You are on page 1of 6

Во одбрана на „говорот на омраза“ на Апасиев

„Бараат да го повлечам она што сум го напишал и начелата што се мои; да се запрашам
дека не го гледам она што го гледам, дека не го чувствувам тоа што го чувствувам, сепак,
нема сила под сонцето што е способна да ги изменам моите идеи. Јас можам да
гарантирам за чистотата на моето срце, но не можам да ги променам мислите, тие се тоа
што природата на нештата ми ги наложи. Овој бес е недостоен за слободните луѓе, но јас
не се плашам од ништо под сонцето. Значи, ова е резултатот од трите години на живот во
подземје со стаорци и бувови како мои единствени придружници, за да ја спасам
татковината! Еве го резултатот на моите бдеења, на моите трудови, на мојата мизерија, на
моите страдања, на опасностите што ги претрпев! Па, сепак, ќе останам меѓу вас за да го
предизвикувам вашиот бес!“
Жан-Пол Мара, L’Ami du Peuple, 27.09.1792

Дали еден „говор на омраза“ произведува позитивна или негативна дискриминација


зависи од тоа дали неговата најкарактеристична особина омраза, односно, интензивно или
екстремно несакање, аверзија, презир, антипатија или непријателство, е насочена кон
реален или пак конструиран објект (некој или нешто). Ние ќе докажеме детално дека
„говорот на омраза“ на Апасиев е всушност говор на вистината, промовирајќи позитивна
дискриминација против истите тие кои зад противењето на „говорот на омраза“ ја кријат
својата злонамера по секоја цена да го дискредитираат неговиот говор на вистина. Но,
вистината и кога не знае да се брани од нападите на насилниците, таа си стои исправена!
Апасиев е гнев, гневот на правдата на народот и затоа над 55 000 следбеници го слушаат и
веруваат во него. Овие крици на узбуна и бес што ги сметате за празни, се најнаивните и
најискрените изрази на страста што ја гризе Апасиевата душа!

За Маркс, контролaта врз говорот повеќе служи за попречување на човечката


еманципација отколку за нејзино унапредување. Цензурата го прогонува Маркс целиот
негов живот. Неговите најрани публикации ja расчленуваат и во голема мера ја исмеваат.
Маркс никогаш не ја компромитира или разредува слободата на говорот, туку ѝ доделува
посилна, потемелна улога отколку што дозволува дури и либерализмот. Во либералното,
граѓанско општество, објаснува Маркс, „повреда“ претежно значи само попречување на
другите да уживаат во нивните граѓански права. Системот на индивидуални права мора да
обезбеди безбедност (Sicherheit) за поединците да ги уживаат своите права ослободени од
повреди предизвикани од други. Печатот е формално заштитен со такво право, но сепак
завршува „целосно уништен“ штом владата го прогласи за безбедносен ризик, односно за
„говор на омраза“. Со други зборови, граѓанското општество го осудува Апасиевиот
„говор на омраза“ затоа што го осудува основниот интерес зад тој негов говор, класниот
интерес! „Идејата секогаш се срамотела кога зад неа не стоел некој класен интерес“,
сликовито вели Маркс.

Маркс објавува две рани статии, во кои убаво ја разоткрива цензурата. Ништо во неговото
покасно пишување не ја отфрла, па дури ниту ја стеснува неговата судбинска максима:
„Вистинскиот радикален лек за цензурата е нејзино укинување“. Во еден момент Маркс
му го дава последниот збор на Тацит: Rara temporum felicitate, ubi quae velis sentire et quae
sentias dicere licet или на македонски: „Ретка среќа е овие денови човек да може да
помисли што друг сака и да го каже она што тој го мисли.“ Преку тој подбив Маркс не го
фали, туку го жали деветнаесеттиот век.

Како услов за политичка легитимност, слободата на говор го вклучува она што е подобро
опишано како „апсолутизам на мислење“: ниту еден говорник не смее да биде цензуриран
само врз основа на неговите опасни, навредливи или провокативни гледишта. Сите три
придавки на гледиште се однесуваат на Маркс во негово време. Потсетете се дека Маркс
го цитира Шекспир за да ги опише парите како нешто што го изедначува „универзалниот
Бог“ со „универзалната курва“. Потсетете се на неговото гаѓање дека „христијаните
станале Евреи“, исмевајќи ги и двете групи: говор на омраза? Па, ве молам! Мора да се
признае дека Маркс никогаш не би знаел за злосторствата што се случија подоцна а често
се поврзуваат со говорот, како што се геноцидите во нацистичка Германија, Руанда или
поранешна Југославија. Спротивно на широкото јавно мислење денес, тоа беа злосторства
не на говор, туку на мобилизација, што се случуваа под режими не на слобода на говор,
туку на ограничен говор.

