You are on page 1of 316

А.

Станкоски

М.А.З.Г.И.
Х.Р.А.М. MMX, Источно Скопје
Вовед
А лександар Ромовски наречен Аце Циганот и
Маркизот Ле Глуш Де Скарамиш познат во херметичките
кругови како Сандокан Паша шетаа по Алејата на
Великаните. Многу тоа протераа преку своите виртуелни
рогови овие двајца пријатели. Од кулата стражара (кај
Фонтането во Гр. Парк) каде пред 1941-та царувало
кабалистичкото здружение, а каде Сандокан Паша беше
населен во времето на неговото ергенување, па се до
фамозните шоуа во македонското радио во времето на
војната од 2001 година. Кога од протекторатот Косово
беше лансирана малата гнасна герилска кампања во
режија на Големиот Брат, а во улога на О.Н.А. -веќе видени
сценариа (Пред се во Јужна Америка, Азија и Африка).
Во кулата стражара имаше многу херметички
материјал-констатираа во меѓусебните илегални средби
Циганот и Сандокан Паша. Тие конструираа едно мало
магиско братство базирано на дијалектичките вредности,
но со голема експонираност кон одредени мистични
техники и психоделични супстанци. И двајцата основачи на
оваа микрокелија дијалектика-метафизика, значи Циганот и
Сандокан Пашата имаа завиден херметички бекграунд...
Сандокан Паша беше наследник на титуларот на својот
дедо слободен ѕидар, што му овозможи еден вид грижа од
Братсвото која се манифестираше на таинствен и магиски
начин.
Така малиот маркиз Ле Глуш Де Скарамиш алиас
Сандокан Паша почна да покажува неверојатни
интелектуални и креативни капацитети уште од најмали
4
М.А.З.Г.И.

нозе. Дедо му Големиот Мајстор на Западната Конгрегација


една од најсилните масонски здруженија стана слободен
ѕидар за време на неговиот престој во Америка во
дваесетите години, и кога се врати во својата родна
Македонија отвори сопствена Ложа” во Скопиа. Тоа беше
помеѓу двете светски војни, поточно во пролетта 1931 год.
Ложата имаше свој надворешен и внатрешен круг и и беше
допуштена хиерархиска кодификација до петиот степен, со
можност за генерирање нови нивоа. Во надворешниот круг
членуваа видни граѓани архитекти, политичари,
капиталисти, додека во внатрешниот круг тајно
(надворешниот круг не го знаеше идентитетот на членовите
на внатрешниот круг, на кој му беше подреден преку
авторитетот на големиот Мајстор) членуваа најневеројатни
личности надарени со магиски и парапсихолошки
способности и тие всушност беа генераторот на
здружението.
Членовиоте пак на надворешниот круг беа главно
опортунистички настроени и тоа го знаеше Големиот
Мајстор уште од неговите американски масонски искуства.
Но сето тоа се толерираше -секој дава колку што може
беше древната бабилонска мудрост што често пати ја
цитираше големиот Мајстор. Кога почна војната против
Третиот Рајх -Гестапо уапси и ликвидира поголем дел од
членовите на надворешниот круг во кои беа инфилтрирани
и неколку агенти на тајната служа на Кралството
Југославија кое по распадот и окупацијата од страната на
силите на Оската ги отстапи своите архиви на Абвер. Потоа
се беше рутина. Членовите на внатрешниот круг никогаш не
беа компромитирани. Дедото пак на Маркизот Ле Глуш Де
Скарамиш, на време информиран од неговиот таен
масонски секретар наречен Трето Уво отиде во партизани,
на неколку недели од окупацијата, додека Вермахтот и
Гестапо сеуште се бавеа со довршување на последните
пунктови на отпорот. Всушност тој отиде во едно бачило во
близината на Галичник, од каде беше и родум, и каде во
најстрога илегала беше чуван од неговиот помал брат и

6
А.Станковски

7
М.А.З.Г.И.

неговата фамилија. Беше вооружен со еден стар Колт и


Винчестер (пушка) што ги беше донесол од Америка. Имаше
неколку кутии куршуми за двете оружја. Подоцна тој
формира мала група незадоволници од окупаторскиот
режим која почна да дејствува во Мијачкиот и Брсјачкиот
крај, главно штитејки ги локалкните села од балистичката
наезда.
Крајот на војната ја дочека како командант на
Батаљон во ново ослободениот главен град на идната
Република Манкидонија, Федерална членка на обновената
Тугославија. Незадоволен од комунистичката узурпација на
власта Големиот Мајстор се повлече од политичките
структури и почна да се занимава со градежништво (што му
беше и струка). Ова изиритира многу Агит -Проповци, и тие
почнаа да го клеветат при врхушката импутирајки му
контрареволуција и ревизионизам, како и шпиунска дејност
за западот. Тоа траеше неколку години. И кога условите за
неговото приведување од страна на Службата созреаја,
одеднаш изби Резолуцијата на Информбирото. Тоа беше
геополитички потрес со огромна магнитуда (довчерашниот
идеал С.С.С.Р. стана непријател). Во тој галиаматис дојде
до реформирање на службата и многу од кодошите што
собираа докази против Големиот Мајстор (како фанатични
комунисти) се најдоа на Голи Оток.
Одеднаш интересот на Службата за Големиот
Мајстор сосема се промени. Сега на Ф.Н.Р.Т. и требаше
Западот и одеднаш сите оние што збореа англиски почнаа
да бидуваат третирани со внимание и срдечност. Тука
Големиот Мајстор повторно влезе во игра, и отиде толку
високо во хиерархијата на власта, што велат дека бил таен
советник на Тито цели 25 години. Преку неговите контакти
со У.С.А. и У.К. тој издејствува помош, кредити и заштита на
Ф.Н.Р.Т. подоцна С.Ф.Р.Јот (или јок) како што често знаеше
да се шегува неговиот внук Маркизот Ле Глуш Де Скарамиш
подоцна познат како Сандокан Паша.
Некаде во раните 80-ти кога внукот Ле Глуш Де Скарамиш
почна да завлегува во пубертетот, Големиот Мајстор веќе

8
А.Станковски

9
М.А.З.Г.И.

стар човек, иако витален, го иницира момчето во почетните


тајни на Слободното Ѕидарство.
До времето кога Маркизот Ле Глуш Де Скарамиш
тргна во гимназија, Големиот Мајстор (неговиот дедо) му
предаде голем дел од тајните, што младичот го направи
далеку посупериорен од неговите врсници во секој поглед.
На 16 години Маркизот Ле Глуш Де Скарамиш почна да оди
во една чајџилница во чаршијата каде се собираа
најдевијантните појави во градот. Тоа воедно беше и
собиралиште на градскиот андерграунд. Тука тој почна по
прв пат да комуницира со луѓе што го споделуваа својот
светоглед со неговиот. Тој почна многу сериозно да се
занимава со поезијата и наскоро ја издаде својата прва
збирка песни која беше извонредна, беше талентиран како
Артур Рембо. Во чајџилницата младиот луфтон (масонското
чедо) сретна неверојатни личности кои покрај завидниот
квантум ерудиција, поседуваа и големи магиски моќи
(слични на оние што ги имаше неговиот дедо Големиот
Мајстор).
Великиот Линдру, неверојатниот Пепс Пси,
проникливиот Хинкел, еден куп дервиши и херметисти,
филозофи, уметници и разно разни криминалци и клошари
чие искуство никако не смееше да се потцени. Тука
Маркизот Ле Глуш Де Скарамиш за прв пат го сретна и Аце
Циганот кој беше андерграунд уметник и член на
уметничката група Зелчо. Набрзо Маркизот Ле Глуш Де
Скарамиш стана идеолошки водач на неговата генерација
андерграунд подвижници и херметички практиканти. И
самиот беше радо виден гостин и партиципиент во
ритуалите што многуте спиритуални дружини ги
организираа во викендите, од дервишки зикир до њу
ејџовски рибртинг. Во чајџилницата свратуваа и многу
музичари, пред се рокери и панкери. Набргу музикалниот
Ле Глуш Де Скарамиш го откри колосалниот потенцијал на
неговиот музички талент и тој влезе во музиката, преку која
ќе делува шамански врз масите (подоцна во неговата
музичка кариера).

10
М.А.З.Г.И.

Тој ќе биде фактор на победата на опозицијата на


изборите во 1998 година. А четири години подоцна
,разочаран од власта, не давајки им ја својата енергија и
ентузијазам ќе пушти неговата партија да пропадне на
изборите во 2002 Год. Потоа се повлекува од било каква
политичка активност и во потполност и се предава на
музиката и поезијата. Во тој период почнува интензивно да
се дружи со Александар Ромовски Циганот и заедно со
неколку други магиски личности прават обиди за
реинкарнација на некои тајни братства од минатото. На
крајот сите тие обиди пропаѓаат но за возврат Маркизот Ле
Глуш Де Скарамиш оформува музичка група која се
занимава со создавање експериментална музика во која
мистичките ритуали и искуства се трансформирани во
уметничка форма. За неполни две години бендот на
Маркизот Ле Глуш Де Скарамиш ќе сними 10 музички
албуми и ќе го направи најфасцинантниот креативен
потфат во музичката уметност за последните неколку
декади. Пред се мислам на содржината, а потоа на обимот.
Аце Циганот заедно со Маршал Жешков ќе снимат неколку
неповторливи музички перформанси со Волвокс Купус
името на бендот во кој покрај Маркизот Ле Глуш Де
Скарамиш членуваа велможите на музичката езотерија:
Дрокче зе Рокче, Баба Суџук, Волтер Ал Хаким, Најлон
Жица, Слоно Сурлачич и Сречко Трубаровци.
Инаку многу членови на Волвокс Купус се изменија
во бендот, Маркизот Ле Глуш Де Скарамиш со голема доза
толеранција ги испраќаше старите членови и примаше
нови. За време на тие 10 албуми во Волвокс Купус свиреа
повеќе од 30 музичари. Голем дел од нив беа целосно или
делумно инволвирани во некое езотерично движење. Дел
од членовите на првата постава на Волвокс Купус се
познаваа со Маркизот Ле Глуш Де Скарамиш алиас
Сандокан Паша уште од времето на М.А.З.Г.И.-
таинственото Н.В.О. братство оформено уште во раните
девеесети од страна на Велечесниот Сурличар и Големиот
Мајстор Ќерим Женовски. Ова братство не функционираше

12
А.Станковски

13
М.А.З.Г.И.

долго, но остави зад себе неизбришливи траги. Пред се во


сверите на андерграунд културата на оваа земја. Маркизот
Ле Глуш Де Скарамиш како и Аце Циганот, но и Волтер ал
Хаким беа инсајдери во М.А.З.Г.И. Тие добро го памтеа
патешествието на оваа дрогашко езотеричка организација
и, често пати знаеја да евоцираат спомени од војната од
1999 год. Кога Маркизот Ле Глуш Де Скарамиш живееше во
кабалистичката Кула Стражара на зградата на МЦМ, и кога
гледаа како НАТО авијацијата ги спалуваше териториите на
С.Р.Ј. чии граници беа само на дваесетина километри од
местото на кабалистичката обсерваторија. Во еден момент
на проблесок на меморијата Маркизот Ле Глуш Де
Скарамиш ја виде експлозијата на американскиот Томохавк
- смарт бомб. Така јасно и прецизно што потскокна од
возбуденост, како тој громогласен блесок да се случува
тука и сега. Тој ја размрда својата долга рокерска коса и ги
протри очите. Беше на трип. Тој патуваше низ историските
лавиринти како накаков гулаб писмоносец низ линиите на
фронтот кај Марна (во првата светска војна). Трипот дава
одлични визии доколку знаете каде да го усмерите
неговото дејствие. Маркизот Ле Глуш Де Скарамиш знаеше
да го прави тоа одлично. Откако се поврати, тој му се
обрати на својот пријател Аце Циганот.
-Знаеш Цигану колку беше бесмислен цел тој напор.
Се згрчи по малку десперираниот Маркиз Ле Глуш Де
Скарамиш познат како Сандокан Паша.
-Мислиш Сандокане? Јас не би рекол.
Се е тоа едно искуство кое мора да се согледа во целата
своја комплексност. Сандокан се побуни.
-Од таа перспектива веројатно си во право, но таква
утеха е достојна за пензионери, а не за нас кои сме во
години на најголемата работоспособност. Сандокан Паша
повторно затресе со долгите му коси. Циганот се потргна
на страна да му отстапи простор.
- Не биди апатичен Сандокане. Тоа што си видел
толку многу пропаднати проекти и толку многу ентропија
во општесвените системи не значи дека сета твоја

14
М.А.З.Г.И.

активност биле залудна. Секоја пропаст е само крај на


еден експеримент. Тогаш кога експериментот е завршен
искуственикот ги собира крајните консеквенци на
сознанието. Сандокан Паша се зајогуни.
- Добро бе Цигане, зар не може да се биде барем за
момент реален и да се согледа цело тоа промашување на
еден чисто феноменолошки начин и да се воспостави
иманенција помеѓу тоа што го сознаваме и тоа што го
промислуваме?! Со еден збор да го објавиме нашето
Банкротство после се. Циганот подголтна во блага нервоза
и полека се завалони во наслонот на дрвената клупа
поставена во близината на Алејата на Великаните.
- Слушај Сандокане. Се зависи на што се фокусираш
- како што веќе добро знаеш. При секој наш соглед имаме
предмет на согледување, а тоа е само еден детал од
целината. Вон нашето парцијализирано согледување и
промислување, се е во врска едно со друго и никаде нема
крај. Ние Сндокане правиме граници. Омеѓуваме нешто од
бесконечноста и почнуваме да го тормозиме тој детал со
нашите когнитивни псевдоподии до бесконечност и до
очај. А само малку да се растрезниме од таа фиксација, ќе
го видиме решението веднаш тука, веднаш до деталот што
сме го ограничиле и го тормозиме ли го тормозиме... ОК
може пропаднаа нашите обиди да конституираме
езотерично тело што магиски ќе влијае врз политичкиот
курс на нашата Татковина, но види Волвокс Купус за две
години направи 10 албуми. Што велиш за тоа?! Сандокан
потврдно климна со главата и тивко проговори:
- Бериќатврсн друже Цигане. Фала му на
Севишниот...
Во истиот миг блесна нова експлозија на хоризонтот. А
можеби беше молња.

16
А.Станковски

17
M.A.Z.G.I.

М акедонската Агенција За Геостратешки


Истражувања или скратено М.А.З.Г.И беше основана во
средината на деведесетите како некакво тајно N.G.O. од
група градски дрогаши. Нивната организираност беше
поставена според урнекот на тајните масонски братства, но
нивната идеологија беше нешто сосема друго. Впрочем
како и да немаше некаква идеологија; принципите на
ненасилност развивањето на духовноста и креативноста, и
слободниот однос кон средствата за психоделизација како
да се подразбираа сами по себе. Цел тој концепт на
херметички клуб каде одбраните би дискутирале, дружејки
се би ги терале своите бессони дрогашки ноќи исполнети
со параноја и екстаза, се заговараше уште во касните
осумдесети, нејвехементно од страна на Алфа мажјаците
од андерграунд сцената - Велечесниот и Борзан кој потоа
отпатува за Парис каде и остана да живее...
Членовите на М.А.З.Г.И. повремено пишуваа
профетски текстови или есеи кои понекогаш беа
објавувани во понекој локален часопис. Тие на сето тоа не
му даваа некое посебно значење.
Артификацијата на понекоја идеја беше само
пракса на едукативност, нешто како репродуцирање,
навидум не толку значаен елемент за духовниот раст, но од
друга страна една доблесна предаденост кон оние на
понизок степен на спознание кои во сократовски смисол
страдаат во зоните на незнаењето и поради тоа помошта
што им се укажуваше преку дидактичноста е напор кој е
18
М.А.З.Г.И.

сам по себе духовен раст. Да речеме некаква хуманитарна


активност на свеста. Свест која тежнее да освестува преку
механизми кои не се исклучиво виртуелни, туку во својат
структура содржат извесен степен на конкретност и
материјалност. Една од општо прифатените методи на
осознавање на простор времето во континуитет и
дисконтинуитет беше нивната страст по
“трансциденталната историја” чиј родоначелник во овие
краишта беше Христо Поп Христов кој воедно беше еден
вид ментор и гуру на членовите на М.А.З.Г.И. Методот на
Т.И (трансцидентална историја) се состоеше во тоа
иницираните заедници да дискутираат (или барем да се
обидат) за определен историски, филозофски или
естетички проблем под јако дејство на мескалин. Во
недостаток на мескалин како можни алтернативи се
наведуваат: Псилосибин, Л.С.Д. или пак некои
традиционални психотропни супстанции како на пр:
Вештерската маст, амброзија, татула, опиумски чај, колачи
со хашиш и марихуана...
Се што било е историја, се што е станува историја во
моментот на рецепција; историјата е рецепција на
севкупноста. Само тоа што не било не е историја, но ако
биде, ќе биде историја. Сето знаење е вметнато во
историјата, всушност тоа и’ е иманентно на историјата
зошто таа и знаењето се едно исто.” Сите членови на
М.А.З.Г.И. беа или себе си се сметаа за уметници, без оглед
на тоа како ги заработуваа средствата за живот. Всушност
иако тешко доаѓаа до пари беа благодарни што не живеат
во минатите векови и што на мира може да ги исповедаат
своите идеи без да бидат екстерминирани поради тоа.
Но како впрочем дојде до тоа М.А.З.Г.И. да биде така
парадно формирана. Цел тој квази елитен драјв, цел тој
институциален симулакрум, со хералдички референци
(Грбот на М.А.З.Г.И. го изработија двајца членови на
десетчлениот борд: На грбот беше посмртната маска на
Тутанкамон и иницијалите на братсвото и сестринството -
во бордот членуваа и три жени. Претседател беше Церим

20
А.Станковски

21
М.А.З.Г.И.

Зеновски стар дрогаш и искусен во институцијалните и


политичките работи. Извршен директор на бордот беше
самиот Велечесен кој се грижеше за логистичката
поставеност на организацијата) со стратешки агенди, со
аналитички елаборати, со информативна интеракција и
влез во глобалната хиерархиска мрежа, со идеолошки
капацитети и можност за вклучување на истите на
интернационалната берза на идеологии, со релевантна
интактност во однос на локалното законодавство (Одеднаш
големите мајмуни од Н.Т.Ш. што везден го драпаа
Велечесниот, понекогаш и со физичка сила - што беше
навистина дегутантно; одеднаш сите тие Термангани се
изгубија и Велечесниот заблеска во ослобоениот простор
како некаков Лорд) и конечно со пари... Всушност парите
требаше да бидат факторот на институционалното
означување на организацијата и на нејзините амбиции. А
парите ги обезбеди самиот Велечесен преку своите
контакти.
Секако дека локалкните глобалистички моќници
пуштија одредени своти директно во организацијата, но
тие моќници само ги спроведуваа инструкциите на нивните
газди. - интернационалните владетели кои како некакви
танкери пловеа по идеолошките мориња сервисирани од
безброј мали идеолошки морнари, или ако повеќе сакате
спин - апаратчици. Но секако дека тие морнари -пилоти -
идеолози (кибери) имаа повеќе од елитен статус во
најмоќните општесва на планетава. Еден таков “Спин -
Кибер” беше и Џон Пол Џонс роден во Амстердам од
мешан еврејско - фризиски брак, неговиот портфолијо
беше импресивен, Докторат по Психологија на
Амстердамскиот Универзитет, Докторат по Философија на
Хајделберг, Докторат по Антропологија на Гентскиот
Универзитет, Докторат по Социологија на Универзитетот во
Ротердам, докторат по компаративна религија на
бостонскиот Универзитет и секако докторат по книжевност
на Харвард, да не го заборавиме и докторатот по
етнолошки науки и музика на Беркли (Сан Франциско) кој

22
А.Станковски

23
М.А.З.Г.И.

во времето кога се сретнаа со Велечесниот во Фиренца му


беше во подготовка. Џон Пол Џонс беше близок пријател
со Тимоти Лири, Ален Гинзберг, Мик Џегер, Кристо
Јавашев, Енди Ворхол, Џорџ Сорос, Вуди Ален, Хилари
Клинтон, Мајлс Дејвис, Вилим де Кунинг, Пол Мекартни,
Јулиан Шнабл, Роберт Лонго, Вилијам Гибсон, Бил Гејтс и
други славни личности. Но во непосреден контакт Џон
изгледаше сосема пристојно, весело, емотивно и тактично
дури и убаво, имаше 55 а изгледаше за 35 годишен, беше
еден од најперфектните продукти на еволуцијата на
западниот човек.
Сега тој продукт гледаше во антропосверата и се
обидуваше да го профура својот Know How во бившо
комунистичките земји. Затоа беше извонредно платен,
неговиот инкам на годишно ниво знаеше да ја достигне и
цифрата од пет милиони фунти. Но префинетиот Џон Пол
Џонс не ги туткаше своите пари во банки или на берза, Џон
отвори мрежа на невладини организации кои требаше да
се занимаваат со проблемот на дрогата. Прибидејки и
самиот љубител и уживател на многу видови на дроги
(поборник на алтернативно - научната теорија за
влијанието на дрогите врз еволуцијата на свеста на човекот
и на неговата култура ) тој изгради еден мал идеолошки
систем наречен “Harm Reduction” или намалување на
штетноста од дрогите и нивната социјална инфлуенца
преку позитивна социјална методологија како што е
приближување на здраствените соц. структури кон
дрогерашката сцена преку социјални работници кои би се
грижеле за најбезпомошните дрогаши со дрога или
фармацевски супститут, со чисти игли како превентива од
СИДА, со пропагандни кампањи за легализација или
декриминализација на лесните дроги, со едукативна
пропаганда, со бесплатно делење кондоми, со
култивизација и културна едукација на алиеанираните
зависници и.т.д. Џон Пол Џонс беше веќе поприлично
високо респектирана фигура на светската идеолошка
берза, неговите стручни совети беа сериозно разгледувани

24
А.Станковски

25
М.А.З.Г.И.

од финансиските бордови на таканаречените соц.


дизајнери футуристи, на планетарно ниво. Тој таа1995
година организира голема NGO - дрогашка средба на
светско ниво во Фиренца. Беа поканети близу 500 гости по
специфични критериуми. Инаку акомодацијата беше на
врвно ниво, покриена со десетини милиони фунти
стерлинзи. Близу триесет посто од поканетите беа од земји
на бившо комунистичкиот блок и земји од третиот свет каде
што уште немаше дрогерашки NGO’а, но во кои Џон Пол
Џонс и неговите спонзори решија да го имплементираат
“Harm Reduction” програмот. Од Македонија беше поканет
Велечесниот како застапник на дрогашката кауза. Тој беше
избран после едно негово интервју за “Екран” кое беше
насловено: Зошто се дрогирам и зошто на памет не ми паѓа
да престанам”.
Интервјуто предизвика скандал во претежно малата
и провинцијална средина на тогашниот недоквакан
комунистички мегалополис - метропола на ајварот од сите
категории. Но локалниот глобалистички моќник Цомлин
виде идеолошки штоф на ова писание и преку своето
“NGO” ја проследи информацијата понатака кон
централните структури каде таа беше процесуирана од
информативните филијали на “Harm Reduction” “NGO”
комплексот. Велечасниот беше инструиран да оди со
нешто помалку екстремно, со некоја аполитичка тема како
на пр: Проблемот на дрогата и принципите на заштита на
животните, нешто еклектично и налудничаво, нешто што
нема да предизвика премногу бранувања во домашната
јавност и нови брутални напади на фашистите и
националистите врз “NGO” - то на Цомлин. Иако дискретно,
принципите на “Harm Reduction” ќе се тераат во
потполност, но потребна е постепена суптилна едукација
на иритабилните и агресивни маси изгубени во моралниот
и идеолошки галијаматис на “Транзицијата”. -Велечесниот
ја свати пораката, и поканата ја прифати со задоволство.
Велечесниот набрзо напиша еден текст за животните и
односот на човекот кон нив и отпатува за Фиренца.

26
М.А.З.Г.И.

Поради пионерските настојувања на програмата


“Harm Reduction” во посткомунистичките земји, се створи
еден невиден интерес од страна на сите делегати кон оваа
“Антропозона” која туку што напушти едно општесвено
уредување кое на запад се појави токму како теориско -
политички систем, систем на авангардни идеолози кои
подоцна историјата ги претвори во утописти, во
сомнебулни сонувачи, идеолошки шутови со сериозен
имиџ; или пак комунистичката идеологија беше
имплантирана на погрешни места и во погрешни времиња,
та нели според Маркс и Енгелс првите комунистички
општества требаа да бидат формирани во тогаш,а и
подоцна, нај индустрилизијаните земји во Европа...
Значи експериментот бил воден во крајно
неподобни услови, па сепак и СССР и Кина станаа светски
сили. Второто провокативно прашање беше врзано со
иднината на капитализмот и неговата скоро застрашувачка
криза на идеологии. Лево ориентираните земји од
капиталистичкиот блок, земјите со добро изградени
социјални системи влечеа големи поуки од марксистичката
идеологија но ги монтираа во системот со голема
претпазливост и селективност. Дали сепак комунизмот е
историска неминовност која кога тогаш ќе преовладее со
светот, по еден, два, три или пет векови... Како што првите
обиди за радикални промени во идеолошките структури во
одредени историски општества резултирале со гротескен
утописки пад, така исто можеби скорешниот пад на
комунизмот во источна Европа е само уште еден таков
дедаловски потфат, како Ехнатон или Спартак на пример,
како Адам Смит... како појавата на аватарите и нивната
социјална инфлуенца - религија - спиритуална едукација,
соборност, економија... една соема консеквентна
философска и духовна пракса која формира сосема
специфична социјална конфигурација....
И Рајот е еден тип општество, едно метафизичко
општество на чистата свест... Значи сите пост комунистички
луѓе имаат едно искуство со иднината, на идеолошки

28
А.Станковски

29
М.А.З.Г.И.

нивоа, со еден вид футуристичко поимање на општеството,


нешто што луѓето од капиталистичкиот блок го немаат, а
можеби уште со векови ќе го немаат. Сон кој никогаш не го
сонувале... Прибидејки во сите земји од бившиот
комунистички блок пред комунизмот имаше капитализам, и
еве сега повторно капитализам... Како комунизмот да бил
некаков лет во вселената или некаква посета на Луна Парк
што капиталистичкото искуство не било во состоба да си го
дозволи.
-Зошто? Поради пресметаноста?
-Поради стравот од ризик? Поради врзаноста за
материјалното и поради конформизмот? Или западот е
толку велик и моќен што може да си дозволи експерименти
со антропосферата на цели континенти. А каде е тогаш
моралот на кој истиот тој запад се повикува како на
круцијална вредност на неговиот идентитет и ентитет. И ете
затоа излагачите од бившо-комунистичкиот блок
предизвикуваа толку голем интерес. Имаше сто реферати
кои требаа да бидат прочитани за десет работни дена.
Велечесниот требаше да го чита својот на третиот ден
некаде во попладневните часови.Првите три дена тој се
маваше по Фиренца цицајки ја со страст убавината на
Ренесансата.
-“Уфичи” , ах, каква концентрација на убавина ќе
воздишнеше од време на време хранејки ги локалните
голуби со остатоци од кифлата што си ја беше купил од
блиската кафетерија, по малце го фаќаше трема при
помислата дека во публиката ќе биде светската елита, но
петте грама хорс што си ги понесе од Скопје криејки ги во
ректумот пред царинските власти го грееја како стар
швајцарски камин. Иако беше алчен знаеше да
економизира. Тоа го научи од еден негов пријател дрогаш
и исто така член на МАЗГИ -Џо Билбао кој секогаш кога ќе
купеше “петка” од Доторе, ќе ја поделеше во пеесет мали
паковки и ги распоредуваше по три дневно така да се
формираше една шема од шеснаесет дена по три паковки и
еден ден со две паковки; Кога ќе дојдеше- денот со две

30
А.Станковски

31
М.А.З.Г.И.

паковки, Џо веќе беше во потрага по Доторе.


Велечесниот често го исмејуваше и критикуваше
ситничарството на Џо, но во оваа и слични на оваа
ситуации му беше благодарен. Кога Велечесниот го
прочита својот реферат, се појави чуден џагор на
контраверза кај слушателите. Некои агитатори од пост-
комунистичките земји се зајогунија со негодувања, а осуда
дојде и од некои слободни агенти на западот; демек ова е
вон контекст зошто ова е конференција за дрогата, а не на
друштвата за заштита на животните и дека се работи за
внатрешна опструкција по принципот на политичката
коректност и обид за политизација од владини позиции и ...
Но тогаш целата итрина на Велечесниот дојде до израз. Тој
и се обрати на публиката со самоуверен глас што само
хорсот на Доторе може така да го поткрепи.
-Слушајте колеги, овој текст е метафора, метафора за
статусот на зависниците во мојата земја. Барам само
минута од вас. Само една минута!
И Велечесниот се упати кон видео бимот. Тој му
врачи касета на операторот за да ја пушти. На екранот се
појави снимка на телото на Велечесниот по едно
бестијално малтретирање од страна на терманганите од
Н.Т.Ш. Телото на Велечесниот беше модро, црно и црвено.
Главата му беше отечена како тиква. потоа следеа други
документи од тој тип, Вањол, Разбојник, Фантом, Петел,
Штеф, Триглав... публиката молкна. Мува да пројдеше ќе
звучеше како б-52. Одеднаш се слушна едно осамено
шлапкање на дланките. Тоа беше Џон Пол Џонс кој
аплаудираше цели дваесетина секунди... а потоа мразот се
скрши и татнеж од стотици вжештени дланки се разлеа низ
халата. Велечесниот стана херој во најелитните дрогашки
кругови во светот тој ден.
Џон Пол Џонс лично му честита на Велечесниот
ласкајки му со највозвишени комплименти. Тој воедно
лично го покани на затворената забава планирана за
највлијателните десетина дрогаши идниот ден. Утредента
точно во девет навечер една лимузина го собра

32
А.Станковски

33
М.А.З.Г.И.

Велечесниот и го однесе во една раскошна вила на


северозапад од Фиренца. Велечесниот се почуствува како
да е јунак во некој гламурозен холивудски филм. Во дворот
од вилата стоеја паркирани бесни спортски и раскошни
протоколарни автомобили. На влезот Велечесниот беше
пречекан од лакеј во црвено жолта ливреа кој му одаде
достојна почит и го внесе во холот. Тука го пречека Џон
Пол Џонс кој топло го поздрави и го однесе во големиот и
раскошен салон наместен во духот на чинквеченто.
Велечесниот за момент се зазјапа во големите платна на
Тинторето и Веронезе, тука имаше и дела на Пармиџанино,
Росо Фиорентино, Џордано, Ангело Бронцино, Каналето,
Гверчино и едно помало платно на Караваџо - вистински
музеј.
Кога Велечесниот ја симна главата од сликите тој се
соочи со уште поголем предизвик. Во централниот дел на
салонот имаше мала инсталација што му го привлече
вниманието. Од прво тој не можеше добро да види за што
се работи поради малата гужва од гости што се створи
околу објектот, но набрзо свати (според движењата на
гостите) дека се работи за едно големо брдо кокаин чиј
снежен врв достоинствено рефлектираше во гигантскиот
сребрен послужавник. На Велечесниот не му
требаше многу објаснување. Заедно со Џон Пол Џонс брзо
се најдоа до кокаинската планина (во вредност од три
килограми) и си направија пристојни црти од по триесетина
сантиметри секој , за почеток. Од кога си ги иснифаа
цртите Велечесниот и Џон Пол Џонс слатко си се насмеаа
еден на друг како забавачиња. Тоа беше почеток на едно
топло пријателство. Набрзо Велечесниот забележа нов
момент. Недалеку од кокаинското брдо тој виде една
голема златна вангла за која мислеше дека е полна со
бонбони но кога се приближи свати дека се работи за
кондоми. Тогаш Џон Пол Џонс му објасни на Велечесниот
за што се работи...
- Види ова е една мала оргија за врхушката на
нашата организација,. Овде се заштитните средства - Џон

34
А.Станковски

35
М.А.З.Г.И.

Пол Џонс зеде неколку кондоми од златната вангла и му ги


подаде на Велечесниот.
- Во оваа вила има дваесет соби. Во секоја соба има
по една врвна куртизана што така да кажам, со раширени
нозе чека да прегрне некој од нас. Долу во салонов се
мотаат уште десетина куртизани кои служат за подгревање.
Ние сме десет, а двајца од нас се педери, но за нив има
посебни соби со понеколку професионални љубители на
анусот. Само да ти кажам дека досега сме направиле
десетина вакви оргии и во ниеден случај ние десетмината,
пардон осумина не сме дошле ни до пола. Со сите можни
стимуланси, доуп, -афродизијаци... Ни до пола... Овие жени
ги имаат најжешките пички во овој дел од Италија, верувај
ми.
- Уф - Како на шала уфна Велечесниот. Просто не
можеше да верува што му се случува.
- Знаеш Џон, можеби е поради погрешната хемија.
Џон Пол Џонс само слегна со рамената.
- Знаеш, ниту Јас нити било кој од врхушката не ги
организира овие забави, тие одат во пакет знаеш, секако
секој може да земе какво сака средство за стимулација, но
верувај ми ова се навистина моќни меѓуножни фурни. Еееј,
овие жени многу добро си го знаат занаетот.
- О.К. Џон, но сепак би ти препорачал малку хорс.
Тоа во комбинација со коката ќе те направи безмилосен по
прашањата на копулацијата и пред се на ејакулацијата која
иако триумф на чинот воедно значи и капитулација на
нашите понатамошни освојувачки обиди.
- Знаеш дека си во право. сепак ова е само една
обична забава. Но тоа што го кажа ме инспирира. Ако
ништо повеќе тогаш барем поради спортскиот дух и честа
на мажественоста. Знаеш, организаторите и куртизаните по
секоја забава онака, како божем на шала ми се подсмеваат.
Само педерите добро проаѓаат, тие единствени ја
постигаат нормата, понекогаш и ја натфрлаат загнетувајки
им се на членовите на обезбедувањето.
- Но анусот не ејакулира. Цинично се насмеа

36
М.А.З.Г.И.

Велечесниот.
- Секако, впрочем нивните триумфи не изненадуваа
никој од останатите делови на врхушката. Всушност дај од
тоа хорсот. Баш ме интересира како ќе ни оди овој пат. Ако
си случајно гладен, од левата страна на салонот е
трпезаријата...
Велечесниот направи две црти “хорс” и тие
снифнаа. Одпрвин малку се изгубија и малаксаа, но по
дваесетина минути полека им се начулија ушите, а телата
почнаа да им се полнат со врколачка сила.
- Ајде. Му довикна Велечесниот на Џон Пол Џонс и
во неколку скока се најде до една полуразголена куртизана
која во левиот агол меланхолично го лицкаше својот
Кампари.
- Ооо Сињоре. Се насмевна со надмена насмевка
кога Велечесниот се најде пред неа. Таа си мислеше дека
овој потпален балкански лик ќе биде лесен плен. Неколку
добро исконтролирани потези со меѓуножното менгеме и
ова подпалено животно ќе прсне како пубертетска
бубулица. Обично овие скапо платени и полни со
самодоверба курви од висока класа со многу цинизам и
ладнотија (барем што се однесуваше до емоционалните
аспекти) општеа со гостите иако имаа извонредна техника
достојна на древната тајландска куртизанска школа,
нивните реакции беа повеќе од ладни. Никаква
гестикулација на лицето, никаков звук од устата никакво
офнување. Тоа како да им беше принцип. Принцип на
неврзување со муштеријата кој може да ејакулира но
никогаш нема да ја добие душевната наклонетост на
куртизаната. Од друга страна тој резистенс на курвите уште
повеќе ги подпалуваше муштериите, кои понекогаш знаеја
да проманифестираат и еден вид заљубеност, еден вид
инстант сексуално - емотивна зависност од недопирливата
душа на преубавите куртизани.
Но Велечесниот имаше своја агенда во која
виртуелната ароганција на куртизаните беше ирелевантна.
Напротив нивниот манир го исполнуваше со чуден

38
М.А.З.Г.И.

длабински хумор кој само повеќе ја засилуваше неговата


сексуална харизма. Тој силно ја зграби разголената
госпоѓица и брзо ја заврти напупувајки и го задникот кон
својот оријашки фалус. Брзо како видра си го навлече
куртонот (со мали гумени бобинки) и заора во подопашјето
на куртизаната. За неа ова беше вистинско изненадување.
Таа простенка едвај контролирајки го фуриозниот лезет
што и ја подгреа утробата. Кога Велечесниот почна
сериозно да ора куртизаната веќе беше доживеала три
оргазма и сега беше во сверите на ирационално
возбудливиот и параноично неподнослив континуиран
оргазам при кој почна да доживува некакви почетоци на
астрална проекција што и беше крајно непознато и
застрашувачко искуство. Веќе неколку минути нејзините
оргазмички крикови ги параа сводовите на вилата. Такво
нешто ни еден од присутните немаше доживеано. Околу
Велечесниот и куртизаната се собра група од гости и
куртизани.
Некои зачудено гледаа од скалите, други
задскриени зад пердињата од сомот. Дури и педерите беа
тука за да се уверат дека ништо страшно не се случува таа
вечер. Набрзо куртизаната со грчевит напор се извлече од-
гигантскиот фалус (нешто помеѓу Џон Холмс и Рон Џереми)
и одскокна на страна на една од барокните фотељи за да
собере душа. Велечесниот остана зачудено со својот
сексофон во рацете. Се заврте лево десно, и тоа токму на
време за да го види црвенокосиот дрогаш - педер како се
лизга по гелендерот со задникот надоле, точно
нацентриран кон стапот на Велечесниот. Но Велечесниот
направи спретен дриблинг и педерашот одлета во ендек,
заринкувајки во полиците со книги кои како кубистичка
лавина го затрпаа со тежина од која се губи свест за
пократко време. Ова предизвика смеа и мала
релаксираност со што повторно еросот се врати на сцена
прогонувајки ги во подсвесното страшните прикази и
претпоставки од пред малку. Тогаш се огласи Јон Пол
Џонс: Браво! Каков величествен и благороден пријател и

40
А.Станковски

41
М.А.З.Г.И.

