You are on page 1of 29

СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“

Обработка на романот
„Крпен живот“ од Стале
Попов

Изработил: Ментор:
Андреј Ѓорѓиевски Проф. Тања Стојаноска

Клас: III1
мај, 2022
Македонската литература
по Втората светска војна
Македонската литература по Втората светска
војна

Поради петвековното османлиско владеење, Балканските војни, Светските војни, аспирациите на соседите и
наметнувањето на нивниот јазик, немањето свој литературен јазик, македонската литература има специфичен развој
различен од оној на европската и светската литература. По завршувањето на Втората светска војна ситуацијата во
Македонија целосно се променила, така што Македонија добила своја држава и се оформил македонскиот литературен
јазик. Затоа македонската литература во овој приод доживеала еруптивен развој како надокнадување на с ѐ она што било
пропуштено во минатото.
Главни карактеристики на македонксата литература во овој период се:
1. Македонската литература има тенденција жанровски да се надополни, односно да се комплетира во оние видови и
родови што недостасуваат во нејзиниот нерегуларен развиток. Ова особено важи за романот. Оттогаш до денес има
бурен развиток на романот кој стана жанровски приоритет на македонската современа литература.
2. Македонската литература доживува забрзан развиток (го надоместува испуштеното). Во краток временски интервал
обединува разни правци, етапи, стилски формации низ кои не се развивала (романтизам, реализам, модерна
литература).
3. Интензивирање на преводната литература. Делата на големите писатели интензивно се преведувале на новиот
македонски литературен јазик. Тоа значело збогатување на можностите за читање на светската литература како и
дефинитивна проверка и промоција на јазикот.
Македонската литература по Втората светска
војна
Во повоената македонска литература разликуваме неколку фази.
Првата фаза го опфаќа периодот веднаш по Втората светска војна (1944-1950). Оваа фаза се карактеризира со
литературно творештво (поезија) задоена со идеите на комунизмот, обновата на земјата, развојот на работничката
класа итн. Претставници на оваа фаза се: Ацо Шопов, Славко Јаневски, Блаже Конески, Гого Ивановски со своите
поетски почетоци во кои доминира патриотската лирика.
Втората фаза е онаа на интимната лирика (свртувањето кон себеси, кон субјективното, интимното). Истите овие поети
всушност влегуваат во оваа фаза која трае кратко зашто тие сфаќаат дека поезијата сепак треба да биде нешто
повеќе од приватна исповед.
Третата и четвртата фаза претставуваат свртување кон објективното, колективното и кон традицијата. Претставници
се: Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски и Влада Урошевиќ.
Прозното творештво има свој посебен развоен пат и покрај тоа што и македонскиот расказ, по војната бил во служба
на градење на новото социјалистичко општество. Првата збирка раскази „Растрел“ ја отпечатил Јован Бошковски во
1947 г. Првиот роман „Село зад седумте јасени“ го издал Славко Јаневски во 1952г. Покрај нив во првата генерација
раскажувачи се вбројуваат и: Стале Попов Ѓорѓи Абаџиев, Владо Малески, Коле Чашуле и Јордан Леов.
Драмата и пред војната си има свој подем со Васил Иљоски, Антон Панов и Ристо Крле, кои творат и по војната, а
потоа се јавуваат и: Коле Чашуле, Томе Арсовски, па Георги Сталев, Бранко Пендовски и Горан Стефановски.
Стале Попов (1902 –
1965)
Стале Попов

Стале Попов е роден во с. Мелница, Мариовско во 1902 г., во семејство на селски свештеник.
Неговото детсво се совпаѓа со последните години на османлиското владеење во Македонија, така
што сликите за ајдучијата и комитлакот од илинденскиот период го прателе низ целиот свој
живот и подоцна се појавиле во неговото творештво. Основно образование завршил во
Витолиште, а потоа богословска школа во Битола. Неговото образование се одвивало со прекини
поради Балканските и Првата светка војна. Го завршил Теолошкиот факултет во Белград, каде и
го затекнала Втората светка војна. По бугарската окупација на Македонија се вратил во
Македонија и бил инерниран од бугарските власти, но тој побегнал во Прилеп каде се поврзал со
Народноослободителното движење. По ослободувањето на Македонија бил претседател на
Околинскиот народен одбор на Прилеп, а подоцна работел како професор по македонски јазик во
скопје сѐ до своето пензионирање.
Творештво
Творештво

