг ќе се казни со парична казна или со затвор до две години.“ - чл.
285, ст. 1 од КЗ РС.
285
Стојановиќ З., Периќ О., Кривично право, посебен дел, 13 издание, Правен факултет, Белград, 2009
година, стр. 230.
286
Кој ќе го спречи другиот во преземањето на мерки за отстранување на пожар, поплава, експлозија,
сообраќајна незгода или некоја друга опасност за животот или за телото на луѓето или за имот со
поголем обем, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.“ – став 2 од истиот член на
Кривичниот закон на РС.
84
Тоа значи дека во случај на спречување на гасењето на пожарот извршителот на
измамата во осигурувањето направил коегзистенцијата за делото предизвикување на
општа опасност и квалификувана форма на делото неотстранување на опасност (и тоа
со посебна квалификаторна околност, затоа што се работи за исклучително
општествено опасно, продолжено кривично дело).287
3.1.3. Индиции за измама во осигурувањето од подметнување на пожар.
Индиции за постоење на измами во осигурувањето се: претходна лоша економско -
финансиска состојба на осигуреникот, невообичаено високо ниво на осигурителната
сума, и во согласност со тоа, согласност на вискоа премија во однос на вредноста на
осигурениот објект и стока, постоење на повеќе жаришта на пожарот, невообичаено
однесување на осигуреникот по избивањето на пожарот во врска со противпожарните
мерки (дојава, отстранување на опасноста, достапност и користење на расположиви
противпожарни средства со цел гасење и слично).
Подметнатиот пожар, на пр. во стопанските објекти, по правило избива по
работното време, со привидни причинители во прирачните извори на енергија (греалки
и сл.) во центарот на пожарот и затоа посебно е важно детално да се провери
состојбата на инсталацијата, системот за дојава на пожар (ако постои), физичко –
техничкото обезбедување и слично. Подметнувањето на пожар поради прикривање на
проневера вообичаено се врши воочи редовните или вонредните сметковотствено –
финансиски контроли, предавање на годишниот биланс, работење и други форми на
контроли на работење.
При тоа, подметнувачот на пожар настојува да создаде заблуда кај осигурителот
со давање на контрадикторни изјави во поглед на времето, начинот и местото на
избивање на пожарот, а се со цел наплата на осигурената сума. Секундарна последица
од наведената активност е уништување и оштетување на туѓи (или свои) предмети,
што, како и предизвикувањето на општата опасност, претставува посебно кривично
дело.288 Како што е веќе наведено, од примарно значење е мотивот користољубие-
стекнување на противправна имотна корист по основ на осигурување, исто така
постојат и други мотиви за подметнување на пожар.289

287
„Продолженото кривично дело го прават повеќе исти или истовидни кривични дела сторени во
временска поврзаност од страна на истиот сторител кои претставуваат целина поради постоењето на
најмалку две од следниве околности: истоветност на оштетениот, истовидност на предметот на делото,
користење на иста ситуација или истиот траен однос, единство на местото или просторот за извршувања
на делото или единствената намера на сторителот.“ - Кривичен законик на РС, член 61, став 1.
„За делото од ставот 1 од овој член може да се изрече потешка казна од пропишаната. Изречената
казна не смее да ја помине двојанта мерка на пропишаната казна, ниту пак дваесет години затвор.“ -
Чл.61, став 7 од КЗ РС.
288
„Кој ќе уништи, оштети или ќе направи да биде неупотреблив туѓиот предмет, ќе се казни со парична
казна или со казна затвор...“ (член 212 од КЗ РС)
289
Покрај користољубието, „мотиви за подметнување на пожар се и освета, суета и пијанство.“ - Радовиќ
и др., цит. дело, стр. 155 - 158.
85
Исто така, прикривањето на кражба со подметнување на пожар од страна на
извршителот е индиција која претставува еден од посложените проблеми за
истовремено утврдување на измами во осигурувањето. При тоа, неопходно е да се
утврди дали е кражбата навистина извршена или се работи за фиктивна кражба (на пр.
поради прикривање на проневера).
Потоа треба да се утврди односот помеѓу времето на провалувањето во
просторијата и времето на настанокот на пожар (те. дали постоји причинско
последична врска помеѓу кражбата и настанокот на пожарот), дали навистина биле
преземени сите мерки за превенција од пожар, дали постоеле индикатори за постоење
на мотиви за настанок на пожар (финансиски малверзации, царински прекршоци,
спорно количество, состојба и вредност на пријавената стока, евентуални недостатици
и друго).
Исто така, неретко е присатно постоење на невообичаено прецизен список на
исклучително вредни предмети понекогаш воочи пожарот од други лица „преземени на
чување“, а кои (наводно) се уништени во пожарот, итн.
3.1.4. Социјално - психолошки карактеристики на подметнувачот на
пожар. Извршителите на измама во осигурувањето по правило својот подвижен и
неподвижен имот кратко време пред пожарот го осигуруваат на поголеми суми или ги
плаќаат заостанатите уплати, во согласност со својот план за извршување на пожарот,
при тоа преземаат се за тоа своите најблиски да не ги доведат во опасност.
Тоа што ги карактеризира подметнувачите на пожари поради добивање на
премија за осигурениот имот пред се се мотивацијата, начинот и средството за
подметнување на пожар.
Со цел вршење на измама во осигурувањето, подметнувачите на пожар, на
пример употребуваат потпалувач кој подолго гори (подолга свеќа, подолго стапче кое
гори и сл.) како би можеле почетокот на пожарот да го наместат во време кога никој
нема да биде во осигурениот објект. Исто така, плански се одалечуваат од осигурениот
објект, непосредно пред пожарот, „се позајмуваат“ на чување драгоцени предмети,
машини, животни и слично. „Во повеќето случаи таквите лица изјавуваат дека им
изгорел имотот кој не го ни имале, или барем не во оние квантитети кои тие ги
наведуваат.“290
При тоа, постои разлика помеѓу психосоцијалните карактеристики на личноста
на извршителот „обични“ подметнувања на пожари и подметнување на пожари со
елементи на осигурување. Исто така, важна разлика постои во местото и начинот на
извршување на подметнувањето на пожари. Евидентна е и разликата во образовната
структура и мотивацијата помеѓу лицата кои подметнуваат пожари со цел измами во
осигурувањето и поради други мотиви.

290
Радовиќ З. и др, цит. дело, стр. 145.
86
Затоа што извршителот на подметнувањето на пожарот без елементи на
осигурување е на многу пониско ниво од општите способности, се одликува со
непоседување на поедини посложени карактеристики на личноста и е на најнизок општ
степен на образование од извршителите на измами во осигурувањето со палење. Исто
така, „обичните“ пожари не ретко се подметнуваат на отворен простор, а предмет на
пожарното загрозување исклучиво е туѓ имот. Во првиот случај, средствата често пати
се прирачни, а нападнатиот објект е сено, летина, штали и слично. Како што е
наведено, овој вид на пожари често пати се врши со мотивација безобзирна освета кон
сопственикот на запалениот имот, поради прикривање на други дела и слични мотиви.
Спротивно на тоа пожарите со елементи на осигурување ги вршат образовани
лица, со претходно стекнато знаење, неопходно за подметнување на пожар на
осигурениот имот.
Исто така, мотивацијата во случај на осигуреничка измама не е лично вперена
против некој поединец, туку целта на подметнувањето на пожар исклучиво е
стекнување на противправна корист по основ на осигурување. При тоа, поедини
подметнувачи на пожар активностите ги преземаат на софистицирани начини, тоа е
последица од тежнеењето за прикривање на предизвиканиот пожар, но исто така и
поседувањето на вештини неопходни за прикривање на извршувањето на измами во
осигурувањето. Објектот на извршувањето на дела секогаш, како што е наведено, е
претходно осигурен имот во сопственост на извршителот или на лицата со кои е во
организирана криминална група, а објектите на нападот најчесто се затворени објекти.
Сторителот на измамата во осигурувањето со подметнување на пожар, исто така
не ретко при подметнувањето на пожарот прави голем број на пропусти, нечинења и
неукажување на помош при предизвикувањето на општата пожарна опасност, а овие
постапки се типични за однесувањето на овие лица, посебно кога подметнатиот пожар
е со цел измама во осигурувањето. 291
3.2. Измами во поморското осигурување. Транспортното осигурување е едно
од најважните и најпрофитабилните осигурувања кое е посебно важно кога се работи
за измамите во осигурувањето. Посебно се големи последиците од измамите во
меѓународното транспортно осигурување и се мерат со милионски суми.
При тоа, измамите во осигурувањето се вршат во сите видови на транспортно
осигурување, а „имајќи го во предвид предметот на осигурувањето, транспортните
осигурувања може да се поделат на:
- осигурување на предметите кои се транспортираат (карго);
- осигурување на превозното средство со кое се врши транспортот на стоките –
бродови, возови, воздухоплови итн. (каско);

291
Во позитивното законодавство сторители се сметаат извршителот, коизвршителот, поттикнувачот и
помагачот - член 112, став 11 од КЗ РС.
87
- осигурување на одговорноста на превозното средство за штетите причинети на
трети лица. Овој вид на осигурување е толку важен да е утврдена законска обврска за
осигурување на одговорност на сопственикот, односно корисникот на воздухопловот
за штетите причинети на трети лица.
Во зависност од тоа со што се врши транспортот, односно со кое транспортно
средство, осигурувањето на транспортот може да се подели на:
- поморско транспортно осигурување,
- транспортно осигурување на внатрешната пловидба,
-копненено транспортно осигурување (кое понатаму се дели на патно
транспортно осигурување, железничко транспортно осигурување, комбинирано те.
патно – железничко транспортно осигурување),
- воздушно транспортно осигурување,
- ПТТ осигурување.“292
Како што е порано наведено, со вршењето на измами во осигурувањето,
најголеми поединечни штети им се нанесуваат на осигурителите во поморското
осигурување и тоа поради големата вредност на носивост на бродовите (која се мери со
илјада бруто регистарски тони), а во согласност со тоа и поради енормната вредност на
осигурениот товар.
3.2.1. Карактеристики на поморското осигурување. Постои перманентна,
готово секојдневна реална опасност бродот да потоне или да се насука во морето,
езерото или реката поради сложените услови на пловидбата, неповолните навигациски,
метеоролошки и други услови (лошата сигнализација, премините низ опасните мореузи
и слично) и таа е присутна од настанокот на поморскиот сообраќај до денес.
Поради наведеното, сопствениците на бродови уште од стариот век пробувале
својот имот да го заштитат по пат на разни видови на банкарски позајмици, нотарски
записи и слични специфични видови на осигурување, а тогаш се јавуваат и првите
измами во поморското осигурување.
При тоа, потонување на брод е секоја загуба на брод со потонување, независно
од причината. Под потонување на брод како елемент на измама во осигурувањето во
потесна, кривичноправна смисла подразбираме свесна, планска активност на поединец
или на организирана криминална група со цел потопување на брод, а поради
противправно стекнување на осигурителната сума.
При тоа, поморското осигурување е најважниот вид на транспортно
осигурување и е од посебно значење за изучување на измамите во осигурувањето
првенствено поради најголемите поединечни штети кои со оваа измама им се
нанесуваат на осигурителните и реосигурителните друштва.

292
Петровиќ З., Мркшќ Д., Иванчевиќ М., цит. дело, стр. 96 – 97.
88
Како што е веќе речено, првото забележено потопување на брод поради наплата
на осигурување, односно извршување на измама во осигурувањето воопшто, те.
„најстариот запис за поморската измама забележан е во римската империја 215. Г
пне.“293 При тоа, „измамата се вршела на тој начин што на отворено море се упатувале
стари бродови кои биле намерно потопувани, а на државата и се поднесувале оштетни
барања да ја надомести загубата за стоката која никогаш и не била натоварена на
бродот.“294
Карактеристики на поморскиот транспорт кои одговараат за вршење на измами
во осигурувањето се: превоз на илјади тони стоки, постоење на држави кои издаваат
тнр. „лесни знамиња“ (Панама, Либерија и др.), постоење на земји во кои
пристанишните власти многу лошо соработуваат со меѓународните истражители,
возможност за илегален претовар на осигурената стока на отворено море или
возможност за пријавување на хаварија те. наводно потонување, а потоа промена на
знамето и името на бродот на отворено море, итн.
Сепак, измамите во поморското осигурување во современа смисла настануваат
во деветнаесетиот век кога доаѓа до голема експанзија на поморскиот сообраќај,
првенствено поради воведувањето на парната машина во поморскиот сообраќај.
При вршењето на поморската измама во осигурувањето заедничкиот елемент со
останатите слични дела се содржи во предизвикувањето на поголема опасност по
животот и по имотот на луѓето, а специфичниот елемент се содржи во активностите на
делата, те. во планското предизвикување на потонување на осигурениот брод и товар.
При тоа, не е важно дали предизвиканата опасност имала и конкретни
последици или активноста е завршена уште во обидот295
3.2.2. Мотиви за измамата потопување на брод. Мотивите за измама во
поморското осигурување се најразлични, но од примарно значење те. далеку
најприсатен, како што е веќе наведено, е мотивот користољубие.296

293
Радовиќ и др. цит. дело, стр. 4.
294
Радовиќ и др. исто, стр. стр. 68.
295
Оваа околност единствено може да има влијание на одредувањето на видот и висината на казната.
296
Покрај користољубието, опишани мотиви за предизвикување на потонување на брод се: претстоечки
банкрот на превозникот или испорачателот на стоката, желба на сметка на осигурителот да се обнови
флотата или проба да се продаде стоката во попатното пристаниште, а потоа истата да се наплати и од
осигурителот по основа на потонување (на пример, „најпознатиот обид за измама од овој вид се случил
1980 со товар од 193.000 тони нафта на патот за Италија. Четири дена по испловувањето сопственикот
на нафтата од Џенова им ја продал нафтата на Shell за US $ 56 милиони. Танкерот British Trident на 17.
јануари го здогледал танкерот Salem кој бил многу искривен во водите на Атлантикот. British Trident ја
спасил посадата, а Salem потонал. Истрагата подоцна покажала дека Salem на патувањето го сменил
името и под називот Loma впловил во Дурбан (Јужноафриканска унија) каде што ја истоварил нафтата и
дека посадата потоа намерно го потопила.“ – Радовиќ З. и др, цит дело, стр. 43.
89
Покрај користољубието, најчест мотив за намерно предизвикување на потонување
на брод се проблемите во работењето, односно обидот да се наплати осигурената сума
која е несразмерно поголема од претпоставениот профит, односно да се избегнат
последиците од банкрот и другите економски проблеми во работењето.297 Во зависност
од поедини елементи, постојат две групи на дела во кои се систематизирани измамите
во поморското осигурување: во прв ред, тоа е предизвикување на намерно потонување
на брод поради остварување на право на осигурување на брод по пат на вршење на
делото предизвикување на општа опасност, те. загрозување на животот и телото на
повеќе лица и на имотот со голема вредност.
Исто така, тоа се и дела против имотот (на пр. разни оштетувања при транспорт
на осигуранета стока или предметите, неиспорака на стоката поради баратерии и други
причини, испорака на претходно осигурената стока со полош квалитет од
договорениот,298 продажба на осигурената стока два или повеќе пати, како и други
видови на измама во поморското осигурување, на пр. фиктивни кражби на осигурената
стока од бродот, пристанишниот магацин и слично.
Загрозувањето на поморскиот транспорт пропишано е во поедини правни
системи како посебно дело, а во други се сумпсумира под дело предизвикување на
општа опасност, затоа што воглавно се работи за општоопасни активности, односно
разни форми на загрозување на лица и имот со голема вредност.299
Потопувањето на бродови не е таксативно наведено во основниот дел на измами
во осигурувањето300 туку се применува бланкетна одредба „на поинаков начин,“ но
основниот мотив за организирање на потонување на брод со цел вршење на измами во
осигурувањето, те. крајната цел од вршењето на ова дело е наплата на осигурената
сума по основ осигурување.

297
И овој вид на измами бил многу присутен во време на големите економски кризи.
298
„За превоз на пченка до Медитеранот бил ангажиран бродот „Мурманск.“ Пченката била истоварена
во делумно оштетена состојба. Првиот обид на купувачот да ја наплати цената од банката не успеал со
обзир на тоа дека во банката презентирал фотокопии а не оригинали од договорените документи.
Наплатата подоцна успеала. Купувачот на стоката не успеал да ја наплати штетата на пченката од
осигурителното друштво, затоа што се покажало дека има фалсификувана полиса на осигурување.
Штетата не можел да ја наплати ни од превозникот затоа што поседувал само примерок од правата
теретница, но не и оригинал кој му давал право да бара надомест од превозникот. Овој случај покажува
дека несовесниот продавач најверојатно истата пченка ја продал два пати.“ - Радовиќ З. и др, цит. дело,
стр. 84.
299
„Кој со пожар, експлозија, отров или отровен гас, радиоактивно или друго јонизирачко зрачење,
електрична енергија, моторна сила или било каква друга општоопасна активност ќе предизвика опасност
по живот или телото на луѓето или за имот со поголем обем ќе се казни...“(член 278, КЗ РС)
300
Со членот 208а од КЗ на РС не е изрично одредено извршувањето на измами во осигурувањето по пат
на намерно предизвикување на потонување на бродили поради наплата на осигурување.
90
3.2.3. Фази на извршување на измами во поморското осигурување. Веќе
наведовме дека подготвителната фаза за вршење на измами во поморското
осигурување е склучување на осигурувања (често пати и надосигурувања)301 на
максимална сума во однос на стварната вредност на бродот и теретот. При тоа,
„неопходно е да се знае дека статистичките податоци укажуваат дека намерно се
потопуваат постари бродови и бродови кои по своите карактеристики не можеле да
користат на пазарот.
Се работи за бродови кои во време на потонувањето се нашле во рацете на
малите бродосопственици кои како свој имот имале само еден брод и кои согледале
дека можност за поголема заработка постои само ако го потопат тој брод. Пред
потопувањето на бродот, често пати се врши испловување со терет чија вредност е
поголема од вредноста на самиот брод кој се уништува откако бродот ќе го истовари
теретот во некое пристаниште кое не било предвидено во планираното комерцијално
патување. Потоа бродот исчезнува во некое невреме или поради експлозија.“302
Врз основа на напред наведеното, на бродовите предвидени за потопување
поради добивање на осигурување, единствени делови од бродската опрема кои се во
беспрекорна состојба се оние кои се однесуваат на спасување во случај на потонување.
Во фазата која му претходи на испловувањето, се врши анализа на сите идни
опасности. На пример, овие измами никогаш не се вршат во областа на Арктикот или
Антарктикот, туку доминантно во топлите мориња и тоа во летната сезона.303
Следната фаза на измами во поморското осигурување, е активноста
предизвикување на потонување на брод, која исто така е многу детално,
професионално испланирана.304 При тоа, како што е веќе наведено, по правило се
работи за постари бродови (преку 15 - 20 години), во најголем број на случаи со посада
со потекло од Далечниот исток.

301
Член 932 од Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89, „Сл.
лист на СРЈ“, бр. 31/93).
302
Ellen Е, Campbell, International Maritime Fraud, London, 1981, pg. 113.
303
„...Судот ја разгледал тужбата на бродосопственикот против осигурителот на бродот со која барал
надомест на штетата од осигурувањето поради губење на бродот. Спрема утврдената фактичка состојба
бродот потонал за време на пловидба недалеку од брегот по ден и брзина од една милја на час.
Осигурената вредност на бродот во време на несреќата била значително поголема од неговата пазарна
вредност. Заземајќи став дека е бродот намерно потонат и со знаење на неговиот сопственик, судот ја
проценил слабата финансиска состојба на сопственикот како и лажните изјави на членовите од посадата
во врска со несреќата... судот исто така го одбил барањето на бродосопственикот кој што барал надомест
од осигурувањето поради загубата на бродот... Сметајќи дека бродот бил намерно потопен, судот ги
земал во предвид следниве моменти: првиот извештај за несреќата била телеграмата од заповедникот на
бродот кај својот лондонски брокер за кој подоцна се утврдило дека е лажен; СОС пораките кои ги
праќал заповедникот на бродот давале погрешна позиција на бродот; правата позиција на бродот била
дадена во времето кога тој веќе потонал; посадата со целиот свој багаж е спасена.“ - Радовиќ З. и др,
исто, стр. 72 - 73.
304
Пред потопувањето товарот понекогаш се истоварува во попатното пристаниште со знаење на
осигуреникот кој по продажбата на стоката на својот осигурител му поднесува барање за надомест на
штетата. Како што е веќе напоменато, оваа измамничка активност се врши по однапред, детално
разработен план.
91
Покрај основните последици – измама во осигурувањето со потопување на
брод, (а со цел противправно наплатување на осигураната сума), со пристапувањето на
активностите околу извршувањето нужно доаѓа до создавање и на други опасни
последици (предизвикување на општа опасност те. реална можност за загрозување на
животот, здравјето на луѓето и имотот со голема вредност).
Секундарната последица од наведената активност е уништување и
оштетување305 најчесто на сопствениот осигурен предмет те. бродот.306
Последната, трета фаза е противправната наплата на осигурената сума од
осигурителот, не ретко со водење на судска постапка, а во случај на пријавување на
фиктивно потонување на осигурениот брод, на крајот на оваа фаза, се врши промена на
„лесното знаме,“ потоа и промена на името на бродот, по правило на отворено море.
Врз основа на наведеното, се работи за дело со голема општествена опасност, затоа
што со намерно предизвикување на потонување на осигурениот брод воедно се
загрозуваат и најголемите општествени вредности, животот и човековото здравје, како
и имотот со голема вредност.
3.2.4. Општи и посебни елементи на измамите во поморското осигурување.
Претходно наведените карактеристики на поморскиот транспорт, кои инаку одговараат
при вршењето на измами во осигурувањето, другите гранки во сообраќајот не ги
поседуваат (на пр. авионскиот сообраќај) или сведени се на значително помала мера
(железничкиот и патниот сообраќај).
Овој вид на измами во осигурувањето се состои во намерно предизвикување на
потонување или насукување на осигураниот брод, односно разни малверзации во врска
со осигурениот терет на бродот или во складиштето.307
При тоа, за да може потонувањето или не испораката на стоки да претставува
дело на измама во осигурувањето потребно е:
- извршителот со умисла да ја преземал активноста извршување во врска со
потонувањето на бродот;
- активноста на извршителот да е во причинско – последична врска со
потонувањето на осигурениот брод или со загрозување на претходно осигурениот
терет;308 и
- извршителот на почетокот на извршувањето на делото измама во
осигурувањето да не се откаже од извршување на започнатото дело.

305
Независно од тоа дали активноста е извршена со претходна согласност на последиците од страна на
сопственикот на бродот, затоа што овде се работи за измамничка активност.
306
„Кој ќе уништи, оштети или ќе ја направи неупотреблива туѓата работа, ќе се казни со парична казна
или со казна затвор а...“ (член 212, КЗ РС) Во случај на намерн предизвикување на потонување на
осигурениот брод се санкционира и предизвикувањето на општата опасност и измамата во
осигурувањето.
307
Ова се однесува на складирање на стоката во пристаниште, а не во местото на производство.
308
На пример, ова дело нема да постои ако на пр. извршителот презема активност адекватна за
предизвикување на потонување, а во меѓувреме настане бура во која бродот би потонал без разлика на
претходно планираната активност.
92
При тоа, загрозувањето на осигурениот поморски транспорт по согласноста на
сопственикот во случај на измами во осигурувањето никако не претставува основ за
исклучување на противправност на делата и тоа поради причина што токму основната
мотивација на сопственикот на бродот или стоката (или на двете) е со извршување на
делото противправно да ја стекне осигурената сума.
Напротив, согласноста на сопственикот на бродот може да биде отежнителна
околност. Затоа што, суштината на ова дело се остварува по пат на планско
предизвикување на потонување, односно општа опасност, како и прикривање на
другите кривични дела (кражби, грабежи, криумчарења, загрозување на сообраќајот со
опасна активност и опасно средство и слично).
Посебен проблем кај овие измамнички активности е тоа што тие во најголемиот
број на случаи се вршат на отворено море, по правило со учество на професионално
обучени членови на посатата кои се стручно оспособени готово во целост (на
измамнички начин) да организираат, спроведат и прикажат потонување или губење на
теретот како последица на виша сила.
На пример, современите достигнувања во сателитската навигација на искусниот
заповедник на бродот му овозможуваат многу прецизно да го предвиди времето на
пристигнување на помош од другите бродови во однос на праќањето на СОС сигналот,
да го постави пловидбениот агол на бродот во однос на брановите така да
потонувањето е неизбежно, а намерата да се потопи бродот точно на местото каде
длабочината е повеќе илјади метри е недокажувачка или многу тешко докажувачка,
итн.
Врз основа на наведеното, а имајќи во предвид дека поморскиот превоз и инаку
е поврзан со постојано присатни опасности на морето, следи дека во овие случаи е
многу тешко да се утврди дали се работи за кривичното дело измама во осигурувањето
или потонување поради виша сила.
При тоа, со Законот за поморска и внатрешната пловидба, за разлика од Законот
за облигациски односи со кои прецизно е пропишана содржината на полисата,
единствено е одредено дека полисата треба да ги содржи сите одредби од договорот за
осигурување со кои се утврдува обврската на осигурителот да изврши надомест на
штетата од осигурувањето.309
3.2.5. Видови на измами во поморското осигурување. Една од најчестите
поделби на измамите во поморското осигурување е по основ на времето на
извршувањето, те, дали измамата е извршена при склопување или при реализација на
договорот. Како и во другите видови на осигурување, склучувањето на договор за
осигурување на пловила и терет претставува најчесто правен основ за исплата по основ
на оштетно барање, а договорите во поморското осигурување се склопуваат, како што
е веќе наведено, врз основа на Законот за поморска внатрешна пловидба.