брат имаме во врхушката. Во име на ова откритие да


направиме мал еротски ритуал во кој сите ќе се собереме
во салонот и ќе формираме круг околу овој врвен господин
(покажува на Велечесниот), а тој ќе тера до каде може да
тера... впрочем имаме уште 29 дами врвни по своите
еротски квалитети способни за акција... Прифаќате ли драг
пријателе (со милозлив поглед Џон Пол Џонс го прашува
Велечесниот)?!
- Секако драги пријатели! Со насмевка ги озари
надежите на присутните орниот за полноќно орање
Велечесен.
- А Дамите, дали овој предизвик го прифаќаат, без
навреда?
- Прифаќаме - се заори хорот на женските гласови и
смеа.
Тогаш Велечесниот демонстрираше што значи да се
имаат талентите на Распутин и Примо Карнера во едно. Тој
добро ги изора сите тие скапоцени минџи. Секоја од нив
доживеа најмалку по 3 оргазма, имаше и такви што паѓаа во
несвет после десетиот, некои пак се подоправуваа и
повторно му се пупеа на Велечесниот а тој ора ли ора -
All night long. Извици и крикови на протагонистите се ореа
по акустичните простории. И најискусните куртизани вакво
нешто никогаш не беа искусиле. Некои од нив пред овој
настан веќе беа и фригидни од претераната експлоатација
на еросот, но Велечесниот ги излечи, или барем повторно
ги врати во царството на оргазмот и тоа во еден колосален
стил. По некој од гостите дооруваше по некоја од
полуосвестените куртизани. Дури и двата педераши
успеаа да кутнат неколку типа од обезбедувањето. Утрото
кога гостите се повлекуваа кон своите хотели Џон Пол
Џонс триумфално се врткаше по салонот, како да танцува.
Наоколу десетици испозаспани куртизани хрчеа како да не
спиеле со денови. Ова беше невиден и неочекуван триумф
кој долго ќе се раскажува на елитната секс сцена од
Фиренца, како во времето на големите полноќни орачи од
доцниот Барок. Од времето на големиот венецијанец

42
А.Станковски

43
М.А.З.Г.И.

Џакомо Казанова.
Пропуштивме само да ве известиме за финалето на
оргијата. Велечесниот нити во еден момент не ја изгуби
контролата врз ејакулативниот механизам иако имаше
четириесетина копулативни перформанси. Кога
последната куртизана после десет минутно невидено
свршување пропратено од крикови што ни самата
конгоанска џунгла на чело со Тарзан, Тантор, Чита и Џејн
не би можеле да ги произведат, му се онесвети на
Велечесниот на кур; Овој нежно ја легна на килимот и
потоа го извади сурушот од нејзината фурна.
Гледачите како да видоа како на Велечесниот му
чури мачорот. Тогаш Велечесниот триумфално се исправи
го извади презервативот и брзо го задрка својот пенис.
Ејакулацијата беше страшна, насекаде како да паѓаше
дожд од сперма. Сите беа испрскани од таа неверојатна
жива фонтана на еросот. Во секој случај обилната
ејакулација беше и резултат на разните морски
специјалитети (протеински бомби) што Велечесниот обилно
ги гнетеше откако пристигна во Фиренца. Триумфот на
Велечесниот беше потполн. Тој се врати во Скопиа заедно
со Џон Пол Џонс.
Еуфоријата беше невидена. Тие акаа заедно
насекаде уживајки во сите аспекти на животот воедно
дрогирајки се до избезуменост. Опиум од Кочани и
Кавадарци, хашиш од струмичко... Велечесниот го воведе
Џон Пол Џонс во лавиринтите на својот харем каде вруќите
минџи на наложниците му го топеа фалусот. Аркадија.
Бетонска Шангрила, повторуваше Џон Пол Џонс
фасциниран од земјата на Велечесниот. Тој дури забележа
(по две недели престој) дека пенисот му пораснал цели три
сантиметри и, од своја страна го препорача кај “братот”
Цомлин во име на заедничкиот голем мајстор. И парите
протекоа. Велечасниот изнајми палата на Водно и таму ја
смести својата канцеларија. Наемнината и комплетното
реновирање како и мебелот веднаш беа платени од
големиот газда преку експозитурата на Цомлин. Кон

44
М.А.З.Г.И.

палатата полетаа десетици дрогаши. Но времето на


престојот на Џон Пол Џонс се истенчи (го чекаа активности
во N.Y.) и тој почна полека да се прибира. Вистинските
убавини се карактеристични по тоа што кога се оделувате
од нив тие сеуште живеат во вас. На разделување Џон Пол
Џонс беше исполнет со тивка радост, како да открил
таинствено азно што еве сега го носи со себеси таму од
каде што дошол. Со пораснатиот фалус ќе ја изора
браздата на својата сопруга (истотака доктор по
психологија) како во најсмелите сништа. И тој отиде од
ФИРОМ задоволен од себе си како да се просветлил.
Првите неколку недели од новото фундирање на
М.А.З.Г.И. изгледаа фабулозно. Дрогашките скрибомани се
фрлија на работа. Се отвори и сектор за С.Ф. чиј шеф стна
Скајлаб Бачи, еден од најпрефинетите дрогаши, врвен
познавач на спекулативната фантастика, идеолог на
панкеризмот, готикот и новиот бран во Скопија. Бордот
заседуваше скоро секојдневно дрогирајки се и водејки
дискусии за политиката и футуристиката. Веќе десетина
текстови со сериозен обем беа подготвени за печат. Почна
дистрибуцијата на чисти игли за фиксашите и кондоми за
ебачите. Хармонијата беше безмалку онаква каква
владееше во инфантилниот Балтазар Град. Науката е тука
да ги спречи вашите проблеми. Повелете во “Харм
Ридакшн” центарот (подоцна наречен: Фармери Дракшн од
локалните викендаши - циници), каде мистериозниот борд
на тајното друштво М.А.З.Г.И. води дијалог со светот, и
каде се промислуваат најзагадочните проблеми на
денешницата.
Велечесниот се надимаше како паун. Ах, каква
среќа, каков успех. Парите доаѓаат а дрогата не
недостасуваше. Но една вечер заедно со пратката хероин
од Чаир во палатата на М.А.З.Г.И. влезе и младата
доставувачка - Мадам Шакал.
Велечесниот ја почасти со дел од пратката и набрзо
потоа ја кутна. Мадам Шакал покажа неверојатни
перформанси. Нејзината фурна беше врела како вулкан,

46
А.Станковски

47
М.А.З.Г.И.

вистинско животно. Велечесниот имаше намера да ја


импресионира “for live” и да ја шутне, но Мадам Шакал не
покажа некоја посебна фасцинираност што го
испровоцира самољубивиот карактер на Велечесниот.
Набрзо Велечесниот се насука на нејзината личност.
Имаше предпоставки дека оваа провинцијална магесница
му капнала сопствена менструална крв на Велечесниот во
кафе (стара љубовна магија по потекло од Драчево), и
Велечесниот на општо изненадување ја промовира оваа
дрогашка аутсајдерка во своја прва и единствена
тантричка партнерка. Всушност Велечесниот и Мадам
Шакал дебело се навлекоа на хероин. Веќе немаше онаква
енергија во М.А.З.Г.И. каква што владееше по враќањето на
Велечесниот од Фиренца. Тој го распушти харемот
препуштајки им ги своите метреси на толпата
исфрустрирани дрогаши што се мотаа по вилата на “Харм
Ридакшн” центарот претворајки го во Shuting Gallery.
Ова веќе почна да ја прелева чашата на
издржливост. Ирационалната стратегија на
Велечесниот почна да доживува слом. Позиционирањето
на Фармери Дракшн на Водно помеѓу најелитните
представници на општеството што беше одраз на
склоноста на Велечесниот кон елитизмот беше повеќе од
контрапродуктивна. Присуството на дрогаши во околината
ги уплаши и загрижи соседите кои имаа видно влијание во
власта. Тие организираа конспиративна акција за
искоренување на оваа дрогашка комуна преполна со
декаденција и претенциозност. Набрзо надлежните
механизми на власта организираа и кампања во која
Граѓаните удрија жестока критика врз дрогата и
дрогашките институции. Работата отиде дотаму што група
родители на ученици и гимназијалци дојде со петиција до
владата. Тие веќе беа добро информирани за тоа кој стои
финансиски зад “Фармери Дракшн” и почнаа да ја
подјадуваат веќе добро позиционираната сатрапија на
Цомлин.
Нападите овој пат беа уште пожестоки одколку во

48
М.А.З.Г.И.

почетокот на фундирањето на фондацијата “Отворени


Светови”. Сите непријатели на Цомлин сега се здружија и
почнаа да ја сечат гранката на која тој го градеше своето
затворено за јавноста царство. Притисоците беа големи и
постојани и доаѓаа од сите страни.
Конзервативните сили, клерикалците,
комунистичките пуританци, социјалистичките штребери,
националистите, па дури и структури од неговата партија
се здружија и се пуштија во лов на Цомлин и во
екстерминација на неговиот профатибилен идеолошки
пантеон, неговото царство на идеи. Веќе немаше каде.
“Фармери Дракшн” мораше да исчезне од сцената. Во
прашање беше опстојувањето на институцијата на
Големиот Мајстор на овие простори. А тоа не смееше да
биде доведено во прашање. Од двете зла мораше да биде
избрано помалото.
Рутината во воспоставувањето на извесни
институции како и нивното укинување секогаш е поврзано
со парите. Впрочем Цомлин тоа многу добро го знаеше и
тоа му послужи како алиби за да го подвргне Велечесниот
на финансиска контрола што од своја страна беше
пресудно за кредибилитетот на Велечесниот. Се покажа
дека во тие 7 месеци одкако беше основан центарот за
“Харм Ридакшн”
Велечесниот и Мадам Шакал заедно со уште неколку
најтешки зависници од нивниот круг потрошиле околу
седумдесет илјади долари, претежно на хероин, покривајки
ги трошоците со фантомски проекти. На крај Велечесниот
ги понуди текстовите на дрогашките скрибомани, но
Цомлин воопште не беше заинтересиран. Всушност тој не
прочита ни еден единствен ред од нив, иако пред само
седум месеци тој знаеше и да цитира по некоја реченица
од ретките текстови на Велечесниот, изигрувајки
заинтересираност за андерграунд идеите на Џон Пол Џонс
(личен пријател на Тимоти Лири) и пред Големиот Мајстор.
Но склоноста и симпатиите се едно, а политиката друго.
Разрешувањето на Велечесниот беше мачно и полно со

50
А.Станковски

51
М.А.З.Г.И.

емоции. Одеднаш тој се најде изолиран во самиот бастион


на својата моќ. Џон Пол Џонс долета од Њу Јорк како
сведок и како пратеник на Големиот Мајстор. Тој веднаш ја
свати ситуацијата и со големо жалење му даде за право на
Цомлин. Велат дека Џон Пол Џонс со месеци тагувал
поради овој немил настан, но тој никако не можеше да го
спаси кредибилитетот на Велечесниот. На денот на
разрешувањето на Велечесниот, Џон Пол Џонс плачеше
како мало дете. Конечно и тој самиот беше на платниот
список на Големиот Мајстор, а и сите негови проекти кои
постигаа планетарна промоција беа поткрепувани со пари
на големиот газда.
Локалниот плебс како излезен од сликите на
Бројгел ликуваше кога дрогашката братија беше исчистена
од велелепната вила на Водно. Велечесниот се отсели во
еден мал стан на Партизанска (во Карпош III). Во почетокот
тој сеуште имаше илузии околу сопствениот авторитет, но
останувајки се поосамен тој се соочи со суровата
реалност. Сите тие пријатели дрогаши побараа нови
полиња за натпревар, далеку од оние сиви и магличасти
предели на депресија што го формираа персоналитетот на
Велечесниот. На крајот го напушти и Мадам Шакал. Велат
се фатила со некој второлигашки голгетер, фудбалер со
кур доколенко. И како капак тапирите од Н.Т.Ш. повторно
му се најдоа на патот малтретирајки го Велечесниот
секогаш кога за тоа ќе им се укажеше прилика, како
последен клошар.
Од целата авантура на Велечесниот му останаа
десетина есеи што дрогашите скрибомани од М.А.З.Г.И. ги
напишаа тие седум месеци. По неколку години, кога НАТО
нападна врз тогашната С.Р. Југославија, Велечесниот во
знак на протест (веќе беше голем антиглобалист) против
дволичната англо-американска политика, направи две
копии на овие текстови и им испрати по една на
Претседателот на Ирак Садам Хусеин и на шефот на
Либиската држава Моамер Ел Гадафи. Тие дискретно
(преку тајни канали во О.Н., каде Велечесниот имаше јаки

52
А.Станковски

53
М.А.З.Г.И.

роднински врски) му се заблагодарија и солидно го


наградија. Така Велечесниот малку подзастана на нозе. Но
непријателството кон него од сопствената држава и народ
(барем од оние што го представуваат, то ест, манипулираат)
остана.
- Ако не си со англо-американско - ционистичката
олигархија тогаш си осуден на пропаст. Како во времето на
Рим со антиримски настроените индивидуи или групи.
Често знаеше да каже Велечесниот при некое од неговите
ретки напади на сентименталност. Всушност и покрај се
беше среќен. Беше здрав како бик. Многу жени му доаѓаа
на ноќно орање носејки му по некое тенџере полно со
сарма или подварок од дома. Апетитот добро го служеше, а
и потенцијата му беше во одлична кондиција. Љубовта кон
дрогата никогаш не беше доведена во прашање.
Понекогаш ќе седнеше и ќе напишеше по некој текст. Тоа
навистина ретко се случуваше...

54
Мал таен состанок а-про по
амостојната изложба на Коки
П о големите турбуленции на глобалната
геостратегија, по војната во Југославија од 1999 и
конфликтот во Македонија од 2001-та, по големиот и мал
Џихад и псеудо апокалиптичните настани во Њу Јорк,
маестро Коки одпатува во Пехчево за таму
(изолиран од големата вознемирувачка прикаска)да ги
подготви печките во кои ќе биде инициран еден по се’
високо контролиран алхемичарски пекол од 940 C° -
температура при која оловото преминува во злато, а тоа
пак во метафора за убавината на овие чудесни керамички
суштества - творби, чеда или пак пријатели на уметникот
(како што милуваше да ги нарекува Макс Ернст, тие
скулпторски дела што ја сочинуваа неговата колекција -
создадени од него самиот и од неговите креативни
побратими од колонијалните пространства на планетава).
Прв пат овие скулптури на Маестро Коки ми беа
представени пред неколку месеци во тајната резиденција
на Господинот Н.Ш. Сокол - виден активист на андерграунд
сцената, кој во својство на резидент ја овозможуваше
логистиката на нашите конспиративни аналитички сеанси
во обновеното М.А.З.Г.И. свикувани од страна на
церемониал мајсторот Г.П. Велечесен и под
покровителство на неговото височество војводата од
Ајронхил. Во текот на мрачните предвидувања а-пропо
“мирот во светот” што десперираните дискутанти ги
најавија како можна појава во периодот на неоварваризмот
во глобални размери, маестро Коки во својство на еден

56
А.Станковски

57
М.А.З.Г.И.

постмодернистички шаман ги приложи репродукциите од


својот најнов опус. Творбите блеснаа во етерот на нашите
перцептивни камери обскури како дијаманти во брзите
како пастрмка дланки на Сер. Оливер Коки -аристократ,
врвен познавач на економските паралогизми и секако
пасиониран колекционер на убавите нешта. Во времињата
кога Боговите војни водат, а музите молчат, Маестро Коки
се престорува во некаков анархо - либералистички вулкан
и почнува да ги пече своите порции чиста естетика...
Маестро Коки: Види ги овие печки (доставувајки
фотографски документ), исти се како оние во Аушвиц...
Оваа креативна авантура во Пехчево ми го доближи
ничеовиот концепт за естетиката повеќе од кога било до
сега но не како историска или стилска парадигма, туку како
процес, или подобро-драма во која виртуелноста на
моралниот дискурс добива своевиден паметник...
Останатите (во еден глас): Но маестро Коки, зар
помислувате на фактот што концепуализмот во својата
револуционерна фаза токму “процесот” го инаугурираше
како идеолошка акција за една нова општесвена
естетизација при која ќе се избришат класно - историските
дистинкции.
Маестро Коки: Секако, но исклучиво во една
утопистичка перспектива, која останува само потенција на
еден надминат креативно - интелектуалистички
симулакрум, напуштен од историските текови како
предекадентен и отфрлен од арт -маркетот како
беспредметен и неапликативен во системите на
потрошувачките модуси. Затоа ви велам пријатели на
уметноста, возобновениот интерес за метафизиката која
единствено може да биде посведочена низ баналитетот на
алегориското, одново нуди гаранции за прастарите
принципи на иманентност помеѓу процесот и артефактот,
етикетата и естетиката, материјата и антиматеријата,
Христос и Светот...
Останатите (во еден глас): Свети Августин вели:
“Истури за да бидеш наполнет. Заборави да сакаш за да

58
А.Станковски

59
М.А.З.Г.И.

научиш да сакаш. Одврати се, за да бидеш повратен”.


Кратко кажано: Се она што треба да зема и прими, треба и
мора да биде празно.
Маестро Коки: Токму така О’ пријатели на
уметноста! Како во древната зен прикаска за учителот кој
при запознавањето со својот ученик почнал да ја налива
чашата со вода до нејзиното потполно наполнување, па
продолжил понатака да ја налева чашата со вода до
прелевање, а можеби - зошто да не и до потопување.
Запрашан од ученикот зошто тоа го прави, учителот
одговорил: Твојата свест е преполна со заблуди како оваа
чаша со вода, а кога е толку полна како ќе пронајдеме
место во неа за да ти ја преточам вистината?
Останатите (во еден глас): Болката минува,
убавината останува!!!
Маестро Коки: Токму така мои пријатели на
уметноста. Деконструирајки го сижето и исцрпувајки ги
контекстите доаѓаме во допир со перфекцијата на битието.
ЕЕЕЕееееј!
Во истиот момент Маестро Коки исчезна
вовлекувајки се во една поголема дупка на подот. Неговиот
арлекински шарм остана како поздрав... Подоцна заморени
од силното чудење заљомзивме во длабока халуцинација
следејки го Маестро Коки во Пехчево... како се приближува
кон печката ноншалантно, носејки го сиот тој џез со себе,
како Пинк Пантер...

60
А.Станковски

61
Дуел

В о дувлото на Разбојник се раскажани многу


прикаски, некои од нив вистинити, а некои
фантазмогорични. Но тоа никогаш не ја намалила големата
инфлуенца на разбојниковиот авторитет. Беше тоа фигура
со монументална сила, неговиот лик што зрачеше со
магиска проникливост - сличен на ликот на Чезаре Борџија,
неговото торзо на горила, неговите екстремитети како
екстремитети на крупните предатори од саваната - лавови,
леопарди, задникот му беше голем и моќен, како два
“Џонсон” мотори за хидроглисер да беа ставени еден до
друг - можеше да ака со километри низ градот; прстите му
беа како кај врколак со долги и јаки нокти кои никогаш не
ги сечеше ... Застрашувачко суштество, но и суштество кое
во конбинација со својот притаен карактер зрачеше со
невообичајна привлечност. Во градот беше познат како
еден вид маг, алхемичар склон кон езотеријата и голем
експерт за херметизмот, но откако си купи компјутер
неговиот интерес за овие сибилински активности како да
спласна, а се појави еден скоро манијакален интерес за
музиката што ја програмираше во огромни количества на
својот електронски пријател. Тој во еден период имаше
преку 170 музички композиции од по неколку минути и веќе
беше спремен да го издаде својот прв албум, но
недостатокот од пари беше хроничен и Разбојникот долго
време кубуреше во агресивно незадоволство и очајно
исчекување да се најде некоја добра душа со доволно пари
што би се ставила во улога на мецена. Таа личност и

62
М.А.З.Г.И.

конечно се најде - некој бизнисмен, наводно пријател на


Разбојникот од детството со кого Разбојникот случајно се
сретнал во “Медина” едно од најпроминентните
андерграунд локации во градот. Пријателите на
Разбојникот беа заинтересирани за идентитетот на овој
чудесен мецена - донатор на пари - карактеристика така
ретка во нашите традиционално шконтерски простори, но
Разбојникот со опасна љубомора го криеше неговиот
идентитет.
Мистериозниот мецена му беше ветил финансирање
на ЦД на Разбојникот, а како доказ на неговата сериозност
му врачил на нашиот црномурест пријател и неколку
стотини Евра со кои Разбојникот ја надгради меморијата на
својот персоналец. Сите овие настани ветуваа радикални
позитивни промени во музичката кариера на Разбојникот
која беше скоро во потполност маргинализирана по
неговиот голем и единствен хит “Криза” кој се појави на
андерграунд сцената во почетокот на девеесетите и кој му
донесе висок рејтинг во дрогашките кругови во градот. Во
меѓувреме Разбојникот помина низ многу музички
влијанија; тоа пред се’ се однесуваше на неговиот однос
кон техно музиката кој се трансформираше од потполно
одбивање до потполно прифаќање, така да неговиот најнов
опус беше во потполност техно... Но сепак карактерот на
Разбојникот во голема мера беше имплементиран во овие
170 композиции кои подразбираа десетици часови музички
материјал што Разбојникот одново и одново ги
преслушуваше со видно задоволство и гордост. Никогаш во
својот долг и драматичен живот тој помалку мрзлив
конзумент на уметност не бил така продуктивен, како да
доживуваше некаква лична ренесанса. 170 композиции,
некои цел свој живот работат за вака обемен опус, а
Разбојникот пак тоа го направи за само една година.
Понекогаш чуствуваше дека е гениј, и тоа од оние чудни,
езотерични, најмалку сватени гении чија вредност се
открива со децениите и вековите што доаѓаат. Но најмногу
од се сакаше својата музика да ја густира во друштво на

64
А.Станковски

65
М.А.З.Г.И.

добри пријатели уживајки во марихуана фундирана со


редовните порции метадон и ако има некоја линија кокаин
случајно, тогаш сеансата се претвораше во вистински
празник.
И токму во еден таков ден кога интуитивниот како
животно Разбојник чуствуваше необјаснива животна
радост која навеваше убавина до замор, се појавија
неговите пријатели Коки и Велечесниот, двајца извонредни
мајстори од тајното езотерично здружение М.А.З.Г.И. и
воедно капиталци на андерграунд сцената. Разбојникот ги
прими во манир на голем џентлмен, ги послужи со густ сок
од тетрапак чиј отвор вообичајно секогаш беше фатен со
стара дрвена штипка, по малку метадон им капна во чашите
небаре подготвува алхемичарски коктел, а потоа се зафати
со виткање на џоинт. Во меѓувреме расположениот Коки
Оливер Оливер извади најлонче со некои грам и пол
кокаин и го заниша пред носот на Разбојникот. Овој
веднаш ја насети дрогата и пуштајки ја својата десна рака
брзо како мачка го дофати најлончето и го отргна од
лепливите прсти на Сер Коки Оливер Оливер.
-А што е ова - почна да си поигрува Разбојникот -
Дрога а! Еее дрогаши бе, до кога бе памет нема да ви дојде
бее... И го стави најлончето во џеб. Коки почна да
протестира барајки го назад најлончето, но Разбојникот
остана немилосрден, барем за кратко. Кога Велечесниот
влезе во акција Разбојникот почна да попушта. - Еј
Разбојниче, дај некоја мазна површина да исртам некои
линии - Велечасниот имаше стил кој ги спојуваше аспектите
на судбинското и прагматичното. Беше роден водач. Ретко
која личност можеше да одолее на неговата скоро
хипнотичка воља. Тоа важеше и за мажите и за жените без
оглед на класата, етносот и расата на која и припаѓаа.
Разбојник му го подаде најлончето на Велечесниот,
а потоа му даде една мазна монографија за “Арт Брут”
продуцирана од незаборавниот Жан Дебифе. И пред да се
врати на довршувањето на џоинтот тој како срамежливо
забаваче ги запраша гостите што сакаат да слушаат, а кога

66
А.Станковски

67
М.А.З.Г.И.

гостите почнаа да пројавуваат колебање тој пресече со


својот предлог, а тоа беше секако неговата музика. Гостите
малку ги подзамрзнаа насмевките, но при толку дрога
срамота е да се биде избирлив, а уште понедолично би
било да се биде негативен во однос на Разбојниковиот
предлог, пред се’ што релацијата доби и лични конотации.
Разбојник стана и го активира комјутерот.
-Чекај, чекај простенка Коки, борејки се за малку
етер, чекај малку Разбојниче, ај прво да го шмркнеме ова. -
Еве бе одма, само да ви пуштам... хм...аха... Тие ги шмркнаа
цртите, а потоа Разбојникот ја завзеде својата омилена
седечка позиција “Ала ситинг бул”на своето омилено
чергиче и го запали џоинтот. Додека влечеше мамутски
димови устата му се растегнуваше во притаена насмевка во
која се одразуваше едно големо но контролирано
задоволство. Тоа беше насмевка на некаков гигантски
рептил од предисторијата. Музиката се разлеа низ
просторијата мешајки се со димот што Разбојникот го
испушти од својата уста... - Па, па, па... многу добра кока,
мора да признаам - Се окези Разбојникот...
- Од каде ја набавивте?
- Ммм, ни ја поклони Циганот - по малку мрзливо се
огласи Велечесниот . Неговата неволност во одговорот
потекнуваше од сознанието што Разбојникот и Циганот
веќе одамна не комуницираа меѓусебно, а овој антагонизам
меѓу нив потекнуваше уште од пролетта 1999 кога
Разбојникот и Циганот ги конфронтираа своите ставови
околу интервенцијата на НАТО во СРЈ. Имено Циганот
жестоко ја осуди акцијата на НАТО нарекувајки ја
империјалистичка, додека Разбојникот кој го мразеше
режимот на Милошевич, а ги обожаваше американците и
англичаните се стави во одбрана на НАТО и застана зад
нивниот напад бранејки го безмалку фуриозно.
Разбојникот беше жесток полемичар и беше спремен да ги
брани своите ставови и со физички средства. Сепак до
ваква агресивна завршница на нивниот спор никогаш не
дојде, но тие престанаа да зборат, а времето што доаѓаше

68
А.Станковски

69
М.А.З.Г.И.

само ги одалечи еден од друг, рушејки ги и оние мали


расклатени мостови што останаа да ги поврзуваат.
- Од каде па на Циганот Кока? Тој не сака кокаин... -
Се спротистави Разбојникот со нервозен глас. Велечесниот
алергичен на расправии само мрзеливо одмавна со раката,
но Коки кој секогаш беше спремен за разговор, посебно
кога беше добро издрогиран веднаш го презеде кормилото
не чекајки нова шанса.
- Циганот ни ја поклони коката што и самиот ја
добил на поклон од братучед му... А братучед му ја добил
од неговата колумбиска пријателка со која се запознале
пред некоја година во Лондон и која од тогаш доаѓа секое
лето во Скопиа носејки позамашни количества кока со
себе. Веројатно така си ги подмирува трошоците за пат,
престој и малку забава...ха, ха... - се поднасмеа Коки.
Ова очигледно не му беше доволно на секогаш
заинтересираниот Разбојникот и тој продолжи да копа.
-Ееее, така се пренесувала кока преку граница, па
посебно позамашни количества. Знаеш ли бе Коки како
тресат тоа цариниците?! А и кучиња дресирани имаат...Не
ме заебавај бе. Тоа Циганот лаже како Циган. - Разбојникот
повторно го презеде џоинтот од Коки кој беше повлекол
неколку замашни димови и ги потисна длабоко се до
најпериферните алвеоли. Откако епски го испушти димот
Коки продолжи:
-Де бе Разбојник, колку си скептичен.
Човекот фино ни ја даде коката и ни ја раскажа
прикаската... а ние си збориме...конечно што е важно. - Се
затвори Коки симулирајки навреденост. Разбојникот се
зарогуши за момент, но изобилството на дрогата го
правеше толку среќен што и да сакаше не беше способен
да се кара.
-Добро бе Коки, ај кажи ми како таа пријателка на
братучед му на Циганот успева да прошверцува да речеме
еве сто грама кока од Колумбија? - Коки го зеде џоинтот од
Разбојник, повлече неколку дима и:
-Циганот ни кажа дека ја пренесувала во пичка, ја

70
А.Станковски

71
М.А.З.Г.И.

ставала коката во кондоми и ја загнетувала во пичка, ете


така. - Рече Коки и продолжи да тегне димови од
џокавецот. Разбојникот направи подсмешлива гримаса
-Ееееј па тие финти се класика бе Коки. Знаеш ли дека и
најглупото куче одма ќе ја намириса коката ако е ставена
на такво место, а и цариниците прво на што се сомневаат
се пички и чмарови, да тибам...с - Коки направи мало
движење со раката со што му даде на Разбојникот до
знаење да замолчи.
-Слушај го ова Разбојник - продожи Коки -
Пријателката го правела токму во деновите кога имала
мензис. Сфаќаш. Си ја гнете коката ставена во кондом, а
врз пичката си става тампони. Мирисот на менструалната
крв ги збудалува кучињата, така да нивната егзалтација
цариникот т-ест цајканот не ја поврзува со коката туку со
сексуалниот драјв на дотичната џукела... а и да брцаш во
крвава пичка не е баш најпристојно, ха, ха, ха... почна да се
смее Коки заразувајки го со своето смеење и Велечениот
кој се беше истегнал на каучот како Махараџа. Разбојникот
го прифати ова објаснување климајки со главата и
испуштајки мала цинична насмевка. Немајки маневарски
простор за понатамошно иследување тој пушти во етерот
еден непристоен предлог: А пријателкава од Колумбија да
ја поноси мојава меѓуножна кока малку со својата пичка?
Мамуу да им ибаммм - се захухта секогаш спремниот за
агресија Разбојник. Но ова само го правеше
понеконтролибилно и поинтензивно смеењето на Коки, а
Велечесниот пак се забавуваше гледајки ја оваа скоро
гротескна релација меѓу двајцата пријатели, придружувајки
му се на кокиевиот кикот по малите паузи за обсервација.
Одеднаш Разбојникот го засили тонот во звучниците
демонстрирајки мала навреденост поради игнорантскиот
став на гостите кон неговата музика. Звучниците како да
запрдеа. Тоа навистина беше музика што ретко се слуша.
Основата беше некаков едноставен и шематизиран техно
ритам, но обидите за надградба со мелодиски фрази, со
бравури, семплови психоделизација и импровизациии

72
М.А.З.Г.И.

правеше од композициите чудни и вознемирувачки


какафонски конгломерати. - Пафта-пуфта, крк -
рррррууууууурк, пафте - пуфта... Навистина беше тоа
крајно неестетично, но истовремено и едно крајно
бесрамно проседе. Одеднаш Коки почна да го гледа
Разбојникот како парталав селски врач кој танцува околу
своите реликвии како зашепурен мисир. Пафта - пуфта,
трррррр...
Со хистерична безумност го освојуваше умот на
реципиентите оваа невообичајно гротескна музика на
Разбојникот. Пафта - пуфта, трт траааа крк пуф... -
Напредуваше овој по малку застрашувачки музички
караван, засмејувајки го Коки, а и Велечесниот до
максимално издржливите граници. Во еден момент
смеењето на Коки стана толку интензивно што тој почна да
го губи воздухот во градите. - Аххххххххххх, хи, хи,
ккккккиииии... - Веќе се назираа болни консеквенци од овој
емоционално музички инпакт. -Аахххх, хуууу, ха, ха, ха, аух,
ху - Се прибираше Велечесниот од несносниот
хумористички вртлог. Коки пак почна повремено да се губи,
да се бори за малку воздух, да се дави во сопственото
смеење. Оддеднаш тој како давеник кој се обидува да
излезе на површината, се фати за надлактиците на
Разбојникот и почна да го стега со таква сила што сиротиот
Разбојник испушти јак кучешки цвилеж изразувајки ја
својата болка.
-А што бе тие бе говедо бе, ееееј - успеа да се
разлути Разбојникот во целата изненаденост и болка. Коки
почна полека да се прибира. Тој го пушти Разбојникот и се
завали наназад полека прибирајки се од тоа неочекувано,
фуриозно лудачко смеење. - Ух, ууууух’ уф со години..Ух -
Коки попримаше извинувачки изглед. Во знак на добра
воља Коки повторно честеше неколку црти кока... па
повторно... и повторно, и кога конечно коката се потроши,
а Разбојниковата музика стана вистински пекол за ушите,
Коки и Велечесниот си станаа и набрзина го напуштија
несносното дувло, оставајки го Разбојникот со неколку

74
А.Станковски

75
М.А.З.Г.И.

незгодни прашалници во главата.


-Orе Voir Разбојник...
Следниот ден Разбојникот забележа една страшна
кафеава модрица на долниот дел од десната надлактица.
Ужасно го болеше. Тој почна да го пцуе Коки, онака сам за
себе пред огледалото. Разбојникот беше супер
реваншистички настроен, тоа му беше во карактерот уште
од мали нозе, а лузерството наспроти социјално -
едукативниот поредок, уличарењето и дрогата го направија
уште подетерминиран во омразата и одмаздата кон
непријателите свои. А не требаше многу за да се навлече
гневот на Разбојникот кој знаеше да биде фуриозен. Еден
погрешен поглед, несоодветна насмевка, лошо избран
збор или едноставно немање некој ќар од познатата му
личност го правеше раздразлив. Понекогаш од чиста мира,
онака изненадувачки и подло знаеше да шибне некого по
шија или по теме, и ако жртвата бараше објаснување,
Разбојникот секогаш имаше обвинувачко сценарио -
Слушам си јадел гомна против мене - Уште позаканувачки
ќе се затетребеше Разбојникот, а жртвата пак немаше друг
избор освен да се правда или онака понижена и навредена
да се дистанцира од дофатот на Разбојниковите канџи...
Следниот ден Разбојникот почна да се жали наоколу
покажувајки ја модрицата и порачувајки преку заедничките
пријатели - дрогаш камаради дека ќе му го ебе мамето
мамино на Коки кога ќе го сретне, и дека би било најдобро
за Коки да се држи што е можно подалеку од него.
Пројде една недела, а модрицата на Разбојниковата
подлактица полека почна да исчезнува. Разбојникот
повторно го фати некое милно расположение и тој реши да
се подружи малку со Велечесниот чија харизма беше
неприкосновена во андерграундот и сходно на тоа беше
преќутно прифатен како некрунисан крал на
алтернативните мрежи, бунтовник со шарм, култивирана
личност без блазираност, експерт за дроги и музика, ебач,
а можеби и таен кандидат за локалната масонска ложа. За
Велечесниот се збореше дека има дури и хипнотички

76
А.Станковски

77
М.А.З.Г.И.

способности, а во женските и педерските кругови


владееше фама за неговиот енормно голем фалус со кој
понекогаш ги частеше најперспективните минџи во градот.
Педерите секако беа безнадежно вљубени во Велечесниот,
кој иако беше сексуално толерантен (тој никогаш не ги
бркаше, малтретираше или понижуваше педерите) сепак
ретко ги удостојуваше со близина, и ако тоа го правеше
нештата беа поставени на исклучиво платонски нивоа.
Разбојникот пак беше вистинско еротско чудовиште,
посебно привлечен за подевијантните женски карактери, а
курвите просто лудуваа по него. Една дури и го нарече
Чезаре - како одраз на неговите притаени моќи кои на еден
по се’ мистериозен начин конвергираа со политичкото...
И така тој прекрасен сончев ден Разбојникот отиде
кај Велечесниот на визита. Со него имаше нешто Хепи -
Енд, трева и беше расположен како петел на буниште во
мај. Велечесниот го дочека со пријатна насмевка и го внесе
во својот раскошен салон на чии ѕидови доминираа
портретите на Адолф Хитлер, Алистер Кроули, Бенито
мусолини, Јосиф Сталин, Ленин, Бакуњин, Кропотопкин,
Тимоти Лири, Чарлс Менсон, Генералисимус Франциско
Франко, Ванчо Михајлов и како единствен женски портрет
Лени Рифенштал.
-Влези, влези Разбојниче - со достоинствена
љубезност го чествуваше Разбојника Велечесниот.
Разбојникот влезе и се завали во една од раскошните
фотељи.
-Сам си? - Запраша Разбојникот со акцентирано
внимание.
-Не, тивко одговори Велечесниот, а неговиот
одговор го покри млазот од тоалетното казанче од
соседната просторија - “WC”. И кога Велечасниот заусти за
да му соопшти кој е тука, на огромно изненадување на
Разбојникот во салонот влезе Коки, добро расположен по
обилното торлачење. Инаку Коки обожаваше да оди на
гости, и да дефецира во тамошните тоалети. Како некое
животно што остава натурални маркери за своето

78
М.А.З.Г.И.

присуство. Оваа склоност кон одомаќување или ако сакате


- територијалност беше веќе општо позната карактеристика
на Коки.
-Види, види, кој е тука заржи со перверзна насмевка
Разбојникот, триејки ги воедно своите раце, како да добил
бинго на лотарија. Разбојникот му пријде на Коки кој со
срдечна насмевка му ја пружи раката за поздрав. Но
Разбојникот наместо да се поздрави, му ги извади малите
леноновски очила на Коки и склопувајки ги, ги одложи на
аголот од масичката што беше лоцирана крај нив. Коки
беше изненаден, а неговата насмевка остана да му
левитира на лицето во блага збунетост. Разбојникот
гледаше во очите на Коки со чудна детерминираност.
Одеднадеж тој се подзаврте малку и шљас! - Силен шамар
го измести неочекувано Коки од рамнотежа. Тој по
инерција падна врз креденецот неколку метра подалеку
предизвикувајки силен метеж и звук на скршено стакло и
порцелан. Велечесниот кој за момент беше свртен со грбот
кон протагонистите помисли дека некое големо возило
удрило во неговото живеалиште, или дека има земјотрес.
Но кога онака нагло се заврти да види што се случува, го
виде Коки како лежи во подножјето на креденецот со
скршена вазна и неколку тацни за финџали кафе
расфрлани околу него.
-Ту бе да тибам карактерот бе Разбојниче, што
правите бе? - Се развика Велечесниот. -Прашај го Коки, тој
знае што се случи - Одговори Разбојникот доаѓајки до
рафтовите со книги што всушност беше библиотеката на
Велечесниот, почна да пребира по насловите. -Аха, “Also
spraht Zaratustra”, баш сакам повторно да ја читам -
Иронично продолжи Разбојникот, вадејки ја книгата од
нејзиното лежиште. Коки немо лежеше на подот.
Велечесниот вџашено гледаше час во шокираниот Коки,
час во расчаламениот Разбојник кој седна во најблиската
фотеља, и мирно како ништо да не се случило почна да си
ја листа книгата. Велечесниот му пријде на Коки за да го
поткрене но Коки со движење на раката дискретно ја одби

80
М.А.З.Г.И.

