You are on page 1of 40

ФОН Универзитет

Факултет за правни науки Скопје

Дипломска работа

ТРГОВСКАТА МАРКА ВО ПРАВОТО И


ВО ПРАКТИКАТА ВО РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Ментор: Студент:

Скопје, јуни 2015


Содржина
Вовед............................................................................................................................................................................................1

1. Правна и теоретска основа..........................................................................................................................6


1.1. Настанок и историски развиток на трговската марка…………………………………
7
1.2. Меѓународно право на интелектуална сопственост ………………………………….8
1.3. Трговската марка во позитивното македонско законодавство……………………….8
2. Правните аспекти на трговската марка......................................................................................9
2.1. Содржина на правото на трговска марка………………………………………………9
2.2. Прометливост на правото на трговска марка…………………………………………
10
2.3. Поделба на трговските
марки………………………………………………………….11
3. Регистрација и признавање на трговската марка........................................................12
3.1. Постапка за признавање на трговската
марка...............................................................13
3.2. Важење и престанок на трговската
марка.....................................................................15
4. Спроведување и заштита од злоупотреба................................................................................16
4.1. Граѓанско-правна
заштита..............................................................................................17
4.2. Административно-правна заштита................................................................................19
4.3. Казнено-правна заштита.................................................................................................19
4.4. Проблемот со фалсификатите во Република
Македонија...........................................20
5. Односот на трговската марка со современите бизнис практики.................21
5.1. Трговската марка и
франшизингот................................................................................23
5.2. Трговската марка и електронската трговија.................................................................25
5.3. Трговската марка и
конкуренцијата...............................................................................27
6. Практични искуства од Република Македонија.............................................................29

7. Заклучок........................................................................................................................................................................32

8. Библиографија........................................................................................................................................................35

Вовед
Трговската марка претставува едно од правата од индустриска сопственост, чија
заштита се обезбедува со цел соодветна идентификација на производите и услугите на
едно трговско друштво на пазарот и зачувување на неговиот бренд. Правата од
индустриска сопственост се јавуваат како поткатегорија на интелектуалната сопственост,
во која спаѓа секое право на сопственост кое му припаѓа на авторот на некое дело од
областа на индустријата, науката, литературата и уметноста. 1 Според тоа, може да се
заклучи дека под поимот интелектуална сопственост се подразбира секоја сопственост
која не се однесува на подвижни или недвижни предмети, туку на интелектуални творби,
кои произлегуваат од посебните способности и вештини на авторот. Глобално земено,
интелектуалната сопственост се дели на две големи гранки, во кои спаѓаат авторските
права и правата од индустриска сопственост.2

Правото од индустриска сопственост може да се разгледува во објективна и во


субјективна смисла. Во објективна смисла, тоа претставува збир од правни правила и
норми со кои се регулираат правни односи кои произлегуваат од интелектуалните творби
на полето на индустријата. Во субјективна смисла, тоа го претставува секое право на

1
World Intellectual Property Organization. WIPO Intellectual Property Handbook. Geneva: World Intellectual
Proprty Organization; 2008, стр. 3.
2
Дабовиќ-Атанасовска, Јадранка, Пепељугоски, Валентин. Право на интелектуална сопственост. Скопје:
Академик; 2012, стр. 2.
творецот на конкретна индустриска творба, кое во однос на неговата творба му го
признава објективното право.3

Основната цел на правата од индустриска сопственост, но и на интелектуалната


сопственост воопшто, е да се мотивираат авторите кон создавање на интелектуални
творби од особена важност, преку обезбедување на нивните права на слободно користење
и располагање со создадените дела, како и заштита на овие права од злоупотреба и
неовластено користење erga omnes, односно од страна на сите останати лица.

Трговската марка има повеќе функции, меѓу кои би можеле да се споменат


нејзината дистинктивна функција, конкурентска функција, гарантна функција и рекламна
функција.4 Вака изложено, истата може да се дефинира како право на определен трговски
знак со кој се разликуваат стоките и услугите на еден субјект на пазарот од стоките и
услугите на останатите субјекти на пазарот, при што преку неа тој ги промовира своите
производи и услуги, притоа гарантирајќи за нивниот квалитет.

Всушност, потребата од постоење на трговски марки и нивна соодветна заштита


може да се објасни на многу едноставен начин. Така, доколку не би постоеле никакви
трговски знаци, потрошувачот не би можел да биде запознаен со квалитетите и
карактеристиките на определен производ, па за да ги дознае овие податоци, кои се од
важност за неговиот избор на пазарот, би морал да го купи производот и самиот да ги
провери неговите карактеристики, со што се губи смислата на утврдување на овие
информации пред да ја изврши купопродажбата. Од друга страна, доколку постојат
трговски знаци, а тие не се заштитени, ќе се исполни потребата од зачувување и
промовирање на репутацијата на трговците, но од друга страна, нивниот углед ќе биде
потенцијално нарушен од страна на другите трговци, кои би можеле слободно да ги
користат нивните трговски знаци за брз успех, без притоа да ги применуваат соодветните
стандарди за квалитет. Според тоа, може да се заклучи дека трговската марка првенствено

3
Дукоски, Саша. Трговско право. Кичево: Универзитет „Свети Климент Охридски“ – Битола, Правен
факултет – Кичево; 2011, стр. 254.
4
Reboul, Yves; Polenak-Akimovska, Mirjana and Naumovski, Goce. Introduction to Trademarks and
Geographical Indications. Skopje: Iustinianus Primus Law Faculty; 2010, стр. 13.
постои за да ги разликува трговците еден од друг на пазарот, притоа оневозможувајќи ги
ситуациите на забуна или измама на просечниот потрошувач.5

Во услови на развиено капиталистичко општество и сеопшта глобализација, нужно


е да се обезбеди јасна дистинкција помеѓу многуте различни стоки и услуги на пазарот,
што е од корист како за компаниите, така и за потрошувачите. Компаниите се во можност
да се посветат на создавање на квалитетен бренд, чии придобивки ќе можат да ги
ползуваат единствено со адекватна заштита на начинот на кој истиот се презентира на
пазарот. Од друга страна, задоволните потрошувачи повторно ќе го користат оној
производ или услуга од кои имаат позитивно искуство, и обратно, ќе можат да ги
избегнуваат производите или услугите од кои се незадоволни. Со тоа, се поттикнува
позитивниот натпревар на пазарот и конкуренцијата, а компаниите се борат да изградат
посакуван и почитуван бренд, во исто време борејќи се за поголеми симпатии кај
потрошувачите, кои, со можноста да ги разликуваат производите и услугите на разните
трговски друштва, можат да го изберат најдоброто за нив. Од тоа се огледува значењето
на трговската марка во развојот на економијата на една држава, но и пошироко.

Освен тоа, една трговската марка носи и други погодности за компанијата која ја
регистрирала. Така, таа претставува маркетинг алатка и основа за градење на имиџот и
угледот на брендот; како и прометливо право (договор за лиценца, договор за пренос),
преку кое неговиот носител може да оствари заработувачка); но и значаен елемент на
договорите за франшизинг6, кои ќе бидат разгледани во понатамошниот дел од овој труд.

Предмет на истражувањето се првенствено правните аспекти на трговската


марка, односно нејзината нормативна уреденост во нашата држава, како и начинот на кој
претходно анализираната правна содржина на трговската марка е пренесена во практиката
во Република Македонија.

Цел на истражувањето е да се добие појасна слика за правната уреденост и


практичната примена на трговската марка во Република Македонија, но и да се изнесат
5
McJohn, Stephen M. Intellectual Property: Examples & Explanations. New York: Aspen Publishers; 2009, стр.
327-328.

6
Државен завод за индустриска сопственост. Тајните на интелектуалната сопственост: Водич за мали и
средни извозници. Скопје: Државен завод за индустриска сопственост; 2011, стр. 35.
јасни податоци и факти за нејзината есенцијална важност за секоја компанија, како и да се
донесат заклучоци и предлози со чија доследна примена би можело да се унапреди нашата
правна легислатива, со цел поефикасна заштита на трговската марка во државата. Крајната
цел претставува зголемување на свеста кај потесниот и поширок круг на луѓе за
неизбежното значење на трговската марка во современата индустрија, а посебно за
аспектите на нејзината заштита од злоупотреба.

За правилно постигнување на целта на истражувањето и сеопфатна анализа на


предметот на нашето истражување, особено внимание е посветено на методите на
истражувањето кои ќе се применат при изготвувањето на трудот. Во прв ред, тоа се
методите на анализа на содржината и нормативниот метод, како и историскиот и
компаративен метод, но и математичкиот (статистички) метод.