309
Член 735, став 3 од Законот за поморска и внатрешна пловидба.
93
Измамите при склучувањето на договор се појавуваат во два основна вида:
Прво, при склучувањето на договор за осигурување на брод или терет
договорувачот не смее да премолчи ниту една околност ни факт која има влијание на
процената на висината на ризикот.310
На пример, една од честите форми на измама во осигурувањето е
премолчувањето на точните податоци за вредноста на бродот и теретот, односно
пријавување на нереално високи вредности на стоката која се осигурава и затоа овој
вид на измама може да се изврши исклучиво при склучување на договор. Исто така, во
врска со овој вид на измама во осигурувањето, при склучувањето на договорот
возможно е прерано склучување на надосигурувањето.311
Второ, измамите при поднесување на оштетното барање се јавуваат во две
форми: кога бродосопственикот претрпел штета и кога не претрпел никаква штета.
Кога осигуреникот претрпел штета во вид на тонење на бродот или на друг
начин, осигуреникот (бродосопственикот) докажува дека не влијаел на создавањето на
хаваријата, односно дека не постапувал во договор со посадата, те. дека не станува
збор за баратерија. Значи, во случаите кога осигуреникот претрпел штета, пресуден
факт е дали потонувањето било предизвикано со знаење или без договор со
сопственикот, односно заповедникот на бродот.312

310
Измама постои само во случај ако осигураникот ги премолчи околностите кои го зголемуваат
ризикот, додека околностите кои го намалуваат ризикот не се од значење за постоење на поморската
измама.
311
Член 932, став 1 од Законот за облигациски односи: „Ако при склучувањето на договор едната страна
се послужи со измама и на тој начин ја договори свотата на осигурувањето поголема од стварната
вредност на осигураниот предмет, другата страна може да бара поништување на договорот.“
312
„Бродосопствениците го осигурале својот брод Michael кај Lloyďs по стандардните општи правила на
осигурувањето. Полисата го покривала и ризик од баратерија...на бродот дошло до повеќе дефекти едно
по друго на бродските постројки, а потоа бродот го зафатило и невреме...По неуспешните обиди да се
поправат постројките, заповедникот упатил СОС сигнал и повикал спасувачи. Прв до загрозениот брод
стигнал влечниот брод Rescуe. Поради немирното море кабелот наменет за теглење не можел да се
префрли на Michael се до 07,30 часот истиот ден... Надгледувањето му било доверено на офицерот кој се
викал Комисерис...Набрзо по тоа кабелот за теглење бил испуштен од Michael без ничија наредба и
видна причина (а потоа бродот потонал). Lloyďs, меѓутоа одбил да ја исплати штетата сметајќи дека
Комисерис го потопил бродот со знаење на бродосопственикот, односно осгуреникот... Изрекувајќи ја
пресудата, судијата во овој случај го рекол следново: ...дека поради фактичката состојба и изјавата на
сведоците произлегува дека воопшто не е веројатно дека бродосопствениците сакале да го видат својот
брод уништен, извлекувајќи свој заклучок од низата околности (на пр. ризикот со кој со тоа би се
изложиле, финансискиот успех од нивниото работење кој одел по нагорна линија, итн.)“ – Радовиќ З. и
др, цит. дело, стр. 73 - 74.
94
Кога осигуреникот не претрпел никаква штета, а пробува да наплати
осигурување се работи за вршење на ова дело од страна на сторител по занает или се
работи за организирана криминална група. Овие посебно опасни и сложени измами во
осигурувањето стручно и професионално ги вршат организирани криминални групи, а
многу ретко поединци. Во овие случаи, значи, осигуреникот ја пријавува штетата и
истовремено испоставува барање за надомест на штетата по основ на осигурување,
иако се работи за непостоечко потонување на брод. Во врска со претходното,
специфичната измама во осигурувањето се врши и кога осигуреникот претрпел штета,
но без директна врска со осигурениот ризик, а која ќе ја пријави како последица од
настапување на осигурениот случај.
Исто така, во голем број на случаи, осигуреникот настојува да ја прикаже
штетата поголема од што е навистина.313
Постојат повеќе видови на измами во поморското осигурување и тоа врз основа
на следниве критериуми:
- според субјектите на измами, измамите во поморското осигурување ги делиме
на оние кои ги извршуваат сопственикот или посадата на бродот (осигуреник) и
измами од страна на осигурителот;
- во однос на времето на настанокот измамите во поморското осигурување ги
делиме на оние кои се вршат пред товарењето (од страна на испорачателот на стоката),
измами во текот на транспортот од страна на превозникот – бродарот, односно
бродосопственикот, измами кои ги вршат капетанот на бродот и посадата, како и
измами по извршениот истовар, односно испораката на стоката од страна на
корисникот на бродскиот превоз – купувачот на стоката.314
Врз основа на овој критериум, исто така, постои и поделба на измами при
склучување на договор за осигурување,315 измами при поднесувања на оштено барање,
како и измами во врска со документите за осигурување. Измамите во врска со
документите за осигурување, односно измамите во врска со инструментите на
меѓународната трговија (те. плаќање) од посебна важност се за изучување на измамите
во осигурувањето.

313
Но, тоа не значи дека секое пријавување на поголема штета од вистинската воедно претставува и
проба за измама. Проба за измама на овој начин во секој случај ќе се смета, пријавувањето на двојно
поголема штета од настанатата или, на пр. пријавување на висината на оштетувањето на бродот во износ
поголем од неговата пазарна вредност. Ваквите измами често пати се изведуваат по претходен договор
со проценителите.
314
Меѓутоа, оваа поделба е со условен карактер, затоа што измамите во поморскиот сообраќај, како и
останатите видови на измами во осигурувањето, во се поголема мера ги вршат и другите учесници
(транспортери до пристаништето, магационери, шпедитери, агенти за осигурување, хавариски комесари,
проценители на штета, ликвидатори, вешти лица, контролори и други).
315
„Нигеријскиот увозник обично бира мала фирма од Хонг Конг или Тајван од која купува евтина
стока како што се на пример батериските ламби. Извозникот подготвува две збирки на стоковни
документи – на вистинска и зголемена вредност на стоката. Потоа купувачот ја осигурува стоката на
зголемената вредност во Нигерија кај една позната осигурителна компанија со меѓународно значење.
Следи превоз на стоката за кој се издава теретница по налог на испраќачот која содржи податоци за
95
„Бројот на измами во надворешно-трговинското работење во светот алармантно
се зголеми во последниве десетина години. Во меѓународниот превоз на стоката,
посебно по морскиот пат, се почесто без трага исчезнуваат кафе, цемент, нафта, турбо-
генератори, итн. Има оправдани причини да се верува дека во повеќето од овие случаи
стоката за која е издадена превозната исправа никогаш и не била натоварена на
превозното средство.“316
При тоа, основните исправи во меѓународната трговија кои се најчесто средство
за измама, како што е веќе наведено, се документациониот акредитив и документите
кон него, од кои најважна е полисата на осигурување и коносманот (теретницата).
Документациониот акредитив е еден од најчестите начини на плаќање во
меѓународната трговија. Овој начин на плаќање подразбира уплата (од страна на
купувачот) на договорената сума кај акредитивната банка, со истовремено давање на
налог да се изврши исплата во корист на продавачот, кога овој ќе го исполни својот дел
од обврските кои се однесуваат на договорените услови за трговинската трансакција
(испорака на стоки, рок, квалитет, количество и друго).
Значи во моментот на испораката на стоката со договорениот квалитет и
количество, по претходно издадениот налог на купувачот, акредитивната банка врши
уплата на договорената сума на сметка на продавачот. При тоа, акредитационата банка
врши плаќање во корист на продавачот, по што тој ги приложува пратечките
документи како што се фактура, коносман, полиса за осигурување, односно откако ќе
приложи адекватни сертификати за потеклото и договорениот квалитет на стоката.
Целта на овој начин на плаќање во меѓународната трговија е спречување на
измами, но очекуваниот резултат, изостанал. Затоа што измамите во врска со
документациониот акредитив најчесто се однесуваат на испорака на стоки со
неадекватен квалитет со поднесување на неточни пратечки документи, сертификати и
отпремници, а исто така една од најчестите измами во поморското осигурување е во
врска со коносманот (теретницата).

фиктивната стока и претставува основна исправа која е потребна за да може измамата успешно да се
изврши. По пристигнувањето на стоката во нигериското пристаниште увозникот организира провална
кражба додека стоката се уште се наоѓа во пристанишното складиште која што хаварискиот комесар ќе
ја потврди во својот извештај. На крајот увозникот на збирката стоковни документи издадена на
стварната вредност на стоката ќе ја искористи за царинење на стоката, додека збирката издадедна на
зголемената вредност на стоката ќе ја искористи за остварување на надомест на штетата од
осигурителот. Цитираната вредност на измамата има и свои подваријанти кај кои се користи само една
збирка на стоковни документи.“ – Радовиќ З. и др, исто, стр. 70.
316
Радовиќ З. и др., цит. дело, стр. 35.
96
При тоа, коносманот (теретницата) е најважниот пратечки дел од
документарниот акредитив, како начин на плаќање во меѓународната трговија и
транспортот. Теретницата ја издава превозникот, а за валидноста на коносманот од
пресудна важност е дали е комплетен, односно тој мора да ги содржи сите
задолжителни податоци за стоката како што се: подаци за превозникот, договорените
рокови, местото и терминот на утовар, местото и времето на истовар, како и дали е
издаден во потребен број на примероци. Исто така, возможни се и измами при
преносот на коносманот.317 Издавањето на тнр. чисти теретници значи потврда на
превозникот дека договорот за превоз и испорака на стоката е во целост испочитуван.
Една од најчестите измами во осигурувањето во врска со теретницата е
издавање на антидатиран теретен лист со цел противправна наплата на осигурената
сума, те. остварување на права по основ на осигурување. Исто така возможно е и
измамничко издавање на теретниот лист, на пример, кога стоката воопшто не е
натоварена на бродот318 и, во врска со тоа, намерното запишување на погрешен датум
на утовар или истовар, внесување на други фиктивни податоци во коносманот и
слично.
Полисата на поморското осигурување,319 како една од најважните исправи која
ја следи работата на меѓународното трговинско работење, исто така, може да
претставува средство за извршување на измама во осигурувањето. Затоа, со Законот за
поморска и внатрешна пловидба одредена е обврска оваа полиса на осигурување да
мора да содржи одредби за надомест на штетата во случај на непочитување на
одредбите од договорот.
Значи, треба да се има во предвид дека во сите видови на осигурување, па и во
транспортното, односно поморското осигурување, „имателот на полисата нема право
на надомест на штетата затоа што е во сопственост на полиса, туку затоа што има
својство на осигуреник и затоа што претрпел штета поради настапување на
осигурениот случај.“320

317
Преносливиот теретен лист задолжително гласи на договорената стока, што овозможува преносот
задолжително да се изврши во рамките на договорениот рок, како и да се врши пренос на теретниот ист
на следниот купувач (во случај на продажба на стоката во транзит). При тоа, измамата е возможна на пр.
во случај на внесување на неточни податоци при преносот на податоците за пратечката документација,
намерното давање на погрешни транспортни инструкции, итн.
318
„За овој превоз на оружје испоставени се теретници во Рио со ознака „натоварено на брод.“ Врз
основа на презентираната документација Bank Melli во Париз на продавачот му исплатила 56 милиони
долари. Овој терет никогаш не стигнал до Иран. Подоцнежната истрага утврдила дека бродот навистина
постоел под името Sydkust, но неговата носивост од 20 тони ни случајно не била доволна за превоз на
стоката за која теретниците биле испоставени. Набрзо по тоа бродот и бил продаден на една шведска
компанија а потоа и препродаден на Англичани. Либанецот исчезнал, но пред тоа успеал парите да си ги
префрли на својата сметка во Швајцарската Banque de la Mediterranè.“ – Радовиќ З. и др., исто, стр. 46.
319
За полисата како исправа во осигурувањето детално е изложено во одделот за договри во
осигурувањето.
320
Радовиќ З., Теретница и полиса на осигурување, Стопанско – правен прирачник бр.7, Белград, 1980
година, стр. 43.
97
Инаку, веќе наведовме дека измамите по пат на злоупотреба на полисата на
поморското осигурување најчесто се однесуваат на претходно не пријавување на
интерес осигураниот случај да настапи, потоа свесно и планско наведување на неточни
податоци во полисата, вршење на пренос на правата од осигурувањето во случаи кога
веќе настанала штета на стоката, итн.
3.2.6. Индиции за измами во поморското осигурување. Основан сомнеж за
вршење на измами во осигурувањето со потонување на осигурениот брод и теретот
постои во случаи на ангажирање на ниско кредибилен превозник, финансиски
проблеми на сопственикот на бродот или стоката, посада која веќе учествувала во
сомнителни потонувања на бродови, ангажирање на брод стар преку дваесет години,
инсистирање на висока сума за осигурување во однос на вистинската вредност на
пловилото (надосигурување), превоз на исклучително вреден терет со брод чија општа
состојба и возните карактеристики не се во склад со вредноста на теретот, избегнување
на внесување во договорот на класификациони клаузули, итн.321
Исто така, индиции дека се работи за поморска измама во осигурувањето се и
потонувањето на бродот во време на недефинирани (безпричински за потонување)
метеоролошки услови, потонување во време и на место на кое немало географска
логика тамо да биде бродот, со обзир на планираната пловидбена маршута;
непланирано (без причина) влегување, пред потонувањето, во пристаниште кое не било
предвидено во планираната пловидбена рута;322 влегување на посадата во чамци за
спасување, те. во бродот – спасувач, а на пр. сите се уредно избричени, со комплетно
спакуван личен багаж, без знаци на повреди или психотрауми и, на крајот, во случаите
кога посадата од прифатното пристаниште невообичаено брзо исчезнува во непознат
правец, пред да стигнат агентите од осигурителното друштво за да им земат изјави за
околностите на потонувањето на бродот.323
Како што е веќе наведено, при вршењето на измамата во поморското
осигурување, потребно е со преземената активност извршителот да произведе
последица на пловилото во вид на конкретна или апстрактна опасност, 324 но не е
неопходно бродот и навистина да биде потопен.

321
Со класификационата клаузула осигурителот спречува измами така што го условува превозот со брод
кој има адекватни пловни карактеристики (на пр. задолжително ограничување на староста на бродот).
322
Овој маневар извршителите на измама често пати го превземаат поради вршење на истовар „на црно“
непосредно пред потонувањето на бродот со осигураниот товар.
323
„Две недели по испловувањето на бродот на бродосопственикот јавено му е дека бродот касни при
доаѓањето поради дефект на бродските машини. Следното обавестување кое го добил
бродосопственикот било дека бродот потонал источно од Шри Ланка. Агентите на Lloyďs кои сакале да
ја интервјуираат посадата во Шри Ланка која се спасила со чамци и да ги прегледаат чамците но не
стигнале на време. Чамците биле продадени, а посадата „на брзина“ одлетала од Коломбо од кај што и се
губи секој траг.“ – Радовиќ З. и др., исто, стр. 51 – 52.
324
Кога не би постоел елементот општа опасност во случај на потонување на брод, тогаш
пристапувањето кон извршувањето на ова дело би можело, на пример, да претставува оштетување на
туѓи предмети.
98
Значи, ова дело во обид настанува во моментот на преземањето на адекватните
активностите за предизвикување на потонување на брод.
Исто така, добороволното намалување или отстранување на штетните
последици од ова дело, на пример со навремено давање на знаци за узбуна, не може да
претставува основ за ослободување од одговорност на извршителот на измамата во
осигурувањето, односно предизвикување на општа опасност, но може да претставува
основ за ублажување на казната.
3.2.7. Соццијално - психолошки карактеристики на извршителите на
измамата во осигурувањето во поморскиот сообраќај. За извршителите на овој вид
на измами во осигурувањето, карактеристични се пред се, стручноста и обученоста за
вршење на поморски транспорт, како и специфичниот начин и средство за доведување
во заблуда на осигурувачот за разните причини за потонувањето или оштетувањето на
бродот и товарот.
Извесно е дека морнарската професија е исклучително сложена и дека
подразбира адекватни, не ретко и највисоки стручни квалификации и академско
поморско образование, затоа што непосредни извршители на потопувањето на бродот
може да бидат исклучиво членовите на посадата на чело со капетанот на бродот, а
нивното знаење и искуство се подразбираат.
Исто така, задолжителен елемент на ова дело е постоењето на умисла, намера и
свест за делото и последиците од преземените активности за извршување од страна на
капетанот на бродот и посадата (што често пати укажува на баратерија).325
Значи, извршителите најчесто делуваат во организирана група на пр. со
сопственикот на бродот и теретот, односно капетанот и другите бродски официри на
чело, покажувајќи при тоа невообичаена одлучност, обученост и стручност.326
Бидејќи сите наведени сторители заедно ја прават организираната криминална
група, многу е силно меѓусебното чувство на солидарност, конспиративност, односно
припадност на група, така да неопходна е исклучително висока професионалност и
обученост на истражителите (најчесто приватни, ангажирани од страна на
осигурителот) како би се докажала пред судот измамата во поморското осигурување со
потопување на брод.
3.3. Измами во осигурувањето на моторните возила. Наглиот развој на
патниот сообраќај последично предизвика и интензивен развој на овој вид на
осигурување во дваесетиот век. Како последица од развојот на овој вид на
осигурување, се појавиле и измами во осигурувањето на моторните возила.

325
Baratteria (итал.) = противзаконска активност на капетанот или посадата на бродот на штета на
бродосопственикот или некој друг (на пр. осигурител).
326
Прашањето на налогодавач, најчесто бродосопственик, но и сопственикот на стоката и други, е многу
посложено и претставува голем проблем за утврдување, а предмет на истрагата на агенатот за
осигурителните друштава првенствено е оспорување на права на исплата на сумата на осигурување
поради измамничка активност.
99
Затоа што, „почетокот на институтот за гаранција за ризици од штети во
сообраќајот настанал кон почетокот на минатиот век, можеме да кажеме, со појавата на
автомобилите и нивната поширока употреба на јавните патишта.327 А тој почеток не
бил задолжително осигурување од автоодговорност, туку положување на парична
гаранција. Во 1912 година во Норвешка била воведена обврска за положување на
парична кауција од 20.000 круни, како претходен услов на корисникот да му се дозволи
вклучување на моторното возило во сообраќај.“328
При тоа, нема сомнеж во тоа дека употребата на моторните возила е
исклучително корисна во условите на модерниот живот и стопанската дејност.
Осигурувањето на моторните возила е директна последица на интензивниот развој на
патниот сообраќај во текот на дваесетиот век, со сите позитивни, но и негативни
последици од овој развој. Пример како една општествено корисна активност
(извршување на превоз со моторно возило), може без намера, односно влијание на
свеста и волјата, да помине во една деструктивна, дури и криминогена активност, се
бројните сообраќајни незгоди. Затоа што токму во овие „услови на модерниот живот,
токму оваа, општествено корисна активност неминовно повлекува штета, а бројот на
жртвите и енормните материјални штети во сообраќајните незгоди секојдневно тоа го
потврдуваат.“329
На пример, „бројот на повредените и погинатите во сообраќајните несреќи во
Србија без Косово од 1980 до 1 јануари 2006 година изнесува готово половина милион.
По бројките, погинал еден цел град со големина на Лозница или Рума, односно
34.493 лица. Во светот сообраќајните несреќи до 1990 година однеле околу 30 милиони
животи...Се проценува дека до 2020 година, сообраќајните несреќи како причинител на
смртта, ќе се качат на третото место.“330
Еден од предусловите за вршење на измама во осигурувањето е предизвикување
на штетен настан. Во врска со тоа, постојат два основни вида на штета: материјална
(имотна) штета и нематеријална (неимотна) штета.

327
На пример, само пред сто години автомобилскиот сообраќај бил на таков стадиум да се водела јавна
расправа за тоа дали се поопасни гласните или потивките автомобили (затоа што тивките автомобили се
наводно поопасни, затоа што неприметно се приближуваат кон пешаците, и може да ги загрозат).
328
Петровиќ З., Кнежевиќ В., Надомест на штетата создадена во сообраќајна несреќа, Глосаријум,
Белград, 2009 година, стр. 9.
329
Шулејиќ П., Право на осигурување, петто издание, Правен факултет, Белград, 2005 година, стр. 393.
330
Петровиќ З., Кнежевиќ В., Надомест на штетата создадена во сообраќајна несреќа, Глосаријум,
Белград, 2009 година, стр. 7 – 8.
100
Материјалната (имотна) штета има два основни вида: прво, тоа е обична
331
штета под која подразбираме вкупна штета на возилото и предметите кои биле во
сопственост на осигуреникот пред сообраќајната несреќа, а второто е губење на
добивката,332 односно „корист која некој ја очекува и која би ја остварил да не била
штетната активност.
Загубата на профитот спаѓа во имотни штети и претставува форма на конкретна
штета, и затоа треба да се разликува од изгубената добивка, како и од идната и
апстрактна штета.“333
Исто така, имотната штета се надоместува по настапување на смрт, повреда на
тело или здравје на некое лице, а исто така подразбира и трошоци за лекување на
повреденото лице, изгубена заработка за време на лекувањето, издатоци за туѓа нега и
помош во домашните работи, надомест во случај на трајна загуба, општа или делумна,
работоспособност или намалена животна активност др.
Во случај некое лице да погинало во сообраќајна несреќа, осигурителот има
обврска на неговите сродници, односно лицата кои ќе докажат дека имаат право на тоа,
да ги надомести трошоците за погребот, надгробниот споменик, изгубеното
издржување и слично.
„Нематеријална штета, односно најчести форми на нематеријална штета се
надомест за претрпен бол поради здобиените повреди, односно смртта на сродникот,
надомест за претрпената страв, за настанатата зацрнетост, како и за останатите видови
на штета.“334
3.3.1. Околности кои се во корист на вршењето измами во осигурувањето на
моторните возила се задолжителното осигурување од автоодговорност, особеност на
умисла кај измамите во осигурувањето на моторните возила и особеност на
алеаторноста кај измамите во осигурувањето на моторните возила.
Под активност на измамите во осигурувањето, и во XX век се подразбира
уништување, оштетување или криење на било каков осигурен предмет или потопување
на брод (со или без товар) - што претставува идентично решение како и во претходниот
период, но со инкриминацијата е значително пошироко опфатен начинот на
извршување (уништување, оштетување или криење на осигураниот предмет), како и
останатите бројни нови, во меѓувреме воведени за употреба и опфатени со
осигурување сообраќајни средства (оној „кој ќе предизвика да потоне или да се насука
брод или било какво друго сообраќајно средство“).

331
Лат. damnum emergens.
332
Лат. lucrum cessans.
333
Правна енциклопедија, Современа администрација, Белград, 1979 година, стр. 642.
334
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс, Белград, 2007 година,
стр. 129. (Пошироко за тоа: Петровиќ З., Кнежевиќ В., Надомест на штетите создадени во сообраќајните
несреќи, Глосаријум, Белград, 2009 година). Исто така и: пресудата на Врховниот суд на Србија, Рев. бр.
1500/80, 1402/82, 1047/85 и 839/93.
101
3.3.1.1. Осигурување од одговорност за штета причинета на трети лица.
Основа за настанок на осигурувањето од одговорност е Препораката број 5 од Одборот
за патнички сообраќај при Организацијата на Обединетите нации со која 1949 година
било предвидено склучување на спогодба помеѓу поедини земји, основање на
Канцеларија за сообраќај и воведување на системот зелена карта во меѓународното
осигурување на возилата и учесниците во сообраќајот.335
Задолжителното осигурување на моторните возила и издавањето на зелена карта
во меѓународното осигурување воведено е врз основа на Лондонската конвенција од
1953 година, Страсбуршката конвенција од 1959, Хашката конвенција од 1971 година и
Критската спогодба од 2002 година.
„На 36-тото општо собрание на Советот на Бирото за зелени карти, одржано на
30 и 31.5.2002 година на Крит, прифатен е новиот систем на зелена карта, кој се
заснова на одредбите на Општите правила, кои стапиле на сила на 1.7.2003 година.
Општите правила ги обединуваат сите одредби кои што ги уредуваат договорните
односи помеѓу националните бироа, а кои порано биле разделени во подсистеми на
зелените карти, поточно во Лондонската и Мултилатералната спогодба за гаранција
помеѓу бироата. Новата, единствена спогодба всушност ги задржува двата подсистема:
систем на зелена карта и систем на регистарска плочка.“ 336
Овој вид на осигурување на моторни возила се врши на основа на наведени
(ратфикувани) акти со кои на меѓународното ниво се регулирани меѓусебните односи
на осигуреникот, осигурителот и оштетениот.
Осигурувањето од автоодговорност е вид на задолжително осигурување со кое
учесниците во сообраќајот се штитат од ризикот на одговорност за штетата причинета
на другите учесници во сообраќајот по пат на надомест на штетата од страна на
осигурителот. При тоа, основни карактеристики на осигурувањето од одговорност се:
надомест на штетата на трети лица (при што нема право на надомест на штетата
сопственикот, сосопственикот или корисникот на возилото кој ја предизвикал
несреќата); важењето на полисата не престанува со промена на сопственикот на
возилото; возможност третите (оштетени) лица директно да му се обратат за надомест
на штетата на осигурителот; во случај на стечај на осигурителот, оштетениот има
обврска во рок од осум дена да склопи нова полиса со друг осигурител; оштетениот
има право на надомест и на материјалната и на нематеријалната штета.