оваа помош. Тој не кажа ништо. Пополека стана и седна во


долниот агол на салонот, седна на подот потпирајки се со
грбот на ѕидот. Салонот се исполни со
мачна тишина. Секој обид да се прекине оваа мачнотија
беше соочен со несовладливи препреки на идиотизам и
залудност. Само звуците што Разбојникот ги создаваше
листајки ја книгата по малку ја реметеше таа неподнослива
мачнотија. Велечесниот одеднаш се придвижи тој ги зеде
очилата на Коки и приоѓајки му му ги подаде. Коки кратко
го погледна и ги подзеде. Тој едно време ги држеше во
раката, а потоа ги навлече зад ушите. Делуваше до крај
десперирано. Целиот дигнитет му беше сведен на “0” од
овој понижувачки гест на Разбојникот кој се однесуваше
како ништо да не се случило. Велечесниот сочуствуваше со
Коки, но од своето долгогодишно искуство научи дека
секое зафаќање страна во вакви ситуации може само уште
повеќе да ги искомплификува нештата. Тој запали цигара,
зеде еден пепелник и се свали на другата фотеља, на некој
метар одалеченот од ѓоамити зачитаниот Разбојник.
Минутите проаѓаа. Тишината стана неиздржливо мачна.
Одеднаш Коки стана и застана пред Разбојникот.
-Ај надвор. - Ова беше неочекуван истап пред
Разбојниковата самувереност.
-Што- Промрморе Разбојникот како некој да му
понудил слатко од сливи кое не му е многу по вкус.
-Велам ајде надвор да излеземе, да го довршиме ова
- продолжи Коки со уште поголема решеност и цврстина.
-Ма ајде бе- Се затетреби Разбојникот, одбивајки
понатака да се бави со Коки. Но дрскоста што Разбојникот
честопати ја користеше како еден од своите нај јаки адути
овој пат не функционираше.
-Ајде бе да излеземе, овде нема смисла да
продолжиме, ќе направиме лом... Инсистираше Коки, што
беше изненадувачки, па дури и застрашувачки за
Разбојникот кој се обиде да ескивира - седи си таму сега
сме квит. - се обиде Разбојникот, но Коки никако да
застане. - Ајде бе Разбојник, биди човек - Инсистираше

82
М.А.З.Г.И.

Коки. Но Разбојникот никако да стане. Гледајки го сето ова


Велечесниот реши да превземе нешто.
-Ај, не се натегајте повеќе. Слушај Разбојник , фер е
да излезеш со Коки...
Разбојникот немаше веќе маневарски простор. Тој
почна неволно да се дига од фотељата. Набрзо сите тројца
се најдоа на улица. Но како за беља улиците беа исполнети
со минувачи, беше три попладне, време кога вработените
се враќаат дома. Тие побараа некое изолирано место, но
такво место никако да најдат. По некое време се најдоа
некаде на “Јужниот Булевар”, на еден осамен паркинг зад
Музејот на Град Скопија. Во околината немаше повеќе
минувачи и тие застанаа. Велечесниот како некаков
боксерски арбитер се одалечи чекор, два од нив, додека
Коки и Разбојникот застанаа еден наспроти друг. Тие се
гледаа неколку десетина секунди и, одеднаш Коки замавна
и со тупаница го погоди Разбојникот по нос -Паф -одекна
тупо силниот удар. Разбојникот се фати за нос и направи
неколку чекори наназад едвај очувувајки ја рамнотежата.
Коки пак изненаден сам од себеси одскокна наназад
правејки солидна дистанца од зашеметениот Разбојник.
-Ту маму тибам - промрче Разбојникот сеуште
држејки се за носот. Коки стоеше од него на пристојна
далечина од неколку метри, рацете му беа поткренати и
стиснати во тупаници, небаре очекува напад. Но нападот
изостана. Разбојникот одеднаш се сврте и го напушти
местото, одејки со се позабрзан чекор кон излезот од
паркингот. Коки не чекаше многу тој му мавна на
Велечесниот во знак на поздрав и се запати во спротивниот
смер. По неколку десетици секунди Велечесниот остана
сам на паркингот. Не можеше да се изначуди. Во реалноста
Велечесниот го вратија благите грчеви во стомакот кои
сугерираа пожелна дефекација во блиската иднина и тој
брзо се упати кон дома. Кога влезе во домашното ве-це
Велечесниот сеуште беше исполнет со вознемирувачки
впечатоци од кои никако да се ослободи. Тој седна врз
ќенефот и почна да се олеснува, но сцените од настанот

84
А.Станковски

85
М.А.З.Г.И.

никако да отидат. Велечесниот се заврти околу себе и


забележа една стара “Мигрена” врз машината за перење
што беше сместена помеѓу ВЦ школката и кадата. Тој ја
зеде “Мигрената” - часопис за алтернативна култура, и
почна да листа. Често читаше додека дефецираше, тоа на
Велечесниот му доаѓаше како некаква медитативна
релаксација. Оваа стара “Мигрена” стоеше во ВЦ-то на
Велечесниот со години. Тој дојде до еден текст во делот на
часописот насловен како “Локална Сцена”, авторот на
текстот беше некој си Расте Ѓутлукгузовски. Велечесниот
го прочита насловот на текстот: “Евро Кич Визија”. Ова ќе
ме одмори... Промрморе за себе Велечесниот и продолжи
да чита...

86
А.Станковски

87
Покана

Т ој нервозно се врзмаше по својата метална


келија – Александар Ромовски наречен Аце Циганот,
уметник, писател, филмски и видео автор, љубител на
психоделијата и наводно андерграунд активист, ако тоа
воопшто и може да се нарече така; како супститут за
акањето со дрогашките тајфи по гетата на мегалополисот
секогаш во потрага по дрогата, како некакво крдо гнуа што
талка по саваната во потрага по трева свежа зелена...
Впрочем беше фатен во некаква ситноморалистичка
стапица апропо поканата за изложба што му пристигна од
Американската амбасада во Скопиа. Поправо тоа беше
покана од американскиот амбасадор Бутлер и неговото
семејство, што значи дека изложбата беше позиционирана
во резиденцијата на амбасадорот на САД, и вибрираше со
некаква дискретна и кичеста приватност. Секако, ова
банално збиднување не би значело ама баш ништо за секој
нормален граѓанин, но Аце Циганот беше
антиглобалистички ориентиран и со години веќе јадеше
гомна против политиката на САД во светот, длабоко задоен
од битничката уметност, од идеологијата на
Франкфуртската школа, од Тимоти Лири. од Ноам Чомски,
од Линдон Ларуш, од Жак Лакан, од Жан Бодриар, од
Дерида, од цела таа пост структуралистичка и
неофројдистичка болумента како и од проминентните
фигури на постколонијалната критика... Значи со еден
таков контра културашко анархистички штембил на челото,
сега воочи американското очајно лобирање по светот за

88
А.Станковски

89
М.А.З.Г.И.

воен напад против Ирак, Садам Хусеиновиот Ирак, тој


подостарениот (седа брада ала Џафери) анархоиден хипик
требаше да му оди на гости на “Вујко Сем”. – Деликатна
ситуација... кога би држале до некаква принципиелност
што пак имплицира политичност, мислам заземање став,
идеолошка позиција, инсистирање, возгордеаност дури,
ако фино ја проанализираме состојбата од некаков
метафизички агол; Мислам сето тоа личи на фанатична
предиспозиција која секогаш инаугурира непријателства и
агресија кон опонентот. А кој сум пак јас – се протресе од
роевите мисли веќе застондираниот од предходно
испушениот џоинт – персоналец по малку вознемирениот
Аце.
-А и Господинот Бутлер е човек. Каков е па неговиот
избор? Изборот на неговото нежно телесно ткиво...
однегувано во фините кулуари на единствената светска
империја, тело конформизирано, душа оптеретена од
милиони мали и големи прелести... Па тој човек е тажен и
осамен. Заглибен во лавиринтот на моќта. За кого ли? За
неговите ближни? Да ги удоми убаво, да ги нахрани убаво,
да ги прошета по планетава, каде што може, каде ќе го
упати американскиот интерес кој колку и да ги возбудува
антиамериканците, сепак е само една мала прашинка во
вселената, мала прашинка во однос на оваа планета
земајки го во предвид нејзиното минато низ
времепросторот, и нејзината иднина секако. Ништо, еден
мал холивудски филм од Б. продукција. Ма ништо бе,
ништо, илузија, проблеми, ѓубретарство, од најнизок тип.
Се ебат ли воопшто тие американци му доаѓа на човека
наивно да праша, земајки ја в предвит целата нивна
подвоеност, таа распукнатост помеѓу илузијата на моќта и
реалната ништожност на нивните колективни проекции...
Си распредуваше по мислите релаксираниот од Т.Х.Ц. - то
Аце.
-Значи јас сум “0”, а и господинот Бутлер е една “0”.
Што кур ако се појавам во резидецијата. Мислам, што кур
ако воопшто стапнам во тој стигматизиран свет од страна

90
М.А.З.Г.И.

на антиамериканските мулиња... кои морам да признаам


воопшто не се разликуваат по било кој карактерен аспект
од нивните опоненти расшетани по планетава како трговци
поединци. А што се однесува до сексот тие си копулираат
сосема културно за што сведочи и нивната порно
индустрија...
Mислам такво експлицитно манифестирање на една
сосема интимна “настраност”според општо прифатените
цивилизациски морални норми кои го спојуваат
талибанецот и шведскиот слободен ѕидар, скромниот
фармер од Луизиана и бушманот од Серенгети...Ах да
бевме хермафродити, можеби индивидуалните разлики ќе
добиеа непоимливи димензии, димензии толку
дискрапантни една на друга што поимот раса ќе
исчезнеше, и секако сето она што расата го носи со себе,
потоа неверојатното зголемување на квантумот време,
синдромот на стрес поради половите недоразбирања, ќе
беше сведен на минимум... пу да т’ибам - се побуни Аце
Циганот од параноичните визии што му навираа како
ситношконтерска боранија. Веднага се присети На Лајбниц
– да “нема во основа подобар свет од овој колку понекогаш
да изгледа даун”. – Реши да испие неколку голтки сок од
конбуха – мало симнување на Т.Х.Ц. – то со Ц витамин.
Синхроницитетот ме полудува – си помисли – како некое
друго суштество да делува во мене, како да сме двајца,
еден набљудувач и еден извршител. Пивна уште неколку
голтки комбуха – сок на кинеската мудрост исцедена од
еден голем конфучиjански ум... Сепак реши да го пушти
телевизорот, тој човеков најдобар пријател, тој издашен
гениј на колективната свест, тој кротител на шизофреници
и жртва на концептуалистите што дилаат со видео
инсталации поврзани со ТВ – кластијата – еден вид
постмодерна “иконокластија”, вид нео – ретро итд.: Рафаел
Ортиз, Нимал Мендис... Кој друг скршил телевизор? Јоко
Оно? Џон Ленон, Монти Пајтон?
-Аце го засили тонот на ТВ-то, реклама, гласот на
Џовани Брамс – Танита, парапсихологија, дијагностика,

92
М.А.З.Г.И.

есхатолошки контакти, предвидување на иднината, триесет


денари на минута плус Д.Д.В....
-Уф, оваа несериозност ме враќа во реалност. Во
прекрасната реалност за која едноставно немам зборови.
Тој фино си залегна во каучот. Беше задоволен од
малиот ЕПП перформанс на Брамс – каков талент, да беше
роден во Британија ќе беше врвен карактерен артист. Во
Скандинавија ќе беше еден неверојатен балкански Макс
фон Сидоф доколку успешно емигрираше во тој дел од
Европа како гимназијалец но за жал беше фатен на
северната граница на СФРЈ – без пасош, тогаш имаше
седумнаесет години. Ах да беше роден во Америка, ќе го
попалеше Бродвеј, а и “најдоброто” во Холивуд. Но да
бидеш роден во третиот свет, во оваа перифериjа на
Европа, во оваа волкоебина каде човекот ни волк не си е
еден на друг туку хиена... Во оваа дупка без култура и
гламур каде луѓето се делат по партиска припадност, каде
скараните комшии си серат тајно на прагот од влезната
врата еден на друг... ах каква гадост, каква анимална
омраза без трошка сочуство или малку дигнитет. Некои од
комшиите фрлаат остатоци од манџи од нивните прозорци
врз балконите на оние соседи што ги беа намразиле.
Општество создадено од ситни и дегутантни
подебувања. Најодвратно од се’ е тоа што сите се
претворени во кодоши истражувајки го животот на
омразениот со манијакална ревност, до секој детал, како
детективи на тајни служби чии директиви стигаат директно
од пеколот. И тоа одсуство од убавина; дури и парковите се
претворени во депонии, насекаде скапани каросерии од
автомобили, просјаци по раскрсниците со лица чии
гримаси илустрираат една неподнослива, болна
егзистенција, парталави старци што копаат по контејнерите
кои ги има на секои сто метри по неколку... кучиња
скитници слаби како скелети... Америка... Мики Маус, Бети
Буб, Попај, Супер Мен... ред, систем, изобилство на избор...
тоа не би било лошо место за еден Господин кој ја сака
приватноста и ги поштува своите блиски, а и примањата се

94
М.А.З.Г.И.

високи... Волт Дизни, Џон Форд, Џексон Полок, Енди


Ворхол, Џим Морисон, Вилиам Бороус, Орсон Велс, Езра
Паунд, Мартин Скорцезе, Едгар Алан По, Хенри Џејмс,
Марк Ротко, Џон Холмс, Мерилин Монро, Волт Витман,
Џенис Џоплин, Ален Гинсберг, Хемингвеј, Ниорман Роквел,
Теодор Драјзер, Ракел Велч... Би и го натискале ли на
Памела Андерсон, сењоре Џовани? – Секако Господине
Аце Цигану, од чиста куртоазија ако ништо повеќе. Ме Вест,
Ен Маргарет, Мајлс Дејвис, Луис Керол, Хемфри Богарт,
Били Холидеј, Чарли Паркер, Ендрју Вајт, Грејс Кели,
Силвија Плат, Марлон Брандо, Џими Хендрикс, Френк Лојд
Рајт, Елвис, Принц, Снежана и седумте џуџиња, Кинг Конг,
Бафало Бил, Кока Кола како и девојките од “Бал на Вода”...
решението беше цврсто. Да се одговори на поканата на
господинот амбасадор. Оваа решителност му донесе
задоволство. Тој стана од каучот и со елан почна да ги
менува каналите на телевизорот: МТВ 1, МТВ 2, Сител,
Телма, Скај Нет, БТР, Шутел, СНН, ББЦ – аха! – тоа е тоа –
документарец – наслов: Виртуелни Мапи...

96
Прием

А це Циганот мирно предеше до таксистот.


Мегалополисот пулсираше како Холивудска новогодишна
елка. Еден мал “персоналец” го подгреваше неговиот
инфантилен ентузијазам, - Не би земал трип во ваква
ситуација. – Кроткоста на хашишот ја поштуваше повеќе од
било каква сензационалност, cool или kick.
Мислам, некои мислат дека во вакви ситуации идеално би
било да се кока во чурулче... сниф кока... па кога ќе се
распотат како свињи кога тоа коката ќе ги пушти, па едно
расположение, па трк во ВЦ-то на Бутлер, а таму камера,
ха... И ЦИА точно знае кој е дрогаш, а кој стрејташ... иако
меѓу стрејташите имаш такви манијаци што дрогашите во
споредба со нив се зајчиња забавачиња. А хорс? Екстази
никако, ни спид, ќе забегаш, ќе се запотуеш, ќе потураш
глава и кај треба и кај не треба (простете за вулгарноста
вие...) , а хорс..на цигара? Хм... да те удри кинеска
летаргија, да се зачешаш меѓу нозе на некоја фотеља, па да
застондираш, да заспиеш дури... најлошо би било да се
излигавиш или да се окозиш на тепихот или на софата или
да избербатиш некој од гостите, па и самиот господин
амбасадор скраја било... Кјуби светеше како некоја од
висококатниците на Доналд Трамп. Таксито шибаше по
булевар Кочо Рацин, под сјајниот и монументален крст кој
левитираше во темницата сличен на на некаков НЛО,
цаклеа светлата на населбите во подножјето на Водно.
Еден конфорен и достоинствен живот вибрираше од тие
мали палати изградени уште во социјализмот, сега веќе

98
А.Станковски

99
М.А.З.Г.И.

проширени, доградени... ах убавината нема граници... Тие


свртија вдесно кај семафорите пред надвозникот... кој
всушност како да претставуваше некаква граница помеѓу
мистериозниот шарм на водњанската елита и
егзистенцијалниот кермес што се одвиваше по Јужниот
Булевар, почнувајки од магацините на Факом па преку
цветниот Пазар се до паркиралиштата зад бившата
железничка станица претворена во Музеј.
-Штета што не ја реставрираа оваа прекрасна зграда
– Си помисли Аце Циганот додека таксито влезе во
половично отворената за сообраќај улица Македонија,
порано позната како Маршал Тито. – Најубавата и
најмонументалната железничка станица во овој дел од
Европа. Денес опстојуваше само третина од оригиналната
градба. Наводно зградата не била обновена поради тоа
што на еден од ѕидовите на руината со метални букви беше
испишан текстот што другарот Тито го беше искажал по
повод катастрофалниот земјотресод 1963 година. Но зар
било која од оние згради што пропаѓаа во катастрофата
беше обновена... офицерскиот дом? Народната банка?
МНТ? старата воена болница? Католичката црква? Палатата
на Кале? старата зграда на универзитетот? Ништо не беше
обновено, ништо од она што на градот му даваше
традиционален гламур... Каде се четирите монументални
коњи од бронза на Августинчич... Каде е катедралната
црква Света Богородица... каде се двете мистериозни
синагоги од под Кале... каде е Бурмали џамија... каде се
десетици кули од средновековната крепост на Калето...
сето тоа исчезна во земјотресот и 45-те години комунизам...
Но имаше и успеси – Му дојде накако смешно и си се
насмеа. Таксистот го погледна зачудено небаре открива
манијакални тенденции во патникот.
-Тука десно. – Заповеда Аце Циганот поставувајки ги
работите во реална хиерархиска низа. Тие се движеа по
улица Даме Груев, вртејки околу блоковите - коцки, коцки,
коцки – си повторуваше во себе Аце Циганот дури и
собранието доби некоја пренагласена коцкастост. “Да не

100
М.А.З.Г.И.

се овие дрва од страна ова би било како гигантски шкаф...


гулабарник е премногу романтично како споредба...
Некаде пред семафорите, наспроти паркот на
жената борец Аце му заповеда на таксистот да застане.
Лулу веќе беше таму, очите и светкаа како рубини во
мракот. Лулу брзо влезе во таксито. Нејзиното
неподнесување на студ секогаш продуцираше мали
драми...
-Да не касниме? – Со снисходлив респект се обрати
Аце Циганот
-Неее, сега излегов од влез. – успокојувачки
промрмори Лулу. Сеуште се чудеше што одат во
резиденцијата. Впрочем таа воопшто не ни претпостави
дека Аце Циганот, нејзиниот интимен пријател, уште од
студентските денови, ќе изрази ваква желба. Но Аце
сакаше да ја искористи оваа прилика. Набљудувачот во
него беше појак од блаженото дремење на топло со џоинт,
книга, музика и чоколадни бонбони што тој ги делеше во
неколку групи од кои најдаун беа Балисти – не многу
квалитетен производ на фабриката Европа, Усташи –
релативно квалитетен производ на Краш, и најквалитетните
– Муџахедини (таканаречените бајадери) итн. Сите нив
обилно ги залеваше со сок од кобуха...
-И каде сега? – со помалку јогунест глас се јави
таксистот не знаејки кој смер да го фати од раскрсницата.
-Кон американската резиденција... на Водно. – Аце
се обиде да биде што е можно побанален, отстапувајки му
еден своевиден психопростор на таксистот за да му го
напипа идеолошкиот пулс. Но таксистот послушно го
насочи автомобилот во бараниот смер. Тој патем го
активира радиото во обидот да се дистанцира со некаков
аудио ѕид.
-Тешко ми е пешкооо – се заори гласот на една од
најголемите поп ѕвезди. Таксистот малце го спушти
потенциометарот. Аце мразеше поп, посебно македонски
поп кој го потсетуваше на фарма со свињи, говеда и
бројлери. Музиката беше неподносливо демоде (иако

102
А.Станковски

103
М.А.З.Г.И.

помодарски нагласена), а текстовите глупави до бесвест.


-Господинот Пауел не беше многу убедлив, а Лулу? –
Иницираше разговор Аце.
-Ха, ха, ха, не ме засмејувај подобро ќе беше да
ангажираат некој вистински професионалец од Холивуд,
Џејмс Ерл Џонс, Морган Фриман, Дензел Вашингтон или
барем баронот Минхаузен.
-Го виде ли оној детал што се појави на интернет по
повод презентацијата на рзузнавачките податоци од ЦИА и
интелиџенс сервис за Ирак од страна на Колин Пауел во
ООН?
-Не?
-Е па британската тајна служба како релевантен
податок за вооружувањето на Ирак на американците им
доставила некакво досие кое се испостави дека е всушност
есеј на некој постдипломец на политички науки од
калифорнискиот Универзитет. Што велиш на ова?
-Лееее, следниот пат Колин Пауел би можел да
презентира секвенци од Тру Лајс со Џејми Ли Куртис и
Шварценегер...
-ООН се повеќе личи на завршната вечер на
доделување оскари. А Лулу?
-Со тоа што американската филмска академија е
далеку посериозна институција од “стејт департментот”,
земајки предвид какви се платите на првите а какви на
вторите.
-Море мајку да им ебам! – Се огласи после долго
вриење таксистот, како цептер.
Што сакаат прават тие амреиканци, се им ебам. Има ли
некоја сила и над нив, за конечно да им даде малку памет?!
Каде и да одат само војни и страдања носат. Види што
направија на Балканот, ма сегде кај и да одат...
Поминаа покрај Г.Т.Ц., потоа покрај споменикот на
Мајка Тереза кој со својата неочекувана незграпност не
влева многу почит кон македонската екстериерна
скулптура, пред се кон онаа конвенционална историска
пластика која колку и да е конзервативна треба да изрази

104
А.Станковски

105
М.А.З.Г.И.

еден достоинствен однос кон националните вредности, да


го покаже нивото на колективната свест преку една
монументална представа адекватна на гигантската
виртуална творба наречена национална култура. А
националната култура не е ништо друго туку еден вид
холограмска проекција на планетарната култура.
-Овој пат можат и да наебат- се огласи таксистот. –
мислам дека овој пат може да им се повтори Виетнам.
-А зошто да не- Се надоврза Аце Циганот наоѓајки ја
со леснотија брановата должина на идеолошкиот дискурс
на таксистот. Воопшто тој го поштуваше мислењето на
таксистите колку и тоа да беше неинтелегентно. Респектот
што го имаше кон “улицата” како една од најбитните сцени
на Театрумот Мунди му даваше голема доверба во
релевантноста на интуицијата на таксистите – тие
современи кочијаши. – Посебно може да наебат сега кога и
ние се замешавме нудејки им помош преку Вилнус групата.
– Пак долеваше масло на огнот со својот притаен цинизам
по малку разгоропадениот Аце.
-Ма види ти кој се е дел од Вилнус групата – навали
таксистот – Албанија, Хрватска, Бугарија, Румунија,
Балтиците, Словенија и ние, се издаица до
кодош.Предавници и во првата и во втората светска војна,
и да ти кажам, кој се фатил во сојужништво со овие
предавници, петоколонаши начисто пропаднал.
-Сепак ние не бевме предавници во светските војни,
тогаш не ни постоевме како држава и нација, ха, ха, ха...-
Се надоврза Аце Циганот.
-Баш така, што не ни служи на чест. Замисли правиш
држава сто години по своите комшии. Не знам што е по
срамно, да бидеш кодош, или да дремеш низ историјата
криејки се под здолништата на големите и мали империи. –
Покажа завидно ниво на луцидност таксистот.
-Ма што ги ебам- Се дрзна Аце Циганот,
намигнувајки и дискретно на Лулу на која и дојде забавна
целата таа представа со таксистот. – Од вилнусовците не
треба никогаш да се очекува некаква доследност, секогаш

106
А.Станковски

107
М.А.З.Г.И.

му се пупат на појакиот како најевтини проститутки. Ем се


со американецот, ем под маса тријат путка со германецот и
французот... ма гадови се тоа, вошки најобични.
-Така е тоа кога си без образ и достоинство. за
време на втората светска војна ловеа цигани и евреи како
зајаци по источна Европа и му ги испраќаа на Фирерот. Кој
повеќе евреи и цигани му испрати на Хитлер толку
пожежок баварски колбас ќе добие под опашот, се
извинувам Госпожа – малку се сепна таксистот
забележувајки ја Лулу во ретровизорот.,
Лулу климна нехајно со главата демонстрирајки
висок степен на еманципираност.
-Ништо, впрочем имате право. За тоа ни сведочи
историјата и како наука, но и како сведоштво на
очевидците, нашите ближни од постарите генерации...
-Браво Лулу! – воскликна Циганот – вистината пред
се’ и над се’!
-Ма видела жабата коњи како се потковуваат, па и
она дигнала нога, е тоа ви е вилнус групата, една обична
жаба да и се плукнам. – се надоврза таксистот. Тие веќе
влегоа на булеварот Пеновка. Вечерта иако студена
изобилуваше со граѓани што шетаа по тротоарите како да е
некаков празник. За момент на Аце Циганот му се пристори
дека во метежот ја виде Минџа Лонгобарди – голема рок и
поп ѕвезда која живееше во близина на булеварот и која,
како во наплив на дневно-политичката параноја шмугнува
во еден од страничните сокаци брза како Чинчила. Минџа
Лонгобарди си ја имаше мувата на капата зошто
експлицитно и систематски им ги загреваше јајцата на
крупните бафала од владеачката партија што падна на
последните парламентарни избори. Последната година таа
се обиде да мрда лево десно да го одглави партискиот
фалус од својот идеолошки анус но работите одеа тешко
во тој правец. Таа доби премногу подароци во тие четири
години владеење на сега веќе бившите властодржци. Секој
подарок се повеќе ја заглавуваше. Минџа Лонгобарди
имаше и обиди за бегство час ќе напишеше некое

108
А.Станковски

109
М.А.З.Г.И.

небулозно писание, ѓоамити критика на власта, а всушност


толпа софизми присобрани од литературата пред се’
поврзана со антропологијата, етнологијата и
спиритуализмот, па ќе го објавеше тоа во некој
опозиционен дневник (Утрински Клекач - весник на
предизборната опозиција) . Па ќе дојдеа гавази од
предизборната позиција, па демек зошто така бе Минџи? ...
па демек Минџа е незадоволна од позицијата во која е
ставена од партијата, а ваму ти била прво борец, војвотка.
Бардо... па колку направила за партијата, а како партијата
ја третира откако го искористила нејзиното влијание врз
масите... па повторно Минџа Лонгобарди добива
бенефиции од партијата на власт, зошто изборите
наближуваат, а некој треба да ги забавува масите, да се
глупира, ахх... Што кошта бе Минџи?
1000 морони за ловечка вечер – три ловечки за овој
месец минџи, што велиш а? – А за изборите? – Снисходливо
продолжуваат гавазите (полициски инспектор, активист и
коош) – А тоа ќе видиме – се зафемкува Минџи- Не знам
воопшто дали тоа ми треба, дали воопшто јас ви требам
вам?! – Ахх Минџи, и те како ни требаш. Без тебе Минџи
народот е слеп, глув, нем. Мораш да ни се придружиш во
кампањата. Војводата добро ќе ти ги наполни дисагите, О
ти наша трубадурко! – и така Минџи ќе се примиреше, па
дури и турски чај ќе им свареше – Дур бакалам! - ќе
промрчеше Минџа Лонгобарди. Демек се е О.К. А ваму кај
стигне по градот труби дека е готово помеѓу нејзе и
владеачката партија – Ма што ги ебам бе сељаци, простаци,
се изнаграбаа, ја предадоа каузата, се’ упропастија –
гомна, никогаш веќе за нив не пеам, бугараши, клептомани,
копуци...
-А ако ти даат 100000 јевра за кампањата, ќе пееш
ли тогаш? – Ја прашуваше одвреме на време Велечесниот
(нејзиниот пријател).
-Ма не пеам бе за нив ни за милион ни за два
милиона Евра бе - со повишен тон небаре се “заветува”
воскликнуваше Минџи Лонгобарди. И се така до само

110
А.Станковски

111
М.А.З.Г.И.

петнаесетина дена пред кампањата. Не, па не,


-А бе не биди глупава Минџи, вака само губиш на
цена. Треба да си добра со војводата за пријателски да ти
пристапи зошто тогаш цената ќе ти биде највисока
согласно галантноста на Неговото височество, кој
навистина имаше две мачни години зад себе. Впрочем
може да се каже дека од четирите години колку што му
беше мандатот
3 години му беа вистински пекол - пред се годината
на воената кулминација – 2001 кога сите пријатели од
меѓународната заедница го напуштија заборавајки ги
услугите што тој несебично им ги даваше само година и пол
порано.
-Сега им требаш Минџи, биди добра и умна – се
обидуваше да ја вразуми Минџи нејзиниот пријател
Велечениот. Но Минџи беше немилосрдна, на зборови
секако...
-Слушај Минџи твоите сигурно губат на овие избори,
се скараа со “масонот” тоа значи Бај-Бај – фотељи. Сваќаш!
-Ма нема шанса да изгубат бе, ако треба ќе ги купат
– имаат пари ко гомна. Биди сигурен дека ќе добијат на
изборите!
-Добро Минџи, ти така тврдиш, но има многу
релевантни фактори кои не мислат така.
-Е кои се тие фактори? – се зајогуни Минџа
Лонгобарди.
-Па тоа се аналитичарите од влијателните западни
институти за геополитички студии на пример.
-Ма ништо не знаат тие Буљаши. Само ги фураат
комуњарите во лажна надеж за да си ги покажат роговите.
А чим ги покажат – Трас по нив, па удри, удри, додека не ги
сокапат, ха, ха, ха,.
-Само ти смеј се Минџи, но и самата знаеш дека
ниедна политичка гарнитура што имала војна во времето на
својот мандат не успеала да ги добие изборите што
следеле. Дури и победници како Черчил кои фактички ја
добија втората светска војна, најголемата војна во

112
А.Станковски

113
М.А.З.Г.И.

историјата на човештвото, изгубија на изборите што следеа


по капитулацијата на Третиот Рајх. А овие, твоите во голема
мера се лузери, можеби и комплетни лузери.
-Ма што ги ебам. Направија пари за 10 инкарнации.
Се’ ќе потплатат и ќе ги добијат изборите, ќе видиш.
-О, Минџи сваќаш ли дека тој што стварно управува
има невпоредливо повеќе пари од нив... - Така и говореше
Велечесниот на Минџа Лонгобарди. И стварно партијата на
Минџа Лонгобарди пропадна на изборите. Што се однесува
до Минџа Лонгобарди, таа влезе во кампањата за некоја не
многу голема сума во последен момент, демек” дај што
даш”. Влезе во играта Минџи, си го погази зборот, лижеше
таму каде плукаше. Ма нема везе нека е жива и здрава –
мантраше Аце Циганот. И навистина некако му беше
симпатична таа бенигна екстремност на певицата,
нејзината параноична интелегибилност, нејзината по малку
гротескна димензија кога во една прилика за време на
предизборната кампања тој ја виде Минџи како се
затскрива од камерите, зад хорот народњаци во обид да го
скрие тоа што веќе никој не можеше да го скрие, како
некакво забаваче. Тој прометејски обид да биде побрза од
светлината. Да кидне веднаш по настапот, да им се
измолкне на камерите кршејки го просторот како некаков
кубистички адепт и гнетејки се во пресеците на фасетите
станувајки интактна и невидлива. Но една камера
поставена зад сцената за која Минџи не беше свесна
темелно го документира овој вешт но сепак недоволно
консеквентен трик на затскривање. Ах, ќе беше навистина
повеќе од весело партијата на власт повторно да ги
добиеше изборите, за Минџи... Но тоа едноставно не се
случи, а тоа предизвика сурово психолошко будење за
трубадорката која одеднаш беше ставена во непријатна
позиција да развива нови соц. стратегии. Како нова
инкарнација – “Јово на ново” – со засилена гравитација
поради буржоаскиот конформизам што Минџа Лонгобарди
го беше развила во минатите четири години. А сепак цело
тоа време певицата се жалеше и критикуваше, како да е

114
А.Станковски

115
М.А.З.Г.И.

член на некаков ултра опозициски конспиративен кружок.


Можеби тоа беше некаква драмска увертира во
“непознатото”што хипер-рационалната певица ја
воспоставуваше како бек-ап на нејзината можна погрешна
проценка и како амортизирачки фактор. Така таа секогаш
имаше пријатно хумористички релации со скоро сите
политички представници во земјата. Овој феномен на
“еквидистанца” впрочем обратно – “Еквикомуникација”,
сеприсутната Минџи го разви до невидени димензии, а и не
само тоа, таа разви цел еден теориско-практичен систем на
соц. бихејвиер во чие централно место, беше стариот
еврејски концепт на затскриен идеолошки интимат познат
како – “кетман”. Сепак певицата секогаш се дочекуваше на
нозе како мачка, мајмун или верверица. Тоа беше жилаво
суштество способно за преживување и во најсурови
катастрофи – скраја да се...
Тие конечно стигнаа до резиденцијата која зрачеше
со авторитет и моќ на еден сосема суптилен начин.
Можеше да биде тоа и палата на некој необогаташ...
Сепак тоа беше некаква половична копија на еден
проект од Френк Лојд Рајт, не премногу голема. Далеку од
архитектонско здание за кое може да се каже дека
фасцинира со својата умереност, традиционалналност,
магичност или монументалност. Беше тоа здание
направено во еден прагматички манир... Дури и амбасадата
на Србија и Црна Гора неколку стотини метри подолу по
улицата влеваше повеќе вкус и гламур. Но има време за
американците. Сеуште не сватиле колкав е капацитет на
сервилноста на овој народ за вистински да се распиштолат
и да подигнат некаков пуританистички дизниленд на
неколку хектари земјиште на средновековното Кале. Е, тоа
би била достојна градба репрезент на нивната
невпоредлива моќ.
Аце Циганот и Лулу излегоа од таксито и веднаш се
упатија кон малата група каненици кои нервозно се
спремаа за влегување. Тука имаше доста познати колеги и
пријатели. Сцената не беше голема, помалку или повеќе

116
А.Станковски

117
М.А.З.Г.И.

сите културашки активисти се познаваа во овој град.


Циганот и Лулу влегоа во групата се поздравија, разменија
неколку куртоазни збора...А, сепак некоја нервоза
вибрираше над сите нив. Тоа без сомнение беше
деликатноста на моментот на поканата, воочи
американското лобирање за напад врз Ирак, и сето тоа
лебдееше врз нив ставајки ги во позиција да бидат
употребени како референца на американските
пропагандистички потреби за нивните веќе нималку
скриени стратегиски проекции. А и по војната против СРЈ
од 1999 година тие тотално го изгубија кредибилитетот кај
народот (повеќе од 80%) ставајки се отворено зад
албанските интереси, кои според огромен дел од
балканските маси беа неправедни и експанзионистички, но
кои на некој чуден начин кореспондираа со американските
стратешки интереси во регионот во тоа време. Сите исто
така знаеја дека американските “интереси” се честопати
непредвидливи, превртливи и краткорочни и, сходно на тоа
се надеваа дека се’ е тоа една краткотрајна авантура
помеѓу американецот и шиптарот во која и двајцата ќе
добијат педагошки епилог. Американецот заглавува во
песокот на Блискиот Исток, без американецот шиптарот
станува геополитички мармалад. – Еј напред кон замокот на
чичо Сем кодошка алијансо – се пошегува Аце Циганот. Ова
подбивање со ситуацијата ги ослободи и групата тргна кон
влезот на резиденцијата – беше 7.30 минути п.м.
Тие без посебни проблеми го поминаа
обезбедувањето и се најдоа во холот на вилата. Таму беше
Господинот Амбасадор Бутлер со своите пикантни
мустакчиња - како лик од бурлеските или од “Големиот
Гесби”, неговата дискретна сопруга, The chief of stuff -
жена со продорни зелени очи, неколку слугинки кои ги
собираа капутите и ги носеа во бочните простории
враќајки се со бројчиња кои им ги врачуваа на гостите.
Господинот Бутлер минуваше низ протоколот со певлива
рутина. Кога дојде ред на Аце Циганот The chief of stuff- от
му предочи на амбасадорот – The Artist – очекувајки

118
А.Станковски

119
М.А.З.Г.И.

Циганот да си го каже името, но на певливиот амбасадор


како да му излета од потсвеста – The artist formally known
as Prince... - а тука Циганот брзо изреагира - of Darknes!
-Ја пофати меката и однегувана рака на
Амбасадорот и брзо шмугна во салонот, оставајки го
дипломатот во неговата протоколарна прикованост. Оваа
збунувачка дрскост на Циганот предизвика мал
халуцинативен ефект во перцепцијата на господинот
Бутлер. Имено тој како да виде како Циганот одејки кон
салонот си го прибира опашот. Токму така - опаш сличен на
оној кај ставорците или глувците. Всушност таа
халуцинација имаше многу повеќе комичен отколку хорор
ефект. – Што ли не постои на планетава – потпевнувајки си
под нос се подзачуди господинот Амбасадор
продолжувајки со ракувањата и представувањата. Во
салонот веќе имаше триесет луѓе. Беше топло. Циганот се
покаја што облече долга ролка која стегаше и беше топла,
всушност како некаков инхибиторен френулум низ кој
Циганот едвај си ја беше проврел главата.
Нешто се беше занесувал со неконвенционалноста
на егзистенционалистите кои во обидот да не носат
кравати носеа ролки. Тие во свое време само малку ги
раздрндаа салоните на нивните буржоаски претци за да не
изгледаат затуцано, конзервативно, но “еи! уат а фак!” тие
во основа си беа салонско – дебатни суштества без
сомнение. Конечно што друго кога си во Париз во 50-тите,
60-тите и.т.н. Можеби нашата метропола е денес на она
културно – социјално ниво на кое (еве без претерување) бил
Париз во 50-тите па и 60-тите но, повторувам! Во денешен
контекст кога “конкурентските” и “поврзаните” високо
развиени западни култури се во закаснение една зад друга
најмногу неколку месеци (што се однесува до најстрого
доверливите тајни – круцијални за општеството што ги
прикрива), да бидете во закаснение зад една денес и не
толку значајна метропола од цивилизацискиот круг на
најразвиените (Париз денес во секој случај не е толку
значаен по своите рецентни културни вредности како во 50-

120
А.Станковски

121
М.А.З.Г.И.

