You are on page 1of 102

Дејан Методијески

АНИМАЦИИ ВО ТУРИЗМОТ И
УГОСТИТЕЛСТВОТО
за III година
профил/квалификација: Угостителски техничар
сектор: Угостителство и туризам

Скопје, 2023

1
АНИМАЦИИ ВО ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО
за III година
профил/квалификација:
Угостителски техничар сектор: Угостителство и туризам

Автор:
Дејан Методијески

Рецензенти:
Науме Мариноски
Билјана Николовска
Јулијана Саздова

Стручна редакција:
Мијалче Ѓоргиевски

Лектор: Толе Белчев

Дизајн и техничко уредување:


Младен Мицевски

Уредник:
Елена Стефановска

Графичко и техничко уредување:


Владанка Колева, Евгенија Павлова – АРС СТУДИО

Печати: Европа 92 - Кочани

Тираж:

Место и година на издавање: Скопје, 2023 година

Издавач:
Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија Ул.
„Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.
Со одлука за одобрување на учебник по предметот Анимации во туризмот и
угостителството за III година, Угостителство и туризам/Угостителско-туристичка
струка, Образовен профил/квалификација: Угостителски техничар, средно
стручно четиригодишно образование бр. 26-392/1 од 16.02.2023 донесена на
Националната комисија за учебници.

2
СОДРЖИНА

СОДРЖИНА .............................................................................................................. 3
Предговор ................................................................................................................. 5
I. РАЗВОЈ, ЗНАЧЕЊЕ И ЦЕЛИ НА АНИМАЦИИТЕ ВО ТУРИЗМОТ И
УГОСТИТЕЛСТВОТО ............................................................................................... 8
1. Различни видови анимации во туризмот и угостителството.......................... 9
1.1. Поим за анимации во туризмот и угостителството .................................. 9
1.2. Развој на анимациите во туризмот и угостителството ........................... 10
1.3. Видови анимации и нивни структурни елементи .................................... 11
2. Основни принципи на анимациите во туризмот и угостителството ............ 15
2.1. Основни принципи на анимациите во туризмот и угостителството ...... 15
2.2. Организација на анимациските програми во различни периоди на
патувањето и престојот во туристичко место и угостителските објекти ...... 17
2.3. Примери за анимациски програми од праксата ...................................... 19
3. Значење на анимациски програми во развој на туризмот и угостителството
.............................................................................................................................. 24
3.1. Значење на анимациски програми за збогатување на престојот на
туризмот и угостителството ............................................................................ 24
3.2. Можности за анимација во туристичките, хотелските и угостителски
објекти во Северна Македонија ...................................................................... 25
II. ОСОБИНИ НА АНИМАТОРОТ КАКО ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИК ................... 34
1. Психофизички особини на аниматорот во туризмот .................................... 35
1.1. Аниматорот како фактор за успешно реализирање на анимацискиот
програм ............................................................................................................. 35
1.2. Психофизички особини на аниматорот ................................................... 36
2. Решенија за проблематични ситуации при планирање и реализација на
анимации во туризмот и угостителството ......................................................... 39
2.1. Мотивација на аниматорот ....................................................................... 39
2.2. Решенија за проблематични ситуации при планирање и реализација на
анимациската содржина .................................................................................. 41
III. КОМУНИКАЦИЈА ВО АНИМАЦИИТЕ ВО ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО
................................................................................................................................. 46
1. Фактори за успешна комуникација во анимациите ....................................... 47
1.1. Поим и значење на комуникациите во анимациите ............................... 47
1.2. Фактори за успешна комуникација ........................................................... 48

3
2. Различни начини на комуникација при реализирање на анимациите ......... 51
програми .............................................................................................................. 51
2.1. Начини на комуникација во анимациите ................................................. 51
2.2. Вербална и невербална комуникација .................................................... 53
2.3. Облици на визуелна комуникација .......................................................... 55
2.4. Аудио комуникација .................................................................................. 57
3. Специфичности на комуникација во анимацискиот тим ............................... 58
3.1. Составување тим за планирање и реализација на анимација .............. 58
3.2. Организација и структура на тимот за анимација................................... 59
3.3. Промоција на анимацискиот програм ...................................................... 63
IV. ПЛАНИРАЊЕ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА АНИМАЦИИТЕ ВО ТУРИЗМОТ И
УГОСТИТЕЛСТВОТО ............................................................................................. 74
1. Анимациска програма ..................................................................................... 75
1.1. Типови анимациски програми .................................................................. 75
1.2. Специфичности на различните типови анимации .................................. 77
1.3. Фази во планирањето на анимацијата .................................................... 79
2. Трошоци за реализација на анимациската програма ................................... 81
2.1. Видови трошоци кои настануваат при планирање и реализација на
анимациската програма................................................................................... 81
2.2. Начини на калкулација на трошоците ..................................................... 82
3. Фактори кои влијаат на анимацијата ............................................................. 84
3.1. Фактори кои влијаат на планирањето на анимацијата ........................... 84
3.2. Простор, време и работен кадар како фактори на анимацијата ........... 85
3.3. Посебни настани како дел од понудата на современата туристичка
анимација ......................................................................................................... 87
4. Методи и техники за вреднување на анимацијата ....................................... 89
4.1. Директни и индиректни ефекти на анимацијата ..................................... 89
4.2. Основни методи и техники на вреднување на анимацијата .................. 90
5. Евалуација на анимацијата ............................................................................ 92
5.1. Вреднување на работните активности во сите фази на анимацијата .. 92
5.2. Начин на вреднување на успешноста на работењето на сите учесници
во анимацијата ................................................................................................. 93
Користена литература .......................................................................................... 101

4
Предговор

Овој учебник има за цел да понуди сублимирање на литературата и


концептите поврзани со анимациите во туризмот и угостителството и
запознавање на учениците со можноста тие концепти на најуспешен начин да се
применат во нашата земја. Во разработката на материјалот, користена е
релевантна литература од познати автори и институции од областа на
анимациите во туризмот и угостителството. Материјалот е структуриран според
наставната програма за предметот Анимации во туризмот и угостителството кој
се изучува во трета година во средните стручни училишта од сектор
Угостителство и туризам. Учебникот е поделен на четири модуларни единици.
Секоја модуларна единица е структурирана со вовед, резултати од учење,
клучни зборови и резиме, а содржи и прашања за проверка на знаењето како и
вежби.
Првата модуларна единица во учебникот е насловена како „Развој,
значење и цели на анимациите во туризмот и угостителството“. Оваа модуларна
единица опфаќа материја поврзана со историскиот развој на анимациите, го
објаснува самиот поим анимација и ги претставува целите и значењето на
анимациите во туризмот и угостителството.
Во втората модуларна единица, насловена како „Особини на аниматорот
како туристички работник“ се опфатени содржини поврзани со потребните
психофизички карактеристики на аниматорот во туризмот. Објаснето е
значењето на аниматорот како фактор за успешно реализирање на
анимацискиот програм. Понатаму, претставени се основите на мотивација на
аниматорот како и способноста на аниматорот при решавање на проблематични
ситуации при планирање и реализација на анимациската содржина.
Третата модуларна единица е насловена како „Комуникација во
анимациите во туризмот и угостителството“. Во оваа модуларна единица
опфатени се поимот и значењето на комуникациите во анимациите, како и
наведени се факторите за успешна анимација. Претставени се и видовите и
начините на комуникација, а елаборирани се и специфичностите на
комуникација во анимацискиот тим.
Четвртата модуларна единица, насловена е како „Планирање и
организација на анимациите во туризмот и угостителството“. Оваа модуларна
единица ги објаснува принципите на составување на анимациска програма,
претставува калкулирање на трошоците за реализација на анимациската
програма, фактори кои влијаат на анимацијата, методите и техниките на
вреднување на анимацијата, како и начините за вршење на евалуација на
анимацијата.

5
Учебникот е наменет за потребите на учениците во средните стручни
училишта од Секторот угостителство и туризам. Истиот е изготвен со цел да се
унапреди наставата по предметот Анимации во туризмот и угостителството и да
се подобри квалитетот на знаењето на учениците. Материјалот во учебникот е
подготвен согласно препораките на Законот за учебници за основно и средно
образование, како и Концепцијата за изработка на учебник и методологија за
вреднување на учебник на Бирото за развој на образованието. Содржината е
претставена концизно и прегледно, користени се дијаграми, табели и
фотографии со што ќе биде лесно разбирлив и совладлив од страна на
учениците за кои е наменет.
Авторот

6
МОДУЛАРНА ЕДИНИЦА 1

РАЗВОЈ, ЗНАЧЕЊЕ И ЦЕЛИ НА


АНИМАЦИИТЕ ВО ТУРИЗМОТ И
7

УГОСТИТЕЛСТВОТО
I. РАЗВОЈ, ЗНАЧЕЊЕ И ЦЕЛИ НА АНИМАЦИИТЕ ВО ТУРИЗМОТ И
УГОСТИТЕЛСТВОТО

Вовед
Оваа модуларна единица ги опфаќа содржините поврзани со развојот на
анимациите во туризмот и угостителството, како и самиот поим и значењето
на анимациите. Обработени се и видовите анимации и нивни структурни
елементи. Поделбата на анимациите е направена врз основа на повеќе
критериуми, со цел поедноставно и посеопфатно разбирање на самите
анимации.
Резултати од учење
После совладување на модуларната единица, ученикот ќе биде способен да:

• споредува различни видови анимации во туризмот;


• применува основни принципи на анимации во туризмот и
угостителството;
• анализира значење на анимациските програми во развој на туризмот и
угостителството.
Клучни зборови
анимација, принципи, комуникација, престој, квалитет, видови

Различните начини на комуницирање се неопходни за аниматорите.

8
1. Различни видови анимации во туризмот и угостителството

Анимациите имаат значаен удел во туризмот и угостителството


исполнувајќи го квалитетно слободното време на клиентите. Потребата од
анимациите во угостителството и туризмот е огромна, така што земјите кај кои
истата не е развиена ги немаат искористено целосно можностите за
задоволување на потребите на своите клиенти. Во овој дел ќе се објасни самиот
поим за анимации, ќе се даде осврт на историскиот развој, а дополнително ќе се
анализираат видовите анимациите и нивните структурни елементи.
1.1. Поим за анимации во туризмот и угостителството

Анимацијата е сектор во туристичката и угостителската индустрија која им


помага на туристите да го поминат своето слободно време и одмор на начин на
кој ќе бидат активни и ќе земат учество во програмата, или ќе бидат публика и
ќе уживаат во различните изведби. Во текот на анимациските активности,
индивидуалните туристи или групите се во можност да стапат во контакт и да се
спријателат со другите луѓе, да направат нови конекции, врски итн. Анимациите
овозможуваат одлични, дури и незаборавни искуства. Со сигурност може да се
потврди дека тоа е главната цел, иако многупати тоа зависи од индивидуалното
однесување. Анимациите се многу важен елемент кој треба да биде вклучен во
секоја туристичка програма.
Етимолошки, зборот анимација доаѓа од латинскиот збор anima, што во
превод значи душа, или од глаголот animare (мотивира, заживува). Анимацијата
може да се дефинира како збогатување, заживување на туристичката понуда со
различни содржини, но и како мотиватор туристите да учествуваат во овие
содржини. Во поголемиот дел во светот овој збор се употребува за означување
на туристичката, т.е. хотелската анимација, иако зборот анимација се
употребува во филмската индустрија за оживување на цртаните слики. Од таа
причина во англискиот јазик за туристичката анимација наместо animation се
употребуваат други зборови, меѓу кои најраспространет е зборот entertainment
(забава). Исто така, како синоним се користат поимите guest relations и leisure
organization.
Една од најкомплетните дефиниции за анимацијата е онаа што е дадена
од Клаус Фингер Беноит во неговата книга „Анимација за време на одмор“
(Animation im Urlaub). Во книгата се вели: „Анимацијата во туризмот вклучува
една личност (аниматор) кој дава изговорена, пријателска, весела, љубезна,
срдечна и атрактивна молба, покана, стимуланс, охрабрување на
туристите/гостите за социјализирање (да се инволвираат во нешто) преку некоја
активност што ги привлекува во текот на нивното слободно време додека се на
одмор и сè така до моментот кога се одвива истата низ заедничко дејствување
(на гостите или на домаќинот) и истиот со задоволство пристапува кон

9
запознавање на новото, се приклучува во активностите со другите луѓе и станува
дел од дестинациите, културата и воопшто од земјата во која престојува.“.
Во дефиницијата дадена погоре акцентот е ставен на искуството кое
клиентот треба да го доживее за време на својот одмор и јасно е потенцирана
потребата од човековиот ресурс во анимациите. Аниматорот е тој кој треба да
го направи одморот на другите колку што е можно подобар и поисполнет, преку
мотивирање за активно учество во програмата, информирајќи ги за сè. Сите овие
задачи мора да бидат извршени со високо ниво на позитивно и љубезно
однесување.
Во согласност со хрватската авторка Зденка Церовиќ го наведуваме
нејзиниот став: „Туристичката анимација, како дел од туристичката понуда е
дефинирана како сет услуги кои треба да ги задоволат туристичките потреби и
желби за доживување на очекувањата од туристичката програма, со кои
организаторот на програмата ја зголемува туристичката потрошувачка.“
Претходната дефиниција го става вниманието на туристичките потреби и
очекувања, но и на нивното задоволство. Од друга страна, јасно е изнесено дека
причината за тоа е достигнување повисок профит кој вообичаено не би бил
генериран.
Еден од великаните на туристичката теорија, Крипендорф, ја гледа
анимацијата како „давање упатства за покултурни патувања и упатство за да се
развие анимирањето во три значајни насоки:
1. како помош за откривање на сопствената личност.
2. како помош за зближување со другите туристи и гости,
3. како помош за зближување со домаќинот и со неговата татковина“.
1.2. Развој на анимациите во туризмот и угостителството

Анимацијата е старо занимање кое датира од античкиот свет, a се


појавува и во ренесансата. Секако, во тоа време може да зборуваме за
анимациски активности кои не се тесно поврзани со сместувачките капацитети и
поразлични од денешните, но, сепак, како почеток и претходник може да се
смести во тој период, или пак во најмала рака како аналогна појава. Всушност,
во тој период станува збор за разни изведби (театарски, музички и сл.) кои денес
се основата на некои анимациски активности.

Доколку сакаме да го потенцираме почетокот на анимацијата што е


поврзана со туристичко-угостителската индустрија и со модерниот начин на
нејзино изведување, неизбежно е да се направи враќање во историјата на
формирањето на младинските организации во Франција во триесеттите години
на 20 век. Ова е само една иницијална фаза во појавата на она што се нарекува

10
анимација. Сепак, по Втората светска војна професијата аниматор е прифатена
и се отвориле програми за образование на лица од таа професија.

Пионери на ова подрачје биле Герард Блиц и Гилберт Тригано, кои во


1949 година го основале „Клуб Медитеране“ (Club Mediteranee). Споредбено со
нив, во 50-тите години на 20 век се појавиле француските села за одмор кои
уште од самиот почеток во својата понуда нуделе анимациски програми. Во
Германија анимацијата се појавила во туристичките понуди дури во 70-те години
на 20 век и тоа преку основањето на клубовите за одмор како што се „Робинсон
Клуб“ и „Клуб Алдијана“ (Robinson Club и Club Aldiana).

Оттука, веќе постепено анимациите се развиваат и на нив се гледа со


посебно внимание, бидејќи тие даваат дополнителна вредност на едно
патување. Имено, денес во многу земји и претпријатија со развиена туристичка
анимација, токму понудата на добра анимација е причина која влијае на изборот
за патување.

1.3. Видови анимации и нивни структурни елементи

Анимацијата како активност која се состои од различни форми и содржини


што го привлекуваат вниманието на туристите преку разонода, забава,
рекреација или интелектуално и културно надградување и доживување,
претставува значаен сегмент во креирањето на туристичката понуда, било да е
од аспект на хотел или друг вид сместувачки објект и пошироко од аспект на
туристичка дестинација.
Поаѓајќи од основната цел на анимацијата - збогатување на содржината
на туристичкиот престој преку задоволување на желбите и потребите на
туристите, но истовремено имајќи ја во предвид и хетерогеноста на туристичките
потреби како резултат нехетерогената структура на туристите, во теоријата и во
праксата присутни се различни видови анимација. Присуството на одредени
видови анимација и нивната поделба е резултат на потребата за нивно
диференцирање со цел појасно да се согледаат и систематизираат поедините
форми на анимација.
Врз основа на различни критериуми, анимациите можат да се поделат во
следниве групи:
1. Според улогата која ја имаат учесниците:
- активна,
- пасивна.

2. Според просторот на одвивање на анимацијата:


- анимација на отворено (outdoor activities),
- анимација на затворено (indoor activities),
- анимација на вода,
11
- анимација на копно,
- комбинирана.

3. Според видот на активности:


- спортско-рекреативна,
- забавна,
- културна.

4. Според возраста за кого е наменета:


- анимација за возрасни,
- анимација за деца.

5. Според временскиот период во кој се одвива:


- дневна,
- неделна,
- сезонска,
- постојана.

6. Според организацијата:
- сопствена,
- изнајмена.

7. Други видови анимација

12
Дијаграм 1. Поделба на анимациите

Според улогата активна


која ја имаат
учесниците
пасивна

анимација на
отворено (outdoor
activities)

анимација на
затворено (indoor
activities)
Според просторот на
одвивање на
анимацијата анимација на вода

анимација на
копно

комбинирана

спортско-
рекреативна
Според видот на
активности забавна

културна
Анимации

анимација за
возрасни
Според возраста
за кого е
наменета:
анимација за деца

дневна

Според неделна
временскиот
период во кој се сезонска
одвива:

постојана

сопствена
Според
организацијата
изнајмена

Други видови
анимација

13
Прашања за проверка на знаењето
1. Од каде води потекло зборот анимација?
2. Објаснете го значењето на поимот анимација.
3. Дефинирајте ја анимацијата според Клаус Фингер Беноит.
4. Објаснете го историскиот развој на анимацијата.
5. Како се делат анимациите според улогата која ја имаат учесниците?
6. Како се делат анимациите според просторот на одвивање на анимацијата?
7. Како се делат анимациите според видот на активноста?
8. Како се делат анимациите според возраста за кого е наменета?
9. Како се делат анимациите според временскиот период во кој се одвива?
10. Како се делат анимациите според организацијата?
11. Што претставува сопствена анимациска програма?
Вежби
1. Направете истражување за историскиот развој на анимацијата.
2. Проширете го дијаграмот 1 со тоа што ќе истражите и ќе ги објасните сите
видови на анимации и дадете по најмалку 1 пример за секоја.

Туристите се оние кои одлучуваат во каква анимациска активност ќе земат


учество.

14
2. Основни принципи на анимациите во туризмот и угостителството

Во овој дел ќе бидат обработени основните принципи на анимациите во


туризмот и угостителството. Претставени се анимациски програми во различни
периоди на патувањето и престојот во туристичкото место и угостителските
објекти, а дадени се и примери од пракса.
2.1. Основни принципи на анимациите во туризмот и угостителството

Принципите на анимација претставуваат основи, правила и начела кои


треба да се почитуваат за да може да се постигнат целите на анимацијата. За
да биде успешна и да ги постигне целите при реализирањето на анимацијата
потребно е придржување до одредени принципи. Тие принципи се следниве:
- принцип на почитување,
- принцип на слобода,
- принцип на активност.
Почитување на волјата на туристите претставува многу значаен принцип
до кој треба да се придржуваат аниматорите. Бидејќи туристите по сопствена
волја одлучуваат дали ќе се вклучат во одредено туристичко патување и со каква
содржина ќе го исполнат своето слободно време во текот на престојот,
аниматорите треба да обрнат посебно внимание во исполнување и почитување
на нивните одлуки. Затоа, анимацијата која се организира во слободното време
во текот на туристичкиот престој треба целосно да се препушти на волјата на
туристите.
Туристите се оние кои ќе одлучат со каква активност ќе се занимаваат.
Дали тоа ќе биде посета на некои спортски натпревари, културни настани,
активно учество во игри или едноставно уживање додека набљудуваат како
другите се забавуваат, во целост зависи од волјата на туристите.
Бидејќи туристичките патувања претставуваат слободен избор и израз на
слободната волја на туристите за одмор, рекреација, забава, разонода, дружење
и културно надградување, со анимацијата треба да се почитува слободата на
туристите, но тоа не значи дека аниматорите треба да се исклучени при нивниот
избор. Напротив, тие треба да имаат советодавна улога во функција на
информирање, насочување и поттикнување на туристите да се одлучат за
конкретна анимациска содржина. За каква содржина ќе се одлучат туристите
покрај нивните желби и интереси, зависи и од нивните психофизички
способности и можности. Исто така, вклучувањето или невклучувањето на
туристите зависи и од тоа колку за нив е атрактивна анимациската содржина.
Така на пример организирањето на мини-турнир по мини-голф за некого ќе
претставува привлечна активност преку која ќе може да ги афирмира своите
способности во оваа област, додека за друга личност таквиот вид на анимација
не го предизвикува истиот интерес. Затоа е потребно да постои разновидност во
15
содржината на анимациските активности со што ќе се овозможи нивен слободен
избор.
Врз основа на принципот на активност анимацијата треба да е насочена
кон обезбедување активно учество на туристите во активностите предвидени со
програмата за анимација. Со оглед на разновидноста на програмите за
анимација од една страна и различните желби и потреби на туристите од друга
страна, учеството на туристите во програмите за анимација може да биде
пасивно. Преку активното учество туристите се вклучуваат директно во
програмата како учесници, при што често пати доаѓаат до израз нивните
способности. На овој начин туристите ги афирмираат своите способности пред
другите изразат учесници, но истовремено ги поттикнуваат и другите да своите
можности. За разлика од активното, но пасивното учество туристот има улога на
гледач при што го набљудува учеството на другите во предвидените програми.
Многу често програмите се организирани така што овозможуваат и пасивно и
активно учество на туристите со цел да можат да ги задоволат потребите на сите
учесници.
Освен овие принципи за успешно да се реализира анимацијата потребно
е следење и на други принципи како:
- Принцип на забавување;
- Принцип на доброволно учество;
- Принцип на можност за избор;
- Принцип на флексибилност;
- Принцип на приспособување и
- Принцип на организација.

