You are on page 1of 65

ГРУПИ, ТИМОВИ И НИВНА

ЕФЕКТИВНОСТ
ВОВЕД

 Бројни организации ги користат тимовите како еден


од темелите за својата работа.
 Вложуваат големи средства во правилното одбирање
на членовите на тимот, нивната понатамошна
едукација и
 Потикнуваат на соработка помеѓу членовите на тимот,
и стимулираат за оваквиот начин на работа.
 Поради тоа од суштинско значење е кои фактори
влијаат, а кои немаат влијание за успешност на тимот.
 Задачата која се поставува пред тимот треба да биде погодна:
 за тимско работење,
 од суштинско значење е да тимските задачи имаат висок степен
на автономија.
 важно е да членовите на тимот стално добиваат повратни
информации за својата работа и да имаат пристап до потребната
техничка подршка.
 Членовите на успешен тим, по некои особини треба да се
хомогени, а по некои хетерогени.
 За успешен тим важна е правилна комбинација на знаења и
вештини, улогите и стилот на неговите членови.
 При тоа добро би било да по некои особини членовите бидат
исти, а по други различити.
 Непишано правило е да сите членови на тимот мораат да знаат
да изработат барем 80 % од секоја задача која ја извршува
тимот.
 Многубројни истражувања покажуваат дека е
пожелно е да се има поединци во тимот кои носат
различити улоги.
 Етнички и полни разлики помеѓу членовите на
тимот, барем во почетна фаза на развојот на тимот
ќе има негатаивно влијание.
 Етнички и полни хетерогени групи, комуницираат
формално и поретко, за разлика од хомогените
групи.
 Според полните стереотипи, од жените се очекува
пасивност и експресивност, додека од машките
активност, контрола и помала експресивност.
ГРУПИ, ТИМОВИ И НИВНА ЕФЕКТИВНОСТ

 Под поимот тимска работа се подразбира облик


на активност во која поделбата на работата се
заснова на непосредна соработка на равноправни
членови.
 Тимската работа е корисна стално кога
сложеноста на проблемот не дозволува успешно
извршување на задачите без учество на повеќе
стручњаци и без интердисциплинарен пристап.
 Со цел за што подобро функционирање, потребно
е да се знаат разликите помеѓу група и тим.
Групата може да се дефинира
 како двајца или повеќе луѓе кои взаемно
комуницираат за да постигнат определена цел или
да задоволат одредени потреби.
Основните карактеристики на групата се:
 Неусогласени поединечни цели;
 независни поединечни активности;
 поединците се раководат и ги превземаат улогите
зависно од личниот избор; одговорноста воглавно
е поединечна,
 а правилата и процедурите се носат од ситуација
до ситуација.
ТИМСКА РАБОТА
 Кога зборуваме за ТИМСКА РАБОТА тогаш:
 Целите се заеднички, договорените акции се меѓусебно
зависни и усогласени;
 јасна е поделбата на улогите и одговорностите;
 постои поединечна и заедничка одговорност, а успехот и
неуспехот е заеднички.
 Тимот има свои правила, механизми и процедури на
одлучување;
 секој може да даде идеја, но потребна е и спремност да се
откаже од неа кога се бира најдоброто решение.
Разлики помеѓу група и тим
Група Тим
Недетерминирана големина Ограничена големина
Заеднички интереси Заеднички водечки цели
Чувство да се биде дел од нешто или да се Интеракција помеѓу членовите за да се
биде виден како дел од нешто достигнат индивидуалните и групните цели

Меѓузависноста е сведена на ниво кое е Меѓузависност на членовите со цел


посакано од индивидуите достигнуваање на индивидуалните и
групните цели
Може да нема обврска освен чувство за Споделени обврски
припападност на групата
Може да нема одговорност освен некој Индивидуална одговорност
„договор“
Кај групата не е неопходно да работи заедно Тимот работи заедно, физички или
или да постигнува цели виртуелно
Извор: Ester Cameron & Mike Green: “Making Sense Of Change
Management, Kogan Page, London, 2004
ФАЗИТЕ НА ИЗГРАДБА НА ТИМОТ СЕ:

 Тимот во почеток функционира како група.