Стале Попов почнал да твори во своите позрели години (на 51 година) и дебитирал во нашата современа
литература со првиот дел на романот „Крпен Живот“ во 1953 г. Една година подоцна го објавил и вториот дел
на романот и стекнал афирмација на изворен регионален писател, реалист. Со овој роман Стале Попов
пополнува една празнина од развојот на нашата литература, продолжувајќи и проширувајќи го она што Рајко
Жинзифов го започнал со расказор „Прошедба“ (приказот за селскиот живот и фолклорот, кој е доста оширно
опишан во овој роман).
Во наредните десет години тој објавил низа романи, раскази и повести со кои се вбројува меѓу најплодните
современи македонски писатели. Во 1956 г. Го обајвил романот „Толе Паша“ со историка тема за ајдутството и
комитството во илинденскиот период. Во 1958 г. Ја објавил повеста „Калеш Анѓа“ во која подлабоко навлегува
во историјата на Мариово. Истата гоина ја обавил и психолошката повест „Дилбер Стана“ во која се сборува за
длабокиот немир на жена која не може да стане мајка. Во 1961 г. обајвил три дела: повеста „Мариовски
панаѓур“ (во кој се навраќа на битовата тема) и две збирки раскази „Мариоовски раскази“ и „Итар Пејо“ (и
расказите во овие две збирки имаат битов карактер). По својата смрт Стале Попов оставил уште три романи
во ракопис кои биле објавени во 1966 г.: „Шаќир Војвода“ (претставува романизирана биографија на
популарниот прилепско-мариовски војвода Крсто Гермов – Шаќир), „Необично дете“ (со слична тема на
романот „Толе Паша“) и „Доктор Орешковски“ (кој е единствено негово дело кое отстапува од неговото познато
тематско подрачје и обработува тема од современиот живот на лекарите).
„Крпен живот“
„Крпен живот“

„Крпен живот“ е битово-социјален роман во кој е насликан секојдневниот личен и семеен


живот на семејството Сукалови од мариовското село Витолишта. Во рамките на фабулата за
Сукалови, посебно за Доста Рожденката, се оцртани наравите и обичаите на селаните и
општествениот живот во селото. Низ романот се проткаени патриотски и социјални идеи и
се поставени некои етички проблеми. Немирните години на илинденскиот период,
Балканските војни и Првата светкса војна наоѓаат одглас и во Мариово и го нарушуваат
постојаниот патријархален начин на мислење и живеење, така што венсуваат братоубиства,
подвоеност и отуѓеност. Сето тоа го усложнува макотрпниот живот на селаните кои, машко
и женско, од лулка до гроб, едностојно аргатуваат и работат за да го позакрпат животот.
Содржина
Содржина – I дел

Романот започнува со легендата како настанало селото Витолиште. Многу одамна, не се знае ни кога, тројцата браќа
Раде, Гале и Вито се иселиле од своето село за да побараат подобро место за живеење. Еден од браќата – Вито, се
населил во една котлинка и ги удрил темелите на сегашното село Витолиште, кое по него го добило името. Селото се
развивало и зголемувало, па станало центар на Мариово каде се наоѓала царската управна власт и седиштето на
третокласното егзархиско училиште каде Мариовци ги праќале своите деца да станат попови или даскали. Куќите во
селото биле убави, камени со црвени кровови од ќерамиди. Не биле малтерисани ни однадвор, ни одвнатре. Тие се
состоеле од една просторија која визуелно била поделена со греда на средината. Во едната половина биле сместени
животните (долен крај), а другата половина била за луѓето (горен крај). Под целиот горен крај бил земникот или
визбата каде се чувале важните работи и храната. Горниот крај, исто така, бил поделен со греда на машки и женски
кат. На средината била ископана дупка каде било сместено огништето.
Во една ваква куќа во селото Витолиште живеело семејството Сукалови, кое го сочинувале: најстариот брат Стојо,
жена му Митра и децата; Илко, четириесетгодишниот вдовец и најмалиот брат, Трајко. Приказната започнува кога
Илко Сукалов, преку мариовскиот стројник Петко Балето, ја зел за жена Доста Рожденката, која, исто така, била
вдовица. Пред да почине нејзиниот маж, таа живеела во Солун каде работела кај рускиот конзул како домашна
помошничка. По смртта на мажот ѝ, таа се враќа во родното село, со градска облека и градски навики, нови и
неприфатливи од заостанатата мариовска средина.
Содржина – I дел

