You are on page 1of 11

ГОТСКА

УМЕТНОСТ
Готика или готска уметност претставувала средновековна уметност која
опстојувала околу 200 години. Името готика кога се употребува
во уметноста треба да се напомени дека нема ништо општо со историјата
на готскиот народ. Нејзините зачетоци се во Франција, по 12от век, како
следбеничка на романтичното движење, се јавува најпрвин во
архитектурата при изработка на катедралите. По 14от век еволуира во
нешто што се нарекува Интернационална готика како еден природен стил
кој продолжува и во 15от век каде што се пренесува во ренесансната
уметност.
Со готската уметност е прикажана една цела приказна преку изработени
слики од областа на христијанството. Најрани готички дела биле
христијанските скулптури, кои се раѓале на ѕидовите на катедралите и
манастирите. Христијанската уметност се карактеризирала со прикажани
мотиви од Стариот и Новиот Завет. Изработките надовор од црковниот
живот најчесто се однесувале на основањето на градовите и
универзитетите.
Примарно готиката наоѓа примена
во архитектурата, во
изработката на скулптурите,
витражот, резбарството и
фреско-сликарството.
ГОТСКА АРХИТЕКТУРА
Готската архитектура е архитектонски стил, кој настанала во периодот
на средниот век. Готската архитектура се развила од романската
архитектура и била заменета од ренесансната архитектура. Готската
архитектура настанала од трансформацијата, монументализацијата и
новите архитектурни елементи во романиката во Франција во областа Ил де
Франс, од каде биле користени елементи и од романиката во Нормандија.

Катедралата во Милано
ГОТСКА АРХИТЕКТУРА

Главна одлика на готската архитектура претставува комбинацијата на


прекршени лакови, ребрасти сводови и надворешни лакови во функција на
потпора. Овие елементи создале структура која била во состојба да ја носи
тежината на готската катедрала на ист начин како современа челична
конструкција. Градителите на катедралите ја користеле можноста на овој
систем да ѝ дадат вертикала на градбата, која го оддржувал ентузијазамот во
новиот стил. Столбовите започнале да се користат како декоративен елемент
и биле групирани околу средишниот, композитниот столб, а нивното
издржување ја нагласувало вертикалата на градбата. Готскиот стил овозможил
поголема површина наменета за прозорци, затоа што носењето на товарот е
пренесено од ѕидовите на структурните елементи.
Нотр Дам - Париз Катедралата во Виена
Катедралата света Вита во Прага Катедралата во Барселона
ВИТРАЖИ

Конструктивните иновации кои се основи на готската архитектура, ги


ослободиле ѕидовите од нивната традиционална улога, носачи на тежината, и
се зголемила површината наменета за прозорци. На оваа започнале да се
изработуваат витражи Освен практичната примена на светлината, тука
светлината имала и симболична улога. Претставување на Христос како
Светлина често се појавувало во средновековниот период. Обоеното стакло не
било новитет, но било поретко користено. Витражите кои во суштина се
проѕирни мозаици се составени од стаклени делови меѓусебно поврзани со
оловна трака. Најраните готски витражи се карактеризираат со темни бои, но
постепено боите станувале се посветли и посветли. Доминираат црвената,
сината, темно сината и жолтата.
Витраж од катедралата во Милано Витраж од катедралата Нотр Дам
ГОТСКА СКУЛПТУРА
Готската скпултура во себе
содржи украсување на
катедралите и се употебува како
додаток во архитектурата со
украсни архитектонски
елементи, најразлични стубови
и конзоли. Балдахинската
палстика претставувала основен
елемент за развојот на
сулптурата. Била единствена
катедралска пластика со која се
изработувале дела со мотиви од
животот на Исус и Дева
Марија како и животите на
останатите светци.
Волуминозноста е оновна
карактеристика која доаѓала до
израз кај овие скулптури.

You might also like