You are on page 1of 26

Италијанска култура

Од стариот век па до средината на 17 век, Италија се смета за централно место


на западната култура и појдовна точка на светските феномени како Римската
империја, Римокатоличката црква, Ренесансата, културни и образовни реформи и нов
почеток. За време на овој период во Италија се појавиле голем број на познати сликари,
скулптори, поети, музичари, математичари и архитекти.

Како внатрешните така и надворешните аспекти од западната култура се родени


на Италијанскиот полуостров, било дали се однесуваат на историјата на христијанска
вера, граѓански институции, философија, право[1], уметност, наукаили социјални обичаи и
култура. Исто така, оваа земја имала водечка улога во борбата против смртната казна.

Италија била дом на многу познати и влијателни цивилизации, вклучувајќи


гиЕтрурците, Грците и Римјаните. Во своето минато Италија преживеала миграции,
инвазии и била поделена на многу независни држави сè до 1861 година, кога станала
нација-држава[2]. Поради ова релативно подоцнежно обединување и историска автономија
на регионите од кои се состојат Апенинскиот полуостров, многу традиции и обичаи кои
сега се признаени како италијански можат да се идентификуваат по нивни области од кои
потекнуваат. И покрај политичкото и социјално издвојување на овие региони,
италијанскиот придонес за културно и историско наследство на Европа и светот останува
огромен.

Познати елементи на италијанската култура се нејзината уметност, музика, мода и храна.


Италија е родно место на операта[3], и со генерации јазикот на операта бил италијански,
независно од потеклото на композиторот. Во поглед на драмата италијанците покажувале
склоност кон комедијата; импровизациски стил познат како Комедија дел артe се појавил
во средината на 16 век[4] во Италија и сеуште се изведува денес. Познатиот жанр на
танц балет исто така потекнувал од Италија.

Државата може да се пофали со неколку светско познати градови. Рим бил античка


престолнина на Римската империја и седиште на Папата на Католичката
црква. Фиренца бил дом на многу уметници од ренесансата, период на големи
достигнувања во уметноста[5]. Торино, којшто бил главен град на Италија, денес е еден од
светски познатите центри за автомобилско инженерство. Милано е индустриски, трговски и
финансиски центар на Италија а исто и престолнина на модата. Венеција со својот сложен
систем на канали и богата културна историја, привлекува туристи од цел свет.

Италија е родно место на најголем број на Светски наследства на УНЕСКО (48).[6][7] и


според една проценка се смета дека земјата е роден крај на половина од најважните
светски уметнички богатства[8]. Според Судот на ревизори, Италија има 3.430 музеи, од кои
409 се во Тоскана, 380 во Емилија Ромања, 346 во Ломбардија и 302 во Лацио. Исто така
Италија има 216 археолошки локалитети, 10.000 цркви, 1.500 манастири, 40.000 избрани
замоци, кули и тврдини, 30.000 отмени домови, 4.000 градини, 1.000 огромни историски
градски центри и многу повеќе.[9].

Уметност
Архитектура

Архитектонските остатоци од антиката низ Италија сведочат за величината на културното


минато. Историјата на италијанската архитектурата започнува со античките стилови на
Етрурците и Грците, напредува во времето на класичната романска ера [10], продолжува кон
оживувањето на класичната римска ера за време на ренесансата и еволуира во барокна
ера. За време на италијанската ренесанса било вообичаено студентите на архитектура да
патуваат за Рим со цел да ги проучуваат античките урнатини и градби како важен дел од
нивното образование.

Старата црква Свети Петар веројатно била првата значајна ранохристијанскабазилика,


стил на црковна градба којшто доминирал во раниот среден век. Црквата се наоѓала на
местото каде што е изградена денешната базилика Свети Петар во Рим. Првите значајни
градби во средновековен римски стил биле цркви изградени во Италија во текот на 800-те
години. Неколку истакнати примери на византиски архитектонски стил од Блискиот
Исток исто така биле изградени во Италија. Најпознатата византиска градба е базиликата
Свети Марко во Венеција.

Најголемото будење на италијанската архитектура се случило за време на


ренесансата. Филипо Брунелески дал голем придонес за архитектонскиот дизајн со
куполата на катедралата во Фиренца. Леон Батиста Алберти е друг раноренесансен
архитект чијшто теории и дизајни имале огромно влијание на подоцнежните архитекти. [11].

Можеби најголемото достигнување на италијанската ренесанса е базиликата Свети Петар,


која била најпрво замислена од Донато Браманте во почетокот на 1500 година. Андреа
Паладио со проектирањето на вили и палати во средината и крајот на 1500 година имал
влијание врз архитектите од западна Европа.

