You are on page 1of 14

Создавањето и развиток на

средновековните градови

Изработил
Ани Лазарова 7-3
Како резултат на големиот стопански
развој се појавил вишок на производи и
потреба од продавање на производите.
Селаните-занаетчии почнале од селата
да се иселуваат од селата во
градовите,тие почнале да ги продаваат
своите производи на повеќе видливи
места како што се:пред манастирските
порти,на мостовите,морските заливи и
др.
Занаетчиите се здружувале во еснафи
или цехови,а трговците се здружувале
во гилди.
Најпознатисредновековни градови
биле:Венеција,Џенова,Пиза,Марсеј и др.

Венеција
Џенова
Средновековните градови имале ридови
за заштита од напади,биле опкружени со
високи ѕидини,со кули и огромни
порти,зградите биле дрвени,поради
нехигиена имало појавување на
епидемии.
Средишното место бил пазарот,во чија
близина се наогала црквата и
општината,надвор од гратските градови
биле пасиштата и имотите на градовите.
Средовековните градови се граделе на земјата
на феудалците,во нивни раце била целата
власт,им наметнувале даноци на жителите, ги
терале да работат бесплтнатна работа.
Но со економското зајакнување се појавило
желба за слобода од феудалната зависност.
Така ја основале гратскатасамоуправа.
Градовите имале гратски совет се ослободувале
од власта на феудалецот и воспоставувале
своја управа наречена комуни а имало и совет
на чело со претседател.
Хуманизам значи човечен а Ренесанса
значи преродба

Хуманизам и Ренесанса
Хуманизам и ренесанса (или ренесансен
хуманизам) се смета за едно од
најзначајните културни движења и епохи во
историјата на човештвото.
Се појавува во текот на 14 век и почетокот
на 15 век. Енгелс рекол:
„Хуманизмот и ренесансата, особено
ренесансата, е најголем прогресивен
пресврт, време што бара и раѓа гиганти,
џинови по моќта на мислењето и карактерот,
многустраноста и учењето.“
Појава, идеја и одлики
 Хуманизмот и ренесансата како културно движење се директно
продолжување на античката епоха, а феудализмот, мрачниот
период ја прекинал таа врска. Приврзаниците на ова
толкување велат дека античката култура по долга
заборавеност повторно блеснала, повторно била вратена во
живот.
 Самиот збор ренесанса на француски јазик значи „се
преродувам, се раѓам“, па затоа оваа епоха е преродба на
уметноста и културата. Појавата на хуманизмот и ренесансата
треба да се сфати како епоха во која човекот доживеал
огромно менување во сите подрачја.
 Најистакнатите претставници на ренесансата менувањето го
гледале во следново: Франсоа Рабле - обновата ја гледал во
книжевноста;
 Леонардо Вала - во науката;
 Жоржо Вазали - во сликарството;
 Макијавели - во политиката.

Макијавели

 Новини има на сите подрачја.


 Човекот ослободен од дотогашните стеги, станал автор на
епохални откритија кои и денес имаат големо значење.
 Долга е редицата на тие триумфи: пронаоѓање на печатницата,
учењата на Коперник, достигнувањата на Данте, Бокачо, Петрарка
во литературата, откривањето на Америка, доаѓањето на
Васко де Гама во Индија, првото обиколување на Земјата од
Магелан, и др.
 Тоа е времето кога започнува интересот за латинскиот јазик, а со
тоа доаѓаме и до една недемократична одлика на хуманизмот и
ренесансата: образованите намерно го употребувале латинскиот
 Хуманизмот и ренесансата имаат географско ограничување.
Движењето се развива во Италија, и се шири во Франција, Шпанија,
Англија, Полска, Холандија и Дубровник, но не ги зафаќа другите
земји. Многу од европските народи не ги вкусија плодовите на
хуманизмот и ренесансата и останаа во средновековната темнина.
 Наместо средновековното запоставување на животот, ренесансата
протежирала уживање во животот.
 Идеалниот човек треба да биде благороден и слободен, својот дух
да го облагородува со виталната моќ на старата антика, да стане
сестран човек, да биде универзален.
 Треба да биде во центарот на настаните, а не повлечен како
дотогаш. Ренесансниот човек треба да е градител на својата
судбина и ковач на својата среќа.
 Се ѕидаат импозантни дворци, украсени со орнаменти, скулптури и
мебел.
 Се организираат раскошни гозби и свечености, се покажува
богатството. Богатите аристократи се појавуваат како финансиери
на уметноста и науката, во улога на т.н. мецени.
 Најпознат во тоа време бил фирентинскиот мецена кнезот
Лоренцо де Медичи, кој и самиот пишувал песни.
Кон крајот на 16 век веќе ова движење е многу
слабо.
Почнал да се губи оној восхит од животот, а
творечкиот елан се преполовил.
Се јавува ново движење, како реакција на
католицизмот, при што реформаторите
настојуваат да си ги повратат загубените
позиции меѓу народот.
Почнуваат да горат кладите низ Италија,
Шпанија и Франција. Книгите се повторно
забранети.

You might also like