You are on page 1of 1

ФЈОДОР МИХАИЛОВИЧ ДОСТОЕВСКИ

Името на Достоевски е уште едно од славната плејада на руски реалисти. Неговото


литературно дело ја збогатува руската литературна ризница, а воедно ја усмерува и во
посовремени текови на нејзиниот развој.
Достоевски е роден 1821 година во Москва, во семејство на сиромашен лекар.
Поголемиот дел од детството го поминал во Москва, се до неговата 16-годишна возраст,
кога се запишал на Воено-инжинерската академија во Петроград. Тоа не му се допаднало,
па почнал да се занимава со литература. На своја 25-годишна возраст го напишал својот
прв роман.
Ф.М.Достоевски се приклучил на кружокот на Петрашевски, кој бил револуционерен.
Така, и тој и сите членови на кружокот биле затворени и осудени на смрт. Смртната казна
веќе почнала да се извршува, пушките биле вперени во нив, кога дошло помилувањето од
царот и преиначување на казната во робија (прогонство во Сибир).
Тој имал многу несреќен, несреден и сиромашен живот. Бил болен од епилепсија, му
починале братот, сопругата, двете деца и најдобриот пријател. Иако многу пишувал,
никогаш материјално не бил во добра состојба и постојано бил во долгови.Со позајмени
пари и давање под закуп на облеката, тој успеал да го објави романот „Злосторство и
казна“. Со својата смрт во 1881 година успеал да ја оствари својата животна желба: Русија
да биде обединета. Пред неговиот дом се собрале повеќе од стотина илјади луѓе.
Достоевски е еден од најгенијалните писатели, кој длабоко проникнува во човековата
душа. Негови најпознати романи се : „Бедни лиѓе“, „Записи од мртвиот дом“, „Понижени
и навредени“, „Злосторство и казна“, „Идиот“, „Браќа Карамазови“ и други.
Достоевски е ненадминлив во начинот на разоткривањето на човековата душа и тој е
претставник на психолошкиот реализам. Исто така, се смета за творец на романот на
многугласието (полифоничниот роман), во кој рамноправно се вклучени општествената и
социјална реалност и психичката стварност на поединецот (текот на неговите
размислувања, сонот, кошмарот, халуцинациите и ирационалните одлуки по изборот).

You might also like