Дијаграм 2. Основни принципи на анимацијата

Принципи на анимацијата

Принцип на
Принцип на Принцип на Принцип на
можност на
почитување активност приспособување
избор

Принцип на
Принцип на Принцип на Принцип на
доборволно
слобода флексибилност организација
учество

16
2.2. Организација на анимациските програми во различни периоди на
патувањето и престојот во туристичко место и угостителските објекти

Кога за зборува за организација на анимациските програми во различни


периоди на патувањето и престојот во туристичко место и угостителските
објекти, може да се мисли за различни периоди од денот или пак годината.
Дневните анимациски програми се организираат за еден ден во текот на
кој може да се предвидат различни активности. Како дневни анимациски
програми можат да се организираат различни спортско-рекреативни, забавни,
културни, детски и други видови анимации. Во зависност од тоа дали
анимациските активности се предвидени за отворен или затворен простор, тие
можат да бидат сезонски или постојани.
Основни карактеристики на дневните анимациски програми се следниве:

− Разновидност - иако се временски ограничени сепак овие програми


треба да се разновидни што подразбира дека на пример во
претпладневните часови да се нуди еден вид анимација, во
попладневните друг вид и вечерните трет вид. Најчесто во
претпладневните часови се предвидуваат анимациски активности наутро
како на пример: гимнастика, пливање, прошетка, спортски игри; и
анимациски активности претпладне после појадокот како на пример:
излети, спортски и рекреативни игри, школи (тенис, голф, јавање и сл.),
натпревари, детска анимација, различни посети на музеи, галерии, хоби и
слично. Попладневната анимација се состои од спортско рекреативни
активности, детска анимација, разновидни школи (јазици, сликање, тенис,
јавање и сл.), посети на разновидни културно-историски споменици и
институции и друго. Вечерната анимација е исто така составен дел на
дневните анимациски програми и за разлика од претходните се
карактеризира со тоа што повеќе се застапени културно-забавни
содржини (фолклорни, музички програми, лотарии, различни избори, т.н.
pijama party, tekila party, night-beach party, посета на дискотеки, театри и
сл.), иако не отсуствуваат и одредени спортски и рекреативни содржини
(ноќно пливање, скијање, шах и сл.).

− Динамичност - разновидноста на активности кои се распределени на


денот подразбира и динамичност во учеството на гостите. Сакајќи што
посодржајно и позабавно да го исполнат своето време, гостите
едноставно „скокаат“ од една во друга анимација не забележувајќи како
им „лета“ времето. Всушност и основната цел на организаторот на
анимацијата е своите гости да ги задоволи, нудејќи им исполнето
слободно време со разновидни активности.

17
Сезонските анимации се однесуваат на различни периоди од годината и
тие зависат од повеќе временски фактори.
Креирањето на овие анимациски програми е во тесна врска со работењето
на објектите. Оние објекти кои работаат само во текот на сезоната логично
организираат сезонски програми. Сезонските анимациски програми се поврзани
со летната и зимската сезона.
Летните анимациски програми се организираат во летната сезона, а
со оглед на временскиот период најчесто предвидуваат активности на отворено.
Исто така, овие програми може да содржат активности на копно и на вода, во
зависност од можностите на дестинацијата. Сезонските анимациски програми се
разновидни, но и богати, бидејќи организаторите сакаат да им понудат на гостите
што е можно поголем избор.
Во летните анимациски програми карактеристични активности кои можат
да се сретнат се:
- истегнување во вода,
- ватерполо,
- одбојка на плажа,
- кошарка во вода,
- аква танц,
- подводни активности,
- пена забави итн.
Зимските анимациски програми аналогно предвидуваат активности
кои може да се организираат и одвиваат во текот на зимскиот период. Бидејќи
зимскиот период е поврзан со спортско-рекреативни активности што најчесто се
одвиваат на снег, овие анимациски програми предвидуваат такви содржини.
Иако содржат програми на активности кои може да се одвиваат на отворено и
затворено, сепак многу повеќе се практикуваат програмски активности на
отворено:
- скијање,
- санкање,
- боб,
- ски школи,
- натпревари,
- лизгање и слично.

18
2.3. Примери за анимациски програми од праксата

Со цел да се добие една подетална слика за анимациските програми во


продолжение следува генералната програма поделена според возрасни
категории на хотелскиот ресорт Club Mac сместен во Alcudia, на островот
Мајорка и активностите кои истиот ги спроведува секојдневно или за време на
тематски денови. Податоците се однесуваат за летната сезона 2017 и се
претставени во Табела 1.
Анимациските активности според возраста во овој хотелски комплекс се
поделени на 4 категории и тоа: мини, макси, адолесценти и возрасни. Во секоја
категорија постојат активности адаптирани според способностите на
таргетираните учесници. Така, на пример, во активностите определени за
категоријата мини (деца од 4-10 години) влегуваат: возење со вовче, славење
на родендени на маскотите на хотелот, детски дефилеа, мастер шеф џуниор,
боење на лица, Денови на суперхерои, H2O забави итн. Овие активности се
искомбинирани во дневни и седмични распореди така што секој ден постојат
различни активности.
Групата на макси активности (за деца над 11 год.) вклучува: фудбал,
аквабаскет, акваџим, им се дава можност еден ден да поминат во тимот за
анимации, водени игри, пикадо, ватерполо, натпреварувања во видео играта
Minecraft итн.
За тинејџерите активностите вклучуваат: екскурзии на плажа, хидропарк
авантури, натпреварувања во Play Station, стрелање со лак и стрела, диско итн.
Категоријата на полнолетни т.е. возрасни исто така имаат посебна
програма во која меѓу активностите се наоѓаат: Стрелање со пушка, забавни
танци, акваџим, шафлборд, фудбал, демонстарција на сангрија итн.

19
Табела 1. Анимациска програма според возрасни категории во ClubMac ресортот

Мини Макси Адолесценти


Возраст Возрасни
4-10 години Над 11 год. (Тинејџери)

Стрелање со лак и
Возење со вовче Фудбал Екскурзии на плажа
стрела

Славење
родендени на
Аквабаскет Хидропарк Летна забава
маскотите на
хотелот

Мастер шеф
Акваџим Play Station Акваџим
џуниор

Аниматор во
Ден на принцези и
тек на еден Стрелање со лак и стрела Забавни танци
пирати
ден

Детско дефиле Забавни танци Аниматор во тек на еден ден Ватерполо

Детски ужинки Водени игри Стрелање со карабин Стрелање со пушка

Спектаклот на
Пикадо Аквабаскет Пикадо
влечугите

Боење на лица Пинг понг Ватерполо Шафлборд


Активности
Стрелање со
H2Oзабава Ватерполо Диско
карабина

Ден на Лига на
Пинг понг
изтражувачот шампиони

Ден на вештер и
Шафлборд Аквабаскет
вештерка

Ден на суперхерои Minecraft Фудбал

Демострација на
Макси Rally
Сангрија

Предизвик

Работилница
за
експерименти

Play Station
натпреварува
ње

Во продолжение следува уште еден пример за анимациска програма во


хотел, поточно за двонеделен распоред на вечерни анимациски активности.
Програмата е претставена во Табела 2.

20
Неделен распоред за вечерни анимациски активности во хотелот Бали,
Табела 2. Шпанија – зимска сезона 2016/2017

ПОНЕДЕЛНИК ВТОРНИК СРЕДА ЧЕТВРТОК ПЕТОК САБОТА НЕДЕЛА

ТАНЦ ВО ТАНЦ ВО ТАНЦ ВО ТАНЦ ВО ТАНЦ ВО ТАНЦ ВО ТАНЦ ВО


20:30 ЛИНИЈА/МИНИ ЛИНИЈА/МИНИ ЛИНИЈА/МИНИ ЛИНИЈА/МИНИ ЛИНИЈА/МИНИ ЛИНИЈА/МИНИ ЛИНИЈА/МИНИ
ДИСКО ДИСКО ДИСКО ДИСКО ДИСКО ДИСКО ДИСКО
PLAY YOUR PLAY YOUR МУЗИЧКО
21:30 БИНГО БИНГО БИНГО БИНГО
CARDS CARDS БИНГО
СЕДМИЦА МАГИОНИЧАРСКО ГОРДОН АЛ СОН ХОЛИВУД ПАКО
ГРИС ДУО МАЛАБАР
1 ШОУ ВИЛИЈАМС ФЛАМЕНКО ЛАЈТС МОРЕНО

ДИСКО КАРАОКЕ ДИСКО КАРАОКЕ ДИСКО ДИСКО ДИСКО

САЛА ЗА МАРИ
АНДРЕУ
ИГРАЊЕ КАРМЕН

ТАНЦ ВО ТАНЦ ВО ТАНЦ ВО ТАНЦ ВО ТАНЦ ВО ТАНЦ ВО ТАНЦ ВО


20:30 ЛИНИЈА/МИНИ ЛИНИЈА/МИНИ ЛИНИЈА/МИНИ ЛИНИЈА/МИНИ ЛИНИЈА/МИНИ ЛИНИЈА/МИНИ ЛИНИЈА/МИНИ
ДИСКО ДИСКО ДИСКО ДИСКО ДИСКО ДИСКО ДИСКО
PLAY YOUR PLAY YOUR МУЗИЧКО
21:30 БИНГО БИНГО БИНГО БИНГО
CARDS CARDS БИНГО
PASSION Y
СЕДМИЦА ORO
ДУО КАЗИНО ЕСТЕЛВИС МАМА МИА ДУО МАЛАБАР ОН БРОДВЕЈ БЕРНАРД
2 (фламенко
шоу)

ДИСКО КАРАОКЕ ДИСКО КАРАОКЕ ДИСКО ДИСКО КАРАОКЕ

САЛА ЗА МАРИ
АНДРЕУ
ИГРАЊЕ КАРМЕН

Шоу изведба во хотелот „Бали“, Шпанија - Hollywood Lights.

21
Од табелата може да се забележи дека вечерните активности во овој
хотел се планираат на ниво на две седмици, т.е. дека активностите се
повторуваат после секоја втора седмица. Секоја вечер во зимската сезона
започнува со танц во линија или пак, со мини диско доколку има деца во хотелот.
Втората активност секоја вечер е наградната игра и истата може да биде Бинго
или Play Your Cards Right. Тоа што се менува е всушност главното шоу секоја
вечер. Така, во текот на ноќите има магионичарско шоу, фламенко шоуа,
бендови и пејачи во живо (Горднон Вилијамс, Дуо Малабар, Пако Морено, Дуо
Касино, Естелвис, Бернард и сл.) и шоуа подготвени од анимацискиот тим на
хотелот. Последното се однесува на шоуа составени од танци и песни кои
самите професионални танчери и пејачи во тимот за анимации ги изведуваат, а
вообичаено се извадоци од филмови, мјузикли, познати пејачи и уметници
(Hollywood Lights, Mamma Mia, Grease, On Broadway).
Во текот на зимската сезона вечерните активности се спроведуваат во
затворен простор. Секоја ноќ завршува со диско музика или пак караоке ноќ.
Постои и дополнителна сала за танцување, каде што секоја вечер се пушта
музика, а два пати во неделата има и музика во живо.
За разлика од зимската сезона, во летната има различни активности.
Програмата во текот на летната сезона се разликува и е поделена по возрасни
категории (дневно анимациската програма). Истата е претставена во табела 3.
Активностите за возрасни се исполнети со најразлични спортско-
рекреативни активности меѓу кои изобилуваат водените активности. Гимнастика
во вода, танци во вода, ватерполо, ватeрпонг и други се само дел од летните
анимациски активности. Распоредот за летната сезона 2017 предвидува
усогласување на програмата со видот на вечерата во ресторанот за секој
различен ден, при што се изведува најмалку една карактеристична активност за
дадениот специјален ден. Меди игрите се кратки игри кои се многу едноставни и
учествуваат многу клиенти.
Секој ден активностите посветени на маскотата на хотелот Меди се
различни (гладна жаба, погодување на лименки, авиончиња од хартија, фризби
итн.).

22
Неделен распоред за дневни анимациски активности за возрасни во
Табела 3.
хотелот Бали, Шпанија – летна сезона 2017

ПОНЕДЕЛНИК ВТОРНИК СРЕДА ЧЕТВРТОК ПЕТОК САБОТА НЕДЕЛА

ВОДЕНА ВОДЕНА ВОДЕНА ВОДЕНА ВОДЕНА ВОДЕНА ВОДЕНА


11:00
ЗАБАВА ЗАБАВА ЗАБАВА ЗАБАВА ЗАБАВА ЗАБАВА ЗАБАВА

МИНИ
12:00 МИНИ ГОЛФ ПИНГ ПОНГ ШАФЛБОРД ПИНГ ПОНГ ШАФЛБОРД ШУЛЕН
ГОЛФ

МЕДИ
13:00 МЕДИ ИГРА МЕДИ ИГРА МЕДИ ИГРА МЕДИ ИГРА МЕДИ ИГРА МЕДИ ИГРА
ИГРА

13:00

КОШАРКА КОШАРКА КОШАРКА КОШАРКА ВО


14:00 ВАТЕРПОЛО ВАТЕРПОЛО ВАТЕРПОЛО
ВО ВОДА ВО ВОДА ВО ВОДА ВОДА

15:00 ЏЕНГА АКВА ТАНЦ ИНДИЈАКА ЏЕНГА АКВА ТАНЦ ИНДИЈАКА МИКАДО

16:00 ПИКАДО ПЕТАНКА БИЛИЈАРД ПИКАДО ШУЛЕН ПЕТАНКА БИЛИЈАРД

Прашања за проверка на знаењето


1. Набројте ги и објаснете основните принципи на анимацијата.
2. Објаснете како се делат дневните анимации и какви активности можат да
содржат.
3. Објаснете на што се однесуваат летните анимациски програми.
4. Објаснете на што се однесуваат зимските анимациски програми.
5. Наведете примери за анимациски програми од светот.
Вежби
1. Осмислете анимациски активности и распоредете ги во различните периоди
од дневните анимации.
2. Осмислете различни активности за летните анимациски активности и за
зимските анимациски активности.

23
3. Значење на анимациски програми во развој на туризмот и
угостителството

Во овој дел на учебникот ќе се опише значењето што го имаат


анимациските програми за развојот на туризмот и угостителството. Анимациите
имаат за цел да ја збогатат туристичката понуда, да задоволат одредени
потреби на клиентите и последователно да извршат дополнителна,
вонпансионска потрошувачка од која угостителството и туризмот би имале
бенефит. Опфатени се и можностите за анимација кои ги има во туристичките,
хотелските и угостителските објекти во нашата земја.
3.1. Значење на анимациски програми за збогатување на престојот на
туризмот и угостителството

Анимациите се значаен фактор при изборот на туристичка дестинација


или пак угостителски објекти за престој, исхрана и забава. Голем број туристи
бараат анимациски содржини во текот на нивниот престој во дадена туристичка
дестинација. Во современото угостителство и туризам сè повеќе се обрнува
внимание на конкурентноста и понудата е мошне богата. Конкурентноста се
гради токму на сè поголемото зголемување на квалитетот и реализирањето на
дополнителните услуги, меѓу кои се и анимациските.
Точката на задоволување на потребите на туристите (точка на сатурација)
се зголемува со самото зголемување на услугите кои се бараат и нудат на
туристичкиот пазар. Тоа се случува бидејќи поголемиот број туристи веќе се
навикнати на тоа и бараат нови дестинации за посета и сè повеќе го зголемуваат
критериумот за содржината, квалитетот на услугите, начинот на задоволување
на потребите и исполнување на слободното време. Токму оттука се гледа
огромната поврзаност на квалитетот на престојот со анимациите. Со други
зборови, колку подобри анимации им се понудат на туристите, толку е повисок
квалитетот на престојот.
Задоволувањето на туристите преку користење на понудените
анимациски содржини предизвикува задоволство и ги поттикнува на пошироко
вклучување во активностите во туристичката дестинација водејќи кон
остварување на позитивни економски ефекти.
Зголемената туристичка побарувачка претставува значаен индикатор за
квалитетот на туристичката понуда. А тој квалитет се постигнува преку
внимателно одбирање на програмата со која ќе се задоволуваат туристичките
потреби. Успехот на туристичкиот развој на многу туристички дестинации се
должи токму на содржината и квалитетот на туристичката понуда преку
застапеноста на разновидни и привлечни за туристите анимациски програми.

24
Истражувањата покажуваат дека организираната туристичка понуда која
содржи програми што се засноваат на активно вклучување на туристите станува
сè попривлечна за туристите и ѝ го одзема местото на понудата која се темели
само на расположливите природни и културно атрактивности. Со ова уште
еднаш се докажува дека анимацијата станува сè позначајна компонента во
креирањето на содржината на туристичката понуда, па дури и фактор кој влијае
на одлучувањето на туристите.
Што се однесува за должината на престој на туристите, несомнено може
да се каже дека анимациите се донекаде и клучот за тоа. Доколку во некоја
дадена дестинација не постојат анимации, туристот кој има слободно време,
условно кажано ќе безделничи. Тоа значи дека нема да има активности со кои
би можел да го исполни своето време, да му биде интересно и да се врати дома
со убави впечатоци. Напротив, може да му биде досадно, рутинско и нема да
постигне задоволување на туристичките потреби. Во таков случај, туристот не
би останал подолго време во таква средина.
Од друга страна пак, кога анимациите се присутни во дестинацијата и
угостителството и ако нивниот квалитет е на повисоко ниво, туристот ќе го
пополни своето слободно време и должината за престој би му била поголема.
3.2. Можности за анимација во туристичките, хотелските и угостителски
објекти во Северна Македонија

Во споредба со останатите повисоко туристички развиени земји од Европа


и светот, слободно може да се каже дека анимациите во Република Северна
Македонија не се развиени и дека до неодамна не се гледаше на нив со голема
сериозност.
Во туристичките дестинации (Охрид, Струга, Дојран, Скопје итн.), но и во
другите градови може да се најдат некои анимации кои можат да бидат
првенствено наменети за туристи, или пак за локално население. Најразлични
културно – историски споменици од богатото минато, природни реткости, но и
настани кои се организираат, може да ги привлечат и анимираат туристите. Но,
овие се во секој случај повеќе како можност, отколку како програмирана
анимација наменета за туризам. Имено, не постои организирана и сеопфатна
анимација за која може да се зборува во туристичките дестинации, нормално
доколку ги споредуваме со повисоко развиените туристички земји. Оттука,
истите се само потенцијал кој би требало во иднина убаво да се програмира и
понуди.
Исто така, мал е бројот на хотели и ресторани кои спроведуваат
анимациска програма. За секојдневно организирање и спроведување на
анимациски содржини би можело како пример да се земат хотелите „Дрим“ и

25
„Гранит“. Сепак, анимацијата не е целосна и обемна како претходните примери
од светот.
Од дневните активности хотелите ги имаат наведено следниве:
- детски програми,
- родендени,
- предавања за околината,
- кловн шоу,
- зумба,
- аеробик на плажа и слично.

Одвреме-навреме и тоа по потреба, поголем број хотели спроведуваат


анимации за своите гости. Честа е организацијата на тематски вечери.

Студии на случај – анимации во македонските хотели

Примерот со хотелот „Дрим“ е тоа што организираат интернационални


вечери, на пример италијанска вечер со храна и музика карактеристични за
Италија. Од друга страна, хотелот „Силекс“ организира тематски вечери
посветени на македонската култура, односно музичка вечер со македонски
песни, скара на плажа и фолклорни настапи. Покрај македонската вечер се
прават и тематски вечери или вечер посветена на музиката и храната на
гостите
Од друга страна, хотелот „Силекс“ организира тематски вечери
посветени на македонската култура, односно музичка вечер со македонски
песни, скара на плажа и фолклорни настапи. Интересен момент од вечерната
анимација во хотелот „Силекс“ е што постојат часови за изучување на
македонскиот фолклор. Имено, гостите кои остануваат во хотелот седум дена
имаат можност да учат македонски фолклор (ора и танци). Овие часови се во
времетраење од 90 минути и истите ги изведува посебно лице, односно
игроорец кореограф. Дополнително, за организираните групи на полските
туристи во текот на летната сезона во хотел „Кратис“ во Кратово се
организира т.н. македонска вечер, каде туристите се запознаваат со
прекрасната традиционална храна, во прекрасен староградски амбиент,
забавувани од кратовските тамбураши (со можност за играње) и
проследување на фолклорен перформанс од локалното културно-уметничко
друштво „Ефрем Каранов“.
Дел од активностите според возраст се наменети за деца, а останатите
за возрасни, иако има и мешани активности. Хотел кој има посветено огромно
внимание на оваа разлика е хотелот „Гранит“ кој има мини клуб со детална
програма и аниматори кои работат само детска анимација. Имено, во овој
хотел анимацијата е од страна на туроператорот TUI кој ја креира програмата,

26
посредува со гостите и хотелот (претежно гостите се од Холандија). Според
програмата на овој хотел, детската анимација во овој хотел е најблиску до
европската хотелска анимација. Мини клуб-програмата вклучува спортски
активности кои се наменети за децата, односно активност наречена Твоја е
иднината итн. Во текот на седмицата некои активности се потенцирани по
еднаш. На пример, Забавата во пижами и Чоколадното лудило се
потенцирани за време на седмицата од 31 јули до 6 август 2017. Секако,
доколку има толкав акцент ставено на децата, сигурно е дека ќе има и мини
диско.

Програма за детска анимација во хотелот „Гранит“.

27
Од средствата, инсталациите и опремата со кои располагаат дел од
хотелите, можат да се споменат:
- сала за играње; - кугларница;
- игралишта за деца; - плажа;
- озвучување; - игралиште за одбојка;
- флип чартови; - ТВ-соби;
- LCD-проектори; - сауна;
- тениско игралиште; - соба за масажи;
- игралиште за кошарка; - реквизити за игри на
- пинг-понг опрема; вода;
- фитнес-центар; - реквизити за игри на
- мини клуб; копно и др.
- тераса;
- детски училиштен прибор;
- музички систем;
- ДВД-плеер;

Сепак, иако постојат предуслови за организација на анимациски


активности, во македонските хотели сè уште не е практика да бидат
програмирани правилно и да постојат анимации како посебен сектор со своја
понуда во рамки на хотелите.
Што се однесува до другите угостителски објекти, може да се напомене
дека најзастапената анимација во истите е музиката во живо. Постојат, но не се
честа појава угостителските објекти за храна и пијалак во кои можат да се најдат
игри за на маса, билјард или други игри кои можат да го исполнат времето на
гостите. Сепак, и тие игри се реализираат по желба на гостите, без посебен
аниматор кој ќе се грижи за организацијата на активностите.
Прашања за проверка на знаењето
1. Објаснете го значењето на анимациски програми за збогатување на
престојот на туризмот и угостителството.
2. Кои се можностите за анимација во туристичките дестинации во Северна
Македонија.
3. Кои се можностите за анимација во хотелските објекти во Северна
Македонија
4. Кои се можностите за анимација во угостителските објекти во Северна
Македонија.
Вежби
1. Направете листа на анимациски активности кои може да им ги понудите на
туристи во Вашето место на живеење. Дадете коментар што би направиле вие
за да се унапреди анимациската содржина во дестинацијата и угостителските
објекти.