 Во фазата на формирање членовите се запознаваат,
тражат истомисленици, врзани се околу одредена цел.
 Во следната фаза битно е да се изврши јасна поделба
на улогите и да сите членови бидат равноправни,
еднакво вклучени.
 На тој начин групата прераснува во тим.
 На патот за остварување на целите и задачите, бројни
се подрачјата кои можат да се остварат тимски.
тимови во школите
 Со закон е предвидено делување на
неколку тимови во школите.
 Тоа се стручни акти за развојно планирање
и развој на школскиот програм.
 Планот на овие акти всушност е и составен
дел на годишниот програм за работа на
школото.
 Улогата на тимот за школски развоен план е да низ
планирани активности ги вклучат сите релевантни и
заинтересирани фактори, кои би допринеле за развој на
школото како установа.
 При изработка на школскиот развоен план, членовите со
својата заедничка работа треба да дојдат до мисијата и
визијата на школото, притоа водејќи рачун во која насока
ќе се движи развојот на школската установа т.е. што е
приоритет.
 Во текот на планирање на активностите, членовите на
тимот треба да водат рачун кој ќе биде носител на тие
активности, бидејќи од тоа зависи колку тие ќе бидат
успешно реализирани.
 Ако за носители на активности се изберат луѓе кои не
можат да соработуваат или одредената област не им е јака
страна тогаш нема да има позитивни ефекти.
 Од фазата на снимање на целата ситуација, преку
изработка на акционен план, реализација на истиот па се
до самоевалуација, обврските и задолженијата треба да се
распоредуваат спрема стручност, знаење и способност.
 Правилната распределба на работите обезбедува и
подобро работење на школото.
 Ако целите се јасни, прецизни тогаш тие ја
зголемуваат ефективноста и на тој начин тимот се
мотивира и стимулира.
 Ќе се зголеми бројот на наставници и
представници на други интересни групи кои се
мотивирани за понатамошно развивање на
школото.
 Се унапредува квалитетот на тимската работа и се
иницира формирање на други Нови тимови.
Комуникацијата во тимот
 Треба да биде искрена, постојана и редовна.
 Неопходно е да сите информации бидат достапни на
сите членови на тимот.
 Тимското донесување на одлуки е активност која
највеќе придонесува за ефективност на тимот.
 Донесувањето на одлуки е поквалитетно доколку тимот
располага со подобри информации,
 ако членовите индивидуално се способни за донесување
на добри одлуки и
 доколку лидерот на тимот е повешт во правилно
интегрирање на мислењата на сите членови на тимот во
една заедничка одлука.
 Доколку Помалиот дел од тимот има спротивен став
тогаш тоа треба да се искористи за донесување на уште
поквалитетни одлуки во однос на целиот тим.
 Секој став спротивен на поголемата група во тимот треба
да ги потикне членовите во изнаоѓање на додатни
информации кои се неутрални или спротивни на ставовите
од поголемиот дел, така да одлуката ќе се поткрепи и
зацврсне или пак на време ќе се отфрли.
Фази на Развој на тимот
 Тимовите се сложен и осетлив облик на
организирање па оттаму се често подложни на
дезинтеграција.
 Секој тим неизбежно проаѓа низ четири фази на
развој:
Ориентација,
Незадоволство,
Решение и
Продуктивност
Ориентацијата
 е всушност фаза на формирање на тимот,
 време на воодушевување и ковање на големи планови.
 Тоа се бескрајни и неисцрпни приказни, што се тимот ќе
постигне.
Незадоволството
 е фаза кога настануваат првите проблеми,
 се појавуваат недостатоци кај различни ресурси,
 поедини членови не даваат онаков допринос како што од
нив се очекува,
 лидерот на тимот нема доволно авторитет, се појавуваат
проблеми во комуникацијата помеѓу членовите, се
појавуваат нови интереси кај поединци кои не постоеле во
времето на стварање на тимот и низа на други разлози за
незадоволство.
 Сето тоа носи до незадоволство кај поедини членови
или пак кај целиот тим,
 корисникот на услугата од тимот, или на сите оние кои
се во било каква итеракција со тимот.
 Ова е ситуација која често носи до распуштање на
тимот,
 така тимот не ги остварил своите поставени цели.
 Тимот е неуспешен.
РЕШЕНИЕ
 Ако постои доволно заедничка енергија кај членовите на
тимот и пронаоѓање на нови решенија, тогаш тимот ќе
продолжи да егзистира и ќе дојде во можност за доаѓање до
предвидената цел.
 Но за тоа треба да се најдат решенија кои ќе ги отстранат
негативните состојби во фаза на незадоволство и кои ќе му
овозможат на тимот да дојде до посакуваната цел.
 Решенијата можат да бидат поединечни или
неколку:
 -нови знаења, вештини и однесување кои недостатувале во
тимот
 -промена на лидерот на тимот
 -исклучување на поединци кои доведувале до несакана
состојба
 -вклучување на нови членови кои ќе донесат позитивна
енергија
 -поголема грижа за работа на тимот и некои други
решенија кои се специфични и неопходни за работа на
тимот.
Продуктивноста
 е фаза кога тимот со примена на нови решенија креира
нови вредности
 тоа е фаза на задоволство кај сите оние кои се во
интеракција со тимот.
 Проблемите кои се јавуваат во работата се решаваат во од
и служат за потик на воведот на составните промени.
 Тимот континуирано пронаоѓа нови решенија кои се
поквалитетни, поевтини, побрзи, полесни, поедноставни,
поцелосни и поуниверзални од дотогашните.
 Членовите на тимот и тимот континуирано учи и отворено
ги разменува искуствата со другите членови на тимот од
своето блиско или подалечно опкружување, тие се
партнери и учествуваат во работата на други тимови на
кои им ги пренесуваат практичните искуства.
ЗАКЛУЧОК
 Ниеден тим не може да ги избегне овие четири
фази во својот развој.
 Свеста за постоење на овие фази како и потребата
од знаењето, вештините се разлог за успех кај
било кој тим.
 Проблемите во работата кај тимот се нормални и
очекувани.
 Кога ќе се појават треба да се решат а при тоа
активно и афирмативно да се учи од грешките.
 Искусни и добро мотивирани луѓе се гаранција на
успехот во секоја работа.
 Скоро сите вработени во различити организации
посакуваат да бидат дел од успешен тим.
Видови на тимови