Истражувањето кое е предмет на дипломската работа ќе се стреми кон


потврдување или негирање на подолу наведените хипотези:

- Република Македонија има адекватна законска регулатива во однос на


трговската марка, содржана во Законот за индустриска сопственост, но
потребна е негова модернизација и хармонизација кон правото на Европската
Унија во оваа област.
- Процедурите за регистрација и признавање на трговската марка се релативно
брзи и овозможуваат ефикасна заштита на ова право од индустриска
сопственост, но потребни се осовременување на работата на Државниот завод
за индустриска сопственост и олеснување на постапките.
- Правото на трговска марка на домашните компании е соодветно заштитено во
нашата држава, што произлегува од малиот број на судски спорови кои се водат
околу ова прашање.
- Државниот апарат е неефикасен во контрола на фалсификуваните добра кои
постојано влегуваат во Република Македонија и лажно ги претставуваат
странските брендови, со што се врши директен атак врз нивното право на
индустриска сопственост.
- Компаниите во Република Македонија се свесни за значењето на правото од
трговска марка и соодветно ги регистрираат и заштитуваат своите трговски
марки.
- Кај општото население, но и во правната професија, постои недоволен број на
експерти за правата од индустриска сопственост, кои би се појавиле како
застапници и советници на заинтересираните субјекти.
- Договорите за франшиза склучени со повеќе светски брендови претставуваат
успешен начин на претставување на овие компании на домашниот пазар без
никаква опасност по нивните права на трговска марка.
- Брзиот раст на електронската трговија во Републиката претставува закана за
трговските марка на светските компании.
1. Правна и теоретска основа

1.1. Настанок и историски развиток

Интелектуалната сопственост, како поим и како правен институт, се појавува многу


подоцна од останатите институти на граѓанското право. Иако постојат некои зачетоци на
интелектуална сопственост уште од стариот век, истата се изградува како поим и како
право во текот на XVII и XVIII век, додека првите правни акти за нејзино нормативно
уредување се донесени во XIX и XX век.7

Токму со создавањето на интелектуалната сопственост се поврзува и создавањето


на трговската марка како најкарактеристичен нејзин облик, но и прв вид на индустриска
сопственост. Уште во античките времиња се користеле определени знаци (цртежи, слики,
имиња, натписи) со кои занаетчиите ги обележувале своите уникатни ракотворби.8

Сепак, правната важност на трговската марка е изразена дури во XIX век, кога се
донесени првите законодавства за нејзина заштита. Првите акти за трговската марка биле
донесени во Франција во 1802 и во 1857 година 9, по што следеле и првите документи
усвоени во Велика Британија и во САД.

1.2. Меѓународно право на интелектуална сопственост

7
Dabovik-Atanasovska, Jadranka et al. Introduction to Intellectual Property Law (Collection of Papers published
within the Tempus project 144582). Skopje: Iustinianus Primus Law Faculty; 2012, стр. 101.
8
Reboul, Yves; Polenak-Akimovska, Mirjana and Naumovski, Goce. Introduction to Trademarks and Geographical
Indications, стр. 9.
9
Дабовиќ-Атанасовска, Јадранка и Пепељугоски, Валентин. Право на интелектуална сопственост, стр. 30.
Во последните години, од особено значење е развојот на т.н. меѓународно право на
интелектуална сопственост, како резултат на растечките процеси на глобализација. 10 Со
оглед на фактот што правата од интелектуална сопственост често се предмет на правни
односи со странски елемент, се појави потребата од меѓународно унифицирано
регулирање на оваа материја. Најважниот придонес во оваа насока го има Париската
конвенција за заштита на индустриската сопственост 11 од 1883 година, како прв
меѓународен акт кој ја уредува оваа материја. Од огромно значење е и основањето на
Светската организација за интелектуална сопственост (World Intellectual Property
Organization – WIPO), која функционира како специјализирана агенција на ООН, со
седиште во Женева, чија членка е и Република Македонија од 1993 година.

Важна улога во процесот на интернационализација на правото на интелектуалната


сопственост игра договорот TRIPS (Договор за трговските аспекти на правата од
интелектуална сопственост)12, склучен во 1994 година во рамките на Светската трговска
организација (СТО). Овој договор ги поставува минималните стандарди кон чие
почитување мора да се стремат неговите држави-членки, кои за своја последица го имаат
намалувањето на слободата на државите при регулирањето на оваа материја со домашното
законодавство, со што се гарантира еднаков третман на државјаните од сите држави-
членки и во исто време се овозможува универзална хармонизација на правото на
интелектуална сопственост.13

Конкретно за трговската марка, значаен е и договорот од Мадрид 14 од 1891 година


и неговиот протокол15 од 1989, со кој се воспоставува т.н. Мадридски систем за
меѓународна регистрација на трговските марки. Од голема важност е и т.н. community
trade mark, како сопствена креација на Европската Унија, која, со единствена регистрација
во Службата за хармонизација на внатрешниот пазар (Office for Harmonization for the

10
Dabovik-Atanasovska, Jadranka et al. Introduction to Intellectual Property Law (Collection of Papers published
within the Tempus project 144582), стр. 109.
11
Paris Convention for the Protection of Industrial Property, 1883.
12
Agreement on Trade-Related Aspects of Intellectual Property Rights (TRIPS), 1994.
13
Correa, Carlos M. Intellectual Property Rights, the WTO and Developing Countries: The TRIPS Agreement and
Policy Options. Penang: Third World Network; 2000, pp. 126.
14
Madrid Agreement Concerning the International Registration of Marks, 1891.
15
Protocol Relating to the Madrid Agreement Concerning the International Registration of Marks, 1989.
Internal Market)16 произведува дејство и е заштитена во сите држави-членки на Европската
Унија17, како важна алатка во процесот на создавање и одржување на заедничкиот пазар на
ЕУ, но и во подобрувањето на неговото функционирање.18

1.3. Трговската марка во позитивното македонско законодавство

Основен извор на правото на индустриска сопственост во Република Македонија е


Уставот на Република Македонија, во кој се гарантира слободата на научното,
уметничкото или друг вид интелектуално творештво, како и правата кои произлегуваат од
овие видови творештва.19 Овие гаранции се оживотворени во Законот за индустриската
сопственост (ЗИС)20, кој претставува основен закон со кој се уредува оваа материја. Освен
трговската марка, како права од индустриска сопственост чија заштита ја гарантира ЗИС
се јавуваат патентот, индустрискиот дизајн, географската ознака и ознаката на потеклото.

Трговската марка претставува право од индустриска сопственост со кое се штити


трговскиот знак, како знак кој може графички да се прикаже. 21 Нејзината основна цел е
разликување на производите и услугите на еден трговски субјект од производите и
услугите на другите учесници на пазарот. Општо земено, како трговска марка може да се
сметаат сите зборови, букви, бројки, цртежи, бои, форми, слики, логоа, натписи, етикети
или комбинација од наведените, доколку нивната цел е издвојување на производите и
услугите на едно трговско друштво.22

16
Jehoram, Tobias Cohen et al. European Trademark Law: Community Trademark Law and Harmonized National
Trademark Law. Alphen aan den Rijn: Kluwer Law International; 2010, pp. 17.
17
Council Regulation (EC) No 207/2009 on the Community trade mark, OJ L 78/1, 24.3.2009, article 3.
18
Jehoram, Tobias Cohen et al. European Trademark Law: Community Trademark Law and Harmonized National
Trademark Law, pp. 468.
19
Устав на Република Македонија, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/1991, чл. 47.
20
Закон за индустриската сопственост, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 21/2009, 24/2011,
12/2014 и 41/2014.
21
Николовски, Александар и Плавшиќ, Снежана. Трговско право. Скопје: Бошели; 2005, стр. 348.
22
Dabovik-Atanasovska, Jadranka et al. Introduction to Intellectual Property Law (Collection of Papers published
within the Tempus project 144582), pp. 16.
2. Правните аспекти на трговската марка
Законот за индустриска сопственост ја дефинира трговската марка како право од
индустриска сопственост со кое се штити трговскиот знак, како знак кој може графички да
се прикаже.23

При дефинирањето на трговската марка, особено внимание се посветува на


дистинктивноста на трговскиот знак кој се заштитува со марката. Така, истиот е подобен
за разликување доколку на стоките и услугите им дава посебен, дистинктивен карактер во
споредба со истовидни или слични стоки и услуги.24

2.1. Содржина на правото на трговска марка

Кога се зборува за содржината на определено право на сопственост, истата се


поистоветува со трите основни права: право на владеење (ius posidendi), право на
користење на стварта и прибирање на нејзините плодови (ius utendi, ius fruendi) и право на
располагање (ius disponendi).25 Сепак, постојат неколку разлики помеѓу правото на
сопственост над материјални ствари и правото на интелектуална, односно индустриска
сопственост. Така, додека правото на сопственост се однесува на ствари, правото на
интелектуална сопственост се однесува на творбите кои произлегуваат од човековиот
интелект. Многу често, правата од интелкетуална сопственост се претставени во
материјална форма (лого дел од производ, етикета, реклама, облека итн.). Сепак, тие не се
истрошуваат со една манифестација, па поради тоа и уживањето на овие права од страна
на нивниот носител се состои во можноста од нивна репродукција и повторно користење. 26

Поради тоа, носителот на правото на трговска марка има право да ја користи


истата, право на надомест за користењето на трговската марка од страна на трети лица (во
случај на некои од видовите на прометливост) и право да располага со трговската марка,
односно самиот да одлучува за нејзината судбина, дали истата ќе ја пренесе или отстапи
на трето лице, односно дали ќе побара престанок на нејзиното важење. На овие права се
надоврзува и правото да ги исклучи сите трети лица од неовластено користење на
23
Закон за индустриската сопственост, чл. 3.
24
Ibid. чл. 176.
25
Камбовски, Игор. Стварно право. Скопје: Флексограф; 2013, стр. 72.
26
Дабовиќ-Атанасовска, Јадранка и Пепељугоски, Валентин. Право на интелектуална сопственост, стр. 20.
неговата трговска марка, во кое се состои и суштината на правата на индустриска
сопственост, со дејство erga omnes.27

Така, според законот, носителот на трговската марка има исклучиво право да ја


користи трговската марка во прометот за означување на неговите стоки и услуги, како и
покрај неа да го користи симболот ®. Тој има право да забрани користење во прометот од
страна на трети лица без негова дозвола на знак кој е идентичен со трговската марка за
идентични производи и услуги односно на знак кој е идентичен или сличен со трговската
марка за идентички или слични производи или услуги, доколку може да создаде забуна кај
потрошувачите.28 Носителот на правото на трговска марка може да ја користи истата на
разни пакувања, каталози, рекламни и промотивни материјали, печатени изданија и
натписи. Неговото ексклузивно право произлегува од принципот на специјалност, кој го
гарантира монополот на трговската марка преку неможноста да се користи, но и да се
регистрира знак кој е ист или сличен со претходно призната трговска марка.29