тите и 60-тите кога приматот на западен културен центар му


беше превземен прво од Лондон, а набргу потоа од Њу-
Јорк) значи во закаснување од 40-50 години е исто како да
сте аналфабет, а живеете во зграда населена со
факултестски професори. Проста конклузија од
горенаведеното е дека вие сте најверојатно хигиеничар и
живеете во подрумот на зградата, а вашите директни
соседи се ложачот и неговата гномска фамилија,
полулудиот но професионален ловец на ставорци и други
гадинки – трујач - самец, чуварот на зградата кој доаѓа само
навечер и хаусмајторот кој има речиси конфорен апартман
во сутеренот каде ги прима своите секс партнерки. Сутерен
како Суто море... Се запоти Аце Циганот во тој простран
Салон. Прошета лево десно со погледот – Аха, ене ги
сликите, сосема добро приспособени на просторната
структура на интериерот, а и рамките – Циганот се врати
кон една поголема слика поставена во југозападниот дел
од салонот – Браво! Па ова е всушност приватна колкција
на Господинот Бутлер. Прекрасно, па овој Џентлмен фрлил
пари за сето ова. Браво! И тоа од службеничка плата, што
се вели. Па и да е богаташ, пак – браво. За дваесет години
професионално бавење со уметност, не видов, нити пак чув
за некој наш македонски богаташ или новобогаташ (овие се
уште пострашни) кој купувал слики... Ај да не претерувам,
но навистина по некој интелектуалец и знеше да купи по
некоја слика за време на социјализмот (за време на Тито –
нека му е лесна земја) кога средната класа имаше
буржуаски перспективи. А денес – 20години по Тито, и 10
години по Горби (нека е жив и здрав) тие исти
интелектуалци припадници на средната класа, позитивни
хуманистички и културни луѓе, господа со интегритет и
дигнитет се деградирани до степен на морлоци,
клептомани, шконтери, кодоши, смеќари...- Циганот со
скиснат израз аналоген на неговото просудување се
зазвери во еден импресионистички
(направен 1972 година – сто години по првите
импресионистички дела изложени кај Надар) пејсаж од

122
А.Станковски

123
М.А.З.Г.И.

поголем формат. – Аха, чист анахронизам – Почна да ја


проценува сликата Циганот – па што да се каже, еден
сосема пристоен академизам. Па зар апсурдот на
уметноста мора да се бафта со едноставните
конструктивни граѓани кои по цел ден се драпаат со својот
административен холокауст за парче леб, за шака долари,
за малку респект, и конечно копнеат за малку мир во своите
часови на починка. Така значи, една сосема позитивна и
ненаметлива уметност. Хм, за некои тоа би било
артизанство. Но не и за мене – мислеше Циганот а од
мислите го тргна келнерот кој му понуди пијалок. Циганот
си зема една чаша Кока Кола. Не сакаше алкохол посебно
сега кога обемно се потеше, а и сеуште го чуствуваше
дејството на “персоналецот” кој го беше испушил пред да
тргне...
-Но добро да видам што се случува со луѓето... -
Циганот се упати кон спротивниот агол од салонот. Во
меѓувреме бројката на присутните се искачи на
педесетина. Имаше тука огромен број луѓе што Циганот ги
познаваше. Тоа беа луѓе од културниот естаблишмент но и
десетина проминентни уметници што досега ја беа
претставувале земјата на бројни групни и самостојни
изложби во странство. Структурата на избраните
(поканетите) уметници беше грижливо воспоставена, имено
очигледно беше вниманието посветено на етничкиот
композит на присутните. Единствено немаше представник
на Ромите, небаре нема ромски сликари (ах да беше
акцентот на етно музиката). Да тибам стереоптипите. Но
тука беше Аце Ромовски – Циганот, и тој можеше да биде
представник на оваа весела но и крајно изнапатена
етничка група. Латините велат: Кој мириса фино не мириса
на арно. А со Ромите сте веднаш на чисто – Ух да тибам
стереотипите. Па дури и присуството на Циганот можеби
беше некаква грешка на господинот Бутлер. Не е важен
резултатот, битна е добрата намера. А ако некој
релевантен фактор ги запраша зошто не поканиле ни еден
уметник – Ром, тие можеа да го посочат Аце Циганот, а
зошто да не. Ако некој во Америка го викаат Џо
124
А.Станковски

125
М.А.З.Г.И.

Индијанецот, или Ал Мексиканецот тоа требаше за сигурно


да значи дека таа личност е припадник на таа и таа етничка
група.
Некаде на средината од салонот Циганот се сретна
со двајца колеги од академија: Шефкет Мурат (по потекло
турчин) прекрасен карактер полн со тивка и дискретна
добрина и Алија Хашишанович - бошњак по потекло
интиутивен, принципиелен и крајно етичен човек но
помалку склон кон соковите на Бахус. Сепак неговите
дионизиски екскурзии беа преполни со хумор и сатира.
-Еј мераба ефенди Мурат- му се обрати Циганот на
колегата воедно поздравувајки ја неговата сопруга со благ
поклон. Мадам Мурат имаше ориентално аристократска
фигура, влеваше стабилност, префинетост но и некаква
мистериозност кај соговорниците.
-Џез’ Ба – Се пројави Алија очигледно
прирасположен од вискито што веќе го беше дегустирал.
Можеби му беше втора чаша. – Ах, супер му е вискито на
Бутлер Паша пријателе, би ти советувал да си земеш еден
Шкот љут ха, ха, ха.
Мислам да му скинеш сукња ха, ха, ха... - Се драпаше
Алија со Циганот кој само процвили - Неии, само хашиша
Алија – Сите се насмејаа куртоазно. Циганот наметна
сериозен израз – Го гледавте ли денес Колин Пауел во
ООН? Холивуд е поубедлив за неколку класи од овој
аматерски театар наречен американска разузнавачка
служба. – Мурат направи мала шеретска гримаса со која на
овој мал разговор му даде коспиративни својства. – Се
подопашувале ќориот и глувиот и ги фатил заптијата, нит
ќориот видел нит глувиот чул. – Ха, ха, ха – Тоа тие
политиката денес – скоро шепотејки се произнесе Мурат. –
Ма каде има сила, нема правдина – Одговара во патетичен
етно манир Циганот. – Енглез и американец, мастер и
бластер.
-Да ви кажам една прикаска за односот на
американецот и англичанецот – се јави Мадам Мурат која
патем да спомнеме беше доцент на катедрата по англиски
јазик и литература на Филолошкиот Факултет при
126
М.А.З.Г.И.

Универзитетот од Скорпија. – Видете, секогаш кога во


друштво нема американец, англичанецот збори се најлошо
за американците, како се прости и глупави, незграпни и
груби, како се некултурни и примитивни, но штом во
друштвото од некаде дојде американец, англичанецот се
претвара во најпослушен и најсервилен батлер. Ха, ха, ха –
Почнаа да се смејат сите во груопата небаре дошле во
Циркус.
-Мислиш се претвараат во најсервилни батлери – Ха.
ха, ха – се смееше Алија додека вискито му подрипнуваше
во чашата, не баре има бура.
-Слушајте – скоро со шепот се обрати Циганот - Ќе
треба добро да ги испегламе капутите кога ќе се вратиме
дома.
-Зошто- Запраша Мадам Мурат чуствувајки се
најзасегната од предлогот – па затоа што ќе бидат полни со
бубачки мејд ин ЦИА – пријателчиња мои ...
-Ах па зар мислиш дека сме толку значајни – се
огласи по малку самокритички настроениот Алија.
-А што мислиш ти, така може лесно да го испитаат
јавното мнение, и тоа на еден ефикасен и ефтин начин.
Што мислите што е поевтино еден мал софистициран чип –
микрофон или кодош со месеци на плата, ха, ха, ха... ги
засмејуваше Аце Циганот Господинот Мурат, Мадам Мурат
и Господинот Алија, воедно внесувајки ги во фин меламж
од блага и далечна параноја.
-Сериозен си – Му се обрати на Циганот господинот
Мурат.
-Сериозен секако не сум, но се плашам дека тие се
прилично сериозни - со самоиронизирачки глас одврати
Циганот. Одеднаш дојде до блага инхибиција кај
друштвото. Тие почнаа да гледаат околу себе чуствувајки
се обсервирани. И токму во тој момент кога чуството на
следење кулминира до гротеска или пак релевантна
непријатност, на групата и пристапи Луфтон Шушумигов –
сликар колега, син на бивш проминентен политичар.
Луфтон беше раздраган и разлапан. Во едната рака
држеше (каков апсурд) минијатурен шишкебап а во другата
128
М.А.З.Г.И.

рака пиво. – Како оди пријатели на уметноста – Ја поздрави


Луфтон групата со само нему својствената разиграност –
-Еј Луфтон, од кога се немаме видено – одврати Аце
Циганот
-Од отварањето на NGO-то на Шизо Штакоридис и
Мадам Смарагд.
-ах од воспоставувањето на шизофрената ложа “Га
точкав чекано”?! –се врати во расположение Циганот иако
потењето веќе стана обилно.
-Не, туку “Чекано га Точкав” би требало да биде. –
сосема сериозно посредуваше Луфтон што на Циганот му
сугерираше дека Луфтон е цврсто поврзан со кланот на
Штакоридисови.
-Добро де Луфтон, знаеш дека кај Шизо се’ е некако
надреално и непредвидливо – Се зајогуни Циганот сваќајки
дека Луфтон во моментот е многу поблизок до Шизо
одколку со него. А само до пред неколку години Луфтон
поведе парница на суд против Шизо тужејки го за
узурпација на авторските права и се колнеше дека меѓу нив
е готово за секогаш. На Аце Циганот оваа нивна кавга не му
се допаѓаше и направи се што можеше за да ги помири
скараните страни. Но ова што се случуваше во последно
време помеѓу нив беше навистина надвор од добриот вкус.
Имено Луфтон му стана миленик на Шизо кој преку својот
повеќе месечник Мигрена го промовира Луфтон’а во артист
намбер1 во Бившата Југословенска Република Македонија.
– Ах каков апсурд – помисли Циганот. – По
расформирањето на СРЈугославија на таканаречената
Србија и Црна Гора, последна држава (република) во која
сеуште номинално се одржуваше југословенството беше
токму ФИРОМ - Бившата Југословенска Република
Македонија. – Ах – си помисли Циганот – Идејата за
југословенството е активна уште од времето на
романтизмот; всушност како што покажа времето –
преромантична за концептот на новиот свестки поредок.
Сепак како најголем просперитет јужните словени (без
бугарите, а со одреден број на несловенски етникуми) да
доживеаја токму во периодот на титоизмот. Кога
130
А.Станковски

131
М.А.З.Г.И.

југословенството ја доби својата најсовршена форма и


организација, пред да почне да еродира како национална
идеологија и да се сруши во амбисот на политичката
историја.
Но можеби не е се изгубено. Можеби тој идеен
вирус е сега изолиран, ставен под контрола во малата
геополитичка лабораторија – ФИРОМ, за да по потреба
повторно се активира. Се зависи од состојбите и моќите на
големите играчи на светската сцена. А, се е така
непредвидливо – си мислеше Циганот додека гледаше во
активните вилици на Луфтон Шушумигов кој не
престануваше да јаде, како ли само можеше да балансира
со толку многу мини сендвичи, шишкебапи и саламчиња,
сланинчиња и кашкавалчиња во рацете. Одеднаш настана
мала мешаница, како да требаше нешто да се случи.
Слугите се повлекоа и одеднаш толпата почна да се
регрупира. Се запалија светлата на неколку рефлектори;
Та неколкуте телевизиски екипи се ставија во акција. И
навистина, пред каминот излезе амбасадорот Бутлер за да
одржи некаков пригоден говор по повод изложбата.
Луфтон набрзина го стутка тоа што му остана во уста и
правејки геста со главата стана. Џвакајки се втурна во
групата што се формираше околу амбасадорот како
публика. Циганот пак се повлече уште подлабоко во
салонот избегнувајки да биде случајно снимен од камерите
пред се’ фокусирани на Бутлер. Всушност тој фино се заби
во една раскошна и мека софа со тенденција да стане
невидлив. Амбасадорот Бутлер направи мала но значајна
пауза и почна: Најнапред би сакал да ви изразам
добредојде и да ви го искажам својот восхит што оваа мала
земја - Македонија, има толку многу вистински креативни
луѓе и со тоа во моите очи станува голема по дух, а и во
очите на секој оној што доаѓа однадвор, а што и малку
имал шанси да се запознае со културата на вашата земја.
Всушност најмногу фасцинира скромноста на обичните
луѓе што ја поседуваат како најретка доблест вашите
интелектуалци, а кои според духовните квалитети што ги

132
М.А.З.Г.И.

имаат би биле ставени во кругот на најелитните луѓе на


оваа планета. Тие се однесуваат без претенциозности без
свесност за своите квалитети што ги прави вистински
големи и вредни.
Често пати мислам од политичко-дипломатска
перспектива на нашата позиционираност во системите на
овој свет и морам со жалење да констатирам дека сите ние
не по наша желба сме ставени во констелација која
честопати ни изгледа неприкладна, понекогаш дури и
неприфатлива. Но тоа е веќе прашање со метафизичка
тежина и се однесува на феноменот на судбината. А
судбината не е халуцинантен сегмент од кристалната кугла
на гатачката од некаков Пинк Пантер – свет, туку тоа е
каузалитет на факти, миракулум на активни и динамички
принципи што далеку ги надминуваат нашите лични желби
и проекции. Сепак во рамките на тие непоимливи структури
на уредувањето и балансирањето на моќите на овој свет,
владеат сосема прифатливи и недвосмислени етички
принципи кои не класифицираат како праведници или
криминалци, страшливци или херои, гении или идиоти,
џентлмени или грабливци, се’ во зависност од нашата
морална доследност и духовна доблесност.
И затоа во име на оваа универзална добрина
вечерва во својство на ваши домаќини истотака се јавуваат
и овие американски “обични” луѓе кои со својот талент и
работливост го надминуваат статусот на “обичноста” и на
несебичен начин учествуваат во изградбата на културниот
храм на мојата земја, пријателка на вашата, уште од
времето на претседателот Вудроу Вилсон, и од времето на
Мис Стон чија пријателска мисија во вашите краишта добро
ја паметат вашите предци. И токму поради фактот што
вечерва е посветена на уметноста чиј ултимативен принцип
е слободата, на мислење, на изразување, конечно на
самото постоење, си зедов за право да ви прочитам еден
свој есеј што го напишав воочи овој настан, а што го
промислува феноменот на моќта и авторитетот низ една
така да кажам дизниевска традиција.

134
А.Станковски

135
Рикошет

В о не толку малото кафе “Бастион на Правдата”


тоа попладне се беа собрале неколкуте проминентни
медиски госип-спинери, душебрижници на јавниот морал и
втерувачи на трендовско – цитатолошките стандарди во
глобалниот културолошки дискурс на малата
Новоамериканска република Скопија. Причина за нивниот
помалце бесен излив на емоции беше приемот на
локалните представници на расите кај американскиот
амбасадор. Вешто запоседнувајки ги позициите на
антиглобализмот тројцата заговорници –
Господата Расте Ѓутлкгузовски и Шизо Штакоридис како и
Мадам Смарагд Дијаматски жестоко ги интензивираа
своите напади кон планетарната олигархија до степен на
бестијалност. Во еден момент лесноповодливиот
неврастеник Расте Ѓутлкгузовски (инаку курентен
претседател на неолибералната “One man show” партија по
име “ Мрсул за демократија”) вешто инструиран од
суптилните но остри инсинуации на Мадам Смарагд, падна
во еден вид клиничка хистерија при која почна
неконтролирано да гризе со својата челуст. Прво го
загриза аголот од масата на која седеа, а потоа тресејки ја
главата лево – десно со френетична јарост дофати со
забите еден влакнест колбас од својата dread looks
фризура. Мадам Смарагд и нејзиниот кавалер Шизо
Штакоридис (инаку шеф на невладината организација
“Чекано го Точкав”) срипаа да го соземат снебивајки се
воедно пред ретките сведоци на грубата неконтролираност

136
А.Станковски

137
М.А.З.Г.И.

на избезумениот Расте кој така безсловесно им го уриваше


угледот.
-Миииииир, Расте миииииррр!!! – Го кротеа
неконтролибилниот посветеник на постколонијалната
критика, Мадам Смарагд и нејзиниот зацрвенет од срам
кавалер. – Мииииииииир – завибрираа унисоно како
електрични штурци кротителите, пополека извлекувајки го
менталниот полип на забеганиот Расте од ендеците на
параноидната космогонија.
Расте почна да се повраќа на предходно
конципираната реалност, со прилично брз интензитет.
Неговата шија се згрчи, а очите му попримија стаклест сјај
кој заедно со разјарената и запенета челуст добија
мистериозен израз, како кај Анубис. За момент делуваше
толку застрашувачки што господинот Шизо Штакоридис го
собу левиот чевел за во случај на нужда да го употреби
како одбрамбено орудие. Мадам Смарагд зуеше со
неразбирливи звуци што во себе требаше да го одрази
сублиматот на пораките од франкфуртската школа, како
некој вид мантри...Тоа како да ја откочи хијенската шија на
Расте и тој повторно се врати во сопствениот
персоналитет. Неколку секунди тој вртеше со своите
разрогачени очи небаре го проверува просторот околу
себе, неговата веродостојност...
-Its all ower now Расте, you know... Со милозвучен
глас го релаксираше деликатната Мадам Смарагд.
Нејзиниот кавалер пак го пофати за рамената и го седна
растроениот Расте повторно на столицата од која се беше
екскатапултирал пред неколку минути во налетот на тој
ненадеен бес.
- Знаете, можеби и би им простил на тие дегенерици,
артизани, полтрони и пацери што себеси се нарекуваат
уметници. Уф, ќе повратам толку ми се гади од нив, а сепак
ќе им простев за аудиенцијата кај Бутлер да не ја избркаа
мојата мила, мојата најмила, најсакана Гајатри Чакраворти
Спивак... Ах маму им ебам, ах ја избркаа, со својот
полтронизам со својата агресивност, со своите смрдливи

138
М.А.З.Г.И.

чорапи... Припадниците на муслиманскиот дел од групата...


На чело со оној одвратен Аце, Аце Циганот претставник на
ромите, тој циган гнасен. Замислете на последниот попис
се пријавил како ром, но не затоа што е ром, најверојатно е
шиптар според разбојничките склоности што ги покажува
уште од неговите први појавувања на вашата високоценета
“Мигрена”, вашиот светилник на мислата, вашиот
револуционерен корифеј и нашиот интелектуален азил, не,
не, и не, Аце Циганот се пријави како ром за да ги собере
бенефициите кои тоа изнапатено малцинство, а сега после
“Рамковниот во Охрид” – народ ги емитира во системот
прибидејки нема ниеден ликовен уметник, а по клуч би
требало да има... ах каков гад, ах куче сакато ми ја избрка
Гајатри Спивак, ах Гајатриииии, Гајатриииии Бидаииииии
Гјатриииииии, Гајатрииииии, Бидаииииии,
Гајатрииииииииии!!!
Одеднапш Расте замолкна, како да се загрцна, ја
отвори ширум устата, се згрчи, а од грлото му летна млаз
пачеста материја. Брзата Мадам Смарагд ја тргна од
соседната столица својата скапоцена (2000 швајцарски
франци) чанта од змиска кожа. Едно “несварено” (а тврдо
варено) јајце тупна врз столицата и добивајки ефект
поради својата лигавост се лизна на подот тркалајки се до
соседната маса.
-Шизо! Брзо, однеси го до тоалетот. Смири се Расте,
брзо Шизо, додека не избербатил се наоколу. – Со повишен
тон ја координираше ситуацијата сега веќе возбудената
Мадам Смарагд. Шизо го пофати Растета и го одвлече до
тоалетот, зад нив остана лигава трага небаре се полжави.
Мадам Смарагд остана крај масата во полустоечка и
беспомошна позиција. Во еден момент се обиде да
интервенира со неколкуте преостанати хартиени шамивчња
“Палома” што ги беше извадила од својата чанта, но
магнитудата на бербатот беше толку голема што таа во очај
само ги поткрена рамениците. И точно во моментот кога и
дојде едно по се’ соломонско решение, а кое
инаугурираше менување на масата и инволвирање на

140
А.Станковски

141
М.А.З.Г.И.

персоналот од кафето, до неа се појави еден црномурест


господин.
-Се извинувам .... Перимени... Мадам Смарагд
зачудено погледна во мустачињата на дојденецот. Даааааа,
видете и ова се случува во нашиот град – се обиде да биде
контролирана и вицкаста префинетата и секогаш трезна
Мадам Смарагд.
-Его... Ммм, ас см грек од Атенс, Јорго... зал ми е за
оној Кир Раста...
Мадам Смарагд ја подаде својата нежна како од
порцелан создадена рака. Ах се случува, премногу се
возбуди поради курентната геополитика, ич не ги сака
американците, а посебно ги мрази домашните предавници
почнувајки од потписниците на охридскиот договор па се
до оние улизици-уметници што по национален клуч се
обидуваат де се изгребат за некој долар кај локалните
американски сатрапи, башка многу испи... - Лицето на
Мадам Смарагд поприми заводничка сериозност.
-Ах и ние во грецко не ги волиме американци, кде
идев војна носев. – Гркот ја позеде раката на Мадам
Смарагд и ја баци во староградски манир, - Мило ми ешто
ги делимо наси емоции за глобални состојбе у козмо, овој
светот мадам?
-Мадам Смарагд. – Со помалку зацрвенето лице
одврати Мадам Смарагд достоинствено повлекувајки ја
својата рака од врелите дланки на гркот.
-Како прекрасно име... мозе васио телефоно... Со
умилкувачки изглед инсистираше гркот Јорго.
-Зошто да не, ќе ви го дадам бројот од “Чекано га
Точкав”, нашето N.G.O., може да ни дојдете на кафе. -
Уште повеќе се зацрвени Мадам Смарагд.
-Кафе Греко... Само кафе Греко, се друго е
американска манипулација, иако има италианска име,
еспресо, капуцино, макијато...Продожуваше да набројува
гркот издигајки ги заводнички веѓите до непоимливи
висини...
-Ах, ха, ха, па немојте до толку... На Мадам Смарагд
почна да и станува нелагодно,
142
М.А.З.Г.И.

-Видете, ас см психијатро, психис, знаете, не, овај


да... Не охи, а не на грецки... Видите васети Растафари
пријател мнигу болен а? – Доверливо почна Јорго, изразот
му доби некаква професионалност.
-Ааа не, не, Расте е само премногу темпераментен.
Премногу е далдисан во политиката, сега кога Буш сака да
го бомбардира Садам, а со Садам уште и 18 милиони
ирачани, тој просто не може да се соземе, во доверба ни
кажа на мојот пријател и мене дека со денови не може да
спие поради ваквите белосветски неправди, знаете Расте е
еден од најголемите хуманисти и праведници што било
кога објавиле текст во нашиот повеќе месечник
“Мигрена”...
-А така знаци...А сто му знасесе она Гајдуриии,
Гајдурииии, знаете дека гајдури на грецки знаци
магарец....Мислам такви состојби каде зоон се довикуват со
френетицни сексуални импликации, знаете магарес според
Фројд е експлицитен фалусистицки симбол, б’лус
поврацања, е тоа ви е сигурен знаци за скизофрења, мисле
оте е сирозно... - Изразот на Јорго поприми емпатиски
својства.
-Ах, не, ха, ха, ха... Гледам погрешно сте слушнале,
Ах овие нови и набрзинасклепани неакустички интериери...
Гајатри, господине Јоргос, Гајатри Спивак, тоа е една
индијка, поправо еден индијски жена филозоф.
-Жена Филозофос... Ах, зарем има тоа. Хм, простете,
немам нисто против зени, напротив, многу ги сакам, ги
обицвам, хм, но зена филозофо, е това е малку многу за
мене. – Гркот навлече разочарувачки израз.
Мадам Смарагд повторно поцрвене. Овој пат од
ненадејниот гнев што и јурна без предупредување во
главата. – Како се осмелувате, вие невоспитана машка
шовинистичка свињо. Се бореше да фати воздух. Во
слепоочниците и затапаа тапаните на Били Кобам. Гркот
презриво се поклони, и без одговор се сврте и се повлече
кон масата на која уште му стоеше минерална вода и
недопиеното турско кафе. Кога беше на половина пат

144
А.Станковски

145
М.А.З.Г.И.

малку ја подзаврте главата и довикна кон Мадам Смарагд-


Знаете, насио голем грецки писател и комедиограф од 18
век Роидис има лецено: Зена со мудрост, или како сто вие
велите”зена философо” е како магалец су се мацка зо олио
за атлетицари.
Мадам Смарагд прокува од бес, но сепак успеа да го
пригуши гневот. Таа само промрмори тивко, само за себе –
Простак.
Шизо Штакоридис и Расте Ѓутлкгузевски излегоа од
тоалетот. Изгледаа истоштено. Мадам Смарагд одлучи дека
е доволно за тој ден. Во нејзиниот ум брзо севна
перспективата на следните дејствија: Такси, на железничка
станица, Расте во воз, испраќање, брзо и без патетики,
Расте кон неговото село, таа и Шизо дома...
На патот кон железничката станица се разви
траорна атмосфера, раскокодаканиот таксист не успеа да
ги вовлече во дијалог со своите ступидни прашања и
одговори. Тој не наоѓајки вербална подршка со суптилна
одмаздољубивост го вклучи радиото и го намести на
најселската радио станица (најверојатно како интимен
протест против “прогресивниот” културолошки аутфит на
муштериите). Од звучникот се разлеа анимална мелодија
полна со завивање и простачка лирика:
“Ја анџеооооооо
А ти џавооооооо
Да тељууууубим
немам правооооо...”
...Културњаци, ах маму да ви ебам лигуши едни...
Само јадете гомна, им ги лижете јајцата на политичарите и
гнетете пари, ах скотови одвратни... Си мислеше таксистот
во себе си, навреден од игнорантскиот став на Мадам
Смарагд, од нејзиниот кавалер Штакоридис и од
истоштениот и деспериран Расте Ѓутлкгузовски чија аура
труеше на повраќаници. – Ах смрдежи одвратни, изусти
таксистот за себе кога тројцата ја напуштија кабината
упатувајки се кон влезот на централната железничка
станица.

146
М.А.З.Г.И.

Трите фигури неволно се влечеа по перонот. Возот


веќе стоеше на својот колосек стенејки со своето тешко
метално тело. Пред да се качи во вагонот Расте погледна
во своите пријатели со насолзени очи небаре е евреин кој
треба да одпатува во Аушвиц, изоставен од Шиндлеровата
листа. Имаше аверзија кон својот селски бекграунд, кој еве
се провлече до неговите триесети, и иако стана
претседател на политичка партија сеуште немаше доволно
инкам да си дозволи вгнездување во метрополата...
-Како беше она? Културници на накурници – Им се
обрати Расте со кучешки тажен глас на пријателите.
-Поточно, накурници за културници, попрецизно –
Му возврати Шизо Штакоридис поткревајки ја својата десна
рака кон Расте за да го погали по рамото.
-Ааа, тоа секако нема да му го простам на оној гад
цигански Аце... Повторно собра малку сила од морето на
очајот непомирливиот Расте.
-Напиши текст Расте со дипломатски ентузијазам се
вклучи Мадам Смарагд.
-Да, да – се надоврза Шизо невешто одглумувајки
ентузијастичен изблик.
-Напиши текст за тие неталентирани полтрони, за
тие таканаречени ликовњаци, така најдобро ќе се
ослободиш од нивните погани вибрации. А ние Ќе ти го
објавиме во следниот број на “Мигрена “. – Шизо
Штакоридис се исправи во амбиентот на својот мал
тријумфализам.
-Знаеш, тоа ви е добра идеа – Возврати со
благодарност Расте Ѓутлукгузовски и влезе во вагонот.
Шизо и Мадам Смарагд го следеа пар секунди неговото
вовлекување во купето и веднаш тргнаа назад, што побрзо
да го напуштат перонот, да му оневозможат било каква
шанса за понатамошно дружење на Растета, доколку овој,
скраја да е се премисли при некое ново разочарување и се
поврати кон нив барајки ново утешение... Но возот тргна, а
тие веќе беа далеку од станицата... Решија да одпешачат
до дома, да се излуфтираат од целиот тој даун – како што

148
А.Станковски

149
М.А.З.Г.И.

знаеше да каже секогаш внимателниот кавалер на Мадам


Смарагд.
Мноштво до баналност познати пејсажи поминуваа
на прозорот пред очите на Расте Ѓутлукгузовски.
Едноличното тандркање на возот делуваше хипнотички врз
страсниот ум на антиглобализацискиот промислувач -
револуционер. Овие пејсажи ги гледаше со години, уште од
времето кога како средношколец патуваше на поетските
читања во метрополата, потоа како студент, како медиска
фигура, како политичар воедно терајки ја својата
академска кариера... Тоа што гледаше низ прозорците на
возовите кои го разнесуваа горе – доле – по главната
железничка магистрала на државата беше се поочајно од
година во година. Грдотијата се ширеше како несопирлива
епидемија метастазирајки низ сите делови на она што
некогаш беше пристоен, па дури и идиличен рурален
пејсаж, сега покриен со безброј депонии, со песочишта и
копови со отфрлени, рѓосани каросерии од стари возила,
со грди до морбидност објекти на гнасната и
контаминирачка индустрија што никнува покрај пругата
како печурки по дожд, со десперантни фигури на
пауперизирани селани што делуваа како мртовци, како
зомби, без енергија и воља... Затоа обично читаше во возот,
бегајки од целата таа суровост, од тој дебакл на културата
и заедницата на која и припаѓаше и како креативна единка
со способности за анализа и организација, но и како
патриот што беше безкрајно воодушевен од драматичната
историја на својата татковина. Беше сосема сигурен за
причните на ваквите состојби во земјата, за фаталните
последици од транзицијата која ја беше намразил со
непоимлив интензитет. За богатите и моќни држави кои
своите гнасотилоци и ѓубришта се повеќе и повеќе ги селеа
во сиромашните транзициони земји. Дури се шушкаше дека
напуштените рудници беа реактивирани со цел да го
соберат нуклеарниот отпад од земјите на НАТО. Тоа го
полудуваше од гнев...Неговиот еколошки морал...Затоа и
збесна толку по повод изложбата на анахроните по

150
М.А.З.Г.И.

интерпретација, идилични пејсажи од Мејн во


резиденцијата на американскиот амбасадор Бутлер, сега
воочи воената интервенција против Ирак... се присети на
репродукциите на сликите од каталогот, на несносниот
плутократиски штимунг без промисли и филозофичност во
делата. Плитка импресија на американскиот кантри сајд,
како во филмовите на американскиот државен уметник бр.
1: Стивен Спилберг и неговиот недотупавен
квазихуманистички идеализам преполн со плитки
сентименталности и провидна пропагандистичка
дидактичност...
Пејсажите на Мејн, државата од каде потекнуваше
амбасадорот Бутлер; слики насликани од обични луѓе,
тивки и скромни уметници, трудбеници кои се доволно
среќни што можат да ја работат работата со која се
зафатиле од љубов кон уметноста, кон природата...
Пејсажи со мноштво зелени и сини бои, чисти и свежи
амбиенти, визии на незагадена земја , амбиенти преполни
со свеж и чист воздух со здрави и раскошни дрвја, со шуми
темно зелени што како гигантски теписи ја покриваат
ридестата структура на земјиштето се до далечните
хоризонти, се до морето, се до небото на Мејн, на
Атлантикот, на Канада и источното крајбрежје... И по
некоја обрасната од сочната трева патека што ги дели
ливадите од шумите, океанот од копното на Мејн, на
Америка...та-та-та-таааааа!
-Нивните пејсажи се така чисти и природни, не само
како ресурси туку и како натурално естетски структури на
постоењето, на постоењето во рамките на нивната
перцепција...ах, каква неправда од нивна страна и каква
неспособност од наша страна, и сето тоа продолжува и
станува се пообемно, поголемо, понеподнесливо, тој
огавен полтронизам и кукавичлук на нашите политички
елити, нивната алчност и бесловесност, нивната тотална
негрижа за другиот, за нивните браќа и сестри, за нивниот
народ...си мислеше Расте завален во столицата од
неговото помалку загнасено купе. А сега дури и оние кои

152
А.Станковски

153
М.А.З.Г.И.

треба да бидат парадигма на спротиставувањето на оваа


ужасна дегенерација на моралот на владеачкиот слој –
интелектуалците, пред се оние вонбирократски и вон
академски структури на интелектуалци, оние кои себеси се
нарекуваа “андерграунд” како оној хипокритичен карактер
Аце Циганот, сега сите тие ефтини љангачи отидоа да му ги
лижат јајцата на Бутлера, да јадат, да ждерат од неговите
кучешки ваганки, да се додворуваат на моќникот дарувајки
му каталози од нивните самостојни изложби, како некакви
кол-грли од Лас Вегас, како најординарни курви од
предградијата на Тихуана... Одеднаш се потсети на
неговиот извор на информации Луфтон Шушумигов,
неговиот пријател и голем соработник на
повеќемесечникот “Мигрена”, член на внатрешниот круг на
малата невладина ложа “Чекано го Точкав”. Се потсети на
сочните и мунициозни описи на карактерите, дејствијата и
амбиентот од приемот кај Бутлер што Луфтон Шушумигов
во присуство на Мадам Смарагд и Шизо Штакоридис ги
раскажуваше со разуздана вехементност, од говорот на
Бутлер и реакциите на присутните карактери па се до
асортиманот на закуската (кавијар, морски плодови,
минијатурни сендвичи со шунки и кашкавали, маслинки,
филувани со сенфови и мајонези, варени јајца и некакви
мали американски вариетети на шиш-кебап – каква
иронија); и некаков чуден апетит се разбуди во Расте оти
ваквата храна му беше омилена, а стомакот испразнет уште
од оној злосреќен брејкдаун во кафето “Бастион на
Правдата”. Но тој брзо ги преусмери своите мисли
постепено заборавајки на гладот. Сепак неговото
непоматено чуство за акција, поточно за напад на овој
дегутантен збир на чанколисци беше некако пореметен
токму од феноменот на известувачот, од Луфтон
Шушумигов кој како и да се заврти работата беше еден од
гостите и уметник андерграунд фигура... и кон тоа присутен
на приемот поврзан со полтронската болумента, а сепак
пријател и член на внатрешниот кружок, инволвиран во
аферите на врхушката на ова доблесно антиглобалистичко

154
М.А.З.Г.И.

здружение...
-Но конечно случајот на Луфтон е всушност една
тајна мисија на еден наш соборец во таборот на
непријателот. Зошто да не, па ние не смееме да бидеме ни
глупи ни наивни. Ние мораме да следиме се’, да бидеме
информирани соодветно и навреме да интервенираме. –
Така Расте го реши овој мал паралогизам а-пропо
Луфтоновото присуство; со воведување на мал
разузнувачки флерт, со тајна стратегија... Па Луфтон е
всушност еден многу, многу вреден наш соборец кој често
пати оди како волонтер (каква храброст) во ризични и тајни
мисии зад непријателските редови... И очите му се
навлажија со солзи на доблесна гордост. И затоа Луфтон
воопште нема да биде спомнат во протесниот текст. Така,
те нема ли во текстот, те нема во контекстот... Борецот
мора да биде храбар како лав, итар како лисица и секако
мил како маче за да се вовлече меѓу нив и да шпиунира? –
Овој збор не му се допадна и тој побара нов – Да
Известува, да соработува, да ги раскринкува, гадовите како
добар и лојален на правдата детектив. Затоа ќе бидат
изоставени уште четири-пет други уметници за сомнежот да
не падне на камарадот Луфтон. Еве, ќе ги откачам оние
поординарните... Сепак мора да има и некој капиталец меѓу
нив... Но никако оној одвратен смрдеж Аце Циганот кој
сите овие години натепуваше големи буџети за неговите
небулозни филмски проекти од бившата власт... Тоа говедо
мора да ми плати... Ах каков бесрамен вепар... Со своите
тривијалности заведе толку многу адолесценти фрлајки им
в очи андерграунд прашина...Сите овие години...
Возот застана на станицата на која Расте требаше
да излезе. Во неговата глава зуеше едно цело улиште од
идеи. Каливиот пат кој водеше кон неговата семејна куќа
овој пат не можеше да му го урниса расположението.
Текстот му беше идејно конципиран, требаше само да го
реализира... - Ах компјутерче мое мало вечерва ќе
работиме... Ти и јас во името на правдата... Како Дон Кихот
и Санчо Панса ха, ха, ха... - Весело како Пастир Костја ги

156
А.Станковски

157
М.А.З.Г.И.

забрза чекорите Расте Ѓутлукгузовски повремено


подрипувајки и свиркајки ја на уста
“Интернационалата”. Сонцето тукушто зајде...
Но по доаѓањето дома, гладниот Расте фино се изнајаде од
што телото му натежна како олово и тој заспа. Прв пат по
неколкуноќно бдеење.
Утредента тој се разбуди со видна нервоза. Беше по
малку лут на себеси што сеуште не почнал да работи на
текстот. – Мумф, мразам кога сум неодговорен, барем да го
почнев вчера... - Си мислеше обидувајки се да ги евоцира
сите оние роеви од мисли што вчера вечер му се изнакотија
во главата. Но таму, во неговата когнитивна лабораторија
недостасуваа цели сегменти... Главните идеи беа сеуште
тука, но сите оние интелигибилни финеси испарија во
текот на ноќта.
-Ете како е кога телото го ставаш пред духот –
Забрунда незадоволно сеуште мамурниот Расте. Сега
морам повторно да копам по маргините на меморијата, тоа
знае да биде навистина болен процес- Малку се поднаежи.
– Можеби кафето ќе ме рестартира... Оваа помисла го
орасположи како што семките го орасположуваа мајмунот
Чонгур од циркусот Про Арте...
Беше возбуден и по малце скептичен што го натера
набрзина да заврши со утринското кафе и да се насади
пред комјутерот. Надвор сонцето грееше со неспоредлив
сјај. Јатата врапци насобрани по дрвјата дигаа врева
исполнета со ненормална радост. Синилото на небото
беше почисто и поинтензивно од било кое синило во
цртаните филмови.
-Чиу, чиу, чркгт, чиу дртд, чрии, џиив, џив, диор,
дрирт... Пееа врапците. Расте го испиша насловот на
текстот: “Бедата на Интелектуалците”. И таман да ја испише
првата и најударна реченица во експозицијата тој застана.
Нешто не му одеше како што треба. Тој пак се обиде, овој
пат малку на сила, но напорот беше залуден. Ваква
интелектуална и креативна импотентност не беше
почуствувал од дамна. Тој стана од столицата и почна да

158
А.Станковски

159
М.А.З.Г.И.