 Постојани
Привремени,
долготрајни тимови краткорочни тимови
 Стручни активи -Проектни тимови
 Тимови од одд.
настава
Типови на тимови
Тимови за решавање проблеми
Групи од 5 до 12 вработени од ист оддел
кои се сретнуваат по неколку часа секоја
недела за да разговараат околу начините за
подобрувањето на квалитетот, ефикасноста
и работната околина

Самоуправувачки работни тимови


Групи од 10 до 15 луѓе кои ги превземаат
одговорностите од нивните предходни
супервизори
Вкрстени тимови
Вработени од речиси еднакво хиерархиско ниво, но
од различни работни области кои што се сретнуваат
за да извршат определена задача

• Продор во
задачата
• Комисија
Виртуелен тим
• Тимови што користат компјутерска
технологија за да поврзат физички
дисперзирани членови со цел да
постигнат одредена цел

Карактеристики на виртуелен тим:

• Отсаство на паравербални и
невербални сигнали
• Лимитиран социјален контекст
• Можност за надминување на
временски и далечински
препреки
РАБОТЕН ТИМ: дел од нормалната хиерархиска структура на
организацијата. Една личност раководи со група од индивидуи

ПАРАЛЕЛЕН ТИМ: со специфична цел (пр:надгледување на


друг тим, оддел, канцеларија)
ПРОЕКТЕН ТИМ: специфична цел за извршување на одреден
проект
МРЕЖЕН ТИМ: за споделување на знаењето низ организацијата
УПРАВУВАЧКИ (МЕНАЏМЕНТ) ТИМ: раководна гарнитура
ТИМ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ: експерти кои се
занимаваат со развој на еден производ
ГЛОБАЛНИ РАБОТНИ ТИМОВИ: мултинационални членови,
чии активности поврзуваат повеќе земји
ТИМ ЗА ПРОМЕНИ: за потребна планирана или непланирана
промена
НЕКОЛКУ СОВЕТИ ЗА КАРАКТЕРИСТИКИТЕ КОИ
ТРЕБА ДА ГИ ИМААТ ЧЛЕНОВИТЕ НА УСПЕШЕН
ТИМ

 Во работата дајте се од себе, тоа значи да ги


искористете сите вештини кои ги поседувате и да
бидете спремни на понатамошно усовршување.
 Исто така важно е да вашите соработници ве
препознаат како вработен кој се држи до
договорот и успешно ги исполнува сите обврски.
 Таков вработен сите ќе го посакуваат во својот
тим затоа што со него ќе профитираат и ќе ги
извршат зададените задачи.
Како да ги препознаете?