2.2. Прометливост на правото на трговска марка

Во содржината на правото на трговската марка се наоѓа и правото на нејзиниот


носител да располага со правото на трговска марка, што значи негова прометливост и
преносливост. Прометливоста на правата од индустриска сопственост, па воедна и на
трговската марка, е една од нивните карактеристики, што придонесува за нивното огромно
економско значење. Трговската марка може да се пренесе со договор за пренос или да се
отстапи со договор за лиценца.30 Основната разлика помеѓу овие два облици на
пренесување на правата од интелектуална сопственост се состои во обемот на правото кое
се пренесува. Така, со договорот за пренос се пренесуваат сите имотни права кои
произлегуваат од определена трговска марка, додека пак со договорот за лиценца се
отстапува само едно право, правото на користење.31

27
Dabovik-Atanasovska, Jadranka et al. Introduction to Intellectual Property Law (Collection of Papers published
within the Tempus project 144582), pp. 30.
28
Закон за индустриската сопственост, чл. 206.
29
Reboul, Yves; Polenak-Akimovska, Mirjana and Naumovski, Goce. Introduction to Trademarks and
Geographical Indications, pp. 22.
30
Дабовиќ-Атанасовска, Јадранка и Пепељугоски, Валентин. Право на интелектуална сопственост, стр.
275.
31
Ibid. стр. 312.
Според тоа, носителот на правото, како и подносителот на пријавата, може да го
пренесе своето право со договор за пренос составен во писмена форма, со заверување на
потписите на договорните страни на нотар. Од друга страна, истите лица можат да го
отстапат своето право од индустриска сопственост на користење со договор за лиценца,
кој претставува двострано обрзувачки товарен договор кој се склучува во писмена
форма.32 Сепак, законот не ги уредува подетално условите за ваквото пренесување или
отстапување, а и ваквите случаи на прометливост се вистинска реткост во македонската
практика, и покрај апстрактната законска можност за прометливост со правата од
индустриска сопственост.

2.3. Поделба на трговската марка

Во самата законска дефиниција на трговската марка е содржана нејзина поделба на


стоковна, услужна, колективна и сертификатна марка. Иако ЗИС поблиску не го
определува поимот на стоковната и услужната марка, со примена на правилата за
толкување може да се заклучи дека се работи за една трговска марка, која се регистрира и
заштитува на истиот начин, но која, во зависност од тоа дали со неа се разликуваат стоки
или услуги на една компанија од друга, може да се јави како стоковна и како услужна
марка. Од друга страна, со колективната марка се заштитува еден знак кој е наменет за
заедничко означување на производите и услугите од страна на здружение или друга
асоцијација на повеќе физички или правни лица, со што се овозможува употреба на една
иста трговска марка од страна на повеќе субјекти.33 Сертификатната марка, пак, се користи
за заштита на знак кој го користат неколку трговски друштва, притоа почитувајќи ги
правилата и стандардите воспоставени од страна на нејзиниот носител.

3. Регистрација и признавање на трговската марка


Сите работи во врска со стекнувањето и заштитата на правата од индустриска
сопственост, вклучително и на трговската марка, ги извршува Државниот завод за
индустриска сопственост, како самостоен орган на државната управа. Постапката за
32
Агенција за поддршка на претприемништвото во Републиа Македонија. Заштита на правата од
индустриска сопственост (прирачник). Скопје: Европски информативен и иновативен центар во
Македонија; 2010, стр. 37.
33
Дабовиќ-Атанасовска, Јадранка и Пепељугоски, Валентин. Право на интелектуална сопственост, стр.
271.
признавање на трговската марка е уредена со Законот за индустриската сопственост и со
Правилникот за трговска марка.34

3.1. Постапка за признавање на трговската марка

Постапката за признавање на трговска марка се поведува со поднесување пријава


од страна на физичко или правно лице (подносител) до Заводот. Секоја пријава се
впишува во регистарот на пријави на трговски марки, по што се испитува дали истата е
уредна, односно дали содржи сè што е потребно, дали е поднесено полномошно на
застапникот и дали е уплатена пропишаната такса за пријава (формално испитување на
пријавата).

Доколку се утврди дека пријавата е уредна, се преминува на испитување дали се


исполнети условите за признавање на трговската марка. Пријавата ќе се одбие со решение
доколку постојат некои од апсолутните причини за одбивање наведени во Законот, на кои
Заводот внимава ex officio, односно доколку трговската марка содржи знак:

(1) чие објавување или употреба е спротивна на јавниот поредок или на моралот;
(2) кој не може графички да се прикаже;
(3) кој не е дистинктивен;
(4) кој станал вообичаен во секојдневниот говор или во востановената трговска
практика за означување на определени стоки или услуги;
(5) кој може да создаде забуна во прометот, а особено да го доведе во заблуда
просечниот потрошувач;
(6) кој го содржи називот или кратенката на називот, државниот грб, знамето,
амблемот или друг службен знак на Република Македонија, како и нивна
имитација, освен со дозвола на Министерството за правда;
(7) кој содржи религиозни симболи или ги имитира.35

Доколку не постои некоја од апсолутните причини за одбивање на пријавата,


Заводот ќе го повика подносителот да ги плати трошоците за нејзино објавување во

34
Државен завод за индустриска сопственост. Правилник за трговска марка, „Службен весник на Република
Македонија“ бр. 92/2009.
35
Закон за индустриската сопственост, чл. 177.
службеното гласило на Заводот. По објавувањето на пријавата, секое физичко или правно
лице може да достави писмени укажувања на постоење на некоја од апсолутните причини
за одбивање на пријавата.

Сепак, суштествената важност на објавувањето на пријавата се исцрпува во


можноста од поднесување на приговор на истата. Така, приговор може да поднесе:
подносителот на порано пријавената трговската марка, односно носителот на порано
регистрираната трговска марка; носителот на порано заштитено право од индустриска
сопственост или авторско право, чиј предмет е идентичен или сличен со објавениот знак;
како и физичко лице чие име, презиме или лик е идентичен или сличен со објавениот знак.
Овие причини се нарекуваат релативни причини за одбивање на пријавата, бидејќи за
нивното постоење Заводот води сметка само по приговор од заинтересирано лице,
односно од подносителот на порано поднесената пријава или носителот на порано
стекнатото право. Рокот за поднесување на приговорот изнесува 90 дена од денот на
објавувањето на пријавата.36 Доколку Заводот утврди дека приговорот е неоснован, истиот
ќе го одбие, а доколку утврди дека приговорот е основан, ќе ја одбие пријавата на
трговската марка.

Кога ќе се утврди дека не постојат апсолутни или релативни причини за одбивање


на пријавата, Заводот ќе го извести подносителот дека се исполнети условите за нејзино
признавање и ќе го повика истиот да ги уплати соодветните такси и трошоци, по чија
уплата Заводот ќе донесе решение за признавање на правото на трговска марка и
признаеното право ќе го впише во регистарот на трговски марки, со што подносителот се
стекнува со правото на трговска марка. На носителот на трговската марка му се издава
исправа за трговска марка.

Освен националната, постои можност и за меѓународна регистрација на трговската


марка. Ваквиот тип на заштита може да се бара преку поднесување на пријава за
меѓународна регистрација на трговската марка до Заводот, во согласност со Мадридскиот
договор за меѓународна регистрација на трговски марки и Мадридскиот протокол. За оваа
заштита се вели дека е двонасочна, бидејќи дејствува како од Република Македонија
према државите-членки на Мадридската Унија, така и од државите-членки на
36
Ibid. чл. 197.
Мадридската Унија према Република Македонија. 37 Меѓународната регистрација на
трговската марка произведува дејство во сите држави наведени во пријавата, исто како да
била регистрирана во нивниот домашен орган за регистрација на права од индустриска
сопственост.38 Според тоа, може да се заклучи дека меѓународната регистрација
претставува еквивалент на регистрација во секоја држава поединечно 39, што е од огромно
олеснување за мултинационалните и транснационалните компании, како и за компаниите
кои ги извезуваат своите производи во странство. Според податоците на WIPO, во 2013
година биле регистрирани вкупно 584 илјади трговски марки преку мадридскиот систем,
во сопственост на 192 илјади носители на право. 40 Важноста на меѓународната
регистрација се огледува во можноста од заштита на трговскиот знак на извезените стоки
и услуги, со што се овозможува нивен подобар пласман на странските пазари, но и
заштита на домашните стоки и услуги од увезените стоки и услуги од странските држави,
чиј број е сè поизразен.