28
РЕЗИМЕ

Етимолошки, зборот анимација доаѓа од латинскиот збор anima, што во


превод значи душа, или од глаголот animare (мотивира, заживува).
Анимацијата може да се дефинира како збогатување, заживување на
туристичката понуда со различни содржини, но и како мотиватор, туристите
да учествуваат во овие содржини.

„Анимацијата во туризмот вклучува една личност (аниматор) кој дава


изговорена, пријателска, весела, љубезна, срдечна и атрактивна молба,
покана, стимуланс, охрабрување на туристите/гостите за социјализирање (да
се инволвираат во нешто) преку некоја активност што ги привлекува во текот
на нивното слободно време додека се на одмор и сè така до моментот кога
се одвива истата низ заедничко дејствување (на гостите или на домаќинот) и
истиот со задоволство пристапува кон запознавање на новото, се приклучува
во активностите со другите луѓе и станува дел од дестинациите, културата и
воопшто од земјата во која престојува“.

Анимацијата е старо занимање кое датира од античкиот свет, a се


појавува и во ренесансата. Ако сакаме да го потенцираме почетокот на
анимацијата што е поврзана со туристичко-угостителската индустрија и со
модерниот начин на нејзино изведување, неизбежно е да се направи враќање
во историјата на формирањето на младинските организации во Франција во
триесеттите години на 20век. Пионери на ова подрачје биле Герард Блиц и
Гилберт Тригано, кои во 1949 година го основале „Клуб Медитеране“ (Club
Mediteranee). Споредбено со нив, во 50-тите години на 20 век се појавиле
француските села за одмор кои уште од самиот почеток во својата понуда
нуделе анимациски програми. Во Германија анимацијата се појавила во
туристичките понуди дури во 70-тите години на 20 век и тоа преку основањето
на клубовите за одмор како што се „Робинсон Клуб“ и „Клуб Алдијана“
(Robinson Club и Club Aldiana).

Поаѓајќи од основната цел на анимацијата - збогатување на


содржината на туристичкиот престој преку задоволување на желбите и
потребите на туристите, но истовремено имајќи ја во предвид и хетерогеноста
на туристичките потреби како резултат нехетерогената структура на
туристите, во теоријата и во праксата присутни се различни видови
анимација. Присуството на одредени видови анимација и нивната поделба е
резултат на потребата за нивно диференцирање со цел појасно да се
согледаат и систематизираат поедините форми на анимација.

29
Врз основа на различни критериуми, анимациите можат да се поделат
во следниве групи:
- Според улогата која ја имаат учесниците: активна и пасивна.
- Според просторот на одвивање на анимацијата: анимација на
отворено (outdoor activities), анимација на затворено (indoor
activities), анимација на вода, анимација на копно, комбинирана.
- Според видот на активности: спортско-рекреативна, забавна,
културна.
- Според возраста за кого е наменета: анимација за возрасни,
анимација за деца.
- Според временскиот период во кој се одвива: дневна, неделна,
сезонска, постојана.
- Според организацијата: сопствена, изнајмена.
- Други видови анимација

Принципите на анимација претставуваат основи, правила и начела кои


треба да се почитуваат за да може да се постигнат целите на анимацијата.
За да биде успешна и да ги постигне целите при реализирањето на
анимацијата потребно е придржување до одредени принципи. Тие принципи
се следниве:
- принцип на почитување,
- принцип на слобода,
- принцип на активност,
Освен овие принципи за успешно да се реализира анимацијата
потребно е следење и на други принципи како:
- принцип на забавување,
- принцип на доброволно учество,
- принцип на можност за избор,
- принцип на флексибилност,
- принцип на приспособување,
- принцип на организација.

Дневните анимациски програми се организираат за еден ден во текот


на кој може да се предвидат различни активности. Како дневни анимациски
програми можат да се организираат различни спортско-рекреативни,
забавни, културни, детски и други видови анимации. Во зависност од тоа дали
анимациските активности се предвидени за отворен или затворен простор,
тие можат да бидат сезонски или постојани. Иако се временски ограничени
сепак овие програми треба да се разновидни што подразбира дека на пример
во претпладневните часови да се нуди еден вид анимација, во попладневните
друг вид и вечерните трет вид. Најчесто во претпладневните часови се
предвидуваат анимациски активности наутро како на пример: гимнастика,

30
пливање, прошетка, спортски игри; и анимациски активности претпладне
после појадокот како на пример: излети, спортски и рекреативни игри, школи
(тенис, голф, јавање и сл.), натпревари, детска анимација, различни посети
на музеи, галерии, хоби и слично.

Летните анимациски програми се организираат во летната сезона, а со


оглед на временскиот период најчесто предвидуваат активности на отворено.
Исто така, овие програми можат да содржат активности на копно и на вода,
во зависност од можностите на дестинацијата. Сезонските анимациски
програми се разновидни, но и богати, бидејќи организаторите сакаат да им
понудат на гостите што е можно поголем избор. Во летните анимациски
програми карактеристични активности кои можат да се сретнат се:
- истегнување во вода,
- ватерполо,
- одбојка на плажа,
- кошарка во вода,
- аква танц,
- подводни активности,
- пена забави итн.

Зимските анимациски програми аналогно предвидуваат активности кои


можат да се организираат и одвиваат во текот на зимскиот период. Бидејќи
зимскиот период е поврзан со спортско-рекреативни активности што се
одвиваат најчесто на снег, овие анимациски програми предвидуваат такви
содржини. Иако содржат програми на активности што можат да се одвиваат
на отворено и затворено, сепак многу повеќе се практикуваат програмски
активности на отворено: скијање, санкање, боб, ски школи, натпревари,
лизгање и слично.

Анимациите се значаен фактор при изборот на туристичка дестинација


или пак угостителски објекти за престој, исхрана и забава. Голем број туристи
бараат анимациски содржини во текот на нивниот престој во дадена
туристичка дестинација. Во современото угостителство и туризам сè повеќе
се обрнува внимание на конкурентноста и понудата е мошне богата.
Конкурентноста се гради токму на се поголемото зголемување на квалитетот
и реализирањето на дополнителните услуги, како што се и анимациските.

Точката на задоволување на потребите на туристите (точка на


сатурација) се зголемува со самото зголемување на услугите кои се бараат и
нудат на туристичкиот пазар. Тоа се случува бидејќи голем број туристи веќе
се навикнати на тоа и бараат нови дестинации за посета и сè повеќе го
зголемуваат критериумот за содржината, квалитетот на услугите и начинот

31
на задоволување на потребите и исполнување на слободното време. Токму,
оттука се гледа огромната поврзаност на квалитетот на престојот со
анимациите. Со други зборови, колку подобри анимации им се понудат на
туристите, толку повисок квалитет на престој ќе се забележи кај туристите.

Што се однесува за должината на престој на туристите, несомнено


може да се каже дека анимациите се донекаде и клучот за тоа. Доколку во
некоја дадена дестинација не постојат анимации, туристот кој има слободно
време, условно кажано ќе безделничи. Тоа значи дека нема да има
активности со кои би можел да го исполни своето време, да му биде
интересно и да се врати дома со убави впечатоци. Напротив, може да му биде
досадно, рутинско, со што нема да се постигне задоволување на туристичките
потреби. Во таков случај, туристот не би останал подолго време во таква
средина.

Во споредба со останатите повисоко туристички развиени земји од


Европа и светот, со слобода може да се каже дека анимациите во Република
Северна Македонија не се развиени и дека до неодамна не се гледаше на
нив со голема сериозност.

Во туристичките дестинации (Охрид, Струга, Дојран, Скопје итн.), но и


во другите градови може да се најдат некои анимации, кои можат да бидат
првенствено наменети за туристи или пак за локално население. Најразлични
културно – историски споменици од богатото минато, природни реткости, но
и настани кои се организираат, можат да ги привлечат и анимираат туристите.
Но, овие се во секој случај повеќе како можност, отколку како програмирана
анимација наменета за туризам. Имено, не постои организирана и сеопфатна
на хотели и ресторани кои спроведуваат анимациска програма. За
секојдневно организирање и спроведување на анимациски содржини би
можело како пример да се земат хотелите „Дрим“ и „Гранит“. Сепак,
анимацијата не е целосна и обемна како претходните примери од светот.

Што се однесува до другите угостителски објекти, може да се напомене


дека најзастапената анимација во истите е музиката во живо. Постојат, но не
се честа појава угостителските објекти за храна и пијалак во кои можат да се
најдат игри за на маса, билјард или други игри кои можат да го исполнат
времето на гостите. Сепак, тие игри се реализираат по желба на гостите, без
посебен аниматор кој ќе се грижи за организацијата на активностите.
.

32
МОДУЛАРНА ЕДИНИЦА 2

ОСОБИНИ НА АНИМАТОРОТ
КАКО ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИК
33
II. ОСОБИНИ НА АНИМАТОРОТ КАКО ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИК

Вовед
Оваа модуларна единица ги опфаќа содржините поврзани со главните
компетенции, вештини и карактеристики кои треба да ги поседува еден
аниматор со цел успешно да ја реализира аниматорската програма. Крајната
цел е секако задоволување на туристичките потреби на туристите. Опфатени
се психофизичките особини на аниматорот, каки и важноста на аниматорот за
успешноста при реализирањето на анимациската програма. Претставени се и
насоки како аниматорот би требало да дејствува при решавање на одредени
проблематични ситуации при планирањето и реализирањето на анимациската
содржина. На крајот објаснета е мотивацијата на аниматорот со цел успешно
да ги реализира своите работни задачи.
Резултати од учење
После совладување на модуларната единица, ученикот ќе биде способен да:
• анализира психофизички особини на аниматорот во туризмот;
• предлага решенија за проблематични ситуации при планирање и
реализација на анимации во туризмот и угостителството и

Клучни зборови
особини, карактеристики, проблеми, решенија, мотивација

Од психофизичките особини на аниматорот зависи успешноста на анимациите.


34
1. Психофизички особини на аниматорот во туризмот

Аниматорот е едно од клучните лица во текот на престојот на туристите


во туристички или угостителски објект во делот на исполнување на слободното
време. Аниматорот треба да поседува одредени психофизички особини кои ќе
направат клиентите да се чувствуваат навистина исполнето. Без добар
аниматор, нема добра анимација. Така, во овој дел ќе се истакне улогата на
аниматорот за успешно реализирање на анимацискиот програм, како и
потребните психофизички особини кои треба да ги поседува.
1.1. Аниматорот како фактор за успешно реализирање на анимацискиот
програм

Анимацијата како „грижа за гостинот" претставува обврска и задача на


секој туристички работник кој е во директен контакт со туристите, а посебно на
аниматорите. Притоа аниматорот е оној кој е задолжен да им овозможи на
туристите да го поминат својот туристички престој што попријатно, посодржајно
и исполнето, а не да заминат со чувство на неисполнетост и досадност.
Аниматорот, пред сè, претставува стручно оспособен туристички работник
чија работна задача е грижа за задоволување на желбите и исполнување на
очекувањата на туристите/гостите. Само стручно оспособен аниматор може да
ги исполни овие претпоставки.
Аниматорот е личноста во која туристите гледаат креатор, организатор,
соучесник, па дури и пријател за време на анимациските активности и
туристичкиот престој воопшто. Преку улогата која аниматорот ја има во
комуникацискиот процес во текот на одвивање на анимациските активности, при
што ги поттикнува туристите на меѓусебен контакт и активно вклучување,
аниматорот претставува медијатор во процесот на одвивање на анимацијата.
Аниматорот претставува посредник со чија помош луѓето полесно
комуницираат меѓусебно преку заедничко учество во игрите, спортските и други
активности. Од друга страна посредувајќи помеѓу туристите и носителите на
туристичката понуда, аниматорот претставува личност која ја има клучната улога
во посредувањето помеѓу овие две страни во анимацискиот процес.
Гледано од аспект на анимацијата како процес, аниматорот претставува
централна личност во селективната понуда на полето на збогатување на
содржината на престојот на туристите. Притоа, својата работа аниматорот треба
да ја насочи кон постојано подобрување на понудените анимациски содржини,
нивно надополнување, иновирање и креирање во функција на конкурентност во
однос на другите даватели на туристичка понуда кои во својата содржина имаат
анимациски програми.

35
Клучната личност во изведувањето на анимациските програми е
аниматорот. Тој е личноста која го организира, насочува и контролира
одвивањето на анимациските програми. За таа цел, аниматорот треба да биде
добро запознаен со содржината и карактеристиките на анимациските програми
за да може да оцени каква анимациска програма ќе одговара на одредена група
туристи.
Аниматорот треба да ги следи следниве чекори при комуникацијата и
делувањето со туристите:
- Пречекување и поздравување;
- Информирање (информации за себе);
- Запознавање (со членовите на групата);
- Креатор на содржини;
- Организатор;
- Посредник;
- Испраќач.

Чекори при комуникацијата и делувањето на аниматорот со


Дијаграм 3.
туристите

Информирање Запознавање
Пречекување и Креира
(информации (со членовите
поздравување содржини
за себе), на групата)

Испраќа Посредува Организира

1.2. Психофизички особини на аниматорот

Бидејќи карактерот на работата на аниматорот бара од него да биде во


постојан контакт со гостите, тој треба да задоволува одредени критериуми од
аспект на неговиот надворешен физички изглед и одредени психофизички
карактеристики. Задоволувањето на овие критериуми е неопходно, бидејќи
аниматорот како туристички работник на некој начин претставува „огледало" на
хотелот или друг објект за кого работи.

Значајни психофизички карактеристики кои се пресудни при изборот на


аниматор:

36
- Пријатен надворешен изглед - со кој мора да се одликува аниматорот
бидејќи е во постојан контакт со учесниците во анимацискиот процес кои
често даваат свои субјективни судови. Затоа треба посебно внимание да
се обрне на оваа особина на аниматорот.
- Оптимална возраст - аниматорот треба да е личност која ќе оддава
впечаток на искусна и доверлива личност. Подоцнежна младост до средна
животна доба е можеби најоптималниот период за работа во анимација.
- Изградени ставови - што му овозможува динамичноста во работата и
постојаните промени на ситуациите да не влијаат во неговото правилно
расудување во врска со одредени појавени проблеми во текот на
одвивањето на анимацискиот процес.
- Заинтересираност и ангажираност - работата на аниматорот од него
бара изградување и потврдување на сопствениот имиџ, без однапред
одредени клишеа, затоа што тој треба да се приспособува кон
расположението и ставот на групата.
- Чесност - во комуницирањето со групата аниматорот треба преку своите
вербални или невербални постапки и други начини на комуницирање да
остави впечаток на чесна личност со што никогаш нема да дојде во
прашање доверба на групата кон него.
- Професионалност - преку јасните и изградени ставови во својот
професионален однос со гостите аниматорот треба да остави впечаток на
чесен човек, но истовремено и добар познавач на својата струка.
- Природна надареност - аниматорот треба да биде природно надарен за
вршење на оваа работа, бидејќи карактерот на анимацијата бара пред сè
креативност и иновативност од аниматорите. Преку вербалното и
невербалното комуницирање, аниматорот треба да е способен меѓу
учесниците во групата да шири веселост, ведрина, одредена доза на
хумор и сл.
- Внимателност - аниматорот мора постојано да остава впечаток дека
спремноста да им обезбеди услуга на туристите му е многу позначајна
отколку неговиот личен престиж и личните амбиции. Тој треба да е
внимателен кон секој гостин поединечно и да остави впечаток дека во
случај на потреба спремен е да помогне
- Склоност кон умешност - чувство за убаво и складно, односно тој треба
да биде креативен при презентирање на уметноста. Во сé што го
окружува, тој треба да гледа убаво и позитивно, да има хуманистички
пристап и да го поттикнува истото чувство кај туристите.
- Доверливост - аниматорот треба да им пристапува на туристите со
чувство на доверба и да поаѓа од претпоставката дека сите луѓе се со
позитивна енергија, позитивна волја и позитивни намери. Тој никогаш не
смее да искажува човековите вредности или да очекува лоши намери од
луѓето, па макар да е тоа и на сопствена штета.

37
- Позитивна ориентираност - за да ги исполни очекувањата на туристите
во поглед на изборот на дестинацијата или објектот, аниматорот треба да
се залага за нивно вистинско исполнување.
- Интелигентност - интелигенцијата на аниматорот треба да биде на
високо ниво за да може да постапи правилно, на пример при решавање
на одредени конфликтни ситуации, да може да донесува рационални
одлуки, да биде реален и секогаш со ведро расположение.
- Добро здравје - аниматорот треба да има складен физички изглед кој е
во согласност со психичкото здравје. Бидејќи од аниматорот често се
бараат дополнителни напори, потребно е тој да има добра физичка
кондиција и телесно здравје. При изборот на аниматорот многу е важно да
се процени рамнотежата меѓу психичкото и физичкото здравје.
- Енергичност и ентузијазам - претставуваат исто така значајни
карактеристики на аниматорот. Преку своите постапки, движења,
вербални и невербални контакти, аниматорот во своето окружување мора
да дејствува енергично, самоуверливо и често некомпромисно со висок
степен на ентузијазам и желба за успех.
Аниматорот треба да поседува и одредени комуникациски особини како:
- Вербално изразување без потешкотии;
- Отпорност на емоционален притисок;
- Тактичност;
- Способност за памтење;
- Способност за комуницирање;
- Усовршување на аниматорот во вештината на говорење;
- Усовршување на аниматорот во невербалната комуникација.

Прашања за проверка на знаењето


1. Објаснете зошто аниматорот е еден од најзначајните фактори за успешно
реализирање на анимацискиот процес.
2. Како што го гледаат туристите аниматорот?
3. Кои чекори при комуникацијата и делувањето со гостите аниматорот треба
да ги следи?
4. Набројте ги психофизичките особини на аниматорот.
5. Кои комуникациски особини треба да ги поседува аниматорот?
Вежби
1. Истражете кои се трендовите во анимациите и кои од нив се однесуваат на
аниматорите.
2. Пронајдете видеа во кои има хотелски анимации и набљудувајте ги
аниматорите. Препознајте кои од претходно наведените психофизички
особини ги поседуваат.

38
2. Решенија за проблематични ситуации при планирање и реализација на
анимации во туризмот и угостителството

Во овој дел ќе стане збор за начините на кои аниматорот се справува со


решавање проблематични ситуации при самото планирање, но и при
реализацијата на анимациите во туризмот. Дополнително, објаснета е и
мотивацијата на аниматорот со цел поквалитетно планирање и реализација на
анимацискиот програм.
2.1. Мотивација на аниматорот

Движечките сили што предизвикуваат активност, што ја насочуваат


активноста и што управуваат со неа, со општ назив се нарекуваат мотиви. Значи,
мотивите се причина за иницирање на одредено однесување, т.е. активност.
Взаемното делување на комплекс од повеќе (или сите) мотиви во конкретната
ситуација ја чини мотивацијата. Мотивацијата, всушност е процес на
раздвижување на активноста на човекот, т.е. насочување на неговата активност
заради постигнување одредени цели.
Поимот мотивација доаѓа од латинскиот збор „movere“ што подразбира
поместување. За да може аниматорот си ја врши својата работа, исто како и секој
друг работник треба да биде мотивиран. Менаџментот на анимациските сектори
е задолжен за развивање тимски дух и мотивација на вработените. На тој начин
аниматорот ќе го даде најдоброто од себе и клиентот од другата страна ќе
почувствува дека аниматорот е тука токму за него и за неговото слободно време.
Немотивираните аниматори доведуваат до пренесување на „негативна“ енергија
и незадоволство преку својата работа и на клиентите, со што целите на
анимацијата нема да се постигнат. Потребно е да се користат различни методи
на мотивација. Како позначајни се јавуваат: признавање, наградување,
одговорност, унапредување, професионално надградување и други.

Дијаграм 4. Различни методи на мотивација на аниматорот

признавање

наградување

одговорност

унапредување

професионално надградување

39
Признавањето е најлесниот и најдобриот начин на мотивирање на
аниматорите. Почитувањето на личноста на аниматорот и неговото дело е
првиот чекор во оваа работа. Секој сака да му се признае за добро извршената
работа.
Давањето на вработените целосна и фер евалуација за нивното работење
е исто така добра мотивација. Голем број компании имплементираат признание
насловено „вработен на месецот“ со цел да му се даде јавно признание на
вработениот кој покажал најдобри работни резултати во текот на месецот.
Ваквото признание претставува значаен мотив за овие вработени, но и другите
да вложат поголеми напори во извршувањето на своите работни задачи.
Признавањето може да биде во различни форми на награда од објавување
слика во лобито на објектот, сè до давање привилегии, како на пример, најдобро
паркинг место, слободни услуги во објектот и сл.
Наградувањето претставува најзначаен начин да се мотивираат луѓето, а
посебно вработените. Соодветна плата или нејзино покачување засновани на
правилно извршување на работата се главните причини за наградување на
добрите работници.
Друг значаен начин за наградување на вработените претставува
обезбедување бенефиции како што се, на пример, платен одмор, здравствено
осигурување и бенефиции при пензионирање. Некои вработени се мотивираат
повеќе кога им се дава поголема одговорност при извршување на нивната
работа. Овие вработени обично сакаат да ги решаваат проблемите самостојно.
Кога е можно, на овие вработени понекогаш им се доверува извршување на цел
проект од неговото започнување до завршувањето.
Можноста за унапредување во рамките на компанијата за некои
вработени претставува значајна мотивација. Овој тип вработени сакааат
напорно работат со намера да добијат унапредување. Многу значајно за нив е
менаџерот да им даде до знаење за нивното ангажирање во работата со
можност за унапредување,
Професионалното надградување исто така е начин за мотивирање на
вработените. Многу често преку професионалното надградување менаџерите
им помагаат на работниците да се развиваат и усовршуваат професионално,
испраќајќи ги на тренинг сесии, овозможувајќи им членство во професионални
организации и учество на семинари и конференции.