 Пет заеднички ствари кои ги имаат


успешните поединци.
 Тие имаат сон, имаат план, имаат одредено
знаење или наобразба, волни се напорно да
работат и не прифаќаат НЕ за одговор.
 Запомнете, Успехот почнува со состојбата
на умот. Морате да верувате дека ќе бидете
успешен за да постанете успешен човек,
соработник или тимски играч.
Листа на вештини, таленти и карактеристики !
Успешните :
1. ИМААТ, добро дефинирана и одредена цел, не се под
влијание и мислења на други луѓе. Имаат снага, воља,
идеја, нивната страсна желба донесува резултат, тие
работат ствари за кои другите велат дека неможат да се
реализираат. Секој може да најде изговор и објаснување
за тоа што не го реализирал, но оние што сакаат
потполно да успеат не наоѓаат изговор.
2. Успешните имаат амбиција, ентузијазам и гордост,
имаат самодисциплина.
3. Успешните луѓе се многу снажно мотивирани за
постигнувањата.
4. Тие се фокусирани, ги превземаат одговорностите за
своите дела, носат одлуки и имаат храброст да признаат
дека погрешиле.
5. Соработуваат со други, имаат позитивни особености и
ги привлекуваат луѓето затоа што тие луѓе сакаат да
работат со нив и да бидат со нив.
Водaчот (Лидерот),
 можеме да го дефинираме како човек кој е
способен да на различни начини влијае на другите
да соработуваат, за да со заеднички напори се
остварат заедничките цели на некоја организација
во која е тимот.
 И покрај досегашните потреби, разни автори да
дефинираат што е тоа добар водач, поголемиот
број автори се сложуваат дека впрочем добар
водач зависи од ситуација во ситуација.
 Сепак возможна е поделба на типови на водачи
кои по своите одлики се повеќе како:
Голем диктатор
 Toj е доследен, крут, секогаш највеќе знае, сака да ги
контролира луѓето и секогаш бара повеќе.
 Тие веруваат дека дистанцата и критиката ce впрочем и
главни фактори за успешно раководење со тимот.
 Ваквиот тип на водач е оптимален кога се работи за
поголеми кризи во општеството или пак ако некој голем
проект е на својот почеток.
Голем татко
 Toj верува дека меѓучовечките односи се поважни од
остварување на целите.
 Сличен е како диктаторот и тој верува дека добар водач е
потребно да е цврст но со добри зборови и разбирање.
 Толерантен на неуспех и криза, се подметнува да помага,
и смета дека приватноста и професионалноста можат да се
измешаат во хармонична целина.
 Своите соработници ги штеди и е загрижен за нивниот
просперитет.
Жив компјутер
 Пред се сите ситуации рационално ги разгледува и е во
потрага по оптимални и рационални решенија.
 Има способност да се дистанцнра од своите и туѓите
проблеми и делува како ладен и неосетлив.
 Лесно комуницира во однос на размена на информации.
 Во големи конфликти способен е да остане објективен и
да се држи до фактите.
 Во однос на тимот е на дистанца па така соработниците се
обично индиферентни кон него.
Татин син
 Обично е човек кој незаслужено стигнал на некоја водечка
позиција.
 Чувствата и интуицијата се негови доминантни фактори
во одлуките кои ги донесува.
 Лесно се навредува но лесно може да ги повреди и
другите.
 Често е склон на ризици, се досадува и ја одбегнува
работата.
 Се спријателува лесно со другите не држи дистанца, a
потоа се натпреварува со нив и е спремен да се налути.
 Не е способен да ce дистанцира од своите проблеми па
така тие влијаат на неговата способност.
 Пријателски е расположен но и лесно ги растура
пријатслствата.
Креатор