335
Зелената карта е меѓународна исправа - потврда за склучено осигурување издадена од претставник –
членка на Меѓународното биро. Таа прв пат се јавила во праксата 1952 година по Препорака на
наведениот Одбор. При тоа дефиниран е ликот и бојата на картата (зелена) и пропишаната содржина на
исправата на англиски и на француски јазик. Целта на издавање на зелената карта е осигурување на
возилата и возачите во меѓународниот сообраќај, односно надомест (регулирање) на штетата
предизвикана со остварениот ризик, те. употреба на моторно возило во странство.
336
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс, Белград, 2007 година,
стр. 132.
102
Осигурувањето од автоодговорност е вид на задолжително осигурување со кое
сите учесници во сообраќајот учествуваат во солидарна распределба на ризикот,
односно надоместот на штетата која без своја вина ја претрпува некој од учесниците во
сообраќајот.
По пат на овој вид на осигурување се „раздвојува прашањето за надомест на
штета од прашањето за виновност за таа штета, така да во прв план се става
надоместот, а дури по тоа, во односите помеѓу осигурителот кој ја надоместил штетата
и осигуреникот кој е виновен се решава прашањето за одговорност за вина. Ова
раздвојување има силна морална подлога, затоа што неправично е оштетениот да го
сноси ризикот на инсолвентност и теретот доказ за виновност на својот штетник.“337
При тоа, основен критериум за одговорност во областа на сообраќајот, па и за
одговорност за штета причинета на трети лица, се вина и предизвикување на штета.
Како што е веќе наведено, вината е субјективен елемент на противправност, а со
Законот за облигациски односи338 усвоена е таканаречена претпоставка на вина.
Но, „се претпоставува само најблагата форма на вина, додека нејзиниот потежок
степен (грубо невнимание и намера) се претпоставува само ако таквата претпоставка е
со законско правило изричито утврдена, или ако од смисол на односното законско
правило тоа недвосмислено произилегува.“339 Одговорноста по основ на
последователност или предизвикување на штета подразбира за предизвиканата штета
да се одговара без разлика на вината.
Исто така потребно е штетата да потекнува од опасни работи и од предметната
штета да поттекнува зголемената опасност по околината.
При тоа, „со осигурувањето од одговорност не е занемарено прашањето за
причина за настанок на штетата, ниту пак е даден поттик за невнимание и злоупотреба
на сигурноста кое тоа му го дава на штетникот, на пр. со предизвикување на штета на
другиот осигуреникот може често и самиот себе си да си нанесе штета: на пример,
автомобилист со непрописно возење на својот автомобил може да ги доведе во
опасност и својот живот и имот.“340

337
Шулејиќ П, Право на осигурување, петто издание, Правен факултет, Белград, 2005 година, стр. 392.
338
Чл. 154, став 1 од Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89,
„Сл. лист на СРЈ“, бр. 31/93).
339
Петровиќ З., Чоловиќ В., Мрвиќ – Петровиќ Н., Задолжителни осигурувања и сообраќај и надомест
на штета, ЈП „Службен гласник,“ Белград, 2010 година, стр. 203.
340
Шулејиќ, исто.
103
Исто така, „обврската на друштвото за осигурување по основа на
задолжителното осигурување ограничена е со сума на осигурување, односно со
осигурелна сума важечка на денот на настанокот на штетниот настан, ако со договорот
за осигурување не е договорена повисока сума. Со закон е одредена најниската сума,
односно осигурениот износ. Најнискиот осигуран износ, кој е со Закон одреден, е
износот под кој осигурителот не може да склучи договор за задолжително осигурување
со осигуреникот. Тоа не значи дека осигурителот е ограничен, во тој дел, како што
рековме, дека не може да го склучи договор со осигураникот на поголем износ од
предвидениот во Законот, нормално со одредување на осигурителна премија.“341
Специфичностите на осигурувањето од автоодговорност во однос на останатите
видови на осигурувања се следниве: со закон е пропишана задолжителност (императив
на примената) на овој вид на осигурување за сите сопственици на моторни возила;
примарна е реализацијата на наведените законски обврски те склучувања на овој вид
на осигурување, а полисата првенствено е доказ за исполнување на законските
обврски, додека потребата на осигуреникот за склучување на овој вид на осигурување
е секундарна; последица од не склучување на овој вид на осигурување е
оневозможување од страна на државата за користење на приватниот подвижен имот -
моторно возило во јавниот сообраќај и, на крај, само сопственикот на возилото обврзан
е да го склучи овој вид на осигурување, за разлика од другите видови на осигурување.
Сите останати корисници на предметното возило (возачи – на пр. во случај на
изнајмување, иматели по разни основи, итн.) немаат никава врска со склучувањето на
задолжителното осигурување на моторни возила, што е случај во повеќето други земји,
еден од ретките исклучоци е Швајцарија каде обврска за склучување на договор за
одговорност имаат и претпријатијата кои се занимаваат со производство, поправка или
промет на моторни возила.
Исто така, положбата на осигуреникот те. сопственикот на возилото во однос на
правото на обештетување е специфична, затоа што во овој осигуран случај се работи за
право на исплата на сума на осигурување кое не се однесува на осигурениот во потесна
смисла на зборот– сопственикот на моторното возило (кој е договорна страна -
осигуреник), туку спрема оштетениот кој со осигурувањето нема формално – правна
врска.
При тоа, со овој вид на осигурување штетниците се ослободуваат од последици
на граѓанскоправна одговорност342 без разлика дали лицето кое управувало во сударот
бил осигуреник- сопственик на моторно возило, корисник или некое трето лице.

341
Петровиќ З., Чоловиќ В., Мрвиќ – Петровиќ Н., цит. дело, стр. 17.
342
Со закон е пропишан минимален износ на осигураната сума (на пр. поради смрт, инвалидитет, разни
повреди или оштетувања на возилата).
104
Со осигурувањето од авто одговорност опфатени се сите (идни) оштетени
учесници во сообраќајот, а не само договарачите како што е случај во повеќето видови
на осигурувања, додека со овој вид на осигурување покриени се ризиците од
создавањето на осигурениот случај и тоа во сите случаи на штети причинети по вина
на возачот на осигураното возило со други возила – возачи, како и трети лица (на пр.
пешаци), во согласност со законски пропишаната висина на сумата на осигурувањето
3.3.1.2. Карактеристики на умисла кај измамите во осигурувањето на
моторните возила. Како и кај другите видови на измами во осигурувањето, и кај
измамите во осигурувањето на моторни возила основниот општ елемент е умислата.
Но кај поедини измами во врска со осигурувањето од автоодговорност
карактеристично е специфичното единство на нехат и умисла кое не постои кај
останатите видови на измами во осигурувањето. Затоа што, апсолутното мнозинство на
сообраќајните несреќи настанува од нехат, те. не е присатна причинско– последична
врска со настанок на штетен настан, претходна желба, свест и волја на сторителот за
вршење на измами во осигурувањето.
Но, отсаството на умисла во повеќето случаи на сообраќајните несреќи не значи
дека умислата во одреден помал процент не се јавува дополнително, или, дури, дека
претходно не била присатна како елемент на делото (на пр. во најтешките случаи на
вршење на ова дело од страна на организираните криминални групи).
Имено, постои можност во првата фаза од ова дело на измама ненеханата
(штетна) активност со оштетување на возила како последица да биде само вовед,
предходна фаза, предуслов за премин во следната, вина фаза, те. намерно извршување
на измама во осигурувањето на моторни возила.

Затоа што како што постои коегзистенција на нехат,343 така постои и


специфична коегзистенција на нехат–и умисла во разни фази на измама во
осигурувањето на моторните возила (а веќе наведовме дека умислата е задолжителен
општ елемент на секоја измама во осигурувањето, па така и измамите во
осигурувањето на моторните возила). Имено, законот изричито ги одредува само
следниве два вида на умисла: директна344 и евентуална.345 Но, во случаите на измама во
осигурувањето на моторните возила, постои и тнр. дополнителна умисла, која „се
создава по извршената активност, односно предизвиканата последица. Таа
(дополнителна умисла) се манифестита во одобрување на последицата која е
предизвикана поради нехат, па и случајно.“346

343
Коегзистенција со нехат ја прават „случаи кога до настапување на последиците на едно кривично
дело придонеле повеќе лица кои своите дејности ги превземале со небрижност (свесна или несвесна).
Најчесто овие дела се случуваат токму при вршење на кривични дела против безбедноста во сообраќајот
или против општата сигурност по луѓето и имотот,“- Јовашевиќ Д., Лексикон на кривичното право, стр.
679. Значи, коегзистенција со нехат и умисла постои кога повеќе лица со својата небрижна активност –
свесна или несвесна и со умисла- дополнителна или директна, придонесуваат кон вршењето на едно
105
Инаку, присуството на дополнителна умисла при вршењето на измами во
осигурувањето не постои при вршење на други видови на измама, додека по правило
во случај на сите други кривични дела "умислата мора да постои во исто време со
активноста.“347
Овој премин од нехатна активност во дополнителна умисла во специфичните
услови на измами во осигурувањето има и своја трета фаза, а тоа е премин во директна
умисла (во последната фаза од извршување на делата).
Во овој сложен случај на коегзистенција на нехат и умисла, те. премин од нехат
во последователна умисла (и, на крајот, во директна умисла), последователната умисла
претставува врзувачки, важен елемент на психички однос на сторителот кон
сопственото дело на измама во осигурувањето. Значи, во случајот на измама во
осигурувањето на моторни возила, постои можност за специфичен, сукцесивен премин
од небрижност во последователна умисла, а потоа и во директна умисла.
Истовремено, овде се работи за сукцесивно извршување на повеќе дела во
коегзистенција348 од областа на безбедноста на сообраќајот и делата против имотот, те.
измами во осигурувањето.

кривично дело, во овој случај измама во осигурувањето. Пошироко за коегзистенција со нехат:


Јовашевиќ Д., Лексикон на кривичното право, ЈП „Службен лист на СРЈ“, 2002 година, стр. 679 – 680.
344
При тоа, директната умисла подразбира претходен висок степен на свеста за делото и последиците
од истото.
345
Те. директна умисла (лат. = dolus directus) и евентуална (лат. = dolus eventualis) - „кривичното дело е
сторено со умисла кога сторителот бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување или кога
сторителот бил свесен дека може да го направи делото па се согласил на тоа“ (чл. 25 од КЗ на РС).
346
Срзентиќ и др, цит. дело, стр. 245.
347
Исто, стр. 245 – 246.
348
Се работи за реална хетерогена коинциденција.
106
3.3.1.3. Карактеристики на алеаторноста кај измамите во осигурувањето
на моторни возила. Како што е наведено, повеќето сообраќајни незгоди се создаваат
поради нехатна активност на штетникот, те. без негова претходна волја и согласност на
последиците.349 При тоа, исклучок постои во многу мал број на случаи кога измамите
во осигурувањето се вршат во вид на занает од страна на организирана криминална
група кога е присатен, наместо алеаторност, комутативност како посебен елемент на
овој вид на измами во осигурувањето на моторните возила. Затоа што за разлика од
другите случаи со елементи на неизвесност,350 алеаторноста во областа на
сообраќајните несреќи по правило подразбира претпоставка за нехат, те. одсуство на
секоја намера и свесност на сторителот дека ќе предизвика штетен настан. Значи,
специфичноста на алеаторноста на штетниот настан во сообраќајот се содржи во тоа
што непланираната последица од активноста на штетникот (во првата фаза) во
повеќето случаи не е во корелација со конечната последица-измама во осигурувањето,
туку само претставува технички предуслов за создавање на измама, затоа што
најголемиот број на сообраќајни несреќи последично не прераснуваат во измама во
осигурувањето. Дури во идната фаза, кога штетникот врз основа на учество во
измамничката активност, а не на основа на улогата во штетниот настан, прифаќа
фиктивна вина (иако не е вистински штетник во сударот) или, обратно, и покрај
евидентната вина, по основ на осигурување од друг учесник, ја санира штетата на
своето возило, доаѓа до извршување на измама во осигурувањето.За реализација на
измама во осигурувањето на овој начин неопходна е согласност од другиот учесник во
сударот за учество во вршењето на измама во осигурувањето.
3.3.2. Видови на измами во осигурувањето на моторни возила. Генерално,
сите осигурувања на моторните возила ги делиме на задолжителни и доброволни. При
тоа, осигурувањето од одговорност поради употреба на моторни возила опфаќа
задолжително осигурување на сопственикот на моторни возила од одговорност за
штетата сторена на трети лица, осигурување од одговорност на превозникот за стока
при транспорт и сите други осигурувања од одговорност во врска со употреба на
моторни возила.
Измамите во осигурувањето на моторни возила може да се класифицираат по
следниве критериуми, односно видови: како што е веќе наведено, по критериумот
задолжителност на склученото осигурување постојат измами во задолжителното
осигурување и измами во доброволното осигурување на моторни возила, а по времето
на создавање овие измами ги делиме на измами настанти пред штетната случка351 и
измами настанти по штетната случка (те. при ликвидација и наплата на штетата).

349
При тоа би требало да се има во предвид наведеното во врска со исклучително сложениот правно
теориски аспект на виновност при вршењето на измама во осигурувањето (посебно - премин од фазата
нехат во фазата директна умисла).
350
На пример, игара на среќа.
351
На пример, при склучување на договор за осигурување.
107
По степенот на стручната оспособеност извршителите на овие измами ги
делиме на оние извршени во вид на занает, те. од страна на професионално обучени
лица (сообраќајни инжењери и техничари, автомеханичари, автолимари и други
експерти од автогранките, итн.) и лица кои не поседуваат специфични стручни знаења
од областа на сообраќајот, познавање и одржување на моторните возила и сообраќајни
средства; по улогите во ликвидацијата на штетите извршителите на овие измами ги
делиме на измами направени од страна на професионални лица352 - (осигурителни
агенти, ликвидатори на штета, вешти лица и други службени лица) и осигуреници –
поединци, извршители на измамнички активности.
По критериумот службена должност извршителите на измамнички активности
ги делиме на службени лица во вршење на службена должност (цариници, сообраќајци,
те. оние кои работат на увид на сообраќајните несреќи, вработените во итна помош,
вработените во ургентните и другите медицински установи353 и останатите лица -
извршители, соучесници или помагачи – кои на посреден или непосреден начин
учествуваат во вршењето на измамнички активности.354 По штетните последици овие
измами ги делиме на измами во кои изавршителот на измамата не претрпел никаква
штета и измами во кои извршителот претрпел извесна штета. Од наведените видови на
измами во осигурувањето на моторни возила најважна е поделбата по времето на
настанок на штетниот настан, те. при преземање на возила во осигурување и измами
кои настанале по штетниот настан, те. при ликвидација и наплата на штета:
Прво, во рамките на измамата во осигурувањето пред настанокот на штетниот
настан,355 те. при преземање на возила во осигурување, порано биле многу присатни
случаите на противправното одобрување на бонус на лица кои во текот на претходната
година го изгубиле ова право поради предизвикување на сообраќајна несреќа.356

352
„Познати се примери од праксата кога при склучување на договор за осигурување во третиот
примерок од полисата која служи за раздолжување, се запишуваат податоци за возило со пониска
категорија. Па така во првите два примерока од полисата кои им се предаваат на осигуреникот и на
Министерството за внатрешни работи, се содржат вистинити податоци, додека во третиот примерок
запишани се податоци од друго возило за кое инаку би се плаќала пониска премија. Па така имало
случаи при осигурување на автобус или теретни возила, во полисата за раздолжување да се внесуваат
податоци за возилото марка „Југо 45.“ Разликата помеѓу стварно наплатената премија и премијата за
наведеното возило од пониска категорија се присвојува, а на осигурителната компанија и се уплатува
многу понизок износ.“ – Радовиќ З. и др, цит. дело, стр. 248.
353
На пример, надлежни за издавање на медицинска документација за повреди во сообраќајните
несреќи, при потпишување на договор за осигурување, односно издавање на полиса и сл.
354
Во оваа група ги вбројуваме осигураниците – извршителите на измама, лица - доброволни
(фиктивни) жртви на сообраќајни несреќи, возачи, пешаци, велосипедисти и др.
355
Оваа поделба е условна (затоа што на пр. во оваа група измами спаѓаат и измамите кои се вршат со
превара антидатирање на полисата).
356
Наведените бонуси биле одобрувани во рамките на задолжителното осигурување од авто
одговорност, а изршители на измамата биле лица кои имале обврска да ги проверуваат овие околности
во име на осигурителните друштва. Меѓутоа, последните години осигурителите им ги одобруваат на
сите овие бонуси што може да значи дека поради конкуренцијата работат против сопствените интереси.
Меѓутоа, ниту едно осигурително друштво не бележи загуби на задолжителното осигурување од авто
одговорност.
108
Меѓутоа, се поприсутен е исклучително осмислениот начин на измама, а еден од
нив е претходно наведениот (пополнување на трет примерок од полисата на возило со
значително пониска категорија). Овој вид на измама готово е невозможно да се спречи
или да се открие на време, а се открива дури во случај кога на овој начин осигураното
возило ќе учествува во сообраќајна несреќа. На ист начин доцна се откриваат и готово
совршените компјутеризирани фалсификати на полиса на задолжителното осигурување
од авто одговорност, но во овие случаи не се работи за стекнување на делото измама во
осигурување и делото фалсификати (затоа што не ни дошло до склучување на
договорот за осигурување) туку се работи само за делото фалсификат (и, евентуално,
дело на измама на осигурување во обид).
Противправната последица од несовесното вршење на службената должност од
страна на осигурителните работници исто така и овозможување на склучување на
осигурани лица кои се во конфликт со правиот сопственик на возилото (на пр. во
случај на самоволно одземање на возилото на брачниот другар непосредно пред
започнувањето на бракоразводната парница и слично). Второ, измамите по
настанувањето на штетниот настан се извршуваат со порано опишаната дополнителна
умисла која во финалната фаза на извршување на делото поминува во директна
умисла.
Во почетната фаза од оваа измама се вршат подготвително-измамнички
активности (договори) за ликвидација на штетата врз основа на осигурување, потоа,
измамнички активности при ликвидација на штета и, на крајот, измамнички
активности при наплата на штета.
Подготвителната фаза при вршењето на измами во врска со сообраќајните
несреќи подразбира примена на одредени сообраќајно технички знаења (планирање на
сообраќајни несреќи, планирање - „усогласување“ на оштетените возила со идна
содржина на оштетно барање, вршење на поедини активности за прикривање на
виновникот на несреќата, и слично).
При ликвидација на штетите постојат измами во потесна смисла-кои ги врши
осигуреникот на основа на фалсификуваната документација за штетниот настан, и
измами во пошироката смисла, кои се вршат со активно учество или на ликвидаторот
на штетата (кој прави намерни пропусти во утврдувањето на релативните факти) или
со организирање на цел низ лица кои учествуваат во измамата како коизвршители,
односно помагачи.
Во вториот случај се работи за најтежок вид измама во осигурувањето на
моторните возила, те. фиктивната сообраќајна несреќа која се „случила“ само во
приложената сообраќајно - техничка документација.357

357
Пример за една ваква сложена измама ќе прикажеме во идното поглавје.
109
При наплата на штетата се подразбира преземање на најразлични измамни
активности со цел наплата на разни видови на материјална и нематеријална штета кои,
инаку, немаат важни врски со настанокот на осигурениот случај. При тоа, не постојат
граници во фантазијата на сторителите при противправната наплата на штетата при
измамите во врска со осигурувањето на моторните возила.358
Најчести видови измами по основ на осигурување на моторните возила се:359
- Измами во врска со медицинската документација. „Типични случаи
забележани во судската пракса се однесуваат на резултатите од медицинските
вештачења: потрес на мозок, и во врска со тоа, појава на психооргански
посткомоционален синдром, склоност на повредениот кон некои последици
предизвикани од телесна повреда, последица на губење на слезина, повреди на
вратниот дел од рбетот.“360
Вршењето на овие измами често пати е поврзано со активно (криминогено)
учество на докторот за паричен надомест во вид на мито, а возможно е и извршување
поради несовесно и површно вршење на лекарската должност, затоа што повредите на
вратниот дел од рбетниот столб тешко се проверуваат со познатите медицински
методи.
Во овие случаи, на пример, учесникот во сообраќајните несреќи свесно и
упорно прикажува клиничка слика на наводно силни болки врз основа на повредите на
вратот, те го преувеличува чувството на болка361 или, на пример, поранешните повреди
или заболувања се прикажуваат како последица од сообраќајната несреќа.
- Организирање на фиктивна или стварна сообраќајна несреќа. Има многу
примери за овој вид на измама, а еден од најкарактеристичните е кога сторителот ќе го
оштети возилото во сударот за кој е самиот виновен, а потоа за надомест или поради
други мотиви организира нова сообраќајна несреќа со учество на возач кој ќе ја
признае вината со потпишување без примедби тнр. „европски извештај за сообраќајни
несреќи,“362 а врз основа на чија полиса (за задолжително или каско) за осигурување
потоа ќе изврши противправно санирање на штетата на своето возило.

358
Еден од најпознатите примери за овој вид на измама во осигурувањето е приватна болница од
околината на Крагујевац која со надомест, вршела хируршки рез на осигуреникот– возачот, или
патникот без било каква причина. Врз основа на „отпусната листа од хируршкото лекување од акутна
болест“, по враќањето во престојувалиштето, нашите работници во странство наплатувале високи суми
по основ на патно осигурување.
359
Во овој приказ, се работи за измами извршени во текот на 2010 година (извор:www.prevara info -
пребарување од 15.10.2010).
360
Петровиќ З., Кнежевиќ В., Надомест на штети настанати во сообраќајна несреќа, Глосаријум,
Белград, 2009 година, стр. 225.
361
Инаку, внесувањето на лекарски протокол на наведените симптоми (и нивното изедначување со
дијагноза) може да биде доказ во вонсудската и судската постапка за надомест на нематеријаланата
штета.
362
Fifth Directive 2005/14/EC of the European Parliament and of the Council of 11 may 2005 (Со патната
директива на Европскиот парламент од 12 јауари 2005 година, осигурителните друштва на своите
осигуреници имаат обврска да им го врачат образецот тнр. „Европски извештај за сообраќајни несреќи.“
110
- Фиктивна кражба на автомобил. Оваа измама се врши во случај кога
сопственикот на осигурениот автомобил пријавува кражба, а автомобилот пред тоа го
отстапил, со надомест, за продажба во земјата или во странство (за авто делови или за
комплетирање на возила, на основа на фалсификувана или откупена документација од
тешко хаварираниот или уништен, но легален автомобил). Во врска со наведеното,
присатни се случаи на пријавување на кражба дури откако автомобилот ќе ја напушти
земјата.
- Неточен износ во сметката за поправка. Честа појава е осигуреникот да
приложи сметки за поправка кои содржат ставки, односно трошоци за наводна
поправка и вградување на делови, кои немаат никаква врска со последиците од сударот
или кои не се во согласност со важечките цени на поправка во автосервисите. Исто
така, се пријавуваат и дефекти на каросеријата, уредбите и агрегатите кои не се
последица од сообраќајна несреќа туку се последица од поранешната редовна
експлоатација на возилото.363
- Ненавремено повикување на полицијата. Оваа измама не е самостален вид на
измама, туку се врши на пр. поради одалечување од лице место со цел уништување на
траговите од незгодата, поместување (во меѓувреме) на возилата на лице место те.
поради дополнителен, лажен приказ на условите за сообраќајната несреќа, итн. Исто
така, оваа измама често пати се врши поради прикривање на конзумирање на алкохол
од страна на возачот - штетникот (по правило до утредента, односно до трезнењето), а
се со цел избегнување на санкции по основ на прекршочна или кривична одговорност.
Оваа активност содржи елементи на измама во осигурувањето имајќи го во предвид
последичното губење на право по основ на осигурување на возила во случај на
конзумирање на алкохолни пијалоци во време на незгодата од страна на возачот -
штетникот.
- Измами во осигурувањето на моторни возила во соработка со агентот за
осигурување. Во овие измами учествува, индивидуално или како член на организирана
криминална група, претставникот на осигурителното друштво. На пример,
ретроактивно склучување на незадолжителни форми за осигурување на возила („каско“
осигурување) кога во рамките на измамничката активност дополнително се склучува
осигурувањето, кога е хаварирано возилото (со вршење на делото давање на мито од
страна на осигуреникот и примање на мито, како и злоупотреба на службената
положба од страна на работникот во осигурувањето).