Барокниот период во 1600 година резултирал со неколку истакнати италијански архитекти


кои биле посебно познати по нивните цркви. Најважни архитекти се Џан Лоренцо
Бернини и Франческо Боромини. Голем број на италијански архитекти, како Ренцо Пјано,
се познати низ светот.[12]
Стрипови
фицијалното почеток на италијанските стрипови е 27 декември 1908 година, со првото
издание на Кориере деи Пиколи. Атилио Мусино го пишувал овој неделник, кој содржал
извонреден спектар на ликови, вклучувајќи го и малото црно дете Билболбул, чиишто
нестварни авантури се случувале во фантастичната Африка.

Во 1932 година издавачот Лотарио Вечи започнал со издавањето на списанието Џамбо,


користејќи исклучително автори од Северна Америка. Списанието достигна тираж од
350.000 копии во Италија, санкционирајќи ги стриповите како главен медиум. Три години
подоцна тој се преселил во Шпанија.

Во декември 1932 година, фиренцискиот издавач Нербини го пуштил во продажба во


Италија првиот стрип на Дизни Мики Маус или Тополино (на италијански). Во 1935 година
филијалата Мондадори ја превзеде франшизата Дизни.

Во 1945 година за време на посетата на Академија за ликовна уметност во Венеција, Хуго


Прат во соработка со Марио Фастинели и Алберто Онгаро го создал Асо ди Пиче.

Во 1948 година Џан Лујџи Бонели започнал со долга и успешна серија на вестерн


стрипови, почнувајќи со популарниотТекс Вилер. Форматот на овој стрип толку ќе се
популаризира што добива свое име - Бонелиано, по својот создател. Некои од сериите кои
следат по Текс Вилер се Загор (1961 година), Мистер Но (1975 година) и од
неодамна Мартин Мистери (1982 година) и Дилан Дог (1986 година). Овие стрипови
претставуваат целосни приказни во 100+ црно бели страници во џебен формат. Темата
секогаш е авантура, било вестерн, хорор, мистерија или научна фантастика. Бонелиани се
до ден денес најпопуларната форма на стрипови во земјата.
Мода и дизајн

Италијанската модна индустрија е еден од најважните производни сектори на државата и


еден од скапоцените камени на круната од брендот „Произведено во Италија“.
Сепак Милано се смета како главен град на модата бидејќи голем број на познати
дизајнери се наоѓаат таму а исто така е место каде што се наоѓаат и италијански
дизајнерски колекции.

Многу од италијанските врвни модни дизајнери имаат продавници кои можат да се најдат
насекаде низ светот. Помеѓу најпознатите и најексклузивните имиња
сеАрмани, Бенетон, Фенди, Гучи, Версаче и Прада. Брендовите за накит,
какоБулгари и Луксоптика исто така се меѓународно признати, додека Луксоптика е
најголема светска компанија за очила.

Милано и Рим годишно се натпреваруваат со други големи меѓународни центри


како Париз, Њујорк, Лондон и Токио. Исто така, модното списание Вог Италија се смета за
најпрестижно модно списание во светот[13].

Италија исто така е позната во областа на дизајнот, особено внатрешен дизајн,


архитектонски дизајн, индустриски дизајн и урбан дизајн. Оваа држава може да се пофали
со неколку познати дизајнери за мебел како Џио Понти и Еторе Сотсас и со италијанските
фрази како Bel Disegno (убав дизајн) и Linea Italiana (италијанска линија) кои навлегле во
лексика на дизајн на мебел[14]. Примери за класични предмети од италијанска бела
техника и мебел се машини за перење и фрижидери на Зануси[15], каучи „Њу тон„ од
Атриум и постмодернистичка полица за книги на Етор Сотсас, инспирирана од песна на
Боб Дилан.

Денес Милано и Торино се државни лидери во архитектонски и индустриски дизајн.


Милано е домаќин на најголемиот европски саем за дизајн Фиера Милано[16]. Овој град е
исто така домаќин на големи настани поврзани со архитектурата и дизајнот како Фуори
Салоне и Салоне дел Мобиле, и е родно место на дизајнерите Бруно Мунари, Лучио
Фонтана,Енрико Кастелани и Пјеро Мацони.[17].
Литература

Италијанската литература започна по основањето на Рим во 753 п.н.е. Римската или


латинската литература била и сеуште е многу влијателна во светот, со многубројни
писатели, поети, филозофи и историчари како Плиниј Постариот,Плиниј
Помладиот, Вергилиј, Хорациј, Овидиј и Ливиј. Римјаните исто така биле познати по своите
усни преданија, поезија, драма и епиграми. Иако повеќето од нив биле инспирирани од
античките Грци, римјанските епиграми обично биле далеку повеќе сатирични, пишувани
понекогаш со непристоен јазик за да се добие интересен ефект. Повеќето од римските
епиграми биле натписи или графити.

Основата на модерната италијанска литература на италијански јазик започнала во


почетокот на 1200-те години. Кога станува збор за влијанијата за неговото образување,
мора да се спомне религиозното заживување предизвикано од Свети Францис од Асиси,
којшто се смета за првиот „италијански глас“ во литературата.