Доста била убава жена на 32 години, стројна, со стегната половина, долги нозе, измиена и чиста. Нејзиното лице го
краселе црни очи, црни веѓи, црни коси, ситни бели заби, набабрени црвени усни и прав нос. Иако била изразито
убава жена, поради градската облека таа на Мариовците им личела на „чума“. Нејзина најголема желба била да се
задоми, да создаде семејство, да има поколение. Можноста за остварување на овие желби ја гледала во Илко, со кого
сакала да го закрпи скинатиот живот. Иако постари и во Илко и во Доста уште при првата средба се раѓа младешка
љубов. Доста се сложила да оди за Илко, но под услов да не биде купена како стока, а останатите обичаи да се
истераат по редот. Од Рожден, Доста се сели во Витолиште, во куќата на семејството Сукалови каде е добро
прифатена од сите, а особено од јатрва ѝ Митра која очекувала голема помош од новата невеста. Митра, пак, е
примитивна и неписмена мариовска селанка која има развиено чувство за лична корист, па затоа нејзината главна
цел била да го обезбеди за себе и за своите деца и имотот на своите девери – вдовци. Доста брзо се вклопила во новиот
живот, ги делела секојдневните обврски со јатрва ѝ и подеднакво добро ги извршувала. Но, нетрпението меѓу јатрвите
почнало да се јавува кога Доста останала бремена. Тоа за Илко и Доста претставувало најголема радост, зашто тие
немале деца во првите бракови, но за Митра претставувало опасност поради делбата на имотот. Таа се опседнала со
мислата како Доста да го изгуби бебето, па почнала да оди кај бајачката баба Бисера, која ѝ землаа пари за магијата
што ја прави, а знаела дека истата нема да ѝ наштети на Доста. Митра била суеверна и верувала дека свеќата што ѝ ја
дала бајачката ќе ја заврши работата и таа секоја вечер ја палела и се молела детето да се роди мртво, но магијата не
успеала.
Содржина – I дел

За време на пораѓањето на Досата ѝ помагала јатрвата Митра. Кога се родило детето Доста ја изгубила свеста и во тие
моменти Митра размислувала да го убие детето и да ѝ каже дека се родило мртво, но таа не го направила тоа, туку ги
спровела сите обичаи кои се правеле при раѓање на бебе. Според обичајот, бебето го задоила друга жена, сосетката
Бојана, која била другарка на Доста. Следниот ден дошле жените на повојница и носеле нешто слатко и по нешто за
бебето. Третиот ден дошле наречниците кои го одредуваат животот на новиот човек во куќата. Додека наречниците
му посакувале најубави работи на девојчето, Митра постојано колнела во себе. Се преколнувала и самата себе што не
нашла сила да го убие. По неколку дена се правела крштевката, па затоа Илко отишол на пазар да ги купи сите
потребни работи, а во недела наутро отишле во црква. Бебето го носел таткото, кумовите и роднините, а мајката
останувала дома. Нунката го давала името на бебето и ѝ го дале името Неда. По некое време Нешка добила и братче –
Стојан (Толе). Тоа било остварување на сите желби на Доста и Илко, кои иако го закрпиле животот – тој им бил
посреќен од првиот, особено на Доста која од аргратка во Солун станала домаќинка на чорбаџиска куќа.
Во куќата на Сукаловци нетрпението меѓу јатрвите постојано растело. За време на заедничкиот живот во подробности
е опишано празнувањето на Велигден. Како и денес и тогаш се вапцале јајца, постарите оделе во црква претпладне, а
помладите навечер каде играле ора и празнувале. На крајот следувало кршењето со јајца. Во својата примитивност и
неснаодливост, Митра сѐ повеќе ги заострувала односите со Доста. Често се расправале, а сето тоа поради делбата на
имотот. Останал имотот на Трајко кој сакале да го земат и двете. Но, Доста со својата итрина, тактичност, љубезност и
убав однос, успеела да го прибобие деверот, кој решил да ја посвои Нешка и нејзе да ѝ го даде својот дел. Проблемот
на раскараните јатрви браќата го решиле на мирен начин, сложно како и секогаш. Тие одлучиле Стојо, Митра и
нивните деца да одат во другата куќа која ја имало семејството, а Илко, Доста, децата и деверот Трајко, да останат во
старата куќа.
Содржина – II дел