Целта на воведувањето на овој образец е зголемување на ефикасноста и забрзување на постапката


обработка и исплата на штетите настанати во сообраќајните несреќи а, исто така, овој образец постапно
ќе го замени полицискиот записник за увидот. (Меѓутоа, злоупотребата при пополнувањата на образецот
од страна на учесниците во несреќата без присуство на полиција може да представува начин на вршење
на поедини измами во осигурувањето).
363
На пример, поправка на крајна спона или стакло на фар која не одговара на оштетувањето на другото
возило-учесник во сударот, а се настојува да се прикаже како наводна последица од сударот и сл.
111
Во овој случај агентот на осигурувањето и претставниците од осигурувањето,
навидум „случајно,“ при склучувањето на каско осигурувањето пропуштаат да ги
проверат бројот на моторот и шасијата, фотографираат друго, неоштетено возило со
регистарските ознаки на хаварираното возило, итн.364
- Измами во осигурувањето на моторни возила од страна на организирана
криминална група. Овој, посебно опасен и тежок за откривање претставува вид на
измама во осигурувањето на моторни возила, по правило, го вршат лица – примарни
делинквенти кои до мигот на апсењето важат за „мирни луѓе,“ угледни претставници
на своите професии и слично. Овие измами се вршат со сите карактеристики на
криминалитет на белиот околувратник, те. ги вршат членови на организирани
криминални групи.
При тоа, измамите во осигурувањето на моторни возила како дел од
криминалитетот на белиот околувратник, извршени од страна на организираната
криминална група се многу тешки за откривање поради следниве причини: се работи за
однапред испланирана и до детали разработена криминална активност; се работи за
многу добро структурирана група извршители, со јасна хиерархија во која еден или
најмногу двајца извршители ја осмислуваат целата измамничка активност, а исто така
коизвршителите и помагачите имаат прецизно утврдени улоги во согласност со
генералниот план на активности, со цел реализирање на измами во осигурувањето.
Во овие случаи на сложени измами во осигурувањето од страна на
организирани групи на извршители, се работи за формирање на навидум комплетна и
валидна документација за штетата (на пропишаните обрасци, записници со оригинални
печати и штембили за штетниот настан, медицинска документација, а се тоа
благодарјќи им на работните места на кои извршителите работат, по правило долг низ
години). По правило, членовите на групата – коизвршители до откривањето не се
регистрирани во казнените евиденции, а поедини членови на организираната
криминална група извршуваат поедини задачи во согласност со својата оспособеност
(квалификации).

364
Еден оваков случај во 2005 година на Winner broker осигурувањето му нанесе повеќе милионска
штета. Исто така возможно е внесување на регистерски таблички на неоштетено возило со помош на
фотошоп техниката во фотографијата на хаварираното возило, како што ќе видиме од примерите кои
следат.
112
При тоа, поради заедничките имотни и други интереси, многу е голем индексот
на групната кохезија, односно солидарност со цел прикривање на делото помеѓу сите
членови на криминогената група која врши измами во осигурувањето, а готово
единствен начини да се откријат измамите извршени од страна на вака
структурираната група365 се или банална грешка од некој од коизвршителите во
измамничкиот ланец или вградување од страна на органот за гонење инсајдери (тнр.
агенти провокатори).366
Од претходно наведеното следи дека сложениот вид на измами во
осигурувањето на моторни возила кои ги вршат организирани криминални групи
содржи најголем степен на општествена опасност, односно далеку е најопасен по
висината на штетата и е меѓу најтешките за откривање. Затоа што, извршителите на
овие измами по правило се професионалци кои имаат најмалку средно образование, а
најважни улоги при вршењето на измамнички активности имаат високо образуваните
експерти, со највисоки стручни кавалификации и академски титули.
Овој, како и останатите видови на криминалитет на белиот околувратник,
односно организираниот криминалитет, како што е од порано најавено, се врши
исклучиво со директна умисла, затоа што пристапувањето поради извршување
подразбира многу темелни подготовки како во оспособеност, намера и волја за
извршување, така и подоцна во правец прикривање на делото.
Во повеќето случаи делото измама во осигурувањето на моторни возила
подразбира учество на поголем број на коизвршители, суочесници и помагачи.367 Исто
така, за овој вид на криминалитет карактеристично е вршењето во форма на
продолжено кривично дело.

365
Ова од причина што повеќето членови на групата професионално извршуваат многу одговорни
работи и задачи кои се неспојливи со криминални активности (работници во Министерството за
внатрешни работи, правосудство, судски вешти лица, ликвидатори на штета во осигурителните куќи,
лекари во ургентните центри, итн).
366
Од седумдесетите години на деветнаесетиот век првите полицајци на специјални задачи (фран.=agent
provocateur), се појавуваат во француската тајна полиција, со задача да ги испровоцираат сомнителните
да сторат дело контролирани од страна на полицијата. Меѓутоа, денес, агент провокатор е специјално
обучено лице кое се вметнува во организираната криминална група поради увид во плановите за вршење
на кривични дела. Агентот провокатор применува методи многу слични на оние кои ги применуваат
разузнувачките служби (со таа разлика што овде се работи за сузбивање на класичен, имотен
криминалитет, а не за разузнувачко – безбедносни и контраобавестувачки работи). Инаку, современата
безбедносна доктрина не му дозволува на агентот провокатор навистина да испровоцира извршување на
делото, туку неговата улога е исклучително ограничена на собирање на податоци со цел спречување на
дело во обид.
367
Имајќи го во предвид степенот на општествена опасност и другите елементи на делото измама во
осигурувањето (умисла, мodus operandi, итн.) на овој вид на криминалитет, за делото измами во
осигурувањето од страна на организираната криминална група за постапување надлежен е специјален
тужител, односно Специјален суд за организиран криминал.
113
Особена специфичност на овие измами во осигурувањето е дека ова дело не може
самостално да се изврши, со конкретна активност, туку само во координација со други
дела, од кои најчесто во коегзистенција со измама, злоупотреба на службена положба,
фалсификување на службена исправа и со примање и давање на мито.
Врз основа на критериумот организирање на штетен настан постојат два
основни вида на измама во осигурувањето од страна на организирана криминална
група: прво, измама со делумно организиран штетен настан кога штетниот настан
однапред ќе се подготви и делумно ќе се случи, но без важни штетни последици и,
второ, измами со целосно изостанување на штетниот настан (те. формирање на
фиктивна документација). При тоа, далеку општествено најопасен е наведениот втор
вид на измами во осигурувањето, кога организираната криминална група по пат на
фалсификувана документација, со соработка на поголем број на службени лица
конструира осигуран случај и ја наплатува осигураната сума.
3.3.2.1. Измама во осигурувањето на моторните возила со делумно штетен
настан.368 Еден од познатите случаи на овој вид на измами во осигурувањето на
моторни возила се случил во периодот 2009 – 2011 година во Нови Сад и Зрењанин.
При извршување на оваа сложена измама во осигурувањето организирани се
сообраќајки со минимални последици, по што се поднесувале енормни барања за
надомест на штета по основ на задолжителното и доброволното осигурување на
моторни возила поради наводно претрпените (фиктивни) телесни повреди.
Modus operandi на овие организирани криминални групи се состоел од
претходно детално испланирано, намерно предизвикување на сообраќајни несреќи.369
Потоа, на сцена стапувале членовите на групата – „изнајмени“ учесници и сведоци.
При тоа, сообраќајните полицајци, надлежни за увид на сообраќајните несреќи со
надомест, составувале од порано договорени записници на лице место, а медицинската
документација ја набавувал подмитениот медицински кадар.370

368
...Во продолжение на акцијата за сузбивање на корупцијата, припадниците на МВР на Србија на
територијата на Зрењанин и Нови Сад уапсиле 15 лица, поради основан сомнеж дека извршиле повеќе
кривични дела. Осомничените, во периодот од 2009 до 2011 година, на територијата на Зрењанин и Нови
Сад, повеќе пати по претходен договор намерно предизвикувале сообраќајни несреќи, наоѓајќи ги
учесниците за истите, за што им давале по 100 евра, по што пријавувале лажни телесни повреди, како би
наплатиле нематеријална штета од осигурителните куќи, а добиените пари од исплатата на штетите ги
делеле помеѓу себе. На полициските службеници им плаќале 1.000 евра за извршените увиди и
направените записници за собраќајните несреќи, а на медицинската работничка во повеќе наврати и се
плаќани по 100 евра за да ја набави потребната медицинска документација. Осомничените на овој начин
се стекнале со имотна корист во износ поголем од 200.000 евра, а на штета на осигурителните куќи
„Дунав,“ „ДДОР,“ „Делта Џенерали,“ „Милениум,“ „АС,“ „Таково,“ „Уника,“ и „АМС Осигурување.“
(извор: www.osigurajtese.rs, пребарување од 10.10.2010 год.)
369
На помалку видно место, са мала фрквенција на сообраќај, по правило без присуство на стварни
сведоци. При тоа, за соучесниците хонорарот изнесувал сто евра.
370
За внесување на фиктивни податоци во полициските записници хонорарот на сообраќајците бил од
500 до 1000 евра. (Индикативен е прекарот за сообраќајците кои на измамнички начин ги извршуваат
увидите во сообраќајните несреќи – „златни коки.“ Извор: Истражно одделение на Вториот општински
суд во Белград).
114
По претходниот договор (те. по незгодата) „учесниците–жртви“ пријавувале
наводни повреди кај медицинскиот работник – член на организираната криминална
група, чија задача била да констатира наводни повреди, односно да набави лажна
медицинска документација.371 Оваа, лажна медицинска документација претставувала
главен доказ кон оштетното барање.372 При тоа, висината на хонорарот била усогласена
со согласност и влијание на поедини членови на групата за наплата на сумата за
осигурување. 373
Припадниците на оваа организирана криминална група за вршење на измами во
осигурувањето уапсени се во текот на 2011 година.
3.3.2.2. Измама во осигурувањето на моторните возила со непостоечки
штетен случај. Пример за друг, најопасен вид на измами во осигурувањето е долг низ
на измами во осигурувањето извршени од страна на организирана криминална група
почнувајќи од средината на 2004 до јуни 2006 година.
Групата делувала низ цела Србија, како и во Република Српска, а оваа
организирана криминална група се состоела од полицајци, цариници, фотошоп
дизајнери, судски вешти лица, проценители на штети од осигурителни друштава, како
и други коизвршители.
Во овој предмет, познат како „сообраќајна мафија“, modus operandi се состоел
од сосема конструирано постоење, те., формирање на предмет врз основа на
фалсификување на комплетна документација за сообраќајни незгоди. Значи вршењето
на овие измами во осигурувањето подразбирале, наизглед, валидна документација за
сообраќајни незгоди кои воопшто не се ни случиле.
На пример, во текот на измамничкото формирање на предметот за незгоди,
односно измами во осигурувањето, „крунски“ доказ, покрај сообраќаецот, овозможиле
и фотографите - експерти за компјутерска обработка на фотографии во фотошоп
техниката монтирале фотографии со навадно хаварирани возила за списот предмети.374
Потоа својот дел во измамата (записници, сертификати и сл.) го вршеле работниците
на МВР и царината.

371
За хонорар од сто евра.
372
На пример, за само две наводно оштетени возила наплатено е од „Делта осигурување“ дури милион и
пол динари. Покрај јадрото на групата - четири полициски службеници на Полициската управа на
Зрењанин и други шест лица од овој град, групата била составена и од поединци од Лазарево, Ботош,
Каќ и Банатски Деспотовац.
373
На пример, за само две наводно оштетени возила наплатено е од „Делта осигурување“ дури милион и
пол динари. Покрај јадрото на групата - четири полициски службеници на Полициската управа на
Зрењанин и други шест лица од овој град, групата била составена и од поединци од Лазарево, Ботош,
Каќ и Банатски Деспотовац.
374
Се работело за примена на фотошоп техниката - во фотографијата на оштетеното возило внесена е
регистарска табличка од неоштетеното, а каско осигуреното возило. Криминалистичко - тактичкиот
аспект за начинот на откривање на оваа група, условен е навидум, со еден банален детал. Имено,
совесниот службеник приметил дека на тешко оштетените возила постојат неоштетени регистарски
115
На крај, со претходно подмитување, ангажирале и проценители од поедини
осигурителни куќи375 кои се согласувале со овие енормно високи, сосема фиктивни
ошетни барања. При тоа, записниците за штетата формирани се на вистински обрасци
и по, навидум, реални параметри (иако на проценителите им било познато дека
комплетните податоци за сообраќајната несреќа се фалсификувани). На овој начин,
оштени се повеќе осигурителни куќи за голема, енормна сума на пари.
Записниците за несреќата, како и другата документација, биле „потврдувани“ со
налозите на вешто лице со највисоко образовно ниво–доктор на технички науки. Значи,
спрема точно поделени улоги, 376 поедини, многу стручни коизвршители извршувале
конкретни измамнички задачи, готово идентични на секојдневните работи кои ги
вршеле на своите работни места.377
Како и во претходно наведениот случај, клучна улога имале сообраќајците кои
за надомест, те. мито го формирале основниот доказ во оваа измама во осигурувањето -
записник за увидот.
Карактеристично е дека при вршењето на овие сложени измами во
осигурувањето на моторните возила сите документи од списот предмети кои се
однесуваат на возачот – наводниот учесник во сообраќајната несреќа - од полиса,
лична карта и возачка дозвола на возачот до формуларот од записникот – биле
изработени на оригинални обрасци, со оригинални печати и штембили, во со законот
пропишана форма (сем што внесените податоци за сообраќајната несреќа биле
комплетно фиктивни, те. лажни).378

таблички (затоа што се работело за фотомонтажа на таблички од не оштетени возила од иста марка и
боја).
375
Станува збор за проценители од „Дунав осигурување“ и осигурителната куќа „Винер“ кои добиваат
измеѓу двеста и четрсто евра по предмет, а во неколку случаи надоместот бил и дваесет проценти од
наплатената штета.
376
„Со лажни документи - лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, полиси за осигурувања – оделе
кај припадниците на МВР Србија кои биле на нивниот платен список. Сообраќајните полицајци на
основа на таа фалсификувана документација, правеле записници за извршениот увид. Наводно, на лице
место, оштетените возила биле фотографирани и снимени на ЦД. За оваа услуга, сообраќајните
полицајци земале од 500 до 1.000 евра по извршениот "увид." Навидум уредната документација за
настапување на осигураниот случај, поткрепена со монтирани фотографии на ЦД и лажни записници,
завршувала во осигурителните друштва. Најмногу штети претрпело "Делта осигурување, "Винер
осигурување, ДДОР "Нови Сад", Здружение на осигурителни друштва на Србија и Црна Гора и "АМСС
осигурување." Свој дел од колачот добивале и проценителите на штети, но дури откако ќе се завршела
целата работа, односно кога документацијата ќе поминела кај осигурителното друштво, а парите од
оштетата ќе легнат на жиро сметка.“ - Извор: "Новости" од 15.11.2006.
377
Овие работи опфаќале набавка на оригинални и копии на сообраќајни и возачки дозволи,
фалсификувани полиси за осигурување, лажни сметки за наводно купени автоделови, фиктивни сметки
за шлепување и поправка на „оштетените“ возила, набавка и проследување на проценители и адвокати
фотографии со наводно оштетените возила од Босна и Херцеговина (кои, по обработката во фотошоп
техниката „добивале“ новосадски таблички).“ (извор: www.osigurajtese.rs, од 15.09.2011.)
378
Доказ дека се работи за исклучително осмислена измама е и фактот дека полицијата при следењето
на криминалните активности на членовите од оваа група, те. собирањето на материјални докази за
поднесување на кривични пријави за измама во осигурувањето, го применила опишаниот, многу сложен
метод на вградување на полициски соработник – инсајдер (агент провокатор) во оваа организирана
криминална група.
116
Инаку, членовите на оваа организирана криминална група правосилно се
осудени поради вршење на измами во осигувањето и други кривични дела на вкупно
преку педесет години затвор.379
Значи, сите сложени измами во осигурувањето на моторни возила како и сите
останати видови на „измами во осигурувањето спаѓаат во областа на тнр
„криминалитет на белиот околувратник“ (white collar crime) те. криминалитет кој го
вршат деловните луѓе, јавните службеници или професионалци, индивидуално или во
рамките на стопански корпорации, преку секојдневната работна дејност...
Спрема податоците од Соединетите Американски Држави и Канада, од
вкупниот број на барања за надомест на штета од осигурување (било да е осигуран
автомобилот од ризик кражба или оштетување или да се работи за осигурување од
одговорност на сопственикот на автомобилот) околу 10-20 % од барањата се лажни.“380
3.3.3. Индиции за измама во осигурувањето на моторните возила. Фактите и
околностите кои укажуваат на можноста постоење на измами се следниве: оштетување
на возилата кои не одговараат на карактеристиките и ситуацијата на предметниот
штетен настан; неконзистентно и нелогично однесување на учесниците по штетниот
настан; невообичаено брза поправка на возилото – учесник во незгодата; навидум
идеално санирани (по наводите во оштетното барање) многу тешки оштетувања;
поправка на возилата (пријавени оштетувања) пред поднесувањето на пријавата на
осигураниот случај, односно поднесување на барање за надомест на штета; енормна
штета на возило чија, инаку општа употребна и пазарна вредност е под знак
прашалник.
Исто така, индиција за измама е и изостанок на било какво несогласување
помеѓу учесниците во несреќата, готово моментално потпишување на „европскиот
записник за сообраќајната несреќа“ и тоа без ниту една примедба од страна на
учесниците во сообраќајната несреќа; сообраќајната несреќа која се одигрува на
недостапен, периферен пат кој по своите карактеристики не е адекватен за настанокот
на осигурениот случај (мала фреквенција на сообраќајот, осамено место – далечна
периферија, општа неусловност на местото на несреќата за настанок на штетниот
настан, итн.) по правило изостанок на сведоци и слично.
Меѓутоа, постапката на учесниците која претставува апсолутна индиција, дури
и доказ за извршување на измами во осигурувањето е реторзија на оштетни барања, те.
взаемно признавање на вина со истовремено поднесување на две оштетни барања кај
два различни осигурители.

379
Кривичниот совет на Специјалниот суда вчера осудило на вкупно 51 година и десет месеци затвор 24
лица против кои се водела постапка поради малверзации во врска со наплата на непостоечки штети во
сообраќајните несреќи, од осигурителните друштва во Србија, Босна и Херцеговина и другите земји...
Судот утврдил дека криминалната група ја организирале Слободан Кнежиќ и Зоран Станојевиќ во текот
на 2005 година, а дека им се придружиле полицајци, судски вешти лица, проценители на штета и
цариници. Извор: "Новости" (9.6.2007 година.)
380
Радовиќ З., цит. дело, стр. 245 - 246.
117
3.3.4. Штета исклучена од задолжителното покритие. Многу е мал бројот
на учесниците во сообраќајот кои се исклучени од задолжителното осигурување на
моторните возила. Исто така, со Законот за осигурување на имот и лица381 пропишано
е кои лица „немаат право на надомест на штета по основ на осигурување од
одговорност.
Тоа се: сопственик, односно корисник, косопственик и друг имател на моторно
возило со чија употреба направена е материјална штета, без разлика дали е управувано
со моторното возило во моментот на настанокот на штетата, те. наведените лица нема
да имаат право на надомест на штета, дури и кога со возилото, со чија употреба е
направена штета, управало друго лице, а не сопственикот, корисникот, односно
косопственикот на тоа возило.“382
Од надоместокот по основ на осигурување од автоодговорност исклучен е и
возачот на моторното возило со чија употреба е направена штета, возачот кој е
одговорен за штетата и лицето кое учествувало во противправното одземање на
моторното возило со чија употреба била предизвикана штетата.“383
Исто така, лица кои немаат право на надомест на штета од автоодговорност се
возачи - учесници во настанот со голем степен на ризик како што се „авто трки, превоз
на нуклеарен материјал и превоз во околности на војни маневри, војни вежби, побуни и
други акти, ако постои причинска врска помеѓу тие случувања и создадената штета.“384
При тоа, поедини посебни прашања, односно околности можат да претставуваат
посредни или непосредни фактори кои влијаат врз вршењето на измами во
осигурувањето од автоодговорност:
- „првото прашање се однесува на косопственичкиот однос и формата на своина
во однос на возилото;
- потоа, прашање на право на надомест на штета на брачните другари и деца на
лицето кое е одговорно за сообраќајната несреќа и на основа на чија полиса тие го
имаат тоа право. Посебно мора да се посвети внимание на ситуациите кога брачниот
другар управува со возилото кое не е заеднички имот, туку е посебно, и кое како такво
е внесено во брак;
- прашањето кое се однесува на ситуациите кога возилото, со чија употреба е
направена штета, украдено, и можност лицата кои учествувале во кражба на возила да
стекнат својство на „трето лице“ кога доживеале сообраќајна несреќа со тоа возило, а
кога за несреќата е одговорно друго лице;

381
Член 85 од Законот за осигурување на имот и лица („Сл. лист на СРЈ,“ бр. 30/96, 57/98, 53/99 и 55/99).
382
Петровиќ З, Чоловиќ В, Мрвиќ – Петровиќ Н, Задолжителни осигурувања во сообраќајот и надомест
на штета, ЈП „Службен гласник,“ Белград, 2010 година, стр. 38.
383
Петровиќ З., Кнежевиќ В., Надомест на штетите направени во сообраќајни несреќи, Глосаријум,
Белград, 2009 година, стр. 53.
384
Член 21 од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот на Република Србија („Сл. гласник
на РС“ број 51/09).
118
- конечно, прашање за стекнување на својство „трето лице“ од страна на
осигурителното друштво, кое тоа право го стекнува врз основа на правото на регрес
кон друго осигурително друштво.“385
Исто така, лицата кои ќе претрпат штета „со употреба на возила на авто и
картинг трки, како и на тренинзи во истиот спорт нема да имаат право на надомест на
штета по основ на осигурување од автоодговорност и тие лица не спаѓаат во
категоријата „трети лица“. Сличен е случајот и со превозот на нуклеарен материјал.“386
Значи, милиони сообраќајни несреќи без сомнеж претставуваат адекватен терен за
вршење на голем број на измами во осигурувањето на моторни возила, затоа што
според податоците на најголемите осигурителни куќи,387 измамите во осигурувањето
на моторни возила опфаќаат и износ од десет проценти од сите вкупно исплатени
штети.
3.3.5. Надомест на штетата предизвикана со возило со странска
регистрација. „Пропишана е и постапка за надомест на штета предизвикана со
употреба на моторно возило со странска регистрација. Лицето кому му е причинета
штетата поднесува барање во едно од друштвата кое што врши осигурување од
автоодговорност. При тоа, ако друштвото за осигурување кај што е поднесено
оштетното барање со потребната документација не го исплати надоместот на штетата,
тогаш оштетеното лице има право оштетното барање да го поднесе кај Здружението на
осигурителните организациии на Србија. Доколку Здружението не го исплати
надоместот на штетата по барање со потребната документација, тогаш оштетеното
лице може да поднесе тужба против Здружението на осигурителните организациии на
Србија.“388 При тоа, „граничното осигурување се склучува со рок на траење кој се
поклопува со времето на престојот во Србија, со тоа што договорот не може да биде
склучен на време пократко од петнаесет дена.“389

385
Петровиќ З., Чоловиќ В., Мрвиќ – Петровиќ Н., Задолжителни осигурувања во сообраќајот и
надомест на штета, ЈП „Службен гласник,“ Белград, 2010 година, стр. 42.
386
Петровиќ З., Чоловиќ В., Мрвиќ – Петровиќ Н., исто, стр. 41.
387
„Спрема проценките на експертите кои се занимаваат со измами во осигурувањето, осигурителните
куќи годишно поради измами губат и до 10% од вкупно исплатените штети, поради што важно е да се
работи на уништувањето на измамите, истакнаа деновиве во разговор со новинарите експертите од
Grawе осигурувањето ...Измамата најтешко се открива кај малите износи на штети, велат во Grawе
осигурувањето. Се работи, на пример, за обиди на сопственикот на возилото да договори каско
осигурување за порано оштетено возило. Во правило станува збор за ветробрански стакла и помали
површински оштетувања. Но, се сретнувавме и со случаи на поголеми оштетувања, па дури и со случаи
каде при склучување на каско осигурување се фотографирани други возила“ (извор: www.prevara info -
пребарување од 15.10.2010)
388
Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс, Белград, 2007 година,
стр. 132.
389
Исто.
119
Специфичната измама во осигурувањето на моторните возила со странска
регистрација се состои во непоседувањето на важечко осигурување од автоодговорност
во моментот на предизвикувањето на сообраќајната несреќа, но во тој случај „штетата
која е предизвикана со употреба на возила со странска регистрација чиј сопственик не
се осигурал од авто-одговорност се надоместува од гарантниот фонд.“390
3.4. Измами во осигурувањето на лица. Осигурувањето на лица, со имотното
осигурување, е еден од двата основни вида на осигурување. При тоа, со осигурувањето
на имотот опфатено е осигурувањето на објекти и предмети, као и нематеријалната
штета создадена при штетниот настан, а со осигурувањето на лица опфатено е
животното осигурување и осигурување од последици на несреќниот случај.
При тоа, помеѓу двете наведени основни видови на осигурување (осигурување на
лица и осигурување на имоти) постојат значителни разлики. Разликите се со суштинска
природа и се однесуваат на начелата, целите на осигурувања и практичните
поединости. Но исто така, постои и одреден број на заеднички елементи на овие два
основна вида на осигурување, те. осигурување на лица и осигурување на имот.
Првата значителна разлика помеѓу осигурувањето на имот и лица се однесува на
видот и природата на осигурениот ризик. Затоа што, додека кај осигурувањето на имот
од ризик помалку или повеќе изразен во паричен износ (максимално до вредноста на
осигурениот предмет или нешто, односно договорената сума на осигурување), во
осигурувањето на лица се осигуруваат вредностите кои не може да се искажат, односно
кои не се мерливи со парични параметри, а тоа се животот и човековото здравје.
Поради тоа висината на сумата на осигурување на лица исклучиво е одредена со
висината на договорената сума во договорот за осигурување.391
Значи, основна цел на осигурувањето на лица е исплата на осигурената сума во
случај на настапување на осигурениот случај, а не надомест на штета предизвикана со
штетен настан (како во случајот на имотното осигурување). Тоа значи дека
осигурувањето на лица нема обештетувачки карактер туку на осигуреникот или
корисникот на осигурувањето единствено му обезбедува исплата на однапред
договорена сума во случај на смрт, доживување или несреќен случај.392