 Оригиналeн, не e конвенционален, дури e и невообичаен


има развиена фантазија, бара нови решенија и не робува
на клишеа.
 Има висок степен на интегритет, емоционална стабилност
и тежнее кон независност.
 Co својата појава инспиративен и ce поттикнува на
креативност.
 Поуздан e и отворен, сака компликувани решенија.
ЧЛЕНОВИ НА ТИМ
Добар соработник
 Ориентиран е кон целта на тимот и организацијата.
 Критичен е кон останатите но не и кон водачот.
 Отворен е кон нови идеи и ги извршува, верно и доследно
служи на целите на тимот но не сака да се истакнува многу.
 Не сака да се прекршуваат правилата и сака работна
атмосфера и во неа е пријателски расположен и мотивиран.
Предзвикувач
 Директен е и спремен на конфронтирање со водачот,
преиспитува цели, константно прашува и ја доведува
ситуацијата во состојба на напнатост.
 Не се чувствува пријатно во рутинска и стереотипна
работа. Лесно критикува особено медиокритети.
 Способноста за поставување прашања е пожелна во важни
моменти поради тоа што во такви ситуации ce неопходни за
најквалитетен избор и соодветна одлука.
 Често поради тоа членовите на тимот го одбегнуваат.
 Обично е независен искрен и чесен.
Истражувач
 Toj е банка на информации.
 Го води тимот кон високи дострели, ги завршува задачите
на време, поуздан, ефикасен и не сака да губи време.
 Сака да дава совети особено егзактни и технички.
Емотивно е често ригиден и поради изнесување само на
факти дури и тогаш кога не треба не е во сотојба да
покаже флексибилност во превенција на конфликтите.
 Не сака да раководи, има сепак високи стандарди кон
работата но како соработник е одговорен и трудољубив.
Бунтовник без причина
 Ривализирање и натпревар особено со водачот како да му
поважна цел отколку осгварување на целите на тимот.
 Но, парадоксално тој само го поткрепува јазот околу
статусот. Доколку има конфликт тој само го зголемува, во
стресна ситуација критикува или е "со право" онеправден
и ги тера другите да манипулираат за него.
 Не сака тимска работа и реагира на нови луѓе сакајќи да ја
контролира снтуацијата која од друга страна ја "бутка" во
хаос.
Добра вила
 Bo тимовите обично има и членови на тим кои секако се
трудат тимот да успее и "ce да биде во најдобар ред" и
така трошат премногу енергија за стабилизација на
емотивните празнења кај останатите, може да се најде во
незгодна позиција на жртва но дури и на тој начин
овозможува тимот да ja остварува целта.
 Главна одлика е грижата за другите.
Жртвен јарец
 Парадоксално но има голема улога во интеграција на
тимот.
 На социјално ниво изгледа како збунет и неагресивен на
кого останатите се "празнат" од насобраната агресија кон
водачот.
 На таков начин предизвикува сожалување и потреба да го
спасуваат.
 На психолошко ниво тој овозможува празнење на
забранети емоции. Изгледа како да е глуп, и на тој начин
лесно се подметнува на туѓа агресија.
 Доколку отиде од тимот настануваат конфликти и дури
распаѓање на тимот.
РАКОВОДЕЊЕ ИЛИ ОРГАНИЗИРАЊЕ
 Секое управување или раководење е и одреден
специфичен облик на комуникација + манипулација.
 Во одредени тимови, фирми, здруженија и ситеми тоа се
спроведува со заедничка цел и врз основа на одредени
правила.
 Овие правила експлицитно се јасни и праведни но
имплицитно се случува да низ "игри на моќ", правилата
да престанат да важат но од друга страна раководењето
прераснува во диктатура или пак "перфекционистички"
организиран тим со добро функционирање иако тоа дури
ни правилата не го предвидувале.
 Така спознавањето на "ИГРИТЕ" може да овозможи
специфична деконтаминација, како на ситемот на
раководење така и на општите правила но и на односите и
релациите на членовите на еден тим група или сл.
 Kora постои недостаток на одреден производ или сл. што
може да ги задоволи потребите на луѓето, кога има
неправда, неодговорност, неинформираност или болна
компетиција, тогаш "игрите на моќ" се играат најлесно.
 Тие стануваат замена за вистинската и автентична
комуникација..
 Играта на моќ е всушност манипулација.
 Таа може да се одвива од горна и долна позиција (во
зависност од дистрибуцијата на моќта и позицијата на
"играчот").
 Co оглед на тоа што постојат надворешни, социјални
"објективни" показатели на моќта (пари, титули,
автомобили и сл.) и внатрешни (колку е некој во состојба
сам да си ja крои судбината, колку се цени себе си и како
го организира животот),
 игрите на моќ всушност имаат за цел да ги достигнат
било надворешните било внатрешните показатели на
моќта.
 Сепак надворешната и внатрешната моќ не се во
соодветен размер, т. е. некој со голема надворешна моќ
може да има мошне мала внатрешна моќ, или обратно.
 Категорија на игри од типот се или ништо

