You are on page 1of 12

Кочо Рацин

Kочо (Коста Солев) Рацин е роден во 1908 година, во Велес. Уште во


детството ја запознава сиромаштијата. Неговиот татко, грнчарот
Апостол, не можел да му пружи којзнае какво школско образование,
бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу
напори и време за малечка заработувачка. Кочо можел да добие одвај
еден клас нижа гимназија и веќе на својата тринаесетта година бил
присилен да му се посвети целосно на татковиот занает.
Активист во комунистичкото движење

Во 1924 година Рацин станува член на СКОЈ и набрзо се истакнува како


еден од најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на
Југославија во Македонија. Во 1926 година станува и член на Месниот
комитет на СКОЈ за Велес. Истовремено е активен и во синдикатот. Во
1924 година синдикално се организира, во 1926 година станува
дописник на весникот „Организовани радник“ (орган на Независните
работнички синдикати на Југославија, кој е под влијание на КПЈ), а на
19 октомври 1928 година е избран за секретар на Месниот синдикален
совет во Велес.[1] Во ноември 1928 година учествува во работата на
Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден, како единствен делегат од
Македонија. По враќањето во Југославија е уапсен, но по три месеци
поради недостиг на докази е пуштен на слобода. Но, набрзо, во април
1929 година заминува на отслужување на воениот рок во Пожаревац.
Подем и пад: „Бели мугри“ и исклучување
од партијата
По излегувањето од затвор, во 1938 година, Рацин работи во
Белград, во печатницата на весникот „Правда”.[3] Во
Белград, Рацин живеел полуилегално и живеел во станот на
Александар Вучо, а своите текстови ги потпишувал со
иницијали или со разни псевдоними.[4] Во овој период
Рацин бележи особена творечка активност, која ќе
кулминира во 1939 година кога ја објавува својата
стихозбирка „Бели мугри“. Во меѓувреме пишува и објавува
неколку статии и трудови од областа на литературната
критика, филозофијата и историјата што од него ќе направат
најпознат македонски интелектуалец и прогресивен
мислител на просторите на бивша Југославија.
Сепак, новоздобиената слава и авторитет на Рацин ќе доживеат
силен удар во 1940 година кога доаѓа до нарушување на односите
помеѓу Рацин и КПЈ. Во тоа време е во полн ек т.н. судир на
книжевната левица и од Рацин е побарано да напише статија против
Мирослав Крлежа и неговите соработници од списанието „Печат“.
Бидејќи Рацин не постапува така, ЦК КПЈ донесува одлука за
исклучување на Рацин од партијата.Дополнително, на Покраинската
конференција на КПЈ за Македонија одржана на 8 септември 1940
година (на која Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на
Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија), поради посетата на
Рацин на тогашниот бан на Вардарската бановина, Жика Рафајловиќ
(или на помошникот на банот Александар Цветковиќ), како и поради
критика на покраинското раководство, Рацин е казнет со бојкот.
Од јануари до 27 март 1941 година Рацин е затворен во логорот „Меѓуречје“, јужно од
Ивањица.При нападот врз Југославија од Силите на Оската, Рацин се јавува на
мобилизацијата и е испратен на кумановскиот фронт, на месноста Страцин, каде што веќе
на 7 април е заробен од страна на Германците. Сепак, набрзо успева да побегне[8] и,
откако кратко време живее во Велес, заминува за Софија. Таму живее заедно со својот
сограѓанин Коле Неделковски и со Волче Наумчески, а работи во железничкото депо како
обичен работник. Набрзо по смртта на Коле Неделковски, околу 4-5 септември 1941
година, Рацин се враќа во Македонија[9] и извесно време работи во Народната
библиотека во Скопје.

Во следниот период доаѓа до подобрување на односот на КПЈ кон Рацин. Новото партиско
раководство на чело со Бане Андреев, во првите месеци на 1942 година, одлучува да се
тргне бојкотот над Рацин, но тој не е примен повторно во партијата.

Во септември 1942 година Рацин е уапсен во Скопје од страна на бугарската полиција и во


ноември е интерниран во селото Корница, Неврокопско. Сепак, многу брзо, во април
1943 година на Рацин му успева да побегне и да се врати во Скопje.
Портрет на Рацин со стихови од „Копачите“ на зграда во родниот
Велес
Поезија
Рацин започнува да пишува поезија во 1928 година. Од
февруари до јули на својата љубов Рахилка Фирфова ѝ
ги посветува своите љубовни стихови со крв и мастило
на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на
болката” останата во ракопис. Картичките денес се
чуваат во Архивот на Македонија. Песните главно се
напишани на српскохрватски јазик, освен шест, кои се
напишани на бугарски („Разнеженост“, „Рухнаха се
надеждите мои“, „Плач в безмощие“, „Все пак...“,
„Мечти в полунощ“, „И пак тъга раздира ми гърдите“).
Истата година во двобројот за октомври-ноември на загрепското списание
„Критика“ е објавена неговата прва песна, „Синови глади”, напишана на
српскохрватски јазик. Од мај до октомври 1930 година во сараевското
списание „Снага” објавува четири песни: „Из фабрике”, „У предвечерје”,
„Челичном строју” и „Бити човек”. Во 1932 година во Скопје Рацин објавува
заедничка стихозбирка со студентите на Филозофскиот факултет во Скопје,
Јован Ѓорѓевиќ и Александар Аксиќ, на српски јазик под наслов „1932“. Во
оваа збирка е објавена една од Рациновите најсилни песни „Ватромет”.
Следна песна која ја објавува Рацин е песната „До еден работник”, која е
прва песна на Рацин на македонски јазик, а ја објави загрепското списание
“Књижевник” во 1936 година. Во 1937 година, по повод загинувањето на
велешанецот Ганчо Хаџипанзов во Шпанската граѓанска војна, ќе ја напише
„Испанска балада“, а во 1938 година ја објавува песната „Смртта на
астурискиот рудар“ („Смрт астуриског рудара“).
Најголемиот успех го постигнува во 1939 година со
стихозбирката „Бели мугри”. Стихозбирката е
испечатена во 4.000 примероци и се растура по
цела тогашна Југославија и во Пирнска Македонија,
постигнувајќи голем успех.
Треба да се спомнат и двете стихозбирки
„Македонски народноослободителни песни“ чиј
уредник е Рацин. Првата излегува од печат на денот
на неговата смрт, 13 јуни 1943 година,додека
втората е објавена набрзо потоа.
Во чест на Кочо Рацин
Во чест на Кочо Рацин од 1964 година во Велес се одржува поетската
манифестација „Рацинови средби“, која од 1992 стана поетска
манифестација на балканско ниво.
Родната куќа на Рацин во Велес во 1956 година е претворена
во спомен-музеј.
Во 1952 година Трајче Попов ја снима филмска поема „Бели мугри“
врз основа на стиховите од истоимената Рацинова стихозбирка, а
во 2007 година, на денот на загинувањето на Рацин е промовиран
филмот „Елегија за тебе“, авторски проект на Васил
Зафирчев и Данчо Стефков.Исто така е изграден споменик на Кочо
Рацин.
Во негова чест повеќе основни и средни училишта го носат неговото
име.
Споменик на Кочо Рацин во Велес
Спомен плоча на Кочо Рацин на локацијата
каде што бил застрелан

You might also like