You are on page 1of 16

СТОБИ

Деспина Стефаноска
ВОВЕД
Стоби е древен град кој со својот
урбан дел се наоѓа на три тераси,
што се спуштаат кон Црна Река,
опкружени со ѕидови, а на устието
меѓу Црна Река и Вардар, покрај
автопатот Е-75, од Скопје до
Гевгелија. Археолошкиот локалитет
Стоби е со површина од 1.600 м2.
Познато е дека тука минувале
главните патишта, кои ги сврзувале
областите на преден Дунав со
медитеранските земји, уште од
предисторискиот период.
Местоположба
 Стоби бил антички град во Пајонија, подоцна освоен од Македонија и конечно се
претворил во главен град на римската провинција. Сместено е во близина на Градско
на главниот пат што води од Дунав кон Егејско Море и според многумина е
најпознатото археолошко наоѓалиште во Македонија. Стоби е изграден таму каде што
Еригон (Црна река) се слива во Аксиос (Вардар) . Стоби бил во мошне значајна
стратегиска, воена и трговска позиција во античкиот период.

Стоби
Историја на Стоби-1 дел
Првите историографски податоци за Стоби ги
среќаваме кај Тит Ливиј (59 г. п.н.е – 17 г. н.е.) и
тие нè информираат дека во 197 г. п.н.е Филип V
ги поразил Дарданците во близина на Стоби.
Вториот податок зборува дека реката Еригон
(Црна) се влева во Аксиос (Вардар) кај „стариот
град“ Стоби. Третиот податок на Ливиј се
однесува на римските освојувања во Македонија и
167 г. п.н.е. кога Стоби станува главен центар за
трговија со сол во третата мерида. Со
археолошките истражувања се лоцирани
утврдената населба и некрополата од
хеленистичко време со што е овозможено следење
на континуитетот во развитокот на градот.
Историја на Стоби-2 дел
Трговијата со сол и поволната географска положба
му овозможуваат на Стоби константен подем во
вековите на римското владеење.Стоби меѓу I и III
век Наоѓајќи се на крстопат помеѓу Вардарската
магистрала и Дијагоналниот пат, Стоби
прераснува во еден од најзначајните римски
градови во Македонија. Од Ι – ΙΙΙ век, за време на
Пакс Романа, Стоби доживува промена во
урбанизацијата, демографска експанзија и ја
достигнува најголемата површина во историјата
на своето постоење. Во периодот на владеењето на
Веспазијан (69 – 79 г. н.е.), Стоби започнува со
ковање на бакарни монети за локална употреба
кое ќе трае до 218-22 2 г.н.е.
Историја на Стоби-3 дел
Од раноримскиот период досега се откриени и документирани
театарот, бедемот, Porta Sacra или Porta Heraclea, водоводот,
синагогата, Casa Romana, делови од улици, делови од цивилната
базилика и јавната градба со арки. Археолошките податоци
кажуваат дека градот настрадал во втората половина на ΙΙΙ век.
Иако не е исклучена можноста за земјотрес, овие деструкции
вообичаено се поврзуваат со походот на Херулите и Готите во
267/69 г. кога настрадале и други градови на Балканот.По
катастрофата градот е обновен и во периодот од IV - VI век има
доста промени во урбанизацијата. Најголемиот дел од објектите
што денес се забележуваат на терен се изградени во овој
временски интервал. На крајот од IV век или на почетокот од V
век, на источната страна е подигнат нов бедем. Тој е изграден
западно од стариот и поминува преку некои од раноримските
градби од I - III век.
Историја на Стоби-3 дел
Еден од позначајните настани во историјата на
доцноантичко Стоби е формирањето на христијанската
заедница. Името на првиот епископ – Будиус е забележано
на соборот во Никеја во 325 г., а од IV век датира и старата
епископска базилика. Ова се најраните документирани
манифестации на христијанството во Р. Македонија. Во 388
г. императорот Теодосиј го посетил Стоби и тука издал два
едикта со кои се забранува собирање на еретиците и јавни
дискусии за верата. Откриената сакрална архитектура во
Стоби и посебно епископската базилика на епископот
Филип, од почетокот на V век, зборуваат дека градот бил
доста значаен религиозен центар со воспоставени
христијански традиции.
Видео
Објекти и градби
Театар

Форум

Голема Бања

Мала бања
ТЕАТАР
 Театарот бил изграден во II или III век. Сличен е на постарите грчки тетри и е еден од
поголемите и порепрезентативните објекти во Стоби, од римскиот период. Гледалиштето,
оркестрата и градбата на сцената се подигнати одвоено едно од друго. Градбата на сцената
нема бина, туку добро изградена фасада, која била заднина на претставите во оркестрата.
Гледалиштето, кое се состои од два дела, изградено е од бел мермер донесен од Плетвар.
Според проценките, тетарот можел да прими 7.638 посетители. Распределбата на седиштата
секако се вршела според припадноста на одделни племиња - во гледалиштето се наоѓаат
запишани имињата на 5 племиња.
ФОРУМ
 Римскиот форум е монументална градба од јавен карактер што ги надминувала
провинцијалните рамки. Поточно, станува збор за објект достоен само за град со ранг на
муниципиум, каков што бил Стоби. Според културните слоеви градбата функционирала во
II-III век, иако постојат индиции дека нејзината изградба била кон крајот на I век. Во III век
згаснува функционирањето на форумот, веројатно по наездата на Готите, кога бил вандалски
уништен, за што говори насилното кршење на статуите и опожарувањето на објектот.
ГОЛЕМА БАЊА
 Откриена во 1931-1932г., во оваа бања се влегува откај Виа Аксиа. Има аподериум, големо
претсобје, голема сала со хипокаусти со 6 мермерни базени и префурниум од јужната страна.
Бањата има неколку фази на градење и доградување. Реконструираната бања била во
употреба во последната фаза од животот на градот, во доцниот VI век. Меѓутоа, најдената
статуа во аподитериумот потекнува од средината на царскиот период.
МАЛА БАЊА
 Објектот се наоѓа меѓу Цивилната и Северната
базилика, граден според прописи на доцно античките
градби на бањи. Објектот има аподиториум, со базен
сместен во апсидалниот простор, како и двојна соба со
3 апсиди со хипокаусти. Суспензурите од
хипокаустите се направени од тркалести и четвртести
тули.
ВО БЛАГОДАРАМ ЗА
ВНИМАНИЕТО

You might also like