40
2.2. Решенија за проблематични ситуации при планирање и реализација на
анимациската содржина

Секогаш при работата со луѓе се случуваат ситуации во кои би можеле да


се појават проблеми или недоразбирања. При планирањето на анимациските
содржини би можеле да се појават проблеми со: начинот на финансирање,
капацитетите за спроведување, непредвидливоста за типот на туристите,
незнаењето за потребното време за одредена активност во зависност од
составот на различните групи, непредвидливоста на временските услови за
активностите надвор и многу други. Сите овие можни проблематични ситуации,
аниматорот во текот на планирањето треба да ги идентификува и да направи
резервен план. Со тој план треба сите да бидат запознаени.
Честопати се случува во текот на реализацијата да се случи некоја
непредвидлива работа која може да предизвика застој или проблем во
извршувањето на анимациите. Смиреноста и размислувањето за да се донесе
правилна одлука и решение се многу значајни. Не смее да дозволи аниматорот
да покаже слабост пред гостите со тоа што ќе покаже голема вознемиреност,
лутина, бес итн. Треба смирено и трезвено да реагира на секаква ситуација. При
барање на решенијата сите алтернативи што ќе ги постави треба убаво да ги
размисли и да ја избере најсоодветната за сите чинители.
Провокациите кои би можеле да дојдат од одредени клиенти исто така се
неизбежни во работата кај аниматорите. Правилото што важи во
угостителството и туризмот, дека „гостинот секогаш е во право“, важи и тука.
Вештината и големината на аниматорот се гледа во правилното справување со
несаканите ситуации и не потпаѓање на провокации.
Од горе споменатото се гледа дека голем удел во решавањето на
проблемите при планирање и реализација на анимациските содржини има
правилната комуникација.
Две важни комуникациски способности кои задолжително подразбираат
вклучување на слушање и зборување претставуваат решавање на конфликти и
преговарање. Конфликтот како ситуација се среќава секојдневно во различни
ситуации. Дали конфликтот ќе прерасне во проблем или не, зависи од тоа како
ќе се справат учесниците со создадената ситуација. Решавањето на конфликтот
е процес кој подразбира решавање на недоразбирањето на мирен начин. Еден
од основните средства за решавање на конфликтните ситуации претставува
преговарањето кое подразбира меѓусебно разговарање и слушање на
учесниците во конфликтната ситуација, со што заеднички предлагаат
разрешување на недоразбирањето помеѓу учесниците.
Затоа способноста решавање на конфликтната ситуација зависи од
интерперсоналните и комуникативните способности на луѓето.

41
Некогаш проблемите кои можат да се јават се од таква природа што
аниматорот не може да ги решава, или пак нема време да ги решава, па во тој
случај треба навремено да ги пренесе на повисокото менаџерско ниво.
Прашања за проверка на знаењето
1. Објаснете што значи мотивацијата.
2. Зошто е битна мотивацијата кај аниматорите?
3. Објаснете ги методите за мотивирање што може да ги користи менаџментот
за мотивирање на аниматорите.
4. Какви проблеми можат да се појават во текот на планирањето и
реализацијата на анимациската содржина?
5. Какви акции можат да се преземат со цел да се решат проблематичните
ситуации при планирање и реализација на анимациската содржина?
Вежби
1. Осмислете иновативни начини на мотивирање на аниматорите.
2. Поставете одреден проблем во текот на анимациска активност и барајте
соодветно решение за истиот тој проблем.

Способноста за решавање на конфликтни ситуации зависи од


интерперсоналните и комуникативните способности на аниматорот.

42
РЕЗИМЕ

Анимацијата како „грижа за гостинот" претставува обврска и задача на


секој туристички работник кој е во директен контакт со туристите а посебно на
аниматорите. Притоа аниматорот е оној кој е задолжен да им овозможи на
туристите да го поминат својот туристички престој што попријатно,
посодржајно и исполнето, а не да заминат со чувство на неисполнетост и
досадност. Аниматорот, пред сè, претставува стручно оспособен туристички
работник чија работна задача е грижа за задоволување на желбите и
исполнување на очекувањата на туристите/гостите. Само стручно оспособен
аниматор може да ги исполни овие претпоставки.

Клучната личност во изведувањето на анимациските програми е


аниматорот. Тој е личноста која го организира, насочува и контролира
одвивањето на анимациските програми. За таа цел, аниматорот треба да
биде добро запознаен со содржината и карактеристиките на анимациските
програми за да може да оцени каква анимациска програма ќе одговара на
одредена група туристи.

Бидејќи карактерот на работата на аниматорот бара од него да биде во


постојан контакт со гостите, тој треба да задоволува одредени критериуми од
аспект на неговиот надворешен физички изглед и одредени психофизички
карактеристики. Задоволувањето на овие критериуми е неопходно, бидејќи
аниматорот како туристички работник на некој начин претставува „огледало"
на хотелот или друг објект за кого работи. Затоа како значајни психофизички
карактеристики кои се пресудни при изборот на аниматорот:
- Пријатен надворешен изглед;
- Оптимална возраст;
- Изградени ставови;
- Заинтересираност и ангажираност;
- Чесност;
- Професионалност;
- Природна надареност;
- Внимателност;
- Склоност кон умешност;
- Доверливост;
- Позитивна ориентираност;
- Интелигентност;
- Добро здравје;
- Енергичност и ентузијазам.

43
Аниматорот треба да поседува и одредени комуникациски особини како:
- Вербално изразување без потешкотии;
- Отпорност на емоционален притисок;
- Тактичност;
- Способност за памтење;
- Способност за комуницирање;
- Усовршување на аниматорот во вештината на говорење;
- Усовршување на аниматорот во невербалната комуникација.
Поимот мотивација доаѓа од латинскиот збор „movere“ што подразбира
поместување. За да аниматорот си ја извршува својата работа дефинитивно
како секој друг работник мора да биде мотивиран. Менаџментот на
анимациските сектори треба да развива тимски дух и да ги мотивира
вработените. На тој начин аниматорот ќе го даде најдоброто од себе и
клиентот од другата страна ќе почувствува дека аниматорот е тука токму за
него и за неговото слободно време. Немотивираните аниматори доведуваат
до пренесување на „негативна“ енергија и незадоволство преку својата
работа и на клиентите, со што целите на анимацијата нема да се постигнат.
Потребно е да се користат различни методи на мотивација. Како позначајни
се јавуваат: признавање, наградување, одговорност, унапредување,
професионално надградување и други.

Секогаш при работата со луѓе се случуваат ситуации во кои би можеле


да се појават проблеми или недоразбирања. При планирањето на
анимациските содржини би можеле да се појават проблеми со: начинот на
финансирање, капацитетите за спроведување, непредвидливоста за типот на
туристите, незнаењето за потребното време за одредена активност во
зависност од составот на различните групи, непредвидливоста на
временските услови за активностите надвор и многу други. Сите овие можни
проблематични ситуации, аниматорот во текот на планирањето треба да ги
идентификува и да направи резервен план. Со тој план треба сите да бидат
запознаени.

Голем удел во решавањето на проблемите при планирање и


реализација на анимациските содржини има правилната комуникација. Затоа
способноста решавање на конфликтната ситуација зависи од
интерперсоналните и комуникативните способности на луѓето. Некогаш
проблемите кои можат да се јават се од таква природа што аниматорот не
може да ги решава, или пак нема време да ги решава, па во тој случај треба
навремено да ги пренесе на повисокото менаџерско ниво.

44
МОДУЛАРНА ЕДИНИЦА 3
КОМУНИКАЦИЈА ВО
АНИМАЦИИТЕ ВО ТУРИЗМОТ
И
45

УГОСТИТЕЛСТВОТО
III. КОМУНИКАЦИЈА ВО АНИМАЦИИТЕ ВО ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО

Вовед
Оваа модуларна единица ги опфаќа содржините поврзани со комуникациските
вештини потребни во процесот на реализирање на анимациски активности.
Успешната комуникација е клучот на успешните анимации. Обработени се
начините и видовите на комуникација, а дополнително ставен е акцент на
составување на тимот, негова организација и структура, како и промоција на
анимациската програма.
Резултати од учење
После совладување на модуларната единица, ученикот ќе биде способен да:
• вреднува фактори за успешна комуникација во анимациите;
• применува различни начини на комуникација при реализирање на
анимациите и
• објаснува специфичности на комуникација во анимацискиот тим.
Клучни зборови
вербална комуникација, невербална комуникација, аудио комуникација,
визуелна комуникација, тим, промоција, организација, структура

Тимот е еден од најзначајните фактори во секторот за анимации.

46
1. Фактори за успешна комуникација во анимациите

Секојдневно во нашето постоење и творење се среќаваме со потребата


за разговор, договарање, соработување, искажување и изразување на своите
ставови, мисли, чувства и слично. Таа потреба е искажана преку поимот кој се
крие во терминот комуникација. Како аниматори, вработените во туристичката
индустрија комуницираат постојано. Тие комуницираат со гостите но исто така и
со колегите и другите лица кои се ангажирани во туристичкиот процес. Така во
овој дел обработени се поимот и значењето на комуникациите во анимациите, а
наведени се и факторите за успешна комуникација.
1.1. Поим и значење на комуникациите во анимациите

Комуникацијата е интеракција помеѓу две или повеќе личности, при што


една личност делува на однесувањето на другата личност. Комуникацијата во
туризмот и угостителството може да се дефинира и како процес на пренесување
на информации од една кон друга личност (личности). При тоа правилната
комуникација во туризмот и угостителството подразбира не само пренесување
на информации туку и примање и правилно разбирање на истите и враќање
одговор или прашување за појаснување, ако таа не е доволно јасна.
Правилната комуникација во туризмот подразбира јасност, реалност и
отвореност. „Комуникацијата го подигнува моралот со тоа што ги информира
луѓето, им обезбедува на менаџерите во туризмот и угостителството
информации што им се потребни заради подобро донесување на одлуки и го
олеснува координирањето на напорите на членовите на целото претпријатие од
областа на туризмот и угостителството. Комуникацијата е средство со кое се
информира, убедува, мотивира и ги управува и раководи поединците спрема
заедничката цел.“
Како аниматори, вработените во туристичката индустрија комуницираат
постојано. Тие комуницираат со гостите, но и со колегите и другите лица кои се
ангажирани во туристичкиот процес. Во комуникацискиот процес аниматорот се
наоѓа во двојна улога: како „испраќач“ и како „примач“ при што и двете негови
улоги се значајни и имаат иста тежина. И во двете улоги аниматорот треба да ги
задоволи потребите на туристите. Во улогата на испраќач аниматорот треба да
процени на каков начин, со какво средство и во кое време ќе им ги „испрати
информациите и сигналите“ на туристите. Освен испраќач, аниматорот
истовремено се наоѓа и во улога на примач бидејќи многу важен е feedback-от за
да утврди дали се постигнува саканиот ефект со анимирањето на туристите.
Затоа аниматорот треба да ги сослуша идеите за активностите, задоволството
или незадоволството на учесниците од предложените или спроведените
активности и сл.

47
1.2. Фактори за успешна комуникација

Потребата од правилна и добра комуникација е повеќе од неопходна во


анимациите. Интерпретацијата на пораките кои се испраќаат мора да биде
правилна со цел да се избегнат несакани последици.
Аниматорите преку комуникација им обезбедуваат на туристите
информации потребни за текот на одвивањето на анимациските програми, кои
се нивните обврски како учесници и што да очекуваат од нивното учество. На
овој начин аниматорите им овозможуваат на туристите-учесници во
анимацискиот процес да комуницираат со нив во текот на анимацијата. Но исто
така аниматорите ги насочуваат туристите како да комуницираат меѓусебно во
текот на одвивањето на анимацискиот процес. Од друга страна, аниматорите им
даваат feedback на туристите за исходот од конкретната анимациска активност
која се одразува преку задоволство, радост, чувство на исполнетост и сл. Добар
аниматор е оној аниматор кој успешно го води текот на анимацијата како
резултат на неговите комуникациски способности и неговите способности
успешно „да ги игра двете улоги - испраќач и примач на пораки“. Како резултат
на тоа што се воспоставуваат добри односи помеѓу учесниците, се воспоставува
позитивна и пријатна атмосфера и чувство на припадност во групата.
Во комуникацискиот процес, освен аниматорите, и туристите се јавуваат
во улога на испраќачи и примачи на информации и пораки и тоа помеѓу самите
нив и во комуницирањето со аниматорите. Кога се наоѓаат во улога на
испраќачи, туристите во комуникацијата со другите учесници или со аниматорот
укажуваат на своите интереси или незаинтересираност за одредени анимациски
содржини, начинот на кој тие сакаат да учествуваат (дали како активни или како
пасивни учесници) и сл.
Во текот на комуникацијата аниматорот ја насочува својата порака кон
туристите кои ја имаат улогата на примач добивајќи или примајќи ја пораката.
Иако звучи едноставно, сепак комуникацијата е многу повеќе од едноставно
испраќање и примање информации, пораки или чувства. Таа претставува
сложен процес што се состои од повеќе елементи кои треба да бидат запазени
за истата да биде успешна.
Прикажаниот дијаграм ги покажува шесте елементи кои се потребни за да
се постигне успешна комуникација. Испраќачот вообичаено има нешто да каже
некому - идеја или мисла поради која треба да комуницира. Тој знае што сака да
му кажи на примачот, но не може својата мисла да му ја пренесе директно преку
психичка телепатија. Затоа тој значењето на идејата или мислата го
трансформира во зборови и ја испраќа пораката преку разговор или пак
напишана порака. Овие три елементи го сочинуваат делот кој испраќачот го има
во комуникацијата.

48
Дијаграм 5. Елементи на успешната комуникација

Изразување Пренос на
Размислување пораката Примање Превод на Разбирање и
преку
за значењето (кажана/ на зборови, прифаќање
зборови,
на пораката пораката симболи на пораката
симболи пишувана)

Примачот ја прима пораката преку слушање или читање на зборовите, т.е.


симболите на испраќачот. Тој мора да ги преведи или интерпретира зборовите
со цел да разбери што мислел испраќачот. Во овој момент е значајно да се
утврди дали примачот ги сфаќа зборовите, т.е. симболите на начин на кој биле
пратени и наменети за него. Прифаќањето, преведувањето или толкувањето и
разбирањето на пораката се дел од комуникацијата кој му припаѓа на примачот.
Од почетокот на комуникацискиот процес пораката е под влијание на
личноста на испраќачот - неговото минато, образованието, емоциите,
однесувањето кон испраќачот и сл. Ваквите карактеристики се рефлектираат на
изборот начинот на кој испраќачот ја праќа пораката, како ќе ги искаже своите
мисли или идеи и дали кон нив ќе додаде невербални симболи, како на пример
гестикулации или тонови во гласот. Како ќе ја испрати пораката, дали ќе биде
усна или пишувана, кога и каде, може да влијае на начинот на кој примачот ќе ја
прими или прифати пораката. Од друга страна пак, како примачот ќе ги толкува
симболите, било да се вербални или невербални, во голема мера зависи од
неговата личност, емоциите и ставот кон испраќачот.
Често се случува луѓето да мислат дека комуницираат, а тоа всушност не
го прават. Испраќачот може да мисли дека примачот го разбрал. Исто така, и
примачот може да го мисли истото, но всушност ништо не се случува. На овој
начин доаѓа до отсуство на комуникација што укажува на тоа дека за правилна и
успешна комуникација потребна е добра комуникација која произлегува од
начинот на успешно пренесување на пораката. Доколку тоа не успее нема да
има успех ни комуникацијата. Гореспоменатото укажува колку комуникацијата
всушност е комплексен процес кој вклучува повеќе моменти кои се неопходни за
нејзино правилно одвивање. Испуштање или недоразбирање на макар и еден од
овие елементи лесно може да доведат до погрешна комуникација, при што се
доаѓа до ситуации со несакани последици.
Истото важи и за комуникацијата во анимацијата. Неправилна или
несоодветна комуникација може да предизвика различни проблеми или
несакани ситуации кои се манифестираат преку незадоволство на туристите,
49
фрустрација, лутина, огорченост и сл. Ова може да се одрази негативно не само
на имиџот на аниматорот туку и на хотелскиот објект, туристичкиот комплекс или
дестинацијата. Затоа клучна улога во целокупниот овој процес има аниматорот
кој треба истовремено да биде и испраќач и примач на информациите и
пораките. Само на тој начин ќе се воспостави и постигне правилна и успешна
комуникација.

Прашања за проверка на знаењето


1. Објаснете што е комуникација
2. Објаснете го значењето на комуникацијата во анимацијата .
3. Објаснете која е потребата од успешна комуникација во анимацискиот
процес.
4. Објаснете кои фактори влијаат на успешната комуникација.
Вежби
1. Побарајте на интернет видеа од хотелски анимации и набљудувајте ги
аниматорите како комуницираат. Извадете заклучоци од набљудувањето.

Аниматорите преку комуникацијата им обезбедуваат на туристите информации


потребни за текот на одвивањето на анимациските програми.

50
2. Различни начини на комуникација при реализирање на анимациите
програми

Во овој дел од учебникот ќе се опише комуникацијата во текот на


реализацијата на анимациските програми. Притоа акцентот е ставен на
видовите на комуникација кои се употребуваат, т.е. вербалната и невербалната
комуникација. Објаснети се и различните начини на комуникација, како и
комуникациските мрежи кои аниматорот треба да ги познава за да може успешно
да комуницира со учесниците.
2.1. Начини на комуникација во анимациите

Процесот на комуницирање во текот на анимацијата во помалите групи се


одвива полесно отколку во поголемите, бидејќи кај овие групи постои поголема
хетерогеност во структурата на учесниците. Развиени се повеќе видови
комуникациски мрежи кои имаат различна примена во зависност од ситуациите
во кои се користи комуникацијата. Во анимацијата треба да се користат оние
видови комуникациски мрежи во кои нема централна личност во комуникацијата
Имајќи го тоа во предвид и почитувајќи ги начелата на слобода и активно
учество, аниматорите треба да воспоставуваат комуникациски мрежи во кои и
тие ќе бидат учесници, а не централни личности. Затоа, како најсоодветни
комуникациски мрежи кои се употребуваат во анимацијата се кружната
комуникациска мрежа и мрежата на независност.
Но, во одредени анимациски активности аниматорот може да се најде во
улога на централна личност при што тој треба да комуницира двонасочно со
учесниците во анимацискиот процес, да биде и во улога на испраќач и во улога
на примач на пораките.

Слика 1. Кружна комуникациска мрежа

учесник

учесник аниматор

учесник учесник

учесник

51
Слика 2. Мрежа на независност

аниматор

учесник учесник

учесник учесник

Слика 3. Вкрстена комуникациска мрежа

учесник

учесник аниматор учесник

учесник

Слика 4. Двонасочно комуницирање

Анимато
р

учесник учесник учесник

52
Освен вербалната и невербалната, кои се дефинирани како основни
видови на комуникација, во секојдневното комуницирање помеѓу луѓето се
среќаваат и други начини на комуницирање.
Интерперсонална комуникација се однесува кога двајца директно
разменуваат пораки и информации, без разлика дали станува збор за туристички
престој, работна средина, место на живеење и сл. Во оваа комуникација нема
посредник. Интерперсоналната комуникација е значајна за анимациите затоа
што придонесува за подобро меѓусебно запознавање на учесниците во
анимациските активности, како помеѓу нив самите, така и помеѓу нив и
аниматорите.
Организациска комуникација се состои од комуницирање на повеќе
нивоа. Притоа, комуникацијата се насочува од едно ниво на друго во зависност
од тоа во кој правец се одвива. Може да се одвива од врвниот менаџмент кон
најниското работно ниво или пак, во обратен правец.
Кога пораките или информациите се пренесуваат напоредно од една
индивидуа кон друга или од едно ниво кон друго тогаш станува збор за успешна
двонасочна комуникација или отворена комуникација. Ваквата
комуникација придонесува кон постигнување позитивна работна атмосфера и
зголемена продуктивност.
2.2. Вербална и невербална комуникација

Комуникацијата во најширока смисла може да биде вербална и


невербална. Разликата помеѓу овие два вида комуникации е тоа што за
вербалната е потребен јазикот како изразно средство за комуникација кај
човекот, а кај невербалната карактеристични се други елементи, како што се
говорот на телото, движењето на очите, времетраењето на говорот, просторното
комуницирање, употребата на гласовни односно вокални сигнали кои можат да
имаат некое значење. Иако, можеби понекогаш се посветува поголемо внимание
на вербалната, сепак и невербалната комуникација е од големо значење.
При вербалното комуницирање со туристите потребно е познавање на
повеќе јазици затоа што аниматорите често се наоѓаат во ситуација да
комуницираат со странски туристи кои не го познаваат јазикот на кој се говори
во дестинацијата.
Освен јазикот како говорно средство во вербалната комуникација, многу
значаен аспект е начинот на кој ќе се употребат зборовите во различни ситуации.
Така на пример, при пречекување на гостите во хотелот можат да се употребат
различни начини на поздравување. Изборот на кој начин ќе се поздрави
гостинот, односно, кои зборови ќе се употребат при поздравот влијае врз
ефектот што ќе се постигне кај гостинот.

53
Постои разлика помеѓу следниве начини на поздравување:

Добро утро.
Како можам
Што сакате?
да Ви
помогнам?

Изборот на правилните зборови е многу значаен за да една комуникација


започне, се одвива и заврши успешно. Тоа се однесува не само на зборувањето,
туку и на пишувањето. Учтивоста и професионалноста не смеат да се заборават
во ниеден момент на вербалната комуникација. При креирањето на
промотивните содржини исто така мора да се внимава на изразите кои ќе се
користат.
Невербалната комуникација доста често се користи во анимацијата, па
дури во одредени видови анимација, како што е пантомимата, претставува
единствен начин на комуницирање.
За разлика од вербалната комуникација, во невербалната не се користи
јазикот како средство за комуникација. Во секој случај, истражувањата
покажуваат дека оваа комуникација е многу значајна затоа што околу 70% од
комуникацијата е невербална.
Невербалната комуникација како средство го користи говорот на телото
што подразбира фацијални експресии и мимики, положба, гестикулации со
рацете и интонација на гласот. Освен овие, како средства на невербалната
комуникација, може да се користат боите и дизајнот кои претставуваат дел од
пишаната или медиумската комуникација.