шета по собата угоре – удолу но ништо посебно не се


случи. Тој повторно седна пред компјутерот, напиша
неколку збора, но никако не можеше да ја конципира
реченицата. Пеењето на врапците стануваше се’ појако и
појако. Нивното џивџање влегуваше во празнините меѓу
зборовите дисторзирајки ги и рушејки ја концепцијата. Џри,
чиу, чррр, чи, чоррррт, дорррт...
-По извесно време залудни обиди да се концентрира
Расте почна да го чуствува својот ум како кафез полн со
врапци, илјадници врапци. Состојбата стануваше се
попараноична. Конечно тој реши да батали се’ и малку да
прилегне, , да се релаксира на креветот. Можеби цел тој
напор беше премногу за него...Девојките од Австралија му
пролетаа низ умот, оние 750 голи девојки со паролата “NO
WAR” . Но врапците беа појаки. Малиот онанистички пасаж
беше брзо уништен под монотоното чвркање на ордата
врапци распоредени по соседните дрвја. Расте почна да го
губи трпението. Неговите екстремитети почнаа да треперат
од нервоза, во ушите му одѕвонуваше небаре е во некоја од
камбаните во Кремљ, во мозокот како да му забиваа шајки
чукани од стотици пневматски чекани - Чрррр, чорррр,
џорррр, џоорџ, џорррџ? Џорррџ Бжжжж?? Џорџ Бууш?!
Џорррџ Б ушш!!! ЏООРЏ БУШ ЏООРЏ БУШ ЏООРЏБУШ
ЏОРЏБУШ...!!!!!Расте срипа, ова со врапците стана
неподносливо. Со неколку врколачки скока тој се најде на
таванот, до еден сандак, го отвори, извади една воздушна
пушка (од детството...), муниција, ја наполни и брзо се
слизна до својата соба, го отвори прозорот и со бес на
виетнамски ветеран се распука по врапците: Маму ви
еббб...! Не успеа да доврши. Се изгуби во цел тој
галијаматис од стравови, звуци, слики и болка... Некаде во
средината на челото помеѓу роговите го запече силно до
помрачување. Тој се заниша наназад и падна. За момент
левитираше помеѓу свесноста и несвесноста. Болката го
натера да се освести. Го напипа местото од каде доаѓаше
тоа ужасно печење Неколку капки крв, ништо посебно. Се
придигна, отиде до огледалото. За момент погледа кон

160
А.Станковски

161
М.А.З.Г.И.

отворениот прозорец и веднаш свати дека последниот


куршум (дијабола) се беше одбил од металната ванглеста
турска псеудосателитска антена...
-Каква бедна пародичност – си се потсмеваше на
самиот себе си помалку вчудоневидениот Расте
Ѓутлукгузовски – Рикошет, ти ебам – Се гледаше Расте во
огледалото. Полека раничката на челото се претвори во
некаква дамка со интензивна кармин боја. На момент се
фати како личи на некаков хинду испосник, на јогин од
Варанази или Агра... Нешто топло почна да се појавува во
него, некаква радост на сфаќање, на сфатена порака, на
мистериозна комуникација.
-Гајатари... Гајатри Спивак! Тттоа си ти?! Беше
обземен, небаре доживеал нирвана или некаква суштина
на посколонијалната критика што по некаков апофатички
принцип повторно носи во некакво просветлување, во
совршена интеграција со космичкиот ум... Треќе око...
Промрморе тивко скоро потпевнувајки озарениот Расте
Ѓутлукгузовски. Трето око... Нежно го
напипа со прстите... Тоа навистина беше некакво си трето
око... Компјутерот весело му намигна од аголот небаре
сакаше да каже дека стварите се случуваат сами од себе.
Значи штом се случило, тогаш морало да се случи. Со
грозничава инспирација тој му скокна на компјутерот и
почна да ја “топи” тастатурата. Идеите му доаѓаа како
димензиите во последната петина од кјубриковата:
“Одисеја во вселената 2001”. Кога астронаутот станува
светител, бодисатва, аватари... И Расте запеа: Baby you can
drive my car – а врапците го придружуваа: Yes you gonna be
a star!!! А компјутерот тивко прошепоти: And maybe I love
you!

162
А.Станковски

163
Садам Баба
и 40-те Разбојници
Циганот одмараше во својот тросед наспроти
телевизорот. Тоа му беше како некаква информациска
медитација. Дури и троседот ја беше попримил формата на
Цигановото тело која се оцртуваше како вдлабнатина во
тоа старо парче мебел. Одкако почна војната во Ирак тој
просто не можеше да престане со оваа помалку
мистериозна пракса. Тој по 12 сати ги гледаше англо-
американските станици BBC, SKY, SNN и престана со сите
свои обврски и активности. Само гледаше и гледаше во
екранот процесирајки ги низ својот ум одново и одново по
кој знае кој пат повторените стории, за кои беше повеќе од
сигурен дека се преполни со пропаганда, дезинформации
и лаги. Но за жал немаше кабловска да заплови низ
информацискиот етер слободен како птица и да го согледа
што е можно поверодостојно овој според многумина
круцијален настан во поновата историја на човештвото. Ах,
Ал Џазира – тој бисер на телевизиското информирање
беше далеку од неговиот перцептивен дофат. Му курчеше
цензорскиот однос што неговата држава го беше
воспоставила врз домашниот информативен простор. Но,
ФИРОМ благодарејки на нејзиниот секогаш насмеан
претседател Борче и неговите итри и прагматични
советници (сите од реда вљубени во Вујко Сем) како и
дезориентираната од страв влада, решија да станат дел од
злосторничката коалиција од 40 држави на чело со USA и
UK , и сходно на ова медискиот простор каде требаше да
протекуваат мноштво информации во име на вистината –
164
А.Станковски

165
М.А.З.Г.И.

беше угушен. Дури и англо – американските информативни


куќи беа поотворени кон информациите што доаѓаа од
фронтот одколку домашните медиуми.
-Говеда рогати копитести и опашести – пцуеше во
себе Циганот по телевизиите и нивните недоделкани
уредници. – Простаци, кукавици, гадови, гнасни свињи,
мизерни слуги на американската бесловесна, лажлива,
злосторничка и аморална политика. Подобро
Градоначалникот Пијанов да им даде лопати за да чистат
ѓубре по улиците одколку што државата им дала
информативни медиуми да водат. Само Лакташ (стариот
добар бунџија) ќе објавеше нешто на Сител, па по некој
анализа од опитниот воен аналитичар Шкрбина и толку.
Циганот беше бесен на претседателот и на владата , но тој
сентимент одамна буфташе во него, уште од 1999 год.
“кога светскиот полицаец бр. 1, а можеби и единствен
заедно со својот верен батлер – U.K. ја пустошеа СРЈ, но
никако немаа “муда” да влезат во земјата со копнени трупи.
Знаеа дека србинот ќе ги исече на фронцли. Успешноста
на империјалните нации какви се на пример: американците
или англичаните токму се состои во нивната скоро
перверзна рационалност со која пред се развиваат високо
технологизирани оружја за масовно уништување, а потоа
удри по светот, убивај, уценувај, кради, лажи, диктирај свои
услови, богати се од трудот на другите, да ти ебам таквото
богатство, да ти ебам таквата култура... “Беснееше Циганот
како хистеричен мајмун”.
И затоа Циганот почна со чудни и таинствени
симпатии да гледа на човекот со мустаките. Ова му беше
чудно, но сепак истиот трансфер на емоционелен
афинитет го почуствува и кон “3 прасича Боби Милошевич
Шоу” кога НАТО почна да ја бомбардира Србија. Тоа
секако произлегуваше од ставот на народот кој и покрај
политичко – социјалните небиднини што ги трпеше во
сопствените земји (сега веќе сериозно почна да се сомнева
дека тие страдања потекнуваат од авторитарните режими
на Цобе и Садам), застана во одбрана на татковината како

166
А.Станковски

167
М.А.З.Г.И.

еден. Ај во случајот на Цобе се правдаа со кршењето на


човечките права, но во случајот на Садам веќе беше
кристално јасно дека се работи за нафтата – крвотокот
(или барем дел од крвотокот) на планетава. Планерите на
војните во англосаксонскиот дел од човештвото како да ја
изгубија онаа мајсторска суптилност при произведувањето
на своите пропангандистички – brain wosh операции. Како
достигнувањата на Норман Винер и другите момчиња што
се бавеа со манипулациите на когнитивноста да станаа
демоде, застарени умни стратегии што дури и гладните
шиити од Ум Казар веќе ги прокажуваа, онака спонтано,
како што новодизајнираните анти тела лесно се справуваат
со импотентниот и застарен вирус што се губи во вековна
хибернација пред триумфот на медицината. Каде се
момчињата од франкфуртската школа да му помогнат на
Чичо Сем во пропагандната војна. Дури и при
доделувањето на оскарите (тој врв на кичот) се чу оштра
анти – воена критика. Shame on you Mr. Bush, викаше
дебелчо со позлатената статуетка во рацете - какво
злосреќно идолопоклонство. Оскар – Златното теле на
Холивуд – бабилонската кула на безидејноста, илузорноста
и претенциозноста. Но позицијата на поголемиот дел од
филмските работници од Холивуд барем формално е во
ред. Доле со оваа неправедна војна, со овој нов Виетнам,
со овој жив песок во кој англо-американската плутократија
ќе ја фрла својата младина (онаа младина од гетата и
затворите) и ќе ја бестијализира уште повеќе и својата
култура и културата на останатите.
Циганот одеднаш “прокува”, не можеше повеќе да
издржи, тој со неколку скока дојде до телевизорот и го
смени програмот токму кога на CNN одеше шоуто на Лари
Кинг во кое гостин беше австралискиот премиер кој
наспроти огромните протести во неговата земја остана
заговорник на кампањата...
-”Fuck You” промрморе Циганот и почна да стиска по
каналите.
-Ту да тибам, порно – како неподнослива вулгарност

168
А.Станковски

169
М.А.З.Г.И.

се воспостави реската промена. “Ах тие кравички” мрчеше


Циганот – Каде понатака, кон BBC или SKY? Па британската
пропагандна е уште погадна, по бесчуствителна, како да се
работи за некакви весело – препотентни роботи. Каде по
ѓаволите? Кон МТВ, кон тој лоботомизиран медиски
организам. Уф, да ти ибам, како не ставивме кабловска,
сега ќе гледав некоја француска, германска, руска, кинеска
телевизија или Ал Џезира, ах – очајуваше Циганот. Беше сит
од вандализмот на американците кои ги кинеа големите
неокласицистички и ориентално – соц реалистички
портрети на Садам Хусеин. – ОК, кич, без сомнение – Кич,
но зар уметноста не беше мртва уште во времето на
Дишамп и Швитерс? Или тоа беше заебанција од
најегзибиционистички тип, бидејки еве ви ги нивните дела
во големите Музеи на новото време како оние на Жак Луи
Давид или Доменик Енгр во Лувр. А што да речема за
американскиот и британскиот поп арт... Ми се чини дека се
работи за апсурдна омраза кон овој арапски свет од страна
на англо – американците, зар може една мизерна плата од
илјада или две илјади долари да изгенерира таква омраза
во човека. А нивните шефови се што кажаа излажаа. Ќе
биде пет дена возење низ пустина, малку пукање и накрајот
на неделата ќе отворите шампањци пред кафезот во кого
ќе биде затворен Садам. Како некаков холивудски Кинг
Конг, да, да, токму тој што ви ги сруши близначките во Нју
Јорк.
Ееееееј почуј англо – американски народе! Ви
говори претседателот на USA: Садам , Садам ни ги сруши
кулитееее!!! – Срамота. А Садам беше нивниот водач, Татко
на нацијата – Садам Баба, храбар и одлучен да се пресмета
со арогантниот англо – американски вампир што сака да се
нацица “нафта за храна”? Системите што англо –
американската елита ги градеше веќе век и половина
хипертрофираа и воспоставија контрола врз своите
создавачи поткопувајки им ја човечноста со комфор и
омраза кон другиот – инаквиот. Во оваа војна нивните
најгрди деформитети и прелести излегоа на видело.

170
А.Станковски

171
М.А.З.Г.И.

Нивното лажење на пример: Тие им велеа на ирачаните и


на светот дека ќе го ослободат Ирак а и врапчињата на
гранките на некој интуитивен начин знаеа дека се дојдени
за нафтата. – Врапчињата на Багдат избегани во пустината
од таа ужасна бркотница. – Од друга страна за огромен дел
од ирачаните Ирак беше веќе слободен, зошто повторно да
се ослободува. – Ах гадови одвратни милитаристички, ах
вие злосторници наемнички, ја покренавте битката за
срцата и умовите на ирачаните. Прво со бомби им ги
уништувате резервите на храна, па ги заобиколувате
отсекувајки им го снабдувањето, па ги изгладнувате ги
изжеднувате до агонија, па потоа ги мамите со вода и
храна и мислите дека деградирајки го народот на Ирак до
крдо жедни и збудалени животни, изгледате хумани и
праведни. Вие лукави во срцата, алчни и алиенарни убијци,
вие хипокрити... Се палеше Циганот се повеќе и повеќе
голтајки го одвратното ѓубре на англо – американската
медиско – милитаристичка мрежа. Посебно му беше
одвратно повикувањето на Женевската конвенција од
страна на англо – американците: Демек ирачаните биле
сурови и не ги почитувале правилата на војната, пред се
третманот на заробените војници на окупаторот. – па
повелете “Џентлмени” англо – американски излезете со
исто оружје против ирачките војници. Но вие најрадо би го
решиле конфликтот со атомски бомби, но се плашите во тој
случај светот да не се дигне против вас и да не ве истреби
како гадинки од лицето на земјата (сироти), А? Или пак се
плашите да не ги озрачите нафтените полиња, а тогаш
нафтата е безвредна? Не, тоа воопшто не е проблем за вас,
за вас ништо не е проблем освен оној за кој воопшто не сте
свесни, а тоа е веќе во голема мера изгубената душа, а
можеби за некој од вас веќе потполно изгубена? –
Патетично беснееше Циганот вртејки се и претајки во
своето зовриено гнездо. – Fight for harts and minds!
Погледнете наоколу о англо – американци, погледајте го
добро овој илјада пати поголем ужас од оној што Садам го
беше направил во целокупната своја кариера, би требало

172
А.Станковски

173
М.А.З.Г.И.

да се борите за срцата и умовите, за вашите срца и умови.


Свртете се околу себе и чуј те го срцето и умот на оние
малубројни меѓу вас чиј глас е изгубен во пустината на
вашата бесчуствителност и егоизам. Циганот почна да рие
со своите стапала под троседот и ќебето. Се присети на
Џон Ленон и неколку врели солзи му се стркалаа по
образите, Ах ти вистинољубив гениу, Ти светлост на
модернистичките празнини, на буржоаските носталгии, на
капиталистичките темници... Татко му на Џим Морисон
беше US адмирал во виетнамската војна Светот е магичен,
од најгрдото стебло може да израсне најубавиот цвет. Се е
така непредвидливо, дури и кога е навидум предвидливо.
Тој реши да се смири со еден персоналец ганџа. Џоинтот
беше веќе тука, под неговиот адресар, заедно со запалката
– интересна мртва природа – помисли за момент Циганот.
Тој го запали џокавецот. Димовите што ги влечеше му
покажаа дека неговата невроза е во голема мера
непотребна. Ааааах сè е така јасно, се е тоа еден вид
природен процес. Како рибите во морето, малите бидуваат
изедени од големите , не?! – Приспивноста на атмосферата
и стоундот го натера да се отпушти и да фантазира. Тој за
кратко стана од троседот за да го намали тонот. Се’ е така
комплексно во овој свет...Се’ е така далечно, далечно и
небитно во однос на оваа космичка безкрајност...
Топлината од радијаторот што благопријатно се ширеше
низ просторот го воведе во пријатна дремка. Очните
капаци му натежнаа – пријатно заминување во друга
димензија. Звукот од телевизорот стануваше се подалечен.
Како екранот од ТВ-то да пропадна во некаква далиевска
перспектива, во пустински пејсаж што морфира во
мноштво непрепознатливи на прв поглед форми, но штом
подолго ја задржите перцепцијата на нив, тие почнуваат
полека и скоро неприметливо да добиваат некакви
значења... Одеднаш сите тие аморфни форми како да
исчезнаа зад хоризонтот на пустинскиот пејсаж кој беше
исполнет со огромен број билборди кои се губеа во
далечината. На билбордите беше портретот на Садам

174
А.Станковски

175
М.А.З.Г.И.

Хусеин поправо најразновидни портрети на Садам.


Портретите одразуваа различни позиции, костими и
возрасти. Ги имаше насекаде наоколу и се губеа во
далечината како точки. Некои од портретите полека, едвај
забележително тонеа во песокот, а некои со иста спорост
изнурнуваа од него. Циганот почна да се врти околу себе,
но целиот пејсаж беше исполнет со овие билборди, се до
хоризонтот. Циганот се збуни малку. Тој се загледа во еден
портрет на Садам во традиционален арапски костим. Во
еден момент му се причини како сликата да се придвижува,
како садамовите мустаки да се поткреваат и развлекуваат
во широка насмевка. Циганот се уплаши и за малку ќе се
разбудеше, но од билбордот дојде смирувачки глас – Еј, не
се плаши од мене бившо југословенски пријателе. Не биди
англо – американско – ционистичка кукавица. Дојди, ќе се
подружиме малку, ќе се напиеме чај, наргиле. Сакаш гуза
или шиша, овде имаме многу нешта.
-Јјаас ссоннувам нели? – плашливо се огласи
Циганот.
-Ако ти одговорам на ова ќе се разбудиш, со
насмевка. возврати Садам излегувајки од билбордот со
срдечно раширени раце. Дојди. Циганот плашливо
зачекори кон таткото на ирачката нација – Садам Хусеин!
-Je suis Sadam Baba. Parle vous France? – срдечно
запраша диктаторот.
-Je parle, mais an peux parsque Je oublie boucoup.
Meis Je comprond bien.
-Bien... Дојди чајот не чека. – Рече Садам и тие
влегоа во еден од соседните билборди кој полека растеше
од песокот. Внатрешноста на билбордот во кој влегоа
беше всушност една огромна и убава сала декорирана во
ориентален стил. На подот беа послани прекрасни
персиски килими. На еден од килимите имаше послан
црвен чаршав, а на чаршафот мноштво објекти од кои
наргилето беше најголемо а локумите и урмите најмали по
габарит. Во две чаши светеше килибарниот сјај на чајот
што испаруваше. Садам дојде до местото и седна, давајки

176
А.Станковски

177
М.А.З.Г.И.

му на циганот до знаење да го стори истото. Откако седна


Садам Баба му подаде еден чај на веќе успокоениот Циган,
а другиот го повлече кон себе ставјки лажичка шеќер во
него. Додека го мешаше шеќерот тој со невин скоро детски
израз на лицето проговори – Лекарите ми забрануваат
шеќер, ама чај без шеќер е како бакнеж без мустаки – Тој
отпивна од чајот со префинета геста и со рафинирано
задоволство. Ај на здравје- Наздрави Садам Баба.
-На здравје – Возврати Циганот.
Садам ги подзабриша мустаките со показалецот, се
поднакашла и рече – Се сеќавам кога 1965 заедно со
Муамер Ел Гадафи бевме во Белград, му бевме гости на
Тито. Тој многу го сакаше Гамал Абдел Насер нашиот
заштитник. Беа големи пријатели, Насер можеше едно око
да даде за Тито. Ах тоа беа времиња. Јас и Гадафи требаше
да му бидеме представени на претседателот Тито како
можни идни владетели во арапскиот свет, Гадафи во
Либија... Јас во Ирак и така Насер не испрати во Белград за
претседателот Тито да не подучува некое време, да ни го
каже марифетот што се вика. Многу научивме од него,
многу, многу Големиот Алах да го чува во Џенет. Ни кажа и
за комунизмот, и за ционизмот и за Ротшилдови и за
Рокефелерови и за кралските семејства и на исток и на
запад за нацизмот за јудеизмот, за Черчил, за Сталин, за
Кенеди, за Големата Ложа на Англија, за Големиот Ориент,
за Илуминатите, за Билдерберговите, за Олимпиците, за
Трилатералната Комисија и Советот за односи со странство
од Вашингтон и Њу Јорк, за тајните служби... Нема што не
знаеше. – Садам повторно отпи од чајот – Сепак најдобрите
лекции што Тито ни ги даде беа од животот. Тој многу
сакаше да се маскира, ах, ха, ха, Шејтан беше, знаеш како
млад беше агент на Коминтерната, за 10 години од 1918
до1928 имал повеќе од сто идентитети...
Тој ќе се маскираше, шминка, перика, облека... и
заедно ќе излезевме од белиот двор, без придружба,
всушност освен мене и Гадафи никој не знаеше дека тоа е
Тито, сите мислеа дека е некој наш тутор, а беше маскиран

178
А.Станковски

179
М.А.З.Г.И.

како арап, како некој гостин на Тито... И така се шетаме


слободно низ центарот на Белград, ваму боза, таму еклер,
па тулумба, па во кафана, па винце таму, па винце ваму, па
во бар, па друштво, па во хотел со женско друштво, а
сабајлето по доручек ќе се јавеше во белиот двор и веднаш
ќе дојдеа по нас, аѓутантот, еден полковник по
разузнавање и јака придружба. И се така... Еден ден еве ти
го Тито повторно сака да одиме во град, се маскира и
отидовме. Шетаме така по Теразие и збориме за Мерилин
Монро и нејзината прерана смрт како резултат на
забранетата врска со Кенедиеви, кога пред нас се створи
некаква гужва. Се приближуваме и гледаме. Како еден маж
тепа една жена. Јас и Гадафи веднаш се стрчавме да ја
одбраниме жената, кога Тито вика: Стој! Застануваме со
Гадафи, што му е на човекот се прашуваме, а ваму мажот ја
тепа ли ја тепа жената, срам да те фати. Се собира толпа
луѓе наоколу, му дофрлаат на мажот а Тито вика: Чекајте
дечки, сега ќе научите лекција – Полека, трпение, ништо
нема да и биде на жената. – Тој не одвлечка до толпата и
почнавме да тераме сеир. Одеднаш од толпата излезе еден
јак и голем маж и му се приближи на човекот што ја тепаше
безмилосно раздрпаната и разврискана жена. – Престани
да ја тепаш жената, одма – Со остар глас му нареди
крупниот херој на тепачот. Тепачот подзастана малку, му се
сврте на херојот и низ заби му процеди – Море мршш у
пизду матерну, Говедо! – Имаше очи на кобра – Ова е моја
жена гомно едно, и имам право да и правам што сакам!
-Херојот направи чекор кон тепачот замавна со тупаница и
удирајки го меѓу рогови го седна на г’з. Више да не си ја
тепал, посебно не на јавни места, парталу еден! – Извика
херојот, се сврте и тргна по свој пат. Чекор, два и одеднаш
од зади му се нафрли тепаната жена со својата лева
кондура во раката и трас, трас, по темето на херојот.
Херојот изгуби рамнотежа, се фаќа за бандера, Што е сега
ова – се чуди. А женава удри ли удри, Херојот виде не виде
некако избега. Жената се враќа кон мажот што уште седи
врз својот задник на тротоарот, и утешно му помага да

180
А.Станковски

181
М.А.З.Г.И.

стане; На крајот потпирајки го си одат по свој пат... Мажот


и до пред малку тепаната му жена... - Гледате, вели Тито.
Ова истото се случува и во меѓународната политика. Ова
што го видовте е една типична војна во третиот свет, војна
која почнува како бунт, а завршува со интервенционизам,
во случајот неуспешен. – Садам повторно одпивна од чајот
и ги подзабриша мустаките со показалецот. – Ах каков
Гениј, да беше барем дваесет години подоцна роден, ќе го
ослободевме светот од ционистите и англо –
американските олигархии. Многу научивме од Тито и Јас и
Гадафи и други... Кога го напуштавме белиот двор за да ги
примениме знаењата што Маршал Тито ни ги даде за
нашата ослободителна борба, тој не повика во својот
кабинет на мал муабет. Тогаш ни даде совети
што никогаш не ги заборавивме и кои секогаш ни носеа
аир. На Гадафи му рече дека е многу поврзан со
природата, темелен и трпелив и му кажа дека има
екстраординарен талент да се стопи со природата, да се
изгуби во неа, да исчезне од погледот на обичните луѓе,
посебно од перцепцијата на оние исполнети со омраза, од
непријателите, од агресорите. И навистина, кога
американците се настрвија на Гадафи а имаше многу
обиди за ликвидација, можеби осумдесет обиди, нити ЦИА
нити било која служба на американците никогаш не
можеше да го лоцира. Дури и кога беа сто по сто сигурни
каде се наоѓа и кога испраќаа авиони да го ракетираат,
Гадафи никогаш не беше таму...Но Тито исто така му рече
на Гадафи да нема преголеми амбиции во однос на
арапскиот свет зошто за жал потекнува од мала по
популација земја каква е всушност Либија. Затоа, рече
Маршалот Тито: Ти Садаме можеш да ја имаш таја
историска привилегија. Но тој ќе биде многу тежок пат на
кој можеби ќе го положиш и највредното што еден човек го
има. Но тоа нема да биде залудно... Потоа ми рече за
марифетот што треба да го практикувам, а да ти кажам, тој
марифет е најпаметниот марифет што некој било кога ми
го кажал. – Садам повторно отпи од чајот, ги избриша

182
А.Станковски

183
М.А.З.Г.И.

мустаките со показалецот и вадејки запалка од џебот ја


разгоре шишата во наргилето. Повлече неколку дима и ми
го подаде цревото. – Види ми рече Тито, Алах Џелешанум
да го чува од огновите на Џенем; Ти Садаме влагаш во
умовите и срцата на луѓето. Тебе луѓето можат многу да те
сакаат, и во таа љубов се да дадат за тебе... Зата треба да
има многу како тебе, за да што повеќе луѓе од арапскиот
свет те засакаат. – Му го подадов цревото од наргилето на
Садама и тој повлече неколку димови шиша, и пак ми го
врати. Испуштајки го лезетски димот тој продолжи: Му
викам како мислите Маршал Тито, да соберам повеќе
истомисленици, па нив ги има доволно во арапскиот свет...
-Шуаја, шуаја Садам – на прекрасен арапски ми
одговори Тито, а знаеше триесет јазици... Гениј... И ми вели:
Слушај Садаме твоите исомисленици ќе си бидат дел од
твојот систем на владеење по хиерархиска низа, но ти
треба да имаш многу Садами, да се мултиплицираш; Кога ќе
завладееш со Ирак ќе пратиш свои луѓе да бараат што е
можно послични луѓе на тебе низ цела земја, и ако треба
низ целиот регион. Двојници, но не еден или двајца, туку
што е можно повеќе, сто, двеста, триста, четрсто, петсто, но
не повеќе од петсто, зошто повеќе од тој број ќе ја
инфлатира твојата каризма, Садаме, твојот шарм.
Двојниците ќе имаат нишан и по тоа ќе ги разликуваат од
тебе и тоа само твоите највисоки соработници. Секој од
твоите највисоки соработници ќе биде одговорен за по
еден Садам. А сите Садами како и сите твои највисоки
соработници ќе ти бидат одговорни тебе. За 10 години
ваква пракса сите заедно ќе станете една личност и што е
најважно еден партиски систем кој ќе биде всушност
партија – личност. Ваква личност – партија е моќ способна
за големи нешта, за потфати со епохално – историска
пропорција...
Садам повторно одпи од чајот, зема едно локумче и
го лапна. – Земи од локумот, од Басра, најдобар локум во
овој дел од светот. Хмм, потоа Тито ми рече дека најдобро
е да дојдам преку американците на власт иако сум

184
А.Станковски

185
М.А.З.Г.И.

социјалист, да земам кетман и да им го претставам мојот


социјалистички бек- граунд како секуларизам. Кога го
прашав зошто така; па тоа е ционистичка пракса која на
сите ни е мрска, тој рече дека на тој начин најдобро ќе го
запознаам непријателот против кој ќе се борам цел живот:
англо- американската олигархија и ционистичката
плутократија. – Садам повторно отпи од чајот – Кога ме
испраќааше на аеродромот, Тито ме повлече на страна и со
тивок глас ми рече: Слушај Садаме, ах да бев дваесет
години помлад ќе ја решевме работата за 10 години и во
новиот милениум ќе стапневме со ослободени нации од
колонијанизмот, од неправдата, од тиранијата... а вака...на
вас деца мои останува таа света должност. Вашите
непријатели се големи и моќни, не ни сонувате за што се’ се
способни. Не избрзувајте, тоа може да биде најфаталната
грешка. Полека, трпение... Нека ве води доблеста, правдата
и вистината, и тебе Садаме и тебе Муареме Ел Гадафи а
има уште деца како вас по светот. Со годините што доаѓаат
ќе се видите и ќе се препознаете, и помагајте си еден на
друг колку можете повеќе, ако воопшто и можете, зошто
годините што доаѓаат ќе бидат многу тешки. Садам го допи
чајот и си ги подзабриша мустаките со показалецот. – И
пред да се прегрнеме за збогум, Маршалот повторно ми се
обрати: Знаеш ли Садаме, а што тоа по ѓаволите те
прашувам сигурно е дека знаеш дека приказните од 1001
ноќ потекнуваат од Багдад, твојот роден Ирак, од времето
на големиот Харун Ал Рашид, калифот кој го направи
арапскиот свет најголема цивилизација на тоа време. Е
Садаме, има една прикаска која се вика “Али Баба и 40-те
Разбојници”, тоа е прикаска за тебе, тоа е прикаската за
“Садам Баба и 40-те Разбојници” – на империјализмот...
Секогаш кога ќе ти биде тешко сети се на оваа прикаска
Садаме, и ќе ти дојде решение... И така – Со помалку
носталгичен глас продожи Садам – Се разделивме. Го
видов од прозорот на авионот како ми мавта со својата
бела ракавица – Низ образот на Садам се стркала солза, а
лицето му се развлече во сетна насмевка. Алах Џелешанум

186
А.Станковски

187
М.А.З.Г.И.

да го чува претседателот Тито во најубавите висини на


Џенетот. Сега кога дојдоа големите денови на Џихадот
против слугите на лагата и неправдата, сега се сеќавам на
тие неколку месци во Белград, на Белиот Двор, на Бриони,
на цела Југославија која во душата беше со Тито, а
Маршалот Тито беше со неа. Ах да беше сега тука со нас,
та реинкарнација на најбрилиантниот стратег на сите
времиња Ал Искандер, Александар Македонски – Тито,
неговото знаење, интуиција, храброст...
-Аха, затоа ние сме последна република од бившата
СФРЈ-от, која во својата референца – име сеуште го
содржи зборот: Југословенска... - Ми текна... Садам се
поднасмевна – Да затоа, ха, ха, ха, ха, така, токму за тоа...
Знаеш ни една голема идеа не се губи, кога тогаш таа
повторно ќе се разбуди од идеолошката хибернација и ќе
се имплементира во срцата и умовите на масите. – Садам и
Циганот замолкнаа за кратко, спокојно пушејки од
наргилето. Одеднаш Циганот суптилно хркна небаре го
прочистува грлото пред да проговори – А што е со сите тие
двојници, мислам Садами... како живеат мислам? – Садам го
подигна погледот кон небото – Видиш, нивниот број
варира. Никогаш не дојдовме до бројката од 500, во еден
момент ги имаше дури 499, тоа беше воочи првата заливска
војна. Сега ги има околу 350... Другите го положија животот
за татковината при многубројните атентати организирани
од ЦИА, МОСАД, Интелеџенс сервис, МИ5 и 6...ги има
многу, но има и многу Садами, ха, ха, ха, многу повеќе
одколку што тие пси можат да ликвидираат. Циганот беше
восхитен од ладнокрвниот хумор на Садам – А како живеат,
мислам, ова испадна многу рискантна работа...
Садам потегна неколку дима и – Види, тие живеат
исто како и јас, понекогаш дури и сугерираат по некоја
идеа во врска со политиката... економијата... која за жал
како и да не постои поради перверзната милитарно –
бирократска обструкција во регионот и во О.Н. водена од
англоамериканско – ционистичката елита. Но и тоа е дел
од играта. Змијата никогаш нема да ја фатиш во нејзината

188
М.А.З.Г.И.

дупка, треба прво да ја намамиш надвор, а потоа да и ја


отфикариш главата. Еве ова е цитат од еден есеј на еден
мој двојник. Садамите иако ставени во многу опасна
ситуација , тие воедно имаат и многу слободно време,
бидејки нивната работа е да бидат... Значи повеќето од нив
се бават со уметност, а некои од нив потполно и се
посветени на оваа доблесна активност.
Пишуваат поезија, проза, компонираат музика, имаат
цели изведувачки музички па дури и театарски групи,
сликаат слики, снимаат видеа... многу тоа оди на креативна
продукциа меѓу нив, еден Садам дури и се бавеше со
уметноста на икебана, некои правеа оригами и пишуваа
хаику. Знаеш ние арапите многу сочуствуваме со
јапонскиот народ и неговата трагична судбина
предизвикана од дијаболичните активности на
анлоамериканскиот милитаризам, Хирошима, Нагасаки и
конечно целата таа роботизација и дехуманизација што
американскиот капиталистички систем им ја наметна...
уништувајки ја нивната традиција, достоинство и душа... Но
кога ќе го поразиме англоамериканскиот и ционистичкиот
звер, и јапонскиот народ повторно ќе ги поврати силата,
спокојството и слободата...
Одеднаш почна да свири некаква електронска
музика, тоа беа неколку мелодиски фрази од познатата
бившојугословенска песна – Америка и Енглеска биќе земја
пролетерска... Звукот доаѓаше од под галабејата на Садам.
Тој се сепна малку и ја подигна раката во знак на
извинување. Го извади мобилниот од под пазувите и почна
да разговара. Во тој чуден разговор Садам се
трансформира во потполност. Движењата му станаа брзи,
очите му се зажарија како рубини од Дамаск. Тој одеднаш
стана воин од кој избиваше заштрашувачка цврстина.
Разговорот заврши брзо. Откако го врати мобилниот во
пазувите Садам се подигна и рече: Слушај
бившојугословенски пријателе, јас сега морам да одам. Ми
кажаа британците почнале офанзива во југоисточниот дел
на Басра. Пази ха, ха, ја нерекле операција Џејмс Бонд,

190
М.А.З.Г.И.

какви непредвидливи играчи се тие итри британски


стаорци, мислат дека напредуваат, а всушност не знаат што
им се спрема. Си ја чул ли поговорката: “Џабе сирење само
во стапица за глувци” ха, ха, ха, ха, ха, ха... е тоа ќе им
следи... А потоа Иш Алах, можеби пак ќе се напиеме по
некој чај во пустинава... Тој се исправии пред да зачекори
повторно ја завлече раката во пазувите. Од таму извади
мала книга. Еве ти го ова писание бившо југословенски и
македонски пријателе, ова е есеј на еден од моите
двојници. Јас сега ќе одам, а ти намира доврши го овој чај и
допуши ја оваа шиша. А сега збогум. – Садам му ја подаде
книгата на Циганот кој збунето го фиксираше со погледот.
Одеднаш Садам како да се вкочани. Околу него се појави
реска рамка. Сето тоа се одвиваше така брзо и суптилно
што Циганот немаше време ни за реакција од големата
изненаденост. Сега веќе беше јасно дека пред Циганот
стои нов билборд на Садам Хусеин. Одеднаш билбордот
почна да тоне во песокот. Циганот зјапаше во ликот на
Садам како маѓепсан. Кога песокот дојде до брадата на
Садама се случи нешто што го натера Циганот да
подскокне. Имено Садам му намигна на Циганот и со
насмевка (заедно со билбордот) се изгуби во песокот...
Циганот остана збунет неколку минути. Потоа се
созема и отиде до местото каде потона портретот на Садам
Хусеин. Тој се наведна и почна да мешка по песокот, до
лактите, до рамењата, но ништо не најде.
-Е што е ова – се чудеше Циганот. Тој застана и
гледаше уште неколку минути во песокот. Одеднаш тој
погледна во својата лева рака, а во неа книгата што Садам
му ја даде. Циганот ја подигна книгата за да го прочита
насловот. Но немаше никаков наслов на нејзините корици.

192
А.Станковски

193
Тони Блее -Џуш Буш
Џуш Буш и Тони Блее седеа и разговараа во
претседателската соба во Кејп Дејвид. Тоа всушност беше
еден “стил”, еден слајд, фото или едноставно еден фрејм
од некој репортерски видео футиџ. Сликата одеше на CNN,
BBC, SKY... и на многу други. На Циганот веќе му стана
пракса да заспива со некој од програмите на
гореспоменатите телевизии. Обично сонуваше некакви
епизоди од ирачката војна што беше во тек. Понекогаш
едноставно сонуваше хаос, експлозии, страдалници, воени
машини во акција, војници и цивили, огнови...
И доколку беше преблиску до некоја силна
експолозија (а такви имаше многу) и доколку ефектот на
експлозијата го зафаќаше неговото видно поле, тој
пропаѓаше во некоја непрегледна темница која ќе
извршеше потполна амнезија на предходно сонуваните
содржини и кога Циганот ќе се разбудеше и ќе се обидеше
да се сети на сонот, наместо содржини таму откриваше
само темнина и заборав. Затоа Циганот почна да
фантазира, да прави реконструкции на настаните врз база
на најштури информации, слични на оние што одат на
англоамериканските телевизиски куќи -1% факти и 99%
пропаганда. Обично Циганот практикуваше да го исклучи
тонот од дадената телевизија (CNN, BBC, SKY) и да пушти
радио (музичко радио 103) доколку имаше доволно
сугестивна музика во психоделичен смисол на зборот.
Потоа следеа чудесни филмови во фантазмогоричното –
Уан Мен шоу на Циганот. Еден таков филм беше и оној кога

194
М.А.З.Г.И.

Тони Блее одпатува во Америка за да се сретне со


претседателот Џуш Буш. Патем додека Тони Блее
леташе над Атлантикот, гром го погоди неговиот авион. Тоа
веројатно беше повеќе некаков Омен одколку опасност, но
како и да е Тони Блее беше ептен уплашен од собитието,
ем среќен што немаше фатални последици, ем лут поради
проблемите и на воен и на политички план што доаѓаа од
страна на USA. Во претседателската соба Буш и Блее
седнаа во две фотељи , Тони Блее седна во црна кожна
фотеља која делуваше агресивно и детерминирано, а Џуш
Буш пак седна во една фотеља која беше ишарана во
разнобојни квадратни полиња и потсетуваше на
легендарното ќебе на Чарли Браун. Можеби на ѕидот
имаше некој постер од Снупи што Џуш Буш го беше закачил
одкако зацари со претседателството на USA во 2000
година. Тони Блее држеше чаша скоч во раката, додека
Џуш Буш шмукаше од цевче од шишето Кока Кола што го
прометнуваше час во левата, час во десната рака. Беше
видно нервозен.
- Еј Тони, Тони како ти се чини, како оди до сега –
Гласот на Џуш Буш трепереше од загриженост.
Како прво, незадоволни сме, па дури и лути од вашето
крајно аматерско однесување на теренот. Ако продолжите
да напаѓате на нашите трупи онака како тоа го правите до
сега ќе бидеме приморени да го напуштиме сојузот. И не ме
викајте Тони Господине Буш.
- О.К. Тони, овај Мистер Блее, тоа со пријателскиот
оган, знаете има толку многу елементи што се преклопуваат
и ја реметат глобалната слика. Знаете Господине Блее,
секретарот Рамсфелд вели дека тоа е нешто сосема
нормално за една војна со ваква магнитуда – Џуш Буш беше
толку снисходлив што Тони Блее веднаш стана свесен за
огромната заглавеност на американската стратегија.
Брифингот што Тони блее го имаше со своите советници
уште во авионот му ги разјасни проблемите на фронтот,
пред се проблемите со кои се соочуваше американската
армија. Тој реши да поразговара со Претседателот на USA

196
А.Станковски

197
М.А.З.Г.И.