3.2. Важење и престанок на трговската марка

Регистрираната трговска марка важи десет години од денот на поднесувањето на


пријавата, со можност за неограничено продолжување во периоди од по десет години.
Освен поради непродолжување, правото на трговската марка ќе престане да важи и кога
носителот неоправдано не ја користи истата подолго од пет години непрекинато; кога
трговската марка станала вообичаено име во прометот поради неактивноста на носителот,
како и во случаите кога јавноста би можела да се доведе во заблуда во поглед на видот,
квалитетот или географското потекло на стоките и услугите поради начинот на употреба
на трговската марка од страна на носителот.41

37
Дабовиќ-Атанасовска, Јадранка и Пепељугоски, Валентин. Право на интелектуална сопственост, стр.
274.
38
World Intellectual Property Organization. Guide to the International Registration of Marks Under the Madrid
Agreement and the Madrid Protocol. Geneva: World Intellectual Property Organization; 2014, B.II.33.
39
World Intellectual Property Organization. The Madrid Agreement Concerning the International Registration of
Marks and the Protocol Relating to that Agreement: Objectives, Main Features, Advantages. Geneva: World
Intellectual Property Organization; 2012, pp. 11.
40
World Intellectual Property Organization. Madrid Yearly Review: International Registration of Marks. Geneva:
World Intellectual Property Organization; 2014, pp. 43.
41
Закон за индустриската сопственост, чл. 213.
Покрај наведените причини, до престанок на важењето на трговската марка ќе
дојде кога носителот на правото со писмена изјава ќе се одрече од истото; или кога ќе
престане правното лице, односно ќе умре физичкото лице кое е носител на правото; но и
со судска одлука или акт на Заводот во определени случаи.42

Со оглед на горенаведеното, може да се заклучи дека материјата на трговската


марка е исцрпно уредена во нашиот Закон за индустриска сопственост, како основен закон
кој ги регулира сите права од индустриска сопственост. Сепак, потребно е и понатаму да
се работи на осовременување на работата на Државниот завод за индустриска
сопственост, како и олеснување на постапките за стекнување својство на застапник пред
истиот, со што во крајна линија би се овозможило поголема заштита на правата од
индустриска сопственост за домашните трговски друштва, кои би биле многу поблиски до
нив. Исто така, со оглед на големиот наплив на странски инвестиции, како и на извозот на
македонските производи во странство, но и македонските аспирации за влез во
Европската Унија, потребна е натамошна модернизција и хармонизација на домашното
законодавство со правото на ЕУ. Важен придонес во насока на интернационализацијата на
македонското право на индустриска сопственост е постигнат со усвојувањето на
одредбите за меѓународна регистрација на трговските марки согласно Мадридскиот
договор во новиот Закон за индустриската сопственост.

4. Спроведување и заштита од злоупотреба


Основната цел на заштита на сите права од индустриска сопственост е да се
оневозможи трети лица да го користат заштитеното право без соодветно овластување од
неговиот носител. Токму преку правната заштита на определено право се овозможува
неговиот носител непречено и неограничено да го ужива истото. Поради тоа,
воспоставувањето на систем на спроведување на правата од индустриска сопственост
претставува круцијален дел од нивното признавање, затоа што само правната заштита
претставува гаранција за нивно целосно остварување.

Вообичаено, законодавствата на државите познаваат три вида на правна заштита на


правата од индустриска сопственост, вклучително и на правата на трговска марка, кои се

42
Ibid. чл. 217.
инкорпорирани и во македонското право: граѓанско-правна, административно-правна и
казнено-правна заштита. Овие три видови правна заштита меѓусебно не се исклучуваат,
односно можно е да се користат повеќе видови на правна заштита за повреда на една
право, а нивната функција ја остваруваат судовите и управните органи.43

4.1. Граѓанско-правна заштита

Со оглед на тоа што правата на интелектуална сопственост претставуваат


првенствено граѓанско-правна материја, чија важност ги опфаќа и другите правни гранки,
како што е трговското право, разбирливо е тоа што основна заштита на овие права се
остварува со граѓанско-правни механизми.

Како повреда на правото на трговска марка се смета секое неовластено користење,


располагање, ограничување, асоцијација или имитирање на правото од страна на
определено лице. Носителот на повреденото право на трговска марка има право на
заштита со поднесување на тужба до надлежниот суд.
Согласно Законот за парничната постапка44, надлежни за одлучување во споровите од
права од индустриска сопственост се основните судови со проширена надлежност, какви
што има 12 во целата Република.45 Рокот за поднесување на тужбата е три години од денот
кога тужителот дознал за повредата и за сторителот (релативен рок), односно пет години
од денот на сторената повреда (апсолутен рок). Тужителот е должен со тужбата да
поднесе и писмен доказ за настанатата повреда.46

Тужителот може од судот да бара исполнување на повеќе барања, со кои се


настојува да се отстранат штетните последици од повредата. Прво, тој може да бара
утврдување дека постои повреда на правото, престанување на повредата и забрана за
натамошни исти или слични повреди. Понатаму, на носителот на повреденото право му се

43
Дабовиќ-Атанасовска, Јадранка и Пепељугоски, Валентин. Право на интелектуална сопственост, стр.
347.
44
Закон за парничната постапка (пречистен текст), „Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2011.
45
Јаневски, Арсен и Зороска-Камиловска, Татјана. Граѓанско процесно право: Парнично право. Второ
изменето и дополнето издание. Скопје: Правен факултет „Јустинијан први“; 2012, стр. 136-137.
46
Дабовиќ-Атанасовска, Јадранка и Пепељугоски, Валентин. Право на интелектуална сопственост, стр.
349.
признава и надоместок на настаната штета во согласност со одредбите на Законот за
облигационите односи.47 Доколку со повредата на правото се создадени или ставени во
промет определени производи, тој може да бара нивно одземање или уништување, со што
се заштитуваат и потрошувачите од купување на таквите производи. Ако повредата е
сторена со намера или крајна небрежност, носителот на правото може да бара исплата на
вообичаениот надоместок зголемен до 200%, независно дали поради повредата претрпел
толкава имотна штета. За крај, тој може да бара и објавување на пресудата на трошок на
тужениот, со што се постигнува не само морална сатисфакција, туку и се заштитуваат
потрошувачите од можноста да бидат доведени во заблуда.

4.2. Административно-правна заштита

Административно-правната заштита на правото на трговска марка се остварува


преку надзор и преку прекршочна постапка. 48 Надзорот врз спроведувањето на одредбите
на Законот за индустриска сопственост го врши Министерството за економија, додека
инспекцискиот надзор над спровеувањето на законските одредби во однос на прометот и
употребата на заштитените права од индустриска сопственост го врши Државниот пазарен
инспекторат, и тоа како по службена дожност, така и по барање на носителот на правото.49

Доколку инспекторот утврди дека се повредени правата од индустриска


сопственост, односно дека неовластено се користи или имитира трговска марка или пак
неовластено се користи ознака ® за незаштитена трговска марка, ќе донесе решение со кое
ќе нареди да се повлечат производите од промет, односно ќе определи други соодветни
мерки за спречување на натамошната нивна повреда.

Сепак, суштината на административно-правната заштита на правата од


индустриска сопственост се состои во можноста на лицето кое ќе ги повреди да му биде
изречена глоба за сторен прекршок, со што се отстранува финансиската мотивација за
извршување на вакви повреди. Така, парично ќе биде казнето лицето кое неовластено
користи или имитира пријавена или заштитена трговска марка или неовластено користи
47
Закон за облигационите односи, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 4/2002, 5/2003,
84/2008, 81/2009 и 161/2009.
48
Дабовиќ-Атанасовска, Јадранка и Пепељугоски, Валентин. Право на интелектуална сопственост, стр.
372.
49
Закон за индустриската сопственост, чл. 316-317.
ознака ® за нерегистрирана трговска марка. Во случај на првата повреда, освен глобата, ќе
му се изрече и забрана за вршење дејност на правното лице, односно забрана за вршење
професија, дејност или должност на физичкото лице.

4.3. Казнено-правна заштита

Согласно светската практика, за најтешките повреди на правата на индустриска


сопственост и во нашето право е пропишана казнена одговорност. Така, во Кривичниот
законик е пропишано казненото дело повреда на права од индустриска сопственост и
неовластена употреба на туѓа фирма.50 Неговото битие се состои од повреда на туѓа
заштитена трговска марка или друго право од индустриска сопственост со намера да се
измамат купувачи или корисници на услуги. Сторителот на ваквото дело ќе се казни со
казна затвор од најмалку три години, односно со казна затвор од една до пет години и
парична казна доколку со сторувањето на делото прибавил значителна имотна корист или
предизвикал значителна имотна штета. Казнено-правната заштита на трговската марка е
резултат на потребата од нејзина поцврста заштита со примена на државниот апарат за
принуда, но и на зачестените повреди на ова право, а произлегува и од Стратегијата за
интелектуална сопственост на Република Македонија (2009-2012), која стипулира
заострување на казнената политика во поглед на заштита на правата на интелектуална
сопственост.51

Може да се заклучи дека правото на трговска марка на домашните, но и на


странските компании, ужива соодветна правна заштита во позитивното македонско
законодавство. Малиот број на судски спорови кои се водат околку ова прашање се доказ
повеќе дека, во услови на транзиција и различни економски движења, домашните

50
Кривичен законик, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 37/96, 80/99, 04/2002, 43/2003,
19/2004, 81/2005, 60/2006, 76/2006, 07/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012,
166/2012, 55/2013 и бр. 27/2014, чл. 285.
51
Влада на Република Македонија. Стратегија за интелектуалната сопственост на Република
Македонија 2009-2012. Скопје: Влада на Република Македонија; 2009, стр. 46.
компании не се соочени со поголема опасност по нивните права од индустриска
сопственост.