Друг италијански глас потекнува од Сицилија. Во дворецот на кралот Фредерик II, којшто
владеел со сицилијанското кралство во првата половина на 13 век се пишувале стихови по
пример на провансалски форми во подобрена верзија на мајчин јазик. Најважниот поет
бил видниот Џакомо да Лентини, познат по откривањето на сонетната форма.

Гуидо Гуиницели се смета за основач на Слаткиот нов стил, школа која додала
филозофска димензија на традиционалната љубовна поезија. Ова ново сфаќање на
љубовта, искажано со пријатен и слободен стил, влијаело врз некои фиренциски поети,
особено на Гуидо Кавалчанти и младиот Данте Алигиери. Боженствена комедија од Данте
Алигиери е ремек дело на светската литература, коешто помогнало во создавањето на
италјанскиот литературен јазик.

Алесандро Манцони, еден од најдобрите италијански автори во 19 век

Двајца важни писатели од 14 век, Петрарка и Бокачо, издвојувале и имитирале дела на


антиката и разработувале нивни уметнички ликови. Петрарка станал славен со неговата
збирка песни Канционер. Исто толку влијателен бил и Бокачо со делото Декамерон, едно
од најпознатите збирки раскази некогаш напишани.

Авторите на италијанската ренесанса напишале многу важни дела. Владетелот одНиколо


Макијавели еден од напознатите есеи за политички науки во светот. Друго важно дело од
овој период е Бесниот Роланд од Лудовико Ариосто, која веројатно е најславната витешка
песна. Дијалогот на Балдасе Кастиглионе во Книгата за дворјанинот го опишува идеалот
на совршен дворски господин и на духовната убавина.
Во почетокот на 17 век биле создадени литературни ремек дела како долгата митолошка
поема Адонис од Џамбатиста Марино. Во барокниот период исто така е создадена чиста
научна проза од Галилео и од Томазо Кампанела со Градот на сонцето што претставува
опис на совршено општество управувано од филозоф-свештеник. Кон крајот на 17 век,
Аркадијаните започнало движење со цел да ја вратат едноставноста и класичната
воздржаност во поезијата, како во херојските мелодрами на Метастасио. Во 18 век,
драмскиот автор Карло Голдони ја заменил Комедија дел арте со целосно напишани
драми, кои ја прикажувале средната класа во тоа време.

Романтизмот се совпаѓал со некои идеи на преродбата, патриотско движење што во


Италија резултирало со политичко единство и слобода од странска доминација.
Италијанските писатели го прифатиле романтизмот во почетокот на 19 век. Периодот на
италијанската преродба бил најавен од поетите Виторио Алфиери, Уго Фосколо и Џакомо
Леопарди. Свршениците, од главниот италијански романтичар Алесандро Манцони, е
првиот италијански историски роман кој ги воздигнува христијанските вредности на правда
и провидност. При крајот на 1800 година реалистично литературно движење наречено
реализам одигра важна улога во италијанската литература. Џовани Верга бил главниот
автор во ова движење.

Движењето наречено футуризам имало влијание врз италијанската литература во


почетокот на 1900 година. Филипо Томазо Маринети го напишал делото Манифест на
футуризмот каде што се повикува на употреба на јазик и метафори кои ја возвишуваат
брзината, динамиката и насилството на ерата на машините. Италијанските литературни
фигури на 20 век кои се здобиле со меѓународна слава се Габриеле Дануцио, Лујџи
Пирандело и Грација Деледа. Водечки писатели на поствоениот период се Игнацио
Силоне, Алберто Моравија, Умберто Еко, Дарио Фо и поетите Салваторе
Квазимодо и Еугенио Монтале.
Филм
Италијанската филмска индустрија била основана помеѓу 1903 и 1908 година со три
компании: Италијанско филмско општество во Рим, Амбросио филм иИталија
филм во Торино. Други компании наскоро се појавиле и во Милано иНеапол.

Раната италијанска филмска индустрија станала светски позната по своите историски


спектакли. За време на Втората светска војна, Италија како и другите европски влади, ги
пренасочиле суровините од нивните филмски индустрии за воена потреба.

Во 1920 и 1930 година биле режирани неколку важни филмови, меѓутоа италијанскиот


филм ја доживеал својата преродба во 1940 година. Во тоа време се појавила нова
генерација на режисери како: Виторио де Сика, Роберто Роселини и Лучино Висконти.[18].
Влијанието од војната навело некои од овие режисери да направат филмови кои се
фокусираат на општеството и неговите проблеми. Овој поттик резултирал со појавувањето
на првото важно поствоено европско филмско движење наречено неореализам.
Режисерите на неореализмот првенствено се интересирале за прикажување на
секојдневниот живот на обичните луѓе. Тие главно снимале на локации отколку во студио и
најчесто користеле непрофесионални актери. Овие квалитети давале смел, речиси
документарен изглед на неокласичните филмови[18].