отворено и едукативно, точно онака како треба помеѓу


мајстор и ученик.
-Гледам дека имате сосема погрешен пристап кон
проблемите на фронтот.
-Се обидуваме да ја решиме ште е побрзо можно
оваа војна и... Џуш Буш беше суптилно но ефикасно
прекинат во своето излагање од оштриот како на Јасреб
поглед на Тони Блее.
-Но очигледно таму доле не се одвива видео игра,
или?
-Секако не – Покајнички одговара Џуш Буш.
-Токму така, ова не е видео игра, туку војна и тоа
гнасна до крај војна, иста онака крвава војна како сите
крвави војни до сега... Во историјата – Со повишен тон
попуваше Тони Блее.
-ОК тогаш, што тогаш да правиме... - Очајуваше Џуш
Буш.
-Наместо да се занесувате со елиминација на Садам
и со вашето глупаво разузнување од кое повеќе страдаат
самите наши трупи и сојузници, вие треба темелно да се
зафатите со уништувањето на ресурсите и со виталната
инфраструктура на ирачаните, разбирате ли господине
претседателе!
-Да, да господине премиер... - Послушно
проследуваше Џуш Буш.
-Треба да им ја сопрете водата, да ја исечете
електричната инфраструктура, да им ги уништите
складиштата со храна и секако да им ги преоптеретите
здравствените капацитети од време на време
предизвикувајки колатерална штета, разбирате ли?!
-Да, да, секако...
-Ние имаме прецизни податоци... ќе ви бидат
предадени во најскоро време. Во тек е операцијата Џејмс,
по Џејмс Бонд што нашите трупи ја спроведуваат околу
Басра. Воедно спроведуваме и хуманитарна акција – битка
за срцата – и умовите на населенето. Посебно за шиитското
население. Во суштина им обезбедуваме питка вода на

198
М.А.З.Г.И.

сите оние кои ќе се предадат , а има индиции дека веќе


неколку дена стотици иљади жители на градот се без вода.
Видете господине претседателе, во заливот има неколку
брода полни со храна и вода од програмата “Нафта за
Храна”, тие бродови ќе ги искористиме за инстантно да ја
покриеме акцијата, тоа заштедува големи средства, нели?
-Да секако, господине премиер. – Потврдуваше
опчинетиот Џуш Буш.
-Исто така предлагаме мешани командни центри,
дел од нашите офицери ќе можат да командуваат со
неколку ваши дивизии, а тоа во секој случај многу кратно ќе
ја зголеми ефикасноста на трупите.
-Но, господине пре...
-Нема но! Ако не ги прифатите овие услови, и не
само овие услови секако, вие американците ќе се најдете
пред неизбежен пораз, а тогаш ние нема да преземеме
никакви консеквенци. Замислете што тоа би значело за
вашиот углед во светот, а економските последици...
-Добро ги прифаќам пропозициите.
-Добро, гледам дека ја сваќате ситуацијата. Подоцна
попрецизно ќе се договориме за нафтата и политичката
инфлуенца... И се’ ќе ставиме на хартија. Се надевам дека
вашите експерти и верификатори ги подготвија
документите.
- Се е О.К. како што се договоривме.
-Исто така треба веднаш да престане
вандалистичкото однесување на американските војници
околу портретите и скулптурите на Садам Хусеин. Тоа
остава лош впечаток од цивилизациски аспект....
Разбирате. Нека тој дел од представата го одработат
самите ирачки незадоволници од режимот на Садам. Во
почетокот ќе ангажираме неколку групи домородци, шиити
за овие акции кои во психо – социолошки смисол се многу
заразни... Сте ги читале делата на Ентони Гиденс...
-А?- Се зачуди Џуш Буш добивајки израз на
шимпанзо. Ова во голема мера го онерасположи
пунктуалниот господин Блее.

200
М.А.З.Г.И.

-Ах, што зборам... Оваа недела едвај да спиев три


саата заедно.
-Само три саата за седум дена... А како издржувате?
-Ете така. Но тоа е мој личен проблем. Се прашувам
како вие не издржувате?
-Па навистина ако е толку сложено како што велите,
а и моите се на исто мнение... Тогаш да ги повлечеме
трупите и да ги избомбардираме со атомски бомби! – Тони
Блее нервозно стана и со лутина ја тресна чашата со скоч
врз дрвената масичка недалеку од фотељата. Неколку
капки виски прснаа врз носот на Џуш Буш кој свати дека е
во небрано.
-Па ќе им фрлиме атомски бомби и ќе ја земеме
нафтата... едноставно.
- Ах вие американците имате потполно пореметен смисол
за анализа на состојбите во светот, или подобро: воопшто
немате никаква смисла. Кажете ми за последиците на една
таква акција?!
-Па веќе ти реков, ќе се ослободиме од режимот на
Садам бр. 1, и ќе ја земеме нафтата бр.2, и со дел од
нафтата ќе го обновиме Ирак бр. 3.
-Браво! А по два месеци ќе имаме светска војна број
3, во која против нас ќе биде цел свет вклучувајки ги и
Франција, Германија, Русија и Кина. И нив ли ќе им фрлиме
бомби?
- Па ако треба, мислам ако тие ни се заканат со атомско
оружје... Тогаш...
-Тогаш ќе се соочиме со дупло повеќе атомски
бомби што ќе летаат кон нашите територии одколку што
ние ќе лансираме кон нивните територии кои патем се
неколкупати поголеми од нашите територии, што значи
дека во првиот напад ние ќе бидеме веќе исфрлени од
игра, а тие ќе имаат уште нејмалку еден масивен напад што
значи наше потполно уништување. Тоа ли го сакате?
-Па не баш.
Ако е така, тогаш е време да се соочите со вашата
игноранциа и да му ја препуштите играт на подобриот.

202
А.Станковски

203
М.А.З.Г.И.

Грешам ли?
-Не, никако не грешите господине премиер.
-Е па ако е така тогаш слушајте ги нашите
инструкции.
-Добро, добро, ќе се придржуваме до вашите
инструкции, Во секој случај американската армија не може
да си дозволи да биде победена од банда парталковци. Ќе
бидеме максимално кооперативни, еве ќе ви ги препуштиме
командните центри во Кувајт, во Ум Касар и по должината
на патот за Багдад.
-Одлично сега веќе постапувате конструктивно, Се
плашев доаѓајки навака дека ќе ги отфрлите моите
предлози...
-Никако, не во ваква ситација секако. Пред се што
нашите две кампањи се во потполност различни во
ефектите. Мислам, како вам ви успеа да ги добивате сите
тие битки, а нам не ни успеа... - Буш направи тажно лице,
како дете на кое му се одземени сите играчки за неодрдено
време.
-Тоа е искуство... Ние се бавиме со блискиот исток
повеќе од сто години. И Басра И Багдад веќе беа
освојувани од нашите сили, во она време , без авијација,
без електронски комуникации, без моторизација и без умни
бомби тоа беше вистински пекол. Арапите изникнуваа од
песок како прериски кучиња и ни задаваа огромни маки.
Кампањата траеше со години. Но ние не се повлекуваме
пред задачите, а кон сето тоа се обидуваме секоја акција
да ја испланираме што е можно потемелно... Тоа всушност
ја прави Британската Империја така голема, “Империја во
која сонцето никогаш не заоѓа”. Тони Блее престана да
шета по одајата и смирено се врати на својата фотеља.
-Гледајки ве и слушајки ве вака се гордеам што имам
англиско потекло и што сум роднина на нејзиното
височество ... - Се подисправи Џуш Буш во својата фотеља,
а очите му светнаа од надоаѓачките солзи.
-Да, да, затоа вашиот дедо Прескот Буш го
финансираше режимот на Адолф Хитлер. – Тони блее беше

204
А.Станковски

205
М.А.З.Г.И.

безмилосен. Чуствуваше огромна морална и интелектуална


доминација врз американскиот претседател Џуш Буш. Но
не само врз овој претседател кого и светската и
американската јавност го представуваше како
неинтелегентен и неедуциран за големите потфати што ги
преземаше единствената преостаната “Супер Сила”, Блее
чуствуваше супериорност и во однос на комплетната
американска топ администрација и тоа не само онаа на
републиканските редови (вклучувајки го и Буш постариот)
туку и во однос на администрацијата на демократите, и во
однос на бившиот американски претседател Бил Клинтон
за кој Тони Блее имаше лично мнение дека не гледа
подалеку од сопствениот фалус. Имено тој се сеќаваше на
реакциите на Клинтон за време на кампањата против “СРЈ”,
и добро го запамти моментот кога Клинтон се посра од
страв кога воздушните удари врз армадата на Милошевич
не даваа никакви резултати и кога требаше да се
размислува за имплементација на копнени сили... Во еден
момент целата кампања беше ставена под знак прашање, а
образот на сојузникот посрамен; 19 топ развиени западни
земји на чело со Америка и Британија да бидат доведени
до пораз. Кредибилитетот на НАТО беше темелно загрозен
, а со тоа и глобалната доминација во регионот и не само
во регионот. Тогаш Тони Блее и британската команда
предложија напади на инфраструктурата на СРЈ и
зголемување на обемот на колателарните штети, што
конечно вроди со успех, и беше горд на тоа...
Добро, добро, еве простете... ви се извинувам за тие
грешки на мојот дедо Прескот Буш... Од мое име, од името
на мојата фамилија и од името на сите американци
инволвирани во аферите на мојата фамилија и на
републиканската партија. Но во тоа време подршката што
Хитлер ја добиваше од некои центри на моќ во USA беше
поради неговата анти-комунистичка дејност. Па и самата
Британија имаше интерес хитлеровиот режим да биде
брана кон комунизмот. Впрочем тој и го нападна С.С.С.Р.
мислам исполни дел од договорот... Во секој случај идејата

206
М.А.З.Г.И.

беше да се натераат Хитлер и Сталин во војна и со еден


удар да се уништат, така да кажам две муви... мислам на
нацизмот и комунизмот...
-Но ја уништувавте Британија и нејзините интереси.
Господине претседател, ајде да го стопираме правецот што
го зазеде овој разговор и да се вратиме на курентните
проблеми.
-Се сложувам во потполност. Патем што се случува
со тие ебени шиити. Зар немавме потврдени информации,
дури и од вашиот интелеџенс дека ќе се кренат и дека ќе
застанат на наша страна, а?
-Видете Господине Буш. во арапскиот свет има една
поговорка која вели: “Ако ме насамариш еднаш, срам да ти
е тебе, а ако ме насамариш по втор пат тогаш срам да ми е
мене. “ Исто и со шиитите, ако воопшто ги анализиравте
околностите и состојбите во минатата голфска војна, што
ако се сеќавате беше во мандатот на вашиот татко. Имено,
како што знаете тогаш шиитите се побунија на наше
инсистирање, а потоа наместо да ги заштитите, вие ги
оставивте на милост и немилост на републиканската гарда
на Садам.
-Уф, да, тоа беше голема грешка... Но истотака
знаете дека најекстремен противник на USA и UK е токму
иранскиот шиитизам. Дури и сега се прашувам како ќе го
уредиме тој проблем, конечно се покажа дека шиитското
население е мнозинско во Ирак...
-Тогаш зошто запнавте да го рушите режимот на
Садам господине Буш, и зошто не се обидовте да
направите дил со Садам, како што впрочем и ви
препорачавме од позиции на форин офис...
-Па нафтата... Ух понекогаш така ја мразам таа црна
леплива течност...
-Да и не само нафтата по која се луди идиотите како
Дик Чејни на пример, а воено индустрискиот комплекс. Во
енд ефект во вашиот воено индустриски комплекс што
непосредно, што посредно се инволвирани преку 70
милиони граѓани на USA. Дали тоа ќе значи водење војни
во наредниве триесетина години....Или конечно ќе се
208
А.Станковски

209
М.А.З.Г.И.

соочите со реформи во вашиот економски систем. и ќе ви


повторам уште еднаш дека UK , то ест нејзините граѓани се
уморни од овоа колонијално однесување, од овие едвај
оправдливи војни во кои вие не вовлекувате секоја втора
година, а сега гледам дури и зачестивте...
-Но интересите на нашите две држави се...
-Доста со тие глупости ви се молам! Овие прикаски
може да ги кажувате со Доналд Рамсфелд, Кондолиза Рајс
или Пол Волфович... Но нам од онаа страна на барата ни е
јасно дека се работи за тесни олигархиски интереси. И
затоа ви велам дека тешко британската јавност, конечно
британските гласачи ќе дозволат уште една ваква кампања.
Дали свакате дека нашите интереси во секој поглед, се до
крајност загрозени. Дека огромни држави и пазари како
Русија и Кина, да не зборам за нашите комшии Франција и
Германија се скоро во потполност антагонизирани кон вас.
Мислите дека ирачката нафта ќе ги компензира овие
штети?! -Па не знам како...
-Ете тоа е вашиот основен проблем. Вие едноставно
не знаете ништо за последиците... Вие цело време
настапувате од позиции на краткорочни интереси уште од
времето на втората светска војна. Па Виетнам, сетете се
само на Виетнам... Тогаш без нас и нашата инфлуенца
бевте поразени до нозе. Сега состојбите наликуваат на
виетнамските состојби... И имате среќа што сме со вас и
што сме детерминирани да одиме до крај во сето ова.
-Ви благодариме на довербата и помошта господине
премиер. – Џуш Буш- поприми тажен изглед како некаков
Кокер Спаниел. На Тони Блее му падна малку жал, но тој
многу добро знаеше дека со американците треба оштро, да
ги шибаш со стап по врат, по уши како волови, зошто а
малку им попуштиш тие зафаќаат се’, стануваат алчни и
арогантни и потоа никако да ги смириш...
Теоријата за хиерархијата на моќта возпоставена
низ принципите на “kising esis (нагоре) и kiking esis (надоле)
во системот на воља и послушност е стара американска
доктрина која сеуште не е променета ни за јота, не само
тука во Америка туку и во повеќето системи на моќта во
210
М.А.З.Г.И.

светот. Мала сентименталност или покажување слабост,


што кај другите национални системи на моќ често пати се
толкува како добар вкус, доблест или создавање подлога
за разбирање во позитивна атмосфера и конструктивност,
кај американците предизвикува иницијатива, бесловесна
амбиција па дури и манијакална активност на пронаоѓање
слабости во системите на потенцијалниот партнер или
преговарач. Тие едноставно немаат смисла ни за фер плеј,
нити за достоинственост... А што да се очекува од култура
изградена врз геноцид (на Индијанците), врз
робовладетелство (црнците) и конечно врз еден страотен
злочин кој допрва треба да се проблематизира во
академските, туку и во јуристичките кругови, и тоа не само
теориски туку и практично... По повод бомбардирањето со
атомски бомби на Хирошима и Нагасаки, неколку недели
по објавувањето на капитулацијата од страна на јапонските
власти... И тоа безусловна капитулација... Значи сето тоа
беше скриено за да може експериментот да се оствари
уште еднаш, на вистински терен... Демек со тој чин ќе биле
превентирани сите понатамошни конфликти во светот, се
правдаше администрацијата на Хари Труман во тоа време,
а и подоцна, ниедна американса администрација вистински
не се покаја за тој чин. И конечно самата прикаска за
превенцијата од војна а-пропо користењето атомско
оружје остана чиста фарса. По втората светска војна USA
беше инволвирана во повеќе од 250 воени конфликти на
планетава...
Но тие едноставно беа чедно на Европа, пред се на
Британија, го говореа англискиот јазик, таа когнитивна
музика, таа катедрала на сознанието и создавањето со сите
интелегибилности, витештва и поетики... Едноставно тие не
можеа да бидат оставени на милост и немилост на
небиднините што постојано ги провоцираа, со нивната
глупост колку и да беше голема, со нивната расипаност
колку и да беше несносна, со нивниот простотилок колку и
да беше одбивен и затоа ќе мора да платат, и тоа добро да
платат...

212
М.А.З.Г.И.

-Да поминеме на факти и бројки ако се сложувате –


Како да подзаржа Тони Блее
-Да, само напред... ние добивме некои
прелиминарни бројки...
-Се работи за 50 милијарди долари. И тоа треба да
бидат најкасно доставени за три месеци... Било какво
доцнење е неприфатливо.
-Уф, добро, ова навистина добро го скуваа оние во
форин офисот...
- И не само тие... За нафтата... Добро ви се познати
процентите и побарувањата на нашите компании, па
градежништвото... При обновата на Ирак... Земете предвид
дека огромен дел од тие средства ќе отидат на ублажување
на односите со ЕУ, плус Русија и Кина, кои фактички губат
еден мултибилионски Пазар.
-А да земевте помалку да речеме 25% од нафтата и
15% од градежништвото во замена за билатерарен пристап
кон конкурентите – Се снебиваше Џуш Буш...
-Ако е така, тогаш повелете и средете ја ситуацијата
билатерално. Ние немаме ништо против тоа. И тоа веднаш,
сега, експресно ќе ги повлечеме нашите трупи од
боиштето. Веќе има и политичка опција која го заговара
овој курс на чело со Робин Кук. При вакво решение ќе
бидеме поздравени како шампиони на мирот насекаде низ
светот, антагонизмот кај конкурентите ќе исчезне и
конечно сите антивоени групации во земјата и странство ќе
го прифатат овој гест како триумф на разумот и срцето...
-Нееее- Процвиле Џуш Буш. – Тоа би било
катстрофа. Јас само предложив такви проценти, конечно
идејата не беше моја туку на ...
-Туку на Дик Чејни и Доналд Рамсфелд. До кога
господине претседателе такви криминогени типови ќе ја
водат вашата политика?!
-Но тоа се најдобрите играчи што ги имаме, не само
во републиканската партија туку и во USA . Тие извонредно
добро служеа и во мандатот на . .
-Немој да ве соочам со непобитни докази за еден
енормен конфликт на интереси. Тоа кај Перл не е ништо во
214
А.Станковски

215
М.А.З.Г.И.

споредба со она што ќе го најдете кај Чејни и Рамсфелд...


Но тоа се ваши внатрешни работи во кои немаме намера да
навлегуваме. Ако сакате мое лично мислење, мислам дека
вашиот најдобар играч уште од времето на мандатот на
вашиот Татко е Колин Пауел, но тој секако е црнец нели,
афроамериканец – ако сакате во манирот на вашите
еуфемизми, нели.
-Па секако дека и Колин е тука...
-Тука како декор,,, А Кодолиза... Би можеле да
снимите видео клип со неа...Мислам дека тоа би бил еден
сосема нов пристап кон политичката пропаганда... Ако
можеше Реган да биде претседател и тоа во два мандати,
зошто Кондолиза да не биде Поп Ѕвезда... Сте чуле за
Чичолина? Пратеник во италианскиот парламент...Подоцна
сопруга на Џеф Кун концептуален уметник Ах, што
зборам... Тони Блее разочарано погледна во ликот на
ЏушБуш кој доби израз на дванаесет годишно момче.
-Продолжете господине премиер... Знаете јас не сум
толку глуп како што понекогаш изгледам... Знам за што
зборувате.
-Навистина?
-Ве уверувам.
-ОК тогаш може да ме викате Тони.
-Ви благодарам Тони.
-Молам – Џуш.
-Знаете кога бев на колеџ сакав да бидам актер...
Мислам Холивуд и сето тоа...
-Даа, јас пак сакав да се бавам со рок’н рол, дури
имав и бенд...Ах, воопшто не бевме лоши...
-Вуув, баш би сакал во такви околности да се
дружевме... Ќе бевме така слободни...? А Тони?!
-Заборави Џуш, ќе бевме навлечени на дроги и
алкохол и ќе плаќавме милиони долари алиментација секој
месец.
-Ах Тони... И тоа е подобро од ова што сега ме
притиска... понекогаш мислам дека ќе полудам од грижи...
Тони?!

216
А.Станковски

217
М.А.З.Г.И.

-Слушај Џуш, гледај на ова како на еден обичен џоб,


за еден ебно заменлив фактор во управувањето со
системот. Ако не си ти, ќе биде некој друг, онаа ебана
академска крофна Ал Гор, па дури и Рос Перо или милиони
талентирани граѓани што сакале да бидат на позицијата
претседател на USA. Ние збориме за огромна медиска
потенција што таа позиција ја носи во себе. Ниеден глумец
нема така голем, сугестивен и покриен шоу како
претседателот на USA.
Ти всушност и си глумец Џуш, еден ебано важен и добар
глумец Џуш...
-Ах Тони, ова очекував да го чујам со години.
Секогаш гледав на ова помалку несериозно. Мислам стално
имаше некаква дистанца помеѓу претседателот Џуш Буш и
она што е вистински Џуш Буш. Тони?!
-Да Џуш секако.
-Знаеш Тони, тоа најдобро го почуствував кога ми
јавија за нападите во Њу-Јорк, знаеш имав некакво
предавање во едно училиште во Флорида кога ми јавија
што се случило во Њу –Јорк и Вашингтон... бев...хм... тогаш
сватив дека сум само еден обичен актер во целиот театар
кој е всушност далеку од нашето разбирање за него, како
работи, кои му се плановите за иднина, репертоарот, кој е
режисерот, кој сценаристот а кој продуцентот. Тони?
-Да Џуш, токму така... можам да замислам како ти
било Џуш.
-Тони тоа беше пекол и рај во истовреме, мислев
дека ќе експлодирам, не знаев која емоција ќе излезе на
површина, од најужасен хорор или тага, до хистерично
смеење Тони. Дали можеш да го замислиш тоа Тони?
-О Џуш, можам само да замислам како ти било Џуш.
И мене ми беше тешко но можам да замислам како ти било
тебе Џуш.
-О Тони, јас едвај се сопирав да не почнам да се
смеам, хистерично да се смеам... О Тони, Тони, Тони тоа
беше... Бев така мал како да имам пет години. Целата
приказна, целиот систем, сите тие луѓе беа така далеку...

218
М.А.З.Г.И.

Јас бев во тој клас со тие деца Тони, тие деца ништо не
знаеја, но немаше шанса да не дознаат Тони, тие знаеја
што се случува, мислеа дека ме бара некој пријател, часот
само што почна, немаше пат за излез, ох Тони. Тие се
шегуваа, правеа мимики, не им беше јасно што се случува
со мене. Го гледав тој видео илјадници пати Тони, но
сеуште не знам кај бев во тој момент... Тони...
-Не се возбудувајте господине претседателе, мислам
Џуш.
-Ах Тони, можам уште да те викам Тони?
-Секако Џуш.
-Фала ти Тони... Има толку малку емоции во оваа
работа. Тони... Тие деца требаа да добијат објаснување
барем, ако не заштита Тони, а тие деца не добија ниту
објаснување. И Џуш Буш почна да плаче. Врели солзи му се
тркалаа по образите – О Тони, прости ми Тони за овој излив
на емоции, Ах Тони...
Џуш, Господине Претседателе, Џуш! - Тони Блее се истегна
од својата фотеља и го прегрна расплаканиот Џуш Буш.
Тони Блее почуствува како да држи во прегратка
петгодишно расплакано дете. – Не се секирај Џуш, ајде
престани, потполно те разбирам... Ќе им дадеме лекција на
тие терористички копилиња што никогаш нема да ја
заборават. Џуш.
-Оооо Тони, навистина мислиш дека ќе им дадеме
лекција? Тони?
-Да Џуш, навистина мислам така, впрочем сигурен
сум во тоа.А зошто воопшто би трошеле толку време на
проценти за поствоен Ирак ако не мислам така Џуш. Ќе
видиш на крај ќе го ставиме Садам во кафез како Кинг Конг
и ќе ги покажеме и Хемискиот Али и Биолошката Сали во
некоја од нашите зоолошки градини, под стакло... ха, ха...
Џуш? -Сериозен ли си Тони. Ах Тони. Ми го развесели
денот Тони
- Нашето партнерство е воедно и пријателство и
роднинство Џуш.
-Тони! А што се британците и американците ако не
само народи раздвоени од јазикот што го зборат... Тони.
220
А.Станковски

221
М.А.З.Г.И.

-Одлично Џуш...
-Тони.
-Од сега сметај ме за личен пријател Џуш.
-Ах Тони, ова ме прави толку среќен, Тони.
-Како ти е фамилијата Џуш?
-Одлично Тони, се сончаат на Флорида кај брат ми.
А како се твоите Тони?
-Добри се, благодарам. Сега се во Јоркшир бараат
свињарник за Садам и Осама. Сакаме да ја поспешиме
јоркширската раса свињи вкрстувајки ги со Садам и Осама
Бин Ладен... Не мислиш дека во новиот Ирак може да
извезуваме и свињи специално прилагодени на пустинска
клима... Се шегувам Џуш.
-Оваа ти беше добра Тони, без оглед дали се
шегуваш или не. Ха, ха, ха, Тони
-Чуј Џуш, шегата на страна... Тони Блее погледна на
својот часовник- Ух, Џуш ние го пробивме протоколот за
цели два часа Џуш.
-Ах Тони. Ајде да одиме заедно на одмор на нашиот
ранч во Тексас , мислам кога сето ова ќе заврши Тони. Таму
е прекрасно има коњи, твоите деца ќе се забавуваат до
бесвест, Тони.
-ОК. Џуш, го прифаќам предлогот. А потоа ти и
твоите кај нас во Јоркшир.
-ОК. Тони договорено. Тони.
-ОК. Џуш... А сега ме чека уште работа. Џуш?
-ОК. Тони, ќе се видиме утре за доручек Тони?
-ОК. Џуш - И тие се поздравија, Џуш го прегрна
Тони со прегратка јака и очајничка во истовреме. Тие
отидоа до вратата, се поздравија уште еднаш и Тони излезе
во ходникот. По неколку чекори Тони Блее слушна како
вратата од Претседателската Соба се отвара и го чу гласот
на Џуш Буш кој го довикуваше: Тони, извини заборавив да
ти дадам нешто. – Тони Блее се сврте и направи неколку
чекори кон Џуш Буш кој држеше свиток хартии (некаков
текст) во рацете. Џуш Буш беше навлекол конспиративен
израз на лицето.

222
А.Станковски

223
М.А.З.Г.И.

-Слушај Тони, ова можеби не треба да го правам, но


што ги ебам. Знаеш Тони моите момчиња од првата
оклопна дивизија наидоа на ова ... Џуш Буш го подзаниша
текстот давајки му на значење. – Во сред пустина, помеѓу
Наџаф и Карбала... Пред два дена. Тони, една единствена
книга на песокот сред пустината... Книгата е потпишана од
Садам Хусеин... И некаков број... Нашите ја преведоа на
англиски, ја читав... и да ти кажам право ништо не ми
беше...
Како некои есеи на Садам Хусеин, идеологија,
пропаганда, всушност прочитав само неколку страни.
Право да ти кажам ме замара и ме успива, Тони... Еве ти ја
ако нешто ти значи. Сега кога имаме заеднички команди
можеби овој текст на Садам, ако е воопшто Садам во
прашање, ќе ви значи нешто... Тони.
-И Џуш Буш му го врачи текстот на Тони Блее. Тони
Блее се заблагодари на подарокот, повторно му ја стегна
раката во знак на срдечен поздрав и се упати кон својата
соба.
Во својата соба Тони Блее обави неколку
телефонски разговори со своите соработниции. Веќе се
спремаше да си легне. Текстот што Џуш Буш му го предаде
го копкаше со огромна сила. Едвај се воздржуваше да не
почне да го чита пред да си ги облече пижамите. Ги
обожаваше есите на Садам Хусеин или на тие неколку
Садамови двојници што се бавеа со ваков вид литература.
Тони Блее имаше колекција од неколку збирки есеи на
личностите што се представуваа како Садам. Каков чуден
колктивистички концепт виза –ви персоналитетот. Тони
Блее ја чуствуваше историјата како представа... Што
ниеден писател не може да ја замисли, што ниеден актер
не може да ја изрази, што ни еден продуцент не може да ја
организира... Представа во која учествуваат милијарда
актери, представа чија сцена е планетата па дури и
космосот .. Еден Ден... представа во која тој игра една од
главните рољи, каква почест, каква гордост... Каква
радост... Тој почна да чита откако успеа да ја смири
возбудата.
224
Големата Пљачка
Багдат падна!!! Ој народе – Багдат падна! Почујте о
народе – Падна Багдат. Ој Граѓани стари и млади, мажи и
жени, деца и старци почујте – Багдат падна! Еееееееј
Народеее Баааастаааарооо Купујем Срароооо! Старооооо
купујем... Старо Купујеееем Стааарооо!!! Циганот се
будеше под носталгичните повици на стариот ром дилер со
стари нешта. Стааароооо Купујем Стаааарроооо! Врескаше
Ромот морфирајки му го ониричниот меланж на Циганот кој
беше заспал наспроти телевизорот на кој одеше сателит-
ската програма на CNN. Беше 11 часот предпладне.
Зградите на Цигановата улица ечеа од рикањето на
ромот – дилер со употребувани работи за кого Циганот
мислеше дека е телал кој го носи аберот преку просторите
на царштината во преминот на вековите (19-20), кога
британ-ците ја освојуваа Басра и после три години опсада
успеаа да ги освојат ѕидините на калифскиот бисер, да
влезат и да го земат Багдад- О Багдади, а- хабиби
Багдадиии – плачеше и турско и каурско и арнаутско во
овие веќе гранични делови на царштината. Ееееее Багдат
Падна, луџеее Багдад хабиби Багдади паднаааа!!! – се
дереше телалот во Цигановиот сон. Но сега веќе соочен со
реалноста, падот на Багдат го гледаше преку пропаганди-
стички исфилтрираната CNN која и покрај се никако не
можеше да го скрие резилот кој се одвиваше по улиците на
овој осум милионски град (англо-американците излегоа со
бројка 5 -6 милиони жители) Тој застрашувачки грабеж
почна уште во Басра кога британските трупи го освоија
центарот, а продолжи во Бгадад кога одбраната на градот
226 така лесно и неочекувано падна. И целиот хероизам,
М.А.З.Г.И.

одлучност, и непокор се претворија во едно


недостоинствено, агресивно и анимализирано стампедо на
криминалци, убијци и силувачи. Но тоа беше всушност
дисперзија на вирусот на грабежот што прво го донесоа
англо-американците (во однос на нафтата), а потоа се
прошири насекаде, во сите градови долж течението на
Тигар и Еуфрат, од Ум Касар долж Шател Араб, Басра,
Насирија, Наџав, Карбала и конечно Багдад. Може да се
иницира претпоставката дека тие грабежи во кои и
болниците не останаа неограбени се една голема мета-
фора за менталитетот на англоамериканците – иницијатори
на грабежот, колонијалисти толку страсни во својата
потреба од плен што како ништо да не забележуваат околу
себе. – Така значи – размислуваше Циганот во себе – Тоа е
значи тој надалеку прочуен англоамерикански Cool ;
игноранција на последиците од криминалното однесување,
значи се правиш не свесен за последиците од злочинот,
значи иако ти си го извршил злочинот, ти (англоамерика-
нецу) се правиш дека немаш ништо со тоа. Дека злочинот
сам некако од себе се извршил, дека за тој злочин е
виновен некој друг, не знаеш секако кој е тој друг, но тоа е
нешто што воопшто не те засега о ладен, бездушен, прес-
метан, штедлив, завидлив, горделив до надуеност, интеле-
гентен до манијакалност, неиамагинативен до хибернира-
ност и ладен како змија англоамерканецу, разбојнику
бесловесен, слугите ти се итреци, крадливци и убијци,
каков ли си ти?! За Циганот падот на Багдад беше
трауматско искуство, како да паднало Скопија, Белград,
Загреб, Софија или пак Москва. При освојувањето на
градот американците пукаа на пунктовите на ТВ известува-
чите иако овие беа одбележани и никој од силите на
одбраната не отвори оган од тие места или близу тие
места. Сепак американците пукаа на Ал Џезира убивајки го
снимателот, на Абу Даби ТВ убивајки и ранувајки известу-
вачи, на хотелот Палестина каде убија двајца дописници на
Ројтерс и повредија поголем број нивни колеги...И сето тоа
во еден ден...

228
М.А.З.Г.И.

Англоамериканците –култните обожувачи на


концептот на одмаздата... Убавината на бисерот на
древниот калифат свена во вашето присуство о’ англоаме-
риканци, каде и да одите грдотијата, смртта и болестите
(пред се оние на душата и духот) одат по вас. Болни во
умот, лукави во срцата и грабливи во духот... Вие деца на
Лилит... Вие трагични и ништозни паразити на планетава
што никогаш не ќе ја рзберете, а космичкиот ум ве
толерира само поради севселенската емпатија и всаден-
оста на живот и во вас о бедни о ништожни, о трагични,
трагични гордерливци, о крлежи несвесни за вредностите
на животот. Вашите слуги разбојници и крадци го опљачкаа
и багдатскиот археолошки музеј, го ограбија за вас о
незадоволници, зомбии на вашиот бескрвен и бездушен
систем. Вашите суптилности се веќе раскринкани, вашите
лукавства ја губат психо – социолошката камуфлажа и
стануваат груби и одвратни ѕверства, вашите манири не
одразуваат стил или добар вкус туку лигавост и безкруло-
зност О’ англоамериканци... О ситни трговци со крв и
солзи, о ситни измамници од кои и земјата на која газите се
срами..- зафрлуваше цела една лавина од клетви и пцости
до крајност разочараниот Циган. Никако не можеше да се
помири со состојбите. – Ах гадови англоамериканци, сто
пати сте полоши од Садам Хусеин колку и лош да беше, вие
сте за илјада пати полоши... - Мрчеше Циганот одејки кон
тоалетот за да се олесни. Денот беше сончев и топол.
Додека се торлачеше тој прочита неколку артикли во
Манифест: Линдон Ла Руш и неговиот осврт за договорот
од Бретон Руж, интервју со новиот бразилски претседател:
Де Силва кој со голема успешност ги отфрли крвопијците
од ММФ, најавата за пристигнувањето во Скопија на Сер.
Џејмс Ендрјус големиот офицер на големата ложа на
Англија по повод координирањето на работата на некол-
куте ново основани масонски ложи ... Демек имало голем
дисконтинуитет на масонството во Македонија и сега е
време сето тоа да се надокнади...
Во еден момент кога Циганот го пушеше својот прв
џоинт лицкајки го остатокот од утринското кафе, заѕвони
230
М.А.З.Г.И.

телефонот. Циганот мразеше да збори на телефон додека


пуши џоинт, но ѕвонењето беше толку упорно што секое
понатамошно игнорирање на телефонот продуцираше
ужасна иритација и параноја. – Ало!!! – Се раздра Циганот
во микрофонот на слушалката манифестирајки еден
минималистички гнев.
- О, а ало? – Тоа беше гласот на Велечесниот. Со Циганот
се беа виделе последен пат пред четири месеци, кога
Велечесниот заедно со Сокол и Јагне беа уапсени и
малтретирани во Струга од тамошната ропачка полиција.
На групата дрогаши им беше најден еден џоинт и
една паковка хорс од четврт грам. За ова деаније полицај-
ците од Струга ги беа чувале 24 часа врзани за радијаторот
во полициската станица и ги беа тепале како магариња
секој саат. Беше тоа тажна и понижувачка прикаска, но во
оваа сатрапија наречена Бивша Југословенска Република
Македонија ваквите полициски бруталности беа мошне
честа појава... Велам мошне честа појава...
-Ало! Велечесен ти ли си бе? – Циганот почуствува
некаква притаеност од другата страна.
-Ддаа бе, Јас сум. Одамна не сме се виделе... Гласот
на велечесниот вибрираше со повлеченост и даун.
-Баш мислев овие денови на тебе... Се обиде да го
окуражи Циганот депресивниот Велечесен. Што се
случува...
-Па извини вака што ти се јавувам во времиња на
даун... Гласот на Велечесниот беше безмалку плачлив.
-Де бре Велечесен, пријатели кога и да се јават О.К.
е... -Еј може ли да се видиме некако? Инсистираше
Велечесниот. Циганот инстантно знаеше дека најверојатно
повторно се работи за полициска бруталност, но
непријатно му беше експлицитно да праша... - Нема
проблем, за пар саати.
-А ќе може ли да се видиме и со Черим? – Циганот
веќе беше сигурен што стои зад побарувањата на
Велечесниот. Само деталите уште требаше да бидат
изложени. Но штом не се јавува од бајбок сеуште е добро.
-Со Черим? – Почна да завлекува Циганот. – Знаеш
232
А.Станковски

233
М.А.З.Г.И.

дека Черим е тешко достапен, посебно одкако доби


номинација во власта и безмалку министерска фотеља...
-Молим те циган, многу ми е хитно, мислам битно, да
се видам и со Черим Зеновски... - Почна да цвили
Велечесниот, а тој цвилеж беше едноставно ирезистбл.
Како цвилеж на некакво напуштено цицалче во џунглата...
-О.К. Велечесен, ќе го барам и дома и на мобилен, а
кога ќе го добијам ќе ти се јавам. Каде ќе бидеш?
-Или дома, или кај Вањол.
-Добро Велечесен.
-О.К., те чекам.
-О.К. Велечесен, чао.
- Чао. – На циганот му се отвори непланирана
работа, но имаше уште пар саати да се релаксира. Тој реши
да смота нов џоинт и овој пат да го издува невознемируван.
Облакот на свеста патува по патеки нејасни и
непредвидливи. Кога идентификацијата попушта
претставите добиваат скоро естетска димензија.
Зошто едноставно не можеме да постоиме во таква
независна позиција, да гледаме на нештата како на одамна
снимен филм како на стара слика насликана во времето на
маниризмот со полно детали кои не мора да сугерираат
нешто туку да постојат во просторот како природна
декорација без правила, без симетрија, без аналогии и
референци. Како она дрво во дворот на Агенцијата за
Иселеништво каде со години се собираат сите оние
врапци, стотици врапци од центарот на градот и целото
дрво бруи, клокоти од живот без предумисла, без
исчекување, сега и тука, едно спонтано живеење како цел
сама за себе. Циганот се јавуваше и јавуваше, најмалку пет
пати, и дома и на мобилен, но Черим Зеновски не беше
достапен. Потоа тој му се јави на Велечесниот кај Вањол за
да го информира дека средбата со Черим ќе мора да
почека извесно време. Велечесниот пак инсистираше
Циганот да дојде кај Вањол, и иако беше уморен и
исполнет со апатичност Циганот се покрена од своето
легло и отиде кај Вањол за да се сретне со стариот добар
пријател. Кога Циганот дојде на средбата тој пријатно се
234
А.Станковски

235
М.А.З.Г.И.

