You are on page 1of 14

Кариерни

можности
Бизнис и претприемништво за
IV година средно
Суштина на кариерата

1. Поимот кариера претставува пат или делови од


патот кој личноста ги минува во својот живот, со
цел да ги претстави своите знаења и вештини.
• Кариерата е израз на вредностите и на постапките
на личноста и значи реализација на нечии работни,
животни и морални амбиции.
Суштина на кариерата

• Етичката димензија на личноста е особено значајна за


кариерата.
• На пример, трудењето, настојчивоста и издржливоста
претставуваат етички белези од кои зависи кариерата и
кариерниот развој на една личност.
• Истото се однесува и за настојувањето да се стекне
знаење, да се усовршува знаењето, да се развиваат
вештините, да се искажува наученото како и постојано да
се учи и да се напредува во професионална смисла.
Суштина на кариерата

• Многу важна етичка страна на кариерата е и деловниот


дух на поединецот во смисла:
- иновативност,
- штедливост,
- добра и постојана заработувачка и поседување добар
вредносен систем за животот и за односите со луѓето.
Учењето во функција на
кариерниот развој

• Учењето, намерно или случајно, го следи човекот низ


целиот негов живот и е основно барање во сите култури
и возрасти.
• Учењето им помага на луѓето да се приспособуваат кон
нови ситуации и барања, да ги средуваат искуствата, да
ги интерпретираат резултатите и да ги избегнуваат
поранешните грешки и талкања.
Учењето во функција на
кариерниот развој

• Врз континуираното стекнување знаења и вештини, односно врз


потребата од доживотно учење влијаат повеќе фактори:
- општествените потреби,
- поребите на пазарот на работна сила,
- успешното, квалитетно и вешто завршување на работните
задачи,
- нивото на аспирација и самодоверба,
- запознавањето и користењето на различни стилови на учење,
- ресурсите кои се на располагање.
Учењето во функција на
кариерниот развој
• Промените во работниот свет ги притискаат вработените во
сите струки за постојано дообразување. Но, не секогаш
усовршувањето и работните вештини се стекнуваат преку
организирани форми на учење. За вработениот човек од
клучна важност е неформалното доживотно образование.
Оттука, способноста за самостојно учење станува важна и
клучна квалификација за кариерен развој.
,,Ако останеш во долината, никогаш нема да ја освоиш
планината,,
,,Секој човек знае нешто што ти не знаеш. Учи од секого!,,
Професионален развој

• Професијата е една од суштинските одлики на човекот.


• Секој човек работи нешто и настојува да стекне знаења и
вештини бидејќи тие му овозможуваат должностите да ги
извршува квалитетно и успешно.
• Поимот професија го означува поседувањето на струка
(занает) како и имањето знаења, вештини и способности за
вршење на одредена работа т.е. дејност. Бидејќи работата на
човекот му обезбедува средства за опстанок, прашањето на
професијата е едно од најзначајните во човековиот живот.
Професионален развој

• Секој човек (заедно со неговите блиски),


размислува за својата професионална
ориентација, се ангажира да стекне обука,
настојува да најде и започне работа и да ја сочува,
прави услови работата добро да ја извршува и да
се развие во ,,мајстор на занаетот".
• Тоа го опседнува секој човек во мислите, а тоа за
него е и голема морална задача.
Професионална етика
➢ Професионалната етика се однесува на моралните
аспекти на работењето.
Постојат посебни етички стандарди кои се во врска со
соодветната работна активност и тоа:
- потреба од квалитетно дејствување во професијата;
- неопходност да се усовршуваат знаењата;
- нужност да се избегнуваат опасностите во
работата;
- сериозност при извршувањето на задачите.
Професионална етика
• Во професионалната етика спаѓа и правилниот
економски однос при дејствувањето, што подразбира:
- правилно користење и чување на апаратите;
- одржување хигиена во работните простории;
- подобрување на условите за работа и за престој
во работните простории;
- унапредување на економските аспекти на
дејствувањето (заштеди, заработувачка, правилна
распределба итн.).
Професионална етика
• Особено значајна димензија на професионалната етика е стручното
унапредување кое опфаќа:
❑ лично и професионално унапредување на стручен план;
❑ одржување и унапредување на физичката сила и енергија;
❑ одржување и подобрување на психичките перформанси на личноста;
❑ проширување на контакти и врски со колегите;
❑ добра информираност за развојот на занаетот и за новите алати и
технологии и сл.
• Во секоја професија значајна е и моралната димензија на блискоста со оние
кои работат иста или слична работа. Тоа се нарекува колегијалност
односно постоење на добри работни и морални односи меѓу колегите.
Помеѓу професионалците битно е да постои соработка, поврзаност при
дејствувањето и размена на информации т.е. меѓусебно помагање.
Прашања за проверка на
знаењето:

1. Што се подразбира под поимот кариера?


2. Што изразува и одбележува кариерата на една личност?
3. На кој начин етичката димензија на една личност
влијае врз нејзината кариера?
4. Зошто кариерниот развој е условен од учењето?
5. Кои фактори влијаат врз потребата од доживотно
учење?
Прашања за проверка на
знаењето:

6. Што се подразбира под поимот професија?


7. Зошто прашањето на професијата е едно од
најзначајните во човековиот живот?
8. На што се однесува поимот професионален развој?
9. Наброј неколку етички стандарди кои се во врска со
определена професија?
10. Како се постигнува стручно унапредување?

You might also like