Дијаграм 3. Невербална комуникација

Невербална
комуникација

фацијални гестикулации со интонација


мимики положба
експресии рацете на гласот

54
Невербалната комуникација ја надополнува вербалната, така што
некогаш може да и го измени значењето на вербалната комуникација. На
пример, доколку се кажат учтиви зборови, но со остар тон на гласот, кажаното
нема да се прими позитивно од страна на примачот.
Оваа комуникација понекогаш може да го измени значењето на зборовите
при вербална комуникација. Така на пример, доколку при поздравување на
гостинот со претходно споменатата реченица „Добро утро. Како можам да Ви
помогнам“ аниматорот ги намршти веѓите додека се поздравува, зборува брзо и
користи остар тон на гласот, кај гостинот ќе предизвика многу непријатно и
негативно чувство.
Слично е и со другиот израз „Што сакате?!“. Доколку овој израз (Што
сакаш?) се употреби за обраќање на некое детенце со клекната положба во
висина на детската, ако се изговара со насмевка на лицето, се гледа детето
директно во очите и со лесен весел глас, во овој случај комуникацијата ќе биде
пријателска и весела за разлика од претходната ситуација.
Вербалната и невербалната комуникација се тесно поврзани една со
друга и тешко е да се користи само еден вид на комуникација.
2.3. Облици на визуелна комуникација

Дизајнирањето и употребата на визуелни елементи за комуницирање е


значаен процес во комуникација. Преку сетилото за вид човековиот мозок прима
повеќе информации отколку преку кое било друго сетило, а она што е кажано и
истовремено визуелно поткрепено, се задржува подолготрајно во меморијата на
човекот.
Покрај тоа, кај најголемиот дел луѓе доминира визуелната интелигенција,
односно тие најлесно учат и задржуваат информации што се визуелно примени.
Визуелната комуникација е вид невербална комуникација, бидејќи
визуелните елементи имаат слична функција како невербалните знаци, а тоа е
илустрирање или помагање на зборовите за поефективно пренесување на
вербалната порака. Преку визуелната комуникација се дополнува значењето на
посложените елементи на пораката што се пренесува.
Изборот на визуелно помагало во комуникацијата зависи од пораката што
треба да се пренесе, но графиконите, илустрациите, табелите, сликите, мапите
се честопати користени.
Во пишувањето, визуелната комуникација ги надополнува
меморандумите и рекламниот материјал, како што се брошурите и постерите.
Секако, првенствено е важно она што го содржи визуелниот инструмент и
неговата порака. Сепак, правилниот дизајн придонесува за други ефекти,

55
односно, го зголемува кредибилитетот и придонесува за оставање впечаток на
професионализам и компетентност.
Битни елементи на кои би требало да се посвети внимание при
визуелната комуникација се: изборот, комбинацијата и хармонијата на боите,
формата, бројноста и натрупаноста на елементите, употребата на логоата.
Исто така, многу е важно да се внимава да не се дозволи прекумерна
употреба на визуелните помагала при комуникацијата и да не се дозволи нивна
употреба само поради нив самите. Тие не служат само да ја декорираат
комуникацијата, туку да ја надополнат и потпомогнат. Секоја прекумерна
употреба на визуелни помагала може да има спротивен ефект преку
предизвикување конфузија во процесот на примање на пораката, а истовремено
и пречка за остварување на целите на пораката. При секоја употреба на
визуелните помагала мора да се има предвид целта на пораката и самиот
комуникациски процес
Кога зборуваме за анимациите, визуелната комуникација е повеќе од
присутна. Најразличните проекции, промотивни материјали во вид на постери и
фотографии, уредувањето на сцените, ѕидовите, мини – клубовите,
материјалите за работа, дипломите за учество, дизајнот на облеката на
аниматорите, содржините кои се креираат и објавуваат на веб страниците и
социјалните медиуми се само мал дел од визуелното комуницирање, а видливо
е дека е многу битно.

Визуелно комуницирање со цел информирање за анимациската програма –


Хотел „Бали“ – Шпанија.

56
2.4. Аудио комуникација

Аудио комуникацијата се однесува на звучните елементи кои се користат


во комуникацијата. Поточно, аудио комуникацијата е секоја форма на пренос што
се базира на слух. Аудио-комуникативните форми се наоѓаат во такви
платформи како аудио книги, телевизија, филмски звучни записи и музички
записи.
Од аспект на анимациите може да се зборува за повеќе примери во кои е
битна аудио комуникацијата. Имено, најпрвин сите музички записи кои се
користат за анимација на гостите, дали во текот на некоја спортско-рекреативна
или културно-уметничка анимациска активност, се во делот на аудио
комуникацијата. Како пример, би можеле да ја земеме активноста „Таи-чи“*. При
изведувањето на оваа активност потребно е во позадина да има музика која е
смирена и опушта. Друг пример се часовите по танцување во склоп на
анимациите. Тука повторно се јавува потребата од музички записи.
Проектирањето на аудио-визуелен материјал во текот на некоја активност исто
така има елементи на аудио комуникација.
Што се однесува пак до вечерните анимации, тие претежно изобилуваат
со аудио комуникација, затоа што и тука доминираат музичките активности и
записи, проекцијата на филмски или снимени материјали итн.

Прашања за проверка на знаењето


1. Објаснете што е вербална комуникација.
2. Објаснете што е невербална комуникација.
3. Набројте ги и објаснете начините на комуникација во анимациите.
4. Објаснете што е визуелна комуникација.
5. На што треба да се внимава при креирање на визуелните комуникациски
алатки?
6. Објаснете на што се однесува визуелната комуникација во рамките на
анимациите.
7. Што е аудио комуникација?
8. Објаснете ја аудио комуникацијата во рамки на анимациите.
Вежби
1. Најдете видео на интернет од анимациски активности (дестинација, хотел и
сл.). Изгледајте го внимателно и анализирајте го. Обрнете внимание,
препознајте ги и опишете ги вербалната и невербалната комуникација на
аниматорите и учесниците. Препознајте ги и сите облици на аудио и визуелна
комуникација.

* Таи чи е кинеска боречка вештина која во анимациите може да се користи за медитациски цели.
57
3. Специфичности на комуникација во анимацискиот тим

Во овој дел од учебникот ќе бидат објаснети специфичните елементи на


комуникацијата која се користи во тимовите на анимации. Објаснет е начинот на
составување на тимот кој ќе учествува во планирањето и реализацијата на
анимацијата, претставени се организациски структури на тимот за анимации и
делот на промоција на анимациските програми.
3.1. Составување тим за планирање и реализација на анимација

Составувањето на тимот претставува прашање на кое му е потребно


посебно внимание од аспект на квалитетно реализирање на анимацијата. Но
секако, треба да се има во предвид дека прашањето на кадровското екипирање
е во непосредна врска со претходните предуслови кои учествуваат во
целокупниот менаџмент процес во анимацијата. За да се изврши соодветно
кадровско екипирање потребно е следново:
- Одредување на потребите за човечки ресурси;
- Засилување со дополнителни аниматори;
- Обука и специјализација на аниматорите;
- Следење и приспособување на бројот и квалитетот на аниматорите
во функција на успешна анимација;
- Комуницирање во текот на процесот на кадровско екипирање.

Дијаграм 6. Чекори на кадровско екипирање

Следење и
приспособувањ
Комуницирање
Одредување на е на бројот и
Засилување со Обука и во текот на
потребите за квалитетот на
дополнителни специјализација процесот на
човечки аниматорите во
аниматори на аниматорите кадровско
ресурси функција на
екипирање,
успешна
анимација

Кога се одредуваат потребите од човечките ресурси, најпрвин се гледа


бројот на анимациските активности и врз основа на тоа се планира бројот на
вработени. Тоа не се однесува само на аниматорите, туку и на целиот технички
персонал којшто овозможува одржување и ракување со опремата, инсталациите
и просторите.
58
Во текот на сезоните потребата од аниматори се зголемува, па така во тој
временски период можно е да се ангажираат дополнителни аниматори. Овие
аниматори исто така треба да поседуваат вештини кои се потребни за
спроведување на анимациската програма. Сите психофизички особини кои ги
има аниматорот секако дека се потребни и за овие дополнителни аниматори.
Потребата од стручно обучен кадар е повеќе од присутна.
Во секој случај, на аниматорите, образовниот процес не би требало да им
заврши со вработувањето. Напротив, тие треба постојано да ги надоградуваат
своите знаења и вештини за да можат успешно да се носат со сите промени и
трендови поврзани со анимацијата. Аниматорите се првите кои треба да
забележат или спроведат некоја промена, па така неопходни се континуирани
обуки и специјализации.
Следењето на аниматорите и нивната работа, како и приспособувањето
на аниматорите во функција на успешна анимација придонесува кон одржување
и подобрување на квалитетот и атрактивноста на анимациските програми.
Успешноста на анимацијата е резултат на рамнотежата помеѓу бројот и
квалитетот на ангажираните аниматори. Нарушувањето на оваа рамнотежа
доведува до несакани ситуации, како на пример: незадоволство од водењето на
забавната програма поради несоодветноста на аниматорот, пропусти во
анимациските програми поради недостиг на идеи, импровизација или отсуство
на аниматори и сл.
Комуницирањето претставува неизбежна компонента во текот на
процесот на кадровското екипирање, како и во останатите функции на
менаџмент процесот.
По составувањето на тимот исто така мора да се води ред и за
одржувањето на тимот. Најсоодветно тоа би се постигнало со изградба на
мотивиран и лојален тим, кој ќе работи исклучиво тимски на секоја зададена
задача. Со еден збор, клучна работа за планирање и реализација на успешна
анимација е тимската работа.
3.2. Организација и структура на тимот за анимација

За да се креира и да се постигне успешно реализирање на анимациската


програма, неизбежна е потребата од кадар што истата ќе ја извршува. Всушност,
споменатите човекови ресурси имаат потреба од хиерархиска поставеност и
доделени задачи со цел успешно функционирање на анимациите.
За да биде правилно организирана анимацијата, потребно е да се
спроведе следново:
- идентификација и дефинирање на предвидената анимациска работа;
- поделба на работата според должностите;

59
- групирање на должностите според позициите;
- доделување на задачите за извршување, одговорност и степен на
авторитет;
- прегледување и приспособување на организационата структура во
функција на контролирање на резултатите и променливите услови;
- комуницирање во текот на процесот на организирање.
Идентификувањето и дефинирањето на предвидената работа е
предуслов за останатите чекори. Во овој дел се определува што треба да се
сработи. Потоа, таа дефинирана работа треба да се подели на поедини лица
кои ќе имаат посебни задолженија. Според должностите може да се зборува за
аниматори кои би имале задолженија за спортско-рекреативни програми,
културно-забавни, детски програми итн. Исто така, во зависност од периодот во
којшто ќе работи аниматорот задолженијата би можеле да бидат за дневна или
пак, вечерна анимација. Исто така различните нивоа на поставеност на
позициите мора да се земат во предвид. Тука станува збор за топ менаџментот,
кој ги извршува задолженијата за планирање, програмирање, ја следи
имплементацијата и ги гледа резултатите од анимациите. Средниот менаџмент,
ги распределува планираните активности кои претходно топ менаџментот ги има
изготвено, а воедно е одговорен за нивно успешно спроведување. На крај се
наоѓа извршниот менаџмент кој е задолжен за извршување на анимациската
програма со клиентите, односно аниматорите.
Секоја работна позиција и задолжение со себе си носи и некоја
одговорност, па затоа тоа треба јасно да биде назначено во предавањето на
задолженијата. Во анимацискиот тим потребна е флексибилност, при што тимот
треба да се насочува онаму кон каде што најдобро ќе се остваруваат целите. Од
друга страна поради динамичноста и трендовите, при унапредување на
програмата аниматорите ќе бидат во можност без никаков проблем успешно да
ги спроведат поставените цели.
Постојаната меѓусебна комуникација на едно задоволително ниво е
клучен предуслов за нормално функционирање на анимацискиот тим. Почитта
меѓу сите вработени и тимскиот дух се најбитните елементи со цел да истото се
рефлектира и кај туристите.
Во продолжение следува еден пример на структурна поставеност на
сектор за анимации во рамки на еден ланец на хотели – Мед Плаја хотел Бали
(Med Playa Hotel Bali) во Шпанија.

60
Пример за структурна поставеност на тим
Во секој случај, меѓу највисоките работни позиции во секторот на
анимациите се шефовите. Во Шпанија во секој хотел што спроведува
анимациски активности постои една личност која истите ги планира и
овозможува истите на соодветен начин да се спроведуваат. Во различни случаи
тој можеби ќе биде и единствениот извршител на истите, доколку станува збор
за помал хотелски комплекс или хотел во кој нема потреба од поголема
анимациска програма. Во други случаи, во зависност од хотелот, тие шефови
имаат обврски за комуникација, како со вработените од понизок хиерархиски
ред, така и со менаџерите од повисоко ниво. Комуникацијата и присуството на
состаноците со шефовите од останатите сектори и со менаџерите од повисок
ред во хотелот е во основата на работните задачи, поради меѓусебното
дејствување и креирање на севкупниот хотелски производ.
Аниматорите кои се на дното на хиерархијата, всушност се главните
чинители и спроведувачи на анимациските активности. Во различни хотели во
Шпанија има различни групи кои ја извршуваат анимацијата. Во многу хотели
аниматорите кои ги изведуваат дневните активности се извршувачи и на
вечерната анимација, па дури и на шоу-точките во хотелите каде што истите
постојат. Во други хотели, пак постојат посебни аниматори кои извршуваат
дневни и вечерни анимациски активности, но и посебна група уметници (пејачи
и танчари) кои изведуваат шоу-точки.
Дополнително, постојат и изведувачи кои не се вработени во секторот на
анимација во хотелот, но изведуваат точки во вид на надворешни (outsourcing)
услуги (кловнови, магионичари, танчари, музичари, бендови и сл.).
За полесно објаснување на хиерархиската поставеност во одделот за
анимација во Шпанија во продолжение следува приказ за хиерархиската
поставеност во секторот за анимација во хотелот „Бали“, кој се наоѓа на јужниот
шпански брег (Андалузија, Коста дел Сол), во гратчето Беналмадена, провинција
Малага.
Тимот за анимации во хотелот „Бали“ е поделен на два тима. Првиот тим
е тимот на главни аниматори и т.н. „летачки тим“. Вообичаено, како и претходно
што е напоменато, главните аниматори се изнајмени од анимациската
outsourcing компанија „Актив“ (Acttiv), додека менаџментот и т.н. „летачки тим“ се
вработени од страна на „Медитераниан Хотелс ентертеинмент“ (Mediterranean
Hotels Entertainment - MHE). Mediterranean Hotels Entertainment претставува
посебна компанија која се грижи за анимацискиот сектор во сите MedPlaya
хотели во Шпанија.

61
Хиерархиска поставеност на секторот за анимација во хотел
Дијаграм 7.
„Бали“

директор на
МНЕ

координатор

шеф на секторот за
анимации

аниматори „летечки“ тим диџеј и техничка


поддршка

аниматори практиканти
кореограф

асистент

танчари пејачи

На Дијаграм 7 е прикажана хиерархиската поставеност на вработените во


анимацискиот сектор во хотелот „Бали“. Директорот на компанијата МНЕ е
на врвот на менаџмент-пирамидата и оттаму почнува генералното планирање и
насочување на анимацијата во хотелите. Седиштето на компанијата е во
Хирона, а директорот главно работи во Бенидорм, едно од најголемите летни
шпански дестинации. Секој месец најмалку еднаш оди во останатите хотели.
Следното ниво во менаџментот на анимации е координаторот кој е
одговорен за анимацијата во сите пет хотели на Сончевиот Брег (Costa del Sol),
односно во Торемолинос и во Беналмадена. Неговата главна канцеларија е во
хотелот „Бали“. Истиот е задолжен за координација и за планирање на
програмата во сите пет хотели.
Следното ниво, односно нивото под координаторот (веќе на ниво на еден
хотел, хотелот „Бали“) е шефот за анимација во хотелот кој ги менаџира
секојдневните активности и настани во хотелот. Тој е задолжен за вработените
и за практикантите кои се на најниското ниво на организацијата.

62
Аниматорите се наоѓаат дното од хиерархиската поставеност во
хотелот „Бали“. Тие почнуваат со работа од 11 часот, па сè до 16 часот (во
зимска сезона), извршувајќи различни активности за клиентите (спорт, игри,
прошетки и сл.). Истите имаат пауза до вечерната анимација, која започнува во
20:30 часот и завршува во 00:30 часот. Во текот на летото, работното време е
малку поразлично, т.е. подолго време се спроведуваат анимациските
активности. Во текот на вечерната анимација има различни шоуа, игри, танци
итн. Дополнително, во секторот за анимации постојат практиканти кои
извршуваат практична настава поврзана со своите студии.
Таканаречениот „летачки тим“ има кореограф и асистент.
Останатите членови се танчари и пејачи. Тие подготвуваат шоуа и ги
изведуваат во хотелот во текот на вечерната анимација. Тие изведуваат и во
останатите четири хотели на Сончевиот Брег, поради што и на тимот му е дадено
тоа име. Нивните шоуа се состојат од песни што се пеат во живо од нивна страна
и танци за истите. Вообичаено, шоуто е мешавина на мјузикли, музика и танци
преземени од филмови, цртани филмови, музичари, пејачи итн.
Карактеристично е тоа што постојат хотели каде што тимот за шоу-изведби го
сочинуваат аниматорите кои не се посебни професионални вработени кои ја
извршуваат само таа функција, туку ја извршуваат целосната анимациска
програма вклучувајќи ги шоу-изведбите. Постојат и хотели каде што нема ваков
тип изведби, па последователно не постојат вакви вработени.
Во секторот за анимациски активности неизбежно е постоење на
вработени кои се грижат и секојдневно ја регулираат техничката опрема и
вработени кои се задолжени за регулирање на светлата и музиката, т.е. диџеј
(DJ). Во посочениот хотел оваа функција ја извршува еден вработен кој е
задолжен за наведените обврски.
Карактеристично за анимацискиот сектор е тоа што вработените често
потпишуваат договори за дадени сезони, така што им е дадена можност да
менуваат хотели во текот на различни сезони. Зголемена побарувачка за
аниматорите се јавува во летниот период кога поради поголемиот обем на
хотелски резервации потребни се повеќе извршувачи на анимациски активности,
така што некои аниматори работат само во текот на летната сезона, додека во
текот на зимската сезона се занимаваат со нешто друго.
3.3. Промоција на анимацискиот програм

Во секој современ бизнис, промоцијата е значаен двигател на успехот,


така што и во угостителството и туризмот има неизбежно важна улога. Во рамки
на хотелите покрај генералната промоција на хотелот и неговите услуги, исто
така одделно и интензивно треба да се промовира анимациската програма,
бидејќи како што и претходно е спомнато, голем дел од клиентите остануваат
лојални токму поради анимациите во дадените хотели.
63
Како една од наједноставните, но можеби и меѓу најзначајните промоции
во рамки на самиот хотел е поставување огласна табла, т.е. панел со сите
анимациски активности за различни денови и според различни возрасни
категории. На овој панел можат да се појават сите информации за кои се смета
дека може да бидат корисни за самите клиенти и да ги привлечат. Во некои
хотели на тие панели се ставени и фотографии од членовите на анимацискиот
тим, така што уште од првиот момент клиентите имаат индиректен контакт со
аниматорите. Покрај целонеделната или двонеделната објава на програмата,
многу важно е да постојат панели на видно и фреквентно место на кои се
објавени програмите за тековниот ден и истите да се менуваат секој ден.

Панел со објава за анимациска програма во текот на денот во хотел „Бали“.

64
Друг значаен сегмент од промоцијата во рамки на самиот хотел е
промоцијата што се реализира од страна на самите аниматори. Една од
најглавните дополнителни задачи што ја извршуваат аниматорите е односите
со јавноста. Тие ја претставуваат сликата на хотелот и преку својата работа
овозможуваат циркулирање на различни информации наменети за гостите, а
поврзани со идните настани, консумацијата во хотелот итн. Со тоа аниматорите
ја претставуваат главната нишка во секојдневната промоција на голем дел од
услугите во хотелот. Од друга страна, со нивното однесување тие треба да
градат позитивна слика за самата организација што позитивно ќе се рефлектира
во идниот период.
Во време на сè поголема имплементација на модерната технологија и во
стопанството и во секојдневниот живот, нелогично е да не се употребува
информатичката технологија во промотивните активности на секторот за
анимации. Сите хотели во светот, имаат своја веб-страница која постојано се
ажурира. На својата веб-страница голем број хотели имаат посебен дел кој ја
третира анимацијата во самиот хотел. Некои хотели само ја спомнуваат без
детален опис, но во секој случај официјалната веб-страница ја користат за
промоција. Од многуте хотели, како пример може да се наведат веб-страниците
на: „Сентор хотел и ресорт“ (Sentor Hotel & Resorts) коишто имаат преку 35
хотели во континентална и островска Шпанија); хотелите „Групо АР“ (Grupo AR
Hoteles) со неколку хотели во Шпанија итн. На веб-страниците на овие и на
другите хотели и хотелски синџири програмата е детализирана и е ажурирана за
тековниот период.
Покрај веб-страниците хотелите користат и јутјуб-канали (YouTube) на кои
поставуваат видеа поврзани со анимациските активности. Еден од многуте
хотели кој има свој јутјуб-канал на кој постира видеа поврзани со анимациските
активности е синџирот хотели „ЗТ“ (ZT Hoteles) што има неколку хотели во
Барселона и во Пењискола. Други примери кои можат да се наведат се хотелите
„РВ“, „Аква хотел“, хотелите „Мед Плаја“ (RV Hoteles, Aqua Hotel, Medplaya
Hotels) и многу други.
Од сите видови онлајн-промоција, со сигурност може да се каже дека
социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Тик Ток (Facebook, Instagram,
Twitter, ТикТок) и сл., во последно време имаат голем удел. Социјалните мрежи
се секојдневна пасија на многу луѓе, така што во нив често се сретнуваат
огромен број информации. Меѓу тие информации чести се и оние за
анимациските активности во различни хотели, а нив самите хотели ги
споделуваат на своите профили на социјалните мрежи, или пак самите тимови
за анимации одржуваат еден таков профил. Од сите овие мрежи безусловно
може да се каже дека Фејсбук предничи во промоцијата.