4.4. Проблемот со фалсификатите во Република Македонија

Сепак, истото не може да се рече во однос на фалсификатите на познатите светски


брендови, кои сè повеќе се појавуваат на домашните паари. Фалсификувањето претставува
негативен економски феномен од глобално значење, но и определен облик на економски
криминал. Неговата важност се извлекува од огромниот процент со кој се застапени
фалсификуваните производи во вкупната светска трговија, како и од фактот што
фалсификуваните копии на определени производи се продаваат во неколкукратно повеќе
примероци од нивните оригинали. Сето тоа нè доведува до заклучокот дека се работи за
исклучиво негативна појава, со која не само што се измамуваат потрошувачите, туку и се
нарушува репутацијата на производителот и носителот на трговска марка, а од друга
страна се оштетува и државниот буџет, преку даночната евазија која настанува како
резултат на продажбата на овие добра на сивиот пазар.52

Како и остатокот од светот, и Република Македонија се соочува со горливиот


проблем на сè поголемиот број на фалсификувани производи, увезени претежно од некоја
странските држави. Во насока на заштита на носителите на трговските марки кои се
фалсификуваат, но и на потрошувачите, од напливот на фалсификувана стока, донесен е и
Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуалната сопственост 53, кој
фалсификуваната стока ја дефинира како стока на која или на чие пакување, без
согласност од носителот на правото, стои трговска марка која е идентична со важечката
регистрирана трговска марка, односно која не може да се разликува во суштинските
обележја од таквата трговска марка, со што се повредуваат правата на носителот. Законот
пропишува голем број на мерки и дејствија кои се должни да ги преземат службениците
на Царинската управа со цел оневозможување и отежнување на увозот на
фалсификуваната стока во Републиката и нејзин успешен пласман на домашните пазари.

52
World Intellectual Property Organization. WIPO Intellectual Property Handbook, pp. 90.
53
Закон за царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, „Службен весник на
Република Македонија“ бр. 38/2005, 107/2007, 135/2011 и 69/2013.
Сепак, во насока на заштита на производителите и потрошувачите од големиот број
на фалсификувани производи, потребно е да се обезбеди поголема контрола на увезената
и произведена стока, но и да се зголеми свеста кај населението за потребата од
избегнување на ваквите производи, кои по својот квалитет се далеку од производот кој го
имитираат, а неретко можат да бидат и штетни по здравјето на луѓето, кои ги купуваат
истите како резултат на нивните пониски и поприфатливи цени. Оваа цел ќе се постигне
првенствено со засилување на контролата и осовременување на државниот апарат, со што,
во крајна линија, ќе се зголеми ефикасноста во намалувањето на влезот на фалсификувани
добра во државата и нивниот пласман на домашните пазари. Фалсификуваната стока е
огромна закана за секоја национална економија и претставува важен фактор за развојот на
нелојалната конкуренција во домашното стопанство, поради што неопходно е да се
преземат соодветни мерки за искоренување на ваквата практика во Република
Македонија.

5. Односот на трговската марка со современите бизнис практики

5.1. Трговската марка и франшизингот

Еден од современите концепти на ширење на успешните компании е


франшизингот, како неминовна алатка на економска глобализација. Франшизингот
претставува проширување на деловниот потфат преку пренесување на правото за
користење на изградениот бизнис модел, на определено време и на различна територија,
на трето лице-претприемач, во замена за противнадомест. Заедно со правото на користење
на бизнис моделот, се пренесуваат и правата од интелектуална сопственост, а во исто
време се дава и целосна поддршка и помош при развивањето и одржувањето на
компанијата, како и надзор над нејзиното работење. 54 Преку франшицата, се овозможува
мултинационалните и транснационалните компании да допрат до буквално секоја држава,
преку новоотворени компании кои претставуваат независни подружници на мајката-
компанија, работејќи под нејзиниот бренд, нудејќи ги нејзините производи и услуги на
домашното население. Франшизата може да се користи во било кој сектор, иако е
најзастапена во угостителскиот сектор, па така, најголемиот број од светските ланци за

54
World Intellectual Property Organization. Managing Intellectual Property Issues in Franchising. Geneva: World
Intellectual Property Organization; 2012, pp. 8.
брза храна функционираат токму на овој начин. Ваквиот уникатен концепт подразбира
стриктна нормативна уреденост, како и прецизни одредби во договорите за франшизинг, а
со себе повлекува и голем број последици во однос на интелектуалната сопственост,
особено на трговската марка, што ќе биде предмет на натамошно разгледување во овој
труд.

.Договорот за франшизинг е создаден поради големите погодности кои ги носи за


двете страни. Давателот на франшизата добива можност да го прошири својот деловен
потфат надвор од границите на својата држава, па дури и насекаде низ светот, без притоа
да ги поминува политичките, административни и бирократски бариери кои вообичаено го
следат трансферот на капиталот, а во исто време не вложува никаков капитал и не
ризикува ништо. Примателот на франшизата, од друга страна, работи под капата на
светски познат бренд, кој е лесно идентификуван од страна на домашните потрошувачи,
поради што е во многу поповолна положба од останатите учесници на пазарот. Двете
страни се поврзуваат со надоместокот кој претставува основна обврска на примателот на
франшизата, како и основен мотив на давателот.55

Суштината на франшизингот се состои во тоа што давателот на франшизата го


овластува примателот на франшизата да ја користи целата негова интелектуална
сопственост, вклучително и деловните тајни и know-how, со цел да работи под истиот
бренд како давателот. Меѓу другото, тоа подразбира право да се користи со сите
заштитени знаци и други трговски марки на давателот, како би се идентификувал на
пазарот и би бил претпознатлив како негов претставник. Всушност, таа претставува еден
од облиците на прометливост со правото на трговска марка sui generis, кој по своите
карактеристики е далеку посеопфатен од договорот за лиценца или за пренос.

Како и во повеќе други држави, договорот за франшизинг во Република


Македонија не е нормативно уреден, односно претставува неименуван договор на
автономното трговско право.56

55
Коевски, Горан. Водич за алтернативните извори на финансирање. Скопје: Здружение на правници на
Република Македонија; 2007, стр. 27.
56
Dabovik-Atanasovska, Jadranka. „Franšize i ugovor o franšizi u zakonodavstvu i praksi Republike Hrvatske i
Republike Makedonije“. U: Petrak, Marko. Zbornik Pravnog fakulteta u Zagrebu. Zagreb: Pravni fakultet u
Zagrebu; 2011, str. 708.
Условите за користење на трговските знаци на давателот на франшизата од страна
на примателот се вообичаено детално уредени во договорот за франшизинг. Сепак,
неретко може да дојде до спор поради неправилна или несоодветна употреба на
индустриската сопственост, како и употребата на индустриската сопственост по
престанокот на договорот. Честопати се појавуваат спорни ситуации како резултат на
фактот што трговската марка е регистрирана од страна на примателот на франшизата,
согласно договорот, по неговиот престанок. 57 Голем придонес во отстранувањето на
споровите околу регистрацијата на трговските марки има т.н. community trade mark, која
функционира во Европската Унија од 1996 година. 58 Така, наместо да се поведува
постапка за регистрација на трговската марка во секоја држава-членка, сега е можно да се
регистрира трговска марка со важност на територијата на целата Унија, што е од особена
важност за договорите за франшизинг.

Во Република Македонија, постојат повеќе компании кои функционираат како


франшиза на некој светски познат ланец, пред сè во сферата на брзата храна и трговијата
на мало. Сепак, досега немало случај на повреда на правата од трговска марка или слични
спорови по повод прекинот на договорот за франшизингг, односно сите вакви случаи
завршувале мирно и со соодветно почитување на правата од интелектуална сопственост на
давателот на франшизата. Според тоа, може да се каже дека ваквите договори
претставуваат успешен начин на претставување на развиените странски компании на
македонскиот пазар, без никаква опасност по нивните права на трговска марка.

Договорот за франшизинг е од значење за овој труд поради уникатниот,


специфичен начин на пренос на правата од интелектуална сопственост, кој претставува
негов основен елемент. Благодарение на франшизингот, најразличните светски брендови
се глобално достапни, а нивните заштитени знаци слободно се користат, без притоа да
постои повреда на правата од индустриска сопственост. Ваквиот договор претставува
значајна иновација во светот на бизнисот со поволни последици за сите учесници на
пазарот, а неговиот дострел оди дотаму што истиотпретставува важна алатка за
намалување на потенцијалните штетни последици кои може да произлезат од претесната и

57
World Intellectual Property Organization. Managing Intellectual Property Issues in Franchising, pp. 58.
58
Bishop, Bernard. European Union Law for International Business: An Introduction. New York: Cambridge
University Press; 2009, pp. 151.
стриктна заштита на трговските марки, пред сè во облик на ограничување на движењата
на пазарот и закочување на развојот на конкуренцијата како клучен дел од секое пазарно
општество. Сепак, за да се обезбеди правилна примена на ваквиот договор, потребна е
негова нормативна уреденост, но и поголема едукација на населението за можните
пригодети кои произлегуваат од договорот за франшизинг.

5.2. Трговската марка и електронската трговија

Една од најголемите придобивки на XXI век во сферата на стопанството е


електронската трговија, под која се подразбираат сите комерцијални трансакции
направени преку интернет, односно тргувањето со информации, пари, стоки и услуги
користејќи електронски средства.59 Преку употреба на дигиталната технологија,
електронската трговија овозможува размена на вредности (пари) за стоки и услуги надвор
од индивидуалните и организациските граници. 60 Покрај обемната меѓународна
легислатива за регулирање на електронската трговија, истата е уредена и во нашето право
со Законот за електронска трговија од 2007 година.61

Помеѓу предностите на договорите во електронската трговија може да се вбројат


брзиот и едноставен пристап, големиот избор на производи и услуги, надминувањето на
територијалните и географските разлики, можноста за купување од дома, огромната
конкуренција и брзината на услугите. Од друга страна, електронската трговија со себе
носи многу негативни страни, како што се проблемот на сигурноста при извршувањето на
електронските трансакции, нарушувањето на приватноста, неизвесноста на одговорноста
на договорните страни, како и можноста од настанување на повеќе спорни ситуации во
врска со меѓународната надлежност на судовите, меродавното право, оданочувањето, но и
интелектуалната сопственост.62

Токму последното прашање е од главен интерес за нашето истражување. Слободата


која ја дава интернетот честопати може да биде злоупотребена, па така, носителите на
правото на трговска марка се во голема опасност нивните права да бидат повредени од

59
World Intellectual Property Organization. WIPO Intellectual Property Handbook, pp. 455.
60
Milosavljević, Milan i Mišković, Vladislav. Elektronska trgovina. Beograd: Univerzitet Singidunum; 2011, str. 4.
61
Закон за електронска трговија, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 133/2007 и 17/2011.
62
Davidson, Alan. The Law of Electronic Commerce. New York: Cambridge University Press; 2009, pp. 1.
страна на трети лица на интернет просторот. Оваа опасност се зголемува неколкукратно
преку фактот што, за разлика од реалниот, во виртуелниот свет е многу потешко да се
открие кој ентитет стои зад повредата на определено право, поради што е и многу
потешко истиот да се повика на одговорност, како основен облик на заштита на правата од
интелектуална сопственост.