390
Исто. Инаку, со стапување на сила на Законот за осигурување престана „да важи Законот за
осигурување на имот и лица („Сл. лист на СРЈ,“ бр. 30/96, 57/98, 53/99 и 55/99), освен одредбата за
задолжително осигурување (чл. 73. – 108, чл. 111. и 112.) и одредaба за доверување на јавни овластувања
(чл. 143-146).“ – да се види: член 245 од Законот за осигурување („Сл. Гласник на РС,“ бр. 55/94, 70/04,
61/05, 85/05, 101/07, 63/09 и 107/09).
391
Член 942 од Законот за облигациски односи: „Во договорите за осигурување на лица (осигурување на
живот и осигурување од несреќен случај) висината на осигураната сума која осигурителот е должен да ја
исплати кога ќе настапи осигурениот случај се утврдува во полисата спрема договорот на договорните
страни.“
392
Затоа што, сумата на осигурувањето која осигурителот ја исплатува во рамките на осигурувањето на
лица претставува специфична противпрестација на осигурителните премии.
120
Во согласност со наведеното, во осигурувањето на лица, за разлика од имотното
осигурување, не е неопходно докажување на висината на претрпената штета (која е
ирелеватна per se), туку единствен предуслов за исплата на осигурената сума е самиот
настанок на осигурениот случај.
Имајќи го во предвид наведеното, корисникот на осигурувањето може без
препреки да кумулира барање за надомест на штета. Затоа што, „во нашето право
прифатено е сфаќањето по кое кумулирањето се забранува во осигурувањето на
имотот, а се дозволува кај осигурување на лица.“393
Сепак, исклучително, во осигурувањето на лица постојат решенија кои
отстапуваат од овие принципи. На пример, „кога се работи за осигурувањето од
несреќен случај, важно е за прашањето кумулирање дали е осигурувањето
задолжително или доброволно, а посебно дали е осигурувањето од несреќен случај
договорено како осигурување од одговорност. Сем тоа, на посебен начин се решава
односот помеѓу заедницата за социјално осигурување и заедницата за осигурување на
имот и лица кога оштетениот ќе се појави како доверител и на едните и на другите.“394
Инаку, во осигурувањето на лица исклучена е суброгација на осигурителот во врска со
правото на осигуреникот кон трети лица – штетници, а исто така нецелисходно е
надосигурувањето, подосигурувањето и двојното осигурување, затоа што висината на
осигурената сума е единствен основ за висината на престацијата, односно исплатата на
осигурителната сума. Значи, измамите во осигурувањето на лица се последица од
непочитување на законски и договорни обврски од страна на договорувачите-
осигуреник и осигурител.
3.4.1. Индиции за постоење на измами во осигурувањето на лица се:
договарање на осигурување на лица во висина која не и одговара на социјалната
положба, односно приходите на осигуреникот; истовремено склучување на
осигурување на лица кај повеќето осигурителни куќи; склучување на осигурување кое
не е во согласност со професијата на осигуреникот; склучување на енормно високи
суми на осигурување од страна на лицата кои немаат покритие, односно за кои може
основано да се смета дека се занимаваат со перење на пари, те. со пласман во легални
парични токови на средствата набавени со криминални активности, а „ова посебно се
однесува на еднократното плаќање на премија, на пример, во најкраток возможен рок
уплатува 50.000 ЕВР.“395

393
Шулејиќ П., Право на осигурување, петто издание, Правен факултет, Белград, 2005 година, стр. 273.
394
Шулејиќ П., исто.
395
Петровиќ Т., Измами во животното осигурување и надомест на штети, стр. 382.
121
Потоа, индиции за измама во осигурувањето на лица се и трансакците со полиси
за кои може да постои оправдан сомнеж дека се склучени на непостоечки лица;
трансакции со полиси во кои учествуваат фирми за кои постои оправдан сомнеж дека
постојат само „на хартија;“ дополнително сознание дека осигуреникот бил ограничено
работно способен; дека се лекувал или се лекува од болести на срце и крвни садови; е
лечен или се лечи од болести на срцето и крвните садови; дека се лекувал или се
лекува од тумори, ендокрини или метаболички пореметувања; дека се лекувал или се
лекува од ендогена депресија или од други тешки психолошко – психијатриски
пореметувања; дека се лекувал или се лекува од болести на дигестивниот тракт и
урогениталните органи; дека се лекувал или се лекува од тешки форми на инфекции
(хепатитис, енцефалитис, полиомиелитис, менингитис и слично), односно дека е на
третман поради АИДС; дека се лекувал или се лекува од некоја системска прогресивна
болест (лупус, мултипла склероза, Алцхајмерова болест, параплегија, Паркинсонова
болест), итд.
Правните последици од обидите, односно извршувањето на измамите на
претходно опишаниот начин се одбивање на понудата за осигурување од страна на
осигурителите, за склучување на договор (но со плаќање на премија по основ на
осигурување на анормален ризик)396 или поништување на договорот. Значи, основни
санкции во случај на измама во осигурувањето на лица се имотните, а само во случаи
на исклучително опасни, криминогени активности, се применува отворање на кривична
постапка и примена на кривични санкции.
Бидејќи, како што е веќе наведено, алеаторноста е услов без кој не се може во
дејноста на осигурувањето, се подразбира дека секое намерно предизвикување на
осигурениот случај го ослободува осигурителот од обврската за исплата на
договорената сума по основ на осигурување на лица.397
Врз основа на напред наведеното, превенцијата од измамите во осигурувањето
на лица подразбира детална проверка на точноста на податоците од договорот, како и
перманетна контрола на сите важни промени за време на договорниот однос по основ
на осигурување на лица.
Значи, континуирано, детално информирање помеѓу осигурителите и
осигурениците за меѓусебните права и обврски при склучување на договорите, во текот
на осигурителниот период и при пријавата на настанок на осигурениот случај, те.
поднесувањето на барање за исплата на надомест по основ на осигурување претставува
најцелосен вид на превентивно делување во областа на сузбивањето на измамите во
осигурувањето на лица.

396
Во согласност со Општите услови за осигурување на животот и со Посебните услови за осигурување
со зголемен ризик.
397
Член 951 од Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89, „Сл.
лист на СРЈ“, бр. 31/93).
122
3.4.2. Карактеристики на договорот за осигурување на лица. Една од
специфичностите на осигурувањето на е лица која претставува поволна околност за
вршење на измами во осигурувањето, секако е можноста за склучување на договор за
случај на смрт или несреќен случај на трето лице.
Меѓутоа, оваа карактеристика е делумно и заедничка карактеристика со
поедини видови на осигурување од одговорност на имот, посебно на моторни возила,
те. по основ на законска обврска. Затоа што веќе наведовме дека во осигурувањето на
моторните возила исто така постои осигурување од одговорност за штетата нанесена
на трето лице.
Исто така, за сите видови на задолжително осигурување карактеристично е дека
се тие валидни и кога договорот за осигурувањето не е склучен во секој поединечен
случај, затоа што заштитната функција на задолжителното осигурување се содржи во
законските обврски, а не во склучувањето на договор за осигурување. При тоа, и кај
имотното и кај осигурувањето на лица возможни се различни видови на задолжително
осигурување.398
3.4.3. Видови на измами при осигурување на лица. Во најопштата смисла,
измамата во осигурувањето на лица „се состои во намерно преземање на одредени
активности или пропуштања на активностите на еден од договарачите или на трето
лице, со цел предизвикување или одржување на заблуди кај другиот договорувач, за да
си набави себе си или на друг материјална корист“399 по основа на осигурување на
лица.
При тоа, генерално, измамите во осигурувањето на лица ги делиме на два
основни вида: измами во животното осигурување и измами во осигурувањето од
несреќен случај.

398
На пример, како што е од порано наведено, кај имотното осигурување постои со закон пропишано
задолжително осигурување на моторни возила, пловила или воздухоплови, а кај осигурувањето на лица
постои на пр. задолжително осигурување на патници од последици на несреќн случај (на кои се
обврзани сопствениците на такси и рент-а-кар возила, автобуси, шински возила и воздухоплови, како и
сите останати превозници – сопственици на превозни средства кои вршат превоз на патници во вид на
дејност, те. со наплата на превоз).
399
Петровиќ Т., Измами во осигурувањето на живот и надомест на штети, Актуелни проблеми кај
надомест на штети и осигурувања (зборник), Интермекс, Будва – Белград, 2004 година, стр. 381.
123
Исто така, измамите во осигурувањето на лица ги класифицираме по следниве
критериуми: по критериумот задолжителност на склученото осигурување постојат
измами во задолжителното осигурување на лица и измами во доброволното
осигурување на лица. По времето на настанување на умислата кај овие измами ги
делиме на измами создадени пред осигурениот случај400 и измами создадени по
осигурениот случај; по времето на настанување на овие измами ги делиме на измами
кај кои умислата се создала пред склучување на договорот, непосредно по склучениот
договор за осигурување на лица, за време на договорот и идните измами при наплата
на осигурената сума.
По улогите на ликвидација на штетата на извршителите овие измами ги делиме
на измами кои ги прават професионални лица вработени во осигурителни друштва и
осигуреници (корисници) на осигурување на лица. По критериумот на службена
должност извршителите на измами во осигурувањето на лица ги делиме на службени
лица во вршење на службена должност (експерти за медицина, судски вештачења и сл.)
и останати лица, корисници - извршители, соучесници или помагачи (кои исто така, на
посреден или непосреден начин, учествуваат во вршење на измамнички активности).
3.4.3.1. Измамите во време на склучување на договорот за осигурување на
лица се најчести. Тие се вршат така што осигуреникот при склучување на договор
намерно го доведува во заблуда осигурителот давајќи му погрешни податоци, односно
свесно премолчувајќи некоја битна околност за правилна проценка на степенот на
ризик од страна на осигурителот. При тоа, „при склопување на договор за животно
осигурување, договорителот на осигурувањето е должен на осигурителот да му ги
пријави сите околности значителни за оцена на ризикот, кои му се познати или не
можеле да му останат непознати. За такви околности се сметаат сите оние за кои
осигурителот поставил писмени прашања во понудата на осигурувањето.“401

400
На пример, при склучување на договор за осигурување на лица, што ќе го разгледаме во идниот
оддел.
401
Општи услови за осигурување на живот за случај на смрт или доживување и настапување на
одредена тешка болест (ОУМТБ) „Меркур осигурување,“ а.д.о. - член 8, ст. 1 Општи услови (одл. УО од
19.12.2007 година).
124
Значи, измамничката активност во време на склучување на договор за
осигурување е секое неточно давање на податоци кое има за последица противправно
одредување на висината на премијата, осигурување на сума или, противправна
можност за склучување на договор. Во таа смисла под измамничката активност ќе се
смета давањето на неточни одговори на следниве две групи на прашања: прашања со
општ карактер и прашања во врска со здравствената состојба на осигуреникот. Прво,
во врска со прашањата со општ карактер, се подразбира давање на неточни податоци
од страна на осигуреникот за следниве важни факти за склучување на договор за
осигурување на лица како што се: не пријавување на околности дека осигуреникот веќе
склучил договор со друга осигурителна куќа; не пријавување на факти дека постојано
или повремено врши посебно опасни работи во рамките на редовните или повремените
работни обврски (на кранови, во кесон, на дигалки, детоксикации, деактивирање на
минско – експлозивни средства и слично).
Исто така, основа за вршење на измами во осигурувањето на лица може да
претставува и не пријавувањето дека осигуреникот во слободното време се занимава со
некои опасни спортски, рекреативни или слични активности (параглајдинг, кајак на
диви води, падобранство, едриличарство, авто трки, картинг, боречки спортови и сл).
Второ, измамата во врска со здравствената состојба на осигуреникот извршена е ако
осигуреникот (или корисникот на осигурување) при склучување на договор ги
премолчи фактите и околностите во врска со здравствената состојба на осигуреното
лице.
На пример, да премолчи дека неговата општа здравствена способност е
оценувана од страна на надлежниот орган (комисијата) за оцена на инвалидност, како и
во случај на не пријавување на постоење на навики или состојби кои се исклучително
штетни по здравјето (наркоманија, алкохолизам, никотиноманија, дебелина и слично).

125
Исто така, како измами се сметаат следниве, посебни околности во врска со
настанок на болести кога осигурителот во следниве случаи не е во обврска да ја
исплати сумата на осигурување (иако настапила болест опфатена со полисата) и тоа во
случај на: земање на „лекови кои не ги пропишал избраниот лекар или надлежниот
лекар– специјалист; злоупотреба на алкохол, дроги и отрови; обид за самоубиство;
намерно предизвикување на болести и слабости на организмот и намерно
самоповредување; обид или извршување на судски казнени активности за кои постои
намера; емитување енергија минимално од 100 електронски волти, неутрони (било кои)
секоја енергија, ласерски зраци, зраци при масажа или изложување на вештачко УВ
зрачење.402 Во случај на извршување на наведените измами при склучување на договор
за осигурување на лица, осигурителната куќа може да побара мислење од медицински
експерти, затоа што „има бројни случаи на измами кај осигурувањето на
дополнителните несреќи, посебно при утврдување на степенот на инвалидитет,
самоповредување, премолчување на податоци за здравствената состојба. Поради
наведеното, осигурувањето на живот и незгодите не можат да се замислат без експерти
од областа на медицината, односно мислење на тнр. лекари – цензори.
Нивните мислења се усвоени од страна на судовите и станаа судска пракса и тоа
во случаите: доколку осигуреникот го премолчи податокот за болеста па за време
траењето на осигурувањето настапи смрт, осигурителот нема обврска да ја исплати
осигурената свота ако постои причинителска врска помеѓу премолчената околност и
смртта, а доколку не постои причинителска врска обврзан е да ја исплати осигурената
сума; влијание на алкохолизираноста на настанок на несреќниот случај- потребно е да
постои причинителска врска и се решава на опишаниот начин.“403
3.4.3.2. Измамите за време траењето на осигурувањето на лица се однесуваат
на промена, те. непријавување на најразлични околности кои се создале во врска со
животната средина на осигуреникот по склучувањето на договорот за осигурување, а
кои се од голема важност на поинаквата (изменета, погрешна) процена на степенот на
ризик, односно висината на премијата и сумата на осигурување. Исто така, по начинот
на организирање на извршителите, постојат измами во осигурувањето кои ги врши
поединец – осигуреник (или корисник на осигурување) и измами од страна на
организирани криминални групи. По степенот на стручната оспособеност и улогите на
извршителите овие измами ги делиме на оние извршени во вид на занает, тнр.
професионални измами (од страна на лица кои ова дело го вршат во вид на професија)
и останати учесници во измама (те. извршители или коизвршители кои не поседуваат
специфични стручни знаења за вршење на измами во осигурувањето на лица).

402
Член 8, ст.1, „Посебни услови за осигурување од тешко болни состојби со групно осигурување од
последиците од незгоди“, Велебит осигурување (2008 година).
403
Ивањко Ш., Судски пракси во осигурувањето на лица, Второ Југословенско советување во
осигурувањето на лица, Трогир, 1987 година, стр. 35.
126
На пример, како обид за измама, или како совршена измама, се смета намерното
скратување или давање на неточни податоци од страна на осигуреникот за следниве
факти или околности: преселување од местото на живеење за време на склучувањето
на договорот, на пр. во подрачје со поинакви климатски услови (земји со тропска
клима, со многу висока или многу ниска просечна тепмература, со голем степен на
влажност на воздухот, селење или престој во земјите кои се на трусно подрачје и
слично); промена на работното место кое подразбира важно сменети услови на работа
(опасности на работата, намалување на општите услови за заштита на работата,
преминување на теренска работа и слично); преземање на подолги туристички и други
патувања кои по самата своја природа претставуваат зголемена опасност (патувања со
прекуокеански брод, туристички посети на пустини, савани и прашуми, сплаварење на
диви води, учество во регати низ реки во туристички чамци, едрење на отворено море
и слично). Исто така, не пријавување за одење во подрачја зафатени со воени
случувања, немири или подрачја изложени на ризик од терористички напади, се смета
за измама во време траењето на осигурувањето на лица. Не пријавувањето на горе
наведените околности на осигурителот претставува обид или остварена измама во
осигурувањето на лица и има идентични правни последици како и премолчувањето
односно давањето на нецелосни и неточни податоци во претходините два случаи на
измами во осигурувањето на лица.
3.4.3.3. Измамите во осигурувањето на лица при остварувања на права
опфаќаат поголем број на измамнички активности кои подразбираат волево и планско,
неточно пријавување или непријавување на следниве факти и околности: пријавување
на фиктивен смртен случај поради наплата на осигурување;404пријавување на фиктивен
несреќен случај.405

404
Познат е случајот на повеќе десетина барања за исплата на осигураната сума по основ на животно
осигурување кај шпанските осигурители во текот на 2010 и 2011 година. Оваа измама во осигурувањето
на лица вредна повеќе милиони евра извршена е врз основа на лажни потврди за смрт кои наводно им се
случиле на граѓаните на Шпанија за време на престојот во Франција.
405
Веќе ги наведовме случаите на измама во осигурувањето кои ги овозможи болницата од околината на
Крагујевац во која без медицински индикации, по нарачка на осигуреникот, правен е хируршки рез. Врз
основа на лажни отпусни листи на осигураниците - нашите работници кои работат во странство,
наплатувале високи суми по основ на хируршко „лекување,“ те. здравствено осигурување за време на
патување.
127
Исто така, неточно пријавување на причината за смртт (на пр. со приложување
на лажни потврди за смртта, изводи од книга на умрените или фалсификувана
медицинска документација);406 неточно пријавување на битни околности под кои се
случил несреќниот случај (на пр. во време кога повредата навистина се случила, но
кога не можела да биде во врска со осигурениот случај407); ненавремено пријавување
на настанатиот осигурен случај со цел прикривање на правата причина за смртта или
телесната повреда., осигурителот нема обврска „ако некое од тешко болните состојби
во смисла на овие услови настапи со истовремено постоење на ХИВ инфекција.“408
Исто така за измама се сметаат и не пријавувањата на престој во подрачјата
зафатени со нуклеарни катастрофи или престој, односно активности на деактивирање
на мини во мински полиња, а осигурителот нема обврска кон осигуреникот ни ако во
моментот на склучување на договорот за осигурување на лица веќе се случил
осигурениот случај, или бил во фаза на создавање. Наведените поделби, како што е
речено, имаат условен карактер. Затоа што, на пример, во случај на основна поделба на
осигурувањето на лица (на животно осигурување и осигурување од последици на
несреќен случај) во животното осигурување осигурениот случај се создава во моментот
на смртта на осигуреникот, но исто така (кога се работи за несреќни случаи со смртна
последица) смртта на осигуреникот е основа за настапување на осигурениот случај и во
осигурувањето од несреќен случај, итн.
3.4.4. Основи за исклучување на ризик од осигурување на лица. Врз основа на
членот 58. од Законот за осигурување409 друштвата за осигурување ги донесуваат
условите за исклучување на ризик од осигурување. Во овие случаи се работи за
возможно измамничко однесување на поединци, корисници на осигурување или
осигуреници чие непријавување може да претставува, во некои случаи, тешко
кривично дело.
Исто така може да станува збор и за измами во вид на планирана договорна
измама, граѓанскоправен деликт или за специфични видови на егзибиција или
атипично социјално однесување на поединецот.410

406
На пр. пријава на несреќен случај како причина за смртт, иако права причина е болест. Овде се
работи за коинциденција на измама во осигурувањето на лица со други кривични дела (фалсификат,
злоупотреба на службена положба и слично).
407
На пр. се пријавува повреда во сообраќајна несреќа, а права причина е повреда на рекреација.
408
Член 8, ст.2, „Посебни услови за осигурување од тешко болни состојби со групно осигурување од
последици на незгода“, Велебит осигурување (2008 година).
409
Член 58, став 1 и став 2, точка 1 од Законот за осигурување („Сл. Гласник на РС,“ бр. 55/94, 70/04,
61/05, 85/05, 101/07, 63/09 и 107/09).
410
На пр. самуобиство, учество во циркуски акробации или медицински експерименти.
128
Наведените основи за исклучување за поедини ризици од осигурување на лица
одредени се во членовите 349 – 352 од Законот за облигациски односи, како и општи и
посебни услови на осигурување. Еден од примерите, предвиден во Општите правила за
осигурување на живот, е исклучување на ризик во случај кога осигуреникот извршил
самоубиство.411 Затоа што во согласност со позитивните прописи, на година дена по
склучувањето на договорот за осигурување на лица ограничен е периодот во кој е
исклучен ризикот од самоубиство. Значи, самоубиството на осигуреникот во првата
година од животното осигурување како причина за настапување на смрт на
осигуреникот ја исклучува обврската на осигурителот да ја исплати осигурителната
сума. Причините за ваквото постапување во животното осигурување се
повеќекратни,412 а најважно е што овој чин е апсолутно морално и општествено
неприфатлив доколку е израз на волева активност, а при тоа би можел да претставува
посреден поттик на поединци кои се наоѓаат во наизглед безизлезна животна ситуација
да си го одземат животот поради стекнување на значителна имотна корист на блиските
лица.
Инаку, од разбирливи социјално – психопатолошки причини, поради природата
и големината на штетните последици по осигуреникот, овој чин413 не може да се смета
за измама во осигурувањето во правна смисла. Меѓутоа, во поедини случаи, земјаќи ја
во предвид целта и намерата при пристапување кон активноста извршување, оваа
постапка не е лишена од измамнички елементи.
Исто така, во случај корисникот да извршил убиство на осигуреник,
осигурителот не е обврзан да ја исплати осигурената сума „но должен е ако до тогаш
биле уплатени барем три годишни премии, на договорувачот на осигурувањето да му
исплати математичка резерва, а ако е тој осигуреник на неговите наследници.“414
Затоа што, покрај тоа што претставува најтешко кривично дело, со Законот за
облигациски односи415 и Општите правила за осигурување на живот, убиството на
осигуреникот од страна на корисникот на осигурувањето или друго лице со цел
стекнување на сума од осигурувањето по основ на животно осигурување, претставува
апсолутна основа за исклучување од осигурувањето.