65
Речиси сите хотели имаат свој фејсбук-профил (фан страна) и таму ги
споделуваат своите анимациски содржини. Такви на пример се хотелите „Клуб
Мак“ (ClubMac) кои имаат свој профил и преку нив споделуваат информации за
идните настани, ги споделуваат видеата и фотографиите од претходните
случувања. Како што е спопомнато, некои сектори за анимации имаат свои
сопствени профили на Фејсбук. Примери за тоа се хотелите „Анимасион Рок“,
хотел „Бали – анимација“ (Animacion Roc Hotels, Hotel Bali Entertainment) и многу
други. Од друга страна и лојалните клиенти креираат групи на Фејсбук каде што
споделуваат информации, фотографии и видеа од моментите поминати со
анимацискиот тим. На Инстаграм свои профили имаат и хотелите „Клуб Мак“ и
„Мед Плаја“ (ClubMac) и (MedPlaya).
Анимациските активности се промовираат на сите останати веб-страници
каде што се промовира самиот хотел како и страниците направени за
резервации на хотелски услуги, како TripAdvisor, Booking итн.
Многу иновативна работа која ја употребуваат поголемите хотели е
ангажирање на аниматор репортер. Тоа е личност од одделот за анимации кој
се занимава само со следење и со документирање на сите моменти од
анимациските случувања со фотографии, видеа и текстови. Тој е задолжен и за
ажурирање и за уредување на профилите на интернет кои ги имаат хотелите.
Овој вработен мора да има основни репортерски познавања и да знае да ракува
со дигиталната технологија. Нормално, за секој документиран момент во кој
учествуваат клиентите, мора да побара писмена дозвола од нив за јавно
објавување на содржините во кои тие се дел. Многу битна задача во работата
на овој репортер е одговарањето на коментарите кои се напишани на објавите
од страна на клиентите. Тука мора да преовладува толерантност, коректност,
почит, пријателски настроен дух и сл. Многу е битно кај негативните коментари
да се разграничи, на што може да одговори репортерот, а на што останатите
служби од хотелот.
Како задача на аниматорот репортер му се препишува зголемувањето на
следбениците на нивниот профил или фанови во групите. Како пример за
аниматори репортери се оние кои се вработени во хотелите „Клуб Мак“, „Си клуб
Алкудија“ (Club Mac, Sea Club Alcudia) и други. Нивната работа постојано се
следи и се прават анализи на нивниот успех и на проширување на мрежата.
За промоција на своите активности исто така се користат и флеш мобови
и лип дапови. Тие всушност претставуваат активности кои се снимаат и се
објавуваат. Флеш мобовите се често играње на некоја клуб денс песна (Club
Dance) што често е песната на самиот хотел. Таков е примерот со анимацискиот
флеш моб на хотелот „Бали“. Лип дапот е најчесто играње на дадена песна која
е ултра популарна и на истата аниматорите и гостите на некој начин креираат
видеоспот за песната со тоа што ги изговараат зборовите од песната и се движат
низ целиот простор на хотелот каде се изведуваат анимациските активности.
66
Како примери за хотели кои досега имаат направено лип дап се „Торе де
ла Мора“ и „Протур“ (Torre de la Mora и Protour). Еден од позначајните лип дапови
е оној на хотелот „Си клуб Алкудија“ (Sea Club Alcudia). Овие креации најпрвин
се вежбаат со клиентите што ќе прифатат да бидат дел од истите, се снимаат,
се монтираат и се објавуваат на сите интернет-страници наменети за
споделување видеа.

Прашања за проверка на знаењето


1. Кои чекори се потребни за да се состави тим за планирање и реализирање
на анимација?
2. Што треба да се спроведе за да биде правилно организирана анимацијата?
3. Објаснете за структурната поставеност на тимот за анимација. Наведете и
примери.
4. Набројте и објаснете ги начините на промоција на анимацискиот програм
внатре во угостителскиот објект.
5. Објаснете ја промоцијата во рамките на маркетинг преку интернет.
6. Објаснете ја функцијата на аниматор – репортер.
Вежби
1. Зададена Ви е задача да отворите сектор за анимации во рамки на некој
хотел во вашето место на живеење. Објаснете како ќе го составите тимот,
каква структура ќе има.
2. Истражете на интернет промотивни содржини за анимациски активности.
Побарајте и видеа од флеш мобови и лип дапови и изгледајте ги. Дискутирајте
на кој начин би ја промовирале анимациската програма за која формиравте
тим во претходната вежба.

67
РЕЗИМЕ

Комуникацијата е интеракција помеѓу две или повеќе личности, при која


што една личност делува на однесувањето на другата личност.
Комуникацијата во туризмот и угостителството може да се дефинира и како
процес на пренесување на информации од една кон друга личност
(личности). При тоа правилната комуникација во туризмот и угостителството
подразбира не само пренесување на информациите туку и примање и
правилно разбирање на истите и враќање одговор или прашување за
појаснување, ако таа не е доволно јасна. Како аниматори, вработените во
туристичката индустрија комуницираат постојано. Тие комуницираат со
гостите но исто така и со колегите и другите лица кои се ангажирани во
туристичкиот процес. Во комуникацискиот процес аниматорот се наоѓа во
двојна улога: како „испраќач“ и како „примач“, при што и двете негови улоги
се значајни и имаат иста тежина. И во двете улоги аниматорот треба да ги
задоволи потребите на туристите.

Аниматорите преку комуникацијата им обезбедуваат на туристите


информации потребни за текот на одвивањето на анимациските програми,
кои се нивните обврски како учесници и што да очекуваат од нивното учество.
На овој начин аниматорите им овозможуваат на туристите-учесници во
анимацискиот процес да комуницираат со нив во текот на анимацијата. Но
исто така аниматорите ги насочуваат туристите како да комуницираат и
меѓусебно во текот на одвивањето на анимацискиот процес. Од друга страна,
аниматорите им даваат feedback на туристите за исходот од конкретната
анимациска активност која се одразува преку задоволство, радост, чувство на
исполнетост и сл. Добар аниматор е оној аниматор кој успешно го води текот
на анимацијата како резултат на неговите комуникациски способности и
неговите способности успешно „да ги игра двете улоги - испраќач и примач на
пораки“, како резултат на што се воспоставуваат добри односи помеѓу
учесниците, позитивна и пријатна атмосфера и чувство на припадност во
групата.

Во успешната комуникација аниматорот ја насочува својата порака кон


туристите кои ја имаат улогата на примач добивајќи или примајќи ја пораката.
Иако звучи едноставно, сепак комуникацијата е многу повеќе од едноставно
испраќање и примање информации, пораки или чувства. Таа претставува
сложен процес што се состои од повеќе елементи кои треба да бидат
запазени за да може да е успешна. Примачот ја прима пораката преку
слушање или читање на зборовите, т.е. симболите на испраќачот. Тој мора
да ги преведи или интерпретира зборовите со цел да разбери што мислел
испраќачот. Во овој момент е значајно да се утврди дали примачот ги сфаќа
зборовите, т.е. симболите така како што вистински биле наменети за него.
Прифаќањето, преведувањето или толкувањето и разбирањето на пораката
се дел од комуникацијата кој му припаѓа на примачот. Процесот на
комуницирање во текот на анимацијата во помалите групи се одвива полесно
отколку во поголемите, бидејќи кај овие групи постои поголема хетерогеност
во структурата на учесниците. Развиени се повеќе видови комуникациски
мрежи кои имаат различна примена во зависност од ситуациите во кои се
користи комуникацијата. Во анимацијата треба да се користат оние видови
комуникациски мрежи во кои нема централна личност во комуникацијата
Имајќи ги во предвид и почитувајќи ги начелата на слобода и активно учество,
аниматорите треба да воспоставуваат комуникациски мрежи во кои и тие ќе
бидат учесници, а не централни личности. Затоа, како најсоодветни
комуникациски мрежи кои се употребуваат во анимацијата се кружната
комуникациска мрежа и мрежата на независност.

Но, во одредени анимациски активности аниматорот може да се најде


во улога на централна личност при што тој треба да комуницира двонасочно
со учесниците во анимацискиот процес, да биде и во улога на испраќач и во
улога на примач.

Комуникацијата во најширока смисла може да биде вербална и


невербална. Разликата меѓу овие два вида комуникации е тоа што за
вербалната е потребен јазикот како изразно средство за комуникација кај
човекот, а кај невербалната карактеристични се други елементи, како што се
говорот на телото, движењето на очите, времетраењето на говорот,
просторното комуницирање, употребата на гласовни односно вокални
сигнали кои можат да имаат некое значење. Иако, можеби понекогаш се
посветува поголемо внимание на вербалната, сепак и невербалната
комуникација е од големо значење.

За разлика од вербалната комуникација, невербалната не го користи


јазикот како средство за комуникација. Во секој случај, истражувањата
кажуваат дека сепак оваа комуникација е многу битна затоа што околу 70%
од комуникацијата е невербална.

Оваа комуникација како средство го користи говорот на телото што


подразбира фацијални експресии и мимики, положба, гестикулации со рацете
и интонација на гласот. Освен овие, како средства на невербалната
комуникација, може да се користат боите и дизајнот кои претставуваат дел од
пишаната или медиумската комуникација.

69
Дизајнирањето и употребата на визуелни елементи за комуницирање
е значаен процес во комуникација. Преку сетилото за вид човековиот мозок
прима повеќе информации отколку преку кое било друго сетило, а она што е
кажано и истовремено визуелно поткрепено, се задржува подолготрајно во
меморијата на човекот.

Визуелната комуникација е вид невербална комуникација, бидејќи


визуелните елементи имаат слична функција како невербалните знаци, а тоа
е илустрирање или помагање на зборовите за поефективно пренесување на
вербалната порака.

Кога зборуваме за анимациите, визуелната комуникација е повеќе и од


присутна. Најразличните проекции, промотивни материјали во вид на постери
и фотографии, уредувањето на сцените, ѕидовите, мини – клубовите,
материјалите за работа, дипломите за учество, дизајнот на облеката на
аниматорите, содржините кои се креираат и објавуваат на веб страниците и
социјалните медиуми се само мал дел од визуелното комуницирање, а
видливо е дека е многу битно.

Аудио комуникацијата се однесува на звучните елементи кои се


користат во комуникацијата. Поточно аудио комуникацијата е секоја форма
на пренос што се базира на слух. Аудио-комуникативните форми се наоѓаат
во такви платформи како аудио книги, телевизија, филмски звучни записи и
музички записи.

Од аспект на анимациите може да се зборува за повеќе примери во кои


е битна аудио комуникацијата. Имено, најпрвин сите музички записи кои се
користат за анимација на гостите, дали во текот на некоја спортско-
рекреативна или културно-уметничка анимациска активност, се во делот на
аудио комуникацијата. Како пример, би можеле да ја земеме активноста „Таи-
чи“. При изведувањето на оваа активност потребно е во позадина да има
музика која е смирена и опушта.

За да се изврши соодветно кадровско екипирање потребно е следново:


- одредување на потребите за човечки ресурси;
- засилување со дополнителни аниматори;
- обука и специјализација на аниматорите;
- следење и приспособување на бројот и квалитетот на
аниматорите во функција на успешна анимација;
- комуницирање во текот на процесот на кадровско екипирање.

70
Во работењето на хотелите има периоди (најчесто се сезоните и тоа
т.н. високи сезони) кога е зголемена концентрацијата на гостите при што е
зголемена и побарувачката за анимациски програми. Во овие случаи се
јавува потреба од засилување со дополнителни аниматори кои најчесто се
ангажираат дополнително со хонорарни надоместоци. Но, дополнителното
ангажирање на аниматори не значи дека тие се лица кои не се
специјализирани за својата работа. Напротив, при ангажирање на
дополнителни аниматори се обраќа посебно внимание на нивната стручна
способност, искуство и знаења од областа на анимациите бидејќи станува
збор за ангажман во период на концентрирана, хетерогена и пребирлива
туристичка побарувачка.

Иако аниматорите се стручни туристички кадри, сепак потребно е


нивно постојано усовршување како составен дел на нивната работа.
Потребата за обука и специјализирање на аниматорите се резултат на
постојаните промени кои се случуваат во сферата на анимациската
туристичка понуда, но и промените во барањата потребите во сферата на
туристичката побарувачка

За да биде правилно организирана анимацијата, потребно е да се


спроведе следново:
- идентификација и дефинирање на предвидената анимациска работа,
- поделба на работата според должностите,
- групирање на должностите според позициите,
- доделување на задачите за извршување, одговорност и степен на
авторитет,
- прегледување и приспособување на организационата структура во
функција на контролирање на резултатите и променливите услови,
- комуницирање во текот на процесот на организирање.

Во секој современ бизнис, промоцијата е значаен двигател на успехот,


така што и во угостителството и туризмот има неизбежно важна улога. Во
рамки на хотелите покрај генералната промоција на хотелот и неговите
услуги, исто така одделно и интензивно треба да се промовира анимациската
програма, бидејќи голем дел од клиентите остануваат лојални токму поради
анимациите во дадените хотели.

Како една од наједноставните, но можеби и меѓу најзначајните


промоции во рамки на самиот хотел е поставување огласна табла, т.е. панел
со сите анимациски активности за различни денови и според различни
возрасни категории. Една од најглавните дополнителни задачи што ја
извршуваат аниматорите е односите со јавноста. Тие ја претставуваат

71
сликата на хотелот и преку својата работа овозможуваат циркулирање на
различни информации наменети за гостите, а поврзани со идните настани,
консумацијата во хотелот итн. Со тоа аниматорите ја претставуваат главната
нишка во секојдневната промоција на голем дел од услугите во хотелот. Од
друга страна, со нивното однесување тие треба да градат позитивна слика за
самата организација што позитивно би се рефлектирало во идниот период.

Во време на модерна технологија и нејзина сè поголема


имплементација во стопанството и во секојдневниот живот, нелогично е да не
се употребува информатичката технологија во промотивните активности на
секторот за анимации. Други алатки кои се употребуваат се: своја веб-
страница која постојано се ажурира, јутјуб-канали (YouTube), социјалните
мрежи Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Тик Ток (Facebook, Instagram, Twitter,
ТикТок) и сл. Анимациските активности се промовираат на сите останати веб-
страници каде што се промовира самиот хотел како и страниците направени
за резервации на хотелски услуги, како TripAdvisor, Booking итн.

Многу иновативна работа која ја употребуваат поголемите хотели е


ангажирање на аниматор репортер. Тоа е личност од одделот за анимации
кој се занимава само со следење и со документирање на сите моменти од
анимациските случувања со фотографии, видеа и текстови. Тој е задолжен и
за ажурирање и за уредување на профилите на интернет кои ги имаат
хотелите.

За промоција на своите активности исто така се користат и флеш


мобови и лип дапови. Тие всушност претставуваат активности кои се
снимаат и се објавуваат. Флеш мобовите се често играње на некоја клуб
денс песна (Club Dance) што често е песната на самиот хотел. Лип дапот е
најчесто играње на дадена песна која е ултра популарна и на истата
аниматорите и гостите на некој начин креираат видеоспот за песната со тоа
што ги изговараат зборовите од песната и се движат низ целиот простор на
хотелот каде се изведуваат анимациските активности.
.

72
МОДУЛАРНА ЕДИНИЦА 4
ПЛАНИРАЊЕ И
ОРГАНИЗАЦИЈА НА
АНИМАЦИИТЕ ВО ТУРИЗМОТ И
73

УГОСТИТЕЛСТВОТО
IV. ПЛАНИРАЊЕ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА АНИМАЦИИТЕ ВО ТУРИЗМОТ И
УГОСТИТЕЛСТВОТО

Вовед
Оваа модуларна единица ги опфаќа содржини кои го објаснуваат
програмирањето на анимациите во различни програми, опфаќајќи ги
различните фази. Понатаму е претставен економскиот дел на калкулирање на
трошоците. Надоврзани се и факторите кои влијаат на анимацијата. На крајот
се презентирани некои методи и техники со кои се вреднува анимацијата и
начинот на којшто се врши евалуација на анимацијата.
Резултати од учење
После совладување на модуларната единица, ученикот ќе биде способен да:
• состава анимациска програма;
• калкулира трошоци за реализација на анимациска програма;
• анализира фактори кои влијаат на анимацијата;
• користи методи и техники за вреднување на анимацијата;
• врши евалуација на анимацијата.
Клучни зборови
тип, програма, планирање, трошоци, калкулација, фактори, настани, ефекти,
евалуација

Како културно-уметнички содржини би можеле да се издвојат слободни форми


на сценски настапи со елементи на индивидуално и уметничко творештво.

74
1. Анимациска програма

Анимациската програма е централниот елемент на анимациите и


нејзиното составување е првата и најзначајна работа. Во овој дел од учебникот
ќе се обработат типовите анимациски програми и ќе се претстават
специфичностите на различните типови анимации. Исто така претставени се и
фазите низ кои треба да помине една анимација.
1.1. Типови анимациски програми

Широкиот избор на активности кои може да се вклучат во анимациските


програми дава можност за нивна разновидност. Потребата туристите да се
релаксираат, да го исполнат своето слободно време придонесува за појава на
анимациите. Но, природата на активностите со кои ќе се задоволат тие потреби
се доста значајни и истите треба да се совпаѓаат со интересите на гостите.
Постојат три типа анимациски програми и тоа:
1. забавни,
2. спортско-рекреативни и
3. културни анимациски програми.
Забавата е во тесна врска со анимацијата на туристите бидејќи
нејзината цел е преку одмор, разонода, забава и рекреација да се задоволат
туристичките потреби. Вклучувањето на овие програми, покрај збогатување на
содржината на престојот, истовремено има цел да привлече поголем број
туристи со што ќе се постигнат поголеми економски ефекти од туристичката
потрошувачка.
Активностите што се вклучени во забавните програми се поделени во
три основни групи:
1. забавни програми во потесна смисла,
2. забавни игри и други програми и
3. музички програми.

75
Дијаграм 8. Забавни анимациски програми

Забавни анимациски програми


забавни програми
во потесна смисла

забавни игри и
други програми

музички програми

Спортско-рекреативните активности заземаат голем дел од


активностите на туристите во слободното време во текот на нивниот престој.
Игрите и комуникацијата се најбитните елементи што се провлекуваат низ
спортско-рекреативните активности. Дополнително, може да се спомене и
здравствениот аспект на овие активности кои придонесуваат за подобрување на
општата психофизичка состојба кај учесниците преку остварување на позитивни
здравствени ефекти.
Големата застапеност на спортско-рекреативните активности во
содржината на туристичката понуда укажува на меѓусебната поврзаност на
спортот и туризмот при што до израз доаѓа неговата улога при креирање на
понудата.
Иако спортско-рекреативните и забавните анимациски програми се мошне
популарни и прифатени од туристите, не заостануваат ни културните
анимациски програми. Културните содржини, како составен елемент на
анимациските програми, треба да имаат содржина која ќе биде прифатлива,
интересна и актуелна за пошироката туристичка публика. Она што им се нуди на
гостите мора во себе да носи елементи на култура, уметност, историско
наследство, градежно наследство и етнографија, на начин кој ќе соодветствува
на културното ниво на просечниот гостин со различно потекло. Како културно-
уметнички содржини би можеле да се издвојат:
1. Музички програми, неформално музицирање на гостите, настап на
музички пејачки групи, фолклорни групи, сите форми на изведување
сериозна музика, солистички уметнички концерти, музички вечери на
стари мајстори и др.;
2. Ликовни и скулптурни програми, посети на изложби на слики, музеи,
археолошки наоѓалишта, разговор со локални или светски познати

76
уметници, изложби на наивни уметници, посета на сакрални објекти,
сликарски колонии и др.;
3. Графички и други визуелни информации, плакати, проспекти, туристички
филмови и др.;
4. Слободни форми на сценски настапи со елементи на индивидуално и
уметничко творештво (синкретички приредби);
5. Индивидуално аниматорство кое подразбира непосредно учество на
гостите во сите видови анимација во културата на непрофесионален
начин и во услови кога тоа им е директна професија.
1.2. Специфичности на различните типови анимации

Забавните програми во потесна смисла вообичаено се организираат во


вечерните часови, со цел да се анимираат гостите со забавни активности, а
често пати во зависност од карактерот на програмите се предвидува и нивно
непосредно вклучување. Во зависност од содржината, забавните програми
можат да бидат организирани, на пример, за избор на највесело дете, пар и сл.,
организирање на вечерни забави на плажа, попладневно матине покрај базен,
организирање квизови, мини шаховски турнири, натпревари во јадење, пиење,
скокање, натпревар во караоке и др. Овие програми може да ги организираат
самите хотели преку својот сектор за забава и анимација или да се купени.
За разлика од сопствените, купените забавни програми се реализираат од
страна на професионалци кои се ангажирани од хотелските објекти за одредено
време и по договорена цена. Најчесто станува збор за професионални музички
или фолклорни групи и ансамбли.
Забавните игри имаат за цел да ги анимираат гостите и честопати имаат
активен карактер, т.е. гостите можат да учествуваат во нив и да си ги одмерат
силите. Како забавни игри би можеле да се споменат следниве: бинго, музичко
бинго, карти, играње на гостите на некои поедноставни танци.
Меѓу најпопуларните забавни активности секако се музичките програми и
тоа со изведување на музика во живо или пак, пуштање музика од електронски
уреди. За музика во живо најчесто се ангажираат професионалци (пејачки групи,
музички состави или комбинирани музички со танчерски групи и слично).
Музичките програми вообичаено се во делот на вечерната анимација, каде што
задача на аниматорите е да ги анимираат да танцуваат и пеат.
Големата застапеност на спортско-рекреативните активности во
содржината на туристичката понуда укажува на меѓусебната поврзаност на
спортот и туризмот, при што доаѓа до израз неговата улога во креирање на
понудата.

77
Претежно спортско-рекреативните анимациски програми се реализираат
во текот на дневните анимациски програми. Поретко се среќаваат спортско-
рекреативните активности кои се спроведуваат во вечерните часови.
Спортско-рекреативните активности во функција на анимирање на
учесниците можат да се организираат на следниве начини:
1. Спортски игри:
- индивидуални (тенис, голф и др.),
- групни (фудбал, одбојка, ракомет, ватерполо и др.).
2. Натпревари во зависност од интересот на туристите.
3. Спортско-рекреативни игри:
- пинг-понг,
- бадминтон,
- пикадо,
- шах,
- игри со топка,
- тегнење јаже и др.
Вклучувањето на спортско-рекреативните анимациски програми во
содржината на анимациската понуда на хотелски или друг објект или на ниво на
туристичка дестинација, вообичаено не бара поголеми финансиски и
материјални вложувања. Затоа најчесто и преовладуваат овие видови
анимациски активности во споредба со другите.
Како издиференцирани културни анимациски програми кои се
организираат во рамките на целокупната анимациска понуда можат да се
набројат следниве:
1. Посета на културно-историски споменици:
- археолошки локалитети,
- културно-историски споменици,
- културно-историски градби (замоци, тврдини, цркви и сл.).
2. Посета на научни и културно-историски институции:
- музеј,
- галерии,
- изложби,
- историски архиви.
3. Организирање на учество во колонии и школи:
- ликовни,
- графички,
- вајарски,
- грнчарски,
- музички.