Во 1950 и 1960 година, реалните комедии се здобиле со меѓународен успех најмногу


заради популарноста на италијанските филмски ѕвезди Џина Лолобриџида, Софија
Лорен и Марчело Мастројани. Во истиот период, Серџио Леоне помогнал во создавањето
на нов филмски жанр, иронично наречен “Шпагети вестерн„.

Истовремено, нова група на режисери се здобија со слава од кои најважни


се Микеланџело Антониони и Федерико Фелини. Виторио де Сика, Роберто Роселини и
Лучино Висконти исто така продолжиле да снимат важни филмски дела. При крајот на
1900 година главните италијански режисери биле Роберто Бенињи, Марко
Белочио, Бернардо Бертолучии браќата Паоло и Виторио Тавиани.

Музика
Запишувањето на музички знаци започнало во Италија, оттука италијанските зборови се
користеле да искажат како се свири музиката. Затоа сите земји ги присвоиле техничките
термини во нивната италијанска форма – доказ за важната улога на Италија во историјата
на музиката, особено Фиренца.

Од фолк до класична музика, музиката отсекогаш играла важна улога во италијанската


култура. Со тоа што токму таму прв пат се појавила опера, Италија ја поставила основата
на класичната музичка традиција. Некои од инструментите кои често се поврзуваат со
класичната музика, вклучувајќи пијано ивиолина[19], се измислени во Италија и многу од
постоечките класични музички форми имаат корени во италијанската музика во 16 и 17 век
(како симфонија,концерт и соната).

Од средниот век италијанските композитори играле важна улога во музиката. Во 1000-те


години италијанскиот калуѓер Гвидо де Арецо, развил револуционерен систем на
одбележување и метод на пеење по ноти. Форми на рана италијанска музика
биле Грегоријанско пеење, трубадурска песна и мадригал.

За време на ренесансата, Џовани Пјерлуиџи де Палестрина напишал ремек дела за


хорска музика за употреба во црковните служби. Првите опери се компонирани во
Фиренца во 1590 година. Операта се појавила како уметничка форма во барокниот
период. Клаудио Монтеверди е првиот значаен композитор на барокната опера во
почетокот на 1600-те години. Други важни композитори од крајот на 1600-те и почетокот на
1700-те години се Алесандро Скарлати, неговиот син Доменико Скарлати и Антонио
Вивалди. Алесандро најмногу се прославил со неговите опери, Доменико со композиции на
клавијатура и Вивалди со неговите дела за виолина. За време на 1800 и почетокот на 1900
година популарните опери биле композициите на Џузепе Верди, Ѓакомо Пучини, Винченцо
Белини, Гаетано Доницети иЏоачино Росини.

Музичкиот живот во Италија останува исклучително активен, но тој е главно фокусиран


државно и едвај интернационално. Единствените италијански поп пејачи се поп
дивата Мина, со продадени 76 милиони албуми[20] и пејачката Лаура Пузини со продадени
45 милиони албуми.[21][22].
Оперската куќа Ла скала во Милано е позната како една од најдобрите во светот. Има и
други познати места за опера вклучувајќи ги Сан Карло во Неапол, театарот Ла Фениче во
Венеција и римска арена во Верона. Исто така постојат петнаесет јавни театри и бројни
приватни театри во Италија коишто ги промовираат италијанските и европските драми
ибалет[23]. Познати италијански оперски пејачи се Енрико Карусо, Лучиано
Павароти и Андреа Бочели.

Наука и технологија

Постоечките аквадукти, бањи и други јавни градби на античката република и империја


сведочат за градежните и архитектонски вештини на Римјаните. Во времето на
ренесансата, преродбата на науката резултира со смели размислувања на Леонардо да
Винчи (вклучувајќи ги откритијата во анатомија, метеорологија, геологија и хидрологија),
напредок во физиката и астрономијата одГалилео Галилеј и усовршување
на барометарот од Еванџелиста Торичели.

Во почеокот на 20 век, Гилермо Маркони вршел експерименти со електрична енергија и го


усовршил бежичниот прием, но поголема заслуга добил грофотАлесандро Волта, еден од
пионерите во електричната енергија повеќе од 100 години порано. До крајот на Втората
светска војна, работата со нуклеарна физика на Енрико Ферми, водело до развивањето и
на атомската бомба. На 25 септември 2001 година, американскиот конгрес усвои
резолуција која официјално го признава фиренцискиот имигрант во САД, Антонио
Меучи како пронаоѓач на телефонот.[25][26][27][28].

Краток преглед на други еминентни личности се: астрономот Џовани Доменико Касини, кој
извршил многу важни откритија за Сончевиот систем;
математичаритеЛагранж, Фибоначи и Џироламо Кардано, со Арс Магна која е општо
призната како прва модерна математичка постапка; Марчело Малпиги, доктор и основач
на микроскопска анатомија; биологот Лазаро Спаланцани кој извршил битни истражувања
за телесните функции, размножување на животните и клеточна теорија; Камило Голџи кој
бил лекар, патолог, научник и добитник на Нобелова награда, е познат по основањето
на Голџиев систем и неговата улога во создавање на услови за прифаќање на невронската
доктрина.