411
Или умре од последица обид за самоубиство (лат. – tentamen suicidii).
412
Под самоубиство овде се смета тнр. волево самоубиство, те. она самоубиство кое е резултат на
свесна, волева активност. Ова поради причина што присуството на волја при извршување на
самоубиство ја елиминира неизвесноста алеаторноста) како основен елемент на осигурување, односно
осигурување на лица. Од наведената причина, ова правило не се однесува на тнр. неволно самоубиство,
те. самоубиство извршено од страна на осигуреник кој си го одземал животот во момент на тешко
душевно растројство.
413
Гледајќи го исклучиво како последица на волево самоубиство, непосредно по склучувањето на
договор за осигурување во текот на првата година од осигурувањето.
414
Чл.21, Општи услови за животното осигурување за случај на смртт или доживување и настап на
одредени тешки болести (ОУМТБ) „Меркур осигурување,“ а.д.о. (УО / 19.12.2007 година)
415
Член 950 од Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89, „Сл.
лист на СРЈ“, бр. 31/93).
129
При тоа, ова е далеку најнегативен, најдрастичен и општествено најопасен вид
на измама во осигурувањето, кога ќе се земат во предвид сите видови на измами во
осигурувањето.
Секако, во случај по судски пат да се докаже ваквата мотивација и последиците
од овој драстичен вид на користољубие со цел наплата на осигурителната сума по
основ на осигурување на лица, ова е далеку најдеструктивен и општествено најопасен
вид на измамничко однесување во осигурувањето на лица и во осигурувањето
воопшто.
Исто така, и не пријавувањето на учество во воени операции претставува
еклатантен вид на измами во осигурувањето на лица и исто така претставува апсолутна
основа за исклучување од животното осигурување.416
Покрај наведените, постојат и многу други, поретко присатни причини за
исклучување од животното осигурување кои може да бидат основ за вршење на
измами во осигурувањето на лица, на пример смрт на осигуреникот при подготовки,
обиди или извршувања на тешки кривични дела и слично.
За овие начини на вршење на измами, наведените непријавувања на важни
околности кои се основ за ништавост на договорот за осигурување на лица, а можноста
за превенција се состои во донесување и примена на адекватни законски одредби.417
3.5. Измами во осигурувањето од страна на осигурителот. За разлика од
традиционалниот пристап кон измамите во осигурувањето, кога како исклучителен
виновник се смета осигуреникот, во современото законодавство оваа разлика не
постои, затоа што измамата во осигурувањето денес ја прави физичко или правно лице
кое „со намера себе си или на друг да му набави противправна имотна корист, да
доведе некого со лажно прикажување или прикривање на факти, давање на лажни
мислења и извештаи, давање на лажни проценки, поднесување на невистинита
документација или на друг начин го доведуваат или го одржуваат во заблуда, а во
врска со осигурувањето и со тоа го наведуваат овој на штета на својот или туѓиот имот
да стори или да не стори нешто...“ 418
Имајќи го во предвид наведеното, „кога се работи за измами во осигурувањето
најчесто се мисли на осигурениците, од чии последици штетата ја трпи осигурителното
друштво. Меѓутоа, тоа не е точно. Во животното осигурување како учесници се
појавуваат, покрај осигурениците, агенциите за посредување и застапување во
осигурувањето, односно нивните агенти, корисници на осигурувања, а во последно
време се повеќе се говори и за измами кои ги прават осигурителните друштва...“419

416
Член 952 од Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр. 29/78, 39/85, 45/89, 57/89, „Сл.
лист на СРЈ“, бр. 31/93).
417
ЗОО, исто.
418
Член 208а, став 1 од Кривичниот законик на Република Србија („Сл. гласник на РС“ бр. 85/05, - испр.
бр. 107/05, бр. 72/09 и 111/09).
419
Петровиќ Т., Измами во животното осигурување и надомест на штети, стр. 390.
130
Бројни се повредите на прописите кои имаат карактер на измама, а со кои се
регулира дејноста на осигурувањето. Тие може да бидат: управно – правни, кривично -
правни и стопанско (граѓанско) – правни. При тоа, измамите од страна на осигурителот
може да бидат кривични, прекршочни, повреди на добрите работни обичаи и повреда
на работната етика.
За повредите на наведените норми од страна на осигурителните друштва
предвидени се адекватни санкции и начинот на нивното применување (казна затвор,
парични и други имотни казни, одземање на дозволата за работа, надомест на
материјалните и нематеријалните штети и друго), а санкционирањето на овие
однесувања го вршат надлежните судови, обвинителството, судијата за прекршоци,
Народната банка на Србија и Судот на честа на Стопанската комора на Србија.
Затоа што помеѓу другото, со цел превенција и санкционирање на измамите од
страна на осигурителите, постои општа обврска во членот 22 од Законот за
осигурување: „Друштвото за осигурување и другото лице кое ги извршува работите
непосредно поврзани со работите на осигурувањето должно е својата дејност да ја
извршува во согласност со правилата на струката осигурување, со добрите работни
обичаи и работната етика. Во случај на вршење на работите на осигурувањето
спротивно од оваа одредба, предвидени се адекватни казни.“420

420
Се работи за следниве казни во прекршочната постапка на основа на Законот за осигурување: „Со
парична казна од 100.000 до 1.000.000 динари ќе се казни за прекршок друштвото за осигурување,
друштвото за реосигурување, друштвото за посредување во осигурувањето, друштвото за застапување
во осигурувањето, агенцијата за давање на други услуги, претпријатија или друго правно лице кое
посредничките работи и застапувањата во осигурувањето ги извршува на основа на посебен закон, ако:
не утврди технички резерви или тие резерви не ги пресмета на пропишан начин (став 13. од истиот
член); средствата на техничките резерви не ги депонира и не ги вложи на пропишан начин и ако за тоа
не ја обавести Народната банка на Србија во пропишаните рокови (ст. 14.); средствата од гарантните
резерви не ги депонира и не ги вложи на пропишан начин и ако за тоа не ја обавести Народната банка на
Србија во пропишаните рокови (ст. 15); средствата за осигурување не ги депонира и не ги вложи на
пропишан начин“ (ст. 16.) итд. - член 225, став 1 од Законот за осигурување („Сл. гласник на РС,“ 55/04,
70/04, 61/05, 85/05, 101/07 и 63/09).
131
Помеѓу другото, за да ги почитуваат осигурителите наведените правила (од
струката на осигурување, добрите работни обичаи и норми на деловна етика) со
Законот за осигурување421 пропишано е дека математичката резерва е техичка резерва
исклучително наменета за подмирување на идните обврски по основ на животно
осигурување, при што точноста при искажувањето на средствата на математичката
резерва ја потврдува овластен актуар. Но доколку се покаже дека овие средства не се
точно прикажани, се работи за специфична, посредна измама во осигурувањето со која
се оштетени сите вложувачи (осигуреници), а за прекшокот422 одговорноста ја сноси
конкретното осигурително друштво како правно лице.423
Исто така, поединечното непочитување на наведените правила од страна на
осигурителите може да се согледаат и врз основа на следниве примери:
- Лицето А.424 осигурало стан за случај на остварувања на ризик од дефект на
инсталациите. При склучувањето на договор за осигурување, агентот за осигурување
го убедувал клиентот-осигуреникот дека „со оваа полиса е заштитен од настанок на
штета во случај на настанување на сите видови на дефекти во домот за скромна сума
од само 700 динари на годишно ниво.“
Неколку месеци по склучувањето на осигурувањето се случил осигурениот
случај, односно се остварил осигурениот ризик и тоа со хаварија на водоводна цевка во
соседниот стан. Последично, се создале значителни оштетувања на ѕидовите во
купатилото кое било предмет на осигурување. Бидејќи вкупната штета била
значителна, осигуреникот го повикал агентот за осигурување кој излегол на лице место
и направил записник за штетниот настан.
Меѓутоа, по извршената процена, на основа на интерните услови – критериуми
на осигурителот со кои осигуреникот воопшто не бил запознат при склучување на
осигурувањето, на осигуреникот му било соопштено дека ќе биде обештетен во износ
од седумстотини динари. Инаку, вистинската штета била повеќекратна во однос на
проценетата сума од осигурувањето, а незадоволниот клиент чувствувајќи се
измамено, еднострано ја прекинал понатамошната уплата на премии по основ на
осигурување на стан.

421
Член 111 од Законот за осигурување („Сл. Гласник на РС“, бр. 55/94, 70/04, 61/05, 85/05, 101/07, 63/09
и 107/09).
422
Член 225, ст.1 од Законот за осигурување („Сл. Гласник на РС“, бр. 55/94, 70/04, 61/05, 85/05, 101/07,
63/09 и 107/09).
423
Пошироко за тоа: Мркшиќ Д, Томашевиќ – Дражиќ Г, Права на осигурениците од математичките
резерви, Надомест на штети и осигурување (зборник), Здружение за оштетно право, Интермекс, Будва –
Белград, 2005 година, стр. 373 – 383.
424
По занимање професор, 54 године, живее и работи во Белград (извор: интервју со осигураникот од 14
март 2011 година).
132
Исто така, истото лице цели пет години кај истиот осигурител, помеѓу другото,
го осигурувало и својот автомобил од марката „фолксваген голф.“ Меѓутоа, кога
пробал шестиот пат едно по друго да го осигура, осигурителот одбил да го продолжи
осигурувањето со образложение „дека „голфовите“ стари преку шест години многу
често се крадат.“
Чувствувајќи се измамен, затоа што при склучвањето на осигурувањето, на
почетокот на првиот осигурителен период од година дена, не бил запознат со можноста
дека осигурувањето нема да биде продолжено и тоа токму кога возилото ќе влезе во
период со најголема веројатност да биде украдено, осигуреникот ја прекинал секоја
понатамошна соработка со некоректниот осигурител.
- Лицето Б.425 склучило каско осигурување за својот готово нов автомобил од
марката „фолксваген пасат.“ При склучувањето на осигурувањето претставникот од
осигурителното друштво тврдел дека со полисата е опфатен широк дијапазон на
осигурани случаи, меѓу кои и ризик од кражба на возило. По месец дена, еден од
осигураните ризици се остварил, те. возилото е украдено. Осигуреникот му се обратил
на осигурителот за надомест на штетата по повод настанокот на осигурениот случај.
Меѓутоа, при реализација на оштетното барање, осигуреникот дознал дека
склучил каско осигурување со делумно покритие, затоа што осигураната сума, по
критериумите на осигурителот, уште при склучувањето на договорот била лимитирана
на максимален износ од седум илјади евра, што е многу помалку од пазарната вредност
на украденото, а осигурено возило.
При тоа, на осигуреникот не му е напомената оваа важна околност при
склучувањето на осигурувањето.
Кога претставникот на осигурителот ги презентирал сите одредби од
формуларниот договор за осигурувањето на возилото, осигуреникот се чувствувал
измамено, односно сметал дека е доведен во заблуда од страна на осигурителот.
Бидејќи во добра верба, практично потпишал договор од невнимание (те. не ги
прочитал внимателно условите за доброволно осигурување од кражба на возило)
немало место за покренување на судска постапка, но осигуреникот ја прекинал секоја
понатамошна соработка со некоректниот осигурител.

3.6. Измами во врска со организирањето на туристичките патувања. На


основа на одредбите од Законот за туризам,426 поради почитување на законските
одредби и добрите работни обичаи воведено е лиценцирање за извршување на
работите околу организирањето на туристичките патувања.

425
По занимање приватен бизнисмен, 48 години, од Белград (извор: интервју од 11 септември 2011 год.).
426
„Сл. гласник на РС“, бр. 45/05, чл.58.
133
Една од основните цели на овој Закон е заштитата од ризици кои може да се
остварат на патување, односно поради се почестите случаи на неуредно исполнување,
делумно неисполнување или дури и целосно неисполнување на обврските во
согласност со законот, општите услови и програмата за патувањето, а кои доведувале
до значителни материјални и нематеријални штети по корисниците на услугите во
областа на туризмот. Поради наведеното, организаторите на туристичките патувања,
односно туристичките агенции, имаат законска обврска пред поаѓањето на пат да
склучат договор за осигурување, те. да набават полиса на осигурување од дејноста
поради заштита од наведените ризици.
При тоа, во врска со осигурувањето на туристичките патувања, „договорувачот
на осигурувањето е стопанско друштво,“427 а во согласност со наведеното,
осигурувањето на наведените побарувања е предмет на осигурувањето.
Почитувајќи ја наведената законска одредба, 559 туристички агенции во Србија
набавија нова полиса од одговорност од дејноста, а строго се санкционираат
прекршоците од областа на туризмот со кои не се почитува наведената законска
обврска.428
Постојат два вида на надомест на штета по основа на кои се врши осигурување
на туристички патувања: прво, „по основа на настанати трошоци за нужно сместување
и исхрана и враќање на патниците во местото на поаѓање во случај на привремена
неликвидност или стечај на стопанското друштво“429 и, второ „за враќање на разликата
помеѓу договорената цена на патување намалена сразмерно со неизвршувањето или
нецелосното извршување на услугите опфатени со програмата на патување во случај на
привремена неликвидност или стечај на стопанското друштво.“ 430

427
Член 7 од Правилникот за блиски услови и постапката за издавање и одземање на лиценца за вршење
на е работи околу организирањето на туристичките патувања („Сл. гласник на РС“, бр. 109/05).
428
Туристичката инспекција соопштила дека 21 туристичка агенција е избришана или е во постапка за
бришење во Регистерот на туризмот, додека 17 агенции не работат, бидејќи во последните три месеци се
извршени дополнителни контроли за усогласеност на полисата за осигурување од одговорност од
дејноста. Во текот на контролата, инспекцијата констатирала дека со работата во Белград престанале 12
туристички агенции – „Галија травел“, „Зекси биш“, „Си-бер“, „Аеро клуб“, „Некст“, „Абрамовиќ“,
„Посејдон травел“, „Милано груп“, „Инекс травел“, „Бест реисен“, „Куќа вина“ и „Цепелинтурс.“ Во
Нови Сад не работи агенцијата – „Бојан“, во Краљево „Стекомонт“, во Крушевац „Фер турист“, во
Алексинац „Мега турс“ и во Врање „Мицотакис“. (Извор :www.osigurajtese.rs, пребарување од
15.10.2010.)
429
Правилник за поблиските услови и постапката за издавање и одземање на лиценцата за обавување на
работите околу организирањето на туристичките патувања, член 8, став 1, точка 1 („Сл. гласник на РС“,
бр. 109/05).
430
Исто, член 8, став 1, точка 2, цит. од Правилникот („Сл. гласник на РС“, бр. 109/05).
134
При тоа, во првиот наведен случај корисник на осигурувањето е Република
Србија, а за побарување по основ на зголемување на разликата помеѓу договорената
цена на патување и цената на патување намалена сразмерно со неизвршувањето или
нецелосното извршување на услугите опфатени со програмата на патување во случај на
привремена неликвидност или стечај на стопанското друштво корисник на
осигурувањето е патникот.“431
Инаку, со Законот за туризам и Правилникот пропишана е обврска за
лиценцирање на туристичите агенции, како специфичен, индиректен вид на
осигурување.
Предвидено е поседување на лиценци за организирање на туристичи патувања
во земјата и во странство (лиценца А) и лиценца за организирање на туристичи
патувања во земјата (лиценца Б). Без обзир на разликите во висината на финансиското
обезбедување,432 за стекнување на лиценца пропишана е (алтернативна) обврска за
поседување на полиси за осигурување во пропишаниот износ или гаранција на
банката433 за висината на обезбедените средства на сметката.
При тоа, „лиценцата се одзема кога: 1) ќе се утврди дека стопанското друштво
престанало да исполнува најмалку еден од условите под кои е издадена лиценцата; 2)
во стопанското друштво во периодот на важење на лиценцата втор пат во рок од две
години изречена му е правосилна казна за прекршок од членот 122, став 1, точ. 6,7 и 8.
од Законот за туризам; 3) ќе се утврди дека поради неизвршување или нецелосно
извршување на општите услови за патувањето или програмата за патувањето
настапиле тешки последици по патникот (загрозување на здравјето на патниците; не е
обезбедено сместување на патниците или враќање на патниците во земјата; патниците
се задржани на патувањето подолго од предвиденото со програмата за патувањето и
др.).“434

431
Илијиќ С., Карактеристики на задолжителното осигурување во Србија, Надомест на штетата,
безбедност во сообраќајот и задолжително осигурување (зборник), Здружение за оштетно право,
Интермекс, Златибор – Белград, 2009 година, стр. 245; (исто така и: Член 8, став 2 од Правилникот за
поблиските услови и постапката за издавање и одземање на лиценцата за обавување на работите околу
организирањето на туристичките патувања, „Сл. гласник на РС“, бр. 109/05).
432
За лиценца А – 30.000 ЕВР и за лиценца Б – 5.000 ЕВР.
433
При што се подразбира, во согласност со членот 11, став 1 од истиот Правилник „побарување по
основ на настанати трошоци за нужно сместување и исхрана и враќање на патниците во местото на
поаѓање во случај на привремена неликвидност или стечај на стопанското друштво.“ Со ставот 2 од
истиот член предвидено е исто така „побарување за враќање на разликата помеѓу договорената цена на
патувањето намалена сразмерно со неизвршувањето или нецелосното извршување на услугите опфатени
со програмата патување во случај на привремена неликвидност или стечај на стопанското друштво.“
434
Член 17, цит. од Правилникот („Сл. гласник на РС“, бр. 109/05).
135
Бидејќи 70% од туристичките агенции, при набавување на лиценцата, поднеле
како доказ за обезбедување на полисата на осигурувањето, а преостанатите 30%
стопански друштва во областа на туризмот поднеле доказ за обезбедени средства на
сметка (динарска или девизна), односно банкарска гаранција, „судејќи по се, полисата
за осигурување ја добила битката во однос на обезбедените средства на сметка и
банкарска гаранција.“435
Една од специфичностите во врска со осигурувањето на туристичките патувања
е дека исклучително во овој случај е возможна истовремена наплата на тројно
задолжително осигурување од страна на осигурителот и тоа во случај на повреда на
патување на истите лица. Имено, во текот на патувањето патниците се осигурани со
полиса од одговорност од туристичките дејности на стопанското друштво; потоа,
корисниците на туристичките услуги се опфатени со полисата задолжително
осигурување од автоодговорност на превозниците, а исто така во голем процент се
опфатени и со задолжително здравствено осигурување (по основ на вработување, како
член на потесно семејство на осигуреникот, корисник на пензија, во случај на
невработеност, итн).
Значи, индиректна измама во осигурувањето во врска со организирањето на
туристичките патувања постои во случај на необезбедување на полиса со цел заштита
од ризици кои настануваат со неисполнување или нецелосно исполнување на
програмата за патување пред почетокот на давањето на туристичките услуги, односно
непочитување на законските одредби за обврската набавување на полиса на
осигурување од дејноста.
Врз основа на наведеното, во случај на вршење на измами од страна на
осигурителот, надомест за претрпена штета на осигуреник, односно корисник на
услугите организирање на туристичко патување, се остварува по основ на полиса на
осигурување од дејноста или по судски пат.

435
Илијиќ С., Карактеристики на задолжителното осигурување во Србија, Надомест на штета,
безбедност во сообраќајот и задолжително осигурување (зборник), Здружение за оштетно право,
Интермекс, Златибор – Белград, 2009 година, стр. 246.
136
III - ПРАВНА РЕГУЛАТИВА НА ОСИГУРИТЕЛНИТЕ ИЗМАМИ ВО
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1. Општи напомени за измамите во осигурувањето

Измамите влијаат на животите на невини луѓе, директно преку случајна или


намерна повреда или штета, како и индиректно овие злосторства предизвикаа
осигурителните премии да бидат повисоки.
Осигурителна измама е намерно фалсификување на информации од страна на
осигуреникот, со цел да се добие финансиска корист или добивка. Осигурителната
измама се движи од зголемување на вредноста на оштетените или загубените предмети
или не давање на информации кои се познати и се однесуваат на побарување, во текот
на активностите, до високо организирано координирање на криминалните големи и
компклесни лажни побарувања.
Осигурелните деликти или криминалитето во осигурувањето е изразен преку
кривични дела и прекршоци кои со свои поведенија ги сторуваат субјектите во или во
врска со дејноста на осигурување.
Кривичните дека од областа на осигурувањето во македонското законодавство се
предвидени во кривичниот законик, додека прекршоците во врска со измамите се
превидено во Законот за сипервизија во осигурувањето и Законот за задолжително
осигурување во сообраќајот.
Кривичниот законок како типично кривично дело од областа на осигурувањето е
предвидено кривичното дело,,осугуреителна измама”, а со законот за супервизија на
осугурувањето кривичното дело ,,повреда на одредбите од законот за супервизија на
осугурувањето на физичко или правно лице во друштво за осигурување, осигурително
брокерско друштво, со кои дејствија е придонсено за отворање на стечајна постапка во
осигурително друштво (чл. 244).436
Со законот за супервизија на осигурувањето и со законот за задолжително
осигурување во сообракајот се предвидено поголем број на прекршоци за физички,
правни, одговорни лица за постапување спротивно на одредбите на тие закони.
Но како што и во другите сфери и општествени односи, кои се правно нормирани
и уредени во фукнција на човековото постоење и организирано живеење, со најдпбра
желба за нивно социјално и општествено правно-нормативно фунционирање, и во
сферата на осигурувањето се јавуваат девијантни односи со криминогена содржина.

436
Кривичен законик на Македонија, Службен весник на Р.М.

137
Осигурителната измама може да биде:
- опортунистичка - зголемување на легитимните побарувања;
- планирана - подметнување пожар, кражба, побарувања за инциденти кои се
вклучени во производството;
- врз основа на Non-Disclosure (необјавени) - погрешни или криење на фактите во
врска со барањето.

2. Причини за измами во осигурувањето

"Главниот мотив во сите осигурителни кривични дела е финансиска добивка".


Договорите за осигурување се обезбедени и на осигуреникот и осигурувачот од
можностите за експлоатација.
Една од причините што оваа можност се појавува е во случај на надосигурување,
кога износот на осигурената е поголема од реалната вредност на имотот осигуреникот.
Оваа состојба може да биде многу тешка да се избегне, особено кога осигурителните
услуги понекогаш можат да ги поттикат,со цел да се добие поголема добивка. Ова им
овозможува на измамниците да направат профит со уништување на нивниот имот,
бидејќи уплатата што ја добиваат од нивните осигуреници е од поголема вредност
отколку на сопственоста што тие ја уништуваат.
Осигурителните компании се исто така подложни на измами поради лажни
барања за осигурување кои може да се направат да изгледаат како и обичните
побарувања. Ова им овозможува на измамниците да поднесат барања за
обесштетување за штета што никогаш не се случила, и така да добијат исплата со
минимален почетен влог.
Во продолжение се дадени неколку примери на типови на лажни барања кои може
да бидат изработени во полисата за осигурување:
• побарување за непостоечки имот;
• побарување за намерно оштетување, подметнување пожар;
• побарување за надуени суми кои немаат врска со реалната вредност;
• надувување на вистинско побарување вклучувајќи повеќе имот отколку што е
изгубено или украдено;
• фалсификување на документи, како што се сметки, вреднувања, и
тн.;
• фалсификување на потписи;
• побарување износ кој вклучува значителна добивка;
• обвинувајќи други за загуба или штета како што се провалници, вандали, и тн.;
• злоупотреба на средствата, а потоа лажни барања да се подобри неисправноста;
• фалсификување на регистарот во компанијата.

138
3. Класификација на осигурителните измами

Осигурителните измами може да се класифицираат како "потешки" или


"полесни" измами.437
Потешка осигурителна измама се случува кога некој намерно планира или
измислува загуба, како што се судар, авто кражба или пожар која е покриена од страна
на нивната полиса за осигурување со цел да се добие исплата на штетата.
Криминалните кругови се понекогаш вклучени во тешки измамнички шеми кои може
да украдат милиони долари.
Полесната осигурителна измама е онаа каде од осигурениците не постои
лажирање на осигурениот случај, туку со "мали лаги" се зголемува вредноста на
настанатата штета, што е обичај скоро кај сите осигуреници. Таа уште се нарекува и
опортунистичка измама.
Овој вид на измами се состои од голем број на полиси на легитимни барања. На
пример, кога во случај на судир на осигуреното лице може да бара повеќе штета
отколку што е направено во неговата / нејзината кола. Лесна измама може исто така да
се случи при добивање на нова полиса за осигурување, осигуреникот да пропушти
изјава за претходните или постојните услови со цел да се добие пониска премија на
осигурување.
Оваа класификација е прифатена само од теоретско - практични причини, бидејќи
измамата е измама, без разлика дали е полесна или потешка. Од тежината ќе зависи
само одговорноста на сторителот за стореното казниво дело "осигурителна измама"
или измама воопшто.

4. Видови измами во осигурувањето

Измамите во осигурувањето можат да се јават како:


- измами при вклучување на договорот за осигурување;
- измами во текот на траењето на осигурувањето;
- измами за настапување на осигурениот случај;
- измами при барање на надомест на штета по основ на договорот за осигурување
(ликвидирањето на штетата).

4.1. Измамите при склучување на договорот за осигурување можат да се јават


како:
а) Измами за осигурениот случај:
 ако договорот за осигурување е склучен а во моментот на неговото склучување
веќе настанал осигурениот случај;

437
Осигурително право, Миладин Крстаноски, Oхрид, 2007.
139
 ако осигурениот случај веќе бил во настанување;
 ако престанала можноста за негово настанување
За ваквите измами осигурувачот може да бара поништување на договорот во
рок од три месеци од дознавањето на измамата има право да бара надомест на
претрпена штета.
б) Измами за околностите значајни за оцена на ризикот:
 намерно правење неточна пријава за околностите;
 намерно премолчување на околности;
 несување неточна пријава за староста на осигуреникот;
 поднесување неточна пријава или пропустајње давање должно известување за
околностите значајни за ризикот.

4.2. Измамите во текот на осигурувањето се состојат во измами со


неизвестување за промените на ризикот:
а) Неизвестување за промена на околностите кои се од значење за оцена на ризикот (кај
осигурувањето на имот).
б) Неизвестување за промена на професијата (кај осигурувањето на лица).
Осигурувачот во овие околности може да бара раскинување на договорот во рок од
еден месец од дознавањето или да побара од договарачот на осигурувањето нова
стапка на премија.

4.3. Измамите за настапување на осигурениот случај се измами во кои


осигурениот случај се фингира, се прикажува како да е настанат, а всушност не е, со
цел да се стави во заблуда на осигурителната компанија и да се наплати "штета"
(замена на апарат за домаќинство).

4.4. За да се работи за измама во барањето за надомест за штета потребно е:


а) Осигуреникот да не претрпел штета, а пријавува штета -бараат надомест на штета
без да настане осигурениот случај;
б) Да достави барање за надомест на штета врз лажни докази-осигуреникот со
фалсификувани докази го "поткрепува" барањето за надомест на штета;
в) Да ја прикаже лажно фактичката состојба - и свртување на фактите за настанување
на штетата со цел да се наплати надомест од осигурувањето.