Како Маркс, и Апасиев е мислител ненаситен да преземе секаков етички предизвик. „Вие
не барајте дека розата треба да мириса како темјанушка, но најбогато, духот би смеел да
постои само на еден начин? Секоја капка роса во која сјае сонцето болскоти во
неисцрпливата игра на боите, но духовното сонце, доколку многу индивидуи, на чии
предмети тоа исто така се крши, смее да произведе само една, само официјалната боја!
Суштинската боја на духот е ведрината, светлината, а вие правите сенка за единствената
појава што му одговара; само црно облечен треба тој да оди, а сепак меѓу цвеќињата не
постои црн цвет. Суштината на духот секогаш е само вистината, а што правите вие со
неговата суштина? Невиност. Само авантурата е ненаметлива, вели Гете, и вие сакате
духот да го направите таква авантура?“ (K. Marx, Bemerkungen über die neueste preussische
Zensurinstruktion, Berlin, 1958, Werke, св. 1, стр. 6) Да разгледаме неколку од овие
„контроверзни“ етички предизвици преземени од страна на Апасиев и да ги толкуваме на
линија на основниот интерес зад секоја поединечна мисла.

„Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе.“ (Апасиев)

На фронт, луѓето гинат поради нивните грешки. Зошто политичарите треба да ги


третираме пољубезно? Тие водат отворена класна војна против работничката класа. 1 Од
независноста до 2011 година скоро половина милион Македонци биле иселени поради
нефункционалното граѓанско општество доверено на професионални политичари во
доменот на претставничкиот плурализам и на претприемачите-олигарси во доменот на
менаџирање на економскиот живот на 2 милиони сограѓани. Според тоа, тие заслужуваат
дузина пати смрт, секој од овие лоши владетели во политиката и економијата. За што ние
можеме да ги судиме, освен за предавство на сопствената нација, поточно економски
егзодус, а како вие можете да казните некого за предавство, освен со смрт („стрелање“)?
1
Како последица на злосторнички преќутливиот јазик на политичка коректност на државата,
производствените сектори како рударство, градежништво, хемиска индустрија и метало-преработувачка
индустрија во Македонија се претворени во минско поле за работниците каде речиси еднаш неделно некој
работник го изгубил животот. 466 работници биле убиени во процесот на акумулација на капитал во
изминатите 11 години!
Во армијата поради глупоста на десетарот страдаат десет војника, поради глупоста на
водникот – 30, а поради глупоста на командирот на четата – 100-150. Меѓутоа,
претпоставените се тука затоа да ги спречат глупостите на потчинетите. Но, кој да ги
спречи глупостите на општествената интелигенција (политичари, економисти, правници,
филозофи, социолози, одбрана...) која во буржоаското општество постои
„професионално“, а не прави ништо професионално!

„Се моли Шеќеринска да иде у пичку матер. Од Карпалак, па лево!


#МинистеркаЗаОдбранаНаУЧК“

Јас не сум единствен кој застанува во одбрана на нечиј „говор на омраза“. Тоа отворено го
прави и уредништвото на про-либералниот портал Окно.мк на Никола Гелевски бранејќи
го „говорот на омраза“ на Бранко Тричковски: „Ако е вулгарно тоа што го зборува
Тричковски, тогаш како да го наречеме ова што со години ни го прави оваа власт?“ 2
Истото прашање во одбрана на „говорот на омраза“ на Апасиев кон Шеќеринска сосема
легитимно можеме да го поставиме: „Ако е вулгарно тоа што го зборува Апасиев, тогаш
како да го наречеме моралното лицемерие што низ години го промовира професионалната
политичарка Шеќеринска?“ Секако Шеќеринска не може да ги врати во живот
македонските бранители кои погинале во одбрана на уставниот поредок во 2001 година,
но, најмалку што можеше да направи е да не земе активно учество во работата на влада,
која во време на опозиција гласаше против амнестија на припадниците на УЧК.
Историската одговорност е смртен грев за еден политичар.

