You are on page 1of 5

VI1 - sesto1@yahoo.com VI2 – sesto2@yahoo.com VI3 – sesto3odd@yahoo.com VI4 – sesto4odd@yahoo.

com

VI5 - fb група https://www.facebook.com/groups/688399405012175/

13.04.2020 понеделник

Пресметување процентен износ


На стр.129 во учебникот, прочитај го текстот во жолтиот дел. Потоа чекор по
чекор, разгледај ги решените примери.

Реши ги самостојно задачите: 1,2,3,4

Помош:

За да најдеме процент од некое количество, прво треба да знаеме дека во


поставеноста на барањето зборчето ОД се заменува со симболот множење •

Од = •

Како?

Пример 1: Колку е 10% од 20 ?

Решение:

- од го заменуваме со можење • , и запишуваме


10% • 20 потоа 10% го запишуваме како дропка со именител 100, 10% = ,


10% од 20 = 10% • 20 = • 20 = = = 200:100 = 2

- Бројот 2 се вика процентен износ и се означува со буквата i


- Бројот 20 се вика основна вредност и се означува со
буквата S
- Бројот 10% се вика процент и се означува со буквата P

Стручен актив по математика и природни науки при ОУ„ СВ. Кирил и Методиј“ - Кочани
VI1 - sesto1@yahoo.com VI2 – sesto2@yahoo.com VI3 – sesto3odd@yahoo.com VI4 – sesto4odd@yahoo.com

VI5 - fb група https://www.facebook.com/groups/688399405012175/

Пример 2 : Пресметај го процентниот износ i = ?

20% од 50 девојчиња

i=? i - процентен износ


S=50 s - основна вредност
P=20 p - процент

Решение:

20% • 50 = • 50 = = = 1000:100 = 10 девојчиња

Одговор: 20 проценти (или 20посто) од 50 девојчиња се 10 девојчиња.

14.04.2020 вторник

Задачи со проценти
На стр.130 во учебникот, разгледај ги задачите 1,2 и 3 а потоа реши ги во
училишната тетратка.

Реши ги задачите во работната тетратка на стр. 67

Стручен актив по математика и природни науки при ОУ„ СВ. Кирил и Методиј“ - Кочани
VI1 - sesto1@yahoo.com VI2 – sesto2@yahoo.com VI3 – sesto3odd@yahoo.com VI4 – sesto4odd@yahoo.com

VI5 - fb група https://www.facebook.com/groups/688399405012175/

15.04.2020 среда
Пресметување на намалувања
На стр.131 во учебникот, прочитај го текстот во жолтиот дел. Потоа обиди се да ги решиш
самостојно задачите 1 и 2

За домашна работа реши ги задачите во работната тетратка стр. 68

Помош:

Кога одиме во продавница често пати на излозите гледаме реклами на кои пишува:

НАМАЛЕНИЕ 50% или ПОПУСТ 30% што значи тоа?


ТОА ЗНАЧИ ДЕКА МОЖЕШ ДА СИ КУПИШ ПОЕВТИН ПРОИЗВОД или
производ по пониска цена.
Како можеш да пресметаш колку е новата цена на производот по намалувањето за
одреден %.

Пример 1: Една блуза чини 500 денари. Продавачот решил да


даде попуст за 10%. Колку ќе чини блузата по намалувањето за
10%

Решение:
Прво треба да видеме колку е 10% од 500 денари ? (од = • )

10% • 500 = • 500 = = = 5000:100 = 50 денари тоа е
процентниот износ i

Потоа од старата цена која беше 500ден ќе го одземеме процентиот износ од 50 ден.

500 – 50 = 450 денари. Новата цена е 450 денари

Стручен актив по математика и природни науки при ОУ„ СВ. Кирил и Методиј“ - Кочани
VI1 - sesto1@yahoo.com VI2 – sesto2@yahoo.com VI3 – sesto3odd@yahoo.com VI4 – sesto4odd@yahoo.com

VI5 - fb група https://www.facebook.com/groups/688399405012175/

16.04.2020 четврток

Размер
На стр.132 во учебникот, прочитај го текстот во жолтиот дел. Потоа чекор по чекор,
разгледај го решениот пример од наставникот во делот „Помош“. Потоа обиди се да ги
решиш самостојно задачите 1,2,3,4,5,6,7 во училишната тетратка.

За домашна работа реши ги задачите во работната тетратка стр 69

Помош:

Поимот РАЗМЕР се користи кога треба да споредуваме две нешта.


Поимот размер е неименуван број, а тоа значи дека од кога ке го пресметаме
размерот и добиеме некој број како резултат, до бројката никогаш не ставаме мерна
единица.
РАЗМЕРОТ уште го запишуваме со симболот за операција делење односно две
точки ( : ) а изговараме „ СПРЕМА“
Размер = ( : ) (се чита СПРЕМА)
Пример:
5 : 2 се чита ( пет спрема два)
8 : 4 се чита ( осум спрема четири )
Секој размер има своја вредност.
Пример1: Колку е вредноста на размерот 8:4?
Вредност на размерот 8 : 4 е 2, бидејќи 8 поделено со 4 е 2. (8:4=2)

Пример2: Колку е вредноста на размерот 15:3 (се чита петнаесет спрема три) ?
Вредноста на размерот 15 : 3 (се чита петнаесет спрема три) е 5 , бидејќи 15 : 3 = 5

Задача: На една маса има шест моливи и три гуми. Напиши го размерот на моливи
спрема гуми и најди ја вредноста на тој размер.

Решение: Велиме размерот на моливи спрема гуми е 6 : 3 = 2

Стручен актив по математика и природни науки при ОУ„ СВ. Кирил и Методиј“ - Кочани
VI1 - sesto1@yahoo.com VI2 – sesto2@yahoo.com VI3 – sesto3odd@yahoo.com VI4 – sesto4odd@yahoo.com

VI5 - fb група https://www.facebook.com/groups/688399405012175/

( се чита: шест спрема три е 2). 2 е вредност на размерот 6:3.

Стручен актив по математика и природни науки при ОУ„ СВ. Кирил и Методиј“ - Кочани

You might also like