5. Индикатори на сомнителни трансакции

Доказите покажуваат околу 10-15% од побарувањата се изложени на "показатели"


на измамата.
Разбирливо осигурителните компании превземаат мерки за спречување на
измамите и испитување на активностите кои се верува дека се лажирани.
140
Индикатори на измама се услови или детали на барањето кои може да бараат
дополнителна истрага. Следните примери може да бидат индикатори на обид за
измама:
 додавање или промена на документот со додавање на букви, бројки или
бришење на букви / бројки - ова ќе биде најосновна форма на измама;
 употреба на стандардни канцелариски материјал, како што се фактура / потврда,
книги купени од трафика или книжарница;
 фактури кои се надвор од редослед т.е. датуми и бројки кои не се наоѓаат во
редоследот;
 делумно уништување на документи со цел да се отстранат детали од било кое
испитување на пр. кинење дел од документот за идентификација на датум или
сума на пари;
 документи креирани со персонални компјутери -технологијата може да им
овозможи на луѓето да создадат свои фактури или други документи со службен
изглед, меморандуми и други карактеристики кои се користат да се убеди
читателот на неговата потполност;
 употребата на фотокопири, со цел да се смени еден документ, без појавата да
биде очигледна, ова се однесува генерално каде оригиналниот документ не е
предвиден;
 употребата на фактури и сметки на странски јазик -распространета е во
побарувањата поврзани со патување;
 употребата на украдените канцелариски материјали;
 користење на white-out да се направат промени;
 докази од различни стилови на фонт се користат на истиот документ;
 очигледни промени на ракописот;
 недостаток на адреса на живеење или каде што мобилниот телефон е
единствениот контакт;
 нема детали за трговската лиценца;
 употреба на необична терминологија во согласност со позадината;
 правописни или граматички грешки.

Во врска со имплементацијата на Законот за спречување на перење пари


Министерството за финансии на Р.Македонија во листата на индикаторите на перење
пари го предложи и списокот на индикатори на сомнителни трансакции во
осигурителните друштва. Министерството со свој акт (бр. 18-4681/1 од 15.02.2002 г.)
како Основни индикатори на сомнителните трансакции во осигурителните друштва ги
посочи:

141
I. Индикатори кои се однесуваат на склучување на договорот, плаќање премии и
извршување на договорот
1. При склучување на осигурувања:
- барањето на клиентот е економски и правно нелогично;
- клиентот нуди неоправдан подарок;
- необично однесување на клиентот или откажување на склучувањето на
договорот при барање идентификација;
- истовремено склучил повеќе животни осигурувања, а сите биле платени во
готово.
2. При плаќање на премија:
- клиентот плаќа премија во готовина во еден износ за повеќе години однапред;
- клиентот плаќа премија во готово;
- паричната трансакција е во спротивност со добрите деловни обичаи;
- клиентот како физичко лице, во свое име (а не во име на правното лице) врши
плаќање на премијата со средства на правното лице;
- клиентот ја плаќа премијата од банкарската сметка во странство (пример од
држава каде се произведува дрога).

I. При реализација на договорот:


- клиентот предлага траење на договорот за осигурување на животно
осигурување, кое е пократко од периодот кој го нуди осигурителното друштво;
- клиентот бара предвремено исплаќање на парите при зделки со животно
осигурување (пред истекот на периодот, за кој е склучен осигурителниот договор).

II. Индикатори кои се однесуваат на клиентот


- клиентот има постојано живеалиште, односно седиште надвор од Р.
Македонија;
- клиентот се идентификува со фалсификувани или туѓи идентификациони
документи, односно наведува сомнителни иденктификациски податоци;
клиентот склучува осигурување во присуство на сомнителни лица;
- клиентот веќе бил казнуван или против него била поднесена пријава за
кривично дело;
- клиентот бара пренос на полисата на животното осигурување на друго лице
уште пред истекот на осигурувањето;
- клиентот се претставува како овластено лице на осигуреникот, а за тоа нема
оправдани причини (не е во роднинска врска, не е старател и
сл.);
- при отстапување на побарувањето од осигурителниот договор до
осигурителното друштво често се менува корисникот.

142
Но оваа листа не е конечна и секогаш треба да се во потрага за можни индикатори
на измама со кој било документ кој е обезбеден како доказ за загуба.
Документите содржат прашања кои се потребни за откривање на измамите.
Внимателната анализа на прашања и одговори може да даде важни индиции за
решавање на потенцијалните измами.
Сомнителното барање кое било под истрага, може да биде:
- прифатено, ако нема никакви докази за измама;
- повлечено од страна на барателот;
- одбиено од осигурителот.
Во некои случаи, осигурителот може да ги преземе барањата до судот, за да ги
поврати парите платени на осигуреникот по пат на лажните барања. Осигурителот
мора да биде способен да му покаже на судот дека е веројатно дека имателот на
полисата извршил или изнајмил некој друг да изврши измама.
Постојат три работи кои осигурителот мора да ги покаже за да се ослободи од
обврската за исплата на лажните барања:
- измамата мора да биде намерна;
- осигуреникот мора да имаа мотив;
- да постои можност да направи измама.

Секогаш е тешко за осигурителот да се одлучи барањата да се оспорени на суд,


зошто одговорноста за докажување лежи во одбраната на осигурителот за негирање на
одговорноста.
Сепак, кога се соочени со факти, клиентите често се повлекуваат од лажните
барања. Во личните линии на осигурување ретко е клиентите да го одржат нивното
барање и да ја тужат осигурителната компанија за прекршување на договорот. Ако ова
се случи, осигурителот ќе треба да се потпри на своите докази и да води сметка за
своите правни совети во врска со можните успеси на акцијата.
Осигурителните компании соработуваат со законот во секое законодавство за да
се осигураат дека соодветни мерки се превземени кога е докажано дека измамата се
случила.
Казните за делото измама може да се разликуваат од држава до држава, но сите се
класифицирани како сериозни прекршоци, кои на суд може да резултираат со
значителни затворски казни ако бидат осудени.438

438
Осигурително право, Миладин Крстаноски, Охрид, 2007.

143
6. Видови измами:

Осигурителниот криминалитет е толку развиен, што се јавува во секако облик,


содржинаи видови. Постојат добро обучени изманици кои добро го познаваат
осигурување и неговите слабости, кои се ахилова пета на осигурителните компании.
Во продолжение ќе бидат истакнати некои појавни облици на криминалитетот.

6.1. Поморски измами

Сите измами во врска со бродскиот транспорт на стока најчесто се нарекуваат


"поморски измами" и ако не секогаш се поврзани со превоз. Според меѓнародната
трговска комора - Париз, под поморска измама се подразбира секоја трансакција во
која купувачот, продавачот, сопственикот на бродот, чартерерот, заповедникот на
бродот или член на бродската посада, осигурувач, банкар, брокер или агент-успее
неоправдано и недозволено да дојде до пари или стока од другата страна кон која
презема определена трговска, превозничка или финансиска обврска.
Измамите не само што се зголемени како светска појава туку се постанати
составен дел на организираниот криминал.5
Измамите со брод најчесто се вршат со стоката или со самиот брод. Поранешните
кражби и пиратство денес се заменети со "поморски измами".
Начините на измами најчесто се прават со товарен лист, поради неговите
особини-со можноста за негово пренесување се пренесува и сопственоста на стоката;
со неиспорака на стоката; со испорака на помала количина од испратената и сл.
Најчести се измамите со неиспорачување на стоката. Успешната измама на
купувачот често истовремено претставува и успешна измама на осигурувачот. Во
практиката овој вид на измама најчесто се појавува кај продажбата на стоки по
паритетот на CIF. Купувачот при оваа продажба не се грижи за стоката бидејќи ако таа
не стигне штетата ќе му биде надоместена од страна на осигурувачот.
Исто така се врши и измама со злоупотреба со контејнерите бидејки се запечатени
и не се отвораат за време на превозот, а кога ќе се отворат недостасуваат многу работи.
Една од најголемите поморски измами, во врска со превоз на стока (од оние за
кои се знае) се случи во САД 1965 г. Кога Антони де Ангелис (Anthoni De Angelis)
позајми 200 милиони американски долари на име на фалсификувани складишници за
стока која според програмата на владата "храна за мир" требало да биде извезена.
Друга позната поморска осигурителна измама е измамата во 1980 година со
намерното потопување на танкерот Салем кој превезуваше нафта. Од осигурителната
компанија е побарано надомест на штета од 56 милиони американски долари.
Осигурителната компанија која се посомнева во вистинитоста на настапот на
осигурениот случај, поведе истрага со кој утврди дека нафтата од предметниот танкер
претходно е истоварена во Јужна Африка, а потоа бродот е намерно потопен. (Anthoni
Renouf, 1980).
144
6.2. Измами со надосигурување

Надосигурувањето во практиката најчесто се случува или по грешка или двојно


осигурување или поради измамнички цели. Надосигрувањето обично претставува
осигурување на стока изразито повеќе од нејзината вистинска вредност, со цел за
стекнување имотна корист од осигурувањето. Во осигурителната компанија "АД
Вардар" велат дека многу често измами се прават при осигурувањето стока од
транспортни штети.
Неодамна тие имале случај кога неколку Македонци се обиделе да извлечат
голема сума од осигурувањето на транспортираната стока. Измамниците регистрирале
фирма во Бугарија, потоа купиле седум фотокопирни апарати што со фалсификувани
документи ги осигуриле на повеќе од 250.000 долари. При транспортот на апаратите
измамниците во Србија инсценирале грабеж и побарале од осигурителната компанија
обесштетување. Во АД Вардар утврдиле дека доставените документи се лажни и дека
се работи за измама. Во моментов се уште се води судскиот спор за делото. Пример со
надосигурување кој го изнесува Меѓународната трговска комора од Париз, а кој е
случаен во Нигерија: Нигерскиот увозник обично бира мала фирма од Хонг Конг или
Тајван од која купува ефтина стока. Извозникот му составува два видови документи,
документи со вистинска и документи со зголемена цена. Потоа купувачот ја осигурува
стоката на повисоката цена во Нигерија. Стоката се превезува, стигнува во нигерското
пристаниште, увозникот организира кражба во пристаничниот склад. Увозникот
документите со вистинска цена ги приложува за царинење на стоката (украдена
целосно или делумно), а документите со повисока цена ги презентира пред
осигурувачот за надомест или штета и штетата ја наплатува.

6.3. Измами кај сообраќајните незгоди

Сообраќајните незгоди често се повод за измами во осигурувањето. Особено тоа


го овозможува големото учество на сообраќајните средства како предмет на
осигурување, штетите сто настануваат и често немањето очевидци при случувањето на
незгодата.
Ова рапидно растење на категоријата вклучува фаза на судар, каде што
измамниците користат возило во фазата на несреќа со невини лица. Обично, ќе има 4
или 5 измамници во возилото кое го прави потегот неочекуван предизвикувајќи невини
лица да се судираат со возило со кое се изведува измамата. Секој од измамниците има
барање за повреди во возилото.Работењето со "регрутиран" лекар, повредите најчесто
се на вратот или други повреди на меките ткива, кои е тешко да се оспорот подоцна.
Група од десетина луѓе во која, покрај главните актери, имало и лекари и
полицајци, неколкупати извлече по десетина илјади евра каконадомест на штета за

145
наместени сообраќајни незгоди. Се смета дека мозокот на целата операција се
вработени во една осигурителна компанија.
Како функционира добро разработената шема? Едно лице, на улица на која нема
многу сообраќај, доаѓа со автомобил и причинува сообраќајна незгода удирајќи во друг
автомобил или во мотор-веспа. Сопственикот на оштетеното возило најчесто отстрана
набљудува како течат однапред режираните дејства. Откако ќе се направи доволно
уверлива сообраќајна незгода, оштетениот се обидува малку да се самоповреди, за
дополнителен ефект. На местото на несреќата „случајно" поминува трето лице, кое
подоцна се јавува како сведок пред полицијата. Во целиот тим учествува и еден
полицаец, нормално, за работите полесно да поминат во истражната постапка. Пред
полицијата "оштетениот" се жали на болки во градите, вртоглавица, мали физички
повреди, стрес... Сведокот ја потврдува трагичноста на случката, полицаецот ја внесува
во извештајот, а работата се завршува со лекарско уверение издадено од медицинско
лице замешано во организираната шема. Останува само да се почекаат парите од
осигурителната компанија на име надомест на штета.
- На патот Гостивар - Тетово (стариот пат) доаѓа до сообраќајна незгода меѓу две
возила. Едното од возилата било каско осигурано, а другото а штета од трето лице. Од
увидот на лице место, записникот на сообраќајната полиција, увидот на возилата на
стручни лица на осигурителната компанија е утврдено дека првото возило има штета
од 220 000 денари, а второто (каско) штета од 8 000 денари, а виновен за причинетата
штета е возачот кој го управувач возилото на кое му била причинета штета е возачот
кој го управувал возилото на кое му била причинета помала штета.
Осигурителната компанија му исплаќа 8 000 ден. на оштетениот по основ на
каско осигурување.
Повеќе оштетената страна во договор со другата оштетена страна заведува судски
спор во кој помалку оштетената страна признава вина и судот донесува одлука да му се
исплатат 220 000 денари на другиот оштетен.
Осигурителната компанија согласно веќе утврдената состојба од увидот и
материјалните докази со кои располага поведува своја интерна истрага. Истрагата
докажува дека поомалку оштетениот е поткупен кој во судската постапка дал
лажнаизјава и дека е сторено кривично дело злоупотреба на службената положба на
вработени во судот.
- Во осигурителната компанија е пријавена штета причинета на територијата на Р.
Грција. Кон пријавата за ликвидирање на штетата приложен е и записник од увидот на
сообраќајната незгода од страна на грчката полиција. Предметот е ликвидиран, а
штетата му е исплатена на оштетениот.
При повторниот увид во предметот, а и од други дополнителни, сопствени
оперативни сознанија, е утврдено дека од страна на овластениот преведувач, кој го
преведувал записникот од сообраќајната незгода од грчки на македонски јазик е
направена злоупотреба , со тоа што записникот не е веродостојно преведен, односно е

146
внесена содржина во интерес на оштетениот и е променета утврдената фактичка
состојба од страна на полицијата.

6.4. Измами во осигурувањето на имот

Измамите во осигурувањето на имот се едни од најчестите измами во


осигурувањето со оглед дека имотот е најзастапената категорија на осигурување.
Можните мотиви за ова вклучуваат добивање исплата, која што вреди повеќе од
вредноста на уништениот имот, или да го уништи, а потоа да прими исплата за стоки
кои поинаку не би можеле да бидат продадени. Според Alfred Manes, поголемиот дел
од имотните осигурителни кривични дела вклучуваат подметнување пожар.439 Една од
причините за ова е тоа што доказите, дека пожарот бил подметнат, често се уништени
од самиот оган. Тие во измамите се поврзани со агенти за осигурување, полицајци,
доктори и адвокати, кои од отштетата добивале 20%.
"Се работи за фирми кои имаат тешкотии во работењето, имаат проблеми со
залихи, не може да ја пласираат залихата и доаѓаат до идеја или да се иницира кражба
или да се запали објектот", вели Стојан Клопчевски "Вардар осигурување". Според
Пожарната администрација во САД имало околу 31.000 пожари предизвикани од
подметнати пожари во 2006 година, што резултира со загуба од 755 милиони долари.440
На пример: Мулен Руж во Лас Вегас беше погоден од подметнување пожар двапати во
рок од 6 години. Сопственици на Битолска фирма со намера да извлечат 500.000 евра
од една скопска осигурителна компанија подметнале пожар во објектот.
Иако вештачењето покажало дека до пожарот дошло поради застарена електрична
инсталација, во ЕСМ потврдиле дека во зградата воопшто немало струја. Ова е само
еден од случаите кога сопствениците го осигуруваат имотот два до три пати поскапо од
реалната вредност и исценираат несреќа, за да добијат голема сума на пари од
осигурителните компании.
- Скопјанец со помош на пријател изрежирал кражба во својата фирма и потоа
наплатил околу 660 илјади евра од компанијата каде што бил осигурен.
Меѓутоа истрагата на службениците од "Кјуби" покажала дека се работи за
класична местенка и ја информирале скопската полиција, која викендов ги привела
двајцата осомничени. Против Кире И.(37), сопственик на фирмата "Боки груп", и
неговиот партнер Игорче А., сопственик на "Фотини", биле поднесени кривични
пријави за измама, а истражен судија им одредил триесетдневен притвор. Според
полициските информации, двајцата пријавени, кои имаат текстилни компании, се
договориле да ја испразнат шивачницата на "Боки груп". За таа цел Кире му дал
оригинален клуч на својот пријател за да нема тешкотии во кражбата. Тој, пак, на 30

439
Криминалитет и детекција, Проф.Д-р. Миладин Крстаноски, Охрид, 2007 година
440
Криминалитет и детекција, Проф.Д-р. Миладин Крстаноски, Охрид, 2007 година
147
октомври изнајмил камион од наемниците кај Јужен булевар и заедно со двајца
работници и според договорното отишол во фирмата, која се наоѓа во кругот на
поранешна "Газела". Таму тој со оригиналниот клуч го отворил катанецот и потоа со
двајцата намени работници ја зел текстилната стока. Наемниците пак не се
посомневале во ништо, бидејќи го виделе осомничениот како самиот го отвора
катанецот, а покрај тоа добро ги познавале просториите и погонот.
Откако ја натовариле стоката, заминале за Визбегово, каде што ја растовариле
"украдената стока". За да може криминалот да мине незабележан и да не побуди
никакво сомневање, "крадецот" подготвил фиктивна приемница, со која неговата
фирма "Фотини" му ја продала на "Боки груп" украдената стока.
Неколку дена по пријавата на кражбата осомничениот побарал наплата на
осигурување од "Кјуби" во висина од 660.000 евра. Висината на сумата била клучна
осигурителната компанија да поведе интерна истрага во која било откриено дека се
работи за класична измама.
- Осигурителната компанија склучила договор за осигурување на уметнички
слики со НН според Општите услови за осигурување имот за износ на осигурување од
3 500 евра. Сликите биле осигурани од ризикот од кражба, разбојништво или
уништување.
Осигуреникот пријавил штета од провална кражба и кон пријавата доставил
записник од увид на лице место од Министерството за внатрешни работи - Скопје. Во
записникот било утврдено дека се работи за тешка кражба.
Пред да ја ликвидира штетата осигурувачот побарал уште еднаш да се изврши
увид во просторијата на осигурените предмети при што е утврдено дека бравата од
станот каде што се наоѓале осигурените предмети била провалена од внатрешна
страна.
- Судијата НН од Охајо со својот пријател започнале често да се дружат пиејќи во
неговата викендица, но и по разни стриптиз барови и други места за уживање. Во
недостаток на пари се договориле да подметнат пожар во викенд куќата на судијата
која непосредно пред тоа ја осигурале на 200 000 долари. Намерата ја реализирале и
судијата побарал наплата на осигурувањето.
Агентите на осигурителната компанија се посомневале во вистинитоста на
пожарот и побарале истрага која утврдила: Склучувањето на договорот за осигурување
биле со сосем мала временска разлика. Од викенд куќата биле претходно изнесени сите
вредни ствари. Натамошните истражни дејствија го потврдиле сомнението дека
пожарот е подметнат. Судијата за осигурителна измама бил осуден на временска казна
затвор од 20 години.

148
6.5. Измами кај животното осигурување

И кај животното осигурување постојат голем број на измами. Некаква


класификација не може посебно да се направи од причини што секоја измама е случај
за себе и се јавува во најразлични форми и облици. Еден пример на измама во
осигурувањето на живот е примерот со Џон Дарвин како случај со исчезнување, во тек
истрага за лажираната смрт на британскиот поранешен учител и затворски службеник
Џон Дарвин, кој се појави жив во декември 2007 година, пет години откако се
веруваше дека загина во кајакарска несреќа. Дарвин бил пријавен како "исчезнат", по
неуспехот да се пријави за работа на кајакарско патување на 21 март, 2002 година. Тој
повторно се појави на 1 декември 2007 година, тврдејќи дека не се сеќава на
изминатите пет години.
- Четириесет и осумгодишен струмичанец бил осомничен дека изминативе две
години посредувал меѓу учесници во сообраќајни несреќи и осигурителни компании,
но дел од исплатените пари што биле исплаќани присвојувал за себе без знаење на
оштетените.
Струмичката полиција го открила случајот и по истрагата завчера поднела
кривична пријава против осомничениот, кој се товари за измама и употреба на исправа
со невистинита содржина.
Според кривичната пријава, во текот на 2006 година струмичанецот преку свои
контакти дошол до свои сограѓани што претходно биле учесници во сообраќајна
незгода.
Тој ги наговорил дека може да посредува меѓу нив и осигурителната компанија и
да извлече пристојна сума за надомест на штетата од незгодата. Тие му поверувале и
му потпишале полномошно. Осомничениот потоа посредувал во агенцијата, која за
случајот исплатила 70.000 денари, но наместо да им ја даде целосната сума,
струмичанецот за себе присвоил околу 26.000 денари без нивно знаење. По една
година, во друг случај, осомничениот самиот подготвил полномошно за лице што веќе
било починато и во вонсудска постапка успеал од скопска осигурителна компанија да
добие 315.000 денари, кои потоа ги присвоил и ги трошел за свои потреби. Во
меѓувреме, службеници од осигурителната компанија откриле дека станува збор за
измама и дека му исплатиле пари на веќе починато лице и случајот го пријавиле во
полиција, која по истрагата го привела струмичанецот.
Во истрагата било констатирано дека осомничениот порано водел агенција за
посредување и имал доброразработена шема и контакти преку кои доаѓал до своите
жртви.
- Лицето НН со осигурителната компанија склучува договор за животно
осигурување. Како корисник на осигурувањето ја навел неговата сопруга. После месец
дена од склучувањето на договорот за осигурување, договарачот на осигурувањето е
најден застрелан, а според увидот и записникот на полицијата константирано е убиство

149
од непознат сторител. Осигурителната компанија според своите сознанија ссе сомнева
во убиството, бара повторен увид при што се константирало дека се работи за
самоубиство, како желба на НН да ја обезбеди материјално неговата сопруга.
- НН во полицијата во Хаити пријавил дека двајца крадци сигурно ја убиле
неговата жена сакајќи да и ја одземат изнајмената кола со која ја одвеле и неа.
За полицијата сторијата звучела нелогично поради следното: Кога ја пронашле
жртвата, таа сеуште на неа ги имала дијамантскиот прстен и златниот часовник. По
пронаоѓањето на колата го пронашле и нејзиниот багаж, кредитните картички,
компјутерот, камерата итн.
Зошто крадците сето тоа би го оставиле?
Од истрагата се утврдило дека сопругата на НН имала животно осигурување од
2,5 милиони долари, а убиството го извршил нејзиниот сопруг во договор со неговата
секретарка. Епилогот: 57 месеци затвор за секретарката, а за НН доживотна казна
затвор.441
- Четири членови на Кесопулос од северна Грција биле уапсени поради измама со
животно осигурување, добиено врз основа на смртта на една 45- годишна жена по
потекло од Македонија. Инцидентот се случил во градот Арниша во областа Пела во
северозападна Грција.
Скандалот бил откриен од полицијата, која ја идентификувала 45-годишната
жена, чие тело семејството Кесопулос го донело од Република Македонија во Грција,
бидејќи таа личела на еден нивни член од семејството, откако ја отровале нивната
роднина која имала животно осигурување.
Грчката полиција соопшти дека четворицата уапсени се обиделе да ги измамат
властите со тоа што ги натерале да поверуваат дека починатата е Марија Кесопулос,
која наводно загинала во експлозија на автомобил, со цел да земат 1,5 милиони евра
животно осигурување
Мајката, таткото и две од петте деца на семејството Кесопулос биле уапсени брзо
откако жената била пронајдена во запаленото возило на семејството, кое било турнато
од една карпа.442

6.6. Измами кај здраственото осигурување

Измамата кај здравствено осигурување е опишана како акт на намерна измама,


прикривање или погрешно информирања за резултатите од здравствените
бенефиции платени од страна на поединец или група.
Измама може да биде извршена од двете страни, осигуреникот и овозможителот
на измами.

441
www.Insurancefraud.org.
442
Дневник - 21 ноември, 2003 година, под наслов:"Телото на Македонка злоупотребено за осигурителна
измама".
150
Измамите на осигуреникот се состојат од несоодветни членови, промени на
запишаните форми, прикривање на претходно постоечките услови, непријавување на
други покриености, рецепти за измама со дрога, и неуспехот да се открие побарување
за повреди кои се резултат на работа.
Измамата од страна на овозможителот се состои од побарување овозможено од
лажен лекар, наплата за услуги кои не се направени, наплата за повисоко ниво на
услуги, дијагнози или третмани, кои се надвор од доменот на пракса и обезбедување на
услуги, додека се суспензирани или кога лиценцата им е одземена. Независни лекарски
прегледи се користат за да се разоткријат лажните побарувања за осигурување и
овозможи на друштвото за осигурување или побарувачот да побара независни
медицински погледи за повредите во поврзаните случаи.

6.7. Измами во осигурувањето на моторни возила

Измамите при осигурувањето на возилото можат да ги направат:


- вработените во осигурителната компанија и
- осигуреникот (договарачот на осигурувањето).
Измамите на вработените во осигурителната компанија обично се состојат во:
давање бонус при осигурувањето на ново возило или на возило кое не се стекнало со
таков бонус; внесување различни податоци во примероците на полисата при што во
примерокот за МВР се внесуваат вистински податоци, а на трети примерок по кој се
плаќа премијата се внесуваат податоци од пониска категорија при што се плаќа
пониска наместо повисока премија (фалсификатот се открива само ако дојде до
исплата на штета - со споредба на примероците); фалсификувањето на меѓународни
карти за осигурување; замена на идентитетот на возилото со меѓународни карти за
осигурување: со неутврдување вистински број на мотор и шасија на возилото при
каско осигурување; осигурување на веќе оштетено возило; измами при наплата -
ликвидација на штетета итн.
Измамите на осигурениците најчесто се состојат во; измама со фотомонтажа на
настанот (ретуширање, скенирање и сл.), договори со приватни сервиси и
"надувување" на штетата, пријавување претходни оштетувања, изјави на други
учесници во сообраќајот дека наводно му го попречиле патот, фиктивни записници од
МВР, промена на фактичката состојба со возило кое е каско осигурано, осигурување
кај повеќе осигурувачи, "надувувување" на висината на штетета со лажни фактури за
висината на штетета итн.
Постои широк спектар на шеми за проневери во автомобилското осигурување.
Овие трикови можат да се разликуваат во голема мерка во сложеноста и сериозноста.
Во осигурителните компании велат дека најчести измами во изминатите неколку
години се лажираните кражби на автомобили. И на овој начин многумина заработиле
повеќе од 10.000 евра.

