You are on page 1of 13

Белгија

Кралство Белгија е земја во западна Европа,


која граничи
со Холандија, Германија, Луксембург, Франциј
а и Северно Море.
Белгија е културен крстопат
меѓу германска и романска Европа. Во Белгија
се зборуваат холандски (меѓу Фламанците),
главно на север; француски, главно
меѓу Валонците, главно на југ, но и во
центарот на земјата (во и околу главниот
град Брисел); и германски, меѓу мал број
жители на исток. Оваа културна и јазична
разновидност се забележува и во
комплицираните белгиски институции, како и
во политичката историја на земјата. Бројот на
жители во Белгија изнесува 10.309.725.
 
Знамето на Белгија
Грбот на Белгија
Пред независноста

O Од географски аспект, Белгија претставува еден вид крстопат


на Европа и во последните 2000 години била сведок на
постојаното населување на најразлични народи на нејзината
територија. Во Белгија фигурирале Келтите, римјаните и 
германи. Подоцна, територијата на денешна Белгија била под
директно влијание на Франција, Холандија, Шпанија и Австрија
.
O Првите познати народи кои ја населиле Белгија биле белгите.
Белгите се келтски племиња кое дошле од Северна Галија, а
во 54 п.н.е. биле подчинети од страна на Гај Јулиј Цезар. По
распаѓањето на Римската имприја во 5 век, германите ја
населиле римската провинција Галија.Франките овде го
формирале своето царство. Царот Кловис I го примил 
христијанството. Во времето на Карло Велики, територијата на
денешна Белгија повторно се наошала во неговото царство.
Во 800година, тој бил прогласен за цар на 
Светата Римска империја признаен и од самиот папа.
O Покасно, овој регион бил вклучен во
териториите на Холандија и Шпанија,
додека протестантските покраини
добиле независност. Следувало
владеењето на Австрија и неколку
години под француско владеење во
времето на Наполеон Бонапарт. По
отстранувањето на Наполеон од власт
во 1815 година, Белгија повторно била
соединета со северните области на 
Холандија.
Независна Белгија

O Во 1830 година избувнала Белгиската револуција,


преку која се создала независна Белгија.
O Леополд I за крал бил избран со помош на 
Велика Британија. Главна карактеристика на Белгија
била нејзината неутралност, која била нарушена во 
1914 година, кога била нападната од Германија.
Така, таа била приморена да се вклучи во 
Првата светска војна. Во 1940 Белгија повторно била
нападната од Нацистичка Германија, а по крајот на
војната нејзината неутралност била изоставена.
O Белгија е членка на НАТО пактот и една од
основачите на Европската Економска Заедница. Во 
1992 година се приклучила кон ЕУ. Од 1830 година
таа е независна држава.
Географија и клима

O Белгија е држава која се наоѓа во Западна Европа


 и која се граничи на запад со Северното море, на
север со Холандија, на исток со Германија, на 
југоисток со Луксембурги на југ со Франција со
вкупна должина на границата од 1482 километри.
Плоштината на Белгија изнесува 30,510 km², и
според неа се наоѓа на 136 место во светот.
O Белгија има морска клима. Просечна температура
 во Белгија е околу 11,2 °C. Можеме да
разликуваме три климатски типови. Просечната
температурска разлика меѓу најтоплиот месец и
најлданиот месец (лето 16,9 °C ; зима 3 °C). Во
централна Белгија владее морска клима.
O Јули и август се од прилика најтоплите
месеци, а јануари и февруари се
најладните месеци во целата година.
Зимите во високите Ardennen се остри
и долги. Просечната количина на
дожд во целата година е околу 852
mm. Просечниот број на денови во кој
паѓа дожд е меѓу 75 и 90 денови.
Максималната дебелина на снегот е
околу 6 cm на крајбрежјето, а околу 30
cm на некој повисоки места на
Ардените, додека просечниот број на
сончеви денови во целата година
изнесува околу 1392 денови.
Релјефна карта на Белгија
Население и јазици

O Белгија има 10,309,725 жители (2009), а


густината на населението изнесува 338
жител на км². Брисел со околу 1,080,790
жители е најголемиот град во земјата.
O Во Белгија се зборува холандски (меѓу
Фламанците), главно на север; француски
, главно меѓу Валонците, главно на југ, но
и во центарот на земјата (во и околу
главниот град Брисел); и германски, меѓу
мал број жители на исток.
Брисел, главен и најголем град
во Белгија
Религија

O По шпанското освојување од 1592, до


повторното воспоставување на верската
слобода во 1781 година од страна на 
Јозеф II од Австрија, 
Римокатоличката црква била прогласена
за единствената легитимна религиозна
организација која била дозволена на
територијата на денешна Белгија. Сепак,
мал број на протестантски групи успеале
да опстојат и истите главно се задржиле
во Хорбек, Доул, Турнај, Еупен и Ходимонт.
O Религијата била една од разликите кои се појавиле
помеѓу католичкиот југ и протестантскиот север
предводен од страна на 
Обединетото Кралство на Холандија. Во крајна
сметка, унијата се распаднала во 1830 година по
создавањето на новата белгиска држава. По 1830
 година, Римокатоличката црква продолжила да има
голема улога во политичкиот живот на Белгија.
Како пример за тоа се т.н. “училишни војни“
(„guerres scolaires“ на француски) помеѓу либерали и
католици во периодите од 1879 до 1884 и од 1954
 до 1958.
O Друг важен настан што се случил е од 1990, кога
религиозниот крал Бодуен I , го одбил барањето на
белгискиот парламент за легализација на абортусот
[8]

O Денеска, во Белгија католицизмот е најголема


религија и истата опфаќа околу 80% од вкупниот
број на население. Други религии во земјата се 
исламот, протестантството и јудаизмот.

You might also like