Заради италијанската љубов за автомобили и брзина, Италија стана позната по


производството на повеќето од познатите светски спортски автомобили. Некои од
најелитните светски возила се развиле во Италија: „Ламборгини“, „Ферари“, „Алфа Ромео“
и „Мазерати“ кои се само неколку од познатите луксузни автомобили кои потекнуваат од
Италија.
Вајарство[уреди | уреди извор]
Цајарството на италијанскиот полуостров започнало од антички времиња. Во древниот
период, кога етрурските градови доминирале во централна Италија и околното море, се
развила етрурската скулптура. Откриено е името на еден артистВулка, кој работел во Вели
е познат по глинеста фигура на Аполо и други фигури.

Најголемиот развој на оваа уметност бил помеѓу 6 век п.н.е. и 5 век п.н.е. за време на
развојот на Римската Империја. Најраните римски скулптури биле под влијание на
Етрурците на север од Рим и грчките населеници од југ.

Скулптурите во средниот век најчесто биле религиозни. Уметниците од каролингискиот


период (именувано по фамилијата на Шарлемањ) во северна Италија креирале скулптури
како декорации за црквените олтари и распнувања, и огромни свеќници на олтарите.

Давид од Микеланџело

Во почетокот на 1200-те години, Никола Писано и неговиот син Џовани започнале со


револуционерни промени кои воделе до преродба на италијанското скулпторство,
извлекувајќи инспирација од римски саркофази и други остатоци. Пример за нивно ремек
дело е Масакарот на невините од Џовани Писано.

Најважниот скулптор во раната ренесанса е Донатело кој во 1430 година ја создал


бронзената статуа Давид[29], класична претстава за убавината на голо човечко тело. Тоа
било првото поважно дело на ренесансната сулптура, независно од било какви
архитектонски опкружувања. Како други брилијантни скулптори од 1400-те години можат
да се спомнат Микелоцо, Бернардо и Антонио Роселино иАгустино ди Дучио.

Мноштвото скулптури на Микеланџело, како фигурите Ноќ и ден во капелата


Медичи во Фиренца, доминирале во високо ренесансното италијанско скулпторство.
Неговиот Давид веројатно е најпознатата скулптура во светот која се разликува од
претходните претставувања на субјектот [30], така што Давид е прикажан пред битката со
Голијат а не по поразот на џинот. Наместо да е прикажан како победник на непријателот
кој е многу поголем од него, Давид изгледа напнато и спремен за борба.

Џан Лоренцо Бернини е најважниот скулптор во барокниот период[31]. Тој ја комбинирал


емоционалната и сензуалната слобода со театарското претставување. Светците и другите
фигури на Бернини се чини дека седат, стојат и се движат како живи луѓе – и гледачот
станува дел од сцената. Вмешаноста на гледачот е главна карактеристика на барокната
скулптура. Едно од најпознатите негови дела е Екстаза на Св.Тереза.

Неокласичното движење се појавило при крајот на 1700-те години. Членовите на овој


интернационален правец вратиле она што тие сметале дека се класични принципи на
уметноста. Тие биле имитатори на античките грчки скулптори и ги нагласувале класичното
украсување и голотијата. Водечки неокласичен артист во Италија бил Антонио Канова, кој
како и сите други странски неокласични скулптори живеел во Рим. Неговата вештина да
извае чист италијански мермер ретко била надмината од некој друг. Повеќето од неговите
статуи се во европските колекции, а Музеј на современа уметност „Метрополитен“ во
Њујорк поседува значајни дела, како Персеј и Купидон и Психа.

Во 1900-те години многу италијанци играле важна улога во развој на модернa


уметност. Футуристичните скулптори се обиделе да прикажат како просторот, движењето и
времето делува врз формата. Овие артисти претставувале предмети во движење, пример
за ова е Уникатните форми на трајност во вселената од Умберто Бокиони.
Театар

Комедија дел арте

Италијанскиот театар бил под влијание на грчките традиции и како и во многу други
литературни жанрови, римските драматурзи се стремеле кон адаптирање и
преведување од Грците. На пример, трагедијата Федра од Сенека е основано на
драма од Еврипид, а исто и многу други комедии од Плавт биле директни преводи на
дела од Менандер.

Една од причините за падот на римскиот театар (почетокот на 4 век н.е.) е отпорот од


црквата. Раните христијани сметале дека постои поврзаност помеѓу театарот и
паганската религија и затоа тврделе дека лошите ликови прикажани на сцена го хранат
неморалот. Заради ова, огромните театарски изведби исчезнале пораспаѓање на
Римската Империја.

Иронично е дека најраната забележана драма во сите делови на западна Европа


била Литургиската драма на црквата. Всушност, за време на средновековниот период,
црквата започнала да изведува на сцена посебни делови од Библијата. Овие
драматизации прераснале во исценирани приказни за Божиќ и Велигден за
неписмените маси да ја разбератлатинската литургија.