151
Во осигурителните компании велат дека најчести измами во изминатите неколку
години се лажираните кражби на автомобили. И на овој начин многумина заработиле
повеќе од 10.000 евра. Нивната шема била: купи кола, плати каско осигурување, изнеси
ја во странство (најчесто Косово, Србија и Албанија), таму продај ја, а потоа во земјава
пријави ја за украдена. Откриени се уште поневообичаени ситуации: намерно
застанување пред автомобил во движење, палење на сопственото возило, па дури и
намерно пуштање на автомобилот во ендек.
Тие со помал авантуристички дух повеќепати бараат надомест на штета за стара
сообраќајна незгода. Пријавуваат исти фотографии на оштетено возило за различни
лажирани сообраќајки.
Има и такви кои, откако еднаш ќе го поправат возилото, ги чуваат оштетените
делови, повторно ги монтираат на автомобилот и пријавуваат сообраќајна незгода
предизвикана од непознат сторител -велат осигурителите.

7. Детекција на измамите во осигурувањето

Откривањето на осигурителната измама главно се јавува во два чекори:


Првиот чекор е да се идентификуваат сомнителните побарувања кои имаат
голема веројатност да бидат лажни. Ова може да се направи со компјутеризирани
статистички анализаи или со препораки од тврдењата на проценителите, или агентите
на осигурување. Исто така, јавноста може да обезбеди совети на компаниите за
осигурување, за спроведување на законот и другите организации во врска со
осомничените, набљудуваните или признаените осигурителни измами извршени од
страна на други лица. Без оглед на изворот. Следниот чекор е да се поднесат овие
податоци на истражувачите за понатамошна анализа. Порадиголемиот број на
побарувања поднесени секој ден, не им се исплаќа на осигурителните компании да
имаат вработени кои ги проверуваат симптомите на измама за секое побарување.
Наместо тоа, многу компании користат компјутерска и статистичка анализа за да се
идентификуваат сомнителните побарувања за понатамошни испитувања.443
Постојат два главни типа алатки кои се користат при статистичка анализа: со
надзор и без надзор. Во двата случаи, сомнителните побарувања се утврдени со
споредување на податоците за да се утврдат очекуваните вредности.
Главната разлика помеѓу овие два методи е начинот на добивање на очекуваните
вредности.
Во методот со надзор, очекуваните вредности се добиени со анализа на
податоците на двете лажни и вистинити побарувања. Според Richard J. Bolton и David
B. Hand двајцата од Кралскиот колеџ во Лондон, оваа метода има и некои

443
Криминалитет и детекција, Проф.Д-р. Миладин Крстаноски, Охрид, 2007 година

152
негативности, како што бара апсолутна сигурност во анализата дека овие побарувања
се лажни или вистинити, и поради тоа што може да се користи само за откривање на
видовите на измами, кои биле идентификувани претходно.
Статистички методи за откривање без надзор, од друга страна, вклучуваат
откривање побарувања кои се абнормални. Проценителите на побарувања, исто така,
можат да бидат обучени за идентификување на "црвено знаме", или симптоми кои во
минатото честопати се поврзани со лажни побарувања.
Статистичките откривања не докажуваат дека побарувањата се лажни, само
идентификува сомнителни побарувања кои треба да се истражуваат понатаму.
Лажните побарувања може да бидат само еден од двата вида. Тие може да бидат
легитимни побарувања кои се претерани или "изградени", или можат да бидат лажни
побарувања за штети кои всушност никогаш не се случиле.
Кога е идентификувано зголемено побарување, осигурителните компании обично
се обидуваат барањето да се сведе на соодветниот
износ.
Сомнителните побарувања, исто така, можат да се достават до "специјални
истражни единици" за понатамошна истрага. Овие единици генерално се состојат од
искусни проценители на побарувања со специјална обука во истрагата на лажни
побарувања. Овие истражувачи бараат одредени симптоми поврзани со лажните
побарувања, или на друг начин, бараат докази за фалсификување на некој вид. Овие
докази, може да се користат да се избегне од плаќање на побарувањата или да се бараат
измамниците, ако повредата е доволно сериозена.

8. Превенција кај измамите во осигурувањето

Кога станува збор за настанување на ризикот, осигурувачот треба да има предвид


два видови на ризик:
- објективен ризик (кој реално настапил) и
- субјективен ризик (кој е осигурителна измама).
Според Ristič, една третина на сите осигурени случаи кои ги пријавуваат
осигурениците за надомест на штета е делумно или целосно "наместена", нарекувајќи
ја "магична третина", која се јавува и кај правните и кај физичките лица.
Во одделни земји на запад борбата против измамите во осигурувањето е толку
развиено што истата добива третман и на државно ниво. Така, во многу земји се
донесени посебни закони кои ја регулираат таа проблематика, а се формирани и
посебни организации во или вон рамките на осигурувањето кои се специјализирани за
откривање и спречување на измами во осигурувањето. Во некои видови осигурување
превентивата е толку развиена што постојат посебни институции кои се бават со истата
во име на осигурителните организации. Превентивата во странство посебно е развиена
во осигурувањето од пожари, каде што споменатите институции низ советувања,

153
постојани ревизии, со одржување на семинари и по пат на пропаганда влијаат на
осигурениците со цел намалување на можностите за настанување на штетата, како
последиците би биле помали.
Превентива во осигурувањето и организации кои се занимаваат со
превентивата
Превентивата претставува една од основните функции на осигурувањето. Тоа се
остварува со извршување на договорните обврски на осигурувачот и договарачот на
осигурувањето, но и многу пошироко од тоа на национален и меѓународен план.
Но сепак една од најголемите опасности на фондовите на осигурувањето им
прети од нивното злонамерно искористување, односно од измамите во осигурувањето.
Западноевропските осигурителни компании, врз основа на долгогодишните
сознанија дошле до заклучок дека е потребно да се формираат организации кои ќе им
гарантираат спроведување на превентивни и репресивни мерки на измамите во
осигурувањето и за тоа формирале такви организации:
1. FERIT - (Far East Regional Investigation Team) - Тоа е истражувачки тим
формиран на Далечниот исток со задача да им пружа помош на осигурувачите
во тековното работење и во превентивната политика, особено во
спречувањето на осигурителните измами кај транспортот на стока.
2. Меѓународна поморска организација - IMO - Оваа организација има
формирано ad hos работни групи за проучување на баратеријата и
осигурителните измами со цел да предложи превентивни мерки за истите.
Оваа организација дава упатствија како да се поврзат и соработуваат меѓу
себе бродарите, банкарите и осигурувањето со цел спречување на
осигурителните измами.
3. Меѓународна трговска комора - MTK - Комората има донесено програма
против измамите во трговијата, а со тоа и во осигурувањето. MTK е основач
на Меѓународното поморско биро.
4. Меѓународно поморско биро - IMO - Тоа е основано 1981 г. со следните
задачи: да ги спречи измамите во поморскиот транспорт, да прибира
релевантни информации кои се однесуваат на измами и сомнително работење,
да предложи конкретни мерки за одделни случаи, да припрема образовни
програми, да води истрага за одделни случаи на измами.
5. Меѓународна асоцијација на аеродромските и пристанишните полиции -
Организација за борба против криминалот во пристаништата, со надлежност
да спречува и открива криминални дејствија во врска со меѓународниот
превоз на стока. Таа предлага превентивни мерки, соработува со субјектите
итн.
6. Интерпол - Таа е организација на меѓународната криминалистичка полиција
во која е членка и нашата земја, која ја овозможува соработката на
националните полиции во борба против криминалот, што значи за борба

154
против измамите во осигурувањето кои ссе повеќе и повеќе добиваат
меѓународни размери.
7. Меѓународна унија на поморското осигурување - Таа е унија на
осигурителните организации и нивните здруженија која покрај другите
активности преку еден од своите комитети ги проучува и се занимава со
поморските измами.
8. Salvage Association - Таа е агенција во Англија која има свои стручни тимови
составени од разни профили на стручњаци специјализирани за генерални и
партикуларни хаварии на бродови. Тие собираат податоци за бродските
хаварии со посебен ангажман за поморските измами. Тимови на агенцијата
излегуваат на лице место на бродските хаварии и во име и за сметка на
осигурителните компании, вршат истраги за истите, сами или заедно со
специјализираната адвокатска канцеларија INCE од Лондон и се грижат да ги
заштитат осигурителните компании од осигурителните измами.
9. Protection and indemnity - Тоа се клубови во кои членуваат бродски компании
преку кои ја осигуруваат својата одговорност и преку кои добиваат правна
заштита. Нивната функција е превентивна, советодавна, сигнализирање за
евентуални поморски измами, истражување поморски измами преку служби
за поморски измами.
10. Агенција за борба против поморските измами (MFPE - Maritime Fraud
Prevention Excange) - Според програмата на оваа Агенција, нејзината цел е
собирање и ставање на располагање информации за борба против поморските
измами.
11. SIS - Специјализирана организација за поморски измами која се бави со
истраги против измами, особено со потрага по контејнети, неиспорачана
стока, намерно потопување на бродови, измами со договори за превоз на стока
со брод итн.444

444
Осигурително право, Миладин Крстаноски, Охрид, 2007.

155
IV – Заклучок

Со севкупниот стопански развој, посебно со интервенција на државата во


областа на осигурувањето во XIX век се создава осигурувањето во современата смисла.
При тоа, компонентите генерализација и специјализација на ризикот постапно се
обединуваат. Генерализацијата на ризикот од XIX век означува опфат на осигурување
на големи заедници на ризик кои имаат милиони членови – осигуреници. Истовремено,
специјализација на ризикот подразбира растечка потреба за заштита од остварување на
се поголем број на ризици низ готово секојдневниот развој на новите видови на
осигурување, како што се кредитното осигурување, разни видови на осигурувања со
елементи на штедење, осигурување на деловни ризици, осигурување за случај на
невработеност, потоа, осигурување од атомски ризици, од последици на воени
уништувања и терористички активности, итн.
Меѓутоа, оваа се поголема објективна потреба за осигурување, односно заштита
од ризик имала и свои негативни последици. Затоа што, одсекогаш постоеле поединци
и групи кои својот сопствен материјален интерес го ставале пред општествениот.
Колку генерализацијата на ризикот во поранешниот период од општествениот развој
имала за последица потреба од општествени групи, односно државата на основ на
солидарност и взаемност да му помогне на оној кој претрпел штета, толку
специјализацијата на ризикот подоцна претставувала погоден терен за несовесните
поединци да можат да вршат стекнување на противправна имотна корист по основа на
поедини видиви на осигурување.
При тоа, основниот мотив, односно цел на вршењето на измами во
осигурувањето низ вековите останал ист– користољубие, а начинот на вршењето на
измами во осигурувањето од почетокот бил измама, односно доведување во заблуда на
другата страна (во прво време исклучиво од страна на осигуреникот, а подоцна и
осигурителот) во врска со остварување на поедини права по основ на осигурувањето
(најчесто по пат на доведување во заблуда на другата страна со прикривање на правите
причинители за настапување на осигурениот случај, но и на некои други начини ).
Поради наведеното, веднаш на почетокот на трудот го поставивме основното
прашање - дали измамата во осигурувањето е во директна врска со степенот на
општествено економскиот и технолошкиот развој, посебно во областа на сообраќајот.
Во текот на истражувањето потврдена е претпоставката дека поседувањето и
употребата на современите сообраќајни средства (прекуокеански бродови, теретни
авиони со голема носивост, разни до скоро незамисливи средства за превоз на патници
– на пр. железница со брзина од преку 300 км на час, бродови со носивост од повеќе
стотина илјади бруто регистарски тони, развиен патен сообраќај, итн.) предизвикува,
односно го олеснува извршувањето на измамите во осигурувањето. Во текот на

156
разгледувањето на развојните аспекти на осигурувањето, дојдовме до заклучок дека
дури кога овој вид на криминалитет можел на извршителите да им донесе енормна
материјална корист, истиот добил размери и општествено опасни форми кои ги има
денес.
Најопасните видови на измами во осигурувањето ги вршат токму
организираните криминални групи. Истовремено, одредени видови, пред се на ситни
дела на измами во осигурувањето (посебно во осигурувањето на моторните возила)
често пати ги вршат и поединци.
Со согледување на основните социјално психолошки карактеристики на
извршителите на измами во осигурувањето за време на работата се покажало дека тие
поседуваат сосема лични карактеристики во однос на останатите извршители на
кривични дела. Затоа што, како што е наведено, ова дело го вршат воглавно
општествено угледни и влијателни, натпросечно образовани сторители кај кои
потребата за личен углед доаѓа сама и каде што недостасува секој морален суд за
сопственото недело, однесување на извршителот на делото против подигнатото
обвинение се раководи само со расудување за корисност...сакаат да ја видат само
несреќата на случајот, те одбиваат секаква лична одговорност за се што се случило.
Тие обично се покајуваат поради своето однесување најмногу поради непријатностите
до кои се доаѓа во врска со тоа.
Значи, за вршење на измами во осигурувањето се подразбира поседување на
посебен карактер, потребни знаења, вештини, дури и професионална оспособеност.
Исто така, недоволната развиеност, примената, односно оперативноста на
меѓународното кривично законодавство претставува посебен проблем во сузбивање на
најсложените и општествено најопасни измами во осигурувањето (со меѓународен
карактер).
Претстои многу сложена и долготрајна борба на сите нивоа (меѓународни и во
поедини држави) со цел превенција и сузбивање на се посложените и општествено
опасните видови на измами во осигурувањето.

157
Литература:

1. Abrahamsen D., Psychologu of Crime, Columbia University Press, New York, 1960.

2. Андеески Ц., Актуарска математика, Охрид, 2008.

3. Балог Н., Работи на деловното право, Научна книга, Белград, 1952 година.

4. Благојевиќ Б., Договори по согласност, Правен факултет, Белград, 1934 година.

5. Вујаклија М., Лексикон на странски зборови и изрази, деветто издание,


Просвета, Белград, 2006 година.

6. Givanovic T., De l’ èlèment subjectif (moral) dans la notion du dèlit;


SchwzeicerisheZeitschrift für Strafrecht, Geneva, Swicerland, 1909 ann.

7. Vollbrecht J., Insurance Regulation and Supervision, Policu Issues in Insurance:


Insurance Regulation, Liberalisation and Financial Covergence, OECD, 2001.

8. Вучковиќ-Радовановиќ М., Осигурување на побарување на кредити, Зборник,


Правен факултет, Нови Сад, 2000. -2001.година.

9. Гаљак И., Радуловиќ З., Деловно право, ВШ ПЕП Београд, 2012 година.

10. Ѓорѓевиќ Ж., Станковиќ В., Облигациско право, трето издание, Современа
администрација, Белград, 1980 година.

11. Грасбергер Р., Психологија на кривичната постапка, Криминолошки институт


при Правниот факултет во Сараево, Сараево, 1958 година.

12. Ellen E., Campbell International Maritime Fraud, London, 1981.

13. Жарковиќ Н., Коментари на одлуките на Народната банка на Србија за


осигурувањето, Финансии, банкарство, ревизија, осигурување, број 2, 2005
година.

14. Жарковиќ Н., Реосигурување со соосигурување, Факултет за финансиски


менаџмент и осигурување при Универзитетот Сингидунум, Белград, 2006
година.

15. Живановиќ Т., Основи на кривичното право, Општ дел, прва книга, Правен
факултет, Белград, 1935 година.

16. Живановиќ Т., Основи на кривичното право, Посебен дел, I книга, св. 2, второ
издание, Правен факултет, Белград, 1939 година.

17. Живановиќ Т., Основни проблеми на кривичното право, Вовед во науката


158
кривично право, Виши општ дел на кривичното право, Правен факултет,
Белград, 1930 година.

18. Жижиќ М., Перспективи на осигурувањето, Факултет за финансиски менаџмент


и осигурување при Универзитетот Сингидунум, Белград, 2004 година.

19. Игњатовиќ Ѓ., Криминологија, деветто издание, Правен факултет, Белград,


2008 година.

20. Игњатовиќ Ѓ., Методологија на истражување на криминалитетот, Правен


факултет, Белград, 2009 година.

21. Јанковец И., За некои правни карактеристики на договорите за реосигурување,


Зборник, Белград, 2001 година.

22. Јанковец И., Договор за реосигурување, Современа администрација, Белград,


1968 година.

23. Јовановиќ С., Уставобранители и нивната влада, Втора влада на Милош и


Михаил, БИГЗ, Белград, 1990 година.

24. Кочовиќ Ј., Шулејиќ П., Осигурување, Економски факултет, Белград, 2002
година.

25. Крстаноски М., Криминалитет и детекција, ФТУ Охрид, 2008.

26. Крстаноски М., Осигурително право, ФТУ Oхрид, 2007.

27. Лукиќ Р., Методологија на право, Научна книга, Белград, 1983 година.

28. Маровиќ Б., Жарковиќ Н., Лексикон на осигурување, „ДДОР Нови Сад,“ Нови
Сад, 2002 година.

29. Маровиќ Б., Осигурување и шпедиција, второ издание, Нови Сад, 1999 година.

30. Маровиќ Б., Петровиќ З., Осигурување, Факултет за финансиски менаџмент и


осигурување при Универзитетот Сингидунум, Белград, 2003 година.

31. Матијевиќ Б., Измами во осигурувањето на моторните возила, Надомест на


штета, безбедност во сообраќајот и задолжително осигурување, 12 Меѓународен
научен собир, Интермекс, Златибор - Белград, 2009 година.

32. Merton R., Social Structure and Anomie, Social Theory and Social Structure, Revised
and Enlarged Edtion, Glencoe, 1957.

33. Милутиновиќ М., Криминологија, шесто издание, Современа администрација,


Белград, 1990 година.

159
34. Мркшиќ Д., Томашевиќ –Дражиќ Г., Права на осигурениците од математичките
резерви, Надомест на штети и осигурување (зборник), Здружение за оштетно
право, Интермекс, Будва – Белград, 2005 година.

35. Николиќ Н., Договор за осигурвање, Научна книга, Белград, 1957 година.

36. Перовиќ С., Облигациско право, „Сл. лист на СФРЈ“ Белград, 1981 година.

37. Петровиќ З., Осигурување на животот и сродни осигурувања, ВИЗ, Белград,


2006 година.

38. Петровиќ З., Кнежевиќ В., Надомест на штетите создадени во сообраќајните


несреќи, Глосаријум, Белград, 2009 година.

39. Петровиќ З., Чоловиќ В., Мрвиќ – Петровиќ Н., Задолжителни осигурувања во
сообраќајот и надомест на штета, ЈП „Службен гласник на РС,“ Белград, 2010
година.

40. Петровиќ Т., Измами во осигурувањето на животот и надомест на штетата,


Актуелни проблеми кај надомест на штетите и осигурувањето (зборник),
Интермекс, Будва – Белград, 2004 година.

41. Петрановиќ В., Осигурување и реосигурување, Информатор, Загреб, 1994


година.

42. Петровиќ З., Мркшиќ Д., Иванчевиќ К., Неживотни осигурувања, Интермекс,
Белград, 2007 година.

43. Поповски К., Каравидиќ С., Управување со ризици, Факултет за туризам и


угостителство, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Охрид, 2009
година.

44. Радовиќ З., Теретница и полиса на осигурување, Стопанско – правен прирачник


бр.7, Белград, 1980 година.

45. Радовиќ З., Алексиќ Ж., Петровиќ З., Петровиќ Т., Измами во осигурувањето,
Глосаријум, Белград, 2002 година.

46. Речкоски Р., Осигурувањето низ правната регулатива на Република Македонија


во услови на глобализација, VII Симпозиум со меѓународно значење «Туризмот
и осигурувањето во современи опшествено-економски услови,» ФТУ-Охрид,
28-30 мај 2003 година.

47. Симоновиќ Д., Кривични дела во српското законодавство, „Службен гласник на


РС“, Белград, 2010 година.

48. Срзентиќ Н., Стајиќ А., Лазаревиќ Љ., Кривично право – општ дел, осмо

160
издание, Современа администрација, Белград, 1978 година.

49. Стојановиќ З., Кривично право – општ дел, седумнаесето издание, Правен
факултет, Белград, 2010 година.

50. Стојановиќ З., Периќ О., Кривично право, посебен дел, 13 издание, Правен
факултет, Белград, 2009 година.

51. Суботиќ Д., Злочини и престапи поради лажни пари, „Д. Обрадовиќ,“ Белград,
1907 година.

52. Sutherland E., Cressey D., Principles of Criminology, I.B. Lippincott Comp. Chicago
– New York, 1955.

53. Tanay E., Psyhitatric Aspects of Suicide Prevention, American Journal of Psuchiatry,
January 1972.

54. Цениќ Ѓ., Објаснение на Казнителниот законик, Државна печатница, Белград,


1866 година.

55. Шулејиќ П., Право на осигурување, петто издание, Правен факултет, Белград,
2005 година.

56. Шулејиќ П., Вујовиќ Р., Мркшиќ Д., Жарковиќ Н., Рашета Ј., Милорадовиќ Ј.,
Основи на осигурување, второ издание, Универзитет Сингидунум, Белград,
2008 година.

Прописи:

1. Устав на Република Македонија (Сл. Весник на РМ 52/1991)

2. Устав на Република Србија („Сл.гласник на РС“ број 51/09)

3. Законот за облигациски и основни материјално – правни односи во воздушната


пловидба („Сл. лист на СРЈ“ бр. 12/98 и 15/98 - Уст. Пов.1/2003).

4. Законот за кривичната постапка (Сл. Весник на РМ 19/1997, 150/2010)

5. Законот за задолжително осигурување во сообраќајот на Република Србија


(„Сл.гласник на РС“ број 51/09).

6. Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и


финансирање на тероризам (Сл. Весник на РМ 4/2008)

7. Законот за облигациски односи („Сл. лист на СФРЈ“, бр.29/78, 39/85, 45/89,


161
57/89, „Сл лист на СРЈ“, бр. 31/93).

8. Кривичен законик (Сл. Весник на РМ 37/1996)

9. Законот за осигурување („Сл. Гласник на РС“, бр.55/94,70/04,61/05, 85/05,


101/07, 63/09 и 107/09).

10. Законот за задолжително осигурување во саобраќајот (Сл. Весник на РМ


88/2005)

11. Законот за осигурување на имот и лица („Сл. лист на СРЈ“, бр. 30/96, 57/98,
53/99 и 55/99обз. чл. 73. – 108, чл. 111. и 112. и чл. 143. - 146).

12. Законот за супервизија на осигурување (Сл. Весник на РМ 27/2002)

13. Закон за поморска и внатрешна пловидба („Сл.лист на СРЈ“, бр.12/98 и 15/98 -


Уст.Пов.1/2003).

14. Законот за поморска и внатрешна пловидба („Сл. Гласник на СФРЈ“ 22/77).

15. Законот за туризам („Сл. гласник на РС“, бр. 45/05).

16. Законот за доброволни пензиски фондови и пензиски планови (од октомври


2005 година, стапи на сила април 2006 година).

17. Кривичен законик на Југославија, Државна печатница, Белград 1929 година.

18. Криминален (казнителен) законик за кнежевството Србија, Државна печатница.

19. Кривичен законик на Македонија, Службен весник на Р.М.

20. Кривичен законик на Република Србија („Сл. гласник на РС“, бр. 85/2005,
88/2005- испр., 107/2005-испр., 72/2009 и 111/2009).

21. Одлука за спојување во Државниот завод за осигурување и реосигурување на


сите конфискувани непријателски осигурителни претпријатија, АВНОЈ,
Белград, 1945 година.

22. Уредба за организација и работење на ДЗО, Белград, 1947 година.

23. Правилникот за поблиските услови и постапката за издавање и одземање на


лиценцата за обавување на работите околу организирањетона туристичките
патувања, член 8, став 1, точ. 1 („Сл. гласник на РС“, бр. 109/05).

24. Општи услови за осигурување на живот за случај на смрт или доживување и


настапување на одредена тешка болест (ОУМТБ) „Меркур осигурување,“ а.д.о.
(УО од 19.12.2007.година).

162
25. Посебни услови за осигурување од тешко болни состојби со групно
осигурување од последиците од незгоди“, Велебит осигурување (2008 година).

Судски одлуки:

1. Пресудата на Врховниот суд на Србија, Рев. бр.1500/80, 1402/82, 1047/85 и


839/93.
2. Пресудата на Сојузен суд, Белград, Гзс. бр. 19/99 од 26.06.1999 година.

WEB sites:

www.nbs.com.

www.osigurajtese.rs

www.prevara info

163

You might also like