изненади од младешкиот и свеж изглед на Велечесниот кој


небаре да бил во некаков ексклузивен швајцарски
сенаториум за дрогаши. Вањол пак беше во својата
стандардна форма на меланхоличен човек од шумата.
-Еееј Велечесен, Вањол, како оди? – Весело ги
поздрави Циганот по малку успорените пријатели на
дрогата.
-Мумф, така – така ооо – мрчеше Вањол тешко
придигајки се од својот кралски тросед посипан со
изгореници од цигари, разноразни парчиња станиол за
терање чајниз, по некое шишенце исконзумиран метадон...
Ма право да ти кажам пријателе овде во градов
станува неиздржливо - Се огласи по мала пауза депресивно
сериозниот Велечесен. Како неговото куртоазно
расположение да исчезна во неповрат отварајки на негово
место гротло од разочарување.
- Де бе Велечесен, зар сето тоа не е само обичен прдеж на
молец во однос на бесконечноста – Се обиде да се
пошегува Циганот, со по малку јалов напор да го
реставрира веселото расположение од почетокот на
средбата. Велечесниот направи гримаса на немоќ и тажно
одмавна со раката. Циганот свати дека се случиле
сериозни нешта. Лицето на Циганот се претвори во
прашалник, а Велечесниот полека но сигурно почна да
раскажува:
-А бе пријателе ова се по-срање станува. Па јас
мислам дека во Чиле за време на Пиноче било подобро,
верувај ми.
-Така,точно така – Се надоврза мрзливо Вањол.
-А бе по улица да те тепаат како џукела кај ќе
стигнат и кога ќе им биде ќеф, без причина... Абе ова бетер
и од Конго, ма нема впоредба... Ух, кај човек да фати
магла... Или пак да почнеме да убиваме, да фураме
тероризам како Ѓемиџиите, ебеш му матер, најсериозно...
Велечесниот поцрвене од нервоза, а очите му се насолзија
од насобраниот гнев и истрпената неправда.
-Ма што се случило – Загрижено, како постар брат
запраша Циганот.
236
А.Станковски

237
М.А.З.Г.И.

-Што се случило, ништо добро не се случува


пријателе, само лошо... Продолжи да ламентира
Велечесниот.
-А бе не искршија од мавање бе Циган – Се надоврза
Вањол посегајки по цигарата што лежеше на дрвената
масичка наспроти него.
-Кој ве тепал? – Запраша Циганот воедно
потврдувајки си ги претпоставките.
-Од НТШ, едно копиле од Струмица, Свињомир се
вика – Продолжи Вањол.
А кој кур ве тепал, ве фатија со дрога? – Се впушти
Циганот во сторијата.
-Ма не бе, да имафме роба и ќе разберев некако,
ама ова без веза, од чист ќеф на тој сељак Свињомир...
Продолжи да се захухтува Вањол.
Велечесниот ги дигна рацете барајки можност да се
искаже. – Слушај пријателе, си одам јас така по
Лептокарија кога одеднаш Свињомир пред мене. И ни едно
ни две, ни документи да побара, нит легитимација да
покаже, ме расчукува со боксови.
Со боксови пријателе, Јас паѓам тука, тој
продолжува да мава со клоци. Ми става лисици за момент...
Јас така лежам со лисици на раце, рацете ми се зад грб, а
тој почнува да мава повторно, ме удира по грб по стомак,
по глава... Луѓе проаѓаат, гледаат, се чудат, се згрозуваат,
тоа гнасно копиле ме мава тука јавно... Види само –
Велечесниот стана од својата столица и ги спушти за миг
панталоните. На десниот бут некаде под глутеусот имаше
огромна црна модрица. Потоа го подигна џемперот и
маицата, а таму пак кај слабините неколку подлиени со крв
повреди и мноштво темни модрици на грбот. Изгледаше
како маченик или револуционерен активист фатен и
малтретиран од реакционерните сили.
-Ќе ве исчистам сите вас од тука дрогаши! Ми се
заканува Свињомир од Струмица, маму да му ебам сељачку,
говедо простачко – Се надоврза Вањол.
-Мене пак ме начека тука кај Тинекс. Си одам така
кога пред мене Свињомир од Струмица со уште еден
238
А.Станковски

239
М.А.З.Г.И.

џандар од НТШ. Ме гледа и трга кон мене- “Стој бе”!


Ми вика, јас застанав, го гледам. “Што сакаш” го
прашувам, а тој бам: со бокс по глава. И одма почнува да
мава со клоци. Одвратен е. Тој другиот џандар да не го
смиреше, ќе ме убиеше, тука на место. Човече пиштол ми
извади и со цевката у уста ми иде, а устата полна со крв,
глеј заб ми скрши – И тука Вањол зинува и покажува дупка
во вилицата... Циганот побледе од сочуство и лутина.
-Е за ова стварно треба да одиме кај Черим. Вањол
дај тоа телефонот да пробаме пак. – Вањол се придига, го
зема телефонот и му го подава на Циганот.
-Ах маму да им ебам провинциска, до кога бе ќе
изигруваат шерифи тие смрдливи сељаци! – Се палеше
Циганот додека прстите френетично му играа по бројките
од телефонот. – До кога, пизда ли им матерна простачка!
-До кога им се може! Пријателе. – Се огласи
повторно Велечесниот. – додека не налета на некој тип со
пиштол што ќе му ја прекрати и онака кратката шупачка
кариера.
-Па колку години има тој буљаш Свињомир од
Струмица? Продолжи со слушалка на увото Циганот.
-А бе копиљ, нема повеќе од 25 години. Срамота е
бе да малтретира луѓе од 37 год бе пријателе. Тотално без
респект, без човештина...
-Ма гони го бе у три пичке материне, да му се
помочам во неговата свинска чурулка, на тој Свињомир од
Струмичките села. – Се огласи сега веќе во потполност
разбудениот Вањол.
-Кај Черим нема никој – Одсечно рапортира Циганот
и ја спушти слушалката.
-Ма би го убил како псето – Воскликна Вањол.
-Има кој тоа да го направи – Возврати Велечесниот.
– Како што запнал да тепа се’ што има било каква врска со
доуп, ќе налета на дилер, и ќе испие врело олово. Ептен
чуствувам таков развој на настаните. Ебеш му матер...
Слушам тепал уште неколку души. На крајот нема да
знаат кој му свирнал куршум у глава.
-А да се обидете по законски пат, да го тужите на
240
М.А.З.Г.И.

суд? – се обиде да внесе малку разборитост веќе сериозно


загрижениот Циган.
-А бе и мајка ми ми вели. Да одиме легално по
судски пат... Но знаеш какви се нашите судови – По малку
резигнираниот Велечесен ја иницира алтернативата во која
уште многу мал број луѓе од оваа земја веруваат.
Тоа би било единствено нормално решение. Се’
друго само би ги искомплицирало работите, и на крајот
повторно би иницирало спирала од несреќи и страдања.
Еве види, земи пиштол, знаеме дека лесно ќе најдеш некој
пис за поевтина цена, всушност ако треба ќе ти набавам
пиштол без пари, кога сакаш, и ќе го начекаш негде сам,
или кога се враќа дома навечер, пред влез, ќе го окинеш
како пупунец и... што после... Да го лежиш 15 или 20
години... а бе ајде, за таков крлеж да лежиш 20 години, не
се исплати, воопшто не се исплати.
Затоа пријателчиња да се соочиме со реалноста и да
бараме поприкладни решенија. – Се обиде да внесе разум
во целата збрка видно вознемирениот Циган.
-Затоа сакам да се сретнеме со Черим Зеновски – се
надоврза Велечесниот со видно разборит пристап - Да
посредува кај министерот за внатрешни, кај Хари Спотер и
да го вратат Свињомир во тоа струмичко село од каде и го
донеле тука, да ја загадува околинава со агресија и
простаклук.
-Е тоа е видиш еден мошне паметен приод кон
проблемот – Со олеснување констатира Циганот.
-И јас сум за таа варијанта- Се огласи Вањол.
-Значи се договоривме, го барам Черим додека не го
најдам, а потоа ќе видиме што ќе предложи тој кетман
мајстор. – резимираше Циганот. По овој муабет Циганот се
обиде да поведе разговор за геостратегијата и политиката
но ова не наиде на некој поинспиративен прием од страна
на неговите пријатели. И тука разочарувањето од падот на
Багдад беше сведено на помирлива меланхолија.
-Што мислите каде се крие Садам? – Прашањето на
Циганот и воедно неговиот последен обид да ги анимира
неговите папсани соговорници прозвуче банално како
242
М.А.З.Г.И.

реклама за детергенти . Да ги запраша нешто за


епидемијата на “САРС” беше рамно на катастрофа. Таа
црно жолта зелена напаст, таа гадост во ваква ситуација би
била рамна на невидена бруталност, мислам било какво
имплицирање на теми во врска со болестите, посебно оние
заразните се вистинска агонија за опијатските зависници
какви што беа Велечесниот и Вањол. Затоа Циганот си
поќута како стар и искусен наркоманаш - викендаш... Во
еден момент Циганот се понадева дека некој ќе извади
малку прашинка, но тоа не се случи. О.К., Циганот и така не
сакаше премногу да се задрапува со опијатски дроги
поради проста причина што утрата што слдеа по сеансите
со опијати беа пеколни. Редовните корисници немаат
проблем, се додека се редовни вистински – алхемичари,
виртуози на тинктурите, адепти на хемикалиите, шампиони
на фармацевтиката. По половина час почна да испарува
некаква негативна енергија полна со ладни прагматички
калкулации и некој воловско-рововски молчелив
антагонизам помеѓу Вањол и Велечесниот.
-Дај бе уште две апчиња Вањол – Почна да стене
Велечесниот.
-Да бе Велечесен, ти дадов две пред два саата, и тоа
ти беше вишок од мене.
-Еј како може две апчиња хептанон да бидат вишок.
Па колибри да бев малце ќе ми беше а камо ли...
-Еј, не ме заебавај Велечесн, ти дадов и повеќе од
тоа што можев, знаеш колку сум качен, и тоа токму
благодарејки ти тебе и на твојата незаситност.
-Види, види кој збори за незаситеност. Па ти Вањол
искрка 70% од робата што ја земавме од Доторе во
саботата, нема ни три дена од тогаш.
-Да бе Велечесен качи на 95% од робата... Ту бе да
ти ибам, сети се кој ја плати бе да тибам, нон стоп си без
пари. А имаш апетит за тројца дрогашки шампиони во
тешка категориа, бе да ти ибам...
-Де бе без пари, без пари, цело време тоа па тоа, е ај
убиме...Да ти ибам, ти никогаш не си бил без пари а?
-Кога немам пари не кркам роба, а и ако сакаш
244
А.Станковски

245
М.А.З.Г.И.

редовно да се дрогираш ко што се дрогираш на туџ грб,


тогаш повели пријави се во Кисела Вода и земај си
чорбичка секоја недела. Ќе имаш и за себе и за пензија.
-Kисела Вода, знаеш ли дека има најмалку триста
души на листата за чекање. Побргу ќе се симнам одколку
што ќе дочекам да дојдам на ред.
-Оваа последна мисла на Велечесниот беше
изговорена во вистинското време од расправата. Тамам да
прозвучи искрено во немоќта да се справи со
административните лавиринти, и да му даде до знаење на
Вањол дека е едноставно незаменлив, во силата да го меле
системот и да пронаоѓа дрога секогаш кога сака, колку
сака и каква сака. Е тоа ти е вистински дрогашки адепт. Кон
тоа големото другарско срце на Вањол колку и понекогаш
сурово да делуваше всушност беше безкрајно галантно и
пожртвувано. Стариот итрец Велечесен добро го знаеше
ова и точно знаеше со каква итроштина да настапи за да го
предизвика дарувачкиот инстикт кај Вањол.
-Добро бе Велечесен да тибам, добро, ќе ти даам
уште две апчиња само не ми плачи ко пичка – И Вањол
излезе од собата за да донесе уште две апчиња за
Велечесниот, а овој пак весело ги протри рацете...
-Го гледаш ли каков е. – Тивко му се пожали
Велечесниот на Циганот. По една минута Вањол се врати и
му ја врачи “терапијата” на Велечесниот кој тивко и
скромно се заблагодари и прикриено се насмевна под
мустаќ, демек – успеал повторно, по кој знае кој пат
неговите мезморички моќи функционираат и тој е сејфнат.
Вистински урбан шаман.
Потоа Велечесниот повика такси и заедно со
Циганот се упатија кон дома: прво Велечесниот во населба
Лесиче (пост земјотресна населба градена во доцните
шеесетти кога холивудската серија “Леси” беше хит на
ретките но чудотворни екрани во сопственост на
македонскита бејби бум генерација), а потоа кон
Самокоманда, каде беше позиционирано дувлото на
Циганот. Тоа беше возење од десетина миљи. Мини еко
патрола.
246
М.А.З.Г.И.

Во таксито беше удобно и топло. Велечесниот седна


назад, а Циганот до шоферот кој испадна дека го знае
Циганот уште од тинејџерски години и дека веќе неколку
пати го беше возел во своето такси. Таксистот беше жив и
преполн со самодоверба небаре светот се врти околу
оската на неговото его. Жоао Ченкурович беше таксист
веќе 10 години и беше задоволен од себе, но таксито беше
само дел од неговиот голем асортиман на професии.
Работеше како трговец со стара железарија (патем
произведувајки и апсурдни конструкции кои повеќе
функционираа како некакви уметнички дела одколку како
машини со прагматичната детерминираност , иако не се
распаѓаа и растураа како машините на Жан Тингели,
простете скулптурите); како трговец со мириси ( имаше
истенчен вкус за овој вид производи, а знаеше каде и да ги
пласира), понекогаш танцуваше по ноќните барови во
Адамов костум – билдаше веќе цели 25 години и немаше ни
грам сало. Пред да се ожени, а се ожени истиот оној ден
кога почна војната во Босна, се бавеше со ескордство,
беше плеј бој, а понекогаш и жиголо. Тоа го правеше
главно на Јадранот, Италија и шпанската ривиера, но со
жените не успеа да се збогати. Целата печалба му одеше
на скапи мириси, облека, скапи ресторани и гламурозни
хотели. Што се однесува до автомобилите, а беше
вистински вљубеник во естетизираните и маркантни
средства за транспорт (од Ламборџини до Т 72 или Абрамс
тенковите), нив скоро секогаш ги превземаше од своите
љубовници, но само привремено. Конечно беше и голем
вљубеник во накитот и тајно знаеше да реализира некој
чуден дил каде профитот не беше толку битен колку
посакуваното парче убавина. Беше колекционер на накит, и
тоа беше неговата најголема тајна. Нити женаму ниту двете
девојчиња кои веќе почнаа со училиштето, а кои беа
близначки не знаеја ништо за оваа негова голема страст.
Жоао Ченкурович просто лудуваше по платина и дијаманти.
Исто така беше луд по музиката. Неговиот вкус беше како
поп артистички мавзолеј. Имаше тука од се понешто од
Бери Уајт и Токинг Хедс до Стонси и Рокери ‘с Мораву, од
248
А.Станковски

249
М.А.З.Г.И.

Дејвид Боуи до Карлос Сантана и од Нина Симон или Луи


Армстронг до Мајлс Дејвис и Чарли Парк’р, од Том Џонс до
Штокхаузен и Густав Малер...
Long time no see – Му се обрати Жоао Ченкурович на
Циганот одкако го препозна. Жоао го обожуваше
англискиот јазик, посебно американскиот англиски.
Зборуваше скоро безпрекорно. Англичаните или
британците воопште не можеа да забележат дека не е
американец. Уживаше да збори на американски англиски.
Ги фасцинираше островјаните со својата ерудиција и
елегантно однесување, со својот смисол за хумор и со
своите тантрички потенцијали; секогаш ќе ги изненадеше
со неговата балканска итрост и подлост (ако треба). Тоа ги
шокираше британците , да не кажам британките бидејки
правеше работи што ниеден американец не би ги направил.
Имаше огромна предност во однос на нив и нивната
бинарна логика преполна со романтизам,
сентиментализам, ситна математика и полтичка
недотупавност. Дали лажно се представуваше? Можеби
само си играше со својот идентитет и од тоа правеше
забава... Во секој случај успеваше добро да ги потпржи под
опаш тие замрзнати шунки од островот. Тие бледи
теледиригирани риби отаде Ламанш... За американците пак
имаше највисоко можно мислење. Ги сметаше за над раса,
за вонземјани, за божества...Боже прости ми...
-Еј Жоао, шо праиш бе, - Се одзва Циганот помалку
уморен за афектации.
-Како живот бе Цигене?
-Ееааа, иде некако.
-Уште со уметност?
-Па да. Уште
-Ones Artist always Artist.
-Да бе, јес.
-Еј Циган, слушај го ова – И Жоао стави еден ЦД во
плеерот сместен на неколку инчи под таксиметарот. –
Цицла Велеминџич. Си ја слушал?
-Не. – Циганот мразеше турбо фолк.
-Стварта се вика “Садаме Насадиме”. - Жоао беше
250
А.Станковски

251
М.А.З.Г.И.

безмилосен. Неговата суровост и бесчуствителност


понекогаш знаеше да биде дегутантна. Низ кабината се
разли еден прилично рурален смисол за музика. Гласот на
Цицла звучеше како некаков непријатен клокот, како да се
дави во када преполна со сперма или сутлиаш сеедно.
“Еј Садаме Ој Насадиме”
“Усади ми бананууууу”
“Еј Садаме посади ми”
“Краставац у јамуууу”
“Манијаче удри јаче”
“Ој Садаме шта ќеш луче”
“Штап ил шаргарепуууу......”
-Фасцинира брзината со која Цицла или тој што и ги
пишува песните реагираат на актуелната ситуација. Во
најдобрата традиција на гусларството на Балканот –
проследуваше Жоао.
-Биди среќен што е само ЦД. – Иронизираше
Циганот. Жоао го погледна развлекувајки ја устата во
насмевка а ла Клинт Иствуд. Потоа погледна назад, а таму
Велечесниот стондира ли стондира, ич кур не му чуе. Жоао
го засили тонот:
“Ооој ти креле Џуше Бушу!”
“Пичком ќу ти извуќ душу...”
“Ооој потрчко Тони Блее!”
“Ти британско лудо теле...”
“За Садама сте ситне трице
“Кукавице Јеребице –Јееецееее...”
“ Није Садам сасвим сам”
“ Он је Курцем оружан”
“Са нјума је сав Балкан! Yeaaaah... “
-Ееееј, што е ова човече - Се разбуди од дремката
Велечесниот. Фиу како вози ова хепиендов... И башка
топло во колава, еј “Мерцедес 200” е ова? Дечко?!
-Корект. Кратко потврди Жоао.
-Еј човече. Ббвввррррр! сањав како не гонат волци...
А јас и вие она, знаеш, седиме во руска тројка, човече...
-Тарантас – Се огласи Жоао одсечно.
-А, да, браво, а од страна снег и мрак, единствено
252
А.Станковски

253
М.А.З.Г.И.

светло доаѓа од полниот месец... ние сме во


шума...фантастична сцена...
-Еј што се случува во Лесиче? Темно е како да сте
под рестрикција. – Го прекина Жоао раскажувањето на
Велечесниот. Овој пак навреден, што е прекинат го омуси
носот.
-Глеј, таму во куќите има струја, само на булеварот е
темно, изгледа има проблем со светилките. Се обиде да ја
минимизира Жоаовата арогантност уморниот и помирлив
Циган.
- Каде во Лесиче, дечки? – Продолжи со циничен тон Жоао.
-Еее таму кај она комбе ... ее супер...
-Велечесниот излезе од таксито. Тој се поздрави со
Циганот повторно потсетувајки го со трнаспарентен
ишарет за средбата со Черим Зеновски. – Види Циган за
она ...- Суво го одпоздрави таксистот и исчезна во мракот.
Таксито тргна.
-Кај ги наоѓаш бе овие дрогаши. – Почна со критика
Жоао.
-А, Велечесниот е многу повеќе од тоа Жоао – Се
обиде Циганот со ладна љубезност.
-Си мислам, You could make a carrier if ya ‘d be free
from those junks. Почна да навалува Жоао.
-Eeej cut the crap Joao! Симулираше лутина Циганот.
Жоао и Циганот имаа невообичаен тип на комуникација.
Тие се обидуваа сите нивни средби да ги претворат во
некакви холивудски филмови. Посебно кога беа добро
расположени. Исто така доволно беше само едниот од нив
да е полн со енергија и тоа да му го пренесе на вториот.
Неверојатна комуникација. Понекогаш Циганот жалеше
што животот ги раздвои нивните патишта па мора вака
ретко да си играат филм.
-I’m serious Cigan. You could make a disent karier whit
your talent.
-Eeeej Joao, do you know what the sheat is Art. You
can play tricky – dicky with the subject Man! No compromise
Man. Ya digit?
-Oooo Yeah Cigan. That is the whay I respect you and
254
А.Станковски

255
М.А.З.Г.И.

your work.
-OK Man, We’r straight now, a – Помирливо запеа
Циганот.
-Ya man, ma man. – Се придружи на свој начин Жоао.
На семафорите кај Ново Лесиче Жоао го извади ЦД-
то со Цицла Велеминџич и пушти друго со музика на Ерик
Сати. Нежна ингениозна параноја и меланхолија на
тропска ноќ ја исполнуваше кабината. Циганот почуствува
како пријатна топлина му лази по кичмениот столб. Беше
како да пушел најдобар македонски опиум во некоја
ефтина пушална во Каиро...Ал Каира... и во Ал Тахрир... под
небото во вечниот Миср...
-Некој го “ослободувал” твојот пријател пред скоро
време – Се огласи ненадејно Жоао.
-Што? – Му дојде нејасно на Циганот.
-Некој го сокапал од маање. – Експлицираше Жоао.
-Аа, да, го ослободувал некој манијак од НТШ,
исфрустриран провинцијалец.
-Уф, тие гоеда се најодвратни.
-Како примети дека пријателот бил ослободуван,
мислам теп... - Некако му дојде даун на Циганот.
-Не можам тоа најпрецизно да ти го опишам Циган.
Чуствувам некаква трауматизираност, бол, засраменост,
како субјектот да е кастриран...
-Пууу човече каков даун.
-Карма, која се прекинува со извесна инвестиција.
-Мислиш на извесна психо – социјална инвестиција?
– Почна да компликува Циганот.
-Ако мислиш на мислење, чекање и поштење тогаш
не си далеку од вистината.
-Сидарта? – Продолжи со своите чуденки Циганот,
додека Жоао малку ја намали брзината, се наведна
нанапред и ја завлече длабоко раката под седиштето. Од
таму извади нешто крупно и темно – Магнум 44 – Суво
изусти Жоао.
-Што? – Неможеше да се исчуди Циганот. Одеднаш
го фати параноја и почна да се врти лево десно, да
случајно нема некој цајкан во околина.
256
М.А.З.Г.И.

-Држ - Му го подаде Жоао пиштолот на


вознемирениот Циган.
-Тежок е, вистински е? – Сеуште не можеше да го
проголта сето ова шокираниот Циган.
-Вистински е, и полн... Дај да ти го откочам. - Жоао
ја пружи раката.
-Зззз..ошто, би го откочил? – Се подвозбуди Циганот.
-Да го пробаш.
-Да го пробам?! – Продолжи да се возбудува
Циганот. Мислиш да пукам?!
-Да, со две раце поради стабилност, како во
филмови.
-А во што?! – Почна да трепери Циганот.
-Па во некоја џукела, во мачка - Жоао делуваше
сериозно.
-Не ме заебавај Жоао - Почна да се запурува
Циганот.
-Дај го ваму - Жоао повторно го зема во рака тоа
застрашувачко парче метал.
-Мразиш насилство , а Циган? Жоао се наведна и го
врати пиштолот пот седиште.
-Се надевам дека не се глупираш со пукање во
сиротите животни скитници Жоао?! – Почна да захухтува
Циганот.
-Неее, да трошам куршуми на такви глупости,
никако... идиотски е и скапо.
-Стариот добар прагматичен Жоао. А кој кур мене
ме тераш да пукам во нив тогаш? Сакаш да ме частиш со
сеанса садизам?
-Не бе нема везе, се зазав... знаев дека нема да го
направиш тоа. - Жоао како да го забавуваше неговата
позиција.
-А дозвола имаш? Што ако те запрат џандари и
почнат да те тресат?
-Успокој се пријателе, добив дозвола 2001, уште во
првите месеци од војната. Тогаш даваа дозволи без
проблем...
-И навистина ти е потребен ваков пис – Почна да
258
А.Станковски

259
М.А.З.Г.И.

морализира по маргините на совеста секогаш ревносниот


Циган.
-О да, времињата се променија Циган. Улиците се
вистински џунгли, а последниве години се накоти звериње
ко гнида... Знаеш, приметувам дека откако го имам писов
немам никакви проблеми, нит со гадови нити со џандари.
Како кучиња се и едните и другите, точно знаат со кого
може да имаат проблеми и мудро го заобиколуваат.
-Инстикт, плус интелект. – Пунктуално дефинира
Циганот.
-А зошто да не. Не е на одмет да им даваш по нешто
на оние што не само што ништо не можат да ти дадат, туку
сакаат да ти земат и повеќе од она што си наумил да им го
дадеш... Самозадоволно умуваше Жоао.
-Така ги правиш среќни и безопасни.
-Ооо, да, зошто и тие вршат некаква функција во
општесвото колку и апсурдна да е.
-Без сомнение, како американецот и русот,
Поентира Жоао – Додека едниот рие по песокот на Ирак,
другиот лансира ракети во космосот.
-Каков пресврт. Порано едниот извезуваше
комунизам, а сега другиот божем извезува демократија,
всушност американецот никогаш немал никакво директно
искуство со комунизмот како систем, додека русот и те
како знае што е капитализам, и тоа во прилично суров
облик. – Циганот забележа силуета на коњ како пасе во
паркот што го делеше булеварот Александар Македонски
од неговата зграда. Тоа беше еден од оние коњи скиници
што живеат во велеградот и што патуваат по неговите
зелени зони како последни хипици. Тие пристигнаа до
целта, и Жоао го запре возолото.
-Гледаш, американецот освојува и си го средува
освоеното, а и она што не му е освоено го средува.
-Мислиш на САРС вирусот во Кина?! – Циганот се
заинтересира за мислењето на Жоао околу ова прашање.
-Гледај Цигане, сите опции се отворени. Во секој
случај не мислам дека Садам би им пуштил вируси на
своите пријатели кинези.
260
М.А.З.Г.И.

-Значи не мислиш дека е произведен во кујната на


“Биолошката Сали”.
-Нити биолошката Сали, нити хемискиот Али.
-Останува уште само чичо Сем.
-Најпаметно е да се следи патот на парите, нивното
бекство од економските подрачја нападнати од вирусот.
-Како што гледам сега за сега тие пари летаат кон
UK и USA ...
-Но и во соседната им Канада одлета по некој вирус.
-Тоа му доаѓа како казна за тоа што не
партиципирале сесрдно во нападот на Ирак иако е
подрачје населено претежно со англосаксонци.
-Но и со големо француско малцинство.
-Посебно провокативен факт за чичо Сем е токму
фактот на големата француска популација во Канада. Сети
се само што кажа Џуш Буш неодамна, прашан за неговата
релација со Жак Ширак...
-Дека Ширак нема да биде виден на ранчот во
Тексас уште долго време. – Цитираше Жоао.
-Токму така, и дека сите јастреби од белата куќа
веќе прават планови како да ја поебат Франција.
-Кој би претпоставил една таква амбициозност.
-Американецов одлепува ко зелен мајмун човече,
-Се окези Циганот додека единствениот преостанат
горен песјак му блесна на уличната светлина ко на стар
мачор.
-Во чуден смер мутира тој ген во последниве десет
години. Да не си играат Вонземјаните со Американецот ко
што си играа со германецот преку Хитлер пред пеесетина
години. - Жоао веќе покажа сосема доволно аргументи на
критика версус американецот. Но со Жоао никогаш не сте
на сигурно. Можеби е сето тоа само уште една симулација
на тој американизиран егоцентрик, или и тоа е некаква
маскарада која треба да ги прикрие вистинските
пропорции на егоцентризмот на дотичниот симулант .
-А севернокореанците маршираат ко кибритчиња...
Долеваше масло на платно Циганот.
-Тоа веќе е тврд орев за по малку расклатените
262
А.Станковски

263
М.А.З.Г.И.

запчиња на американецот.
-А на Џуш Буш никако да му преседне војнава, се
забавува ко мало дете со видео игра.
-Фантастичен идиот, да некажам вистински Мики
Маус. Или Пајо Паторот, мислам има нешто чудно во тоа
момче.
-Да не затерале вонземјаните некој експеримент со
него...
-Хммм, а зошто вонземјаните би манифестирале
толкав недостаток на интелегенција?
-Тоа е нивната ароганција и можеби желбата да се
поиграат со некои фундаментални принципи за
планетарнава цивилизација.
-А зошто тоа би го правеле?
-Тука веќе муабетот добива по се апсурдна
димензија – Запафта Жоао.
-Никако, напротив, тоа е само состојба исчистена од
предрасуди со силата на ирационалното во кое субјектот
се снаоѓа по принцип на бинарност и елиминација, или
барем објективна опсервација при ослободеност од
предрасудите од непотполната, погрешната и фриволната
или пак уште полошо – изманипулирана едукација...
-Ти зајде Цигану. Се побуни Жоао.
-Ух, тоа се премногу љубезни зборови. – Почна
мрзеливо да афектира Циганот. Беше веќе уморен. А
таксиметарот си одбројуваше...
-Упс, сум заборавил да го исклучам таксиметарот –
Божем се загрижи стариот итрец Жоао. – Впрочем ќе те
частам ова возење. – Покажа неочекувана дарежливост.
-Неее, никако Жоао. Случајот е инцидентен и
можеме да го проследиме како таков. Циганот запна да
плати.
-ОК, bos, its up to you. Ја покажа својата вситинска
нарав Жоао. А тоа е...350 денари, уф, еве – Циганот му ги
врачи парите на Жоао, а овој пак брзо го исклучи
таксиметарот.
-Е па, тогаш, довидување Жоао, чао- Ја отвори
вратата на автомобилот по малку инертниот Циган и почна
264
А.Станковски

265
М.А.З.Г.И.

полека да се извлекува од кабината...


-Еј, чекај малку- Како да се сетил на нешто,
ненадејно воскликна Жоао.
-Да. Циганот запре со своите активности.
-Глеј имам нешто тука, за тебе. - Жоао ја отвори
преградата од десната страна и извади една мала книга. –
Ова го влечам со себа веќе две недели. Го најдов при едно
чистење на колава, на подот. Прочитај ја, можеби му
припаѓа на некој од дрогашите што сум ги возел, а кои
можеби ги познаваш... и кои би ти биле благодарни да им ја
вратиш. - Жоао му ја предаде книгата на Циганот кој
наоѓајки се одеднаш во небрано ја прими со ентузијазам на
зомби.
-А сега довидување Цигану – Весело поздрави Жоао.
-With good speed Joao – одпоздрави Циганот.
Одкако добро се наропа грав, Циганот се завали на
троседот и пушти канал 103. Но музиката беше толку
здодевна што веднаш ја изгасна. Книгата што сеуште му
беше во џепот од капутот го заскокотка неговото внимание.
Тој иако накрмен како вепар, скокна со брзина на
верверица и ја собра книгата од ходникот. Беше тоа не
многу голема книга. црвена по боја и без никаков наслов
или лого на кориците. Внатре исто така без било какви
генералии. Ниту автор, нити издавач, нити печатница, нити
ЦИП, нит било што друго што би упатило на некаков
ентитет кој стои зад овој артефакт. Сепак текстот беше
печатен, сосема пристојно вкоричен во тврд повез и
единствено што имаше како некаква референца беше
насловот – Rock and Roll, и некаков поднаслов што во секој
случај беше само референца на самиот текст. Циганот се
зачита...

266
А.Станковски

267
Show Time
Кога пишуваш не читај книги. Зошто доколку читаш
угодни четива додека пишуваш, тогаш или ќе го баталиш
пишувањето, зошто читањето е често пати позабавно од
пишувањето, или ќе цитираш премногу често, што ќе го
засени просторот даден за автентичнот – си мислеше А.
Ромовски – наречен Циганот.
Животот во престолнината се претвори во вистински
Аграр – Видео.

Кадар1: Аграр – Хорор – шпица

Кадар2: Името на авторите, како во чешките цртани


филмови од времето на мета – социјалистичкиот реализам.

Кадар3: Мала куќичка, во неодреден простор –


куќичкатата е како пирамида со око – прозор и едно
симпатично лице (ѕирка низ окното).

“Шизо Штакоридис”

Најумниот граѓанин во државата Манкидонкиа, на


Валканиот Балкан, во Себичната Европа и на целиот луд
свет. Шизо има харизма како филмска ѕвезда, тој е храбар
како револуционер, тој има визија на гениј и...
-Тука Циганот го стопира својот ментален филм или
душевен трип (може и обратно). Еј цигане (се огласи
“другиот” во циганот, како ситна манифестација на блага
шизофренија што веќе цела деценија го тераше цигановиот
268
А.Станковски

269
М.А.З.Г.И.

психо – драјв)...
-И сега? Инсистираше цигановиот алтер его, сега
попримајки звучна резонанца во потполност идентична на
онаа на веќе споменатиот Господин Штакоридис.
-А? – Продолжуваше “другиот” во Циганот. Циганот
обично го игнорираше овој глас, а таа тактика секогаш
вродуваше со успех. Но кога “другиот” во него
провоцираше “креација”, тогаш Циганот не беше на чисто.
Така колебајки се тој ќе му допуштеше на “другиот” да го
заљомзи, и така заљомзени да се возат до бесвест, тој и
“другиот” во него – кој секогаш беше расположен за
симулации од секаков тип. Од друга страна Циганот сакаше
да си ги довршува “филмовите” и бескрајно му курчеше да
ги прекинува поради недостаток од инвенција...
-Мислиш визија? – Повторно се огласи “другиот”. И...
-Реплицираше Циганот.
- Па ова и не ти е многу интелегентна досетка, а, малку е де
моде, патријахална, мачоистичка и вулгарна...
-И жените лудуваат по неговиот нежен допир – како
лет на лилјак...
А ха ха ха ха ха ... Па ти си навистина тешко говедо.
Се огласи “другиот” во Циганот, “другиот” веќе целосно се
преобрази во Шизо Штакоридис и саркастично почна да се
подбива со цигановото достоинство.
-ОК, тогаш - заржи Циганот. – Значи во потполност
се точни спекулациите според кои, ти, Шизо си го
инспирирал Растета да го “срочи” и дистрибуира она
саркастично “писание” според кое ние уметниците од
“приемот” кај Бутлер сме слуги на режимот, трабанти на
американецот и представници на македонските етникуми, а
мене пак Александар Ромовски наречен Аце Циганот да ме
прогласиш за представник на Ромите. Зошто Ромите
наводно немале -ликовни уметници и, онаа незграпна
тангента помеѓу соѕвездијата на андерграундот, Ромите,
Кустурица и Циганот Аце...
Еееееј “другар”!!! (од “другиот” – најчесто во тебе)
комунизмот помина, а и Д. Линч преку својата ТВ – хорор –

270
М.А.З.Г.И.

сапуница – ни покажа дека се работи за две магични куќи –


или подобро – ложи, а? “Друже”? Првата ложа е белата, а
другата е темната ложа – исто како кај Хегел’а или кај
Маркс’а. Во едната демне злото во другата бдее доброто. А
ние се љомзиме помеѓу нив – капиш- “друже”?! Но се’ е
легитимно, а светот е “можеби”сепак дуалистички
конципиран, иако “двете” нема да се помират додека не се
слеат во едното. А “другар” , или грешам?!
-Па ти наивстина го затера - се огласи “другиот” во
Циганот Аце, ликом Шизо Штакоридис. – А како тогаш
“едното” ќе се смиири? Во нула или во ново
мултиплицирање?! – Шизо (“другиот” во Циганот) доби
изглед на хипнотизер од време на немиот надреалистички
филм. На Циганот му се сврти во главата.
-Ух (со игнорантска дистанца кон “другиот” во него)
да ти ебам шизофренијата и дисторзијата на оската на
егото да не кажам свеста за себеси... - Но Шизо
Штакоридис алиас “другиот” во Циганот не попушташе...
-Одговори мрцино мрзлива и глупава! Шизо веќе
порасна во виртуелниот простор на Цигановото психо
царство. Тој веќе имаше големина на шеснаесет годишно
шимпанзо и рапидно растеше до големината на Циганот кој
со својот габарит го достигаше стандардот на млад
тинејџер Горила, иако повеќе на себе гледаше како на
вепар отколку на човекоподобен мајмун, или “човеколики
мајмун” како обичваат да скажат соседите од север.
-Кажи ми за звукот на плесокот од едната рака
цигане мој! – Лудуваше Шизо.
Во манирот на најбестиалниот панкер на планетата
земја во доцните седумдесети. Стана поголем од циганот и
почна да му се надвиснува над главата како уличар,
Циганот се исплаши и замавна со отворената му дланка кон
образот на Шизо Штакоридис (“другиот” во Циганот)
сакајки на тој начин да го “разреши” кошмарот и да му го
покаже феноменот на звукот на плескањето со една рака
на “другиот” во себе.
Но “другиот”во Циганот исчезна. Немаше друг звук освен

272
М.А.З.Г.И.

малиот шум на сосема нежниот ветер што се створи од


Цигановото мавтање.
-Значи тоа е тој фамозен звук на плесокот на едната
рака – со суптилно олеснување воздивна Циганот.
-Не биди прост и насилник! – се огласи
прекорливиот глас на “другиот”во Циганот. Циганот се
стаписа. Трезниот дел од него почна да предупредува со
паничен аларм дека овој пат “нештата” отидоа предалеку.
Циганот имаше контрола врз појавите на “другиот”но до
“маргините,” потоа тој ќе “одсвиреше” аут, како арбитар и
господар на теренот, и “другиот” во него кротко ќе се
повлечеше во заборавот. Но, овој пат “другиот” во него
како да ги презима уздите на Цигановото “Јас”. Сепак,
Циганот не се даваше. Тој се прибра за миг и кротко
погледа кон “другиот” во него. “Другиот” во него беше
смален (во прв момент помисли на перспективата) , тој
седеше во фотељата до телевизорот. Стопалата му висеа
над тепихот како на лилипутанец. Делуваше тажно и
уморно (сеуште саркастично) и прекорно го гледаше
Циганот.
-Мислиш дека “другиот”во тебе нема душа и дека не
знае кога е непожелен и кога може да си оди...
Гласот на”другиот”стана плачлив и пискав и тој
почна да се смалува се повеќе и повеќе достигајки
големина на Чиуауа.
Циганот се сожали на “другиот”во себе во едно
простувајки му за саркастичниот тон, но одеднаш се сепна
помислувајки како ова “сожаление” може и трик “ахејски”
на”другиот”во него да е и, дека е подобро да пушти-
“другиот”во него да “испари”. Но, “другиот”не попушташе.
Неговиот цвилеж - глас прозуи од телото му големо колку
тело на потполошка.
-Е цигане безмилосен! Гледам си решил да бидеш
“стрејт”. Но пред да “стрејтираш” да ти дадам една идеја,
како на близок.
Гласот на “другиот” зуеше како микро – миксер. Сепак тој
артикулираше...

274
М.А.З.Г.И.