Поради неограничените можности кои ги нуди интернетот, многу често можно е да


дојде до измама на евентуалните потрошувачи. На пример, злоупотребата на трговската
марка може да настане при самата употреба на т.н. име на домеин, под што се подразбира
називот и адресата на една веб-страница, со кои таа се разликува од секоја останата.
Посебно е зачестена појавата на т.н. cybersquatting, како основен вид на повреда на
правото на трговска марка.63 Овој поим означува регистрирање на име на домеин од
страна на субјект кој не е носител на трговската марка, кој потоа му го нуди домеинот на
нејзиниот вистински носител за цена која е неколкукратно поголема од реалната, или пак
го користи на негова штета.64 Поради тоа, вистинскиот носител на трговската марка е
должен да го плати потребниот износ доколку сака да го користи името на домеин кое
соодветствува на неговата трговска марка, а во спротивно ќе ги трпи штетните последици
кои се движат од неможност да основа веб-страница со соодветен назив, па сè до
оцрнување на неговиот имиџ и уништување на неговиот бренд преку активности на
сајбер-криминалецот. Ваквиот тренд на сајбер-криминал, иако застапен во секој сектор,
посебно ја погаѓа електронската трговија, поради фактот што директно ги нарушува
можностите за остварување на профит од страна на компанијата – носител на трговската
марка.

Во Република Македонија, во последните години, електронската трговија е во


подем. Токму поради тоа, мора да се пронајдат соодветни инструменти за заштита на
интелектуалната сопственост на деловните субјекти. Поради малиот број на македонски
веб-страници за електронска трговија, како и малиот број на македонски компании кои
тргуваат на овој начин, главниот проблем во врска со повредата на правата од

63
World Intellectual Property Organization. Intellectual Property Issues Related to Electronic Commerce. Geneva:
World Intellectual Property Organization; 2012, pp. 8.
64
Naumovski, Goce and Popovic, D. Information Technology Law. Skopje: Iustinianus Primus Law Faculty; 2012,
pp. 21.
интелектуална сопственост се наоѓа во странските веб-страници, кои се многу достапни за
нашите корисници. Така, напливот на веб-страници кои продаваат фалсификувана стока е
огромен, а поради ниските цени, не изненадува и големиот интерес кај нашите
потрошувачи, што претставува директна закана за трговските марки на светските
компании. Поради тоа, потребни е поголема контрола над производите во електронската
трговија со странство, кои често ги нарушуваат трговските марки, но и индустриските
дизајни и патентите на светски познатите компании. Досега, забележана е определена
контрола над ваквата трговија, но без изедначување на контролата на државните органи
врз индивидуалните пратки од интернет со онаа на колективните превозници на
граничните премини, не може да се доведе до искоренување на веќе сериозниот проблем
со фалсификатите. Освен тоа, постојат и поединечни случаи на злоупотреба на правата од
интелектуална сопственост со користење на методи како горенаведениот cybersquatting,
иако истите се повеќе застапени во странските држави, каде што и произведуваат
поголеми штетни последици. Сепак, со оглед на растечкиот тренд на нивна примена, како
и големиот интерес за електронската трговија во нашата држава, потребно е да се донесе
соодветна регулатива во насока на превенирање и спречување на ваквите штетни појави.

5.3. Трговската марка и конкуренцијата

Ексклузивноста на трговските марки има свои импликации и врз конкуренцијата на


пазарот, која ја анализира конкурентското право, и тоа во две насоки: создавање и
одржување на монополот на пазарот и несовесни анти-конкурентски практики.

Самата економска улога на трговската марка е да му помогне на потрошувачот да


ги идентификува неочигледните карактеристиките на производот кој сака да го купи.
Наместо овие податоци да му се дадат по пат на анализа, истите тој ги добива преку
симболот, односно знакот на пакувањето, преку кој потрошувачот знае дека ќе го купи
токму оној производ чии карактеристики му требаат.65 Поради тоа, се поставува
прашањето дали постоењето на заштитени трговски марки, кој му даваат ексклузивно
право на користење на определен знак на нивниот носител, не помага во одржувањето, а
во некоја мера и во создавањето на монополот на пазарот. Како резултат на изградениот
имиџ на определени светски брендови, тие имаат далеку подобри изгледи за успех на
65
Economides, Nicholas S. The Economics of Trademarks. 78 Trademark Rep. 523; 1988, pp. 527.
пазарот наспроти нивните конкуренти, и покрај тоа што вторите ги нудат истите
квалитети за многу пониски цени.66 Од една страна, тоа е основен бенефит на градењето
на квалитетен и претпознатлив бренд, но од друга страна, според некои автори, тоа е во
колизија со концептот на еднаквост на слободниот пазар. Сепак, наспроти ваквите ставови
се појавуваат мислења за значењето на маркетингот за успехот на пазарот, кој е
овозможен само преку соодветна заштита на трговските марки. 67 Токму поради фактот
што една компанија ги промовира своите производи и услуги преку определен знак,
истата е во можност да се бори со останатите учесници на пазарот за градење на подобар и
посакуван бренд, што во крајна линија е основна цел на конкуренцијата. Ниту едно
трговско друштво нема да работи на подобрување на неговиот бренд доколку
претпознатливите знаци преку кои тој бренд се идентификува можат да бидат користени
од страна на неговите конкуренти без никакви последици. Поради тоа, и покрај можните
негативни последици врз конкуреннцијата, кои произлегуваат од ексклузивната природа
на трговската марка, нејзината важност за секоја компанија е поголема од потенцијалните
импликации врз слободата на пазарот.

Токму ова значење кое трговските марки го имаат за секоја компанија е клучно при
анализата на вториот облик на влијание на трговските марки врз конкуренцијата на
пазарот, што може да се најде во некои од формите на нелојална конкуренција и нефер
однесување на пазарот. Во прв ред, тоа е т.н. passing off, феномен кој подразбира
назначување на производите или услугите како да му припаѓаат на друг, односно како да
се произведени од страна на некоја друга компанија. Ваквиот метод на тргување in mala
fide претпоставува искористување на изградениот бренд на некој трговец од страна на
друг учесник на пазарот, што во крајна линија е насочено кон измама на потрошувачите и
нарушување на угледот на вистинскиот носител на определен бренд. 68 Со тоа, меѓу
другото, се повредуваат и неговите права кои произлегуваат од трговската марка, како
резултат на фактот што друг субјект на пазарот, надвор од неговите овластувања, ги
означува своите производи и услуги како производи и услуги на првичниот трговец, чиј
бренд е веќе изграден. Passing off не е уредено во нашето право, но претставува граѓански

66
Ibid. pp. 532.
67
Ibid. pp. 533.
68
Rodger, Barry J. and MacCulloch, Angus. Competition Law and Policy in the European Community and United
Kingdom. 2nd ed. London: Cavendish Publishing Limited; 2001, pp. 19.
деликт со огромна судска практика во англиското право. За неговата важност зборува и
фактот што, правото за трговска марка во англиското право е создадено, меѓу другото,
како правен механизам за спречување на лажното претставување во трговијата 69, што не
претставува ништо друго туку онцептот на passing off.

Освен ваквиот начин на копирање на определен бренд, позната е појавата и на т.н.


„конкурентко рекламирање“, при кое се користи називот или други елементи на определен
бренд, со цел негово оцрнување и промовирање на брендот кој ја финансира рекламата.
Посебно е двосмислено уредувањето на ситуациите во кои една компанија го споменува
називот на определен производ на друга компанија, или пак го користи нивниот заштитен
слоган, во своите реклами, што од една страна е спротивно со добрата трговска практика,
принципите на конкурентското право и заштитата на трговската марка, но од друга страна
ваквата практика е заштитена од повеќе национални законодавства, освен кога оди
директно на штета на репутацијата на трговската марка на другата компанија.70

Во Република Македонија не постои значајна практика на нарушување на односите


на пазарот преку злоупотреба на правата од интелектуалната сопственост, ниту пак
забележителни случаи на негативно влијание на ексклузивната природа на трговската
марка врз здравата конкуренција и слободата на пазарот. Сепак, и во оваа област е
потребна поголема теориска анализа, но и нормативна регулатива која би ги заштитила
субјектите на пазарот од евентуални активности на нелојална конкуренција, кои
моментално не се забранети.