 Категорија на игри од типот


"застрашување“

 Категорија на игри со лажење

 Категорија на игри "ќорсокак“

 Пасивни игри на моќ

 Невербални игри на моќ


 Луѓето сепак кога се "жртви" на ваков тип на
комуникација тие реагираат во склад со нивната
структура на личноста и мотивот за одржување на
игрите кои задоволуваат хиерархиски одредена
потреба.
 Така реакцијата може да оди од
 Послушност преку ескалација и антитезирање до
права Кооперација.
 Сепак за среќа не постои само ваков тип на
раководење.
 Така е воведен поимот
 ЕКОЛОШКО ЗДРАВЈЕ (Батесон) и
 ЕКОЛОШКА МОРАЛНОСТ (Стеинер)
 што всушност значи чесно раководење.
ТИМСКА НАСТАВА
 Со тимска настава се одбегнуваат слабостите на
традиционалната настава кај која се сервираат готови
знаења и каде наставата и прилагодена за просечни
ученици.
 Кај традиционалната настава доаѓа до преклопување на
исти или сродни содржини од различни предмети, но......
 изостанува ефикасноста и економичноста, што носи до
формално познавање на материјата која се изучува.
 Учениците своето знаење го држат блокирано,
 не постои корелација помеѓу предметите и поради тоа
сите тие познавања се користат минимално во
секојдневниот живот.
 Тоа е еден од разлозите зошто учениците на тестирањата
во кои се бараат примени на знаењето покажуваат слаби
резултати
Слабости
 Сите тие слабости можат да се надминат со тимска
настава која се заснова на планирање и обработка на
наставното градиво, по пат на тематски целини како врска
помеѓу различни наставни предмети.
 Во концепцијата на тимската настава се предвидува
формирање на тимови од наставници од исти или сродни
предмети кои со планирање и реализација би го поврзале
наставното градиво и така би ја зголемиле економичноста
и ефикасноста на наставниот процес.
 Една од тие предности на тимската работа е поголемата
активност на ученикот, се наоѓаат во ситуација повеќе да
прашуваат, да одговараат, да го изнесуваат своето
мислење.
 Успехот на тимската настава зависи од стално
договарање и соработката во тимот.
Унапредување на наставата
 започнува со квалитетно планирање и меѓусебна
комуникација на наставниците.
 Тоа ќе донесе да учениците се користат со претходните
знаења и искуства кои ги стекнале од другите предмети и
да ги поврзуваат во смислени целини со нови знаења.
 Само така учениците се оспособуваат да стекнатите
знаења, ги применуваат во секојдневниот живот, што е и
целта на овие планирања.
 Само со тимска работа може успешно да се реализира
програмата за професионална ориентација на учениците.
 Учениците во разговор со одделенскиот наставник доаѓаат
до информации кои се битни за нивното понатамошно
школување, изборот на школо, политиката на запишување
итн.
Одделенскиот наставник
 заедно со стручните соработници ги планираат
понатамошните активности, на пример изработка на
тестови за одредена тема.
 Во тој тим може да се вклучат и представници од
средните училишта кои ќе го презентираат своето школо и
образовните профили на истото,
 во истиот тим може да се вклучат и бивши ученици, а
сега средношколци кои исто така можат да ги едуцираат
своите врсници, сигурно е и дека може да се вклучат
родителите од различни профили и занимања, кои на
различен начин ќе ги претсаватсвоите професии низ
(работилници, разговор, дискусии).
 Треба да се искористат и капацитетите на локалната
заедница-претставништва, фабрики, организации.
 Овака синхронизирана тимска работа им помага на
учениците подобро да ги проценат сопствените,
способности знаења и умеења за продолжување на
школувањето.
ТИМСКО УЧЕЊЕ
(теорија)

ЗОШТО ТИМСКО УЧЕЊЕ ?


 Групна работа, тимска работа, кооперативно учење
во глобала се само различни називи со иста
содржина.
 Во нашиот јазик зборот тимски асоцира на
заедништво, внатрешно поврзување на членовите и
потребна соработка за успешна групна работа.
 Разлозите за премалку тимско учење во нашите
школи можеме да ја потражиме во друштвените
околности и некогашната ситуација кај нашето
производство која не ја препознавала користа од
тимската работа.
 >Денес се повеќе и повеќе знаењето во
нашите школи рапидно опаѓа, а проблемите
во производството во светот станува се
посложена, неопходна е соработка на
различно образувана и специјализирана
работна снага која би директно и на лице
место можела да ги реши конкретните
проблеми, односно задачи.
 Секој поединец е се помалку во состојба да
одговори на поставените задачи.
 Со тоа што го познаваме до денес,
иднината и припаѓа на тимската работа и на
тимовите< (Klippert,H. 2001)
Klippert

 исто така истакнува дека тимското учење ги унапредува


разните способности на учениците, им овозможува
превземање на одговорност за учење и им ја осигурува
неопходната комуникација помеѓу учениците.
 Во прилог на тимското учење, говорат и низа на
истражувања кои ги спровел Vygotsky (1962, 1978), а се
држат до тезата дека социјалната интеракција има главна
улога во учењето.
Тој тврди дека,
учењето ги буди различните развојни процеси кои
можат да делуваат само ако детето е во интеракција со
луѓето од својата околина и ако соработува со своите
врсници.
ШТО Е ТИМСКО УЧЕЊЕ ?
 Тимско учење се случува кога, мала група на ученици
работат на заедничка задача која може да се реши само со
соработка на сите во групата, но да не се случи само по
себе.
 Да оваа група еволуира во ТИМ кој учи потребно е да се
промени улогата на учителот – наставникот, ученикот па и
самата цел на учењето.
 Примарна цел повеќе не може да биде усвојување на
наставните содржини, туку целта е да учениците се
служат со тие содржни,
 да учат како да учат и како да го презентираат наученото.
 Учителите – наставниците наместо да бидат луѓе кои само
ја даваат информацијата, тие треба да ја осмислат целата
структура на подучување.
Наместо да бидат пасивни приматели на
информации и содржини, УЧЕНИЦИТЕ
треба да ја превземаат одговорноста за
процесот на совладување на содржините
и заедничката работа со другите
ученици, а се во својство на тоа како да
се служат со тие содржини.
КАКО ДА ДОЈДЕМЕ ДО ТИМ КОЈ УЧИ ?