-Цигане, слушај го сега “другиот”во тебе: Ептен


гледам работава тешко ти оди. Ова е луда работа, мислам
уметноста. Ти требаат “проекти”, треба да генерираш
“проекти” Цигане, и секој проект да добие подршка од
дотичните институции од фондовите и од бисагите на
“Големиот“. Е Цигане. Ти спиеш во житата на Ван Гог, по
пасиштата на Сезан и меѓу полинежанките на Гоген од
Тахити, Цигану... Ти си насукан брод на идиоти во
мочуриште преполно со комарци танчери... Во фаза на
исушување од страна на злојазните агрономи – задругари -
ударници од градови и села! Ура! Суши! Да нема комарци
да има ораници, а тоа само 30% од обработливите ораници
се изорани ова лето. Е, Цигане! “Другиот” папсуваше, а
гласот му зунеше како на врабец. Беше голем колку глувче
таванарче “куртулено” од стаорци. Со напор ја успоруваше
деградирачката состојба на квантитативни нивоа. Сепак
зборливоста не замираше.
-Еве ти проект Цигану, за фондацијата
По.Дво.Да.Џихад. Тие ќе го разберат овој концепт и богато
ќе те наградат за универзалната итрина што ќе ја “вградиш”
во проектот наречен: “Виртуелен Уметник”.
-Виртуелен Уметник? – се огласи Циганот повторно
втурнувајки се во ”дијалог” со “другиот” во себе. “Другиот”
како да подзапре со смалувањето. Сега беше со големина
на Скарабеј.
-Треба да направиш фиктивна биографија и
фиктивно дело на некаков уметник, концептуален,
мултимедијален, или едноставно наивен уметник од
предградијата. Фиктивниот уметник треба да биде од
ромската заедница. Се збори дека ромите немале ликовни
уметници, или ги има сосема малку, што се губат во толпата
или пак се одселиле на “запад” каде ромите подобро
просперирале и каде вистински се цени нивниот
артистички талент. Тоа ценење резултира со во голема
мера зголемениот интерес на “западните” фондации за
ромското “прашање” во нашата татковина Манкидонкија.
Всушност “Ромското Прашање” како тренд (хуманитарен) го

276
М.А.З.Г.И.

замени веќе со декади дежурното “Албанско Прашање” и


еве веќе неколку години ги “стегнува” поголемите парчиња
од “NGO колачот” за себе. Затоа партиципирај во
изградбата на ромската културна ризница. Биди “камен” во
храмот на оваа историска прикаска. Од друга страна оние
притаени расисти кои подмолно управуваат со механизмот
на “давање” и “не давање”, со радост ќе откријат дека
“ромот Уметник” е симулација и дека повторно средствата
ќе отидат кај “аријски” уметник кој искреирал уметник ром,
и ќе “даат”.

Како што му дадоа на Франкештакн Јуниор со


сопругата и на целиот Вагнеријански ешалон на чело со
Адолф – Дадо –Топиќ. Се зајогини Циганот. А “другиот”
почна да “вози” во световите со микроскопски димензии.
Циганот здивна.

278
Одвед

Вулзим Ал Факи се врати од еден мал африкански


остров. Од плус 40°С на минус 15°С. Беше во стрес,
депресивен цех што требаше да му се приложи на
“прилагодувањето. Вулзим се бавеше со литература.
Пишуваше поезија, но знаеше да напише и по некој расказ.
Позната е неговата трилогија за Господата Тенекиеви. Три
кратки новели за старата Скотска Фамилија “Тенекиев”- три
генерации градски хилбилиеви кои живеат во една стара
куќа на крајот од градот и го следат животот и историјата
на нивната република Манкидонкија.
Во девеесетите Вулзим соработуваше во неколку
видео проекти со Циганот и Разбојникот Хинкиел. Во тоа
време Вулзим Ал Факи почна да пишува раскази за дрогата
и дрогашката сцена. Заедно со Циганот имаа радио шоу на
“радио ќумбе” во кое го критикуваа комунистичкиот систем
и го величеа анархизмот. Вулзим Ал Факи во доцните
осумдесети оформи рок енд рол бенд со уште четворица
андерграунд артисти: Груби, Луфтон Шушумигов, Певец и
Скајлаб Бачи. Името на бендот го смислија Скајлаб и
Вулзим – “Тhe United Forces of Darknes” – еден пост панк
саунд и дрогашки имиџ. Како “Strenglers” што поминале
неколку месеци во “истражни” во Шутка. Во средината на
девеесетите Вулзим Ал Факи и Циганот се “набутаа” во
државното радио. Поправо таму ги внесе Велечесниот кој
“царуваше” во малиот експериментален студио стуткан во
рамките на државниот медиски центар. Како новите
280
281
М.А.З.Г.И.

“владетели” беа доволно толерантни за да го допуштат


неговото дејствување дури и во ситуации кога
“протагонистите” знаеа да лаат против власта. Тука Вулзим
и Циганот појачани од “Гласот на Вистината” (Индијанско
име на еден од најконтрверзните дрогаши на овие
простори) навистина “забегаа” до крајни граници на
сарказмот и скарадноста. Нивниот Дрогашко –
Порнографски шоу не знаеше за минимум пристојност и
набргу авторитетите ги набркаа од “етерот”. Заедно со нив
отиде и Велечесниот во знак на протест. Подоцна кога
Велечесниот почна да го формира централниот комитет на
М.А.З.Г.И. , Вулзим Ал Факи беше предвиден за местото
“чувар на клучот на благајната” и “повереник на тајните на
трезорот”. Но, Вулзим Ал Факи почна да покажува скепса.
Велечесниот на ова не му даде некое посебно значење,
дури и кога Циганот и Океанографот се посомневаа дека
Вулзим Ал Факи е веќе член на некое друго тајно
здружение кое не им дава на своите членови да се
зачленуваат во други тајни здруженија. Но најприфатливо
беше објаснувањето што го приложи Др. Бимбо Вотсон, а
Скајлаб Бачи го подржа со сета своја супериорна
рационалност – дека всушност на Вулзим Ал Факи му курчи
вакво јавно пројавување околу дрогата. Вулзим одби да
партиципира во бордот на М.А.З.Г.И. но тој остана
присутен во “друштвото” на еден притаен и дискретен
начин. Беше полн со циничност и презир кон дрогашкото
здружение. Но кога имаше “крма” Вулзим беше
расположен и дружељубив. При распадот на М.А.З.Г.И.
Вулзим покажа извесна емпатија кон Велечесниот. Тој
всушност почесто почна да се дружи со Велечесниот
тешејки го и давајки му кураж за понатамошни апсурдни
потфати. Но тоа време пројде и Вулзим мораше да се
зафати со сериозни проблеми. Тој ја поврза
профитабилноста со авантурата и почна да тера
постколонијален филм служејки му на интересот
на”Големиот Брат” за еден грст долари. Сепак креативниот
литературен занес не го напушташе Вулзим Ал Факи, и тој

282
М.А.З.Г.И.

набргу ја заврши својата надреална сага наречена:


“Космичка Глоба”.
Циганот му предложи шоу на Вулзим во “Чекано Га
Точкав”, Фотографиите и расказите од неговите “мисии”.
“Кај Зигуратите”, “Средба со Сонцето што лади”, “Црните
Задници Крај Нил”, “И Мајмуните Се Луѓе, зарем не”,
“Екваторијалните Ветрови и Магли” Конгоански Лажги со
Опашки,
“Претседателот Се Лизна на Банана” и “Дојдов,
видов, повратив”, се незаборавните раскази од оваа
збирка, плус сите тие егзотични пред се’ црно-бели
фотографии што Вулзим Ал Факи ги правеше во
слободните часови кога должностите кон “мисијата” беа
довршени за тој ден... По секоја мисија Вулзим Ал Факи се
повеќе се оддалечуваше од “сцената” која западна во
тежок “хорс”. На почетокот на новиот милениум неговата
татковина се најде во војна, а економијата потона.
Наредните години царуваше очајот и апатијата. Вулзим
знаеше дека тоа што се случува во Манкидонкија, се
случува насекаде. Тој патуваше со своите “мисии” насекаде
по светот. Во Саудиска Арабиjа го купи “Куранот” на
англиски и му го подари на Циганот при една од нивните
средби. Вулзим веќе го имаше Куранот на неколку јазици,
вклучително и на неговиот јазик. Вероисповедта на Вулзим
Ал Факи останува непознаница. Иако неговите предци беа
христијани, тој покажуваше знаци на конвертит, но не како
што ќе претпоставите во Исламот, туку во Јудаизмот,
поточно во Кабализмот и другите блискоисточни
херменевтики. Беше врвен математичар и ја знаеше тајната
на правење “Две” од “Едно”. “Магијата” што ја
практикуваше му задаваше огромни проблеми и
несигурност. Имаше прилично ниско мислење за нашето
општество. Неговата лукративна интеракција со “Големиот
Брат” го исполнуваше со непресушна инспирација за
создавање уметност.
-“Лудилото и уметноста се објектот и огледалниот
одраз на непотребните и страшни нешта”. Вулзим Ал Факи

284
М.А.З.Г.И.

си ги триеше рацете како Ласица. Студот што беше


насекаде наоколу го тераше везден да се “мота”околу
радиаторот.
Компјутерот бруеше со тивко исчекување...
Да ги напише своите импресии...Секој обид завршуваше со
хаотична инхибиција. Вулзим сакаше да делува
“таинствено” во однос на литературата и преферираше да
пишува во доцните вечерни часови кога сите спијат, а
мирот царува како космичка благодет. Неговиот
алхемичарски табиет сакаше да создава простори во
просторите, лавиринти во лавиринтите, џепови во џеповите
и сето тоа да го населува во своите вируелни созданија.
-Ова е “место” што не се менува.Што и да направиш,
ова место ќе го проголта и на крајот ќе остане само
сеќавање на направеното. Наскоро ова “место”ќе го изеде
и сеќавањето и субјектот на сеќавањето и ќе остане само
ова “место”. – Мрчеше Вулзим. За миг во умот му пројде
сончевиот брег на западна Африка. Оваа помисла му ја
згреа душата.
-Можеби Хорс? – Помисли за момент Вулзим.
-Не тоа би било компликување – се олади.
-Непредвиден трошок, мрцварење, компликации,
криза, нов потфат да се бекапува кризата со метадон... За
едно сосема мало затупување и заборав. – Се трезнеше
Вулзим.
-Тука си во право - го чу другиот во себе и се
отрезни набрзина од контрапродуктивните сништа.
-Знаеш дека тоа со “другиот” во тебе прв на сцената
го “лансира” Шизо Штакоридис со својата новела “Во тебе
повеќе од Тебе” од 1987-та година. И сите ние што ја
конзумиравме мислата на Шизо никако не можевме да се
изначудиме како некој “друг” може да биде повеќе во тебе
од тебе самиот. Впрочем Шизо тоа го постави од
романтични позиции, но консеквенците се секогаш
психопаталошки – се огласи скокоткавиот глас на Др.
Дулитл Адлер пријател на Вулзим Ал Факи уште од
гимазиските денови, кога и двајцата беа луди по

286
А.Станковски

287
М.А.З.Г.И.

класичната филологија и ги проучуваа староегејскиот,


латинскиот и старословенскиот јазик. Беа големи љубители
на англискиот, германскиот, и латинските јазици. Просто
лудуваа по рок’н’ролот кој ги “фати” од најмали нозе.
Подоцна Дулитл и се посвети на медицината додека
Вулзим стана авантурист од профит. Но нивните средби
беа договарани секоја сабота во подоцнежните часови.
Злите јазици говореа дека можеби и Др. Дулитл го беше
прифатил Јудаизмот...
-Психопаталогијата е релативна категорија . Ако
добро се проценат состојбите тогаш оваа “инхибициска”
пројава може да се преусмери во инспиративен “погон”. –
Вулзим се почеша по темето. Беше константно уморен
откако се врати од Африка пред неколку дена. Но, и покрај
цел тој умор спиењето му беше неспокојно и прекинувано
од сите тие напади на студ.
-Како мислиш од една девијантна и вознемирувачка
појава да направиш плодотворен мотив?
-Се прашуваше со веселост Др. Дулитл.
Ал Факим седна на радијаторот и почна да ја “срка”
топлината со своето робусно тело.
-Ме тресе некој студ пријателу...
-Па промената е радикална. Од вечно лето во...Др.
Дулитл го погледна со кротка насмевка.
Велиш како да се претвори лудилото во
конструктивна акција. Зар ова што го правам сите ове
години не еден доказ за таква можност. Зар она што го
прави Шизо не исто така доказ, или на пример Циганот,
Велечесниот и целата оваа армија од дрогаши и
пропалици.
-Но тие примери се општесвено дискутабилни,
мислам на армијата... Тоа се еден вид “слободни
пациенти”... Во некои порадикални општества би биле во
лудници или затвори.
-Така е. Но тие се сепак тука и делуваат со целата
своја безумност. И на крајот кој ќе пресуди за исправноста
на нештата. Важно нивната воља за живот е појака од онаа

288
М.А.З.Г.И.

на многу општесвено успешни личности.


-Навистина каков нагон! – Иронизираше Др. Дулитл.
-Тајната на нивната непоколеблива воља за живот
лежи во нивната интензивна комуникација со “другиот во
во нив”. Тие понекогаш му допуштаат на “другиот” во нив да
одработи некоја работа за нив, сега не мислам баш на сите
тие дрогирани клошари кои другиот во нив ги вози на хорс.
“Другиот” во нас многу ги сака девијантните состојби на
свеста кога јавето е како сон. Тогаш тој владее и со дел од
реалноста, како што владее со сонот. затоа ги сака
дрогите, посебно опијатите кои егзистенцијата му ја прават
така пријатна и определена. Таа пеколна нервоза што
“другиот” ја чуствува во строго контролираните умови што
го подржуваат “системот”и што тежнеат кон
конформизмот, што посебно го иритира “другиот” чиј
најголем страв е здодевноста; одеднаш во друштвото на
дрогашот, “другиот” се смирува, се притајува и почнува да
полудува од среќа. Тој го гони дрогашот кон дрогата
јавајки на грбот од неговата надоаѓачка криза, користејки
ја страотната потреба на дрогашот за дрога како животен
импулс за неговиот раст, за неговата доминација и за
неговата “управа” со реалноста.
-Велиш “управа” со Реалноста, мислиш на
метафорично управување со реалноста? – Др. Дулитл
Адлер покажа знаци на егзактност и скепса.
Вулзим Ал Факи подзастана и погледна во Др. Дулитл
Неговите очи попримиа волчји сјај. Др. Дулитл се
подуплаши од ѕверскиот доим што за момент Вулзим Ал
Факи го покажа на месечината.
-Навистина, “другиот” има неверојатни моќи
- Ал Факи се отргна од радијаторот и тргна кон масичката
со комјутерот каде му лежеа цигарите и запалката зипо. Тој
зема цигара и ја запали со запалката. Орнаментот на
ткаењето на завесата крај прозорот фрлаше магични сенки
врз лицето на Ал Факи. Месечината надвор блескаше со
невообичаен сјај.
-Знаеш Др. Дулитл кога во 1987 година ја прочитав

290
М.А.З.Г.И.

новелата на Шизо Штакоридис – “Во Тебе Повеќе Од


Тебе”силно се збунив. Не толку од литературниот “гениј” на
Шизо, туку повеќе од неговите филозофски и метафизички
предпоставки. Посебно што во тоа време бев голем
љубител на опиумот и неговите деривати. Тезата што беше
поставена во ова четиво не ми даваше мира. Поаѓајки од
неверојатната моќ на идентификација со “избраната
личност”, главниот јунак во новелата на Шизо Штакоридис
почнува да се појавува како автономна воља во “личноста”
на изборот. Така “избраната личност” почнува да го сонува
“главниот јунак” во другите луѓе...Подоцна “избраната
личност” почнува да го халуцинира”главниот јунак”, збори
со него, полемизираат, се караат, дури во еден момент
интерактираат и физички. Но кога “избраната личност” го
сретнува вистинскиот “главен јунак” таа не го препознава
повеќе, а тој е наполно изгубен како зомби.
Меѓутоа во “избраната личност”, главниот јунак е пожив од
било кога порано. Тука виртуелниот “главен лик” –
“другиот” во “избраната личност”ги превзема
“командите”врз вољата на “избраната личност” и почнува
да ја користи како животен ресурс. Потоа младиот “гениј”
Шизо не враќа кај “Главниот Лик” кој проаѓа низ сличен
процес. Имено “тој “е во власт на “Другиот во себе”кој ги
попримил обележјата на “ избраната личност”. Така и
“избраната личност” и “главниот лик” или подобро “јунак”
се заробеници на “другиот” во нив. “Тој” е појак од нив
самите и господари со нивната воља. Кога “главниот јунак”
и “избраната личност” ќе се сретнат во Супермаркетот тие
нема да се препознаат, Тие ќе чекаат на каса цели пет
минути еден до друг, но нема да се препознаат. Тоа е
поради суптилната промена што “другиот во нив” ја прави
во процесот на сопственото разоткривање. “Другиот”
отпрво во потполност ги имитира феноменолошките
карактеристики на “Главниот Јунак” и “Избраната Личност”,
но кога тие ќе му дадат шанса и ќе влезат во дијалог со
“него”, “тој”полека ги презема уздите на вољата, постепено
разоткривајки се во својата вистинска “природа”...Ал Факи

292
А.Станковски

293
М.А.З.Г.И.

вшмука нов дим од цигарата.


-А итриот Шизо не ни кажува која е природата на
“другиот” - чинам, така беше?! Се надоврза Др. Дулитл
Адлер. Вулзим Ал Факи повторно се почеша по темето,
беше сериозен.
-Не, тука виртуозноста во поетски смисол доаѓа до
израз кај младиот писател Шизо – тој знае дека нема
потреба да се истражува идентитетот на “другиот “,
посебно не во моралистички смисол. Но тој ни открива
нешто многу важно – “синхроницитетот” со кој господари
“другиот” и секако “неговите” неверојатни “симулациски”
капацитети.
-Имаше само 18 години кога ја напиша таа новела –
се огласи Др. Дулитл Адлер со блага носталгија во гласот.
Ал Факи испушти обилен дим од устата кон месечевиот
зрак што продираше низ прозорот и завесата.
-Всушност тој ни кажува дека”другиот”е истиот оној
кој “сосуштествува” и со “избраната личност” и со
“главниот јунак”.
Др. Дулитл Адлер гледаше зачудено во помалку циничниот
Вулзим Ал Факи.
-Хммм, морам да признаам... дека ме зачудува ова
твое прецизно помнење на речиси секој детал од ова
познато писание на Шизо Штакоридис.
Др. Дулитл доби сериозен израз... Вулзим Ал Факи
“потегна”поголем дим од цигарата.
-Види ова писание на Шизо ме натера да
експериментирам со сопствената “психа” растопена во
опиумски “меланж”. Всушност и пред да ја прочитам
новелата на Шизо: “Во Тебе Повеќе Од Тебе”, јас веќе се
бев сретнал со “другиот”. Најмногу преку опиумските
сеанси.
-Навистина?! Со доза на недоверба завибрира Др.
Дулитл Адлер.
-Најсериозно! Никогаш не би се заебавал на оваа
тема. – настана пауза што произведуваше наративен
вакуум.

294
М.А.З.Г.И.

-Добро, знаеш и самиот со каква доза “надреалност”


се исполнети сите овие талкања по “задсвесното”. Се
правдаше за својата блага недоверба секогаш
кооперативниот и реален Др.Дулитл Адлер. Вулзим Ал
Факи се подисправи тој го угаси мониторот на компјутерот.
Настана тишина.
-Токму во таа грмушка се крие “другиот”; Реалноста
му е како скривалиште.
Вулзим Ал Факи гледаше со фиксиран поглед некаде
далеку...
-Не му дозволив да ме совлада. Така барем мислев.
Гласот на Вулзим доби морбидна вибрација. Ја согледав
“неговата” слабост и почнав полека да експериментирам
со “него”. Преку дрогата. Тој се покажа поедиктивен и
поромантичен од мене. – Др Дулитл го опфати мала
параноја од ова неочекувано “пројавување” на неговиот
пријател.
Ал Факи продолжи во истиот тоналитет:
-Го навлеков на хорс и почнав да го “тренирам” како
ѕвер. Ако ми услужеше со некоја работа што ќе ја побарав
од “него” ќе го честев со малку хорс. За потешки работи
повеќе хорс и, така некое време се додека не ги научив
методите на неговото функционирање и додека не ја
наметнав мојата воља. Тој отпрвин се противеше, правеше
мали и поголеми субверзии, но на крајот фино ги зафатив
контролните механизнми и тој “клапна”. Потоа почнав да ги
испитувам неговите моќи. Вулзим Ал Факи ја изгасна
цигарата.
Др. Дулитл гледаше во својот пријател Вулзим со
разрогачени очи. Вулзим се сврти кон него и веднаш
разбра...
-Ах... знам дека ти изгледа неверојатно...
Др. Дулитл се поднамести на троседот.
-Хмм, интересна прикаска... Мислам... Хмммм???
Вулзим продолжи:
-Всушност се’ е неверојатно. Секој секунд... Посебно
ако нашата свест е активна. Сиот наш мир, целата наша

296
А.Станковски

297
М.А.З.Г.И.

сигурност произлегува од нашата игнорантност. Ние се


смируваме игнорирајки ја стварноста. На крај потполно ја
игнорираме стварноста и потполно се смируваме. Тогаш
“заспиваме”Сети се на кинескиот поет “Chuang Tcu”...
Вулзим малку ја подотвори завесата, погледна лево – десно
по улицата и повторно се потпра на радијаторот ползувајки
ја топлината. Др.Дулил молчеше, со прикован поглед на
еден колаж од Разбојникот Хинкел.
-Гледаш, и Разбојникот експериментирал со
“другиот во себе” се огласи Вулзим. Др. Дулитл се отпушти
малку. му беше чудно што Вулзим Ал Факи се шегува вака
“екстремистички”.
-За малку ќе поверував... дека забегал... помисли во
себеси Др. Дулитл Адлер, но, повторно атмосферата стана
чудна...
-“Неверојатното” е состојба на свеста, кога
“субјектот” перцепира или осознава феномени кои му се
неприфатливи. Прво затоа што никогаш не ги доживеал,
второ зошто тоа што го доживува е против сите правила
што ги елаборирал во животот, и, конечно – против сите
искуствени модалитети. Но всушност воопште не е така.
Ние имаме воспоставено навика и рутина да ги
пригушуваме , цензурираме или исклучуваме нашите
рецептивни системи во момент кога се соочуваме со
“деликатен”или “необјаснив” феномен. Ние го “учиме”
животот, и тоа го применуваме во реалноста. Всушност ние
добиваме едукативен дизајн на стварноста. Но грешки се
случуваат... Вулзим Ал Факи ја поткрена едната нога и се
подчеша под кутелот. Топлината што доаѓаше од
радијаторот му ги радуваше реуматизираните зглобови.
-Да не сакаш малку опиум – одеднаш праша Ал
Факи. Др.Дулитл не знаеше како да реагира.
-Имам малку?! го купив од еден француски бон -
виван неколку дена пред да се вратам. Ми го препорача
како најдобар манкидонски катран?! Каква иронија, што го
вратив назад со мене во Манкидонкија
-Др. Дулитл Адлер зачудено промрморе: Паааааа???

298
299
М.А.З.Г.И.

да пробаме малку...
Ал Факи мрзливо се одлепи од радиаторот и почна да
пребарува по наткасната.
Хм? Каде го... Ах, еве го... “Прастариот тер на
Злоооотоооо!”
Секогаш во вакви ситуации помислувам на Бодлер... Ал
Факи беше како обземен. – Де Квинси е уште позабеган...
Се надоврза Др.Дулитл Адлер, прифаќајки го новиот
предизвик со “подгреана” радост.
-Знаеш за чудното суштество, темниот човек кој се
појавува за време на дејствието... Др. Дулитл Адлер се
враќаше во игра. Поприфатливо му беше да се издрогира
отколку да се соочува со лудилото на сопствениот
пријател, кое од година во година стануваше се
поевидентно.
-Ах тие мисии – помисли Др. Дулитл Адлер. Мисиите
на Вулзим Ал Факи беа вистинска мистерија. Тие почнаа
1999 по војната за Костово кога Б.А.Т.О. регрутираше
соработници од Манкидонкија за логистичко и
разузнавачко покривање на новоосвоената територија
преполна со непознаници и лудило. Во оваа мисија тој
остана скоро цела година. И онака немаше што да се
работи во ограбената и руинираната манкидонкиска
економија. Вулзим беше вистински професионалец,
занатот го изучи во мисијата на О.Н. за која работеше цели
пет години. По укинувањето на мисијата наречена УМ-
ПРЕТЕП тој прејде во редовите на Б.А.Т.О., а подоцна
работеше за уште поспецифични институции. Мисиите што
ги “превземаше” во последните неколку години беа
вистинска мистерија. Додека неговите блиски мислеа дека
е во Судан, тој беше во Авганистан. На крајот се најде во
една база на сојузничките сили крај Зигуратите. Мисијата
во Ирак траеше седум месеци и за тоа време Вулзим Ал
Факи најверојатно доживува средба од трет вид. Таа чудна
средба со еден вид натприродна интелегенција Вулзим Ал
Факи ќе ја опише во својот расказ: “Сонцето што лади”...
-Еве земи – Му подаде на Др. Дулитл Адлер мало

300
А.Станковски

301
М.А.З.Г.И.

тврдо и старо парче опиум.


Ал Факи му ја наполни чашата со Фруктал кој стоеше на
масата.
-Голтни го како апче. Ал Факи го стави во уста
своето скоро три пати поголемо парче и се напи од сокот.
-Од дамна не сме голтале опиум А?! Хммм???? – се
огласи Др. Дулитл по малку уплашено. Ал Факи го погледна
со разбирање.
-Не се секирај, ова само фино ќе те смири
пријателе. Знаеш дека нашите претци така ги смирувале
бебињата кога овие не сакале да прекинат со плачење или
со некој друг облик на апсурдни активности. Малку Опиум
и нани бебе нани... Ал Факи повторно се потпра на
радијаторот.
-Можеби затоа целата нација ни е како
“издрогирана” – се огласи Др. Дулитл давајки му
иницијација на Вулзим.
-Можеби – Со потсмешлив израз се надоврза Ал
Факи. Тој повторно отпи од сокот. Месецот му даваше
зачуден изглед.
-Секоја мисија носи нови обврски. Новите содржини
ги преклопуваат старите...
Вулзим Ал Факи одеднаш стана од радијаторот и отиде во
“дното” на просторијата. Од таму истегна една акт’н ташна
и ја стави на средината на подот. др. Др. Дулитл Адлер
збунето гледаше во објектот.
-Да не купил нешто... Др Дулитл Адлер повторно
почна да “забегува”. Сепак некое топло чувство што почна
да му доаѓа од стомакот го чуваше од стресни состојби.
Напротив, тој овој пат “лудилото” на својот стар пријател
почна да го доживува како во возбудлива представа. Ал
Факи ја остави акт’н ташната сред собата и се врати кај
радиаторот.
-Сигурно се прашуваш што всушност правам на
моиве мисии по светот овие последни неколку години? -
-Гласот на Ал Факи беше безмалку весел. Др.Дулитл Адлер
кој никогаш не се дрзна премногу да го распрашува својот

302
М.А.З.Г.И.

пријател за природата на неговата “работа” во последно


време, иако збунет, сепак со возвратна веселост запраша:
Навистина, што правиш? Ал Факим се поднамести на
радијаторот.
-Барам Атомски Бомби!! – Лицето на Вулзим Ал Факи
се “развлече” во насмевка.
-Како??? А, ха, ха, ха – Му дојде ем неверојатно, ем
смешно на “затекнатиот” Др. Дулитл Адлер.
-Атомски Бомби... Повтори Ал Факи додека
насмевката на лицето постепено му се губеше од лицето.
Др Дулитл Адлер сеуште чуствуваше како да е “дел” од
добар виц.
-Атомски Бомби?... Др. Дулитл сеуште не веруваше.
-Да. Мали атомски бомби, сместени во вакви кофери
како овој овде. Ал Факи ја поткрена левата нога за да
покаже кон акт’н тешната. Тој продолжи: Во седумдесетите
советите произвеле 100 вакви “акт’н ташни” за специјална
војна.
“КГБ” ги дистрибуирала овие кофери преку своите
агенти на разни стратегиски места во светот поволни за
катастрофални терористички напади и саботажи. По
распадот на “СССР” им се изгуби трагот на 55 вакви –
кофери – атомски бомби. “Корупцијата и мафијата ги
продале овие “куфери” на најразлични центри на моќ;
некои добро познати , а некои наполно непознати. Тука Ал
Факи подзастана и повторно тргна по цигара. Др Дулитл се
чуствуваше како да отишол во кино. Стариот
Манкидонкиски опиум му ја правеше реалноста нежна како
свила. Сега се’му беше прифатливо.
-До 2000-та година заеднички тимови на земјите
членки на советот за безбедност при О.Н. најде 30 вакви
акт’нташни. Од 2001-та, после некои прилично
комплицирани проверки и тестови бев примен во овој
специјален одел. Но тогаш појма немав што всушност ние
ќе работиме подоцна. Само по 3 месеци. Мотивот беше
високата плата. Но системот си го прави своето.
-Системот? Се вклучи Др. Адлер, со весела

304
А.Станковски

305
М.А.З.Г.И.

збунетост. Ал Факи ја запали цигарата со таинственост на


Орсон Велс од “Третиот Човек”. На Др. Дулитл Адлер како
да му се стемни. Тој се подзанесе на троседот. Ал Факи
продолжи.
-Системот е “другиот”. Тој има персоналитет. Но ова
треба да се доживее. Да се доживее средбата со
“другиот”... Ал Факи “падна” во благопријатна логореа.
Другар му Др. Дулитл Адлер веќе почна да стондира. Сите
овие прикажувања вообичајно би го шокирале но опфатен
од опиумот тој всушност се чуствуваше како да е дел од
некаков филм и светогледот му се растопуваше во
благозатапувачко желе. Сепак тој собра сила да запраша:
-А зошто си ја донел оваа куфер – бомба дома? Ал
Факи го поднамести по комотно својот задник на
радиаторот.
-И јас се прашувам зошто, понекогаш? Можеби
зошто одсекогаш сонував да го “уништам” ова место кое
голта се’, а ништо не дава за возврат. Ал Факи се насмеа со
доза на иронија. Др. Дулитл Адлер си прилегна.
-Можеби ова место е уште празно па затоа мора да
голта. Ал Факи се ококори. Не очекуваше ваква помиреност
од страна на Др. Дулитл Адлер.
-Знаеш,понекогаш треба да се преземаат радикални
мерки. Нешто што навистина ќе предизвика коренити
промени. Продолжи Вулзим Ал Факи. Др Дулитл си ја
подместуваше пуплинската перница под темето. Лицето му
беше озарено од задоволство. Зборовите му се тегнеа како
локуми...
-Како успеа да ја земеш?
Вулзим Ал Факи го сврте погледот кон месечината. Очите
му блеснаа како филџани на сибилинската светлина.
-Со проста математика. Од две направив едно! –
Трагавме по една кофер бомба во Нигерија, на еден ранч
во посед на Ал Каеда. Откако тимот за елиминација ја
“заврши” работата со обезбедувањето, на ред стапивме ние
– специјалниот трагачки тим. Под добро обезбедување
трагавме цели 24 часа во и околу ранчот. И кога

306
М.А.З.Г.И.

помисливме дека повторно сме “жртви” на


дезинформација, а и времето истекуваше, некаде на 100
јарди од југоисточната ограда на ранчот го пронајдов тоа
што го баравме. Луѓето од тимот беа насекаде раштркани
по огромниот ранч, трагавме со теренски возила...
Насекаде... Тогаш “другиот” во мене ме поведе кон
местото. Возев по неговите инструкции и стигнавме до
една тумба надвор од ранчот. Јас и “другиот” во мене.
Набрзо го открив тајното место. Но наместо една куфер –
бомба таму имаше две. Тогаш “другиот” во мене ми даде
идеја што да правам. Да ја пријавам едната куфер – бомба,
а другата да ја скријам неколку стотини јарди подалеку кон
југ, долж патот. Тоа и го направив, а потоа се вратив и го
пријавив наодот, кој лоцираше само една куфер – бомба.
По неколку месеци се вратив на местото; го собрав пленот.
Немаше никакви проблеми. Ал Факи отпи од сокот во
чашата. Опиумот почна да дига. Карши него Др.Дулитл
Адлер веќе добро стондираше. Сепак тој сеуште
составуваше нови прашања за Ал Факи.
-Но зошто го направи тоа? Во гласот на Др Дулитл
Адлер немаше никаква вознемиреност. Ал Факи се почеша
по темето.
-“Другиот” во мене ми кажа дека ова се последните
две бомби – кофери и дека по ова “наоѓање” мисијата ќе
биде укината, што ќе значеше губење на работно место. Ме
фати паника околу егзистенцијалното прашање,
претпоставувам. Вака повторно ќе има мисии...
-Последната Бомба... Промрморе Др. Дулитл.
-Во сето ова има една длабока смисла. Мислев во
потенцијалот... Потоа сватив дека сум заглавен, дека оваа
бомба ми е терет , нејзината разорна моќ цело време ме
тера да размислувам за еден навистина спектакуларен крај.
Да се направи нешто што сите ќе не примора да се најдеме
во сверите на неверојатното. Вулзим Ал Факи му пријде на
куферот, клекна над него. Др. Дулитл го следеше со
насмевка.
-Знаеш пријателе, можеби се е ова една суптилна

308
А.Станковски

309
М.А.З.Г.И.

одмазда на “другиот” кој сака да прекине цело ова


измачување помеѓу мене и него. Ал Факи почна да го
отвара куферчето. Др. Дулитл немо го гледаше. Тој малку
се подисправи на своите лакти и прозборе со голем напор.
-А да го ослободиш “другиот” со тоа што ќе му ја
предадеш бомбата кофер?!
-Како мислиш - се зачуди Вулзим Ал Факи
-Па да му предложиш “Тој” да се грижи за бомбата. -
Ал Факи се замисли.
-Но тој никогаш нема да прифати. “Другиот” сака
сосема да ме прикова со грижата за оваа ебана бомба. Тој
никогаш нема да се појави и да ја преземе одговорноста.
-Но “другиот” може да биде и некој друг на пример.
-Како мислиш некој друг? се почуди Ал Факи.
-Некој како мене, некој “друг”од тебе. Просто нели.
Се насмеа Др. Дулитл.
-Делува прилично ветувачки на прв поглед – се
огласи Вулзим Ал Факи
-Но сепак кој и да ја има ќе биде соочен со истиот
проблем. Ал Факи продолжи да го отвора коферот. Нешто
околу овој потфат запнуваше, па Ал Факи стана да земе
штрафциегер.
-Си ја отворил до сега? Со весела заинтересираност
запраша Др. Дулитл Адлер. Ал Факи одлагаше со
одговорот.
-Немој да ми кажеш дека ова ти е прво “отварање”?
Продолжуваше Др. Дулитл. Ал Факи почна насилно да се
однесува кон коферот, но тој никако да се отвори.
-Ќе го земам чеканот и хеблата. И Ал Факи брзо
излезе од собата. Др. Дулитл со мака се поткрена од
троседот. Му се вртеше во главата, а екстремитетите едвај
го држеа исправен. Тој со напор се приближи до куферот.
Некој дел од него му збореше да стори нешто, но тој беше
далеку од овој свет. Набрзо во собата се врати Ал Факи со
хебла и чекан во рацете. Др. Дулитл полека почна да сваќа
што се случува.
-Па ти навистина сакаш да го отвориш овој кофер –

310
М.А.З.Г.И.

констатира сега Др. Дулитл. Веќе со сериозност во гласот.


-Ако продолжиш вака, сите ќе одлетаме во воздух!
Др Дулитл почна да чуствува ужасно гадење поврзано со
несфатлива паника што му ја вакумизираше утробата. Ал
Факи ја нацентрира хеблата на затворачкиот механизам на
куферот.
-Но?! Со последен напор се огласи Др. Дулитл
Адлер.
-Зар ова не ни беше целта. Да му ставиме крај на
овој апсурд? Ал Факи замавна, но хеблата се лизна и тој се
удри со чеканот по ножниот палец.
-Уф да ти ебам шупачката технологија. Се подналути
Ал Факи дигајки ја раката со чеканот за нов удар. Тој
повторно ја нацентрира хеблата и, таман да замавне
почуствува тап удар по главата. Тој брзо се заврте и виде
како врз него се струполува Др. Дулитл.
-Ах, бе вие хуманистите! Ах, аааа... Ал Факи стана и
го извлече омлитавеното тело на Др. Дулитл кое го беше
поклопило куферчето бомба. Др. Дулитл беше потполно
издрогиран. Додека Ал Факи го влечеше на пристојна
одалеченост од куферот, Др.Дулитл испушташе
неартикулирани звуци на страв и негодување.
-Ајде де, гајрет... Еееее, сега! Кратко ќе трае... Само
еден секунд и сеќе биде готово, сите наши бриги и
страдања, А?! Децидираше Ал Факи.
-Аааа, ннннеееее!!! не, не, зоош‘оооо? Стенеше во
мака за да се искаже Др. Дулитл Адлер. Ал Факи веќе беше
спремен да го зададе “фаталниот “удар со чеканот. Тој
подзастана.
-Зошто велиш. А зошто да не?! А, што се однесува до
твоето присуство; едноставно ми требаше некој што ќе го
доживее сето ова заедно со мене, ми требаше некој што ќе
види, некој “друг”- и тој замавна.
Др. Дулитл ги затвори очите. Се чу оштар удар и... Ништо.
-Што? што е ова?! Ал Факи се закова со погледот кон
внатрешноста на отворениот кофер. Др. Дулитл Адлер ги
отвори очите и полека се покрена кон коферчето.

312
А.Станковски

313
М.А.З.Г.И.

Напливот на адреналин го отрезни во извесна мера и, тој


повторно се довлече до Ал Факи и куферчето што зјапаше
отворено, а внатре...Од првин не можеше да свати што има
внатре, но откако се концентрира, тој свати дека
коферчето е полно со порно часописи.

Ал Факи и Др. Дулитл седеа така неколку часови. За


тоа време чуствуваа како земјата се врти околу својата оска
и околу сонцето. Почна да се зазорува. Кога се огласија
првите петли од маалото, Др. Дулитл беше способен да се
движи. Тој полека стана, го облече својот капут, отпивна од
чашата со сок и тивко излезе од собата.

Крај

314
Содржина:

1. Вовед 4- 16
2. М.А.З.Г.И. 18 -54
3. Мал таен состанок а- про по самостојната
изложба на Коки 56 -60
4. Дуел 62 -86
5. Покана 88 -96
6. Прием 98 -134
7. Рикошет 136 -162
8. Садам Баба и четириесетте разбојници 164 -192
9. Тони Блее Џуш Буш 194 -224
10. Големата Пљачка 226 -266
11. Show Time 268 -278
12. Одвед 280 -313

You might also like