78
1.3. Фази во планирањето на анимацијата

Со цел успешно креирање и реализација на анимациската програма, како


и успешно функционирање на анимациските програми, неопходно е нивно
планирање. Планирањето е ментална активност која вклучува „работа на биро“
за да се одлучи или одговори на прашањата што, како, кога, каде и кој. Се работи
за поставување и исполнување на целите и подготовка на идниот тек на
дејствување.
Планирањето може да се однесува за пократок временски период (месец,
година, или неколку години) и тие се познати како краткорочни планирања.
Покрај овој вид планирање, постои и среднорочно планирање и долгорочно
планирање.
Со цел постигнување успешност во реализацијата на некоја активност,
истата треба добро да се испланира. Доброто планирање подразбира следење
на одредени чекори. Тие се:
1. Одредување на постоечка состојба на хотелот или туристичката
дестинација од аспект на застапеност и успешност на анимациските
програми;
2. Истражување на окружувањето – расположливоста и ограниченоста на
ресурсите (кадровски, терени, простории, реквизити и опрема,
атрактивности и сл.), конкурентите и сл.;
3. Поставување цели;
4. Предвидување на очекуваната ситуација;
5. Одредување на активности и потребни ресурси;
6. Проценка на предвидените активности;
7. Прегледување и приспособување на планот во функција на
контролирање на променливите услови;
8. Комуницирање во текот на процесот на планирање на анимацијата.
Првата фаза во планирањето е неопходна со цел да се провери
моменталната ситуација. Одредување на постоечката состојба значи да се
утврди дали моменталната анимациска програма ги задоволува потребите и
барањата на клиентите. Оттука, доколку истата е добра, може да се работи на
нејзино подобрување или вметнување нови содржини и одржување на
претходно стекнатото ниво.
Доколку пак, моменталната програма не ги задоволува потребите на
клиентите потребно е нешто да се промени, а тие промени мора да бидат врз
основа на потребите и желбите на клиентите од една страна, како и ресурсите
на претпријатието од друга страна. Доколку не постои никаков тип анимација би
требало веднаш да се започне со нејзино планирање и спроведување.

79
Во втората фаза е опфатено окружувањето и тука акцентот се става на
конкуренцијата. Дополнително, треба да се истражат и сите можности што ги
нуди окружувањето, а би можеле да имаат удел во анимациската програма.
Во наредната, трета фаза се дефинираат целите. Како цели може да се
појават: зголемена вонпансионска потрошувачка благодарение на анимацијата,
воведување на нови анимации, продолжување на туристичка сезона итн.
Предвидување на очекуваните ситуации е фазата во која треба да се
одредат состојбите на крајот од реализираните активности. Предвидувањето
треба да се базира на претходните чекори. Понатаму се одредуваат конкретните
акции коишто ќе се преземат со цел да се реализира програмата и да се
постигнат целите.
Паралелно со одредување на конкретните активности кои се дел од
планот за анимациската програма, се предвидуваат и потребните ресурси за
функционирање на анимациската програма. Вложувањето во ресурсите мора да
се усогласи со зацртаните цели.
Во следната фаза се прави проверка, т.е. се прегледува потенцијалното
одвивање на активностите. Доколку нешто од планираното не може да се
реализира, се пристапува кон приспособување на планот во функција на
контролирање на променливите услови.
За да се спроведе она што се планира, комуникацијата започнува уште со
започнувањето на планирањето. Отсуството на комуникација може да
предизвика голем број проблеми. Во делот на планирањето, правилното
пренесување на информациите е од исклучително значење, па така
комуникацијата е повеќе од потребна.

Прашања за проверка на знаењето


1. Како се поделени активностите што се вклучени во забавните програми?
2. Објаснете за забавните анимациски програми.
3. Кои се основните карактеристики на спортско-рекреативните анимации?
4. Набројте спортско-рекреативни анимациски активности.
5. Набројте кои културно-уметнички содржини би можеле да се издвојат во
делот на анимациите.
6. Набројте ги и објаснете фазите на планирање на анимацијата.
Вежби
1. Испланирајте по една спортско-рекреативна, забавна и културно-уметничка
анимациска активност и спроведете ги.

80
2. Трошоци за реализација на анимациската програма

Во овој дел ќе бидат претставени трошоците што се потребни при


спроведување на анимациската програма. Поконкретно, претставени се
видовите трошоци од самиот процес на планирање, па сè до процесот на
реализација на анимациската програма. Претставени се и начините на кои се
калкулираат трошоците.
2.1. Видови трошоци кои настануваат при планирање и реализација на
анимациската програма

Како и секоја активност, така и креирањето и реализирањето на


анимациските програми е поврзано со трошоци.
Познавањето и управувањето со трошоците исто така е значаен сегмент
во делот на планирање и спроведување на анимациската програма. Оттука,
неопходно е менаџментот да ги познава изворите на прилив, т.е. приходите на
анимација, но и трошоците.
Општата поделба на трошоците важи и тука, а таа е:
- фиксни трошоци и
- варијабилни трошоци.

Дијаграм 9. Поделба на трошоците

Фиксни Варијабилни
трошоци трошоци

За фиксните трошоци карактеристично е дека тие не се менуваат во


зависност од обемот на активноста, а по единица учинок на програм се
намалуваат. На овие трошоци не може да се делува и затоа се нарекуваат
фиксни трошоци, т.е. тие не може да се менуваат, секогаш се исти.
Во групата фиксни трошоци спаѓаат следниве:
- Платите на анимациската организација;
- Трошоците за отпис на ситниот инвентар и реквизити;
- Трошоците за постојана туристичка пропаганда;
81
- Трошоците за изнајмување на простор или опрема;
- Амортизацијата;
- Трошоците за осветлување, загревање, ладење;
- Трошоците за превоз и
- Други трошоци.
Варијабилните трошоци се всушност променливи трошоци и тие се
обратнопропорционални од бројот на посетителите кои учествуваат во
активностите. По гостин, овие трошоци се константни и цената на анимациската
услуга ќе биде врзана со односот меѓу остварената реализација и варијабилните
трошоци. Во интерес на менаџментот е да се вклучат поголем број посетители,
за фиксните трошоци по единица да бидат што помали. Од друга страна,
варијабилните трошоци не се врзани за бројот на извршителите, но имаат силно
влијание врз цената.
Во анимациските програми најчесто се јавуваат следниве варијабилни
трошоци:
- Трошоци за реквизити кои се трошат по посетител;
- Плати на аниматорите ангажирани за изведување на програмите;
- Трошоци за кало, растур и сл., планираните, а сврзани за
анимациските програми;
- Трошоци за декорација;
- Трошоци за стока и специфични сувенири;
- Трошоци за превоз за програмата и
- Други варијабилни трошоци.
2.2. Начини на калкулација на трошоците

За целосно покривање на трошоците и остварување позитивен


финансиски резултат, т.е. профит неопходно е носителите на туристичката
понуда да обезбедат соодветни приходи.

Финансирањето на анимацијата може да биде од различни извори и тоа:


- Од средствата на инвестиционите вложувања;
- Од средствата на туристичката пропаганда;
- Со калкулирање на продажната цена на услугите (ноќевање и други
аранжмани);
- Со директно наплатување при користење на содржините на
анимацијата;
- Други извори (на пример дотации, подароци и слично).

82
За ефикасно управување со трошоците, финансиските експерти
истакнуваат дека најдобар метод е Брејк - Иван - Анализа (Break - Even -
Analysis), т.е. за секоја анимациска програма да се одредува прагот на
рентабилноста. Тоа всушност претставува точката на покривање на трошоците
(точка на прекршување), во која се изедначуваат вкупниот приход и вкупните
трошоци, со што менаџментот добива информации за премин на една програма
од зона на загуба во зона на добивка. Овој метод одредува:
- Минимален број посетители, односно, минимален промет кој треба да
се оствари за да се покријат трошоците;
- Оптимален промет со кој се покриваат сите трошоци на анимацијата;
- Можно е да се одредат вкупните и граничните трошоци;
- Планиран профит, т.е. финансиски резултат.
Од горенаведеното може да се истакне дека менаџментот во анимацијата
треба секогаш да има информации за односот трошоци и приходи, т.е. треба да
ја прати точката на рентабилност, бидејќи само на тој начин може да стане збор
за ефективно и ефикасно реализирање на анимациските програми.

Прашања за проверка на знаењето


1. Како се делат трошоците кои настануваат при планирање и реализирање на
анимациската програма?
2. Објаснете ја разликата помеѓу фиксни и варијабилни трошоци.
3. Кои анимациски трошоци спаѓаат во групата на фиксни трошоци?
4. Кои анимациски трошоци спаѓаат во групата на варијабилни трошоци?
5. Кои можат да бидат изворите на финансирање на анимацијата?
6. Кој е најдобриот метод за ефикасно управување со трошоците?
Вежби
1. Направете краток план за спроведување на една анимациска активност.
Пресметајте ги трошоците што би ги направиле и оддели ги фиксните од
варијабилните трошоци.

83
3. Фактори кои влијаат на анимацијата

Во овој дел ќе стане збор за начините на кои аниматорот бара соодветни


решенија за проблематични ситуации при самото планирање, но и
реализацијата на анимациите во туризмот. Дополнително е објаснета и
мотивацијата на аниматорот со цел да врши својата работа со поголем
ангажман.
3.1. Фактори кои влијаат на планирањето на анимацијата

Може да се претпостави дека програмирањето на анимацијата е


едноставна работа, што иако навидум изгледа така, воопшто не е точно.
Со цел да се изготви квалитетна програма која што лесно може да се
спроведе, треба да се познаваат голем број елементи. Тука пред сè би ги
споменале објективните можности, како што е просторот каде што е лоциран
објектот, неговиот ентериер, инфраструктурата како на објектот така и на
туристичкото место, кадрите, комуникациските врски со околината,
финансиските можности за реализација на програмите, можностите за
кооперација со другите носители на туристичката понуда и слично.
Креаторот на анимациските програми исто така треба да ги запознае
потребите и склоностите на посетителите, во поглед на тоа со кои активности
сакаат да се занимаваат за време на нивниот престој во туристичкото место. За
таа цел неопходно е да се изврши маркетинг истражување на туристичкиот
пазар. Само на таков начин може да се креираат соодветни анимациски
програми, кои ќе се засновани на желбите на потенцијалните посетители.
Ваквите програми секако дека треба да бидат составен дел од промотивните
материјали со цел привлекување што поголем број посетители.
Во поглед на факторите кои влијаат врз креирање на анимацијата за
посетителите доминантни се:
- простор,
- време,
- стручните кадри и
- приспособување на програмите кон карактеристиките, потребите и
менталитетот на посетителите.

84
Дијаграм 10. Факторите кои влијаат врз креирање на анимацијата

простор стручните кадри

време приспособување на програмите


кон карактеристиките, потребите
и менталитетот на посетителите.

3.2. Простор, време и работен кадар како фактори на анимацијата

Просторот и времето мора да бидат планирани бидејќи доколку сето тоа


спонтано се одлучува веднаш настануваат проблеми и незадоволни клиенти.
Предуслов за да се планира одредена анимациска активност е токму
расположливоста на потребен простор на кој истата ќе се спроведува. Не може
да се планира простор за одредена активност доколку истиот не постои или не
е достапен, а во никој случај не смее да се импровизира. Не може да се
реализира детска анимациска програма, доколку не постои соодветен простор
за изведување на истата.
Што се однесува до просторните услови, при планирање на анимациските
програми треба да се имаат во предвид следните фактори:

• Географските услови – ова се однесува на географската положба, поточно


туристичко - географската положба.
• Климатските услови – голем дел од анимациските активности се одвиваат
под отворено небо и тоа во текот на летниот период. Сезонскиот карактер
на анимациите е доста забележлив и затоа ова мора да се има во предвид
при нивното планирање. Пешачењето повеќе би била активност за во
пролет и есен отколку зима и лето.
• Локација на објектот – ова е од огромно значење пред сè за самиот
угостителски објект, но и за самото креирање на анимациската програма.
Доколку некој објект се наоѓа во центар или во близина на некои
туристички атракции, анимациската програма можеби нема да биде толку
интересна за гостите, колку што би била во објект кој е лоциран подалеку
од центарот или туристичките атракции.
• Урбанистички, архитектонски решенија и амбиенталност – земањето во
предвид на овие фактори при планирањето на програмата придонесува
за почитување на културно-историското и современото архитектонско
богатство. Реализацијата на некоја анимациска активност на таков
простор, би „разбудила“ позитивни чувства кај клиентите.

85
• Слободни простори во природата – овие слободни и достапни простори
можат да се планираат за разновидни анимациски активности од секаков
тип.
• Изградени простори – тука станува збор за сите простори кои се изградени
како што се затворени терени за спортски активности, затворени базени,
бањи, сауни, фитнес центри итн.
• Внатрешно уредување – кое треба да биде во согласност со типот на
анимациската програма, амбиентално, со соодветен распоред и
уникатност.
Времето исто така има голема улога во текот на планирањето. Неопходно
е навремено да се предвиди потребното време за одредена активност и истото
да се почитува од страна на сите учесници. Секое доцнење може да предизвика
непланирани и несакани последици.
Работниот кадар е прашање на кое треба да му се посвети поголемо
внимание. Аниматорите се тие кои ја реализираат активноста и се во директен
контакт со гостите, така што нивниот избор и планирање мора да бидат
соодветни.
Две грешки се јавуваат во поглед на креирањето на анимацијата:
- планирање повеќе содржини отколку што се постојните кадри за нивно
успешно спроведување,
- креирање по критериумот на целосна искористеност на кадрите,
наместо критериумот на соодветност на програмите во однос на
можностите на просторот и посетителите.
Од просторите во кои програмите се реализираат, од обемот на
планираните програми, од меѓусебната оддалеченост на објектите во кои делува
ист аниматор и слично, зависи бројот на специјализацијата на потребните кадри
- аниматори. Значи, за да може успешно да се креира и осмисли анимацијата,
неопходни се стручни кадри.
Во развиените туристички земји постојат кадри кои се стручно оспособени
задолжени за креирање на содржините на анимацијата, како и кадри аниматори
кои ги спроведуваат програмите.
Во земјите каде што туризмот не е на високо ниво на развиеност, како што
е и нашата земја, неопходно е да се преземат конкретни мерки за оспособување
стручни кадри - аниматори, кои и ќе планираат и ќе ги реализираат анимациски
програми. Поголемите туристичко - угостителските претпријатија би требало да
имаат минимум двајца аниматори, кои покрај стручното образование, треба да
имаат познавања на странски јазици (минимум два светски јазици) и што е доста
важно, да имаат и желба за работа со гости.

86
За успешно вклопување во пазарната економија, неопходно е постојано
следење на желбите, интересите и склоностите на посетителите и
потенцијалните посетители во современите туристички текови. Во тој контекст,
никако не смее да се заборави дека еден од објективните фактори за брз
туристички развој и за поголема конкурентност на домашниот и меѓународниот
туристички пазар, покрај другите е и анимацијата.
3.3. Посебни настани како дел од понудата на современата туристичка
анимација

Настаните отсекогаш биле дел од животот на луѓето во најразлични


облици. Почнувајќи од одбележување на некоја домашна прослава, преку
спроведување на религиозни ритуали, значајни датуми за заедниците и
различните општествени групи, па сѐ до фестивали, изложби, саеми, натпревари
итн., кои што се отсликување на посовремените форми на настани. Настаните
честопати се долга традиција којашто се негува со години.
Настанот е искуство, внимателно креирано за да пренесе одредено
влијание врз присутните.
Настаните се појави кои ги има на многу туристички места. Во нив покрај
локалното население можат да се вклучат и туристите. Културно-забавниот
елемент што го имаат настаните може да придонесе за негово вметнување и во
анимациската понуда во дадени туристички дестинации или пак, во објектите од
одредена дестинација.
Туризмот за настани и фестивали е една од најбрзо растечките форми на
туризам. Фестивалите и специјалните настани играат важна улога во развојот на
дестинацијата, креираат имиџ на дестинацијата, анимираат и се предизвикувачи
на други случувања.
Како примери на посебни настани кои би можеле да имаат анимациски
вредности се следниве:

• Фестивалот Охридско лето кој е една од најзначајните


манифестациски вредности во нашата земја. Учесниците се реномирани
музички уметници и артисти од целиот свет. Се состои од повеќе концерти
и театарските претстави кои се одржуваат во Св. Софија, Долни Сарај,
Плаошник, Амфитеатарот, Самоиловите тврдини, во домот на културата
„Григор Прличев“. Отворањето и затворањето на оваа манифестација е
проследено со богат огномет и голема посетеност. Најспектакуларно е тоа
што оваа манифестација се изведува во амбиенталните простори на
спомениците на културата, за да се означи комплетно доживување.
• Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци - Овој настан се организира во
чест на успешното винарство во Тиквешијата. Имено, станува збор за
настан со кој се означува сезоната на гроздобер. На овој настан винарии
87
и угостителски објекти имаат свои штандови во централното градско
подрачје, а програмата се состои од голем број активности на различни
локации во градот меѓу кои: натпревари на коктели од вино, трка на
келнери, презентација и дегустација на вина, уметнички работилници,
спортски натпревари, музички концерти, изложби на возила, цртање
графити, мото рели, детска програма, традиционална берба на грозје,
карневалско дефиле итн.
• Штипска пастрамајлијада – голем број угостители ги нудат своите
производи (пастрмајлии) придружени со пијалаци. Манифестацијата е
придружена со голем музички перформанс и истата привлекува голем број
посетители од земјата и странство.
• Струшките вечери на поезијата во Струга,
• Скопското културно лето,
• Керамичката колонија во Ресен и други.
Широки познавања на областа на културата му овозможуваат на
аниматорот да стекне сознанија дека таа всушност претставува еден од
најзначајните фактори за успешна интеракција со посетителите. Основна
функција на анимацијата во тој случај е воспоставување на саканиот контакт со
акцент на културно - забавната содржина, но истовремено и поттикнување на
одредена потрошувачка. Покрај збогатувањето на содржината на туристичкиот
престој и директната потрошувачка, анимацијата на оваа поле има и
понагласено промотивно значење, бидејќи задоволниот гостин е и пропагатор
на туристичката понуда. Остварените контакти не траат само за време на
културно - забавната анимација, туку повеќето од нив продолжуваат и по
завршувањето на туристичкиот престој.
Прашања за проверка на знаењето
1. Набројте ги факторите кои влијаат на планирањето на анимацијата.
2. Објаснете ги просторот и времето како фактори кои влијаат на планирањето
на анимацијата.
3. Објаснете го работниот кадар како фактор кој влијае на планирањето на
анимацијата.
5. Објаснете зошто настаните се битни за понудата на современата туристичка
анимација.
6. Набројте значајни настани од С. Македонија кои можат да бидат дел од
анимациска програма.
Вежби
1. Составете анимациска програма во која ќе имаш по 2 активности по ден за
рок од 3 дена. Образложете го потребниот простор и колку тој ќе влијае на
анимациите, времето и работниот кадар.

88
4. Методи и техники за вреднување на анимацијата

Во овој дел ќе стане збор за методите и техниките кои може да се користат


со цел да се вреднува анимацијата. Ќе бидат спомнати различни инструменти
за вреднување, како и директните и индиректните ефекти од анимацијата.
4.1. Директни и индиректни ефекти на анимацијата

Директните ефекти уште се нарекуваат економски ефекти. Тие можат да


бидат непосредни и посредни. Непосредни ефекти се такви ефекти кои се
искажуваат во паричен износ, т.е. како финансиски резултат. Треба да се
истакне дека секоја активност што се презема, треба да биде финансиски
исплатлива, бидејќи во спротивно истата нема да биде реализирана. Па, така,
при планирањето на анимациската програма треба да се води сметка да истата
биде профитабилна.
Ефектите коишто можат директно да се видат од анимацијата се:
- Приходи од продажба на влезници од анимациски активности, без
разлика дали станува збор за спортско-рекреативни, културни или
забавни програми, школи, курсеви;
- Приходи од давање угостителски и други услуги.
Покрај непосредните економски ефекти, често пати може да се остварат
и посредни ефекти. Во тој контекст може да се споменат следниве:
- Анимациски активности кои се бесплатни, а чија што цел е
придобивање посетители за некоја идна содржина која ќе допринесе
за непосредни економски ефекти и
- Анимациски активности кои не се наплатуваат, но финансиските
ефекти се очекуваат преку продажба на други услуги.
Една од целите на туристичката понуда е задоволување на желбите,
интересите и потребите на посетителите. Остварувањето на поставената цел е
од особено значење поради фактот што туристот ја донел одлуката да ги
задоволи своите потреби токму во таа туристичка дестинација. Токму ова е
поврзано со индиректните ефекти на анимацијата. Основна карактеристика на
овие ефекти е тоа што се економски немерливи, но се резултат на успешна
организација и професионално креирана анимациска програма која го зголемува
задоволството на посетителите и директно делува на:
- Мотивацијата на посетителите при селектирањето на туристичката
дестинација;
- Повторно доаѓање на посетителите во туристичкото место;
- Доаѓање на нови гости;
- Продолжување на туристичката сезона;
- Подобра пополнетост на капацитетите и по главната сезона;
89
- Подобра пополнетост на туристичките содржини, промена на
структурата на посетителите и туристичката потрошувачка итн.
Овие ефекти се многу значајни, бидејќи задоволниот гостин, со сигурност
ќе користи и други услуги, ќе планира повторно доаѓање во објектот,
туристичкото место и туристичката земја, а најважно е што гостинот ќе врши
позитивна лична туристичка пропаганда. Во спротивно и ефектите од
анимацијата во дестинацијата/објектот со сигурност ќе бидат негативни.
4.2. Основни методи и техники на вреднување на анимацијата

Вреднувањето на реализираната анимацијата се врши со користење


соодветни методи и техники. Како методи кои можат да се користат во процесот
на вреднување на анимацијата се:

• Метод на набљудување
• Метод на испитување
Метод на набљудување. Во групата општи методи за прибирање и
селектирање на податоци, спаѓа и методот на набљудување. Овој метод треба
да се разликува од спонтаното или случајното набљудување, кое се применува
без примарно одредена цел и план. Покрај целта на набљудувањето треба да
се: одреди целната група; да се направи поделба на појавата доколку е потребно
да се набљудуваат некои одделни делови или пак, цела; да се увидат факторите
кои влијаат на таа појава; набљудувачот да се придржува до објективизмот;
правилно да се толкува она што се набљудува; да се изведат заклучоци и да се
добие краен заклучок од набљудувањето.
Систематско набљудување бара однапред да се одреди целта и
предметот на истражувањето и да се креира адекватен план на истражувањето.
Кога набљудува одредена појава или процес, човекот не може одеднаш да ги
зафати сите значајни сегменти. За таа цел, потребно е набљудувањето на
појавата да се изврши повеќе пати. Во функција на што пообјективно откривање
и запознавање на појавите и процесите, набљудувачот не треба веднаш истите
да ги толкува, туку да ги регистрира такви какви што се, а по набљудувањето
истите да ги толкува. Според ова, набљудувањето без користење технички
помагала во процесот сè почесто заминува во историјата.
Во денешни услови, со цел да се олесни бележењето на податоците, се
применуваат следниве технички помагала: фотоапарати, камери, магнетофони
и друго. На ова се надоврзува визуелниот метод или визуелизацијата. Методот
на набљудување во анимациите се користи за да се вреднува самата
анимациска програма и тоа во делот на контрола на нејзината реализација.