Кога дошло време, Доста ги пратила двете деца во третокласното егзархиско училиште. Неда била првото и
единствено девојче кое одело на училиште. Заостанатите селани мислеле дека женските деца не треба да се
школуваат, дека треба да работат дома, па дури сметале дека е тоа срамота, зашто девојче не можело да стане поп.
Но, Доста со нејзините понапредни сфаќања знаела дека и жените треба да бидат школувани. Преку училиштето и
црквата е прикажана и туѓата пропаганда која се вршела врз македонското население. На почетокот граѓанската
просвета во Мариово е поврзана токму со ова училиште и појавата на големобугарската пропаганда во овој крај.
Потоа, под влијание на одредени историски моменти во некои села училиштата стануваат патријаршиски и шират
грчка пропаганда, а за време на Балканските војни се претвораат во српски. Даскалот во Витолиште, Бино, прво бил
бугарофил кој ѝ служел на големобугарската идеја, а потоа србоман и претседател на општината. А даскалот Димо од
с. Старавина бил гркоман, па при една средба во Битола тие двајцата се степале. Како даскалите, така и поповите се
делеле на грчки и бугарски и се навредувале меѓусебно. По углед на даскалите и поповите и селаните почнале да се
делат и да се вкоренува омраза меѓу нив. Престанувале да одат роднини кај роднини, престанувале да се мажат и
женат „Грци“ и „Бугари“ и од родени браќа и соседи станувале смртни непријатели.
Содржина – II дел

Додека Нешка одела на училиште се вљубила во Крсте (Крле), синот на селскиот поп, кој, исто така, се вљубил во неа. Оваа детска љубов
при крајот на романот прераснува во вистинска и завршува со брак. Патот до бракот не е многу едноставен, бидејќи татко му на Крле го
ветил синот за Анѓа, Биновото девојче. Односно, откако децата на Бино остануваат сирачиња со многу имот, попот, заради имотот, решил
да ги спои куќите на тој начин. Крле не прифатил, не му се допаѓала Анѓа,, но не може да му се спротивстави на татка си. Тој план почнал
да се остварува, попот се преселил во куќата на Бино, а Крле ја барал секоја можна прилика за да избега од несаканата судбина. Прво им
се приклучил на комитите, а потоа среќата му се насмевнала кога Анѓа се вљубила во друг. Така патот до Нешка повторно му се отворил и
романот среќно завршува со нивната свадба. За среќата на Доста и Илко да биде уште поголема, тие ќе направат двојна свадба, односно
во исто време ќе го оженат и Толе за неговата избраничка Петра.
Самиот автор вели: „Кој не правел свадба тој не знае ништо од веков. Особено селска и мариовска“, па на долго и на широко ги опишува
подготовките и сите обичаи поврзани со свадбата. Многу од тогашните свадбени обичаи се зачувани и денес. Најпрвин, за да се добие
согласност од невестата кај неа се праќал селскиот стројник, кој морал да биде итар, мудар и снаодлив, со слатки зборови да ја придобие
наклонетоста на младата девојка. По добро завршената работа, на стројникот му се купувале чевли за патот поминат по невестата. Кај
невестата, свадбата започнувала во петок, кога го меселе тестото за погачите со кои се канеле нункото, деверите, попот, старосватот и
други блиски роднини. Подалечните роднини се канеле со карта вино. Во сабота деверот канел од кај зетот, а братот или братучедот од кај
невестата. Друг девер одел во планина по бршлен со кој се правел зелениот невестински венец. Во сабота се китела невестата од глава до
петици, ја облекувала кошулата наречена „црнетата“, односно поцрнување (потчинување на волјата на девојката пред мажот). Во исто
време и зетот се бричел и стрижел иако и утредента деверот го бричи за да не се појави небричен пред невестата. Подоцна се колеле
јагниња, овци, па дури и крави и волови за да се подготват манџите за утредента. Во недела наутро сватовите оделе по невестата. Таа
била затворена, а роднините стоеле со стапови и никого не пуштале. Според обичајот, сватовите го молеле домаќинот да ги пушти да
преноќат. Додека се водел разговорот некој од сватовите ја туркал вратата, божем на сила да влезат. Потоа, сите влегувале во куќата каде
трпезите биле поставени и се честеле со кафе и ракија, а кога ќе засвиреле гајдите започнувала веселбата и ората. Невестата била сè уште
скриена, но сега во земникот. И оваа порта како и првата била затворена. За да влезат, деверите плаќале, а момите ги собирале парите.
Кај невестата повторно плаќале, ѝ давале нови чевли, ѝ го ставале венецот и ја носеле кај зетот. Најпосле се одело во црква каде
младенците се венчале. Со описот на овие обичаи завршува романот „Крпен живот“, односно со разговорот меѓу Доста и Илко кои се
гледале со насолзени очи од среќа, во кој Илко ѝ вели: „Е, Дочко! Крпен живот, ама ете и со крпен со помин áме, поарно од со нов“.
Ликови
Доста Рожденката