Во периодот од 16 до 18 век Комедија дел арте била форма на импровизациски театар


која се изведува и ден денес. Италијанскиот театар е активен во режисирањето на
извонредни современи европски дела и во изведувањето на важни преродби на стари
дела, но сепак ниту еден домашен драматург нема напишано дела кои можат да ги
обноват оние наЛујџи Пирандело од раниот 20 век. При крајот на 20 век Дарио Фо се
здобил со меѓународно признание за неговиот мошне добар импровизациски стил.

Визуелна уметност

Мона Лиза од Леонардо да Винчи

Историјата и развојот на уметноста во западната култура се темели на стотици


години од италијанска историја. Во Стар Рим, Италија била центар на уметността и
архитектура. Голем број на уметници имало и за време на готскиот период и
средновековието а уметноста најмногу напреднала за време на италијанската
ренесанса. Футуризмот во Италија се развил во 20 век.

Во италијанската ренесанса се појавиле најголемите сликари во историјата на


уметноста. Тие биле под влијание на делата на Џото ди Бондоне (1200 година), кој
бил еден од највлијателните уметници и кој го сменил текот на западната уметност
во нов реалистички стил[32].
Создавањето на Адам од Микеланџело

Фиренца станал центар на раната ренесанса. Големите фиренциски сликари


биле Масачио, Фра Анџелико, Андреа Мантегна, Сандро Ботичели и Паоло Учело.
Најважниот уметник во 1400-те години билЛеонардо да Винчи. Портретот Мона
Лиза и Последната вечера се помеѓу најпознатити слики во историјата.

Во подоцнежната ренесанса доминирале уметниците Рафаело


Санти иМикеланџело. Рафаело сликал умерени, хармонични слики кои изразувале
мирен, благороден начин на живот. Микеланџело стекнал величина и како сликар и
како скулптор.

Италијанските сликари доминирале во барокот од кои најважни биле Анибал


Карачи и Караваџио.

Во 1900-те години, многу Италијанци дале придонес во развојот на модерната


уметност. Џорџо де Кирико се здоби со слава со неговите слики со празни градски
плоштади додека Амедео Модилиани се здоби со слава со низа портрети.
Италијанска кујна

Ризото

Италијанската кујна како национална кујна низ вековите се менувала од


социјални и политички причини, а се смета дека таа потекнува дури од 4 век
п.н.е. Значајна промена се случила со откривањето на Новиот свет, со што се
формирало голем дел од денешната италијанската кујна со воведување на
компири, домати, пиперки и пченка, кои се главни делови од кујната но биле
воведени дури во 18 век.[33]

Состојките и оброците се разликуваат по региони. Сирењето и виното исто


така се главен дел од храната, кои играат различни улоги и регионално и
национално.

Италијанската кујна е општопозната како најпопуларна во светот и главно се


состои од традиционални јадења, оброци и десерти
како паста, шпагети, пица,фокача, брускети, аранчини, гранита, лазања, ризото
, њоки, палента и зампоне. Босилек, моцарела, лук, маслиново масло и домати
се пример за состојки кои често се користаат во италијанската кујна.

Италија исто така извезува и произведува вино[34][35], со извоз од околу 1.793


тони. Од 2005 година Италија произвела скоро една петтина од светското вино.
[36]
. Етрурските и грчките населеници произведувале вино уште
пред Римјаните да започнат со култивирањето на нивните лозови насади во 2
век п.н.е.
Позната неаполитанска пица

Познати и традиционални италијански вина се Бароло, Барбареско, Брунело


ди Монталчино, Барбера, Долчето, Корвина, Неро Д’Авола, Пино
грижо и Москато.

Италија е исто така позната по џелато, или традиционален сладолен познат


како италијански сладолед. Постојат „џелатерии“ или продавачи на сладолед
и продавници низ сите италијански градови и џелатото е многу познат десерт
или ужинка посебно на лето. Сицилијанските гранити или заледени десерти,
слични насорбет, се популарни десерти не само во Сицилија туку и низ цела
Италија. Италија исто така располага со широк спектар на десерти. Божиќната
тортапандоро и панетоне се популарни на север (пандоро потекнува од Верона
додека панетоне од Милан). Колумба пасквале се јаде за Велигден во цела
Италија и е потрадиционална алтернатива на чоколадни велигденски
јајца. Тирамису е многу популарен и типичен италијански десерт од Венето кој
стана познат насекаде. Други италијански торти и слатки
се каноли, касата сицилијана, марципанво облик на овошје и пана кота.
Тирамису, познат италијански десерт

Кафето, посебно еспресо, е доста важно во италијанската кујна. Еспресото е


пијалак кој многу се пие во Италија и обично Италијанците го пијат наутро пред
да одат на работа или за започнување на денот. Еспресото се служи во мала
шолја и има темен, речиси црн изглед и силен, кисел вкус. Капучино е исто
познато италијанско кафе кое е обично поблаго и помалку темно од еспресото.
Тоа може да се сервира со пена или крем на врвот а кое потоа се става прашак
од чоколадо и шекер. Капучиното не е само чест пијалак во италијанските
кафичи, туку и во странски ресторани и барови. Кафе лате е мешавина од
кафе и млеко (latte-млеко) и обично се пие за време на појадокот (за разлика
од другите италијански видови на кафе, ова кафе го пијат и децата и
возрасните бидејќи не е толку јако и содржи повеќе млеко отколку обичното
кафе). Макијато е појако од кафе лате, кое само содржи малку млеко или шлаг.