„Ај да бидеме на чисто. Не постои левичарска влада у свет која не го забранила носењето
фереџе / бурка!
Права левичарка ФЕМИНИСТКА го фрла фереџето со индигнација, како победа над
патријархалниот морал, а не го носи на себе.
Само нашиве NGO-Соросписки „феминистки“ го бранат ова религиозно затуцување на
Жената, кое - да потсетиме - го забрани уште Кемал Ататурк и тоа у секуларна Турција.
Исто, носењето фереџе го забранија и нашите повоени југословенски власти, веднаш
после Ослободувањето.
p.s. Немој да ни потпикнуете верски фундаментализам под плаштот на „човекови права“
😉
#ПротивНеаСум
#ЗаСеопштаЕманципацијаНаЖената
#ЗаСекуларнаАСНОМскаМакедонија“

2
„Читам по социјалниве мрежи - има луѓе на кои им се гнаси од речникот на Бранко Тричковски. Бил
вулгарен. Го претерал. Ма, немој! Е јас мислам сосема поинаку: кој не ги препознава своите мисли, емоции
и човечки реакции во зборовите на Тричковски, и кој не се идентификува со неговиот отпор кон оваа
излудена стварност што ни ја кројат без парче почит, за мене тој е еднакво виновен за работите што допрва
ќе ни се случуваат. Ако е вулгарно тоа што го зборува Тричковски, тогаш како да го наречеме ова што со
години ни го прави оваа власт? Во принцип, не бендисувам пис усти. Ама, за тие што не знаат, да кажам
дека вулгарниот говор, освен ако не е резултат на примитивизам и недоученост, претставува само вербална
реакција на голема фрустрација. Значи, кога веќе не се може.“ (Пис устата на Тричковски во контекст на
нашата стварност, https://okno.mk/node/19299)
NGO-Соросписки „феминистки“ стојат на позициите на буржоаскиот феминизам против
кој со очигледна жестокост се залага Апасиев. Позициите на буржоаскиот феминизам се
хомо-дуплексни, на пример, поддржуваат проституција како право на работа врз основа на
наемното ропство кое е срцевината на експлоатациските меѓучовечки односи во едно
граѓанско (капиталистичко) општество. Оттука сосема е оправдан „говорот на омраза“ на
Апасиев кон овие „NGO-Соросписки „феминистки““ што зад превезот на правото на
работа фактички се борат за интересите на наемните робовласници.

Таткото на економијата, Адам Смит напишал дека парите се моќ, моќ да им се командува
на другите. Капиталистичкото општество се откажува од директната моќ на команда над
телата што ги имаа владејачките класи во минатото. Наместо камшик, ќешот е тој
селективен камшик. Жена со милион акции е во многу поинаква позиција од самостојна
проститутка. Законски и двете се слободни, но која е навистина слободна жена? Ова важи
и за положбата на жената во теократските републики или монархии. Буржоаските жени во
Иран или Саудиска Арабија се вистинските слободни жени.

Но, за голем дел од проститутки не постои ниту измислената легална слобода. Борделите
настанале со ропство, а жените во оваа трговија сè уште се злоупотребувани во овие
бордели низ целиот свет. Либералните апологети или како што Апасиев ги нарекува -
„NGO-Соросписки „феминистки“ како „забулената Мерсиха од СДС на „Нашата Земја““ –
тврдат дека легализацијата на проституцијата ќе ја намали трговијата со луѓе, но доказите
се против нив.3 Единствена практична „десоросоидизација“ (Апасиев) е експропријација
на буржоаската класа!

„Драги НАТОФУНДАМЕНТАЛИСТИ кои се одмочувате на секое трепнување на Хан и


Столтенберг…

Знаете нели дека ова е спротивно на чл. 2 од Пржинскиот договор (2015) и на сите уставни
обичаи – како материјален извор на правото. Или сега кога сте на власт не важи ништо за
вас!?

Ова Грујо да ви го напраеше, досега Бејли ќе наредеше бомбардирање на државава. Па


Режимот имаше поише сенс за ИНКЛУЗИВНОСТ во процесот, бе куриња. Не сте само вие
у државава! Не си играјте со оган!
Ако не па, дај и Уставот сменете го со 61 пратеник. И онака е тоалетна хартија за вас.
Ама, заборавате дека сите шо се му се курчеа на овој народ додека беа на власт, више не
се. Тешко на вас ко ќе паднете. Да не сум ви во кожата, бедници непрокопсани.