 Групите треба правилно да се формираат и


водат, на пример...
 Тимска работа претставува седење на
ученици во помали групи од 3 до 6 ученика.
 Најдобри групи за работа се од 4 ученика,
затоа што така комуникацијата е
шестосмерна.
(Desforges, CH./ 2001. str. 145-161).
 Составот на групата може да биде: Постојан или Променлив
 Децата можеме да ги групираме:
 Тимови на деца со слични способности;
 тимови на деца со различни способности и случаен избор на
деца во тимовите.
 Важно е да се води грижа за тоа во каква средина учениците
работат.
 Тимовите треба да бидат променливи и мешани.
 На учениците треба да им се овозможи комуникација и
соработка со врсниците со различни способности и пол, Без
предрасуди.
 Некои истражувања во САД и Велика Британија покажуваат
постоење на јасно влијание на полот кај детската
интеракција.
 Машките во одделението зборуваат повеќе, почесто ги
прекинуваат другите и поагресивни се, додека
 Девојчињата се приклучуваат кон туѓите замисли и се
повнимателни.
 Работата во помали групи може поволно да делува
на таквите појави, но само под услов ако бројот на
машки и девојчиња да е подеднаков или да има
повеќе девојчиња.
 Во обратен случај (повеќе машки), девојчињата
послабо расудуваат, помалце разговараат, а
машките често ги игнорираат.
Според (Desforges, CH./2001. 145-161).
 Потребно е одредено време да групите прераснат
(еволуираат) во тимови кои функционираат
ефективно.
 Секој пат кога групата се формира повторно,
процесот на развивање на тимот мора да почне од
почеток.
 Ново формираните групи се ослонуваат на најкомпетентниот
член на групата и имаат ограничена можност да ги достигнат
ресурсите на остатокот од групата.
 Како групата прераснува во тим, комуникацијата станува се
поотворена, и се повеќе оди кон учење.
 Учениците теба да бидата оспособени за самостално и тимско
учење,
 >Групниот облик придонесува за развој на социјалното
однесување на ученикот, но за социјалната зрелост на
ученикот зависи од тоа колку групна работа ќе постои во
школото.
 Доколку ја чекаме биолошката зрелост на учениците за
групна работа, тогаш таа нема да биде спремна нити во
деветата година, зато што ќе немаат прилика да се
привикнуваат на организирани групни активности.
 Затоа, веќе од првите години од школувањето во школото
можат да се негуваат разни активности со помали групи на
деца, а се поради нивното привикнување.
 Бројни и разновидни дидактички игри можат значајно да
придонесат за тоа<(Bognar,L, Matijević,M. 1993.171-172)
Исто така од суштинско значење
 е учителот да се одрекне од својот дел на
учителски АВТОРИТЕТ (човекот кој се треба да
знае, слушне и одобри),
 тој треба да ги упатува учениците едни на други,
да афирмира некои други вредности на пример:

1. ПОДЕЛИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ СО ДРУГИТЕ;