Централна позиција во фабулата на романот „Крпен живот“ зазема ликот на Доста Рожденката, селанка од Мариово
која видела бел свет, била домашна помошничка кај рускиот конзул во Солун. Откако ѝ умрел мажот се вратила во
родното село, Рожден, во градска облека и со градски навики, нови за примитивната мариовска средина. Доста била
убава жена на 32 години, стројна, со стегната половина, долги нозе, измиена и чиста. Нејзиното лице го краселе црни
очи, црни веѓи, црни коси, ситни бели заби, набабрени црвени усни и прав нос. Иако била изразито убава жена,
поради градската облека таа на Мариовци им личела на „чума“. Таква изгледала и на Илко Сукалов кога за првпат
отишол да ја види во Рожден и да ја побара за жена: „Се појави на средкуќи една сенка, по „ѓупски“ облечена, главата
преврзана со една црна шамија; ни прцле има, ни кркми, ни цулувци, ни појас, ни саѓија, ни гуна. Една вреќа
конопна, и во неа нешто како човек, жена, кој знае. Ама асли како оние Ѓупките што продаваат вретена по селата“.
Доста имала чудни навики, сосема непознати за селаните, ги поздравувала луѓето со „добровечер“ или „доброутро“;
носот си го бришела со крпче. Сакала да има свој дом, со скриена надеж дека можеби ќе станела мајка и ќе го
закрпела скинатиот живот. Се согласила да се омажи за вдовецот Илко Сукалов, но не барала тој за неа да плати пари
каков што бил селскиот обичај. Откако стигнала во куќата на Илко, брзо се прилагодила на семејната средина, зашто
од неа потекнувала, но целосно не се претопила во неа и настојувала да го пренесе дома во селото с ѐ она што го
научила во градот. Почнала да готви градски јадења, да ткае килими во разни бои, а најголема новина која ја внела во
селото била испраќањето на ќерка си Неда во училиште. Грижата за иднината на децата кај неа пробудила
егоистични нагони и почнала да се труди да го придобие деверот – вдовец, Трајко со цел неговиот дел од имотот да им
припадне на нејзините деца, а не на децата од Митра. Таа егоизмот го криела вешто зашто била помудна од својата
јатрва која имала исти намери. Во ликот на Доста Стале Попов прикажал жена која сака да постави нови релации во
животот на мариовското село, да придонесе да се изменат традиционалните патријархални сфаќања за жената и
нејзинотот место во семејството.
Митра

Митра е примитивна, неписмена, мариовска селанка со развиено чувсво за сопственост и лична корист. Била
преокупирана со мислата имотот од деверите – вдовци да им припадне на нејзините деца. Сакала тие да се оженат и
да доведат работна сила во куќата „да ја одменат во работата“, но да немаат пород. Кога едниот девер довел жена,
Митра почнуваат ад аја мачат тешки претчувства да не се роди некое дете и почнала да се жали: „Тих! Аир да не
сторат во очите! Јас си веле, стари се, срчка да ѝ вате, нема да раѓаат, ем ќе си има работница во куќата, ем малчокот
и сета сермиичка ќеше да остане на виа, мојте дечуманци. Вака сака да прежалаш од игла до конец. Не е вајда брат
е, од една мајка, од еден татко се“. Мислата дека ќе ѝ се изјаловат интимните планови ѝ всадила во душата немир,
страв и паника. Почнала да крои слокобни планови да го уништи породот на јатрвата Доста, прво со магии, а кога тоа
не успеало, паднала во искушение да го задави новороденчето. Како и секоја селанка од тоа време верувала во
магичната моќ на магиите и клетвите. На повојницата на детето, кога биле собрани жените иго благословувале детето,
таа на секој благослов во себе колнела. Толку била злобна што верувала дека од десетте клетви барем една ќе се
фатела. Во Митра се борат суеверието со верата, а според верата убиството е голем грев. Во алчната заслепеност, од
користољубие да убие, ја кочело сознанието дека: „за смрт, смрт се добива“. Тоа ја отрезнило и на крај победува
разумното и човечното во неа. Во Митра Стале Попов прикажал селанка со развиено чувство за сопственост,
карактеристично за средноимотните и поимотните селани, но и со усет за справедливотс. Во нејзината личност се
борат две психологии: ситносопственичка и раотничка, од што произлегува нејзината колебливост карактеристична
за селаните како сталеж.
Петко Балето