69
Dinwoodie, Graeme B. and Janis, Mark D. Trademark Law and Theory: A Handbook of Contemporary Research.
Cheltenham: Edward Elgar Publishing; 2008, pp. 4.
70
Rodger, Barry J. and MacCulloch, Angus. Competition Law and Policy in the European Community and United
Kingdom, pp. 26.
6. Практични искуства од Република Македонија
Со оглед на досегашните искуства од осамостојувањето па до денес, може да се
заклучи дека правата од индустриска сопственост воопшто играат мала улога во
македонското стопанство, барем во споредба со останатите европски земји. Компаниите
ретко се решаваат да инвестираат во изработка на квалитетен индустриски дизајн, мал е
бројот на пронаоѓачи кои би ги патентирале своите пронајдоци, а трендот на заштитување
на географските ознаки и ознаките на потеклото бележи голем број на неуспешни
ситуации во кои производите од македонско потекло не успеале да добијат соодветна
ознака. Сепак, ситуацијата е поинаква кога се работи за трговската марка, пред сè поради
нејзината широка употреба. Така, дури и помалите компании имаат потреба да го
заштитат своето лого, а веќе поголемите компании кои на пазарот се претставуваат со
повеќе стоки и услуги се во состојба да ги заштитуваат знаците на таквите стоки и услуги.
Според официјалните податоци на Државниот завод за индустриска сопственост 71,
во моментов важечки се вкупно 13,840 регистрирани трговски марки. Вкупниот број, пак,
на пријави за трговски марки, вклучувајќи ги и трговските марки кои биле регистрирани,
но чија важност престанала, од 1993 до 2014 година изнесува 28,209 трговски марки.
Нивниот развој по години се движи на следниот начин:

Табела 1: Број на поднесени пријави во период од 1993 до 2014

Број на поднесени пријави за трговски марки од 1993 до 2014 година


4000

3000

2000

1000

0
а а а а а а а а а а а а а а а а а а а а а а
д ин дин дин дин дин дин дин дин дин дин дин дин дин дин дин дин дин дин дин дин дин дин
го го го го го го го го го го го го го го го го го го го го го го
9 3 9 4 9 5 96 9 7 9 8 99 00 0 1 02 0 3 0 4 0 5 06 0 7 0 8 09 1 0 1 1 12 13 1 4
1 9 19 19 1 9 19 19 1 9 2 0 20 2 0 20 20 20 2 0 20 20 2 0 20 20 2 0 2 0 20

Со оглед на горенаведените податоци, не може да се донесе заклучок за некаков


стабилен тренд на пораст или пад на поднесените пријави за трговски марки. Во зависност
од економските услови и потребите на стопанството, овој број варира, но ретко ја
надминува бројката од 1,500 пријави годишно, освен во исклучителни случаи.

71
Податоците изложени во овој труд се преземени со употреба на алатката за пребарување на трговски
марки во рамките на веб-страницата на Државниот завод за индустриска сопственост:
http://www.ippo.gov.mk/Search/TrademarkSearch.aspx
Доколку се спореди ситуацијата во Македонија со таа во регионот, ќе се дојде до
следниот заклучок. Додека во нашата држава во 2013 година биле поднесени 1,254
пријави за трговски марки, во Србија во истата година биле поднесени 13,357 пријави, во
Хрватска 16,745, а во Албанија 1,737 пријави 72, што значи дека Македонија има најмал
број на поднесени пријави за трговска марка од соседните држави.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на деловни


субјекти во 2014 година изнесува 70,65973. Споредбата на ова бројка со вкупниот број на
важечки трговски марки нè доведува до заклучокот дека е мал бројот на трговски друштва
кои ја заштитиле својата трговска марка, особено со оглед на фактот што најголем дел од
регистрираните трговски марки се во сопственост на компаниите кои се на врвот на
индустрискиот сектор.

Освен вкупниот број на регистрирани трговски марки и неговиот однос со


вкупниот број на деловни субјекти во државата, предмет на ова истражување е и бројот на
експерти од областа на индустриската сопственост, што најточно може да се утврди преку
бројот на регистрирани застапници во Државниот завод за индустриска сопственост, како
лица кои положиле специјалистички испит и се запишани во регистарот на Заводот.
Според податоците на Заводот74, во Република Македонија овој испит досега го положиле
234 лица. Во моментов, постојат 189 регистрирани застапници во Заводот, од кои 18 се
трговски друштва кои се основаат за застапување во работите од индустриската
сопственост, а останатите се адвокати или адвокатски друштва.

Може да се заклучи дека во Република Македонија сè уште не е доволно развиена


свеста за значењето на правилната заштита на правата од индустриска сопственост, па
дури и на трговската марка, која бележи значително поголем број на апликации од
останатите права од индустриска сопственост, но сепак е далеку од бројката која би и
одговарала дури и на една скромна економија во развој, како што е нашата. Причините за
ова може да се најдат во недоволната едукација на населението, особено на бизнис

72
World Intellectual Property Organization. World Intellectual Property Indicators. Geneva: World Intellectual
Property Organization; 2014, pp. 89-92.
73
Државен завод за статистика. Соопштение за бројот на активни деловни субјекти во 2014 година. Скопје:
Државен завод за статистика; 2015. (6.1.15.14). Достапно на: http://www.stat.gov.mk/pdf/2015/6.1.15.14.pdf
74
http://www.ippo.gov.mk/MK/Zastapnici.aspx
секторот, за потребата од адекватна заштита на индустриската сопственост, но и во
непостоењето на соодветна волја за инвестирање на финансиски и временски ресурси во
создавање на квалитетни брендови чија заштита е повеќе од задолжителна. Сепак, за
пофалба се малиот број на трговски друштва кои, во духот на здравата конкуренција,
постојано се трудат за подобро место на пазарот, иновирајќи нови производи и услуги и
трудејќи се да ги подобрат условите за нивните потрошувачи, што неминовно доведува до
потреба од заштитување на секој поединечен трговски знак на нивните стоки и услуги. Од
друга страна, изненадува и зголемениот број на експерти за правата од индустриска
сопственост, со што се прошируваат можностите за регистрација на овие права со
асистенција на сè поголемиот број на адвокати, но и компании кои се бават со
регистрација на права од индустриска сопственост. Сепак, нужно е да се обрне внимание
на јавното мислење, односно на свеста на населението за значењето на овие права, која сè
уште не е доволно развиена.
Заклучок

Деталната анализа за статусот на трговската марка во правото и во практиката во


Република Македонија, како и нејзиниот однос со современите бизнис практики, нè
доведе до повеќе заклучоци.

Прво, утврдивме дека во нашата држава е донесена солидна нормативна регулатива


за оваа материја, првенствено со Законот за индустриската сопственост, како
кодификација на сите права на индустриска сопственост, но и постапките за нивна
регистрација и заштита. Во него, детално се разгледува целокупниот правен статус на
трговската марка и правата кои произлегуваат од неа за нејзиниот носител. Постапките за
регистрација се прецизно уредени, а нивното појаснување е извршено со правилник
донесен од страна на Државниот завод за индустриска сопственост. Овие правни акти
содржат гаранции за да се избегне регистрацијата на исти или слични трговски марки,
како и било која форма на злоупотреба на веќе регистрираните трговски марки. Законот за
индустриската сопственост содржи и одредби за преносливоста на правото на трговска
марка, како една од неговите најважни карактеристики.

Второ, значајно е тоа што македонското законодавство обезбедува соодветна


заштита на правата од индустриска сопственост, следејќи го тријалистичкиот концепт кој
преовладува во компаративните правни системи. Така, трговската марка кај нас е
заштитена како со граѓанско-правни инструменти, во прв ред надоместот на штета за
неправилна или неовластена употреба, така и со контрола од страна на државните органи,
која се изразува преку прекршочните и казнените санкции за лицето кое ќе ги повреди
туѓите права од индустриска сопственост, вклучително и казненото дело повреда на права
од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма. Сепак, и ваквата
трислојна правна заштита не доведува до целосна елиминација на злоупотребите на
трговските марки, па така, проблемот на фалсификуваната стока, иако намален, и
понатаму создава штетни последици за трговските марки на светските компании.

Трето, можеме да заклучиме дека трговската марка претставува можеби


најзначајното право од индустриска сопственост во државата, со најголем број на пријави
и регистрирани права, како и со најголема примена од страна на домашните компании.
Сепак, со оглед на бројот на деловни субјекти, изненадува малиот број на регистрирани
марки во државата. Ваквата слика е резултат првенствено на недоволно развиената свест
кај приватниот сектор за значењето на соодветната заштита на правата од индустриска
сопственост, но и на недостатокот на волја за инвестирање на финансиски и временски
ресурси во развивањето на производи и услуги чија заштита ќе мора да биде обезбедена.
Од друга страна, забележан е раст на бројот на застапници пред Државниот завод за
индустриска сопственост, како и на бројот на експерти во оваа област, што се огледува и
во порастот на вкупниот број на адвокатски друштва и компании кои се занимаваат со
индустриската сопственост.

Понатаму, дојдовме до заклучокот дека трговската марка е во тесна врска со


остварувањето на современите бизнис практики, како што се франшизингот и
електронската трговија. Така, франшизингот претставува моќна алатка на светски
познатите компании за освојување на глобалниот пазар, преку еден вид лиценцирање на
своите права од индустриска сопственост sui generis. Без постоењето на правото на
трговска марка како заштитено право од индустриска сопственост, немаше да биде постои
ни франшизингот. Досегашната практика на користење на договорот за франшизинг во
Република Македонија се покажа како успешно за светските компании, без никаков ризик
од повреда на нивните трговски марки. Од друга страна, трговската марка е во многу
работи под влијание на електронската трговија, која сè повеќе зема замав во светот, па и
во нашата држава. Ваквиот тренд ги отвора вратите за разни злоупотреби на правото на
трговска марка, кои се полесни за изведување и потешки за откривање од оние во
реалниот свет, поради што е потребна нова законска регулатива за избегнување на
можните повреди. Уште повеќе, голема е опасноста од зголемување на бројот на увезени
фалсификати преку електронската трговија, што претставува уште една повреда на
трговските марки кон чие спречување мора под итно да се дејствува. Освен со
франшизингот и со електронската трговија, трговската марка е во тесна врска и со
конкуренцијата на пазарот. Така, објаснувајќи го односот на трговската марка со
конкуренцијата, ја негиравме теоријата за нејзиното можно влијание врз создазвањето на
монополот, притоа објаснувајќи ги најупотребуваните активности на нелојална
конкуренција, со кои, меѓу другото, се напаѓа и правото на трговска марка.