Традиционално кафе на Торино се вика Бичерин кое е нешто помеѓу капучино


и топло чоколадо и се прави со еднаква количина на течно чоколадо, кафе и
мало додавање на млеко или крем пена.
Историја

Колосеум, најпознатата градба од Римската империја

Италија е извор на западната цивилизација и преку 2.000 години била светска


крстосница. Постојаното учење, креативност и технолошки напредок на Италијанскиот
полуостров, суштински го формирале секој дел од западната култура. Иако нејзините
археолошки записници датираат од пред десетици илјади години, италијанската
историја започнува со Етрурците, античка цивилизација којашто се појавила помеѓу
реките Арно и Тибер. Во 3 век п.н.е. Римјаните ги замениле Етрурците, кои наскоро
станале главна сила во средоземниот свет и чијашто империја се протегала
од Ирак до Шкотска[41].

Со покрстувањето на императорот Константин I во 312 година, Рим станало


официјално седиште на Католичката црква а Италија имала големо влијание врз
развојот на христијанството и врз западните сфаќања за вера и моралност [42]. Уште од
почетоците грижата за болните, како и другите дела на христијанска милостина, била
света должност за секој верник. Според историчарот Вилијам Лекиболниците не
постоеле се до појавата на христијанството. По падот на Рим во 400 година,
Италијанскиот полуостров бил поделен помеѓу разни владетели.
Базилика Свети Петар,најзначајната христијанска црква

Во средновековието кое траело од 400 година до 1400 година, Римокатоличка црква ја


заменила Римската Империја како обединета сила во Европа.[43] . Црквата го
користела латинскиот јазик а воедно ги зачувала класиците на латинската литература.
Исто така, влијанието на црквата во ширењето на христијанстово имало значајно
влијание врз европското општество. Всушност, во средниот век најважната гранка на
учењето била теологијата (изучување за Господ)[44] . Новиот образовен пристап се
нарекувал Сколастика. Заради ова Италија станала седиште на главно формално
образование во 1088 година со воспоставувањето на најпрвиот универзитет во
Европа, Универзитетот во Болоња. Подоцна следувале други италијански
универзитети а во исто време во Италија се воспоставиле иПоморските републики.

Во ренесансниот период преродбата сменила многу нешта, посебно уметноста. До


почетокот на 15 век во Фиренца определен кружок на архитекти, сликари и скулптори
се обиделе да ја оживеат класичната уметност. Лидерот на оваа група бил
архитектот Филипо Брунелески којшто дизајнирал цркви по класични модели. Во
сликарството, Леонардо да Винчи заедно со други италијански сликари користел
техника наречена сфумато којашто создавала дискретност во неговите портрети.
Истовремено во Италија оживувало и сликањето фрески. Професионални музичари
тренирале во италијанските градови, а подоцна била основана и уметничката
академија како место да се надвладеат техниките и теоријата на цртање, скулптура и
архитектура. Во Рим и Венеција се појавиле првите уметнички „саеми“ каде купувачи и
продавачи заменувале уметнички дела.

Не било случајно тоа што потеклото на европскиот банкарски систем бил роден во
ренесансна Италија. До 1430 година,фамилијата Медичи доминирала во
фиренциската владејачката класа. Фамилијата ја контролирала најголемата банка во
Европа и била водена од група на талентирани и амбициозни луѓе.

Откривањето на Нов свет од Кристофер Колумбо

Некои од најголемите истражувачи во 1400 и 1500 година биле италијанци кои биле
изложени на ренесансните традиции. Кристофер Колумбо, како и другите италијански
истражувачи Џон Кабот, Џовани да Верацано и Америго Веспучи, превзел огромни
ризици со цел да достигне големи резултати. Колумбовото пристигнување во Америка
во 1492 година е едно од најголемите достигнувања во ренесансата.

Општо земено, барокната ера се нарекува ера на гении бидејќи во овој историски


период започна научната револуција која ги постави темелите на модерната наука. Во
пантеонот на научната револуција, Галилео Галилеј зазема висока позиција заради
неговото користење на квантитативни експерименти со математичко анализирани
резултати.

Интелектуалната динамика во 18 век била значајна низ опсегот на жанрови.