#Бојкотирам
#НемаПравдаНемаМир
#ТекЧеДаВамБудеЖао
#ВашатаПАСОКизацијаЕнеминовна“

3
Cho, Seo-Young, Axel Dreher, and Eric Neumayer. Does legalized prostitution increase human trafficking?. World
Development 41 (2013): 67-82.
Треба да си слеп при очи па да трчаш да се зачлениш во НАТО. Она што Америка и
НАТО го сакаат е „стабилност“, а тоа значи безбедност на највисоките општествени
слоеви и на големите странски претпријатија. Ако ова може да се оствари со формални
демократски средства, добро е; а ако не може, убавиот пример кој и се „заканува на
стабилноста“ мора да се уништи пред вирусот да ги зарази останатите соседни држави. На
НАТО и Америка воопшто не им гајле каков е животниот стандард на таа и таа држава, за
нив единствено е важно дали таа и таа држава се нивен сателит!4

„Историјата е лајна!
Неа утре ќе ја пишуваат секакви ДЕБЕЛОГАЗОВЦИ, за секакви интереси“ 😉

(*пророчката реплика на војводата Питу Гули, упатена до претседателот-социјалист


Никола Карев – ноќта пред падот на Републиката) ❤️

p.s. Вечна Ти слава Војводо!


Идеалите никогаш не умираат.
Ќе ја исчистиме Републиката од квислинзи.
Ќе ја пресечеме секоја рака што ќе се осмели да го задржи народот. ✊

#ЛевПатриотизам
#ДватаИлиндена
#ВечнаМакедонија“

Натофундаменталистите или историските шизофреничари како ги нарекувам јас, се


квислинзи бидејќи поддржуваат воена организација чиј примарен финансиер Соединетите
Држави за време на Втората светска војна активно беше на страна на Хитлерова Германија
(Докази: американските корпорации како Стандард Ојл и Џенерал Моторс им продавале
на нацистите синтетичка сурова нафта и камиони без чија поддршка нацистичката
инвазија врз Полска ќе била доведена во прашање; американската капиталистичка
политика на „cash and carry“ одн. трговска соработка со нацистичка Германија и
предавството на конформистичките капиталистички влади на западноевропските земји со
коешто тие го осуетиле планот на Сталин да испрати милион трупи против Хитлерова
Германија – Британија и Франција одбиле сојуз со СССР, надевајќи се дека Хитлер ќе го
уништи комунизмот, така што тие 25 милиони жртви на нацизмот се префрлаат на конто
на капитализмот; сите капиталистички држави потпишале пактови со Хитлер. Полска,
Франција и Англија, сите овие капиталистички држави, потпишале спогодби со Хитлер,
додека Сталин фактички бил последниот лидер кој го направил тоа. Во 1940 година,
поранешниот норвешки министер за одбрана им помогнал на нацистите да ја соборат
владата на Норвешка. Во 1940 година, Филип Петен, поранешен врховен командант ја
водел нацистичката француска држава со главен град Виши. Леополд III ја предал Белгија
на нацистите без борба. Шведска профитирала од нацистичкото злато одземено од
Евреите кои биле убиени во Холокаустот. Идниот државен секретар на С.А.Д., Џон
Фостер Далес ‘и помогнал на шведската влада. Финска им се придружила на германските
нацисти во 1941 година. Унгарија и Бугарија им се придружиле на нацистите без
противење; првиот претседател на воениот комитет на НАТО бил Адолф Хојзингер, инаку
4
Томислав Захов, Членството во НАТО е резигнација кон историска шизофренија
претходно началник за операции на Генералштабот на копнените сили на Третиот рајх,
итн.)

„Кај е сега фашистот Таравари да брои етничка припадност на заразените, коо на Златна
бубамара?“

Алијанса за Албанците од чии редови доаѓа Таравари е фашистичка партија бидејќи


етничките права на Албанците ги става на пиедесталот над граѓанските права: „Ние се
залагаме за би национална држава, бидејки тоа е реалноста во Македонија, а од друга
страна,македонските политички партии се залагаат за една национална држава, во една
мултиетничка реалност“.

.....

You might also like