Во ликот на дедо Петко Балето, Стале Попов прикажал мариовски селанец од стар ков: итар, мудар и превеан. Тој бил
вистинско душкало и знаел да намириса кој на која фрлил око и пригаќал да биде наводџија за да извади „некоја и
друга праичка“. Не бил годен за физичка работа, но како наводџија бил неумороен, постојано прешетувал од момчето
до девојката и обратно, фалел, убедувал и измислувал. Токлку бил слаткоречив што им го свртувал умот на и ги терал
да се согласат. Во наводаџиството, според неговото мислење, с ѐ зависело од вештината на убедувањето, во спротивно:
„... и бег да ѝ се врти, ќе го направи мат и маскара и не оди“. Како типичен наводџија, во прв ред, бил заинтересиран
за печалбата: „Море, Ристе, море брату, гледај ти ние да си а свршиме работичката и да лапнеме по некоја меџудија,
та дали јајца ќе му готви, млеко со ориз, оери со мед, тоа нека му ја мисли тој што ме прати“. Дедо Петко бил прав
шмеќар, барал да извлече двојна корист од работата. Тој бил во договор со селскиот поп Трајко, кој му плаќал педесет
од сто ид секоја венчавка што ќе ја наместел. Како стар човек имал слабост кон добрата чашка и слаткиот муабет, во
кои и уживал. Иако е епизодна личност, во ликот на Петко Балето, авторот ја персонифицирал идејата дека човекот
во живото треба да си помогне самиот, да не чека од друг.
Прашања
Прашања:

1. Кои се главните карактеристики на македонската литература по Втората светска војна?


2. Колку фази разликуваме во нејзиниот развиток и кои се тие?
3. Кога и каде е роден Стале Попов?
4. Со што се совпаѓа неговото детство и зошто е исто важно кај него?
5. Кога почнал да твори Стале Попов, кое дело го објавил прво и со што се стекнал со него?
6. Зошто е важно ова дело, што пополнил со него?
7. Кои се некои други негови дела?
8. Каков роман е „Крпен живорт“, што е прикажано во него и што се проткајува во него?
9. Зошто било важно селото Витолиште, што претставувало за Мариово?
10. Како запошнува приказната?
11. Каква била Доста и зошто Мариовците ја гледале како „чума“?
12. Зошто Доста се согласила да се омажи за Илко, која била нејзината најголема желба?
13. Каков однос имале Доста и Митра на почетокот и што направило да се промени?
14. Што правела Митра за да се ослободи од бебето и што мислела при пораѓањето?
15. Кои обичаи за раѓање на дете ги опишал Стале Попов?
Прашања:

16. Откако се родил и Стојан (Толе), што се случувало помешу јатрвите и кој се труделе да го придобијат?
17. Како го решиле проблемот браќата Илко и Стојо?
18. Каде ги пратила Доста своите деца, што покажала со тоа?
19. Што прикажал Стале Попов преку училиштето, што се вршело преку него?
20. Што правеле македонските даскали и попови кои служеле на различни власти?
21. Што се случувало меѓу Нешка и Крле за време на школувањето и зошто било отежнато остварувањето на нивните желби?
22. Што кажува авторот за свадбата и кои се некои од обичаите кои ги опишал?
23. Како завршува романот „Крпен живот“?
24. Како се разликувала Доста од останатите Мариовци, покрај изгледот што практикувала?
25. Што прикажал преку ликот на Доста Стале Попов?
26. Каква е Митра (опиши ја накратко) и која е нејзината главна цел?
27. Што прикажал Стале Попов преку ликот на Митра?
28. Зошто е важен ликот на дедо Петко Балето, што е прикажано преку него? Накратко опиши го.
29. Која идеја ја персонифицирал авторот преку него?
Прашања од матура
Јуни, 2009
Август,
2013
Август, 2013
Јуни, 2019
Јуни, 2019

You might also like