ЗАМОЛИ ЗА ПОМОШ НЕКОГО ОД ТИМОТ;
2. РЕШИ ГО СВОЈОТ ПРОБЛЕМ И ПОМОГНИ МУ
НА ДРУГИОТ ДА ГО РЕШИ !
 Иако ова се изгледа едноставно и природно не е
лесно да се постигне.
Задачите
 мораат да го промовираат учењето и развојот на тимот,
затоа учењето во тимот се случува тогаш кога учениците
од еден тим заеднички работат на решавање на
специфични задачи, на кои целта е соработничко
постигнување на успех, а при тоа да разменуваат идеи и да
си помагаат едни на други.
 Често се случува да учениците работат во група, а не како
група. Разлогот за тоа се и задачите кои се поставуваат
пред групата.
 >Треба да се избираат задачи кои поседуваат моќ на
интеграција, што значи задачи кои поедини членови на
групата можат да ги решат само со помош на соработка и
комуникација<»(Klippert,H.2001. 58. str.)
Desforges
 разликува две врсти на задачи, т.е. начини на соработка,
кои овозможуваат тимска работа:
 Задачи од типот на сложувалка поделени на онолку
делови колку членови има.
 Секое дете работи на еден дел од задачата кој не може да
биде решен додека сите не го завршат својот дел од
работата..
на пример (пишување на заедничка приказна).
 Истражувачките задачи се целловити, т.е. не се поделени.
Децата треба да работат заедно како би направиле нешто
или би постигнале некоја друга цел.
 Тоа се задачи кои бараат расправија.
 При решавање на таквите задачи добро е да, учениците
обавуваат надредени функции, а тоа се:
1. Водител на расправијата, посматрач кој се грижи за
правилата, контролор, мерач на времето и
гласноговорник….. според (Klippert,H./2001).
 Треба да се нагласат задачи кои усмеруваат на тимска
работа.
 Нивната цел е да ги зближи учениците, да го пробудат
интересот кај нив за заедничко делување и осет на
припадност на групата ТИМОТ.
 Таквите задачи треба да бидат целовити, неподелени.
 Задачите секако треба да бидат интересни и
потикнувачки и секогаш кога е тоа можно да поаѓаат од
интересите на учениците.
И ЗА КРАЈ
> Наставата насочена само кон
НАСТАВНИКОТ ги наведува повеќето
ученици на пасивност и одсутност која со
текот на ученичкиот живот станува одлик
на однесување, а истото еднаш прифатено
многу тешко се одстранува. Затоа групната,
ТИМСКАТА настава има посебно значење
особено во основното образование, затоа
што може да го спречи настанокот на
таквото пасивно однесување<
(Terhart,E./2001. str. 166-173)
 Многубројни емпириски истражувања ни
укажуваат дека тимското учење ги надминува
индивидуалната и фронталната настава.
 Тоа се отчитува во репродукцијата на знаењето,
 владеењето со техниките на интелектуалната
работа,
 развојот на работната интелигенција,
 зголемувањето на самодовербата и подобрување
на комуникативните способности.
 Затоа работата и учењето во групи треба да се учи
и проучува, многу внимателно чекор по чекор, а
при тоа да не заборавиме дека,
Учењето е најделотворно само ако е
забавно.
>Учењето е најзабавна игра во животот, сите
деца веруваат во тоа се до моментот кога
ние ќе ги увериме дека учењето е всушност
тешка работа. Некои деца тоа никогаш не
го научуваат, па затоа низ целиот живот
проаѓаат верувајќи дека учењето е
единствената забавна игра која вреди да се
игра.
За таквите деца има посебно име, ги викаме
ГЕНИЈ< (Glenn Doman).
Проект
Моето школо- школо без насилство
 Активностите на проектот моето школо - школо без
насилство е пример на одлично функционирање на
тимската работа.
 Самиот проект е замислен и не може да се реализира
доколку сите во школото не постанат еден ТИМ.
 Тука освен запослените вклучени се и родителите и целата
локална заедница. Секој чекор се реализира низ тимска
работа.
 Кога колективот ќе се запознае со чекорите во проектот,
се тргнува со обука како на колективот така и на децата.
 По пат на превентивни работилници, учениците низ
заедничка работа со одделенскиот наставник учат како да
препознаат насилство, како да реагираат и се охрабруваат
да на конструктивен начин ги решаваат конфликтните
ситуации.
 Правилата, кои се резултат на превентивните работилници,
се одраз на одделението и нивната заедничка работа.
 На основ на тоа се носат правила за целото школо, кои пак
се резултат на работата на целиот колектив.
 Со правилата се регулира однесувањето на сите во
школото, а со Обновување се надокнадува направената
штета.
 Се формира тим од врсници за да учениците можат да се
обратат за помош и поддршка на свиоте врсници.
 Тие низ своите акции потикнуваат на ненасилство и
решавање на конфликтните ситуации.
 Некои од тие акции се: Форуми, организирање на
предавања и дискусии, спортски натпревари и танци....итн,
сите овие акции се одраз на тимска работа.
 Функционирањето на внатрешната заштитна мрежа се
заснова на јасно утврденни процедури и улоги на сите
членови на мрежата.
 На тој начин секој актер знае точно која е неговата задача
и кому се обраќа.
 Внатрешната мрежа ја сочинуваат учениците,
 Во надворешната заштитна мрежа се вклучени институциите на
локалната заедница.
 Кога проблемот е комплексен и бара вклучување на повеќе
фактори тогаш на сцена стапува надворешната мрежа.
 Неа ја сочинуваат Здравствениот дом, центарот за социјална
грижа, полицијата и судството. Школото со нив потпишува
протокол за соработка.
 Целта на мрежата е да осигура дека постојат брзи и
координирани постапки кои ги штитат децата.
 Мрежата ќе функционира успешно ако се вклучени сите
релевантни фактори и ако секој од својот домен ја испоштува
јасно утврдената процедура.
 Улогата на стручниот соработник за потикнување на тимската
работа во школото е од суштинско значење, тој треба со своето
стручно знаење и советодавна работа да го унапредува воспитно-
образовниот процес во установата. Тој соработува со сите што се
вклучени во тој процес.
Сите активности ќе бидат подобро реализирани доколку се
резултат на работата на тимот.
Процедура на рационално
одлучување
1. Дефинирање на проблемот
2. Анализа на проблемот
3. Поставување цел
4. Барање можни решенија
5. Селекција на подобри решенија
6. Избор на оптимално решение
7. Планирање на подготовка
8. Доработка во текот на примената

You might also like