Во однос на тенденциите на развитокот на трговската марка, можеме да издвоиме


неколку забелешки. Така, со оглед на растот на економијата, напливот на странските
инвестиции, но и отворањето на нови деловни можности за домашните претприемачи, се
очекува пораст на бројот на деловни субјекти во државата, од што произлегува потребата
од регистрирање на повеќе трговски марки. Сите овие фактори нè доведуваат до
прогнозата дека правото на интелектуална сопственост и понатаму ќе се развива во
Република Македонија, отварајќи нови работни можности за експертите од оваа област.
Од друга страна, аспирациите на Република Македонија за влез во Европската Унија ќе
резултираат со натамошна потреба од хармонизација на нашето законодавство и
воедначување на судската и административната практика со правото на ЕУ, пред сè со
прифаќањето на концептот на community trade mark со самиот влез во Унијата.

Сумираните заклучоци даваат еден комплетен осврт на положбата на трговската


марка во правото и во практиката во Република Македонија, како клучно право од
индустриска сопственост за македонските компании. Сепак, тоа не значи дека со ова
завршува анализата на овој сегмент од трговското право, кој бележи занемарување во
однос на останатите области, и тоа како од теоријата, така и од практиката. Во насока на
зголемување на свеста кај населението за правата од индустриска сопственост, како и на
создавање на експерти од оваа област кои ќе обезбедат сигурна заштита на овие права на
домашните трговски друштва, но и ќе можат да ја претставуваат Република Македонија на
меѓународно ниво, потребно е натамошно проучување на правата од индустриска
сопственост од страна на теоријата, што ќе биде проследено со нови законски решенија
кои ќе бидат поблиски до правото на ЕУ и меѓународните стандарди. Потребата од
поголемо проучување на оваа област е клучна не само за новите генерации студенти на
правните факултети, туку и за македонските компании и за домашната економија во
целост, затоа што без соодветна заштита на правата од индустриска сопственост, во кои
челно место зазема трговската марка, не можеме да зборуваме за развиено стопанство кое
ќе биде доволно конкуретно за да може да им парира на останатите европски економии,
како и да обезбеди свое место на заедничкиот пазар на ЕУ, како една од целите на
евроинтеграциските процеси на Република Македонија.

Библиографија

Стручна литература и трудови

Bishop, Bernard. European Union Law for International Business: An introduction.


New York: Cambridge University Press; 2009.

Correa, Carlos M. Intellectual Property Rights, the WTO and Developing Countries: The TRIPS
Agreement and Policy Options. Penang: Third World Network; 2000.

Дабовиќ-Атанасовска, Јадранка и Пепељугоски, Валентин. Право на интелектуална


сопственост. Скопје: Академик; 2012.

Dabovik-Atanasovska, Jadranka et al. Introduction to Intellectual Property Law (Collection of


Papers published within the Tempus project 144582). Skopje: Iustinianus Primus Law Faculty;
2012.

Dabovik-Atanasovska, Jadranka. „Franšize i ugovor o franšizi u zakonodavstvu i praksi


Republike Hrvatske i Republike Makedonije“. U: Petrak, Marko. Zbornik Pravnog fakulteta u
Zagrebu. Zagreb: Pravni fakultet u Zagrebu; 2011. Str. 695-722.

Davidson, Alan. The Law of Electronic Commerce. New York: Cambridge University Press;
2009.

Dinwoodie, Graeme B. and Janis, Mark D. Trademark Law and Theory: A Handbook of
Contemporary Research. Cheltenham: Edward Elgar Publishing; 2008.

Дукоски, Саша. Трговско право. Кичево: Универзитет „Свети Климент Охридски“ –


Битола, Правен факултет – Кичево; 2011.

Economides, Nicholas S. The Economics of Trademarks. 78 Trademark Rep. 523; 1988.

Јаневски, Арсен и Зороска-Камиловска, Татјана. Граѓанско процесно право: Парнично


право. Второ изменето и дополнето издание. Скопје: Правен факултет „Јустинијан први“;
2012.

Jehoram, Tobias Cohen et al. European Trademark Law: Community Trademark Law and
Harmonized National Trademark Law. Alphen aan den Rijn: Kluwer Law International; 2010.

Камбовски, Игор. Стварно право. Скопје: Флексограф; 2013.

Коевски, Горан. Водич за алтернативните извори на финансирање. Скопје: Здружение на


правници на Република Македонија; 2007.

McJohn, Stephen M. Intellectual Property: Examples & Explanations. New York: Aspen
Publishers; 2009.

Milosavljević, Milan i Mišković, Vladislav. Elektronska trgovina. Beograd: Univerzitet


Singidunum; 2011.

Naumovski, Goce and Popović, Dušan. Information Technology Law. Skopje: Iustinianus Primus
Law Faculty; 2012.

Николовски, Александар и Плавшиќ, Снежана. Трговско право. Скопје: Бошели; 2005.

Reboul, Yves; Polenak-Akimovska, Mirjana and Naumovski, Goce. Introduction to Trademarks


and Geographical Indications. Skopje: Iustinianus Primus Law Faculty; 2010.

Rodger, Barry J. and MacCulloch, Angus. Competition Law and Policy in the European
Community and United Kingdom. 2nd ed. London: Cavendish Publishing Limited; 2001.

Секундарни извори (прирачници, публикации, извештаи, статистички податоци)

Агенција за поддршка на претприемништвото во Републиа Македонија. Заштита на


правата од индустриска сопственост (прирачник). Скопје: Европски информативен и
иновативен центар во Македонија; 2010.
Влада на Република Македонија. Стратегија за интелектуалната сопственост на
Република Македонија 2009-2012. Скопје: Влада на Република Македонија; 2009.

Државен завод за индустриска сопственост. Тајните на интелектуалната сопственост:


Водич за мали и средни извозници. Скопје: Државен завод за индустриска сопственост;
2011.

Државен завод за статистика. Соопштение за бројот на активни деловни субјекти во


2014 година. Скопје: Државен завод за статистика; 2015. (6.1.15.14)

World Intellectual Property Organization. Guide to the International Registration of Marks


Under the Madrid Agreement and the Madrid Protocol. Geneva: World Intellectual Property
Organization; 2014.

World Intellectual Property Organization. Intellectual Property Issues Related to Electronic


Commerce. Geneva: World Intellectual Property Organization; 2012.
\

World Intellectual Property Organization. Madrid Yearly Review: International Registration of


Marks. Geneva: World Intellectual Property Organization; 2014

World Intellectual Property Organization. Managing Intellectual Property Issues in Franchising.


Geneva: World Intellectual Property Organization; 2012.

World Intellectual Property Organization. The Madrid Agreement Concerning the International
Registration of Marks and the Protocol Relating to that Agreement: Objectives, Main Features,
Advantages. Geneva: World Intellectual Property Organization; 2012.

World Intellectual Property Organization. WIPO Intellectual Property Handbook. Geneva:


World Intellectual Property Organization; 2008.

World Intellectual Property Organization. WIPO IP Facts and Figures. Geneva: World
Intellectual Property Organization; 2013.

World Intellectual Property Organization. World Intellectual Property Indicators. Geneva:


World Intellectual Property Organization; 2014.

Домашно и меѓународно законодавство


Устав на Република Македонија, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/1991.

Закон за индустриската сопственост, „Службен весник на Република Македонија“ бр.


21/2009, 24/2011, 12/2014 и 41/2014.

Закон за облигационите односи, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001,


4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009 и 161/2009.

Закон за парничната постапка (пречистен текст), „Службен весник на Република


Македонија“ бр. 7/2011.

Кривичен законик, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 37/96, 80/99, 04/2002,
43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 76/2006, 07/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011,
135/2011, 185/2011, 142/2012, 166/2012, 55/2013 и бр. 27/2014.

Закон за електронска трговија, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 133/2007 и


17/2011.

Закон за царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост,


„Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2005, 107/2007, 135/2011 и 69/2013.

Државен завод за индустриска сопственост. Правилник за трговска марка, „Службен


весник на Република Македонија“ бр. 92/2009.

Paris Convention for the Protection of Industrial Property, 1883.


Available from: http://www.wipo.int/treaties/en/text.jsp?file_id=288514

Madrid Agreement Concerning the International Registration of Marks, 1891.


Available from: http://www.wipo.int/wipolex/en/wipo_treaties/text.jsp?file_id=283530

Protocol Relating to the Madrid Agreement Concerning the International Registration of Marks,
1989.
Available from: http://www.wipo.int/wipolex/en/wipo_treaties/text.jsp?file_id=283484

Agreement on Trade-Related Aspects of Intellectual Property Rights (TRIPS), 1994.


Available from: https://www.wto.org/english/docs_e/legal_e/27-trips.pdf

Trademark Law Treaty, 1994.


Available from: http://www.wipo.int/treaties/en/text.jsp?file_id=294357

Council Regulation (EC) No 207/2009 on the Community trade mark, OJ L 78/1, 24.3.2009.

You might also like