Италијанските елити биле упатени по принципите на фрнацуското просветителство а
исто така и во англиските идеи кои ги ширеле млади аристократи. Италијанските
автори кои биле членови на академии и соработници на философски и литературни
весници започнале да ги шират своите идеи во близина на сферата на моќта
во Миланои Торино, Парма и Модена, Фиренца и Неапол. Инспирирани од тезата на
Чезаре Бекарија за слободни идеи и хуманитарни чувства, Војводство Тоскана била
првата држава во светот која ја укинала смртната казна во 1786година[45].

Италијанските уметници биле доста влијателни во 20 век, а некои од италијанските


застапници на модернизам во 1920 и 1930 година продолжиле да имаат цврсто
влијание врз пазарот на меѓународнна современа уметност. Енрико Фермикој е познат
како таткото на атомската ера, е Италијанец кој сведочел во откривањето, контролата
и користењето на атомска енергија. По Втората светска војна италијанскиот
неореализам стана значајна сила во филмовите. Денес Италија е една од
меѓународните лидери во мода и дизајн.

Познати Италијанци[уреди | уреди извор]


 Главни статии: „Италијанци“ и „Список на Италијанци“.

Леонарно да Винчи, еден од најголемите гении во историјата

Уште од римски времиња Италијанскиот полуостров бил во центар на развојот на


западна култура[46]. Важни поети од Римската Република и империја
се Лукрециј,Катул, Вергилиј, Хорас и Овидиј. Исто така познати во латинската
литература биле говорникот Цицерон, сатиричарот Јувенал, прозните
писатели Плиниј Постариот, неговиот внук Плиниј Помладиот и
историчарите Салуст, Ливиј и Светониј. Гај Јулиј Цезар, познат како историчар и
прозаист, е попознат како воен и политички лидер. Првиот римски император
бил Октавијан, познат како почесен Август. Интересно е дека помеѓу подоцнежните
императори биле тираните Калигула иНерон, философот Марко
Аврелиј и Константин I, кој бил првиот што го прифатил христијанството.

Во ниту една земја немало толкав придонес за визуелните уметности. Во 13 и 14


век најпознати уметници биле скулпторот Никола Пизано и неговиот син Џовани,
сликарите Чимабуе, Дучио и Ѓото. Помеѓу највлијателните уметници во 15 век –
златната ера на Фиренца и Венеција – биле архитектите Филипо
Брунелески,Лоренцо Гиберти и Леон Батиста Алберти, скулпторите Донатело, Лука
дела Робиа, Дезидерио де Сетињано и Андреа дел Верочио и сликарите Фра
Анџелико,Стефано ди Џовани, Паоло Учело, Масачио, Фра Филипо Липи, Пиеро
дела Франческа, Џовани Белини, Андреа Мантења, Лука Сињорели, Пјетро
Перуџино,Сандро Ботичели и Виторе Карпачо.

Во 16 век за време на ренесансата, Рим и Фиренца ја имале водечката позиција во


светот на уметноста. Големи маестри од овој период биле архитектите Донато
Браманте и Андреа Паладио; скулпторот Бенвенуто Челини; сликар-дизајнер-
пронаоѓач Леонардо да Винчи; сликар-скулптор-архитект Микеланџело
Буонароти и сликарите Титан, Рафаел,Андреа дел Сарто и Антонио да Кореџио.

Водечки уметници во барокниот период биле скулптори-архитекти Џан Лоренцо


Бернини и Франческо Боромини; сликарите Караваџо, Џовани Батиста
Тјеполо, Каналето, Пјетро Лонги и Франческо Гарди.

Музиката била интегрален дел од италијанскиот живот. Водечки композитор во 14


век бил слепиот свирач на оргулиФранческо Ландини од Фиренца. Еминентни
композитори во ренесансата и барокот биле Џовани Пјерлуиџи де Палестрина;
мадригалистот Лука Маренцио и Карло Џезуалдо; венецијанските
органисти Андреа Габриели и Џовани Габриели; еден од основачите на
операта Клаудио Монтеверди; органист-композитор Џироламо
Фрескобалди и Џакомо Карисими. Важни музичари на подоцнежната барокна ера
биле Аркангело Корели, Антонио Вивалди, Алесандро Скарлати и неговиот
син Доменико Скарлати. Италијанецот Лујџи Керубини бил централна фигура во
француската музика за време на наполеонската ера, додека Антонио
Салиери и Гаспаре Спонтини биле доста познати и почитувани во Виена и
Берлин. Николо Паганини бил најпознатиот виолинист во 19 век.

Италијанската литература и литературен јазик започна со Данте Алигиери, авторот


на Божествена комедија. Достигнувања во литературата – како што се поезијата
на Петрарка, Торквато Тасо и Лудовико Ариосто и прозата наЏовани
Бокачо и Николо Макијавели – извршиле огромно и трајно влијание врз
понатамошниот развој на западната култура. Најдобри италијански режисери
се Франк Капра, Виторио де Сица, Лучино Висконти, Роберто
Роселини,Микеланџело Антониони, Федерико Фелини а најпознати филмски
ѕвезди се Рудолф Валентино и Софија Лорен.

You might also like