90
Во методот на испитување може да се користат повеќе техники кои
даваат податоци во врска со испитуваната појава. Во методи на испитување
може спаѓаат:

• Техника на анкетирање
• Техника на интервјуирање
Анкетата претставува техника на прибирање податоци со испитување
во кое нема креативност, самостојна работа на испитувачот и испитаникот, туку
нивната активност строго е водена од инструмент, т.е. упатство, содржина и
форма на анкетен прашалник. Анкетите може да се класифицираат на повеќе
начини според различни критериуми. Од научна гледна точка постојат два
критериума што ги користевме и при класификацијата на интервјуто, а кои се
важни и тука. Тоа се: работата на анкетарот и карактеристиките на инструментот,
т.е. анкетниот прашалник. Според критериумот работа на анкетарот, анкетите
може да се поделат на усни и писмени.
Кога зборуваме за туристичката анимација, анкетата е едно од
најзастапените техники на истражувањето. Преку анкетите лесно може да се
дојде до податоците што се поврзани со задоволството на клиентите од
туристичката анимација, но и од хотелиерите и туристичките работници за
начинот на кој ја организираат истата. Оваа техника може да придонесе за
посеопфатно истражување, иако бара многу време и финансиски средства.
Прашањата кои се користат во прашалниците може да бидат различни.
Се користат затворени прашања во кои ќе бидат понудени одговори од кои
испитаникот ќе треба да избере еден или повеќе. Може да има прашања со скали
од кои ќе се одбере една вредност. Постојат и отворени прашања во кои самите
испитаници можат да си напишат свое мислење. На крај, може да има и
комбинација од отворено и затворено прашање, во кое ќе се дообјасни
избраниот одговор.
Интервју. Инструментот на интервјуто е „основата за разговор“ која во
практиката уште се нарекува и „потсетник за разговор“. Интервјуто е попродорно,
овозможува поголемо ниво на сознание и поголем степен на вистинитост,
отколку што е можно тоа со анкетата.
Интервјуто или научниот разговор претставува техника на прибирање на
податоци со испитување по пат на непосредно усно и лично општење меѓу
истражувачот и испитаникот. Може да се каже дека дадената дефиниција го
стеснува поимот интервју бидејќи го исклучува писменото општење. Во
зависност од учесниците се разликуваат индивидуално, групно и колективно
интервју. Во зависност од начинот на кој се води може да биде структурирано,
полу структурирано и неструктурирано интервју. Карактеристично за интервјуто
е дека оној кој го врши интервјуто може да ги следи и невербалните експресии
на лицето кое го интервјуира.
91
Во туристичката анимација оваа техника се употребува за собирање
податоци коишто имаат суштинско значење од причина што најчесто
информациите доаѓаат од „прва рака“ и подоцна се обработуваат (слично е и со
останатите техники на собирање податоци). Со оваа техника може да се
интервјуираат гости, вработени во анимацискиот сектор, вработени во другите
сектори, потенцијални идни гости, менаџери итн. Во зависност од конкретниот
проблем што се истражува може да се дојде до различни податоци.

Прашања за проверка на знаењето


1. На што се однесуваат директните ефекти на анимацијата?
2. Кои се директните ефекти (посредни и непосредни) од анимацијата?
3. Наведете ги индиректните ефекти од анимацијата.
4. Набројте ги основните методи за вреднување на анимацијата.
5. Објаснете го методот на набљудување.
6. Објаснете ја техниката на анкетирање.
7. Објаснете ја техниката на интервјуирање.
Вежби
1. Составете анкетен прашалник со кој би го испитале задоволството на
клиенти од анимациски активности кои вие ги спроведувате.

5. Евалуација на анимацијата

Во овој дел ќе стане збор за вреднување на анимацијата и тоа од аспект


на вреднување на работните активности во сите фази на анимацијата. Исто така
наведени се и начините на вреднување на успешноста на работењето на сите
учесници во анимацијата.
5.1. Вреднување на работните активности во сите фази на анимацијата

Иако анимацијата се спроведува со цел да се задоволат желбите на


гостите, сепак друга многу важна цел на анимацијата е преку нејзино
реализирање да се остварат позитивни економски резултати.
Всушност, организаторите на анимацијата (хотели, забавни или тематски
паркови, туристички дестинации и др.) преку нејзино реализирање остваруваат
дополнителни приходи кои учествуваат во вкупните приходи од нивното
работење. Затоа е потребно менаџментот постојано да ги следи сите фази и
нивоа на реализирање на анимацискиот процес за да ги има во предвид
трошоците (фиксни и варијабилни) поврзани со овој процес.

92
Вреднувањето на успешноста на работните активности на крајот се гледа
преку финансиските состојби на програмата. Првично, се проценува дали
спроведувањето на програмата е исплатливо и дали вреди да се реализира
анимациската програма од финансиски аспект.
Врз основа на ова вреднување понатаму може да се донесат клучни
одлуки за анимациите како: дали ќе продолжат со таа програма, дали ќе
додаваат нешто ново, дали ќе менуваат, дали ќе се продолжи соработката со
дотогашните соработници, дали има потреба од дополнителни соработници и
ангажмани, дали трошоците ќе се намалат итн.
Всушност, преку оценување на прагот на рентабилноста од спроведување
на анимациската програма (врз основа на споредување на односот помеѓу
трошоците, приходите и резултатите), менаџментот може да ја процени
успешноста на анимацијата и врз нејзина основа да одлучи што ќе преземе
понатаму. При утврдување на успешноста на анимацијата, не занемарувајќи ги
фиксните, сепак посебно внимание треба да се обрати на структурата и
висината на варијабилните трошоци.
5.2. Начин на вреднување на успешноста на работењето на сите учесници
во анимацијата

Покрај финансиските показатели за успешноста на анимациската


програма, вреднувањето на успешноста на работењето на сите учесници во
туристичката анимација може да биде направено на два основни начини:
испитување на мислењето на персоналот задолжен за анимациската програма
и испитување на клиентите кои се учесници во анимацијата.

Испитување на мислењето на персоналот кој е задолжен за


организација и реализација на анимациската програма се состои од комбинација
на методи како испитување и набљудување. Испитувањето се спроведува од
страна на вработените кои учествуваат во реализација на анимациската
програма, односно преку контактите што персоналот ги има со клиентите. Преку
неформални интервјуа и разговор, персоналот може да добие информации за
нивото на задоволство кај клиентите за понудените анимации. Добиените
информации претставуваат основа за оценка колку анимациската програма
била успешна. Овие сознанија, персоналот ги споделува со менаџерот на
анимацијата преку формални или неформални интервјуа, како и преку
пополнување на анкета.

За време на одржувањето на анимациските програми, покрај методот на


испитување на учесниците, персоналот може да собере податоци и со помош на
методот на набљудување. Анализата на задоволството на клиентите се прави
преку набљудување на нивните реакции при учество во анимациските програми.
Преку информациите добиени од истражувањето и искуството на персоналот,
93
истиот може да создаде ставови кон одредена услуга или производ кои се
наоѓаат во понудата на анимациската програма. Од аспект на менаџерот за
анимации, добиените информации од спроведеното испитување служат за
зголемување на нивото на услужување во иднина, коригирање и збогатување на
анимациската програма.

Испитување на клиентите кои се учесници во анимацијата е најважниот


начин за вреднување на успешноста на работењето на сите учесници во
туристичката анимација. Испитување на клиентите може да се направи преку
анализа на коментарите на социјалните медиуми, набљудување, интервјуирање
и анкетирање.

Во денешно време се почесто се прави анализа на коментарите и


прегледите на учесниците во анимацијата на социјалните мрежи на интернет
како „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“, разни блог страни и „You tube“ канали.
Покрај тоа, набљудувањето, интервјуирањето и анкетирањето на учесниците во
анимацијата допринесуваат за собирање на податоци за мислењето на
клиентите и нивните потреби кои одат во прилог на подобрување на
анимациската програма и активности.
Со помош на методот на набљудување на гостите при одвивање на
анимациската програма, на менаџерот на анимацијата му се овозможува да
открие некои специфични, но и важни моменти во однесувањето на гостите.
Покрај методот на набљудување, се употребува и методот на испитување. Во
оваа смисла, наједноставен и најмалку службен начин за собирање на податоци
се комуникацијата на менаџерот на анимацијата со гостите. При тоа, треба да се
знае дека ваквите истражувања не даваат прецизни информации, туку само
укажуваат на некои глобални тенденции.
Кога се потребни поточни податоци, менаџерот за анимација треба да
одреди начин на кој ќе се собираат потребните податоци. Најдобар начин за
собирање на податоци е со помош на анкетен прашалник. Анкетниот прашалник
треба да биде сконцентриран на најважните аспекти на анимациската програма
и со својата должина не треба да претставува причина гостинот делумно да го
пополни или да не го пополни. Анкетниот прашалник не треба да одзема многу
време за пополнување од страна на учесникот во анимацијата. Овие испитувања
обично се спроведуваат на различни групи туристи (возраст, социјален статус и
сл.), во подолг временски период (сезона). Се препорачува примерок на гости
кои ќе бидат анкетирани да биде со големина од 80-100 учесници во анимациска
програма, како би се добиле поточни информации од испитувањето.

94
Пример за образец за испитување на задоволство на клиентите од
учество во анимациска програма

Клиент (пол, возраст, занимање):


Датум на спроведување на анимациската програма:
Вид на настан:
За да ни помогнете да Ви обезбедиме што е можно подобра услуга во иднина,
Ве молиме да го наведете Вашето мислење за следниве активности поврзани
со анимациската програма.
Локација:
Дали беше соодветно достапна и уредена за анимациската програма:
Дали беше чисто и привлечно:
Услуги:
Содржина на анимациска програма:
Времетраење на анимациска програма:
Вклучување на гостите во анимациска програма:
Театралност и комуникативност на аниматорите:
Љубезност на аниматорите:
Аудио-визуелна опрема:
Забава-музика:
Реквизити и костуми:
Сооднос цена-квалитет:
Коментари:
Во благодариме на вашите коментари и сугестии кои ќе ни помогнат во иднина
подобро да ги исполниме вашите очекувања.

Прашања за проверка на знаењето


1. Објаснете го вреднувањето на работните активности во сите фази на
анимацијата.
2. Објаснете го начинот на вреднување на успешноста на работењето на сите
учесници во анимацијата.
Вежби
1. Подгответе прашања за интервју за испитување на мислењето на
персоналот задолжен за организација и реализација на анимациската
програма.
2. Составете анкетен прашалник за задоволство на клиентите од понудената
анимациска програма.

95
РЕЗИМЕ

Широкиот избор на активности кои можат да се вклучат во


анимациските програми дава можности за нивна разновидност. Потребата
туристите да се релаксираат, да го исполнат своето слободно време
придонесува кон појавата на анимациите. Но, природата на активностите со
кои ќе се задоволат тие потреби се доста значајни и да се совпаѓаат со
интересите на нашите гости.

Постојат три типа на анимациски програми и тоа:


- забавни
- спортско-рекреативни и
- културни анимациски програми
Активностите што се вклучени во забавните програми се поделени во
три основни групи:
- забавни програми во потесна смисла
- забавни игри и други програми
- музички програми

Спортско-рекреативните активности заземаат голем дел од


активностите на туристите во слободното време во текот на нивниот престој.
Игрите и комуникацијата се најбитните елементи што се провлекуваат низ
спортско – рекреативните активности. Дополнително, може да се спомене и
здравствениот аспект на овие активности со што придонесуваат за
подобрување на општата психофизичка состојба кај учесниците.

Иако спортско-рекреативните и забавните анимациски програми се


мошне популарни и прифатени од туристите, не заостануваат ни
културните анимациски програми. Културните содржини, како составен
елемент на анимациските програми, треба да имаат содржина која ќе биде
прифатлива, интересна и актуелна за пошироката туристичка публика. Она
што им се нуди на гостите мора во себе да носи елементи на култура,
уметност, историско наследство, градежно наследство и етнографија на
начин кој ќе соодветствува на културното ниво на просечниот гостин различно
потекло.

Со цел успешно да се креира и спроведе анимациската програма и да


се обезбеди успешно функционирање на анимациите меѓу првите
менаџерски чекори е планирањето. Планирањето е ментална активност,
која вклучува „работа на биро“ за да се одлучи или одговори на прашањата

96
што, како, кога, каде и кој. Се работи за поставување и исполнување на
целите и подготовка на идниот тек на дејствување.

За да се направи добро планирање потребно е да се следат одредени


чекори. Тие се:
1. одредување на постоечка состојба на хотелот или туристичката
дестинација од аспект на застапеност и успешност на анимациските
програми;
2. истражување на окружувањето – расположливоста и ограниченоста на
ресурсите (кадровски, терени, простории, реквизити и опрема,
атрактивности и сл.), конкурентите и сл.;
3. поставување цели;
4. предвидување на очекуваната ситуација;
5. одредување на активности и потребни ресурси;
6. проценка на предвидените активности;
7. прегледување и приспособување на планот во функција на
контролирање на променливите услови;
8. комуницирање во текот на процесот на планирање на анимацијата

Како и секоја активност, така и креирањето и реализирањето на


анимациските програми е врзано со трошоци. Познавањето и управувањето
со трошоците е исто така значаен сегмент во делот на планирање и
спроведување на анимациската програма. Оттука, неопходно е менаџментот
да ги познава изворите на прилив, т.е. приходите на анимација, но и
трошоците. Општата поделба на трошоците важи и тука, а таа е:
- фиксни трошоци и
- варијабилни трошоци

За фиксните трошоци е карактеристично дека тие не се менуваат во


зависност од обемот на активноста, а по единица учинок на програм се
смалуваат. На овие трошоци не може да се делува затоа и се нарекуваат
фиксни трошоци, т.е. тие не може да се менуваат, секогаш се исти.

Варијабилните трошоци се всушност променливи трошоци и тие се


обратнопропорционално од бројот на посетителите кои учествуваат во
активностите. По гостин овие трошоци се константни и цената на
анимациската услуга ќе биде врзана со односот меѓу остварената
реализација и варијабилните трошоци. Во интерес на менаџментот е да се
вклучат поголем број посетители, за фиксните трошоци по единица да бидат
што помали, додека варијабилните трошоци не се врзани за бројот на
извршителите но имаат силно влијание врз цената.

97
За целосно покривање на трошоците и остварување позитивен
финансиски резултат т.е. профит, неопходно е носителите на туристичката
понуда да обезбедат соодветни приходи. За ефикасно управување со
трошоците, финансиските експерти истакнуваат дека најдобар метод е Брејк
- Иван - Анализа (Break - Even - Analysis), т.е. за секоја анимациска програма
да се одредува прагот на рентабилноста. Тоа е всушност точката на
покривање на трошоците (точка на прекршување), во која се изедначуваат
вкупниот приход и вкупните трошоци, со што менаџментот добива
информации за премин на една програма од зона на загуба во зона на
добивка.

Во поглед на факторите кои влијаат врз програмирањето на


анимацијата на посетителите доминантни се:
- просторот,
- време
- стручните кадри и
- приспособување на програмите кон карактеристиките, потребите и
менталитетот на посетителите

Просторот и времето мораат да бидат планирани бидејќи доколку сето


тоа спонтано се одлучува веднаш настануваат проблеми и незадоволни
клиенти. Предуслов за да се планира одредена анимациска активност е токму
расположливоста на потребен простор на кој ќе се спроведува активноста. Не
може да се планира простор за одредена активност доколку истиот не е
обезбеден, а во никој случај да се импровизира. Не може да се реализира
детска анимациска програма, ако не постои соодветен простор за
изведување на детска анимација.

Работниот кадар е прашање на кое треба да му се посвети поголемо


внимание. Аниматорите се тие кои ја реализираат активноста и се во
директен контакт со гостите, така што нивниот избор и планирање мора да
бидат соодветни.

Настаните отсекогаш биле дел од животот на луѓето во најразлични


облици. Почнувајќи од одбележување на некоја домашна прослава, преку
спроведување на религиозни ритуали, значајни датуми за заедниците и
различните општествени групи, па сѐ до фестивали, изложби, саеми,
натпревари итн., кои што се отсликување на посовремените форми на
настани. Настаните честопати се долга традиција којашто се негува со
години. Настанот е искуство, внимателно креирано за да пренесе одредено
влијание врз присутните. Настаните се појави кои ги има на многу туристички
места. Во нив покрај локалното население можат да се вклучат и туристите.

98
Културно-забавниот елемент што го имаат настаните може да придонесе за
негово вметнување и во анимациската понуда во дадени туристички
дестинации или пак во објектите од одредена дестинација

Директните ефекти можат да бидат непосредни и посредни.


Непосредни ефекти се такви ефекти кои се искажуваат во паричен износ, т.е.
како финансиски резултат. Треба да се истакне дека секоја активност што се
презема, треба да биде финансиски исплатлива, бидејќи во спротивно истата
нема да биде реализирана. Па, така, при планирањето на анимациската
програма треба да се води сметка да истата биде профитабилна. Ефектите
коишто можат директно да се видат од анимацијата би биле: приходи од
продажба на влезници од анимациски активности, без разлика дали станува
збор за спортско-рекреативни, културни или забавни програми, школи,
курсеви и приходи од давање на угостителски и други услуги.

Покрај непосредните економски ефекти, често пати можат да се


остваруваат и посредни ефекти. Во тој контекст можат да се споменат
следниве:
- Анимациски активности кои се бесплатни, а чија што цел е
придобивање посетители за некоја идна содржина која ќе
допринесе за непосредни економски ефекти и
- Анимациски активности кои не се наплатуваат, но финансиските
ефекти се очекуваат со наплатување на другите услуги.

Основна карактеристика на индиректните ефекти на анимацијата е тоа


што се економски немерливи, но се резултат на успешна организација и
професионално креирана анимациска програма која го зголемува
задоволството на посетителите и директно делува на:
- Мотивацијата на посетителите при селектирањето на туристичката
дестинација;
- Повторно доаѓање на посетителите во туристичкото место;
- Доаѓање на нови гости;
- Продолжување на туристичката сезона;
- Подобра пополнетост на капацитетите и по главната сезона и
- Подобра пополнетост на туристичките содржини, промена на
структурата на посетителите и туристичката потрошувачка.

Со цел да се вреднува анимацијата која се спроведувала потребно е


да се користат соодветни методи и техники. Како методи кои можат да се
искористат во процесот на вреднување на анимацијата се:
- Метод на набљудување
- Метод на испитување

99
Во методот на испитување може да се користат повеќе техники кои
даваат податоци во врска со испитуваната појава. Во методи на испитување
може да се сместат:
- Техника на анкетирање
- Техника на интервјуирање

Иако анимацијата се спроведува со цел да се задоволат желбите на


гостите, сепак друга многу важна цел на анимацијата е преку нејзино
реализирање да се остварат позитивни економски резултати.

Всушност, организаторите на анимацијата (хотели, забавни или


тематски паркови, туристички дестинации и др.) преку нејзино реализирање
остваруваат дополнителни приходи кои учествуваат во вкупните приходи од
нивното работеле. Затоа е потребно менаџментот постојано да ги следи сите
фази и нивоа на реализирање на анимацискиот процес за да ги имаат во
предвид трошоците (фиксни и варијабилни) поврзани со овој процес.

Вреднувањето на успешноста на работните активности на крајот се


гледа преку финансиските состојби на програмата. Првично, се проценува
дали спроведувањето на програмата е исплатливо и дали вреди да се
реализира анимациската програма од финансиски аспект.

100
Користена литература

1. Aissamou, A.S. (2016). Historia de la animacion turistica


2. Andres, I., Gil, I., Gruñeiro, J., Kruissen, J. (2012). Acttiv, España
3. Andrijašević, M. et al. (1999). Animacija u hotelijersko-turističkoj ponudi, HUHR,
Opatija
4. Bošković, M. (2015). Značaj animacije u turizmu. Fakultet za mediteranske
poslovne studije, Tivat, 28
5. Bošković, M. (2015). Značaj animacije u turizmu. Fakultet za mediteranske
poslovne studije, Tivat
6. Peršić, M., (1990), Elementi za ekonomsku valorizaciju ostvarenih rezultata
animacije u turizmu. Animator, Bilten UAT br. 1, Opatija
7. Rakvin, R. (1983). Sociološki aspekti turističke kulture, Istarska naklada
8. Stamenković, I., Blešić, I., Pivac, T., Džigurski. I., A. (2015). Turizam, Volume 19,
Issue 4, Novi Sad,147
9. Turistički animatori bjelovarsko-bilogorske županije (2012). Animacija i
organizacija slobodnog vremena. Turistička zajednica bjelovarsko-bilogorske
županije, Hrvatska, 5
10. Vukonic, B. (1993). Turističke agencije, Školska Knjiga, Zagreb
11. Ильина Е.Н. (2005). Туроперейтинг организация деятельности. Российская
международная академия туризма, Москва
12. Instituto Nacional de las Cualificaciones (2012). Cualificación profesional:
Animación turística. Instituto Nacional de las Cualificaciones, España, 2
13. Василевска, И. (1998). Забавните паркови како туристичка понуда, Зборник
на трудови, ФТУ – Охрид
14. Јаковлев, З. (2015). Анимација во туризмот – теорија и практика. Универзитет
„Гоце Делчев“ – Штип, Факултет за туризам и бизнис-логистика, Гевгелија
15. Мариноски, Н. (2000). Туристички агенции, Институт за истражување на
туризмот, ФТУ, Охрид
16. Мицевски, М. (2019). Анимации во туризмот: хотелска анимација - примери и
практики, Туристика, Скопје
17. Нестороска, И. (2005). Анимации во туризмот. Универзитет „Св. Климент
Охридски“ – Битола, Факултет за туризам и угостителство, Охрид
101
18. Официјална веб-страница на хотел Club La Santa. Преземено на 1 август
2021 од https://www.clublasanta.com/es/deportes-y-ejercicio/actividades
19. Официјална веб-страница на хотел Sand Beach Active. Преземено на 1 август
2021 од
http://sandsbeachactive.com/sports/ http://www.arhoteles.com/es/actividades
20. Службен весник на Република Македонија (2002). Службен весник на
Република Македонија број 16, година LVIII
21. Центар за стручно образование и обука (2017). Стандарди на занимања.
Туристички аниматор. Преземено на 10 јули 2021 година од
http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Ugost/turanim.pdf
22. Цицковски, А., (1987), Промотивни активности во хотелиерството,
угостителството и туризмот. Универзитет во Битола, Факултет за туризам и
угостителство - Охрид, Битола, 198
23. Чочороски, Т. (2021). Гастрономската анимација во македонскиот туризам
(докторска дисертација). Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола,
Факултет за туризам и угостителство, Охрид

102

You might also like