You are on page 1of 2

Наполеон Бонапарта

Наполеон Бонапарта е француски император, основоположник на многу


реформи на Француската револуција. Тој е еден од најголемите воени
генијалци во XIX век; ја освоил цела Западна Европа и Египет, додека
воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал
слобода на народите и подобар начин на живот. Тој самиот се крунисал за
император на Франција во 1804 година и вовел реформи очекувајќи да го
обедини незадоволниот народ.

Се до избувнувањето на Француската револуција живеел на југот на


Франција прилично сиромашно и без изгледи за промени во статусот.
Многу читал а и пишувал на различни политички теми, но и за животот на
луѓето.Кога старото француско кралство е растресено до темел, Наполеон
се враќа на Корзика, а таму активно учествувал во политичкиот живот на
островот. Станал наредник на одредот на доброволци, но во април 1793
година морал да избега од Корзика заради споровите со локалните
моќници. Но во јули, веќе е во војска која се бори во Италија, а потоа е
испратен во Авињон, каде што е ранет. Сепак градот го освоиле и
Наполеон е унапреден во генерал на бригадата. Се поврзал со
револуционерниот водач Робеспјер, а по падот на Робеспјер вратен е на
првобитната положба и повторно немал шанси за напредување. Следните
месеци ги поминал во беда. Но во 1795 година кога на почеток на
октомври поддржувачите на монархијата почнале оружен напад во Париз,
Наполеон е назначен за водач. По големиот успех во Париз стекнува
голема слава и наклонетост на новата револуционерна влада. Така станува
генерал, а подоцна и главен водач на војската во земјата.
Во војните против Австрија, се покажал во вистинското светло, а заради
неговиот добар однос го сакале и најобичните војници. На чело со Барас,
Наполеон полека успева да ја преземе потполната власт над Франција.
Како генерал бил незаситен па продолжил со освојувања, следува воениот
поход на Египет за да го отежне поминувањето преку Индија на
англиската војска, а во тоа време Англија ѝ била главен непријател на
Франција. Иако акциите во Египет може да се наречат воен и политички
неуспех, во културна и научна смисла тоа не било така. Научниците и
писателите што ги понел со себе оттаму се вратиле како победници, а
знаењето го објавиле во 22 книги „Египетски описи“, дело што останува
темел на следните генерации за изучување на египетската цивилизација.
Во октомври 1799 година се вратил во Париз а народот во него гледал како
победник, како човек што донел мир во Европа. Но тоа било погрешно. Не
сакајќи на Директориумот да му ја препушти заслугата за воспоставување
на мир, Наполеон се поврзал со поборниците за државен удар. Во овој
заговор му помогнал и брат му Лусиен. Така набргу ја презел комплетната
власт во Франција, станувајќи прв конзул. Со крајот на Француската
револуција положбата на Наполеон уште повеќе се зајакнува и тој станува
доживотен прв конзул. Во Франција го средил образованиот систем,
даноците, основал централни банки, составувал напредни закони... Секако
не го запоставил ниту военото поле, ја нападнал Австрија во 1800 година,
а таа поразена потпишала примирје. Склопен е и мировен договор со
Англија. Во договор со папата Пио Седми Наполеон се крунисал на 2
декември 1804 година во Нотр Дам во Париз за цар на Франција. Потоа со
царската круна ја овенчал и сопругата Жозефина. Кон крај на мај 1805 и во
миланската катедрала се крунисал за крал на Италија. Овие постапки на
„самокрунисување“ ги разлутиле неговите пријатели, меѓу кои и Бетовен,
кој својата Трета симфонија сакал да ја посвети на Наполеон, но од тоа се
откажал.

Во 1806 Наполеон Бонапарта, императорот на Франција ја започнува


конструкцијата на Триумфалната порта како спомен за неговите победи.
Триумфалната порта е висока 50 м и широка 45 м и се наоѓа во западниот
дел на Елисејските полиња, во Париз. На ѕидовите од портата се испишани
имињата на Наполеоновите генерали и неговите победи.

You might also like